Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ АКЦИОНЕРИТЕ НА МАКПЕТРОЛ СЕ ОГРАБЕНИ ОД ВРХУШКАТА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Акционерите на “Макпетрол“ АД со незаконско работење оштетени за околу шест милиони евра



[Image: b93b48d2-2b38-45a5-b65c-72c6e7d02519-3g.jpg]

Август 13, 2015
МВР поднесе кривична пријава против 21 лице поврзани со незаконско прелевање на капитал од акционерското друштво Макпетрол во Командитното друштво со акции Оилко. Десетте членови на Управниот одбор, осумте членови на надзорниот, како и тројца одговорни во Централниот регистар, Централниот депозитар за хартии од вредност и Комисијата за хартии се товарат за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Првоосомничениот, А.Ј.(63) кој се јавува во својство на Претседател на Управен одбор во Макпетрол и Комплементар и Управител во Командитно друштво со акции за транспорт ОИЛКО КДА Скопје, и второосомничениот С.Л.(60), како Член на Управен одбор и Комплементар и Управител во Командитно друштво со акции за транспорт ОИЛКО, заедно со останатите осомничени, според досега прибавените докази, се товарат дека во својство на службени лица, заради стекнување со противправна имотна корист, искористувајќи ја службената положба и овластување нанеле штета на акционерите на Макпетрол Акционерско друштво за промет со нафта и нафтени деривати АД Скопје во износ од 375.180.000 денари, притоа овозможувајќи им на комплементарите да се стекнат со право да располагаат и одлучуваат за акционерски капитал и права на глас во Макпетрол АД во износ од 19.95%, а пак на командиторите да се стекнат со капитална добивка во вкупен износ од 304.193.176 денари.

Имено, пријавените членови на Управен одбор, во втората половина на 2006 година, спротивно на законот за трговски друштва без да има било каква одлука на собранието на акционери на Макпетрол АД за утврдување на интересот на друштвото за вложување во идното друштво Оилко КДА, самоиницијативно и нетранспарентно превземаат повеќе активности, како подготовка за основање на Оилко КДА, со цел прикривање на вистинската намера и нивните лични интереси од основањето на Оилко КДА. Притоа подготвиле противзаконска и штетна (за останатите акционери на Макпетрол АД), „Предлог одлука за вложување во командитно друштво со акции како зделка со заинтересирана страна“, а всушност станува збор за Договор за основање на ново друштво во кој што Макпетрол АД е странка. Истата таа одлука, која е незаконска, подоцна е донесена на Собранието на акционери на Макпетрол, кои биле нецелосно и неправилно информирани. Одлуката е незаконска, бидејќи сопствените акции на Макпетрол, вложени во Оилко немаат имотна вредност и не претставуваат имот, па следствено на тоа неможе да претставуваат влог во основна главнина. Освен тоа, одлуката истовремено не била во интерес на сите акционери, бидејќи со вложувањето на сопствените акции на АД Макпетрол во КДА Оилко правата од истите кои согласно чл. 338 од ЗТД дотогаш мируваа, со вложувањето се активираат и пренесуваат на новиот сопственик Оилко т.е на двајцата комплементари.

Исто така, двајцата првоосомничени, како комплементари-управители на ОИЛКО, во периодот од 18.01.- 23.01.2007 постапиле спротивно на Закон за хартии од вредност, на начин што не превзеле дејствија, ОИЛКО КДА во законски предвидениот рок да достават до Комисија за хартии од вредност „Првичен извештај за сопственост на акционер“, во врска со стекнувањето со акциите од издавачот Макпетрол, како друштво со посебни обврски за известување. Пријавените се товарат дека горенаведените извештаи не ги доставиле до КХВ и до Макпетрол АД, со намера да го прикријат правниот основ за вршењето на недозоволениот нетрговски пренос, односно Договорот за основањето на ОИЛКО, при што иако со самото недоставување на извештаите согласно чл.166 ст.6 од ЗХВ, го губат правото на глас од акциите, пријавените како одговорни лица на ОИЛКО во наредниот период континуирано го користеле правото на глас од стекнатите акции.

Пријавените членови на Надзорен одбор на Макпетрол Акционерско друштво за промет со нафта и нафтени деривати, во втората половина на 2006 год, иако биле должни да извршат надзор и да превземат мерки за спречување во намерата на членовите на Управниот одбор незаконитата и штетна предлог одлука да се стави на дневен ред на 9-тото Собрание, тоа не го сториле, туку и тие самите со донесување на заклучок и потпишување на известување дека се заинтересирана страна, му предложиле на Управниот одбор да свика седница на Собрание на акционери со што придонеле противзаконитата и штетна „Предлог одлука за вложување во командитно друштво со акции како зделка со заинтересирана страна“, да се најде на дневен ред. Со тоа членовите на Надзорен одбор овозможиле сопствените трезорски акции на Макпетрол АД да бидат искористени како непаричен влог во основањето на КДА Оилко. Исто така на 15-та Седница на Надзорен одбор донеле повеќе одлуки за давање на одобрение на членови на Управен одбор на Макпетрол да бидат комплементари и управители во Оилко-командитно друштво со акции .Притоа на овој начин пријавените се стекнале со капитална добивка во вкупен износ од околу 5 милиони евра, а пак на двајцата првоосомничени им овозможиле да се стекнат со управувачки права како комплементари во Оилко, а притоа нанеле значителна штета на останатите акционери на Макпетрол АД за проценетата вредност на вложените сопствени трезорски акции на Макпетрол АД во вкупен износ од преку 6 милиони евра.

Пријавениот овластен регистратор во Централниот регистар се товари дека не проверил дали влогот што се вложува има имотна вредност, дали може да се процени и изрази во пари, и не го зел предвид фактот дека акциите кои што се вложуваат не претставуваат влог во ствари, туку се вложуваат „правата од акциите“ кои не можат ниту да се проценат ниту да се изразат во пари. Исто така, не ја зел во предвид одредбата од чл.338 од ЗТД, според која правата од сопствените акции мируваат, па следствено на тоа неможат да се вложуваат.

Пријавениот Директор на Централен депозитар за хартии од вредност на 18.01.2007 година, постапувајки по предметот „Барање за пренос на обични акции издадени од Макпетрол АД Скопје“, иако знаел или требало да знае дека наведениот правен основ и доставена документација во применото барање не претставува законски правен основ за вршење на нетрговски пренос, издал усен налог на лице распоредено на работно место „оператор на сметка“, да го спроведе предметното барање како нетрговски пренос., по што предметот бил заведен во Деловодникот како завршен. Истиот не поднел Извешатај до комисијата за хартии од вредност за новоиздадените хартии од вредност и за вкупниот износ на извршен пренос на сопственоста на хартиите од вредност, пришто овозможил да биде извршен пренос на сопственоста на акциите издадени од Макпетрол кои биле вложени во основачкиот влог на ОИЛКО и тоа од сметките на 57 физички лица и сметката на правното лице Макпетрол, на сметката на ОИЛКО како нов акционер во Макпетрол, и погрешно и неправилно ја известил КХВ за работењето на ЦДХВ.

Пријавената претседателка на комисијата за хартии од вредност не превзела мерки и активности кои се во нејзина надлежност за спречување на незаконскиот пренос на обичните акции издадени од Макпетрол АД.

По формирањето на Оилко, меѓу фирмата „мајка“ “Макпетрол“ и фирмата ќерка „Оилко“ се склучени поголем број договори од кои според годишните биласни, целиот профит оди на страната на Оилко, додека Макпетрол бележи загуби. Имено, при извршената анализа утврдено е дека во периодот од 2002 до 2007 година Макпетрол АД, Скопје работи со добивка и oстварило нето добивка во вкупен износ од 1.128.185.175 денари, а пак за период од 2007 до 2014 година Макпетрол АД-Скопје остварува нето загуба во вкупен износ од 446.626.307 денари. ОИЛКО КДА-Скопје, во овој период работи со добивка и остварува нето добивка во вкупен износ од 230.408.250 денари што претставува сомнеж дека средствата од Макпетрол АД-Скопје се слеваат на сметка на ОИЛКО КДА-Скопје.

MVR
13-08-2015, 03:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Макпетрол: Пријавата од МВР е тенденциозна


[Image: makpetrol_0.jpg]

13 August, 2015

МВР поднесе кривична пријава против 21 лице поврзани за наводно незаконско прелевање на капитал од акционерското друштво Макпетрол во Командитното друштво со акции Оилко, меѓу нив е генералниот директор на Макпетрол, лица од Управниот и Надзорниот одбор и лица од државни институции.

Тие се товарат за наводна злоупотреба на службената положба и овластувања, со која според МВР ги оштетиле акционерите на Макпетрол.

Од Макпетрол известуваат дека се работи за чист случај во кој што не е оштетен ниту еден акционер.

„Целата постапка е извршена според законските прописи и легално и нема ниту една повреда на законот. Претпоставка е дека актуелната кривична пријава на МВР е тенденциозна и дека е поднесена заради загубен судски спор во кој се утврди незаконско оданочување на водечките луѓе од Макепетрол. Со последната судска пресуда УЈП е должна да ги врати парите за незаконско оданочување“, сметаат од Макпетрол.

TELMA
13-08-2015, 03:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Судот го спречи Макпетрол да му продаде имот на Оилко
19.07.2013

Основниот суд Скопје II донесе решение со кое се запира постапката во која Макпетрол требаше да продаде имот вреден 15 милиони евра на фирмата ОИЛКО. Економски.мк дојде до судското решение со кое времено се запира продажбата на имотот.

[Image: makpetrol-600x453.png]

Решението е донесено на барање на здружени надворешни акицонери (кои имаат околу 8.500 гласа на акционерското собрание). Адвокатката Љубица Рубен која ги застапува здружениете акционери во изјава за економски.мк вели дека со ова решение се оневозможува Макпетрол да префрли имот вреден 15 милиони евра кој се состои од подвижни и недвижни ствари на фирмата ОИЛКО.

„Меѓу другите ствари, во прашање е и имотот во општина Илинден каде има бензинска пумпа, мотел, погон за биодизел. Со времената мерка се забранува префрлање на овој имот на ОИЛКО“, објаснува Рубен.

Одлуката за префрлaње на имотот на Макпетрoл на ОИЛКО беше донесена на акционерското собрание кое се одржа на 01.06. Застапникот на акционерите и тогаш предупредил дека одлуката е незаконска затоа што за ваква зделка е неопходно ревизорско мислење, но и покрај тоа одлуката била изгласана.

„Ревизорското мислење е задолжително. Ревизорот мора да објасни дека ваквата зделка е фер и е извршена по пазарни услови. Тоа е потребно за да не се случи да се намалува имотот на Макпетрол за сметка на ОИЛКО“, објаснува Рубен.

Тужителите и натаму ќе ја продолжат постапката и ќе бараат времената мерка да се замени со поништување на одлуката донесена на акционерското собрание, вели Рубен за економски.мк.

Инаку, ОИЛКО е командитно друштво, основано во 2007 година од страна на Макпетрол. Генералниот директор на Макпетрол, Андреја Јосифовски поседува 15% од акциите во Оилко, со што е најголем поединечен акционер во компанијата. Јосифовски управува и со Макпетрол и со Оилко, фирма која транспортира нафта за Макпетрол.

Според финасиските извештаи од послендиот период додека Макпетрол ниже загуби, ОИЛКО е профитабилна компанија.

EKONOMSKI
13-08-2015, 03:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4


Jun 4, 2013





13-08-2015, 09:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Макпетрол



17.08.2015 Ѕвездан Георгиевски

Акцијата на Министерството за внатрешни работи против првиот човек на „Макпетрол“ Андреа Јосифивски и останатите може само на прв поглед да изгледа како прошетка на слон во продавница за порцелан и стакло. А изгледа така. Затоа што „Макпетрол АД“, без оглед на карактерот на сопственоста, е државна стратешка компанија. Блокирањето на работата на оваа компанија, моментално спроведена преку блокирањето на сметката на фирмата, може да значи буквално и блокирање на државата, бидејќи, како што е познато „Макпетрол“ е најголемиот снабдувач на главните енергенси во земјата: нафтата, бензинот, мазутот, гасот... Со други зборови, штетата што може на овој начин да ѝ се нанесе на државата реално е многу поголема отколку оние наводно проневерени пет-шест милиони евра за кои се товарат осомничените.

И ако ги оставиме на страна не толку малите „спорадични“ штети, како што е изгубениот кредибилитет и недовербата, останува едно од енигматските прашања околу периодот кога е сторено инкриминираното дело – првата половина од 2006 година. Тоа е токму оној период кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, а кривичната пријава е поднесена речиси една деценија подоцна. Ако се земе предвид начинот на кој тука се толкуваат законите, на пример во случајот „Македонска банка“, уште за кус период и овој случај ќе станеше застарен. Но, ете, токму во овој период МВР ги откри малверзациите на Јосифoвски и другите!

Се разбира дека постоеја и други побезболни, а сепак ефикасни начини да се спречи евентуалниот натамошен криминал, а притоа да не се блокира работата на компанијата, но се чини дека на овој начин власта, која и досега не покажуваше премногу стил кога беа бизнис-интересите, со еден удар убива неколку муви. Го презема бизнисот со нафта и нафтени деривати, како и другите бизниси на „Макпетрол“, било самата, било преку некоја „Белизе компанија“ и – ја презема телевизијата „Телма“, единствената со национална концесија што не е под нејзина контрола.

Гледано од овој аспект, ова е токму идеалниот период да се удри по „Макпетрол“. И од врвот на 40-катниците во Аеродром може да се види дека претстојните априлски избори во владејачката партија се примени како прашање на „живот или смрт“. Добро здрманата ВМРО-ДПМНЕ од опозициските бомби и од Договорот од Пржино сега се обидува со целата тешка артилерија да го окупира и оној мал простор што сè уште не е зафатен. А тој простор е токму телевизијата „Телма“, единствената телевизија со национална концесија која сè уште не е под контрола на Владата. Во оваа „судбоносна“ битка, јасно, и додатните финансиски средства од бензинот, вклучувајќи ги тука и евентуалните дополнителни акцизи, не се на одмет, особено ако се знае слабата кондиција на буџетот, кој допрва треба да ги сервисира нараснатите предизборни потреби за пензионерите, администрацијата, асфалтирањето патишта и градењето канализации.

Народот вели дека оној што се изгорел од млеко, дува и на маштеница, што во превод значи дека оние што го преживеаја убивањето на телевизиите А1 и А2, како и на придружните весници, како и паѓањето на телевизијата „Алфа“, со голема внимателност гледаат на потезите на Владата кон малкуте преостанати нечепнати медиуми. Конечно, во исполитизираната и идеолошки неврамнотежена држава и криминалот има политичка боја. Поточно правдата. За криминал се гонат само политички неподобните, додека „нашите“ или се амнестираат или воопшто не се гонат.

Како и да е, начинот на кој се води постапката против челните луѓе на „Макпетрол“ неодоливо потсетува на онаа славна максима на уметноста на апсурдот: „Играме на сè ама ништо“. Само што некој тука буквално ја сфаќа.

Името на компанијата „Макпетрол“ е сложенка од кратенката „Мак-“ и зборот „петрол“. Самиот збор „петрол“ е исто така сложенка од старогрчкиот „petra“, што значи камен и латинскиот „oleum“, односно англискиот „oil“ што значи масло. Кратенката „Мак-“, се разбира, е добиена од името на државата Македонија. „Макпетрол“ е наследник на некогашниот „Југопетрол“, каде што кратенката „Југо-“ доаѓаше од името на тогашната држава Југославија. „Телма“ пак е кратенка од „Телевизија Макпетрол“, иако некои ја толкуваат и како кратенка од „Телевизија Македонија“.



Quote:Venko Temelkovski

Dzvezdane / Braco , se procitav no nikade ne vidov nitu eden zbor za ostetenite akcioneri koi ja vodat ovaa bitka od pocetokot na 2007. Okolu 2850 akcioneri so seriozen kapital vlezeni vo MPT i od strana na Mendzerot /ite se izmameni i marginilizirani duri vo nekolku navrati i se obidele da gi lincuvaat ( citaj istepaat bidejki sakaat da go urnat piedestalot na AJ) Sudski sporovi, zabeleski na Sobranie na akcioneri, neodgovoreni -nikogas postaveni prasanja od so sopstvenicite ( akcionerite) na MPT ...ne ke e slicno kako sto miluvate da kazete so A1, A2 iliA3 ... ova e mnogu poseriozna rabota. Firmata vo posledniote godini belezi zaguba od okolu 25 mil evra, menadzerite FANTASTICNO visoki plati a OILKO belezi dobivaka duri i deli dividenda ?!? E Bogami mnogu e razlicno od Smokite proizveduvano vo edna TV kuka. Istrazuvajte, citajte i soopstuvajte. Nemoj da ste kako lisjeto i vetrot ... Pozdrav ! VT
Like · Reply · 1 · 16 hrs

Quote:Venko Temelkovski

P.S. pred 2 godini AJ imase mesecna plata od okolu 19.000 evra i 300.000 godisen Bonus za loyality / verojatno ova znaci lojalnost ?!?! kon sto i kon kogo ?! A istata taa godina MPT napravi zaguba od oklu 25 miloni denari ?!
Like · Reply · 16 hrs · Edited
18-08-2015, 01:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Макпетрол“ пак во загуба, „Оилко“ ја зголемува добивката



[Image: FC3636DF248E4443B1DBE52DB415858A.jpg]
06.11.2015,
Нафтената компанија „Макпетрол“ во периодот јануари - септември имаше загуба од 129,5 милиони денари, четири пати повеќе од лани, а нејзината фирма-ќерка „Оилко“ ја удвои добивката

Мирче Јовановски

Нафтената компанија „Макпетрол“ и годинава прикажа загуба од редовното работење, која заклучно со септември достигна 129,5 милиони денари (или околу 2 милиони евра), што е четирикратно повеќе од истиот период лани. Истовремено, нејзината фирма-ќерка „Оилко“ реализира добивка пред оданочување од 50,7 милиони денари (или околу 824 илјади евра), речиси три пати повеќе од истиот период лани кога таа изнесуваше 18,7 милиони денари.

Инаку, годинава „Макпетрол“ вкупно продала 258.025 тони нафтени деривати, биодизел (ФАМЕ), глицерин и природен гас што претставува зголемување во однос на истиот период лани кога биле продадени 231.404 тони, се наведува во извештајот.

„Макпетрол“ за загубата погледот го насочува кон Регулаторната комисија за енергетика, чии одлуки придонеле компанијата да оствари 240,9 милиони денари помалку од дополнителната маржа при набавката на нафтените деривати, поради лошиот сооднос помеѓу реалните и пропишаните набавни цени. „Ова е доказ дека пропишаните маржи од страна на Регулаторната комисија, кои не се променети уште од 2003, се неоправдано ниски и недоволни за рентабилно работење“, констатира „Макпетрол“.

Покрај ова, од компанијата велат дека биорафинеријата работи со недоволен капацитет поради отсуство на домашна регулатива за задолжително намешување на дизел-горивата со чист биодизел. Поради ова, биле принудени да преработуваат суровини и да извезуваат готови производи во неповолни ценовни услови, што придонеле за негативен финансиски резултат од 115,6 милиони денари. Трета причина за загубата, според „Макпетрол“, се високите трошоци за камати, кои сепак имаат тренд на намалување, а врз финансиските резултати влијаеле и високите трошоци за одржување на складовите за нафтени деривати, кои целосно се на товар на компанијата, иако сосопственик е Агенцијата за стоковни резерви и Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.

Од „Макпетрол“, сепак, нагласуваат дека загубата има тенденција на опаѓање, односно дека од 243,4 милиони денари, колку што изнесувала на крајот од јуни, е сведена на 129,5 милиони денари. „Во третиот квартал годинава, компанијата прикажа добивка во износ од 113,9 милиони денари (1,8 милиони евра), што може да биде основа за очекување на подобри резултати до крајот од годината“, оптимистички велат во „Макпетрол“.

Оваа компанија се најде во фокусот откако во август годинава МВР поднесе кривична пријава против 21 лице поврзани за наводно незаконско прелевање на капитал од акционерското друштво „Макпетрол“ во командитното друштво со акции „Оилко“, меѓу кои и раководните лица на двете фирми. Претходно, уште од формирањето на „Оилко“, пред седум години, досега финансиската состојба, односно загубата се повторуваше.

Инаку, според неревидираниот биланс на успех, вкупниот приход на„Макпетрол“ изнесува 13,9 милијарди денари и е помал од лани за 1,6 милијарди денари, што се должи на пониските цени на дериватите, објаснуваат од компанијата.

„Оилко“, пак, во периодот јануари - септември годинава оствари приходи во износ од 301,5 милиони денари и расходи од 249,6 милиони денари, при што добивката пред оданочување изнесува 50,8 милиони денари. Од ова командитно друштво објаснуваат дека зголемените приходи главно се должат на зголемениот обем на транспорт, што е и нивна основна дејност.
08-11-2015, 02:29 PM
Reply