Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗАЕВ ГИ ОТКАЧИ МИЛЧИН, НАЈЧЕ И ДРУГИТЕ ЛАЖНИ БОРЦИ ЗА ДЕМОКРАТИЈА !!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

После храбрата изјава песната "ИЗГРЕЈ ЗОРО НА СЛОБОДАТА" повторно да се пее, да ја пееме сите заедно:

(03-08-2015, 12:00 AM)ЈорданПетровски Wrote:




[Image: deneshnailbe93.jpg]

Неверувавме дека некој после само после 4 години и еден месец од нашиот обид да помогнеме со праќање на порака за тоа кој е единствениот пат за спас на Македонија ке ја разбере нашата порака. Порака за која многумина во 68 годишната борба беа казнете со смрт, многумина за казна младоста ја проведоа по затвори, многумина мораа да ја напуштат татковината .... Денеска со неверување ама со голема радост и надеж дека оваа не се само голи зборови ја читаме фејсбук пораката на председателот на СДСМ Зоран Заев, порака во која е содржан единственот вистински пат за Демократска, Самостојна и Суверена Македонија, Македонија која сите ке ја чувствуваат како своја без оглед на етничка или верска припадност.


Заев повлече нова изненадувачка одлука!! Се ослободи од баластот на лажните борци за демократија.
Ке изгуби пет до шест илјади тврдокомуњарски гласови ама ке добие две три стотини илјади гласови од оние кои досега не сакаа да гласаат а не гласаат баш заради тој баласт, тврдокомуњарски баласт кој од прв ден по првите парламентарни избори 1990 година, ја попречува демократизацијата и осамостојувањето на Македонија


Quote:СДСМ истапува од коалицијата - Граѓаните за Македонија

Почитувани,

Во име на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, најнапред сакам да Ви искажам огромна благодарност до сите Вас со кој бевме дел од коалицијата „Граѓаните за Македонија“, како и за Вашиот активен придонес кој го дадовте при организирањето на активностите и учеството на настаните на Кампот пред Владата на Република Македонија како и учеството во сите други активности.
Имено, со постигнувањето на договорот од 2јуни/15јули 2015 година, ние како политичка партија и нашата опозициона коалиција сме целосно фокусирани на имплементација на договореното како и на максимални политичко-програмски и оперативни подготовки за изборите.
Согласно договорот, на 1 септември СДСМ и опозицијата преку пратеничката група се враќа во парламентот, до 15 септември треба да го избереме Специјалниот јавен обвинител а веќе од 20 октомври ќе бидеме дел од институциите што неопходно треба да се нормализираат и демократизираат а со тоа треба да бидеме заеднички гарантори на фер, слободен и демократски процес на избори во април 2016 година.
Затоа, Ве информираме дека СДСМ истапува од коалицијата - Граѓаните за Македонија токму поради спроведување на се она што е договорено на 2јуни/15јули 2015 година во Скопје.
Вашата заложба и несебичен ангажман беа силна поддршка заедно да опстоиме во намерите и заедно да дојдеме до оставката на Никола Груевски и до вклучувањето во институциите на системот, единствено како гарантори за фер и демократски избори.
Убедени сме дека нашата воспоставена соработка ќе продолжи и понатака на секој можен начин и форма се со цел заедно да се избориме за слободата, правдата и демократијата во Македонија.
СДСМ и опозицијата е отворен, транспарентен и простор кој ќе ги мобилизира сите потенцијали и капацитети, без разлика од каде и да доаѓаат, а кои имаат за цел слободно, демократско и креирање на концепт на ново општество за сите. Општество со нови вредности и норми.
Затоа, ние силно ги охрабруваме организациите да продолжат со активностите во рамки на оваа силна коалиција - Граѓаните за Македонија.
Уште еднаш, во име на претседателот на СДСМ - Зоран Заев, Ви се заблагодаруваме на досегашната соработка која со сигурност ќе ја продолжиме и во иднина.
Со почит,
Ljupcho Nikolovski
Chief of Cabinet of the President of SDSM
(office) 00 389 (0) 2 3293 101,
00 389 (0) 2 3293 110
(cell phone) 00 389 71 207 884
E-mail: nikolovskiljupcho@gmail.com
29-08-2015, 12:46 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

ОПЕРИСТИТЕ, тргнуваат во отворена битка за спас на Груевски, за спас на тоталитарниот едноумен комуњарски систем.



Quote:Боки Бургија‎-Boki Burgija - Fan Club

5 hrs · Skopje, Macedonia ·
„Ви се заблагодаруваме на досегашната соработка која со сигурност ќе ја продолжиме и во иднина.“, се вели во последната реченица од вчерашното соопштение на СДСМ за истапување од коалицијата Граѓаните за Македонија. Оксиморон или не, нелогичност или мантра, трик или заеб, сеедно, кога објаснувањето треба да го бараш со голема веројатност да не го најдеш. Најмалку во корист на СДСМ...
Наликува на невешт маневар, аматеркси изведен потег, пацерски образложен, кој, по ниту една основа, и во која било варијанта, не и носи 5 гласа повеќе на опозицијата. Бесмисленото разединување продолжува...
Стратешки трик? Да се остави впечаток кај „непријателот“ дека лепенката која сама си ја закачија, од таканаречените „соросоиди“, на овој начин ќе ја одлепат, и ќе и' го одземат оружјето на позицијата да не ја „мава“ со тоа? Пренаивно. Предност и вредност е денес да те нарекуваат Соросоид, и тоа морало и можело да се искористи. Не се знаело како, освен да се разделат. Грешка...
„Граѓаните за Македонија“ ќе прераснат во политичка партија со Пендаровски на чело и голем број авторитетни активисти кои ќе учествуваат на наредните избори? Добра замисла, лоши ефекти за СДСМ. До април, ќе се „испилат“ уште најмалку две нови политички партии кои ќе се тркаат на избори. Сите се на штета на СДСМ, и на предност на ДПМНЕ, сите...
Тортата немала доволно парчиња за да се подели во толкава широка коалиција? Нема везе, класика од егоизам и себичност. Тортата нема доволно големи парчиња да ги задоволи апетитите на некои во таа широка коалиција, е вистинското образложение. Јебига, чим немаш способност или не сакаш да уситниш од себе за да поделиш со друг, ондак, турисипепел, не те бива, кој и да си...
Време е за најпознатиот македонски марш...

29-08-2015, 12:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:СДСМ истапува од коалицијата - Граѓаните за Македонија
Пост Фестум


[Image: 11891127_10153604943938944_6205364797558...e=5670A1EF][Image: 11900044_10153604932523944_3727635567572...e=567226D1]


Истапувањето на СДСМ од коалицијата - Граѓаните за Македонија носи една сериозна и поразителна порака до ѓраѓаните на Македонија , а тоа е: Немајте доверба веќе во нас.

Како и секоја демохристијанска пaртија таа се поведува од старото попско начело, не гледај што правам туку слушај што ти говорам. А вистината не живее одамна во нивните зборови, во нивната реторика.

СДСМ влезе во коалицијата - Граѓаните за Македонија и ја потпиша декалрациоја во која се вели дека:

“во име на граѓаните на Република Македонија, се здружуваме во масовен, гласен и ненасилен граѓански протест, кој ќе започне на 17 мај 2015 година, пред Владата на Република Македонија. Нашата заедничка акција ќе трае до дефинитивниот пад на власта која ни ја одзеде слободата, живејачката и иднината”.

Но ниту владата падна ниту СДСМ по директива на ова демохристијанско раковдство, остана во коалицијата до падот на владата како што помпезно ветуваше. Напротив таа станува дел од власта и со тоа станува дел од проблемот а не дел од решението. А “невладинете” организаци, оние кои заедно со самодовлниот координатор на коалицијата - Граѓаните за Македонија тврдат дека сето тоа било договорено уште на почеток [каде? како било договрено?], и понатму и ќе ги извршуваат директивите на големиот македoнски демократ во сталинистички чизми и со маоистички манири.

А граѓаните, кој ги есапи нив, остануваат измемени и изманипулирани во тој коспиративен теснопартиски процес на партиски договрања и пазарења во и по Пржино. Тие се само потрошен материјал кој се отфрла после употреба.

На таа маса каде што се одлучува нивната иднина нема ни еден преставник на оние граѓани кои не се членови на ниту една партија, а кои сакаат демократија, слобода и подобар живот и кои сакаат граѓанска Македонија, и кои беа мнозинство и окосница на масовниот протест на 17 мај 2015 година.

Тие граѓани се денес злоупотребени од сегашното срамно раковдство на СДСМ за тесни партиски и лични интереси.

Граѓаните на Македонија се поразени, разочарани деморализирани од перманентното манипулирање и маменње на сегашните лицемерни и себични лидери, дека тие работат во нивна корист и дека постоела добра соработка со широк број невладини организации и дека се постојано присутни меѓу граѓаните.

На жалост, тие не се присутни меѓу граѓаните. Тие не се со работниците, со обесправените, со болните, со понижените професори, со "неподбните" уметници, со претепаните бегалци на македонските граници… Тие се присутни во црквите и со поповите, ги гледаме на кич манифестации, или пак kako се промовираат со пробелматични турбо фолк звезди. Исто како и нивниот немесис, психопатот Груевски. Tие се подготвени кога ќе се качат во владејачкиот вагон на Груевски, Македонија, заедно со него, целосно да ја претворат во клерикален средновековен феуд во сопственост на неколку феудалци.

А за соработката, прашајте ги другарите од Солидарност, Ленка, од Студентскиот Пленум каква е таа соработката.

Еве на пример што вели преставник на една друга невладина организација како рекација на Истапувањето на СДСМ од коалицијата - Граѓаните за Македонија.

“Сите ние, покрај Коалицијата сме и посебни организациони единици и правни лица и субјекти, како и организирани облици на дејствување.

Само колку за потсетување дека ние од XXXXXX баравме средба со Заев, уште во Јуни, која уште не е реализирана. Баравме 5 минути. Не ги добивме.

Веќе не е потребна средба, бидејки не најдовте за сходно да одвоите време и простор. Не верувам дека е потребно 5 пати некого да потсетуваш на желба за соработка.

Ги охрабрувам другите организации да побараат средба, се надевам ќе ги примите. И ќе сакате да чуете што имаат да кажат. Надвор од Коалицијата.

Имено не сте вие тие кои ќе ја насочувате нашата работа и формите на организирање кои ќе ги примате.

Ароганцијата е она кое нема да ви помогне на изборите. А и декларативната соработка.

Според нас, Вие, глумите соработка. Ако не е така, навистина заинтерсирајте се и земете ги ставовите на граѓаните во предвид. Секој потег од јуни наваму Што го направивте беше спротивно на желбата на граѓаните.

Груевски и понатаму си владее. Без да му се одземат овластувањата. Пропагандата е посилна од било кога, како и притисоците врз луѓето.

Правиците кои ги разгледуваа договорите и протоколите очигледно не го земаа во предивд тој факт Што не постоеше одредба дека неговата позиција ќе биде само протоколарна. Како и на Владата и законодавната власт.

Во мигов нивната пропаганда е поголема од кога било, вие ги затворивте устите за криминалот, бомбите престанаа, си донесоја преку 400 закони, а Груевски сигурно нема да си избере обивнител кој ке го осуди. Па така на повидок се фиктивни процеси .

Искрено, срамно е што преговорите ги водите зад затворени врати.”

Токму заради сето ова слободно може да се каже дека не само што тој неморален чин е Самоубиство на СДСМ! како што вели почитуваниот Тричковски, туку тоа е воедно и забиавње нож в грб, задавање смртоносен удар, на идејата и напориоте за создавање граѓанска Македонија.

Добра ноќ, Македонијо!

ФБ статус на Naum Panovski 3 hrs ·
30-08-2015, 08:13 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Mimoza Ristova
40 mins ·

Зарем да не се чувствувам измамена од СДСМ? Зарем да не објавам аргумент за таа класична измама и за моите повредени граѓански чувства? Видете, и јас сум граѓанин-потписник на таа фамозна ДЕКЛАРАЦИЈАТА на Граѓаните за Македонија во која буквално се вели дека се здружуваме заради ненасилниот граѓански протест кој ќе продолжи се до конечен пад на власта. Цитирам:
"...Затоа, во име на граѓаните на Република Македонија, се здружуваме во масовен, гласен и ненасилен граѓански протест, кој ќе започне на 17ти мај 2015 година, пред Владата на Република Македонија. Нашата заедничка акција ќе трае до конечен пад на власта која ни ја одзеде слободата, живејачката и иднината...".
ВЛАСТА НЕ Е ПАДНАТА А КОАЛИЦИЈАТА Е РАСКИНАТА! Како и да е, токму овој документ им претходи на сите Пржински договори, анекси и набрзина донесени купишта "позитивни законски прописи". Конечно, Декларацијата нема законски импликации но, затоа има морални, и тоа од СДСМ и нејзините лидери. Некој од фамозниот двоец да излезеше и да ни се обратеше нам "малите и небитните" пред самите да сфатиме дека сме потпишале ТОАЛЕТ-ПАПИР со своите сојузници?

(во продолжение најдете го интегралниот текст на декларациата)
------------------------------------------
Quote:ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА
граѓанска и натпартиска коалиција за враќање на достоинството на луѓето и за одбрана на Уставот на Републиката

Почитувани граѓанки и граѓани,

Ние, долупотпишаните граѓански организации, политички партии, групи и заедници, во името на нашите членови, одлучивме да се здружиме во граѓанска и натпартиска коалиција со единствена цел - да им го вратиме општеството на оние на кои им припаѓа, на граѓаните на Македонија.

Согласни сме дека граѓанскиот сектор во секое демократско општество треба да биде коректив на власта и едногласни сме дека нашето општество веќе не е демократско и дека ги исцрпивме сите методи и дека ги направивме сите обиди да ја вразумиме актуелната власт во Македонија.

Оваа власт одбива да се вразуми и затоа треба да си оди и да ја ослободи државата од заложништво. Немаме веќе време, ниту трпение, ниту верба во оние што досега ја водеа државата, зашто ја водат во пропаст, го трошат богатството на нашата земја и ги бркаат нашите деца во емиграција, во неповрат.

Затоа, во име на граѓаните на Република Македонија, се здружуваме во масовен, гласен и ненасилен граѓански протест, кој ќе започне на 17ти мај 2015 година, пред Владата на Република Македонија. Нашата заедничка акција ќе трае до конечен пад на власта која ни ја одзеде слободата, живејачката и иднината.

Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат во оваа акција, бидејќи ова не е борба меѓу политички партии. Ова е борба меѓу граѓаните и врхушката на Груевски, ова е борба за враќање на општеството и државата во рацете на граѓаните на Македонија.

Нашата граѓанска коалиција е едногласна дека моќта на која било идна власт мора да се намали и дека мора да се обезбедат услови, поттик и поддршка за активни, гласни и критички граѓани.

Заедно застануваме зад принципот на еднакви можности за секоја индивидуа во нашето општество. Застануваме зад принципите на социјална правда и активна заштита и грижа за човековите права на сите индивидуи, а особено на оние кои им припаѓаат на малцинските и маргинализираните групи. Мора да бидеме солидарни, да се здружиме и да си помогнеме, заради побрзо спроведување на правдата, слобода на медиумите и победа над стравот.

Едногласни сме и дека демократијата, плурализмот и учеството на граѓаните во носењето одлуки треба да ги практикуваме секојдневно, во секој сегмент од општественото живеење, а не само на денот на избори. Ние сме за разноликост и слободно изразување, а не за едноумие. Сакаме слободно општество, а не контролиран живот и исплашени граѓани.

Се залагаме и за суштинско учество на младите и жените во клучните општествени и политички процеси, наспроти обидите за нивно декоративно учество. Младите се и сегашност и иднина и мора да бидат признаени и третирани како партнер во општеството.

Конечно, едногласно бараме итно да се формира преодна влада, која ќе обезбеди пречистување на избирачкиот список, ослободување на јавниот сервис МРТ од контрола на власта, избор на независен Јавен обвинител, како и организирање целосно слободни и демократски избори, кои ќе ја одразат реалната политичка волја на граѓаните на Македонија.

Во името на Уставот на Република Македонија, ги повикуваме сите граѓанки и граѓани, граѓански организации, политички партии, групи и заедници, сите Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и припадници на други заедници, сите заедно да ни се приклучат кон коалицијата ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!
30-08-2015, 02:24 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#5

Конечно Јордан јавно излезе да ни каже дека е до даска попален по Заев.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
21-09-2015, 10:14 PM
Reply