Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Пост- Ханова Македонија
Author Message
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#21

Колку веќе години удбашките философи му предвидуваа пропаст на Грујо?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
19-07-2015, 10:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:Хан: Лидерите да исчекорат на сцената



[Image: 23644golema.jpg]

НОВА 24-07-2015

Во продолжение ви го пренесуваме текстот што денес го објави комесарот Јоханес Хан на својот блог:

Кога минатата недела заминав за Скопје во уште една мисија на медијација, сосема ми беше јасна итноста на олеснувањето на политичкиот договор. Премногу долго земјата страда од длабока партиска поларизација.

Снимките открија сериозни и системски скандали од владеењето на правото исто како и неодамнешните настани во Куманово и сето тоа покажа дека земјата чекори на работ политичка бездна но, се повеќе, економска и ризикува да испадне од евро-атланскиот пат. Немаше време за губење. Нашата Унија не може да си дозволи зона на нестабилност на своите граници. Но, уште поважно, граѓаните во земјата заслужуваат повеќе!

Со поддршката на моите колеги од Европскиот парламент Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан инвестиравме многу време и енергија во последните месеци за да ја урнеме блокадата, баравме од политичките лидери да превземат одговорност врз основа на Уставот и да работат на широк и силен пакет препораки за да се решат длабоките проблеми на владеењето на правото со кои се соочува земјата.

Фактот што политичките партии успеаа да направат договор во раните часови на 15 јули – по 13 часа нон-стоп преговори – кој се однесува на отворените точки од нивниот претходен договор од 2 јуни, е пред се успех за земјата. Лидерите сфатија конечно дека мораат да направат компромис, да ги стават пред се друго интересите на земјата и на граѓаните и да се договорат за начинот за излез од кризата преку предвремени, слободни и фер избори. Заедничката медијација на Европскиот парламент, земјите членки, САД и моите лични напори доведоа до надминување на разликите помеѓу нив. Но најважно од се, ова е договор кој го потпишаа и кој го презедоа лидерите од главните политички партии во политичкиот простор и кој сега мораат да го применат во целост, со добра волја и без одлагање.

Тринаесет часа нон-стоп преговори во Скопје

Самиот договор не остава простор за сомнежи, ни во неговата содржина ни во календарот. Враќање на опозицијата во Парламентот, именување на специјален обвинител со полна автономија кој ќе ја води истрагата околу и за прислушувањето, именување на нови министри и заменици министри во клучни портфељи и нова Влада 100 дена пред предвремените избори. Сето тоа е јасно набројано.

Сите овие суштински мерки треба да го зајакнат политичкиот дијалог и доброто владеење, независното владеење на правото и довербата во судството. Сето тоа треба да кулминира со слободни и фер избори на 24 април идната година, избори кои треба да се подготвени со зајакнување на државните изборни тела и набљудувани од ОБСЕ.

Уште поважно е тоа што овие чекори одат рака под рака со многу јасни препораки што ги објави Европската комисија и кои се интегрален дел на политичкиот договор за кој лидерите ветија дека целосно ќе го применат. Овие реформски приоритети подразбираат пред се неопходни реформи во правната држава, судството и јавната администрација но и медиумската област каде што скоро се случија неприфатливи напади врз новинари и кои се причина за сериозна загриженост и будност. На оваа тема веќе зборував во текот на Советот за стабилизација и асоцијација оваа недела и нема да се колебам тоа повторно да го кажам. Работата врз сите реформи мора да почне сега и ние ќе ја разгледаме примената, заедно со сите партии и граѓанското општество, за време на Високиот политички дијалог (ХЛАД) во септември.

Дозволете ми да бидам кристално јасен: ЕУ не беше само обичен олеснувач на кусорочен договор за стабилизација. Нашата цел е да и помогнеме на земјата да се врати на евро-атланскиот пат и да ја зајакне својата демократија, отвореното општество и владеењето преку избори и трајни реформи.

Повторувам, нема време за губење. Извештајот на Европската комисија за напредок во средината на октомври е клучен тест за европската перспектива на земјата. Задоволен сум што нашата заедничка медијација вроди со плод. Сите политички лидери сега мораат да покажат кредибилен и конструктивен однос без кој не се може. Тие мораат да исчекорат на сцената и да го искористат овој прозорец на можности кој се отвори со договорот – во нивен сопствен интерес и во интересот на нивната нација.
25-07-2015, 12:36 AM
Reply