Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СУДИР СДСМ-ВМРО-НП ИЛИ ВЕРУШЕВСКИ РАБОТЕЛ ПРОТИВ ЦРВЕНКОВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Кирилица дознава: Следува „бомба“ која ќе го „растресе“ Љубчо Георгиевски и неговите врски со Сашо Мијалков!


[Image: %7BBB96C7BE-4562-4030-B6D4-83008510D139%...vski-2.jpg]

Во наредниве денови СДСМ ќе објави аудиоразговори кои ќе се однесуваат на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, и актуелен претседател на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски, дознава „Кирилица“ од доброупатени извори.

Во „бомбата“, која треба да биде објавена за три или четири дена ќе се откријат врските на Георгиевски со највисоки претставници на ВМРО-ДПМНЕ, пред се со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Сепак, не е извесно дали ќе бидат презентирани директни разговори помеѓу нив двајца, или разговори меѓу други лица во кои таквите релации се разоткриваат.

Она што се знае е дека разговорите имаат врска со банкарски сметки на наши политичари и функционери во Швајцарија, додаваат изворите. Индикативно е што вакви најави доаѓаат токму во момент кога Швајцарија, под притисок на Брисел ја тргна банкарската тајна врз сметките на странски државјани, меѓу кои се појавија и имиња од Македонија со милионски конта.

Љубчо Георгиевски и неговата партија се прилично дефанзивни од почетокот на објавувањето на незаконски снимените аудиоматеријали. Георгиевски во неколку наврати го повтори својот предлог да се понуди амнестија за извршителите и нарачателите на прислушувањето, како обид за излез од кризата, а неодамна го повтори и својот стар предлог да се понуди амнестија во делот на финансиско корупциските малверзации. Во последните тв-настапи тој најчесто го релативизра прислушувањето и прогнозира неуспех на проектот „Вистината за Македонија“. Во интервју за 24 часа, набргу по објавувањето на аферата, тој рече дека е „90 отсто уверен дека снимањето го вршат структури на СДСМ, односно УДБА.“

Иако пред почетокот на аферата прислушување Георгиевски беше изразито критичен кон Владата, сепак ниту тој лично, ниту неговата партија не се придружија на големиот протест на опозицијата на 17 мај. Членови на Извршниот Комитет јавно побараа од него да го повика членството на тие демонстрации, но тој не се огласи.

Ова во политичките кругови се толкуваше како сигурен знак дека Георгиевски е крајно загрижен дека меѓу прислушуваните разговори има и такви кои се однесуваат на него и кои можат серизно да го компромитираат. Позицираноста на Георгиевски во однос на Владата, односно неговото јавно декларирано опозиционерство, беше сериозно разнишано по информациите дека негова компанијиа доби тендер да гради хотел во барок стил во близина на Скопската тврдина.

Во круговите од врвот на СДСМ не ги негираат информациите дека Георгиевски би можел да се најде како „предмет“ на некоја од бомбите, но велат дека тој не е „таргет“ на нивната акција „Вистината за Македонија“.

KIRILICA
30-05-2015, 01:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ВМРО-НП се заканува на СДСМ со контра материјали

[Image: ljubco-fev26-685x320.jpg]

ВМРО НП на Љубчо Георгиевски реагира на најавите по социјалните мрежи дека следната „бомба“ се однесува на соработката на Георгиевски со власта на Никола Груевски.

„ВМРО – Народна партија е згрозена од мизерноста на начинот со кој политичките рекетари од СДСМ веќе по втор пат упатуваат јавна закана до претседателот на ВМРО-Народна партија, г-динот Љубчо Георгиевски, дека имаат негови компромитирачки разговори со луѓе од власта.

ВМРО – Народна партија јавно ги повикува челните луѓе од СДСМ што поскоро да ги објават сите разговори што ги имаат од тој карактер“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

„ВМРО-НП при тоа инсистира само на две работи:

– да се објават буквално сите разговори што г-нот Љубчо Георгиевски во континуитет почнувајќи од 2003 година па се денес, ги имал со било кои претставници од власта. Ве уверуваме дека ова нема да Ви одземе многу време и простор.

– исто така да се објават и датумите кога се правени овие разговори.

ВМРО-Народна партија во некоја наредна фаза ќе прозбори за документите кои г-динот Зоран Верушевски му ги давал на г-динот Љубчо Георгиевски. Тоа се документи и афери кои се целосно против нивниот тогашен лидер г-динот Бранко Црвенковски. Но исто така сме спремни и со задоволство да ги прераскажеме содржините на голем број телефонски разговори помеѓу високи партиски функционери на СДСМ и новинари, кои г-динот Верушевски му ги пуштал на нашиот претседател да ги слуша изворно во неговиот стан во населба Аеродром.

ВМРО – Народна партија длабоко е уверена дека г-динот Верушевски повеќе од 20 години прислушува луѓе од власта и од опозицијата и со тоа нивните судбини и професионални кариери ги ставал во заложништво на еден човек или потесна група на луѓе.

На ваквата крајно недемократска пракса со која се повредуваат основните човекови права на граѓаните, сметаме дека конечно треба да и се стави крај во Р. Македонија“, пишува во соопштението на ВМРО-НП.

A1O
30-05-2015, 01:14 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#3

Охо што тоа се крчка во удбашкиот камп? или ова Јордан ни фрла пепел в очи...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
30-05-2015, 07:57 PM
Reply