Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ШТО КЕ ДОНЕСЕ ОВАА ИЗЈАВА НА ЗАЕВ ?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1








Овој изјава е момент за кој ќе се пишува во книгите по историја на секоја држава. Прашањето сега е само кој ќе ја пишува таа историја?


“Изјавувам дека од денес не го признавам судството во Македонија како независна власт, од денес кажувам јавно дека нема да го почитувам судот, нема да се јавувам на рочиштата за процес кој е монтиран директно од Никола Груевски. Без никакви докази јас сум обвинет. Согласно кривичниот закон ги повикувам органите да дојдат и да ме уапсат, јас сум во седиштето на СДСМ или во кампот на слободата пред Влада. “,изјави на денешниот прес лидерот на СДСМ Зоран Заев.
01-07-2015, 01:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Груевски одлуката да му се суди на Заев ја носи со намера да предизвика реакција на опозицијата, реакција со протести. Протести кои Груевски лесно ке ги претвори во насилни. Насилни протести му се потребни на Груевски да ја елиминира опозицијата. Во моментов треба ладни глави. Треба да се пресмета дали е подобро да се дозволи Заев да биде притворен на неколку месеци за да Груевски со сигурност биде соборен или протести кој ке бидат неуспешни, Заев пак ке биде уапсен ама покрај Заев ке биде уапсен и скоро целиот врв на СДСМ.
(This post was last modified: 01-07-2015, 06:22 PM by ЈорданПетровски.)
01-07-2015, 06:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3



01-07-2015, 07:11 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#4

(01-07-2015, 06:21 PM)ЈорданПетровски Wrote: Груевски одлуката да му се суди на Заев ја носи со намера да предизвика реакција на опозицијата, реакција со протести. Протести кои Груевски лесно ке ги претвори во насилни. Насилни протести му се потребни на Груевски да ја елиминира опозицијата. Во моментов треба ладни глави. Треба да се пресмета дали е подобро да се дозволи Заев да биде притворен на неколку месеци за да Груевски со сигурност биде соборен или протести кој ке бидат неуспешни, Заев пак ке биде уапсен ама покрај Заев ке биде уапсен и скоро целиот врв на СДСМ.

Да во моментов се случува масовен напад врз опозиционерите од ДПМНе-овската мафија .И сегде полицијата ‘не успева” да ги најде сторителите исто како со општина Центар и многи други.

1)
СДСМ најостро го осудува инцидентот со автомобилот на Ременски

СДСМ најостро го осудува најновиот насилнички инцидент, во којшто е исечена гума на автомобилот на потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски.

Ова е направено во периодот вчеравечер, меѓу 18.30 и 22 часот, пред Владата на РМ, на 10 метри од куќарката на полицаецот, каде што било паркирано возилото, во време додека потпретседателката Ременски говореше на дебатата за правата на полицајците, организирана во Кампот на слободата.

Случајот е уредно пријавен во полиција.

Ова е трет случај на насилство насочено кон потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски за кус временски период.

Пред месец и половина каменувана е семејната куќа на потпретседателката Ременски во Крива Паланка, во којашто живеат нејзините родители, при што се скршени прозорци на куќата. И овој случај е пријавен во полиција, но досега нема информации за спроведена истрага и резултати од неа. Претходно е уништен дворот на истата куќа.

Зачестените инциденти врз припадници и поддржувачи на опозицијата или критичари на власта упатуваат на политички мотиви.

Апелираме веднаш да се прекине со провокациите коишто не им носат добро на граѓаните на Република Македонија, а од чесните вработени во МВР очекуваме професионален однос и обелоденување на налогодавачите и извршителите на подмолните акти.


понеделник, 22 јуни 2015

http://www.sdsm.org.mk/default.aspx?mId=...leId=12156


2)
Меѓтуа се појасно станува дека Груевски цело време имал поддршка на Западот за сешто правел така што сега имаме еден крајо несериозан однос на Западот кон состојбите во Македонија

Тоа во видеото добро го објаснува и Фрчковски .

Вака :

Фрчкоски: Притисокот да продолжи пожестоко, Груевски ќе се повлече или ќе воведе гола диктатура (ВИДЕО)

Објавеново 01 јули 2015

Во Кампот на слободата синоќа проф. д-р Љубомир Фрчкоски и д-р Лидија Димова зборуваа за пораките кои до власта ги испраќаат ЕУ и САД во своите најнови извештаи.

Реформите за излез од политичката криза не може да ги спроведува човекот кој ја донесе кризата, односно Груевски. Тој мора да си замине, за Обвинителството да проработи како институција и најдоцна до ноември четири – пет луѓе најмалку да бидат уапсени. Ова е мислење на професорот Љубомир Фрчковски, кое тој го сподели со присутните граѓани во антивладиниот камп пред Влада на вчерашната дискусија.
Дискусијата насловена „Какви пораки содржат извештаите на ЕУ и САД за Македонија?“ ја водеше претседателка на Комисијата за европски прашања на СДСМ – Лидија Димова, а единствен гостин беше Фрчковски кој дебатираше со камперите пред Влада.
Димовска на почетокот на дискусијата истакна дека во земјава корупцијата се надминува самата себе си, а просечниот граѓанин живее во заблуда бидејќи медиумите работат под тотална контрола, алудирајќи на власта.

-Имаме власт која е корумпирана, дури и корупцијата веќе се надмина себе си. И што правиме сега со извештајот на Прибе? Една рбаота е сигурна, овој извештај, ваков каков што е не ни соопшти ништо ново. Единствено ново што соопшти е дека бомбите на Заев се реалност и дека ни го докажаа она што секоја година во секој октомври Европската комисија ни го кажува. И сега се прашувате ако секоја година знаеме и ако сето тоа се провлекува од година во година, зошто никој ништо не направи во оваа држава и зошто не ни е јасно дека имаме проблем? Одговорот е јасен, имаме медиуми кои се тотално контролирани и така просечниот граѓанин си живее во заблуди имаме неколк експерти се „сенаменски“, дури имаме личности кои тотално го разбираат Извештајот на Прибе, рече Димова.

Според професорот Фрчковски за излез од кризата потребно е час поскоро премиерот Груевски да а напушти фнкцијата премиер, избирачкиот список да го спроведе МВР, а опозицискиот блок заедно со албанските граѓани здружено да прави пожесток притисок.

-Човек избран во политиката, фатен во ваков криминал мора да поднесе оставка. Нема никаква шанса тоа да се случи на друг начин. Независно колку е тешко, колку изгледа невозможно, лидерот кој е фатен во ваква ситуација во демократски услови, основна европска вредност е да се повлече и да овозможи земјата да излезе од кризата. Притисоците ќе се зголемуваат, извештајот на Прибе Е СРАМ ЗА Европската комисија. Тој извештај констатира нешто што го знаевме, а комисииве не ја работат нивната работа. Она што мене ме интересира е енергијата која ние може да ја собереме во согорување на диктатурата.
Првата основа за притисокот е дека реформите не може да ги води човекот кој не донесе во кризата, тоа не смееме да го заборавиме, затоа што ќе ја изгубиме моралната вертикала. Она што може да се разговара е само кога да се повлече, тука компромис е возможен. Но, неговото одење и периодот на транзиција е неопходност и затоа таа точка фронтот е непроменета. Она што се случува меѓувреме е персонален притисок врз Заев. Во преговарачките искуства страните мора да бидат еднакви, не можете да се доведе во позиција да сте под притисок, а да преговарат. Тоа отвора рушливост на договорот кој ќе го договорите. Затоа неговите кривични дела какви и да се, мора да се замрзнат до формирањето на НОВОТО обвинителство. Они не можат да преговараат во ваква позиција.
Не е вистинското прашање дали власта ќе го апси Заев, туку дали ние можеме да го одбраниме. Ние треба да се судриме со групите кои ќе го земат, тоа е граѓанска непослушност од најголем вид.

Еве зошто сметам дека после ова Смилковско треба да следи.
Сега нас ни треба се, не албанските партии, туку албанските граѓани. Во таа смисла нив треба да ги третираме еднакво.

Целата приказна е сведена како на пастирот да му овозможите да се симне од власт. Тоа е срамот за една држава. Неговата последна изјава е следна „Сите предлози на СДСМ ќе ги прифаќам, ама јас да останам“. Тоа е срамота да го кажете. Тоа значи дека целокупната реформа е сведена за спасување на кожата. Тоа е срам за неговата партија исто така. Он вели дека се она што неговата партија го бранела паѓа во вода, само тој да ја води преодната влада. Тоа е неговата изјава, отворено, не се срами да ја каже.
Овдека се работи за губење на слободата. Не е возможно оваа афера да се заборави во име на преговарачките позиции и составување на техничка влада, тоа не е возможно. Постои и во извештајот на Прибе,во еден детален опис му дава сила на новото Обвинителство на која основа ќе ги постави обвиненијата. Што значи дека прва работа на новата влада е формирање на новото Обвинителство. Обвинителите знаат, они за месец дела на основа на доказите за оваа афера, продуцираат обвиненија за четири-пет луѓе, они после се спремаат за судење.
Екипи од тројца обвинители прават „попара“ во таа смисла ако се фокусирани. При ваква ситуација они мора да ги обвинат до ноември пет луѓе. Не може да ги пуштите на избори во ваква афера влезени луѓе. Они гледаат што ќе се случи, затоа е ова жестокост на борба, затоа е ова лобирање, но сепак вистински ја спасува кожата.
Не е лесно, но тука треба притисокот да продолжи со жестокост. Многу ме радува ова што Заев денеска го направи, ова требаше да се случи.
Преодот, заострувањето има определа стратегија. Заострувањето има создавање на атмосфера, на тензичност на повисоко ниво, кое ги повлекува странските стратешки партнери. Тоа е судир заради создавање на атмосфера за нови преговарачки нивоа. Но, за тоа морате да покажете дека сте способни да го направите, да го изведете, нема да ви го подарат тоа. Способноста да се изведе судирот и кризата на ново ниво е дирекно наша способност и тука ни требаат сите сограѓани заедно.

Затегнувањето има за цел. Додека се појавуваат странците како неутрална странка нема да се случи промена. Тие се меки на диктатори, имаат еден однос кон нив ако диктаторот малку попушти и се спремни да не дават и нас либератите да попуштиме.
Тоа нема да се случи овој пат. Основната европска вредност е компромис, но не со Груевски. Не може он да ги води реформите на реализација на Прибе извештајот. Како ќе изгледаме ние ако влегуваме во таква операција? Што и да се случи после ова, силата на опозицијата е што може да го издржи тој притисок прв пат до крај.
Режимот има само две опции – или ќе се повлече нивниот пастир или ќе воведе гола диктатура.

Затоа предлага тип на Влади и повлекување во декември. Логиката е да не може владата да се организира и да го спречи да оди на избори. Мисли дека изборите како голем водопад ќе го измијат она што го направиле претходно, а за три месеци влада, министрите или министерките нема да ги запознаат имињата на своите секретари, а не да направат реформи во изборниот систем.

Чистење на избирачкиот систем може да го направи само МВР. Тоа значи да им дадете по реони на луѓе од МВР кои ќе одат од куќа во куќа списоците да ги проверуваат и да го чистат списокот. Единствена оператива е МВР. Минимална операција за тоа е три месеци урагански да работите.
Нема шанси тоа да се изведе. Значи нема да бидат завршени тие работи. Обвинителство не може да се формира, не може обвинение да дојде за тој период. Тоа е пораз за опозицијата. Во таква ситуација вас ви требаат кожни опинци.
Но, спротивставувањето сега изгледа покрупно. Судир има со наши институции кои треба да покажеме дека се во процес на распаѓање конкретно. Знаете што значи да му кажете на судот ти не си суд веќе. Тоа е доведување на рбаотата на раб и сега треба да го исдржиме работ. И затоа немој да се прашувате до кога Кампот, тоа допрва почнува таа приказна, вели Фрчковски.

Во дискусијата и граѓаните посочија дека опозициската „бомба“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро треба да се објави, без разлика за исходот од нејзиното објавување и какви последици тоа би можело да предизивика. За ова се согласи и професорот Фрчкоски кој кажа дека не може да се тактизира понатаму со овој случај.

-Има нефер притисок од странците кон Заев околу одлагање на Смилковско. Доста е со тоа одлагање, ние не смееме Албанците да ги третираме како инструмент за наши интереси, тоа не можеме да го правиме. Они се заслужни да ја дознаат вистината, каква и да е таа. Ако ја знаете вистината дека еден човек лежи невин, вие станувате соучесник о тој што го ставил таму ако не ја кажете вистината. Тие луѓе се наши соборци и не може да се тактизира понатаму со нив, вели Фрчкоски.
Денеска е 46. ден откако се поставени шаторите пред Владата на Република Македонија, по големите протести на 17.мај на опозицијата, граѓаните и граѓанските асоцијации, организации и движења, бараат оставка од премиерот Никола Груевски и одговорност од целата влада. Секоја вечер во кампот се организираат дебати и обраќања поврзани со актуелната политичка криза во земјава и проблемите во поединечни сектори, а се споделуваат идеи и сугестии како да се надмине актуелната состојба.

http://www.plusinfo.com.mk/vest/32200/fr...28video%29


Дискусија: Какви пораки содржат извештаите на ЕУ и САД за Македонија?





3)
А на тоа подого време укажува и Арсим Зеколи

Арсим Зеколи за Кирилица: Во Македонија е имплементирана криминална хунта со премолчена СОГЛАСНОСТ на САД и ЕУ

02 Јул, 2015

Арсим Зеколи, политички аналитичар и поранешен амбасадор смета дека нема да дојде до апсење на Зоран Заев, откако судот завчера го прифати обвинението против лидерот на опозицијата во случајот „Пуч“ .

Тој во изјава за Кирилица ги објаснува своите аргументи за ваквиот став и вели:

- Да не бидеме наивни, апсење на лидерот на опозицијата Зоран Заев нема да се случи без премолчана согласност на меѓународната заедница која веќе се докажа спремна да замижи пред експлицитни кршења на човековите права како што се докажаа со Љубе Бошковски, Сопот, Монструм. Пред извесно време предупредив дека политичката формула за стабилност на сметка на демократијата може да биде надградена со пацификација, на сметка на стабилноста, како што се случува во Косово, Босна, каде што тој процес се носи на мускули. И на крај ќе предизвика ефекти кои ќе бидат во апсолутна спортивност со замислената или посакувана цел.

Но, сепак се надевам и сметам дека нема да дојде до апсење на лидерот на опозицијата бидејќи тоа ќе значи и де факто и де јуре дебакл и целосен крах на западните политики на Балканот на подолг период. Слично како што беше во Белорусија во 2010 година каде што насилството и апсењето на опозициските лидери, вклучително Андреј Санинов, беше прифатено со вербално и краткотрајно бурни но ефективно лежерни реакции од страна на европските лидери.

Зеколи смета дека во македонската политичка приказна НЕ СТАНУВА ЗБОР за судир на две политички партии, туку за имплементирање на КРИМИНАЛНА ХУНТА со премолчена согласност на САД и на ЕУ. Нешто слично на настаните во Грција и посебно за време на таканаречените “оловни години” во Италија во 70-тите и почетокот на 80-тите години од минатиот век.

- Продолжувањето на насилството врз опозицијата ќе биде почеток на нов циклус кон постепена и целосна дестабилизавија на регионот, смета Зеколи и изразува жалење што политичарите во Македонија не можат да ги сфатат ваквите пораки.

http://kirilica.com.mk/vesti/arsim-zekol...ementirana


http://libertas.mk/зеколи-имплементирана...минална-х/

03-07-2015, 07:39 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(01-07-2015, 01:45 PM)ЈорданПетровски Wrote:




Овој изјава е момент за кој ќе се пишува во книгите по историја на секоја држава. Прашањето сега е само кој ќе ја пишува таа историја?


“Изјавувам дека од денес не го признавам судството во Македонија како независна власт, од денес кажувам јавно дека нема да го почитувам судот, нема да се јавувам на рочиштата за процес кој е монтиран директно од Никола Груевски. Без никакви докази јас сум обвинет. Согласно кривичниот закон ги повикувам органите да дојдат и да ме уапсат, јас сум во седиштето на СДСМ или во кампот на слободата пред Влада. “,изјави на денешниот прес лидерот на СДСМ Зоран Заев.



Quote:Судијата за Заев никако да пресече


[Image: osnoven_sud_0.jpg]

Судијата во Скопје кој треба да одлучи за непочитување на судската наредба на Зоран Заев никако да пресече. Првин замина на одмор, потоа чекаше одговор од обвинителството. Денес откако обвинителството кажа дека нема никакво барање од судијата од Кривичниот суд, судот соопшти дека судијата се уште проверува дали Заев навистина не доаѓа во судот во Струмица.

Ниту оваа изјава на обвинетиот не беше доказ за судијата да донесе одлука. Од Струмица стигнаа документи и изјави дека на 06. Јули Заев не се јавил во судот во предвидениот термин. Воедно судијата на претходна постапка од Струмица доставил во Скопје и известување дека во 9 часот и 25минути му било јавено од секретарот на Општина Струмица, дека Заев тој ден нема да се јави во судот. Тој не дал никакво оправдување ниту образложение за неговото отсуство, објави детали од документацијата судот во Скопје.

Потоа на одмор замина судијата од Скопје и судот соопшти дека предметот не е итен и не мора да се брза со одлука. Образложението беше дека обвинителството не побарало итно да се одлучува заради што претседателот на судот има и право предметот да го даде на друг судија. Од таму појаснија дека и обвинителството кое побарало притвор и се сложило со превентивната мерка мора да даде мислење. Од обвинителството денес ни одговорија дека таков предмет кај нив не се стигнат, ниту пак имаат право да се мешаат во одлуки на судот.

По ова судијата на 20 –ти се врати од одмор и го достави предметот до кривичниот совет, но и понатаму проверува дали Заев навистина не се појавува во суд од каде судот молчи.

Шетањето на предметот на Заев низ судските лавиринти се случува во периодот пред почетокот на судскиот процес Пуч кој следната недела е закажан во Скопје. Заев е четврто обвинет и единствено тој не е во притвор. Заев најави дека не го признава судот и затоа нема да се појави ниту на ова судење. Доколу го стори тоа а нема оправдување, судот има право веднаш да даде наредба да биде уапсен и притворен.

Кристина Мачкиќ

Се заплетак Грујо како пиле во кучини SmajlitoSmajlitoSmajlito
(This post was last modified: 28-07-2015, 08:18 PM by ЈорданПетровски.)
28-07-2015, 08:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Ако не се појави на судење и во септември, Зоран Заев ќе биде приведен

[Image: rr10317.jpg]

Саше Димовски, HOBA 05-08-2015

Судењето во случајот „Пуч“ денеска не се одржа поради отсуството на лидерот на СДСМ Зоран Заев, но доколку тој не се појави и на 7-ми септември, судијката Љубинка Башеска се закани дека ќе го приведе.

Првиот обид да почне судењето за случајот „Пуч“ пропадна, поради недоаѓањето на Заев на судење, а судијката Башеска од адвокатите ги бараше причините зошто тој не дошол и не го оправдал своето отсуство.

Адвокатот Филип Медарски и посочи на судијката Башеска дека Заев јавно објавил зошто нема да доаѓа на судење, но јавните изјави за судијката не се факти според кои треба да работи судот.

Со ист тон, дека судијката не знае каков политички договор е склучен, таа го одби барањето на адвокатите да го одложи судењето на подолг рок поради постигнатиот политички договор, предметот „Пуч“ да го работи новиот специјален обвинител.

-Јас не работам по политички договор, туку само по закон. Овде имам двајца луѓе во притвор и јас морам итно да постапувам. Кој ќе ме оправда мене ако не закажам ново судење до крајот на август, тврдеше судијката Башеска.



Но, поради годишните одмори, јавниот обвинител Златко Биковски не можел да го застапува предметот пред 31 август, па со мали натегања, беше договорено следното судење да биде на 7 септември.

За овој датум, судот бараше согласност и од притворените Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски, бидејќи, како што рече Башеска: „судот бил во затворот и знае какви се условите“.

На денешното рочиште беа присутни и Соња Верушевска и Бранко Палифров, кои се пуштени на слобода, а до судот беа донесени и вратени со приватно обезбедување.
Пред судот симпатизери на СДСМ имаа истакнато плакат со ликот на Зоран Заев и „Вистината за Македонија“.

Верушевски и Лазаревски одговараат за шпионажа и за незанско прислушување, а Заев и Бранко Палифров за насилство врз највисоки државни функционери.

Судот добил известување дека Зоран Заев во три последни понеделници не се појавил пред Основниот суд во Струмица, а бил повикан тоа да го стори вчера. Адвокатите тврдеа дека тој бил вчера во струмичкиот суд, но до скопскиот не беше испратено такво известување.
05-08-2015, 06:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Заев до струмичкиот суд: И понатаму нема да се јавувам во судот




Скопје, 7 август, 2015 META

Скопскиот кривичен суд денеска објави дел од записникот и изјава на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, со негово образложение зошто не се јавува во Основниот суд Струмица, односно не ја почитува мерката за претпазливост што му ја одреди судот за случајот „Пуч“.

Од Основниот суд Скопје 1 го известиле Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција дека обвинетиот Заев не ја почитува превентивната мерка.

„Точно е дека имав задолжение да се јавувам секој понеделник во овој суд по решение IV КОК-ПП 52/15-4 од 31 јануари 2015 година и по тоа решение уредно се јавував во Основен суд Струмица сè до 6 јули 2015 година, кога ја известив јавноста преку прес-конференција за понатамошно непочитување на мерката задолжително јавување секој понеделник во судот, од причини што и тогаш јавно ги посочив и сега ги потврдувам, а се однесуваат на политичкото одлучување во судската постапка „Пуч“ – насилство врз претставници на високи државни органи. И понатаму останувам на таа изјава за непочитување на мерката на претпазливост, меѓутоа напоменувам на органите на прогонот дека во секој момент сум достапен, не мислам да се дадам во бегство и понатаму останувам во Македонија и тоа на подрачјето на Општина Струмица и на Општина Скопје. Во Струмица сум на домашна адреса, а во Скопје во седиштето на СДСМ. Тоа е сè што имам да кажам“, стои во записникот на Судот во Струмица, што го објави Основниот суд Скопје 1.

Од судот велат дека објавуваат дел од записникот „поради прецизно информирање на јавноста и поради зголемениот медиумски интерес во врска со овој предмет“.

Во средата требаше да почне главниот претрес за случајот „Пуч“претрес за случајот „Пуч“, но тој беше одложен бидејќи во судницата не се појави лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Почетокот е презакажан за 7 септември.

Во случајот „Пуч“, за кривичните дела шпионажа, насилство врз претставници на највисоките државни органи и за помагање, покрај Заев, обвинети се и Зоран Верушевски, неговата сопруга, Соња Верушевска, Ѓорги Лазаревски и Бранко Палифров.
07-08-2015, 03:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Заев не се појави на судење, обвинителот бара да му се одземе пасошот



од Саше Димовски, НОВА | објавено на: 07-09-2015 10:28:58

Јавниот обвинител Златко Биковски од обвинителстворо за гонење на организиран криминал утрово побарал од Основниот суд Скопје 1, да му го одземе пасошот на Зоран Заев, а МВР да не смее да му издаде нов за да не може да ја напушти земјава.

Обвинителот бара Кривичниот совет да ја преиначи претходната одлука, според која Заев, како четврто обвинет во „Пуч“ требаше да се јавува секој понеделник кај судија на претходна постапка во Основниот суд во Струмица и да му го одземе пасошот, откако повеќе од два месеци Заев не се јавува на задолжението на судот.

Ваквото барање на обвинителот беше причина да се одложи денешното судење за „Пуч“, бидејќи судијката Љубинка Башеска реши предметот со сите списи да го достави на одлучување на Кривичниот совет на скопскиот суд.

За денешното судење, како што соопшти судијката Башеска, Зоран Заев имал примено покана.

Следното судење е закажано за 5 октомври. На денешното судење во судница беа донесени притворените Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски од затворот Скопје, а присутни беа и Соња Верушевска и Бранко Палифров, кои се бранат од слобода.

Адвокатот Ангеле Илиевски по судењето рече дека очекува специјалниот обвинител кој треба да се иименува на 15 септември да го преземе предметот и со тоа да престане надлежноста на овој совет на Кривичниот суд и на обвинителот.
07-09-2015, 10:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Судијката во „Пуч“: Ако Заев не се појави на суд, ќе го приведам стражарно




од НОВА  13-11-2015
[Image: 25506golema.jpg]
Стражарно приведување на Зоран Заев доколку не се појави на следното судско рочиште за случајот „Пуч“ кое е закажано за 2.декември. Ова го рече денеска во судницата судијката Љубинка Башевска.

- Досега многу толерирав. Очигледно господинот Заев толку инсистира, што мора на наредното рочиште јас да наредам стражарно приведување. Очигледно почнува да си игра мајтап, рече судијката Башевска.

Од друга страна, неговиот адвокат Филип Медарски, на судијката и рече дека тие очекуваат случајот во најбрз период да биде пренесен во надлежностите на Специјалното обвинителство и дека Заев е подготвен да се појави пред специјалната обвинителка.

На денешното рочиште, според адвокатот, Заев не дошол бидејќи имал меѓународни активноси и денеска патувал до Цирих.

Првообвинетиот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, беше револтиран бидејќи во затворот му ги одзеле фотогрфиите од неговите внучиња, кои му ги пратиле во пакетот со храна.

Во „Пуч“, Заев е четвртообвинет и се товари за насилство кон државни функционери, а обвинети се и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски вработен во МВР и Бранко Палифров, функционер од Општина Струмица.
13-11-2015, 01:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote: СДСМ: Ако Јанева до 2 декември не го земе „Пуч“, Заев не доаѓа на суд

 13 ноември 2015


Зоран Заев останува на истиот став соопштен и во јавноста и во судот во однос на конструираниот случај „Пуч“, велат од СДСМ.

„Доколку Специјалното јавно обвинителство го преземе предметот за конструираниот случај 'Пуч' до следното закажано рочиште на 2 декември, тогаш претседателот Зоран Заев ќе се појави на судењето. Доколку дотогаш Специјалното јавно обвинителство не го преземе предметот за конструираниот случај 'Пуч' претседателот Заев нема да се појави на закажаното рочиште“, велат од партијата.
13-11-2015, 01:36 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#11

Ааааа почна да ве фаќа јанѕата удбаши, иде Зајо у затвор. Уште кој со него?
Груевски му местел на Зајо насилни протести, драпај си меот, со тоа ли сега ќе си се тешите? Јордан готвачот на удбашки усмрдени манџи...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
13-11-2015, 08:09 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#12

Mracen da prasas be Nikola i familijata kako Nikola prifati i potpisa za se ova da si funkcionira besprekorno.Bidi siguren deka Oliver nema da bega. Minister na MVR ne na MVRO go dobiva i so nego pocnuva da patuva i da bara se sto e povrzano so opremi i cuda muki zaa poranesno MVRO.
Mnogu si propadnal u analizi , ona so Amerikansko lobi epten ti odese , da pobaras pak tamu nekoi cifri i interesni momenti ,ili sakas da pocekas da Nikola naznaci svoj naslednik na celo Premier na Vlada na RM i da toj i onie koi se spremat go smenat Nikola i ja zemat i partija do izbori.
Gledaj so otovoreni oci.
13-11-2015, 10:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Приведувањето на Заев одложено поради Денот на дрвото

Рочиштето за „Пуч“ одложено поради Денот на дрвото.

[Image: zaev-obvinitelstvo24f-2-640x320.jpg&h=auto&w=620&zc=1]

Фокус 26 ное 2015, 17:47

Основниот суд Скопје 1 денеска ја информираше јавноста дека сите рочишта кои се закажани за втори декември, меѓу кои и случајот „Пуч“ во кој е обвинет и Зоран Заев, ќе бидат презакажани за друг ден. Како што информираа од Судот, причина за одложувањата на сите предмети  е одржувањето на Денот на дрвото.
-Ја информираме јавноста дека сите судења во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, насрочени за овој ден, ќе бидат одложени и презакажани за друг ден. Сите граѓани кои се странки во одредена постапка за која е закажана главна расправа токму на овој ден, дополнително ќе бидат известени за кога се презакажуват судењата, се вели во соопштението од Судот.
На втори декември требаше да биде шестиот обид да почне судењето за „Пуч“, а судијката која го води предметот при последниот обид кога четвртоосомничениот Зоран Заев не се појави во Судот, рече дека при наредното рочиште тој ќе мора да биде стражарски приведен.
26-11-2015, 10:27 PM
Reply