Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОЛКУ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ НА СДСМ КЕ БИДАТ ПРИФАТЕНИ??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Обвинителството тврди дека има постапки за сите дела од „бомбите“, испрашан бил и Мијалков




Соопштение на Јавното обвинителство:


[Image: javno-obvinitelstvo-540x300.jpg]

Во медиумите и во изјавите на одредени лица се наведува дека надлежните јавни обвинителства не постапуваат односно селективно постапуваат по предмети произлезени од прес конференциите на СДСМ и објавените телефонски снимки на наводни разговори.

Во врска со овие наводи, Јавното обвинителство повеќе пати има објавено соопштенија во кои ја информира јавноста за текот на постапките.

Преку ова известување повторно истакнуваме дека за сите настани е поведена постапка. Јавните обвинители од основните јавни обвинителства во чија надлежност се сите досега отворени предмети ги преземаат сите потребни дејствија за да се утврди постоењето на елементи на сторено кривично дело и да се лоцира евентуалната кривична одговорност и при тоа постапуваат апсолутно неселективно, стручно и професионално.

Во текот на постапките преземени се следните дејствија по одделни предмети и тоа:

● Во врска со наводното незаконито прислушување на лицата Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Тито Петковски, Андреј Жерновски, Оливер Спасовски и Стево Пендаровски отворен е предмет по кој активно постапува надлежен јавен обвинител, при што испитани се Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Тито Петковски, Оливер Спасовски и Стево Пендаровски како подносители на пријавите.

Испитани се и пријавените Сашо Мијалков тогашен Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и Горан Груевски началник од истата Управа.

Испитани се и претставници на Министерството за внатрешни работи и три лица вработени во Управа за безбедност и контраразузнавање – Одделение за оперативно техничка поддршка на операции.

Прибавено е техничко мислење изготвено од страна на технички советници – тројца професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии Скопје.

Извршен е непосреден увид во службените простории каде што се спроведува посебната истражна мерка – Следење на комуникациите, а за констатираната состојба сочинет е записник.

Од подносителот на пријавата побаран е оригиналниот медиум на кој биле снимени телефонските разговори кои се објавени на прес-конференциите, но сеуште не е доставен оригиналниот медиум.

● Отворен е предмет и за наводите во телефонски разговор од месец јуни 2011 година, помеѓу Гордана Јанкуловска, Министер за внатрешни работи и Мартин Протуѓер, шеф на кабинетот на Претседателот на Владата, за наводно отпуштање од работа на поголем број лица вработени во Министерството за внатрешни работи и во други државни органи поради нивната политичка определба. Надлежниот јавен обвинител поднесе барања за доставување на податоци и документација до Владата на Република Македонија, Секторот за правни работи и управување со човечки ресурси и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи.

Барањата се однесуваат на доставување податоци за лица на кои им престанал работниот однос во периодот 2011-2015, основот за престанок на работниот однос, постапките во врска со престанокот на работниот однос, одлуките за постапките (дисциплински и судски), како и исходот од истите.

● За наводно ставање вон употреба на телефонски број 070-306-775, кој го користела политичката партија СДСМ за свои потреби, искажано во телефонски разговор помеѓу Миле Јанакиески, поранешен Министер за транспорт и врски и Ирена Мишева, неизвршен член на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија, надлежен јавен обвинител поднесе Барања за доставување на податоци и документација до Т-Мобиле Македонија и Централниот регистар на Република Македонија.

● Наводите од телефонски разговор помеѓу Миле Јанакиески, поранешен Министер за транспорт и врски и Никола Тодоров, сегашен Министер за здравство за наводно исклучување на лифтовите од зградите на гласачите од Општина Центар за време на локалните избори во 2013 година во Општина Центар се предмет на разгледување во надлежното Основно јавно обвинителство.

Поднесено е Барање до Државната Изборна Комисија за информација дали се поднесени приговори за спречување на остварување на избирачко право поради исклучување на лифтови во колективни станбени згради . Исто вакво Барање е доставено и до Секторот за внатрешни работи Скопје.

● Во врска со предмет оформен по објавените телефонски разговори за наводна исплата на парични средства за авионски превоз на лица-македонски државјани со привремено или постојано живеалиште во Швајцарија и Италија за остварување на гласачко право, поднесени се барања за доставување податоци и документација до Централниот регистар на Република Македонија, Државната изборна комисија и до Друштвото за градежништво Бетон АД Скопје. Испитан е и поранешниот директор на Друштвото за градежништво Бетон АД Скопје.

● Во врска со телефонски снимки за наводни разговори кои се однесуваат за наводно малтретирање при лишувањето од слобода на осудениот Љубе Бошковски прибавени се списите на истражниот и кривичниот предмет по кој е осуден. Прибавени се известувања од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи и писмено известување од Народниот правобранител. Од Министерството за внатрешни работи е испратено Барање за доставување на податоци за тоа кои овластени службени лица биле инволвирани во лишувањето од слобода на сега осудениот Љубе Бошковски. Повикани се повеќе лица за распит пред јавниот обвинител во врска со спомнатиот настан.

● По оформениот предмет во врска со наводни телефонски разговори кои се однесуваат на наводно незаконито рушење на објектот КОСМОС, извршен е увид во претходно оформен предмет во Основното јавно обвинителство за кривично дело -Бесправно градење од чл.244-а од КЗ. Испитан е претставник на општината, повикан и испитан е градежен инспектор и дадена е наредба за вештачење.

● Во врска со телефонски разговори кои се однесуваат на локалните избори од 2013 година, на гласањето за избор на градоначалник на Општина Центар, поднесени се барања до Државната изборна комисија, Општина Центар, Министерство за финансии и Министерство за образование за доставување на податоци и документација.

Од прибавените податоци и документација произлезе потреба да бидат испитани 32 лица, чие испитување во меѓувреме е завршено.

● Во врска со наводни закани кон директорот на правното лице Илинден – изведувач на градежни работи, а со цел да запре со асфалтирање на улиците низ Охрид, прибавена е од Централен регистар на Република Македонија релевантната писмена документација, а повикан и испитан е управителот на правното лице Илинден.

● Во врска со телефонски разговори за наводни закани спрема вработените во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија по однос на тоа како да гласаат на локалните избори во 2013 година, прибавено е писмено известување од Македонски Телеком дали и на кој од вработените е даден отказ во наведениот период , како и дали е поднесен приговор за вршен притисок за начин на гласање. По добиеното сознание дека се прави внатрешна ревизија во Т – Мобиле Македонија побарано е извештајот од внатрешната ревизија да се достави до јавното обвинителство.

● Во врска со телефонски разговори за наводно прераспределување на лицето Ивица Тошески поради политички мотиви од началник во МВР на пониска позиција, побарани се податоци од Министерството за внатрешни работи. Бараните податоци и документација се доставени. Испратена е покана за испитување на лицето Ивица Тошески.

● Во врска со објавениот телефонски разговор за наводни притисоци врз затворениците во затворот Идризово да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори 2013 година, прибавени се известувања од сите мобилни оператори, повикан е и испитан директорот на затворот. Од Државната изборна комисија и од Општина Гази Баба побарана е документацијата за гласањето на затворениците.

● Во врска со предмет за наводно поттикнување на непознато лице од страна на Миле Јанакиевски, поранешен Министер за транспорт и врски, за да се јави на друго лице по име Саше и со сериозна закана да го присили да им каже на 40 професионални војници како да го вршат избирачкото право за избор на градоначалник на општина Центар, побарано е од Државната изборна комисија и од Министерство за одбрана да се достават потребните податоци и документација.

● Во врска со телефонски разговор за наводно приведување на лицето Страшо Поповски, поради неговото работење за СДСМ, поднесено е Барање до Секторот за внатрешни работи Охрид за доставување податоци за евентуално приведување на гореспомнатото лице. Побарани се податоци за лицето Страшо Поповски и по добивањето на податоците истото со покана е повикано да се јави за испитување во јавното обвинителство.

● Во врска со наводни закани упатени кон директорот на Струмица Табак дека доколку пред изборите не им ги исплати субенциите на гласачите ќе му биде одземена лиценцата за работа, поднесени се барања до Струмица Табак, до Централен регистар на Република Македонија и до Државната комисија за спречување корупција за доставување на податоци и документација. Извршен е и испитување на Државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика.

● Во врска со наводен телефонски разговор за присилба врз лица, вработени во ЈП Улици и патишта да вршат избирачко право на определен начин-да гласаат за кандидатот и за кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, а во кој разговор се споменува лице по име Синиша вработено во ЈП Улици и патишта, побарани се податоци од ЈП Улица и патишта за вработено лице по име Синиша. По добиеното известување, повикани се три лица на испитување.

● Во врска со наводните телефонските разговори за наводен договор помеѓу лицата Бедредин Ибраими и Мендух Тачи, за Бедредин Ибраими да гласа за поништување на гласањето во 2013 година на избирачки места во Општина Струмица, а како против услуга членовите на Државната изборна комисија од партијата ВМРО ДПМНЕ да гласаат за поништување на гласањето на избирачки места во Општина Чаир прибавена е обемна документација од Државната изборна комисија .

● Во врска со телефонски разговори за наводен договор помеѓу Мартин Протуѓер, шеф на кабинетот на Претседателот на Владата на РМ и Гордана Јанкуловска, тогашен Министер за внатрешни работи во Владата на РМ, за ослободување на вработени лица во Министерството за време на кампањата за локалните избори 2013 година од извршувањето на редовните работни задачи како би можеле да учествуваат во политичката кампања за потребите на ВМРО ДПМНЕ, поднесено е Барање за доставување на податоци и документација до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи.

● Во врска со телефонски разговор за наводно ангажирање на овластени службени лица од Министерството за внатрешни работи за извршување на работни задачи надвор од местата на нивното живеење со цел да бидат спречени да не го вршат избирачкото право, побарано е од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР на РМ, да ги достави потребните податоци и документација.

● Во предмет во врска со телефонски разговор за наводно договарање помеѓу Гордана Јанкуловска, тогашен Министер за внатрешни работи и Анета Станчевска, Помошник министер за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, истите да влијаат на исходот на полициските постапки против овластени службени лица во Охрид за настани поврзани со насилство, како и да издејствуваат против тие лица да не се водат постапки, испратено е барање до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР на РМ, за доставување на податоци и документација. Истовремено од Основно јавно обвинителство Охрид прибавени се списите на конкретен предмет.

● Поднесено е барања за доставување на податоци до Полициска станица Ѓорче Петров, до Министерството за внатрешни работи и до сите мобилни оператори, а во насока на расветлување на предметот отворен по телефонски разговори за наводно пуштање на слобода на лица, кои за време на локалните избори во 2013 година биле приведени во Полициската станица Ѓорче Петров,.

● Во предмет оформен во врска со телефонски разговори за наводно учество во гласање на локалните избори одржани во 2013 година на лица кои немаат избирачко право, од Министерството за внатрешни работи и од Државната изборна комисија барани се податоци, проверки и релевантна документација.

● Наводните телефонските разговори помеѓу Сашо Мијалков, во тоа време Директор на управата за безбедност и контраразузнавање и Миле Јанакиески, во тоа време Министер за транспорт и врски во Владата на РМ, за наводно договарање едно лице да биде озвучено и пратено кај Андреј Жерновски, за да му понуди пари со цел да издејствува Андреј Жерновски да биде обвинет за кривично дело, се предмет на анализа во основното обвинителство. Надлежен обвинител во два наврати со покана за испитување го повика лицето Андреј Жерновски, кој иако ги примил поканите, на истите не се јавил, ниту пак на било кој начин го оправдал нејавувањето во Јавното обвинителство.

● Во врска со наводни телефонски разговори меѓу Кирил Божиновски сега Генерален секретар на Владата на Република Македонија, Гордана Јанкуловска поранешен Министер за внатрешни работи и лице по име Мирослав Јовановиќ, за наводно давање налози од страна на службени лица од МВР на одредени граѓани за време на локалните избори во 2013 година да гласаат за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, поднесено е до Министерството за внатрешни работи, до Владата на РМ и до Македонски Телеком АД Скопје Барање за податоци, проверки и доставување на релевантна документација.

● Во врска со наводни телефонски разговори за откуп на повеќе катастарски парцели на Водно и за промена на генералните и деталните урбанистички планови на земјената површина каде се наоѓаат парцелите, од Агенцијата за катастар на недвижности на Град Скопје и од Општина Центар побарано е да се достави релевантна документација.

● Во предметот за наводни телефонски разговори за поттикнување на насилно дејствување кон советниците и градоначалникот на Општина Центар, од Секторот за внатрешни работи Скопје барани се проверки и податоци, по кое е доставена релевантна документација и снимки од видео-надзор.

● Во врска со телефонски разговори за наводно прикривање на убиството на Мартин Нешковски и сторителот на истото, бидејќи станува збор за веќе претходно оформен предмет за кој е донесена одлука извршен е увид во два предмети во Основното јавно обвинителство Скопје.

● Надлежното Основно јавно обвинителство отвори предмет по допрен глас во врска со телефонските разговори за незаконско работење на градоначалникот на општина Битола веднаш по објавување на снимките и започна постапка за проверување на наводите. Издадена е наредба за прибирање на документација по повеќе основи до општина Битола​. За истите случувања, во надлежното обвинителство пристигната е една анонимна кривична пријава и две кривични пријава поднесени од СДСМ.

Повикани и сослушани се подносителите на кривичната пријава, дел од превозниците и други лица по околностите во врска со кривично правниот настан.

● Во врска со наводна телефонска комуникација за набавка на опрема од Израел и наводно договарање на незаконита награда, побарано е од Министерството за внатрешни работи – Управа за безбедност и контраразузнавање да достави писмено известување и релевантна документација која се однесува на содржината на разговорите.

На барањата од јавното обвинителство, од повеќе институции и правни лица доставен е обемен писмен материјал кој е предмет на проучување.

Во предметите во кои се исцрпени сите планирани и можни дејствија, завршено е проучувањето на материјалот и со тоа е разјаснета кривично правната ситуација, надлежниот јавен обвинител, согласно законите, донесува соодветна одлука.

Јавните обвинители ќе продолжат со преземање на сите предвидени дејствија во останатите предмети, особено оние кои се неопходни, а согласно поединечната стратегија на секој надлежен обвинител кој постапува по конкретен предмет.



Читајки го соопштениево добивам вппечаток дека обвинителството ке отфрли многу пријави .... Можеби тоа е дел од договорот.
22-07-2015, 07:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Судот ги отфрли доказите за прислушувањето како неосновани



од НОВА | објавено на: 01-09-2015 19:41:00

Основниот суд Скопје еден ги отфрли како неосновани сите докази во предметот прислушување против Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков и други лица затао што, според судот, доказите биле незаконито прибавени и не можат да бидат предмет на истрага, потврдуваат за Телма извори од судот.

Според истиот извор ваквата одлука судот ја донел по барањето на адвокатот на наведените од предметот од предистражна постапка да биде ставен во истрага, согласно члнот 93 од Законот за кривична постапка и членот 12 од ЗКП.
01-09-2015, 08:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Соопштенија за Јавност

01.09.2015

По барање на одредени медиуми на кои во текот на денот им беше одговорено по писмен пат, ја информираме јавноста дека
Постапувајќи по барање за издвојување на докази од списи на Основното Јавно обвинителство согласно чл. 93 вв чл 12 од ЗКП, поднесено од адвокат Никола Додевски, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, донесе решение со кое се уважува барањето за издвојување на докази – снимки од телефонски разговори и транскрипти на истите од предметите на ОЈО оформени по поднесена кривична пријава на Социјал Демократкиот Сојуз на Македонија.
Во барањето до судија на претходна постапка, наведено е дека до ОЈО Скопје поднесени се кривични пријави и се води постапка против осомничените Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Ирена Мишева, Мартин Протуѓер, Тони Трајковски и Коце Трајановски, а снимките од телефонски разговори и траснкрипти од истите приложени како доказ во предметите за сторено кривично дело треба да се издвојат како незаконски прибавени докази бидејќи согласно чл. 12 с.2 од ЗКП не може да се користат и врз нив да се заснова судска одлука, а согласно чл. 93 од ЗКП надлежен за донесување на решение за издвојување докази од списи е судија на претходна постапка најдоцна до завршување на истражна постапка.
Постапувајќи по ова барање, судија на претходна постапка, со допис од 26.08.2015 година, побара од ОЈО Скопје да ги достави сите оформени предмети против наведените осомничени лица, а ведно побарано е од ОЈО - Скопје да се произнесе и за секој предмет пооделно дали сеуште траат истражните постапки или се завршени, како и во прилог на секој предмет да достави известување дали од страна на обвинителството бил поднесен предлог за издавање на посебни истражни мерки за следење на комуникации на наведените осомничени лица.
ОЈО – Скопје до судот достави 27 оформени предмети заведени под различни РО броеви, со прилог електронски записи снимени на ЦД – а и транскрипти во секој од предметите, наведувајќи дека за наведените осомничени лица ОЈО Скопје нема побарано примена на посебни истражни мерки – следење на комуникации, како и тоа дека истражните постапки во сите предмети сеуште не се завршени односно обвинителството продолжува со истрагата.
Постапувајќи по барањето и ценејќи ја единствено законитоста на доказите без впуштање во содржината на постапката која ја води Јавното обвинителствот, а имајќи го во предвид писменото известување добиено од ОЈО – Скопје, судија на претходна постапка го уважи барањето за издвојување на аудио записите содржани на ЦД и траснкрипти од истите како доказ од списите на предметите. Аудио записите и транскриптите се затвараат и се чуваат кај сдија на претходна постапка при овој суд одвоени од другите списи при што неможат да се користат во постапка, бидејќи согласно Законот за следење на комуникации и измените на истиот, во зависност од периодот од кога се пријавуваат осомничените, посебните истражни мерки за следење на комуникации се издаваат по барање за донесување наредба за следење на комуникациите, до надлежен судија кое се поднесува од надлежен Јавен обвинител по сопствена иницијатива или друг овластен орган согласно овој закон и наредбата се издава со ограничен рок на траење наведен во наредбата.
При уважување на ова барање судијата на претходна постапка ги имаше во предвид чл. 93, чл 252 и чл. 12 од ЗКП како и чл. 9, чл. 8, чл. 7 и чл. 15 од Законот за следење на комуникации.

SKOPJE 1
01-09-2015, 10:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:ОД ПОДАТОЦИ И ДОКАЗИ ДО ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА


Како доктор по управно право, пред се се бавам со проблемите на патологијата на власта, онаа извршната. Со кривично-правната проблематика се бавам низ призмата на патологијата на власта. Иако кривично-правната проблематика не е предмет на моето непосредно интересирање, решив да го искористам моето уставно право на слобода на мислата и уверувањето од член 16, став 1 на Уставот и да го кажам своето мислење во врска со настанатата ситуација по донесувањето на решението од страна на Основниот суд Скопје 1, за издвојување на докази - снимки од телефонските разговори содржани во „Бомбите на Заев“ и нивните транскрипти. Еве го:
Основниот суд Скопје I ја извести јавноста „дека постапувајќи по барање за издвојување на докази од списи на Основното Јавно обвинителство согласно чл. 93 вв чл 12 од ЗКП, поднесено од адвокат Никола Додевски, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје, донесе решение со кое се уважува барањето за издвојување на докази - снимки од телефонски разговори и транскрипти на истите од предметите на ОЈО оформени по поднесена кривична пријава на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“. Судот ваквото решение го донел повикувајќи се на членовите 93, 252 и 12 од Законот за кривичната постапка (во понатамошниот текст ЗКП), како и на членовите. 9, 8, 7 и 15 од Законот за следење на комуникации.
Во овој случај клучна е одредбата на член 12, став 2 од ЗКП, според која доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, Законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука.
Тоа е во ред. Законот мора да се почитува. Но, при донесувањето на решението судот очигледно го изгубил од вид фактот дека снимките на телефонските разговори и транскриптите доставени од подносителот на кривичнта пријава сеуште не се докази, туку само снимени и пишани материјали во кои се содржани податоци со кои подносителот на пријавата има намера да го докаже постоењето на основи на сомнение дека пријавените лица ги сториле кривичните дела наведени во кривичната пријава. Пријавените лица сеуште не се осомничени, туку се лица во однос на кои постојат основи на сомнение, што е поблаг степен на сомничење, од степенот „осомничени лица“. За да некое лице биде осомничено треба да постои основано сомнение дека сторило кривично дело. Постоењето на основаното сомнеие, кога се во прашање податоци содржани во аудио записи ќе се утврди со примена на доказните средства при изведувањето на истражните дејствија во истражната постапка. При тоа, на прво место, треба да се има вештачењето, кое може да биде комбинирано со други доказни средства како што се испитување на обвинетите, сведоци, увид во списи и сл. Според тоа, одлуката на судот со која е одлучено за издвојување на снимките на телефонските разговори од „Бомбите на Заев“ како докази прибавени на незаконит начин е нелогична, затоа што тие сеуште не се докази. Ќе бидат докази тогаш кога со вештачење ќе утврди нивната автентичност. Дури ни тогаш вистинитоста на податоците содржани во нив нема да биде правосилно утврдена бидејќи, според ЗКП, незадоволната странка има право на жалба во која, покрај другото, може да ја оспорува вистинтоста на фактите на кои се базира првостепената пресуда. Таа ќе биде правосилно утврдена тогаш кога пресудата на првостепениот суд ќе постане правосилна. Според ова, одлуката на Основниот суд Скопје I е пукање во празно, затоа што се однесува на податоци за одредени факти чие постоење во објективната стварност треба да се утврди кои сеуште не се докази. За да тие податоци постанат докази, треба да поминат низ филтерот на докажувањето кое се врши со примена на доказнте средства пропишани со ЗКП. Со кривичната пријава од страна на подносителот едноставно му се става на знаење на обвинителството дека постојат основи на сомнение дека лицата наведени во неа сториле одредени кривични дела, и по неа, како и по прилозите приложени кон неа тоа треба да реагира, бидејќи тие се нејзин составен дел. Впрочем, според член 272 од ЗКП, јавниот обвинител треба да реагира, покрај другото, и по допрен глас, а уште повеќе, по кривична пријава поткрепена со педантно средени снимки на телефонски разговори и нивни транскрипти во кои се наоѓаат бројни податоци кои укажуваат на постоење на основи на сомнение за сторени бројни кривичн дела (argumentum a minore ad maius).
Нема сомнение дека докази прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата пропишани со Уставот на Република Македонија, како и докази кои што произлегуваат од нив не можат да се користат при донесувањето на судска одлука и на нив, се разбира, не може да се заснива одлуката. Според тоа, дури и ако снимките на телефонските разговори и транскриптите се третираат како докази приложени кон кривичната пријава, Законот не ја исклучува нивната примена како појдовна информциона основа при изведувањето на дејствијата во предистражната и истражната постапка, до донесувањето на составувањето на обвинителниот акт во кој, се разбира, обвинителот не смее да се повикува на нив, бидејќи судот не може да донесе пресуда врз основа на нив, туку само врз основа на докази прибавени на правнодозволен начин.
Во врска со горенаведеното, се поставува прашањето дали снимките на телефонските разговори од „Бомбите на Заев“ се прибавени на незаконит начин. Според сознанијата кои ги имаме од средствата за јавно инвформрање кои, за волја на вистината, се непотполни, снимените материјали се прибавени од лица вработени во органтие за внатрешни работи на кои следењето на телефонските комуникации и нивното снимање им било работна обврска. Ако на тие лица тоа им било работна обврска не може да стане збор за докази прибавени не незаконит начин. Работните обврски според Законот за работнтие односи мора да се извршуваат и како такви тие не се противправни. Противправно е тоа што некој наредил тие лица да прислушкуваат разговори на граѓани за кои не постои судска одлука за следење на нивните телефонски комункации. Најверојатно кога тие лица дознале дека по нечија наредба работат нешто што е протвправно тоа го пријавиле. Плашејќи се тоа да го пријават непосредно на органите надлежни за кривичен прогон, бидејќи со сигурност би ја изгубиле работата, тоа го сториле на тој начин што случајот го пријавиле на општествен субјект кој може тоа да поднесе кривична пријава и кој има потенцијали работата да ја истера на чистина, а тоа е Социјалдемократскоиот сојуз како најголема опозициона партија која, во системот на општествена контрола, има општествена обврска да ја контролира работата на власта. Ако работите во врска со прибавувањето на снимките на телефонските разговори се одвивале на ваков начин, тогаш нивното прибавување не е незаконито, туку напротив, направено е на законит начин, затоа што според член 273, став 3, од ЗКП секој може да пријави кривично дело кое се гони по службена должност. Впрочем, непријавувањето на кривично дело за кое може да се изрече казна затвор од пет години и потешка или непријавувањето на сторител на такво дело од страна на службено лице (а вработените во МВР кои работеле на следење на телефонсктие разговори се службени лица), според член 364 од Кривичниот законик е кривично дело. Имајќи го ова во вид, лицата кои го пријавиле прислушкувањето и ги доставиле снимените материјали до Социјалдемократскиот сојуз едноставно си ја извршиле својата законска обврска. Исто така, во овај случај не се работи за прибавување на докази со кршење на човековите права, туку напротив, се работи за нивно прибавување за да се заштитат на човековите права кои се тешко повредени со следењето и снимањето на телефонските разговори наредено од страна на наредбодателот, а се разбира, и со бројните кривични дела за кои, според снимените материјали и нивните транскрипти, постојат основи на сомнение дека се извршени. Во ваков случај, кривичните постапки против лицата кои ги доставиле снимените материјали до Социјалдемократскиот сојуз би требало да бидат веднаш запрени, и на тие лица да им се оддаде признание затоа што направиле едно навистина херојско и високо хумано дело, бидејќи слободите и правата на човекот и граѓанинот во кои спаѓа и правото на живот, се највисока вредност на демократското општество.
Ако се прифати логиката според која со аудиоснимките и со било кои други снимки кои ги прибавиле граѓаните, од страна на обвинителот не може а се иницира поведување на предистражни и истражни дејствија за утврдување на основано сомнение за сторено кривично дело, тогаш огромен број кривични пријави од страна на правните субјекти (физичките лица - граѓаните и правните лица како нивни, врз основа на закон регистрирани асоцијации) ќе бидат безпредметни. На пример, ако граѓанинот пријави кривично дело тешка кражба и сторител на тоа дело врз основа на снимката снимена со неговата камера ставена пред неговиот стан или во него, едноставно кривичната пријава би требало да му се отфрли, затоа што податоците врз основа на кои таа се базира се прибавени на незаконит начин: со снимање за кое тој немал одобрение од надлежен државен орган. Се разбира дека пријавениот најверојатно ќе негира дека на снимката е тој лично тврдејќи дека таа е монтирана, лепена и т.н., дека снимениот глас е негов и сл. Но, затоа постои вештачење, а и други доказни средства со кои може да се утврди спротивното. Или, на пример, кога граѓанинот дознал за сторено кривично дело од телефонски разговор, па го пријавил делото и уште го поткрепил со аудио снимка. Дали тогаш судот ќе ја отфрли пријавата само затоа што граѓанинот немал овласутвање за прислушкување на туѓи разговори? Секако тоа нема да го стори, туку ќе го повика граѓанинот како сведок во постапката а сведокот, според Законот, е доказно средство а податоците за фактите и околностите под кои е извршено делото, кои тој ќе му ги соопшти на судот се докази.
Правнофилозофски гледано правниот систем на една држава треба да почива на вистината а не на лагата. Тој, како нормативно воспоставен ред и поредок, им служи на граѓаните и е во функција на обезбедување на сигурен и безбеден живот на граѓаните. Во Република Македонија, според член 2, став 1 од Уставот, суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Според тоа, тие се најповикани и најзаинтересирани да ја дознаат вистината. Тие ќе ја дознаат вистината ако надлежните органи за водење на кривичната постапка ги спроведат сите дејствија пропишани со ЗКП чиј краен резултат е прависилна судска одлука (пресуда) со која дефинитивно ќе се верифицира вистината за прекршувањето на правниот поредок на кое се укажува со поднесувањето на кривичната пријава. Кривичната пријава и прилозите кон неа се само појдовна основа за утврдување на вистината во борба против злото и неправдата. Поради тоа, на кривичната пријава и на се што е приложено кон неа треба да се посвети големо внимание, бидејќи со неа се укажува на можно прекршување на редот и поредокот од највисок степен (кривично дело), а со тоа и на слободата и безбеднста на граѓаните, кои се врвни општествени вредности и во градацијата на општествените вредности, доаѓаат веднаш после човечкиот живот.
Гледано од правно-политички аспект, нема сомнение дека органите за кривично гонење, а пред се и над се, судовите работат врз основа на Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори (член 98, став 2 од Уставот). Но, исто така нема сомнение дека во Република Македонија е створена состојба на регулативна аномија поради непочитувањето на Уставот, законите и меѓународните правни акти за човекоовите слободи и права, како и општоприфатените морални норми на цивилизираното општество и тоа, пред се, од страна на власта (рибата смрди од главата). Во ваква состојба Обвинителството и судовите се должни да ги почитуваат и политичките договори, во конкретниов случај Договорот од Пржино со кој, покрај другото, е договорено назначување на специјален јавен обвинител за гонење на лицата за кои постојат основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела на кои упатуваат податоците содржани во материјалите и транскриптите од прислушкувањето на телефонските разговори како и во врска со аферата „Пуч“. Според тоа, по прифаќањето на тој договор од страна на четирите најголеми политички партии во Репубиката Судот и Обвинителството требало да ги запрат сите дејствија во врска со овие предмети и да го чекаат назначувањето на специјалниот обвинител па нему да му ги предадат сите материјали од овие два случаи. Со секое преземено дејствие од страна на Судот и Обивнителството во однос на овие два случаи, после Договорот од Пржино, се намалува можноста специјалниот обвинител да делува со потполна автономија. Со тоа, во услови на регулативна аномија, грубо се повредуваат интересите на граѓаните на Република Македонија, кои нестрпливо чекаат во Републиката да завладее редот и поредокот, односно да се воспостави владеење на правото.
Најпосле, спорна е и надлежноста на судијата на претходната постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје за донесување на решение со кое се уважува барањето за издвојување на докази - снимки од телефонски разговори и транскрипти на истите од предметите на Основното јавно обвинителство оформени по поднесена кривична пријава на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Ова поради тоа што, општоприфатено правило во правниот систем е одлуката да ја донесува органот што ја води постапката а тоа, во конкретниов Случај, е Основното јавно обвинтеслтво – Скопје. Но, за тоа, потоа.

ФБ статус на Temelko Risteski
04-09-2015, 01:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:За „Големото уво“ против краткото помнење

Катерина Блажевска 04.09.2015

Барам правни експерти да објаснат дали има и каква е разликата меѓу сегашните „незаконски прибавени докази“ на Заев и „незаконски прибавените докази“ на Црвенковски во случајот „Големото уво“, врз основа на кои новинарите добија судски процес?

По епизодата со судската одлука, според која снимките и транскриптите од прислушуваните разговори се издвојуваат како незаконски прибавени и не можат да бидат ни доказ, ни основа за судска одлука во 27 предмети, меѓу кои и против премиерот Никола Груевски и неколку други функционери, бидејќи не сум правник, барам правни експерти да објаснат дали има и каква е разликата меѓу „незаконски прибавените докази“ на Заев и „незаконски прибавените докази“ на Црвенковски во случајот „Големото уво“?

Да потсетам, јас и уште 15 колеги новинари, застапувани од адвокатот Димитар Дангов, во 2001 година покренаваме тужба за тој случај, го добивме процесот пред домашните судови и добивме надомест за штетата. Ја потврдивме веродостојноста на прислушуваните разговори, а судот ги прифати доставените докази (транскриптите) кои беа добиени на незаконски начин. Пресудата ја донесе судијката Гордана Јакова.

Дали сум во право ако констатирам дека преку тој процес македонското судство веќе воспостави судска практика во однос на прифатливоста на „такви“ докази или грешам?

Аферата „Големото уво“ во 2001 година ја обелодени тогашниот лидер на опозицискиот СДСМ, Бранко Црвенковски, објавувајќи на прес-конференција транскрипти од стотици прислушувани разговори на политичари, носители на јавни функции, новинари, дипломати...

Кривичната постапка за ова дело запре, откако тогашниот претседател Борис Трајковски донесе одлука за аболиција на министерката за внатрешни работи, Доста Димовска и на началникот на Петтата управа во МВР, Александар Цветков, кои беа осомничени како нарачатели на прислушувањето.

Нашиот процес продолжи во граѓанска постапка. За седум години, колку што поминаа додека се донесе првата пресуда, се сменија четири судии, а поради судење во неразумен рок, го добивме и процесот во Стразбур. Некои ме убедуваат дека фокусот во овој процес бил ставен на надоместот на штетата, а не врз материјална расправа околу (не)законски прибавените докази. Можеби се во право, не знам. Затоа барам правно објаснување. Но, знам дека беше спроведено вештачење, а на едно од рочиштата, затворено за јавноста, беше прочитан и Извештајот на Собраниска комисија за надзор врз следењето на комуникациите, кој беше класифициран како „државна тајна“.

Ние новинарите бевме предупредени дека кривично ќе одговараме ако објавиме што било од изнесените наоди на Комисијата, кои содржеа доверливи податоци за тоа која безбедносна инстутуција со каква опрема за следење на комуникации располага, за нејзините капацитети и други интересни детали.

Прашувам, дали тој судски процес беше изведен „lege artis“? Зошто транскриптите обелоденети од Црвенковски беа прифатени како доказен материјал во нашиот предмет и покрај тоа што биле стекнати на незаконски начин? Различни ли се аршините за третманот на доказниот материјал во кривична и во граѓанска постапка? Дали и снимките и транскиптите од „бомбите“ на Заев кои сведочат за прислушувани новинари, сега ќе се третират како незаконски прибавени докази?

Односно, дали по седум години од пресудата за „Големото уво“, ќе биде фрлена судска „бомба“ врз една, веќе воспоставена судска практика?

Мене, благословена во моето правничко незнање, последниот потег на судот воопшто не ми изгледа логично, што не значи дека сум во право.

Но, мое право и обврска е да барам докази дека донесените судски решенија се темелат на закон и на практиката на Судот во Стразбур, а не на длабочината на некоја магионичарска шапка, од која како бели зајаци ќе се извлекуваат различни решенија за исти дела, во зависност од приликите и потребите.

PRIZMA
04-09-2015, 03:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Давидовиќ: Снимките не се доказ, но нема пречки за истраги од Специјалната обвинителка


05.11.2015 | 16:37
Македонија
Прочитано: 1017
Одлуката на Кривичниот совет на основниот суд Скопје 1, да го потврди решението на судијата во претходна постапка, со кое снимките од невластеното прислушување се прогласија за ништовни докази, воопшто не ја менува состојбата и на никаков начин нема да влијае на истрагите што ќе ги води Специјалната обвинителка, велат познавачите. 
 
[Image: davidovi%3Cdiv%20style=]Одлуката на Кривичниот совет на основниот суд Скопје 1, да го потврди решението на судијата во претходна постапка, со кое снимките од невластеното прислушување се прогласија за ништовни докази, воопшто не ја менува состојбата и на никаков начин нема да влијае на истрагите што ќе ги води Специјалната обвинителка, велат познавачите. 
 
[Image: 122492.jpg]

Адвокатот, Ѕвонко Давидовиќ, вели дека од правен аспект, нема ништо спорно во одлуката на судот, бидејќи јасно е дека за сите случаи што произлегоа од разговорите мора да се обезбдат материјални докази.
 
Давидовиќ вели дека снимките се доказ сам по себе единствено за случајот со прислушувањето, бидејќи со нив се докажува дека некој неовластено следел комуникации на граѓаните.
 
Одлуката на кривичниот совет на скопска единица, дојде откако Апелацискиот суд се прогласи за ненадлежен за решавање во врска со снимките и транскриптите од прислушуваните разговори.
 
Како неосновани ги отфрли жалбите на обвинителите во 21 предмет. Сите тие веќе од следната недела ќе бидат преземени од специјланата обвинителка, која ќе ја продолжи истрагата и потрагата по докази за сомневањата за злоупотреби на власта, што произлегоа од т.н. „бомби“.
05-11-2015, 09:54 PM
Reply