Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Иде Викторија да нахрани кампот пред владата
Author Message
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#1

Сите совпаѓања се сосема случајни нели. У моментот оќе- неќе за време на пучот во Украина, дојде Нуланд да ги храни пучистите на улица со векни за хамбургер.
Еве ја госпожата сега иде у понеделник у посета на Македонија. Моментот со пучот во Македонија веќе не е оќе- неќе туку пропаѓа и тоа е видливо апла за сите, дури и за удбашките фанови. Преостанатите кампери пред влада се на диета. Иде Викторија Нуланд да ги нахрани.
Ако е циркус, да е циркус до крај, нели?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
09-07-2015, 06:10 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#2

(09-07-2015, 06:10 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Сите совпаѓања се сосема случајни нели. У моментот оќе- неќе за време на пучот во Украина, дојде Нуланд да ги храни пучистите на улица со векни за хамбургер.
Еве ја госпожата сега иде у понеделник у посета на Македонија. Моментот со пучот во Македонија веќе не е оќе- неќе туку пропаѓа и тоа е видливо апла за сите, дури и за удбашките фанови. Преостанатите кампери пред влада се на диета. Иде Викторија Нуланд да ги нахрани.
Ако е циркус, да е циркус до крај, нели?

Навистина интересно совпаѓање .

Се случи на денешен ден.......

Пред точно една година .................

На 13 Јули 2014 пред точно една година Викторија Нуланд ќе рече ...

Ова :

САД- НА БАЛКАНОТ ИМАТЕ ПОЛИТИЧАРИ КЛЕПТОМАНИ!


13-07-2014

Американската администрација за прв пат без ракавици им прати сериозна порака на корумпираните балкански политичари дека САД знаат за нивната коруптивна практика и за нивното недемократско владеење.

Помошникот на државниот секретар за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд, во петокот учествуваше на форумот “Кроатиа 2014″, каде што ПОБАРА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА И ДЕМОКРАТСКИОТ РЕГРЕС за да се зачуваат вредностите на трансатлантската заедница.

“Европа не може да биде цела кога КЛЕПТОКРАТИТЕ ги третираат нивните држави како извор на профит за нив и нивните пријатели. Не може да биде слободна кога ИЗБОРИТЕ СЕ МАНИПУЛИРААТ , кога слободните медиуми за замолчуваат и кога малцинствата се под закана. Не може да има мир кога корумпираните политичари се служат со политички, економски и судски закани за да се ЗАДУШИ ОПОЗИЦИЈАТА и да ги ОПЉАЧКАТ нивните граѓани”, изјавила Нуланд пред учесниците на форумот.

Според неа, корупцијата претставува опасност за националниот суверенитет на земјите од Балканот до Балтичкото и Црното Море, затоа што секој ИЗВАЛКАН ПОЛИТИЧАР и секоја нетранспарентна зделка која се толерира, создаваат можност за надворешни влијанија.
“Корупцијата не е само убиец на демократијата туку е уште еден дополнителен инструмент во арсеналот на автократите и клептократите, кои бараат да го прошират нивното влијание и ги ослабуваат нашите демократии и да се ЗБОГАТАТ НА СМЕТКА НА нашите граѓани”, истакна Нуланд.

Утре во 14.30 часот Нуланд ќе се сретне со претседателот на ДУИ, Али Ахмети во амбасадата на САД во Скопје. Ќе оствари средба и со други претставници од државниот врв.

http://libertas.mk/сад-на-балканот-имате...чари-клеп/
Клептоман

1 : (грч. klepto краде, mania лудило) мед. човек со болен и несовладлив
нагона за крадење.

Kлептоманија

1 : (грч. klepto, mania) мед. болен нагон за крадење


Шилегов: Груевски и Мијалков, дали извлековте МИЛИЈАРДА ЕВРА НАРОДНИ ПАРИ ВО СТРАНСТВО ?

март 19, 2014


Дали директорот на УБК, Сашо Мијалков, во соработка со братучедот премиер, Никола Груевски, го држи воЗАЛОЖНИШТВО ЦЕЛОТО СТОПАНСТВО во Република Македонија, праша на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.
-Дали преку субвенции, тендери, концесии, назначувања свои луѓе на клучни позиции, во Македонија водат успешни бизниси само фирми блиски до братучедското стебло на власт. Дали преку казни, сите други фирми во Македонија се приморани да соработуваат со фирмите под братучедите Груевски и Мијалков? Дали е тоа тајната на богатењето на фамилијата, којашто го исцеди и стопанството и граѓаните? Еве го неверојатниот успех на фамозната фирма Ексико, со корени од швајцарски Лугано и партнерска врска со менаџерите на бизнисите на Сашо Мијалков во Прага. Во 2011 година оваа фирма ја нема на листата 200 најуспешни фирми во Македонија, што ја прави Еуро Бизнис Центарот во Скопје.ФИРМАТА ЕКСИКО, КОЈА ШТО ВЛЕГЛА СО АКЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА КАДЕ ШТО СТИГНАЛА, А ТИЕ ФИРМИ ОД ВЛАСТА НА ГРУЕВСКИ ДОБИВААТ МИЛИОНСКИ ТЕНДЕРИ, ВО 2012 ПРАВИ НЕВЕРОЈАТЕН СКОК. ЕКСИКО, НЕ САМО ШТО ВЛЕГУВА ВО ЛИСТАТА НА 200 НАЈУСПЕШНИ ФИРМИ ВО МАКЕДОНИЈА. ЕКСИКО СЕ ИСКАЧУВА НА ВИСОКОТО 29-ТО МЕСТО! Што значи овој успех во бројки? Еве – ДОБИВКА НА ЕКСИКО ПРЕД ОДАНОЧУВАЊЕ, САМО ЗА 2012 ГОДИНА ОД ОКОЛУ 180.000.000 ДЕНАРИ ИЛИ БЛИЗУ 3.000.000 ЕВРА! САМО ЗА ЕДНА ГОДИНА. ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ДОБИВКА НА ЕКСИКО. Да видиме само 4 други фирми, од многубројните во коишто се разгранува фирмата Ексико, како акционер или косопственик. На пример З.К. Пелагонија, Пелагонија Полог, Жито Лукс, Жито Вардар. Овие 4 фирми во 2012 година се искачиле на вискоки места на Листата 200 најголеми компании. ВКУПНИОТ ПРИХОД, САМО НА ОВИЕ 4 ФИРМИ, САМО ЗА ЕДНА, 2012 ГОДИНА Е НАД 4.000.000.000 ДЕНАРИ ИЛИ 71.000.000 ЕВРА! Да видиме кога Ексико го бележи овој вртоглав пресврт во профитите со коишто се стекнува на посреден или непосреден начин. ПЕРИОДОТ СЕ СОВПАЃА СО ВЛЕГУВАЊЕТО ВО ЕКСИКО НА ФИРМАТА ОД ЛУГАНО Т&МЈ ИНВЕСТМЕНТ. 20.09.2011 ГОДИНА. Тоа е оф шор фирмата во која што фигурираат исти управители со фирмата од Панама, ТАСИГА КОРП, на којашто Мијалков ја продава својата фирма МИРТЛАНИС. Потсетуваме дека по продажбата на оваа фирма истата го задржала своето седиште и својот менаџер Горан Гацов. До овој момент директорот на УБК Мијалков не кажува, дали си ја продал фирмата МИРТЛАНИС сам на себе, со оглед на тоа што има проблем да каже, ако не е така, тогаш кој е сопственик на МИРТЛАНИС. По оваа мрежа без крај, Груевски и Мијалков се должни да и објаснат на македонската јавност: Дали од Чешка, преку Панама и Лугано, се влезени во Македонија? Дали на овој начин, преку оф шор фирми ги влечат парите од македонското стопанство и македонските граѓани? И дали тие пари завршуваат за нивни бизниси надвор од Македонија? Погледнете. Ова е луксузен кварт во Прага. Сопственик на оваа скапа парцела од 9 232 м2, на која што се гради овој луксузен комплекс згради е наводно продадената фирма МИРТЛАНИС, со којашто управува Горан Гацов, менаџер на Сашо Мијалков во Чешка. Сега одговорете, премиере Никола Груевски и директоре на УБК, Сашо Мијалков. Чешка, Панама, Лугано, Македонија, Чешка – дали сте сепак тоа ВИЕ ДВАЈЦАТА и фамилијата, која според повеќе проценки, има ИЗВЛЕЧЕНО надвор од Македонија МИЛИЈАРДА ЕВРА ПАРИ НА ГРАЃАНИТЕ на Република Македонија- праша Шилегов.

http://brif.mk/?p=138848


(ФОТО и ВИДЕО) Шилегов: Преку Лугано и Македонија братучедите до луксуз во Прага?!

http://brif.mk/?p=138891



12-07-2015, 11:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Време е САД да преземе иницијатива во Македонија
Курт Басенер БИРН

САД треба да бидат активни чинители во обидот да се стави крај на кризата во Македонија, а не да играат придружна улога во однос на ЕУ.

[Image: kurt%20bassuener_2.jpg]
Курт Басенер

Зависно од тоа кому му верувате, преговорите помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев под покровителство на eврокомесарот Јоханес Хан се или замрзнати на неопределено време, или мртви.

Цел месец нема никакво поместување во преговорите. Последната лидерска средба во Брисел на 29 јуни (на која исто така присуствуваа и Али Ахмети од владината коалиција, како и Мендух Тачи, кој наводно е во опозиција), заврши без договор за составот на преодната влада.

Груевски неодамна изјави дека нема услови за продолжување на преговорите, по што Заев рече дека договорот од 2 јуни, постигнат со посредништво меѓу четирите водечки партии, „не важи“.

Заев рече дека ќе продолжи да објавува аудио снимки кои веќе со месеци наназад укажуваат на системски злоупотреби од страна на Владата, како и на целосно беззаконие. Извештајот кој беше поддржан од ЕУ, а изготвен од страна на тим од експерти предводени од поранешниот претставник на европската комисија, Рајнхард Прибе, наведе многу системски проблеми и злоупотреби содржани во снимките, за кои опозицијата тврди дека биле снимени од страна на македонските тајни служби.

Напорите за посредништво, во прв план се насочени кон надминување на моменталната политичка криза преку формирање транзициска влада која би требало да го исчисти изборниот список и да спроведе предвремени избори. Но, дури и ако се успее во тоа (што во овој момент се чини тешко веројатно), не постои јасен пат како да се реши суштинскиот проблем, а тоа е институционализираниот, системски недостаток на политичка одговорност.

Во извештајот на ДПЦ (Совет за демократски политики) објавен пред еден месец, јас го понудив своето видување за тоа што би требало да се направи за Македонија да стане самоодржлива демократија и да се овозможи нејзина евроатланска интеграција.

Овој комплициран предизвик ја очекува Викторија Нуланд, американски помошник државен секретар за европски прашања, на разговорите во Скопје. Комесарот Хан пак, заедно со европарламентарците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит, ќе пристигнат во вторник, во обид да го придвижат закочениот посреднички процес. Не е јасно само до која мера нивните напори ќе бидат координирани.

Иако американскиот амбасадор Џес Бејли беше силно вклучен во практичните напори за поддршка на посредувањето, процесот досега беше изразено ЕУ-центричен. Тоа со себе носи и одредени слабости и обврски – како, на пример, фамозниот грчки „проблем со името“ или бугарските билатерални забелешки.

Во практика, тоа значи дека поважно од медијацијата е европската, особено на Европската комисија - ориентација во процесот . (Кога одреден настан нема да вроди со плод, ЕУ го дефинира како „процес“ што значи дека е сѐ уште отворен.)

Па така, додека ЕУ сака да игра примарна улога меѓу западните актери (вклучувајќи ги САД, НАТО, ОБСЕ, како и Советот на Европа), таа истовремено себеси се ограничува. ЕУ не се служи со покажување заби ниту со присила, но истовремено не сака ниту другите да го сторат тоа во нејзино име во рамки на заедничката координирана стратегија.

Целта на посредувањето е да се постигне договор помеѓу спротивставените страни којшто би ја рефлектирал нивната релативна меѓусебна моќ. Бидејќи целта е да се постигне договор, посредникот често прибегнува кон притискање на послабата страна.

Во случајот со Македонија, Грувски ги контролира главните лостови на моќта, па така соодносот на силите во голема мера е во негова полза. Оттаму се и неговите тактики на одолговлекување и обидите да ја промени темата. Единствената моќ којашто ја има Заев се неговите закани дека ќе ги напушти преговорите, дека ќе објави уште снимки и дека ќе организира нови протести.

Во случајов, постојниот модел на посредништво е неуспешен. Но, важно е да се признае дека дури и евентуален „успех“, сам по себе, би имал сомнителен кредибилитет и ограничен рок на траење. Спроведувањето на договорот од втори јуни зависи од добрата волја на политичките партии - меѓу кои нема ни трошка доверба ниту заемно почитување.

Иако Груевски и ВМРО ДПМНЕ ја преминаа секоја мерка во последнава речиси една деценија додека се на власт, недостигот од структурна демократска одговорност е проблем што постоеше и пред нив. Најголемата надеж за позитивни промени ја демонстрираа граѓанските протести против владината злоупотреба на моќта. Иако протестите значително се засилија по објавувањето на снимките од страна на опозицијата, повеќето демонстранти не се водени исклучиво од поддршката кон Заев.

Согласно договорот од втори јуни, временската рамка за одржување нови избори е април 2016, но пред тоа треба да се случат бројни реформи и истраги. Оваа рамка е премногу кратка.

Понатаму, иако извори во Брисел велат дека независна истрага за кумановската операција - во која загинаа многу припадници на безбедносните сили, како и етнички албански милитанти од Косово - останува дел од ЕУ агендата, такво нешто не се гледа во договорот од втори јуни. Неспроведлив договор е лош договор.

Нуланд треба да предложи реактуелизирање на меѓународните напори за да се развие одржлив пат напред за Македонија, зголемување на бројот на западни чинители кои би се инволвирале, како и заострување на односот.

Таа треба да повика на меѓународна арбитража чија цел би била да се формира транзициска влада, да се истражат криминалот и злоупотребите (вклучително и оние забележани во извештајот на Прибе, како и оние поврзани со операцијата во Куманово), подготовка за вистински слободни и фер избори, како и справување со институционалните проблеми кои стимулираат злоупотреби од страна на извршната власт.

Арбитражата би требало да ги вклучува не само САД и ЕУ туку и другите меѓународни актери како НАТО, ОБСЕ и Советот на Европа, кои имаат удел и кредибилитет во однос на македонските повеќеслојни проблеми. Сите тие би требало да имаат подеднаков удел во арбитражната комисија. Македонскиот граѓански сектор, како и експертите, исто така мораат да имаат јасна улога во информирањето за, и во следењето на овој процес.

Тие би биле клучен партнер и легитимизатор на ваквата западна арбитража, и клучен фактор во транзицискиот период. Арбитражата ќе им даде збор на третите страни во спорот - и најважно, моќ да ги спроведуваат договорените услови. Само на овој начин може да се пресретнат и решат сите пречки кои стојат на патот на функционирањето на демократијата и на владеењето на правото во Македонија - вклучително и „проблемот со името“.

Единствениот начин ЕУ да прифати вакво нешто (и имплицираниот прекор) е ако Нуланд директно и јавно го побара тоа. Во моментов, не само во Македонија туку и на целиот Балкан, ЕУ сака да го има приматот, но не и одговорноста да го стори тоа што треба да се направи.

Како на американски поборник за прекуатланска соработка кој сака ЕУ да успее во регионов и пошироко, ми се чини дека ЕУ сака само навивачи, а не вистински партнери, кога станува збор за нејзината/ите агенда/и. Ова е самоуништувачко однесување коешто го подјадува кредибилитетот на ЕУ. Тоа не е добро ниту за вистинските демократи во регионот, ниту за Американците.

Македонската институционална криза е производ на недоволна далекувидост (во Охридскиот рамковен договор), локални злоупотреби, како и на долгорочна меѓународна (не само на ЕУ) малигна негрижа.

За да се поправи, САД, кои во регионот уживаат кредибилитет и можност да применат притисок, мора да бидат активни чинители, а не само да играат придружна улога во однос на ЕУ. Нуланд треба да ја преземе иницијативата од Брисел со цел да создаде стратешки арбитражен процес што ќе биде од корист за ЕУ, за Америка, и најважно, за македонските граѓани.

PRIZMA
Коментарот е објавен на Балкан инсајт


Дали нешто од оваа ке се обистини??
(This post was last modified: 13-07-2015, 11:33 AM by ЈорданПетровски.)
13-07-2015, 11:32 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4





13-07-2015, 12:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5






Алсат-М: Ја слушнавме Вашата изјава по средбата со премиерот во Владата. Јас ќе одам еден чекор понатаму со прашањата. Дали на маса имаше конкретен предлог што беше дискутиран со лидерите во Скопје?

Нуланд: Како што знаете, формалните преговори за решавање на политичката криза ги олеснува еврокомесарот Хан, со наша поддршка. Така што, ќе почекаме до неговото доаѓање утре со конкретен обид формално да ги надмине разликите. Јас дојдов тука денеска за да ставам до знаење колку е важно за САД партиите да работат заедно и да ја решат политичката криза, за да може да се вратиме на важните работи кои ги правиме заедно повеќе од 20 години – поддршка за демократскиот пат на Македонија, поддршка на вашите напори за функционално владеење на правото, за економски раст и најважно, за да го комплетирате вашиот напредок на евро-атлантскиот пат, до ЕУ и НАТО. Значи, навлеговме во детали за некои од отворените прашања, но беше во духот на обид за трасирање на патот за добри разговори утре.

Алсат-М: Ќе се обидам со уште поконкретно прашање. Едно од отворените прашања што ги споменувате е, како што е наведено во Договорот од 2 јуни, договор за „организација на Владата што ќе ги подготви следните избори“. Дали зборувавте во детали за ова прашање?

Нуланд: Разговаравме за различни опции со сите клучни партиски лидери, со премиерот, со г. Заев, со г. Ахмети и пред малку со г. Тачи…

Алсат-М: Дали имате лично мислење, личен став за ова прашање?

Нуланд: Ние ќе поддржиме се што може да добие консензус и што е во рамките на она што е веќе договорено. Поголем дел од работата веќе е завршен, како што знаете на 2 јуни. Значи, остануваат уште неколку прашања и едноставно се обидуваме да им помогнеме на страните да се слушнат меѓусебно, во пресрет на формалните преговори кои г. Хан ќе ги одржи.


Алсат-М: Има критики што примарно одат на адреса на Брисел, но и на адреса на САД – дека вашиот фокус е на брзо решавање на политичката криза, а не на суштината на главните проблеми со кои се соочува земјата. Од Ваша перспектива, што е поважно – одржување избори следната година или обезбедување услови тие избори да бидат фер и слободни?

Нуланд: Очигледно, никој не посакува избори ако тие не бидат фер и слободни. Мислам дека целото ова поглавје ја извади на виделина потребата од послободно окружување за медиумите, за да се обрне внимание на изборните прашања кои ги идентификуваше ОБСЕ, за систем на владеење на правото во кого сите ќе имаат доверба. Значи, ова се прашања што, исто така, се разгледуваат, во контекст на договорот од 2 јуни. Станува збор, не само едноставно да има нови избори, туку за најчисто, најсилно, демократско придвижување на Македонија напред.

Алсат-М: Критиките се дека меѓу стабилност и демократија вие во Македонија избирате стабилност пред слобода и демократија.

Нуланд: Не мислиме дека е можна стабилност ако нема слобода, демократија, правичност и раст. Мислиме дека овие работи одат една со друга. Особено во земји со предизвици како мултиетничноста што ја имате. Во Македонија морате да имате систем во кој луѓето имаат доверба.

Алсат-М: Знаете дека има случаи против лидерот на опозицијата кои се веќе во суд и за нив се чека почеток на судењето. Но, има и случаи за кои јавното обвинителство молчи, а произлегоа од објавените прислушувани разговори, кои се однесуваат на можен криминал, корупција, изборна измама, направени од високи претставници на власта. Колку, според Вас, е важно овие случаи да се истражат на соодветен начин?

Нуланд: Нема да навлегувам во поединечни случаи. Мислам дека тоа би било несоодветно. Но, како што реков, воспоставувањето доверба во судскиот систем за сите Македонци, независно од нивната политичка партија, е аполутно суштинско. Тоа е дел од оваа криза, дека луѓето немаат доверба во системот. Така што, дел од решението мора да биде посветување особено внимание на прашањата од областа на судството, заедно со чекори кон целосна истрага на сомневањата кои произлегуваат од скандалот.

Алсат-М: Има мислења, анализи во јавноста дека решавање на политичката криза во Македонија не е можно без позначајно инволвирање на американската дипломатија, на повисоко ниво. Дали разгледувате евентуално таква можност?

Нуланд: Како што знаете, работиме рака под рака со ЕУ. Тоа е начинот на кој оперираме најдобро во контекст на Балканот. Кога САД и нашите клучни ЕУ-партнери, кога сите работиме заедно за поддршка на земјите што имаат неволји, потешкотии, кога имаат предизвици. Тоа го правевме низ годините, било тоа да е во Босна или Косово или Охридскиот договор. Кога ние сме заедно за ваша поддршка, се обидуваме да ги слушнеме потребите на сите страни, тогаш даваме најголема поддршка. Затоа, во овој случај, амбасадорот Џес Бејли работи рака под рака со комесарот Хан. Јас, исто така, работам со комесарот Хан. Зборувавме пред да влезам на средбите, ќе зборуваме повторно. Ако имаме потреба од американска интервенција на повисоко ниво овде, за поддршка на тој процес, тогаш очигледно ќе ја обезбедиме, како што би ја обезбедил и комесарот Хан. Но, она што навистина го сакаме е Македонците да ги засукаат ракавите и да ги затворат овие последни јазови, за земјата да се врати на својата работа, на својот демократски курс. А, и ние да се вратиме на работата, да ви помогнеме во вашите НАТО-аспирации.

Алсат-М: Значи, да го заокружиме ова интервју. Ако добро Ве разбрав – прво да се обезбедат услови за фер и демократски избори, па потоа да се одржат избори, така?

Нуланд: Апсолутно. Токму тоа е во овој договор на кој работат вашите лидери. И токму тоа сакаме да го видиме завршено и се надеваме дека утре ќе биде многу, многу добар ден и дека сите ќе седнат на маса подготвени да го финализираат договорот. Тоа е во најдобар интерес на Македонија и во интерес на силна транс-атлантска траекторија на вашата земја.
13-07-2015, 05:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Srecko Popovski
5 hrs

Викторија Нуланд за Алсат-М:

1) нема стабилност без слобода и демократија...
2) ако е потребно, ќе се ангажираме и на повисоко ниво..
3) прво услови за избори, а дури потоа избори...
13-07-2015, 05:59 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#7

На вашио јунак Зајо срце му запира секојпат кога од “муџународната“ ќе споменат владеење на правото. Оти знае што значи таа порака. Решетки. И тоа подолго време. А газдарица Викица спомна владеење на право барем еднаш, кахм кахм...
Вака изгледа кога Нуланд капитулира. Нема хранење на демонстранти, бомбастични критики кон власта, закани со санкции. Таа да ми ти дошла на гости како... интегратор. Глуми миротворец. А преку нејзиното пешадинче ја креира истава криза која сака сега да ја реши.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
13-07-2015, 06:30 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#8

(13-07-2015, 06:30 PM)МрачниотКоњаник Wrote: На вашио јунак Зајо срце му запира секојпат кога од “муџународната“ ќе споменат владеење на правото. Оти знае што значи таа порака. Решетки. И тоа подолго време. А газдарица Викица спомна владеење на право барем еднаш, кахм кахм...
Вака изгледа кога Нуланд капитулира. Нема хранење на демонстранти, бомбастични критики кон власта, закани со санкции. Таа да ми ти дошла на гости како... интегратор. Глуми миротворец. А преку нејзиното пешадинче ја креира истава криза која сака сега да ја реши.

Мрачен, па и на твојот јунак Груевски му запира срцето кога “ меџународната“ ке спомне право. Туку, друго сакав да те прашам-Што беше тоа промена на ставовите на твојот јунак Груевски, кога клекна и ги бацуваше нозете на Америте, тогаш, де, кога кажа дека ке зема американски гас од Солун, а не таму од некои руски потоци и кога се заколна на се што ке посакат од него Америте!? Веројатно, додатно се консултирал со демократот и миленикот на Америте, г-нот Ѓукановиќ и ги прифатил неговите конструктивни предлози. Тоа де, како да се вртиш во американската орбита со која сакаш брзина а центрифугалната сила да не ти може ништо Icon_razz

15-07-2015, 02:24 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#9

Христо,
Викторија многу убаво знае дека изгуби во нејзината игра да запали огин во Македонија за да после продава оружје и воени совети на завојуваните страни- она што се случува во Украина. Пошто нејниот кловн Заев и соросно друштво губат, реши таа самата да се вмеша.
Американските куртони на Балканот попија пораз во Куманово. Очигледната победа на Македонија како држава сега на секој начин се каља преку разни пропагандни конструкции. Удба е тука многу вешта во ретардирани манипулации, па ќе се чуе и прочита сешто, само не она што се случило.
Крваво сценарио со смена на власта преку пуч и братоубиствена војна исто така не упали.
За клањањето пред Нуланд и пред еуро- факторите, сето тоа е нужна вербална гимнастика. Дали Македонија воведе санкции кон Русија? Одбива ли да дозволи изградба на руски гасовод низ македонска територија? Тоа не се променило. Целава галама и циркус се вртеа околу тие две точки. Talk is cheap, а се` што правеа сите инвлолвирани високо профилни фаци сиве овие месеци од одглумента криза беше само тоа- зборови.
На крај (или можеби чин втори од циркусот со октроирана криза), се потпиша договор.Не гледам дека некаде во договорот некој кажал кој е контролор на спроведеното, ниту се предвидени санкции за страната која ќе го прекрши/не го спроведе договореното.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
15-07-2015, 09:05 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#10

(15-07-2015, 09:05 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Христо,
Викторија многу убаво знае дека изгуби во нејзината игра да запали огин во Македонија за да после продава оружје и воени совети на завојуваните страни- она што се случува во Украина. Пошто нејниот кловн Заев и соросно друштво губат, реши таа самата да се вмеша.
Американските куртони на Балканот попија пораз во Куманово. Очигледната победа на Македонија како држава сега на секој начин се каља преку разни пропагандни конструкции. Удба е тука многу вешта во ретардирани манипулации, па ќе се чуе и прочита сешто, само не она што се случило.
Крваво сценарио со смена на власта преку пуч и братоубиствена војна исто така не упали.
За клањањето пред Нуланд и пред еуро- факторите, сето тоа е нужна вербална гимнастика. Дали Македонија воведе санкции кон Русија? Одбива ли да дозволи изградба на руски гасовод низ македонска територија? Тоа не се променило. Целава галама и циркус се вртеа околу тие две точки.““, а се` што правеа сите инвлолвирани високо профилни фаци сиве овие месеци од одглумента криза беше само тоа- зборови.
На крај (или можеби чин втори од циркусот со октроирана криза), се потпиша договор.Не гледам дека некаде во договорот некој кажал кој е контролор на спроведеното, ниту се предвидени санкции за страната која ќе го прекрши/не го спроведе договореното.

Мрачен, времето ке покаже дали е само Talk is cheap или е битна промена на курсот. Сега,само едно е јасно-Груевски ја спаси кожата...барем привремено.
16-07-2015, 07:00 AM
Reply