Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ЕМИСИИТЕ НА НОВИНАРОТ КОРИТАРОВ СЕ БУГАРСКА ПРОПАГАНДА КОН МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Оваа тема немаше да ја отворам ако ГЛОБУС не почнеше да ја обработува емисијата. Првин ке ги прикачам видеата од гостувањата на троицата гости: Велизар Енчев, пензионираниот генерал на полицијата Кирчо Киров, шеф на известувачките организации во времето на Тодор Живков и Љупчо Георгиевски.




-1











-4





26-07-2015, 10:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2




















26-07-2015, 10:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3




26-07-2015, 10:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:БУГАРСКА ПРОПАГАНДА КОН МАКЕДОНИЈА: ЗОШТО БОРИСОВ ДОЈДЕ СО ВОЈСКА НА ГРАНИЦИТЕ ПОСЛЕ КУМАНОВСКИОТ КОНФЛИКТ?

[Image: CB2F0599C274EF40A772FB03AECA274A.jpg]
СРЕДБА: На крајот на мај дојде до средба меѓу Заев и Бoрисов во Софија

Во една дебата на двајца разузнавачи пред камерите во ТВ Плус во Софија се јави чудење за недугавото прогласување на воена опасност за Бугарија после настаните во Куманово од 9-10 мај. Има ли бугарското разузнавање погрешни информации од Македонија и говори ли тоа за пад на моќта на таа служба или Борисов си дејствува "на своја глава"?


Пред еден месец среде политичката криза во Македонија, гостин на емисијата на Плус ТВ "Слободна зона" на бугарскиот новинар Ѓорги Коритаров (56) во соседна Бугарија, беше пензионираниот генерал на полицијата Кирчо Киров, шеф на известувачките организации во времето на Тодор Живков. Тие говореа за оперативните операции на Службата за безбедност (контраразузнавањето) кон соседна Југославија чиј дел била Македонија, а кои биле едно од централните интереси на таа организација. Ова за постарите читатели секако е познато, барем како интерес, а интервјуто ги откри методите и очекуваните резултати на кампањата која со децении ја вршела оваа служба кон нас.

ПАДОТ НА ГРУЕВСКИ

Дел од ова интервју пренесоа некои медиуми, главно давајќи го кусиот избор кој го направи Зоран Божиновски преку неговиот "Буревесник", со или најчесто без насочување од каде се зема тој текст, иако разговорот, секако, во себе има многу повеќе сознанија кои читателите треба да ги знаат, бидејќи, се однесуваат и на нашето минато, но и на сегашноста а секако и на иднината. Ќе ги претставиме во неколку продолженија.

Коритаров на стартот кажува дека нивните очекувања биле дека после откритијата на опозицијата (бомбите) и протестите дека кабинетот на Груевски ќе падне и дека ќе се мине на кабинет со техничка влада која би ги подготвила изборите (таков случај имаше во Бугарија - н.з.). Редица лидери, вклучувајќи и премиери на држави започнале да се сретнуваат со лидерот на опозицијата Зоран Заев. Но, Коритаров вели дека таквиот крај на кризата може да не се случи - тука очевидно немало и добри анализи и квалитетни информации, при што се ставија забелешки дека Европските социјалисти (Станишев) и други веројатно се жртви на таквата неинформираност или лоши проценки. Како тоа да се случи кога Македонија е во рамките на "специфичните приоритети" на Бугарија? Имаме ли добри информации и има ли Бугарија добро разузнавање - се прашува Коритаров и затоа го кани пензионираниот генерал Кирчо Киров кој посебно бил задолжен за Југославија и Македонија во минатото (како што вели тој задолжен за Западниот Балкан). Но, веќе четири години тој е надвор од Службата.

[Image: E5FA006135EFF74EBAE99628BE7FE65F.jpg]
СРДЕЧНОСТ: Една од точките на разликите во политиките меѓу Брежњев и сојузникот Живков е македонското прашање

ЧУДЕНКИ

Водителот најнапред се изначуди како може Борис Борисов да постави воени единици на границата со Македонија? Дали тоа е резултат на информации од оваа Служба? Имало ли во Македонија криза од толку остар карактер? Дали беа точни информациите дека владата на Груевски сигурно паѓа?

- Разузнавачката информација може да е одлична, Навремена, брза, со многу елементи кои ја потврдуваат нејзината точност ама да не биде добро искористена од политичарите - смета генерал Киров. - И јас сум бил многу пати сведок како информации од Службата чиј директор сум бил не биле добро интерпретирани од политичкиот врв. Информацијата има карактер да биде советодавна.

Во однос на потегот на Борисов тој смета дека е можно да имало информација за појава на пошироки граѓански немири во Македонија ама не верува дека тој се повел од тоа. Лично мисли дека тој потег бил неоснован!

Водителот посочи на разговор во студиото претходно (на крајот на мај - н.з.) со Велизар Енчев, кој бил директно задолжен за Македонија уште во времето кога таа била во состав на СФРЈ, кој рекол дека се работи за простор кој е одлично покриен, за да се објасни дали до Борисов може во такви услови да дојдат евентуално лоши информации, за да преземе чекори какви што презема. Тој потсети дека партијата ВМРО ДПМНЕ е изградена од Бугарија за да се влијае на настаните внатре, потоа дека Енчев е лично од бугарскиот премиер Петар Стојанов испратен за амбасадор во Хрватска (1997 - 2002) за да има полесни односи со премиерот на Македонија Љубчо Георгиевски и со неговите соработници Доста Димовска, Димитар Димитров....Дали има еквивалент на тие споменати македонски политичари во мигов кои би ги покривале бугарските интереси во Македонија - праша водителот?

Одговорот е дека Бугарија настојува во сите земји во опкружувањето настојува да има свои луѓе во највисоките нивоа. Подвлече дека е изненаден што Велизар Енчев толку директно спомена имиња и оцени дека веројатно постои проценка дека тоа може сега да се каже ("па нели нема веќе тајни" - се уфрлува Коритаров). Кирчов вели дека Енчев е учесник во разбивањето на големата Југославија како дел од 17-та управа на Службата за сигурност (СБ) на Бугарија.

- Зошто одевме да ја разбиеме Југославија, која беше идејата тука - праша отворено водителот, укажувајќи дека од правна гледна точка не е јасно.


[Image: EB20C82929AD224E954E90C6D87C00AE.jpg]
ЛАЖНИОТ НОВИНАР: Велизар Енчев беше шпион во Белград како новинар на "Отечествен фронт"

- Имате право. Ние бевме под силен притисок на КГБ (советската известувачка служба) и бевме обвинувани дека правиме потези кои се во директна спротивност со официјалната политика во лагерот - признава Кирчов. - Антимакедонистите тогаш немаа многу информации за тоа дека тука работиме спротивно на интересите на големиот Советски Сојуз. Тогаш се промислуваше дека во лицето на СФРЈ Бугарија има тежок противник. Таа ја затвораше од Запад Бугарија и имаше поинаков политички и економски систем. Но едно е она што го мислеше Тодор Живков а друго е што Москва си имаше свои планови и интереси во тогашната ситуација на постоење на два блока. Вие секако се сеќавате дека тогашна Југославија беше еднакво оддалечена и од двата блока и ги користеше и обата. Па и со движењето на неврзаните кое го создаде. Тоа е од една страна а од друга страна бугарското раковотство не го сметаше дека македонското прашање е решено, особено од интерес на Бугарија.

Водителот инсистира на фактот дека Белград пак во некоја рака го контролиран македонскиот експанзионизам, дека секогаш постоел начин Софија да притиска на Москва а оваа на Белград некои ситуации да се стивнуваат во Скопје. Иако, додаде, и во Бугарија имало приврзеници на идејата за посебноста на македонската нација и ја споменува Дина Станишева, мајката на Сергеј Станишев, која како лингвист секогаш тврдела дека македонскиот јазик е посебен словенски јазик (за што била и прогонувана - н.з.)

- Тие несогласувања околу Македонија влијаеа на советско -бугарските односи. Имаше една нивна средба во Воден (не е оној град од Егејска Македонија, секако) кога Живков настојуваше да го убеди Брежњев дека Македонија е создадена во рамките на СФРЈ на антибугарска основа.и дека таму тече процес на асимилиација на население со бугарски корени.- признава генерал Киров.


[Image: 7336EE5A19FD4044A6E280458C7C11E0.jpg]
ДИНА СТАНИШЕВА: Мајката на експремиерот Сергеј Станишев е познат македонист од Софија!

Тој подвлекува дека учеството на бугарските разузнавачи во распаѓањето на Југославија не била самостојна акција на агентурите туку дека се доаѓало од државниот врв. На упадот на водителот дека Велизар Енчев работел и самоиницијативно и дека говори за тоа, Киров вели дека го почитува Велизар, тој доста направил за Службата, но процени, меѓу редови дека тука има самофалба. Потврди дека Енчев добро се знаел со Љубчо Георгиевски и пред да стане премиер, но Киров тврди дека нема впечаток дека Енчев му раскажува на Георгиевски кој е тој и кого претставува во контактите.

Од овој сегмент од разговорите може да се насети дека бугарската Служба секогаш настојувала да има свои луѓе во политичкиот врв, соодветно на тоа и во политичкиот врв на Македонија, па се поставува прашање секако - кој би бил тоа? Потоа веќе не се крие целосното покритие на политичкиот проект рушење на Југославија преку формирањето на ВМРО ДПМНЕ. Има еден детал кој останува како енигма а тоа дека водителот како бугарски човек го споменува и Никола Димитров, без да се појасни дали при тоа мислел на татко му, кој е споменат веднаш потоа, редоследно или имал некакво мислење за родословот, бидејќи името на Никола Димитров сега се споменува како алтернатива на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Груевски?!

(во следниот број: Атентатот врз Црвенковски е дело на внатрешните непријатели)

GLOBUS
26-07-2015, 10:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:БУГАРСКОТО ПРИБЛИЖУВАЊЕ ДО ЦРВЕНКОВСКИ


[Image: 65F0842452A9D74C8BD0A1CCC8339B9F.jpg]
ПРОМЕНА Георгиевски заминува а Црвенковски доаѓа, по што следи обид за атентат

Наводен подготвуван атентат од внатрешни непријатели врз тогашниот претседател на РМ - Бранко Црвенковски "трасираше" ново приближување меѓу Скопје и Софија. Овој чин се случи во време на атентати (Ѓинѓиќ), подоцнежни сомнежи за атентати (падот на авионот на Борис Трајковски), други откриени обиди (врз Борисов)... Ние сме навистина бурен Полуостров

Еден од првите луѓе на бугарската државна безбедност - Кирчо Киров, во своето интервју на Плус телевизијата, во емисијата "Свободна зона" (Слободна зона) проговоре за спречен атентат врз Бранко Црвенковски, во време кога тој беше премиер (2002 - 2004). Овој момент беше можеби еден од двата кои нашите медиуми го издвоија од ова интервју. Секако, повеќе под импресија и врз основа на готов материјал што им го понуди порталот "Буревесник" а не по свое наоѓање и сослушување на материјалот на Ју-тјуб.

Што говори тој сегмент од разговорот. Па најпрвин, тука има една фројдовска грешка. Имено разузнавачот од најголем калибар во Бугарија, во мигот кога говори за настаните во Либија (апсењето и судењето на група бугарски медицински сестри, осудени на смрт) на прашањето на водителот дали се сретнал со либискиот шеф на државата Гадафи, рече дека од шефовите на државите се сретнал со македонскиот претседател Бранко Црвенковски, па се поправи и рече дека тоа бил покојниот Борис Трајковски. Така се дојде и до она што подоцна (и во интервјуто со претседателот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски) ќе се допре а тоа се кои биле наводните луѓе на Софија во македонските високи политички кругови. Да се остане во контакт со врвот на политиката во нашата земја, како цел го истакна и самиот Кирчо Киров, што не е чудно, за било која соседна разузнавачка служба, секако. Од контекстот на разговорот произлегува дека тоа со претставници на СДСМ не било можно (впрочем службата, според Киров, стоела зад нивниот политички соперник - ДПМНЕ), но еден настан тука помогнал а тоа е откривањето на наводен атентат врз Црвенковски, кој во тој миг бил премиер (2002 - 2004). Овој атентат не бил откриен од македонските служби (!), а според Киров не е резултат на надворешни сили кои би сакале тоа да го сторат, туку од внатрешни непријатели.

Киров лично ја предал информацијата на претседателот на бугарската Влада- Саксобурговски лично. Потоа се сретнал со шефот на македонското разузнавање Драги Гроздановски и тоа на македонска територија, близу до границата. Подоцна Црвенковски рекол дека Киров и бугарското разузнавање отвориле широк пат меѓу Македонија и Бугарија.

На прашањето дали се работи за албански фактори, Киров одговори дека се работи за внатрешен непријател, не прецизирајќи го точно кој е тоа. Изворот на сознанието е агент на бугарската служба во Македонија. Тука е направена споредба со сознанија од Србија кои предупредиле дека се готви атентат врз Борисов!

[Image: 1883CEC44EAB91409B1150EFA1DA422B.jpg]
МЕМОРИЈА Се сеќава ли Кирчо Киров добро на сите настани?

Овие настани секако говорат дека после атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинџиќ (2003) и необичната авио несреќа крај Мостар на македонскиот претседател Борис Трајковски (2004), потоа со предупрдувањата до Црвенковски а посдоцна и Борисов ние сме еден нависитна бурен Полуостров?! Но, сите тие настани направиле зголемена грижа кај информаторите, па се отвораат канали на дојавување меѓу балканските разузнавачи, веројатно и заради создавање на алиби системи, бидејќи ,не се сакало да бидат на било кој начин обвинети дека ете тие се извор на неволји за соседите.

Од друга страна, во Софија веројатно процениле дека падот на ВМРО ДПМНЕ на политичките рејтинг листи е подоглорочно и дека е нужна преориентација, веројатно и заради пребојосување на сопствејата слика во Македонија, која не беше добра.

Со чинот на предупредување на атентат врз премиер соседната служба одеднаш прави коперникански прсврт - од тврдо непријателска станува пријателска, фрлајќи го Георгиевски во историјата! Можеби Софија и знаела кој ќе дојде ан чело на ДПМНЕ па сакала да си остави простор да го следи во наредните години? Овој чин секако покажува слабоста во македонската УДБ а секако можеби на нејзин намерен пропуст, во време на вероајтни кадровски чисти, кога доаѓа до смени по одделите внатре.


[Image: 8EC478140BB43B4AB2D4F8CA5D0C4898.jpg]
ДРАГИ ГРОЗДАНОВСКИ Важеше за човек на Доста Димиова и на Борис Трајковски, но не беше омилен за Георгиевски

Драги Гроздановски требаше да го замени Љубе Бошковски како министер за внатрешни после потпишувањето на Охридскиот договор, на барање на странскиот фактор. Тој тогаш, како што е познато беше на чело на Агенцијата за разузнавање. Инаку беше во првиот пратенички состав на ДПМНЕ во Парламентот како невработен правник.

До таа промена не дојде. Агенцијата беше под ингеренција на претседателот на Републиката па Борис Трајковски инаку го именуваше Драги Гроздановски за нов директор на Агенцијата за разузнавање на 7 мај 2003 година по втор пат откако претходно оваа должност ја вршеше во период од март 2000 година до февруари 2002. Во "Нова Македонија" во 2012 година пишуваше за овој човек како социјален случај! Гроздановски се сметаше за човек на Доста Димовска (како и претседателот Трајковски), додека не беше омилен кај Георгиевски.

(Во следниот број: Улогата на Велизар Енчев во формирањет на ВМРО ДПМНЕ)

GLOBUS
30-07-2015, 01:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:ВЕЛИЗАР ЕНЧЕВ: ЈА РУШЕВ ЈУГОСЛАВИЈА ПРЕКУ НАРУШУВАЊЕТО НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНСКИТЕ И СРПСКИТЕ КОМУНИСТИ


[Image: 6F6D4B087D53D44FAFF4BF40E0FFDEEF.jpg]
ВЕЛИЗАР ЕНЧЕВ Човек кој умее да го комерцијализира своето минато и кој се уште живее во советските времиња

Овој ексразузнавач и амбасадор на Бугарија во Хрватска раскажа многу детали за тоа како од 1986 година Софија работела на распадот на југословенската федерација, делумно и преку наводното помагање на ВМРО ДПМНЕ

Каков е ставот на бугарските политички кругови кон македонската криза? Зошто во емисијата "Слободна зона" продефилираа видни личности, некои од кругот на оние кои обично не говорат за својата работа се до својата смрт па и потоа (не оставаат материјални докази) а сега имаме емисии во кои за својата работа со Македонци и за Македонија метенисуваат двајца претставници на бугарската Државна безбедност. Во две претходни продолженија дадовме поголеми сегменти од гостувањето на Кирчо Киров, претпоследниот шеф на Бугарската ДБ, а денес го отвораме едно постаро, но не помалку интригантно гостување на Велизар Енчев. Овој соработник на истата служба се пофали дека битно влијаел на распадот на поранешна Југославија, потоа дека во таа насока ја формирал ВМРО ДПМНЕ, како пробугарска партија која ја рушела истата таа Југославија, како и дека бугарската агентура е многу активна и пресудна во нашава земја.

ПОСЕТАТА НА ЗАЕВ ГИ РАЗБУДИ ДУХОВИТЕ

На почетокот на своето гостување во ова емисија, беше започнат дијалог што би сторил ново Зоран Заев ако дојде за премиер на една нивна соседна земја? Велизар Енчев, кој долги години бил соработник на бугарската тајна полиција како дописник на "Работническо дело" од Белград а потоа и како амбасадор на Бугарија во Загреб и како фалбаџија дека ја основал ДПМНЕ јасно предочи дека најважна дилема за Заев е како да се срушат сите тие споменици среде Скопје, вредни милијарда евра, рече тој, кои значат, според него, антиквизација на Македонија и присвојување на грчката историја? Тоа тешко дека би му пошло од рака а од бугарска страна - според Енчев - треба да се настојува да се избришат учебниците по исорија кои се напишани во антибугарски дух.

Не е веќе тајна рече водителот Ѓорѓи Коритаров дека Енчев работел во 17-тиот оддел на тајната полиција (со кое, признава водителот Коритаров, дека и самиот бил врзан) и го запраша зошто бугарското КГБ дало погрешна процена дека СФРЈ ќе се распадне заради Косово и Македонија а всушност тоа беше голема грешка- се распадна заради идвојувањето на Словенија и Хрватска!

Овој оддел бил задолжен за социјалистичките земји кои не биле во лагерот - Албанија, СФРЈ, Кина и Романија (кој беше во лагерот ама и како да не беше). Овој оддел од 1986 година испраќа свои луѓе во СФРЈ и работи на разбивањето на Југославија! - признава Енчев. Оценува дека е сега време тоа да се каже..

Разбивањето требало да се случи со поттикнување на разединувањето на линија Скопје - Белград, потоа Приштина - Белград и конечно Загреб - Белград, оценувајкќи дека Бугарија со Хрватска им долга предисторија на специјални односи, споменувајќи ги самите усташи.

[Image: 4429656590F17C45A68BF5E5F5233B6E.jpg]
И ЕДНО И ДРУГО Енчев сака да биде тип на лвичар како Ципрас а воедно и голем бугарски националист!

ПЛАТЕНИ СТАТИИ ВО ФРАНЦИЈА

За ова цел, за раструрање на СФРЈ, оделе кон тоа да објавуваат платени статии во "Монд" и "Фигаро" (десни весници, нагласува Велизар Енчев). Во "Монд", на пример, зад текстовите бил потпишуван наводен пакистански новинар кој бил всушност само името кое се потпишува а текстовите ги пишувал Енчев на машината марка "Марица" во Белград.

Овие статии воделе кон заладување на односите на релација Белград - Скопје, и тоа со дотогаш непознати факти, од кои некои биле вистински ама комбинирани со лажни. Искористени се и словенечки и хрватски новинари за да напишат статии во кои се нагласува дезинтеграцијата на Македонија од позиција на албанскиот фактор. За хрватскиот новинар беше речено дека му се плаќани одмори во Бугарија нму и на неговото семејство и тоа од касата на бугарското МНР.

Сето тоа, вели раскажувачот, во лагерот е објаснувано како дејствување кое има за цел да ја врати Југославија во кругот на Варшавскиот пакт а не да ги реализира бугарските интереси (од овој контекст е видлив интересот Македонија, како во Втората свеска војна, да се подели меѓу Бугарија и Албанија).

На прашање на водителот дали уште тогаш е користемо ВМРО во разбивањето на Југославија, Енчев рече дека е користена македонската емиграција во САД и Канада а ВМРО ДПМНЕ не постоело како партија

- Од каде е тогаш информацијата дека бугарската тајна полиција уште тогаш и плаќала на идната основателка на ВМРО ДПМНЕ Доста Димовска, по 500 евра месечно? - праша Коритаров, асоцирајќи на друго интервју на истиот гостин во друг медиум.

- Во февруари 1992 година, по моја иницијатива побарав да дојдам во Скопје и да поразговарам со Љубчо Георгиевски и да го убедам, откако тој се откажа а биде потпретседател на Глигоров, да дојде со партијата во Софија и тоа да биде нов почеток на македонско-бугарските односи. Љубчо и Доста по 20 минути разговор со задоволство тоа го поздравиле.

Енчев вели дека од Скопје до Деве Баир патувале во две коли и него никој не го сопирал ама Доста и Љубчо постојано биле проверувани од лица во комплетна воена опрема. По минувањето на границата од другата страна ги чекале автомобили кои ги пратил лично Жељу Жељев. Енчев беше дециден дека тогашната бугарската власт и помогнала многу на македонската опозиција да дојде на кормило на државата во 1998 година. Најнапред, вели тој, со давање на пари за весниците на опозицијата (за хартијата и слично) а се подржувани видни македонски интелектуалци со пробугарска ориентација.

АМБАСАДОР Кога ДПМНЕ доаѓа на власта во 1998 година, премиерот Петар Стојанов го пратил Енчева во Загреб за амбасадор без ниту ден искуство во таа професија, со оценка дека од таму со овата влада полесно ќе одржувал врска (!). Контактите на Љубчо и Доста значи станале контакти со бугарски амбасадор во Загреб и тоа давало поинаков тон на релациите во однос на тоа да биле контакти на друго ниво, вели Енчев, кој додава дека како амбасадор прва грижа му била Љубчо и Доста а дури потоа развојот на хрватските односи со Бугарија (на трето место, како задача му било рушење на власта на Милошевиќ).

Паралелно, вели Енчев бугарското воено разузнавање (Маријан Рајков) работело - преку Доста Димовска- за востоличување на покојниот претседател Трајковски за претседател. Таа функција, според Енчев е "трасирана" уште во 1989 година! И така Енчев ни го избрал премиерот а Рајков претедателот.и тоа тој го смета за крунски доказ за доброто работење.

Овој соговорник признава или наведува дека првото раководство на ДПМНЕ е создадено од пријатели на Бугарија во Македонија" видни интелектуалци а некои од нив и на соработници на бугарското разузнавање". При тоа Љубчо Георгиевски е опишан не како соработник на бугарските служби, туку како голем пријател на Бугарија. Тој е заслужен, вели тој, што Македонија ги добила бугарските тенкови, што група македонски офицери се пратени на обука во Софија и слично.

[Image: E8DBD39230AEFB4599FBF4D94F2F906D.jpg]
КНИГА Делото "Јас бев во разунувањето" ја претставивме во Глобус во октомври 2009 година

АЛБАНСКИ ИНТЕРЕСИ

Енчев, патем се покажува како "традиционалист" во погледите кон македонско - бугарките односи (голема Албанија е шанса за Голема Бугарија, вели тој, Грците се во право за нивниот отпор ко нашиот напредок кон евроатланските интеграции, Софија треба да даде поддршка во свое условувае на Македонија, која мора да откаже од својата историја до 1945 година, кога македонизмот победува а Белград исто така треба да направи автономна покраина во "бугарските западни покраини" а тоа босилградскиот регион и така натаму). На потсетување на водителот дека се залага и за работи кои се спротивни на Декларацијата која буугарскиот премиер Иван Костов ја потпишал со Љубчо Георгиевски, тој вели дека концепцијата на Декларацијата била грешка! Смета дека се случило без негово знаење (!) и дека ова го прави да се чувствува дека сите негови напори и успеси во прилагодувањето на Македонија кон бугарските интереси паднале во вода! Во овој дел од разговорот Енчев беше доста нервозен и лут.

Секако, останува големо прашање зошто се појавува Енчев а потоа и Киров во јавноста во мигот кога во земјава се јавува криза. Дали се гледа потреба некој да се потпре а некој да се сруши кај нас, да се измешаат картите одново во пробугарските интереси во земјава? Дали постојат проценки дека некои сили во земјава можат да бидат протагонисти на некои поинакви интереси и дали би помогнало тоа што денес Енчев и антизападен политичар во својата земја, со навивачки страсти кон Москва?

А МУЛТИГРУП? Јасно, многу важни прашања од дејствувањето на бугарската агентурска политика кон земјава не беа допрени или беа допрени во таа емисија ама останаа неодговорени. Немаше прашање за атентатот врз Глигоров (октомври 1995 година), една од темите кои ги оптоваруваа односите Скопје - Софија, пред се заради името на Мултигруп во тој настан, како и дејствувањето на Мултигруп генерално во Македонија?! Потоа, улогата на Бугарија во вооружениот конфликт во РМ во 2001 година. Ова прашање беше поставено, Енчев како малку да се збуни и кусо одговори дека тука немал никаква улога. Ами од каде тогаш дојде оној предлог за поделба на Македонија и тоа директно од страната на Георгиевски а особено заради фалбите на Енчев дека бугарската тајна полиција има многу свои луѓе меѓу Албанците во земјава?! (Набргу секако ќе ги дадеме и деТалите од гостувањето на лидерот на ВМРО НП во ЕМИСЈАТА).

Велизар Енчев, да појасниме важи за политички противник на Борисов, за активисти кој се противи на НАТО стратегијата кон Русија и важи како политички колаборационист во ВМРО на Каракачанов. Кога излезе неговата книга "Јас бев во разузнувањето" Глобус ја претстави со многу детали кои денес се возбудливи преку перото на Виктор Цветаноски.

(Во следниот број: интервјуата на Енчев во Македонија?)

GLOBUS
04-08-2015, 02:19 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#7

(26-07-2015, 10:07 PM)ЈорданПетровски Wrote:


BravoBravoBravo. Одлични ставови и анализа на Љубчо Геогиевски за сите прашања во Македонија/
08-08-2015, 09:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

(08-08-2015, 09:37 AM)hristo Wrote:
(26-07-2015, 10:07 PM)ЈорданПетровски Wrote:


BravoBravoBravo. Одлични ставови и анализа на Љубчо Геогиевски за сите прашања во Македонија/


Не би се сложил со тебе Христо, интервјуто е полно со манипулации и лаги, лаги со кои Љупчо се обидува да си ја симне сопствената вина.



08-08-2015, 01:31 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#9

(08-08-2015, 01:31 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(08-08-2015, 09:37 AM)hristo Wrote:
(26-07-2015, 10:07 PM)ЈорданПетровски Wrote:


BravoBravoBravo. Одлични ставови и анализа на Љубчо Геогиевски за сите прашања во Македонија/


Не би се сложил со тебе Христо, интервјуто е полно со манипулации и лаги, лаги со кои Љупчо се обидува да си ја симне сопствената вина.

Интервјуто е, пред се, во функција на одговор на тезите на Енчев и Киров. Прво, храброст и доблест е да отидеш во страна држава и да пред нивната јавност укажеж на лаги на нивни домицилни граѓани. Георгиевски го направи тоа. Не чув дека имало демант од Енчев и Киров за исакажаните тези на Георгиевски. Потоа, јасно кажа пред бугарската јавност дека се чувствува Македонец, и на бугарската јавност јасно им објасни дека сакање подобрување на односи помеѓу МК и БГ не значи дека тие кои тоа го сакаат се по автоматизам Бугари. Потоа, јасно ја дефинира тековната идентитетска состојба на Македонецот. Укажа на пропустите што бугарската држава ги направила кон Македонија и оставање широк простор на дејствување на српска пропаганда и последователно посрбување на традиционалниот македонски идентитет. Искажа два става со кои апсолутно се сложувам. Прво дека сме имале многу блиска историја со бугарскиот народ во 19 и почетокот н 20-иот век, и дека денеска поголемиот број на Македонци се чувствуват како Македонци а не како Бугари.Објасни и за причините за земање на бугарски државјанства. Што е тука манипулација или лага ??

10-08-2015, 08:08 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

(10-08-2015, 08:08 AM)hristo Wrote:
(08-08-2015, 01:31 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(08-08-2015, 09:37 AM)hristo Wrote:
(26-07-2015, 10:07 PM)ЈорданПетровски Wrote:


BravoBravoBravo. Одлични ставови и анализа на Љубчо Геогиевски за сите прашања во Македонија/


Не би се сложил со тебе Христо, интервјуто е полно со манипулации и лаги, лаги со кои Љупчо се обидува да си ја симне сопствената вина.

Интервјуто е, пред се, во функција на одговор на тезите на Енчев и Киров. Прво, храброст и доблест е да отидеш во страна држава и да пред нивната јавност укажеж на лаги на нивни домицилни граѓани. Георгиевски го направи тоа. Не чув дека имало демант од Енчев и Киров за исакажаните тези на Георгиевски. Потоа, јасно кажа пред бугарската јавност дека се чувствува Македонец, и на бугарската јавност јасно им објасни дека сакање подобрување на односи помеѓу МК и БГ не значи дека тие кои тоа го сакаат се по автоматизам Бугари. Потоа, јасно ја дефинира тековната идентитетска состојба на Македонецот. Укажа на пропустите што бугарската држава ги направила кон Македонија и оставање широк простор на дејствување на српска пропаганда и последователно посрбување на традиционалниот македонски идентитет. Искажа два става со кои апсолутно се сложувам. Прво дека сме имале многу блиска историја со бугарскиот народ во 19 и почетокот н 20-иот век, и дека денеска поголемиот број на Македонци се чувствуват како Македонци а не како Бугари.Објасни и за причините за земање на бугарски државјанства. Што е тука манипулација или лага ??


Ако одговорот е на Љупчо Георгиевски кој не бил премиер ке се сложам со твојата констатација ама Љупчо бил премиер и како премиер избран на таа функција од партијата ВМРО ДПМНЕ имал малку повеке обрски кои не ги исполнил баш по прашања кои ги потиканаа, пензионираниот генерал на полицијата Кирчо Киров, шеф на известувачките организации во времето на Тодор Живков и новинарот, дипломатот и соработникот на бугарските служби Велизар Енчев.
10-08-2015, 03:56 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#11

(10-08-2015, 03:56 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(10-08-2015, 08:08 AM)hristo Wrote:
(08-08-2015, 01:31 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(08-08-2015, 09:37 AM)hristo Wrote:
(26-07-2015, 10:07 PM)ЈорданПетровски Wrote:


BravoBravoBravo. Одлични ставови и анализа на Љубчо Геогиевски за сите прашања во Македонија/


Не би се сложил со тебе Христо, интервјуто е полно со манипулации и лаги, лаги со кои Љупчо се обидува да си ја симне сопствената вина.

Интервјуто е, пред се, во функција на одговор на тезите на Енчев и Киров. Прво, храброст и доблест е да отидеш во страна држава и да пред нивната јавност укажеж на лаги на нивни домицилни граѓани. Георгиевски го направи тоа. Не чув дека имало демант од Енчев и Киров за исакажаните тези на Георгиевски. Потоа, јасно кажа пред бугарската јавност дека се чувствува Македонец, и на бугарската јавност јасно им објасни дека сакање подобрување на односи помеѓу МК и БГ не значи дека тие кои тоа го сакаат се по автоматизам Бугари. Потоа, јасно ја дефинира тековната идентитетска состојба на Македонецот. Укажа на пропустите што бугарската држава ги направила кон Македонија и оставање широк простор на дејствување на српска пропаганда и последователно посрбување на традиционалниот македонски идентитет. Искажа два става со кои апсолутно се сложувам. Прво дека сме имале многу блиска историја со бугарскиот народ во 19 и почетокот н 20-иот век, и дека денеска поголемиот број на Македонци се чувствуват како Македонци а не како Бугари.Објасни и за причините за земање на бугарски државјанства. Што е тука манипулација или лага ??


Ако одговорот е на Љупчо Георгиевски кој не бил премиер ке се сложам со твојата констатација ама Љупчо бил премиер и како премиер избран на таа функција од партијата ВМРО ДПМНЕ имал малку повеке обрски кои не ги исполнил баш по прашања кои ги потиканаа, пензионираниот генерал на полицијата Кирчо Киров, шеф на известувачките организации во времето на Тодор Живков и новинарот, дипломатот и соработникот на бугарските служби Велизар Енчев.

Суштината беше дали бугарските служби во раните 90-ите години помагале да се формира ВМРО-ДПМНЕ ( нормално, под нивна контрола) или формирање на ВМРО-ДПМНЕ не е нивен производ. Потоа, дали бугарските служби учествувале во помагање на гласилата на ВМРО-ДПМНЕ во тој период, што Љ.Георгиевски го негира ( освен некои 2.000 мартки за хартија). А, во тоа време Георгиевски не беше Премиер.

11-08-2015, 11:04 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ШПИОНИРАЛЕ ЗА БУГАРИЈА

[Image: ED49B662F666CA4EB82B9C59E91327F3.jpg]
ПРЕВЕДУВАЧ Енчев бил преведувач на средбата меѓу Воислав Шешел и Красимир Каракачанов (лево) во Белград]


Глобус го откри овој дописник од Југославија, па амбасадор во Хрватска уште во 2009 година, кога ја промовираше книгата "Јас бев шпион". Даваме репринт на тој текст кој и денес е актуелен, особено по гостувањето на Енчев во бугарскиот Канал плус

Бугарски шпион повеќе од шест години, од 1987 до 1993, ја крстарел Македонија и ги информирал тајните служби на Софија за се' што се случувало во годините пред и по распадот на Југославија. Со акредититиви на постојан дописник од Белград на весникот "Отечествен фронт" и на Бугарската национална телевизија влегувал во кабинетите на највисоките македонски раководители и разговарал со нив. Истовремено, тој создавал мрежа на агенти од пробугарски ориентирани македонски граѓани во повеќе градови и села. Неколкумина од тие агенти станале видни македонски политичари. Тој ја организирал и првата официјална посета на Љупчо Георгиевски и Доста Димовска на Софија. Овие и многу други детали од својата разузнавачка дејност во бивша Југославија, пред се' во Македонија, ги открива Велизар Енчев во штотуку објавената книга "Јас бев во разузнувањето".

"Кон крајот на 1991 година му предложив на раководството на Националната разузнавачка служба на Бугарија да ги покани на официјална посета водачите на демократската македонска опозиција. Новосоздадената опозиција беше олицетворувана од ВМРО-ДПМНЕ и на чело на движењето беа авторитетните личности Љупчо Георгиевски и Доста Димовска. Од своја страна прифатив ангажман да спроведам сондажни разговори со водачите на партијата, кои уште не ги познавав. Некои министри во владата на Никола Кљусев имаа пријателски однос кон Софија, додека претседателот Киро Глигоров беше на другата страна. Оценив дека една официјална посета на делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Софија, која ќе биде примена од претседателот и од лидерите на парламентарните партии, би имала позитивен политички ефект во двете држави. Така на македонистите во Скопје ќе им одржиме лекција за балканска дипломатија, зашто не тие, туку опозицијата прави чекор за зближување со Бугарија.", пишува во штотуку обајвената книга Велизар Енчев за своите шпионски години во Македонија.

ПОЧЕСТИ

Откако Софија дала согласност за посетата на Георгиевски и Димовска, побарал средба со првиот лидер на ВМРО кој веднаш ја прифатил идејата за посета на Бугарија. По една седмица ги уточниле деталите и во почетокот на февруари 1992 година тргнале за Софија. Тие со нивниот, а тој со сопствениот автомобил. Како што пишува бугарскиот шпион, за време на патувањето автомобилот на Георгиевски и Димовска на двапати бил сопиран од македонската полиција за проверка за на крајот да биде пуштен да го продолжи патот кон граничниот премин Деве Баир, каде од другата страна на границата ги чекала колона мерцедеси на протоколот на бугарскиот претседател. На Георгиевски и на Димовска им биле приредени сите почести на официјална делегација и нив ги примиле највисоките бугарски раководители. Одржале средба и со Красимир Каракачанов за која не сакале да пишуваат бугарските медиуми за да не дознае македонската јавност.

Енчев, кој за својата шпионска работа по враќањето во Софија бил награден со амбасадорско место во Хрватска од тогашниот бугарски претседател Петар Стојанов, вели дека неговото ангажирање за шпион на бугарските тајни служби не одело така лесно и дека во почетокот одбивал да се занимава со тоа. Меѓутоа, предизвикан од идејата да работи во Македонија и во Србија и, како што вели, да ја продолжи каузата на поколенијата кои се бореле за бугарската идеја во Вардарска Македонија и во западните покрани, како што во Бугарија се нарекува источниот дел на Србија, прифатил да стане шпион, нешто што денес во Бугарија било анатемисано.

"Откако владата на Станишев ги отвори архивите на надворешното разузнавање и стави знак на еднаквост меѓу политичката полиција и разузнавањето, осознав дека молчењето не е злато. Тоа е предавство кон луѓето, кои дадоа се'е од себе за да им служат на бугарските национални интереси во Србија и во Македонија. Во западните покраини (Србија) живеат 30.000 Бугари, а славјанското население во Република Македонија е 90 проценти бугарско. Независно од политичкиот систем во Бугарија во 20 и 21 век, во тие окупирани бугарски земји нашето разузнавање имаше само една цел - да го зачува бугарскиот етнос од асимилација, да ги гарантира неговите човечки права, да и помога на нашата дипломатија во интернационализирање на бугарското прашање во Југославија. Затоа решив: Луѓето нека дознаат што правел еден офицер од Националната разунавачка служба во Скопје, Белград, Приштина, во Сараево", ги образлага причините Енчев зошто се решил да прозборе за работи кои најчесто остануваат државна тајна.

АГЕНТУРА

Бугарскиот дописник на "Отечествен фронт" во Белград првата година главно се занимавал со собирање и анализирање на информации и проценка на состојбите, а потоа решил да поработи и на терен. Во втората година направил измени во разузнавачката дејност и им дал предност на прогнозите и на создавање бугарска агентура во Македонија и Србија. "Често патував во Македонија на неколку дена - посетував цркви, манастири, културно-историски споменици во Скопје, Охрид, Струга, Битола, Прилеп, десетици села и паланки, создавајќи им работа на македонските служби за следење. Едно време тие престанаа да ме следат, веројатно процениле дека тоа е чист труризам. И тогаш дојде времето за вистинска работа.

Со согласност на Центарот си поставив неколку цели - не само да собирам информации за политичките, етничките и верските процеси во Вардарска Македонија, но и да привлекувам луѓе за бугарската кауза кои го зачувале бугарското самосознание на нивните татковци. Започнав да создавам мрежа од луѓе верни на Бугарија кои ни даваа информации и ги спроведуваа нашите интереси во соодветниот сектор. Подоцна од тој пријателски круг излегоа неколкумина видни политичари на Република Македонија, чии што имиња не можам да ги спомнам од разбирливи причини. Без помошта на сите тие луѓе беше невозможна да се наложуваат бугарските интереси во Вардаска Македонија", објаснува Енчев како ја создавал својата мрежа на шпиони.

Тој не ги споменува имињата на видните македонски политичари кои влегле во највисоката власт, но затоа ги пишува иницијалите на еден негов соработник кој веќе не бил меѓу живите. "Станува збор за А.Л. Една седмица по нашата последна средба тој беше најден обесен во гардеробата на својот стан. За неговите блиски и пријатели немаше никакво сомнение - А.Л. беше убиен од македонските служби за безбедност, каква што беше судбината и на други бугарски патриоти во Македонија", пишува Енчев, подвлекувај ќи дека А.Л. бил убиен откако му се јавил по телефон за време на една посета во Белград.

[Image: DF6B5DE8F7F3A94FB74678A2A962E4E9.jpg]
АМБАСАДОР Велизар Енчев му ги предава акредитивите на Фрањо Туѓман по неговото назначување за амбасадор во Хрватска

ПРЕДЛОГ НА СРБИТЕ

Користејќи ги акредитивите на бугарски дописник од Белград, тој разговарал и со Лазар Колишевски. "Побарав средба со Колишевски не само поради новинарско љубопитство. Однапред знаев дека тој нема да ми даде интервју. Сакав да ја почувствувам природата на највидниот македонист во Скопје, да ги допрам неговите човечки сетила за да можам подобро да ја разберам генезата на македонската идеја", пишува Енчев, кој со Колишевски се сретнал во македонското собрание и со него разговарал еден час. Не добил никаква разузнавачка информација, но затоа пак на македонското контраразузнавање му дал до знаење дека како вистински дописник може да се сретне и со највисоките македонски раководители.

Летото 1988 година направил интервју со Глигорие Гоговски, тогашниот претседател на Извршниот совет. Меѓутоа уредникот на неговиот весник "Отечествен фронт" ги исфрлил сите искажувања на македонскиот премиер за македонското малцинство во Бугарија и за македонската нација. Но затоа, пак, "Нова Македонија" интервјуто го објавила целосно.

Енчев раскажува дека на неколку дена пред 10 ноември 1989 година во Софија пристигнал познат српски писател од тесното опкружување на Слободан Милошевиќ во специјална мисија. Неговата посета ја организирал лично тој и, според него, човекот на Милошевиќ на бугарските раководители со кои се сретнал им го предложил следново:" Бугарија има проблем со турското малцинство, Србија - со Албанците. Нека ги обединиме нашите усилби и да ги решаваме заеднички тие проблеми. Освен тоа Србија нема да претендира повеќе кон Вардарска Македонија, која што може да помине под бугарско влијание...".

Бугарскиот шпион во својата книга нагласува дека деновите пред прогласувањето на независноста на Македонија неговите претпоставени биле на штрек. Дел од раководството на Националната разузнавачка служба било прекомандовано во еден мал град на границата со Македонија каде го чекало неговиот извештај со проценка дали Србија ќе изврши агресија на Македонија, како што тоа се случило со Хрватска и со Босна.

Енчев во својата книга се фали дека тој спречил Михаил Горбачов да ја посети Македонија за време на неговиот престој во Југославија, сметајќи дека македонската страна тоа ќе го искористи за "антибугарска" кампања. Како што пишува, тој им сугерирал на некои своите пријатели во југословенските весници да напишат коментари дека од дипломатска гледна точка посетата на Горбачов на Скопје била неумесна зашто тоа ќе ги затегнело односите меѓу Белград и Атина. И така, Горбачов, наместо Македонија ја посетил Словенија.

АМБАСАДОР

Бугарскиот новинар и шпион својата кариера ќе ја заврши како дипломат. Во почетокот на 1997 година ќе биде повикан од Стојан Сталев, министер за надворешни работи на техничката влада на Стефан Софијански. Тогаш тој ќе му предложи да биде амбасадор во Загреб бидејќи ја познавал состојбата во регионот и имал контакти со водечките политичари на бившите републики на Југославија. Пресреќен што не го заборавиле, Енчев отворено ќе ги каже своите амбции да биде амбасадор во Македонија. "Бев поласкан од поканата, но и многу изненаден. Меѓутоа, веднаш запрашав: 'А нема ли да се занимавам со Македонија, која што ја познавам најдобро и каде се очекува доаѓање на власт на опозицијата која е блиска до Бугарија'. Стојан Сталев беше отворен: 'Навистина најдобра позиција за вас е Скопје, но таму имаме амбасадор кој добро работи. Освен тоа премногу си јавна личност за држава како Македонија. Во Белград сте вршеле исклучително полезна работа за Бугарија, но сте ги засегнале интересите на раководителите во Скопје и тоа ќе ве ограничи како дипломат'", ја пренесува Енчев средбата со тогашниот прв дипломат на Бугарија.

И така бугарскиот шпион во Македонија бил именуван за амбасадор во Загреб. Пред да замине во Хрватска на средбата со тогашниот претседател Петар Стојанов прашал дали може како дипломат да се занимава со македонското прашање. Добил согласност и уште во првите денови по пристигнувањето во Загреб ќе почне да ги убедува Хрватите дека Македонците се Бугари. Македонското прашање било покренато и за време на предавањето на акредитивите на Франо Туѓман, кој за време на средбата го запрашал дали е родум од Македонија, зашто слушал дека повеќето бугарски политичари и дипломати имале македонски корен. Енчев му одговорил дека тој нема македонски корен, но дека дедото на неговата сопруга бил со Ванчо Михајлов. Истовремено му објаснил дека историјата на Македонија била неразделен дел од бугарската и дека етнички, јазично и духовно, поголемиот дел од населението во Вардарска Македонија и денес било бугарско. Енчев во својата книга тврди дека Фрањо Туѓман по разговрот со него го сменил мислењето за македонското минато кое било блиско до бугарското мислење.

По средбата со Туѓман, користејќи ги амбасадорските позиции, бугарскиот шпион ќе прави се на Хрватите да им докажува дека Македонците се Бугари, дека Браќата Миладиновци, во зборникот објавен во Ѓаково со помош на Штросмајер отпечатиле бугарски, а не македонски песни.


Летувал и непречено снимал во Македонија

За време на своите шпионски мисии во Македонија Енчев немал секогаш среќа и понекогаш обични банални нешта му го упропастувале сиот труд. Кон крајот на 1988 година добил одобрение од Центарот за разузнавање во Софија да ги сними со фотоапарат "антибугарските" споменици во Македонија, нешто што, според него, можеле да се користи за време на разговорите на владино ниво меѓу двете држави кога од македонска страна ќе се покренело прашањето за антимакедонската кампања во Софија.

[Image: 9FDD62654F6FC74E8031D0FDA0B0ABB4.jpg]
ЕНЧЕВ ГОВОРИ ЈАВНО Тој смета дека архивите се отвори и нипшто веќе не е тајно

"За таа цел тргнавме семејно низ Македонија, искористувајќи го летниот одмор. Уште вториот ден македонското надворешно разузнавање се откажа од следењето, зашто беше убедено дека не барам контакти, туку само ги разгледувам културно-историските споменици, цркви и манастири. По десетдневен труд по магистралите, патиштата и селските патеки во Македонија, придружуван од мојата сопруга и петгодишниот син, се најдов на бугарскиот граничен премин Ѓуешево (Деве Баир н.з.). Ја поминавме граничната црта и влеговме на бугарска територија. Во тој момент мојот син го извадил едниот од фотоапаратите и имитирал дека прави снимки преку задното стакло на автомобилот. Одеднаш се приближи бугарски ревносен граничен службеник, грубо ме натера да излезам од автомобилот и го грабна фотоапаратот од рацете на детето. Без да даде какво било објаснување, тој го отвори капакот на фотоапаратот и почна да го вади филмот. Гледав здробен, не бев способен да реагирам, не им верував на моите очи и мислев дека сонувам. Да ја обиколам половина Вардарска Македонија а не македонски, туку бугарски полицаец да ми го осветли еден од филмовите! Откако го упропасти филмот, тој гордо рече дека мојот син снимал во забранетиот реон, каде имало тајни гранични објекти", ја раскажува својата шпионска епизода со несреќен крај бугарскиот новинар - разузнувач.

СРЕДБА

Во деновите кога се решаваше судбината на Македонија по распадот на Југославија имало средба меѓу Воислав Шешел и Красимир Каракачанов во Белград. Енчев преведувал и, како што вели, дури тогаш разбрал дека и Каракачанов бил разузнавач на бугарските тајни служби. "Каракачанов разговорот со Шешел го водеше на завидно ниво, исто како и професионалните дипломати. Прво му даде обилни информации за Балканот, Македонија и Косово. Отворено изјави што значи за Бугарите Македонија и во исто време изрази разбирање за српските емоции за Косово. Шешел го прифати тој тон и направи анализа и прогнози, коишто беа многу важни за нас. Тогаш немав претстава дека Красимир Каракачанов работел во бугарското разузнавање. Од позиција на сегашната разградена држава тој факт говори дека во не така далечната 1992 година имало многу повеќе државност од денес кога сме членки на ЕУ. Вистинското разузнавање ги чува имињата на своите постојани агенти и соработници и не ги соопштува при никакви услови. Во конкретниот случај не требало да знам за припадноста на шефот на ВМРО кон бугарското разузнавање, поради што не сум бил информиран од Центарот. Така се чуваат како интересите на државата, така и сигурноста и достоинството на вработените во разузнавачките служби", и се лути Енчев на владата на Станишев која ги соопштила неговото и имињата на Каракачанов и на многу други шпиони што работеле за бугарските тајни служби.

GLOBUS
04-09-2015, 12:40 PM
Reply