Ето го фалшификата.
Утрински весник, Број 3267 понеделник, 26 април 2010
Ламба со ликот на Александар Македонски пронајдена на Цареви Кули
![[Image: 01883CCF985E93438B46B2595B1A2B42.jpg]](http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/01883CCF985E93438B46B2595B1A2B42.jpg)
Најинтересна за струмичките археолози е ламбата со претстава на Александар Македонски, која најверојатно потекнува од доцниот антички период.
„Меѓу прекрасните ламби што се појавија при ископувањето на некрополата е и ламбата или луцерна, како што велат археолозите, со уникатна претстава на Александар Македонски. Се работи за некоја реминисценција на Александровите победи или за некоја претставена алегорија. Засега наодот е уникатен, не сум видел таков на други места и претпоставувам дека е изработен во работилниците во Солун или, пак, во други работилници во соседството. Не верувам дека потекнува од овие краишта, туку е донесен од некој богат член од некое семејство на тогашниот Тивериопол“, изјави Зоран Рујак, раководител на истражувањата.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B92A0...7F1ACF7EF7
Ето я истината за тази ламба.
Дневник, петок, 30 април 2010
АРТЕФАКТИ
Гледам Атена за да видам Александар
Пред неколку дена на Цареви Кули кај Струмица беа пронајдени убави артефакти, меѓу кои и една ламба. Веднаш им било јавено на новинарите и во истиот момент информацијата беше раширена низ медиумите со сликите на овие пронајдоци. Ламбата беше оквалификувана од археолозите што работат на теренот како најинтересен наод и „со уникатна претстава на Александар Македонски“... Проблемот е во тоа што на ламбата не е претставен Александар Македонски, туку божицата Атена. И ламбата е од добро познат тип. Иако ламбата ја видов само на слика во интернет-изданието на „Утрински весник“, јасно се гледа претставата на божицата Атина со шлем со перјаница во профил, а на градите дури е видлив и дел од нејзиниот штитник - Егидата, карактеристичен за воинствената претстава на оваа божица.
Доколку некој се' уште се сомнева во идентификацијата на ламбата и во нејзината уникатност, веднаш би го испратила на интернет-страницата на која е објавен краток извештај за ископувањата во Немеа (од 1999 до 2002) и на која, меѓу наодите, е прикажана сосема иста ламба.
Под сликата убаво пишува: Ламба со претстава на Атена од 3 в.н.е. Страницата е на Немеја центарот за археологија, воден од Универзитетот „Беркли“, кој е одговорен за истражувањата на овој локалитет на Пелопонез:
http://shelton.berkeley.edu/nemeaexcav/n...anews.html
Не ми изгледа дека овие од „Беркли“ згрешиле...
Кога станува збор за ваква ламба не може да се зборува за уникатност. Речиси е и невозможно да постои уникат, бидејќи станува збор за предмети масовно изработени со помош на калап. Не станува збор за ваза или за друг тип фино сликана керамика.
Сите што се занимаваат со сериозна истражувачка работа знаат дека археологот, специјалистот кој е на терен, не е само тој што ископува туку и оној што ќе понуди некаква интерпретација на предметот. При ова, јасно, може да има пропусти, погрешни интерпретации, ревизии. Но има и граници. Само кај нас сме речиси секојдневно сведоци на „археологија во живо“. Не само што веднаш се викаат новинари туку се даваат и сензационални интерпретации без да се почека, да се размисли, да се консултира.
Марија Станковска -Ѕамали
(Авторот е доктор на науки по Историjа
и цивилизациЈа на антиЧкиот свет)
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CD09AB...5CADE2817B
Този линк обаче няма да бъде актуален в понеделник, най-добре е да се търси по броя на вестника.