Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КАКВА ВЛАДА??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Владимир Милчин
6 hrs ·

КОГО ПЛАШИ КОЛОЗОВА?

На својот ФБ профил Катерина Колозова пишува дека предлогот за експертска влада бил само трик на дел од НВО—ата кои се гребат за неколкуте опозициони места во преодната влада. И ја завршува пресудата: "Не е никаков идеализам во прашање". Така, паушално, без ниту еден пример, без ниту едно име, Колозова обвинува дел од невладиниот сектор за кариеризам и калкуланство. Обвинувањето е како излезено од курирската кујна. Најпрвин етикета, потоа пресуда, без докази и без адреса. Значи, кои се тие кои се гребат за места во преодната влада, Катерина? Колку што разбирам, НВО—а не можат да бидат министри, министри можат да бидат само индивидуи, луѓе со имиња и презимиња! Ајде, извади ја на виделина твојата листа, зашто вака смрди на инсинуација. Вака, на пример, таа може да се однесува и на оние кои, дури и да сакаат, не можат да бидат министри. Мислам на Ѓунер Исмаил, Љубомир Фрчковски и Владимир Милчин, на кои, бидејќи лустрирани, им е забрането да извршуваат јавни функции. Те потсетувам на ова за да си ја прочистиш листата која со нетрпение ја очекувам. Една од причините за моето нетрпение е таа што верувам дека во тој миг ќе стивне неспокојството во редовите на опозицијата дека тоа "идеалистите" од невладините ќе им одземат некој ресор. Ќе стивне пред да се разгори. Не плаши ја, Катерино, опозицијата со невладините организации! За невладините организации кои пристапија на коалицијата "Граѓаните за Македонија" не е најважно дали преодната влада ќе биде експертска или партиска, туку тоа дека преодната влада ќе треба да ги преземе неопходните мерки за слободни, фер и демократски избори. Тие мерки вклучуваат проверка и чистење на избирачкиот список, нов јавен обвинител и МРТ да стане јавен сервис.
Да, има причини да се биде скептичен за можноста во Македонија да се формира навистина експертска влада. Но, има уште повеќе причини да се биде скептичен за повеќепартиска преодна влада во која премиер би бил Никола Тодоров. Треба ли да те потсетам дека повеќе илјади граѓани протестираа и ја бараа неговата оставка по трагичната смрт на малата Тамара? Тодоров ги упропасти двата ресора во кои беше министер, образованието и здравството и неговото министерување во идната влада би било мајтапење со граѓанскиот револт.
Но, да се вратам на прашењето. Најпрвин ги плашиш пзртиите и едните НВО—а дека другите НВО—а само се гребат за ресори. Потоа ги плашиш НВО—ата (претпоставувам оние кои се во коалицијата "Граѓаните за Македонија") дека ќе се извалкаат доколку соработуваат со опозицијата во уривањето на Груевски и предлагаш нешто како хибернација додека владата за национален спас, на чело со Тодоров или некој сличен, не ги испере институциите од гревовите на Груевски и тајфата!
Она со што навистина ме исплаши Катерина е заклучокот дека таа најмногу се плаши од заминувањето на Груевски. Со нејзините заложби за немешање на НВО—ата во политиката само го продолжува животот на Груевски и агонијата на Македонија.


Еве го мислењето на Колозова, мислење на кое реагира Милчин:


Quote:Katerina Kolozova
Yesterday at 00:04 · Skopje, Macedonia ·

Кој зборува во име на граѓанскиот сектор овде? Граѓанскиот сектор ќе биде изигран само ако се избере експертска влада, не обратно. Единствено решение поволно за граѓанскиот сектор е Влада на широка коалиција.
Еве зошто:
- Составот на експертската влада треба да ја изгласа Парламентот во овој состав. Значи, знаеме какви експерти ќе бидат во таа влада.
- Во Македонија нема независни експерти бидејќи е КЛИЕНТЕЛИСТИЧКО општество.
- Граѓанскиот сектор не смее да биде соучесник во валканиците на политичките партии кои треба да го исчистат канцерот од институциите кои самите го создадоа, а во тоа граѓанскиот сектор да биде само набљудувач на процесите.
- Граѓански сектор е флуидна категорија која во таква демек-експертска влада може да се злоупотреби онака како што ќе посака политичката врхушка.


Текст на кој реагира Колозова:

Quote:Граѓанскиот сектор страхува да не биде изигран



Граѓанскиот сектор ги отвора сомнежите колку нивните идеи и залагања се вклучените во партиските преговори.

Додека од затворениот круг на шестмината кои во Скопје на т.н. лидерски средби разговараат за надминување на политичката не излегуваат многу информации околу содржината на она што се зборува, граѓанскиот сектор ги отвора сомнежите колку нивните идеи и залагања се вклучените во партиските преговори.


Од клучно значење е каква ќе биде преодната влада. Aко таа биде составена од постоечките партии, независно дали се работи за тие од власта или од опозицијата, повторно ќе го исклучиме граѓанскиот сектор, оценува професорката Гордана Попсимонова во интервјуто што во целост ќе го емитуваме в недела.

[Image: 1D8D43FA-48D5-4832-AEEC-B313C0A8EF3F_w600_r1.jpg]

„Јас би била задоволна со една експертска влада од независни експерти, Македонија ги има, би им оставила време во тој временски простор партиите да се прочистат, да се реструктуираат, можеби да се создадат нови политички субјекти и да се направат услови за едни фер избори во една изборна единица со отворени избирачки листи без долен праг од 5 отсто“, вели Попсимонова.

Неодамна со иницијатива упатена до сите политички партии, до претседателот Иванов и до претставниците на меѓународната заедница, за вклучување на граѓанските организации и движења во преговорите за надминување на политичката криза, излезе и Институтот за демократија Социетес Цивилес. Според Миша Поповиќ од Институтот во преговорите мора да бидат вклучени и граѓаните преку организациите, прво во фаза на набљудување, а потоа и како учесници.

„Проблемот е што не знаеме точно за што се преговара во овој момент. Зошто е важно граѓанскиот сектор да биде присутен таму и како набљудувач во прва фаза, меѓутоа и потоа како учесник во некоја подоцнежна фаза на разрешување на кризата е таа реформска агенда која граѓанскиот сектор ја тера веќе подолго време да биде ставена на мапата и да биде ставена на агендата на преговорите, исто така и во периодот кој следи, владата во било која форма да биде да има реформска природа“, вели Поповиќ.

Тој додава дека ги повикале организациите и дека има интерес да се вклучат во процесот на набљудување, веќе разговарале со меѓународните претставници и дека сега ќе разговараат и со партиите за да ја разбереле важноста од вклученоста на граѓанскиот сектор.

Неодамна и помошникот на генералниот секретар на Обединетите нации за човекови права Иван Шимоновиќ на прес-конференција во Скопје порача дека неопходно е во дијалогот да се вклучи и граѓанското општество.
31-05-2015, 06:35 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#2

Хахаха граѓански сектор а манири на луѓе од балканските села каде се чека снегот да се стопи па да излезат накај градот.
Корисни идиоти на соросните сателити. Каде им е граѓанштината ако се толку јаки граѓани?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
31-05-2015, 09:17 PM
Reply