Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИНДИВИДУАЛНА ИЛИ СПОДЕЛЕНА ОДГОВОРНОСТ ?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Индивидуална или споделена одговорност?

[Image: 23113golema.jpg]
Димитар Димитров

НОВА 24-06-2015 09:51:31

Во обичајната традиција и во кривичното право строго се држи до принципот на индивидуалноста на престапот, сообразно на изреката „Како си дробел, така нека си срка“. Индивидуалниот криминал повлекува индивидуална одговорност. Човечки е да се жали за неделото – за жртвата и за сторителот, но не и да се сподели одговорноста. Споделувањето на одговорноста имплицира соучесништво, ги посредува луѓето како свесни или заблудени состорители или како идеолошки односно житејски зависници/заробеници. Исходот е мораториум на моралните принципи, растворање на личните јадра во толпа/маса.

Најнов пример за постапување според принципот на индивидуалната одговорност, се оставките на деветмина високи државни функционери на Полска поради прислушување неспоредливо со нашето масовно прислушување. Кај нас најодговорниот за тој грамаден престап постапи така што посегна по низа нови престапи, на кои не им се гледа крајот. Прислушувањето го припиша на странска служба (навод што го повлече под притисок на меѓународните имликации); укажувачите (на запад заштитени со закон) ги набеди за шпионажа и ги затвори; на лидерот на опозицијата му инсценира конструкции за обид за пуч и за поткуп.

Така тезата за криминал, негов и на неговите соработници (што половината лично го призна!), ја преточи во идеолошка и безбедносна теза за напад врз народот и државата. Опозицијата објавува престапнички снимки за престапите на конкретни престапници предводени од премиерот; премиерот повикува на мобилизација за одбрана на татковината. Престапот станува татковина, укажувачите на престапот – шпиони и предавници.

Во оваа драматургија, спротивно на нејзините мотиви, идентификацијата/споделувањето со премиерот, е крунски доказ за неговата одговорност. Колку повеќе се брани, толку повеќе се упропастува. И тој, и татковината. Едногласниот негов преизбор за лидер на партијата, од преку петстотини учесници на конгресот, во екот на обелоденувањето на неговите лични неуставни и незаконски дејанија; контра-професорскиот пленум, контра-протестот, контра-митинзите, контра-кампот, контра-движењето за одбрана на Македонија, со обилна поддршка на медиумите – тоа се материјални докази за приватизацијата на партијата, за партизација на државата, за зависноста на судството и медиумите. Тоа е, од друга страна, потврда на критичките забелешки од институциите на ЕУ во извештаите за напредокот на земјата и во оценките на изборите, каде неуморно се адресираат тие мотиви и се бара да се надмине таа недемократска практика.

Никој не ја нападна партијата и Македонија. Граѓанството се крена против злоупотребите на власта, против нарушениот уставен поредок, против една престапничка група која функционира како мафија. Обратно, Македонија е загрозена имено од таа престапничка група. Партијата што се идентификува со таа група, не е партија; и државата што тоа го прави, не е држава; и Обвинителството не е Обвинителство; и Судот не е Суд; и Претседателот на РМ не е Претседател на РМ; и Претседателот на Собранието не е Претседател на Собранието; и народните пратеници не се народни пратеници. Тоа е демонстрација на силата на деструкцијата на европските вредности.

Силата на Македонија е во противставувањето на таа сила, во поривот за европски вредности, за воспоставување на уставниот поредок, за демократија, слобода и правда. За наука и култура. За правила на играта на денешна и утрешна Европа. Тоа е граѓанското движењe, во кое се препознаваат боите и аромата на источноевропската пролет, која, за жал, со „Западниот Балкан“, ја замрзнавме во Македонија. Топлиот бран на тоа движење, облагородено со залогот на цела една генерација родена во самостојна РМ и помирена Европа, неминовно ќе ја одвее владеачката коалиција како некомпатибилна со новата екологија. Експериментот со девизата „Политиката не е етика и наука“, како идеологија на декомунизацијата/приватизацијата, завршува со таков културолошки пад, што провоцира порив за правда и автономно образование, неподатлив за натамошна манипулација на власта со козји уши.

При таквата констелација, споделувањето на одговорноста на престапничката власт е непосреден престап! Човечко е споделувањето на доброто. ХДЗ и Хрватска не се идентификуваа со Санадер, го споделија законот на правдата. Користењето на ресурсите за општо добро, крај на грабежот и на некомпетентното практикување на власта, повикот на студентите и учениците за автономија, правда и мир – тоа се во актуелната наша ситуација вредности достојни за споделување, во национални и во европски размери.

Меѓународната заедница уште при блоковската поделба беше во плодна корелација со критичките и либералните струи во земјите зад завесата. Со недоследната и нерешителна политика на проширувањето ЕУ се стави во ситуација да ги добие за партнери негаторите на европските вредности. И по декемврискиот погром на Собранието и на Уставот, ЕУ ѝ помогна на пучистичката власт да организира избори; и по обелоденувањето на масовното прислушување, со дефилето од незаконски дејанија; и по инцидентот во Куманово, ЕУ во коалицијата на Груевски и Ахмети, како да гледа гарант за стабилноста и мирот во земјата и во регионот. Тоа е гаранција на провинцијални етнички старешини, кои на избори излегуваат со пропаганда на интеретничка конфронтација, имитирајќи „судир на цивилизациите“, а по изборите се прегрнуваат и си ја продолжуваат коалицијата. Токму таквата коалиција може да генерира инцидент како кумановскиот.

Посебно несериозна е солидарноста на т.н. сестрински партии. Прво, како што е речено погоре, не станува збор за партија, туку за неуставно и незаконско владеење во функција на грабеж.

Второ, Груевски никогаш не би бил партиски лидер според статутите на партијата на Ангела Меркел или на Јоханес Хан. Тој е можен со статут на султан-партија, која од државата прави султанат. Ако функционерите на ЕУ се импресионирани од моќта на таков лидер и со него договараат излегување на Македонија од ќорсокакот на европскиот пат, тоа е многу противречно и неодговорно. Така и Европа ја заглавуваат како дел на ќорсокакот.

Импликациите на Извештајот на групата на Прибе сугерира расплет во кој не смее да остане место за влијание на функционерите кои се огрешиле од законот. Тоа ги обврзува ЕУ и САД да застанат решително зад граѓанското движење за европеизација на Македонија. И да и` стават крај на квазидилемата стабилност, или демократија.
24-06-2015, 12:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2



26-06-2015, 05:59 PM
Reply