Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВАКСИНЦЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:[Image: VAKSINCE235e.jpg]



Mimoza Ristova
16 mins · Edited ·

ВАКСИНЦЕ 2007 -COLD CASE

Им сугерирам на истражувачките новинари во РМ да направат малку напор и да ја откријат вистината која може да даде корелација со случаите Смилковско езеро и Куманово--2015. Сметам дека истрагата треба да оди во следнава насока - да ги најдат имињата на амнестираните УЧКИ од страна онаа патетична рапсодија во успорен биоритам, наречена Хорхе, од 2011 па наваму (најверојатно ги имаат објавено во Сл. Весник на РМ). Потоа сугерирам да се споредат со имињата на учесниците во таканаречениот терористички напад на Куманово, за да се види дали има накакво совпаѓање. Кај мене се јави сомнеж и ташка јанѕа дека, всушност, овие криминалци (или несреќници) братучедите си ги амнестираат само за да можат да ги употребуваат како темпирани бомби во највалканите работи на Мијалковото подземје. Очекувам дека во тие 30 или овеќе такозвани терористи ќе има понекој и од амнестираните. Инаку, скепсата интензивно ме зафати откако се сетив на следниот факт: постои еден затвореник-УЧКА во Идризово кој е екстрадиран 2007 од Косово. Името му е Командант Туши (Заим Халили) инаку вук на убиениот командантот Џејми Шеј. На барање и поплака одТуши до Хелсиншки Комитет (ХК) на РМ, ние обавивме посета во Идризово. Таму слушнавме обвинение од Командантот кој трдеше дека полицијата всушност самата си ја убила полициската патрола кај Ваксинце, а го наместиле него. Туши ни ги покажа прострелните рани низ целиот негов стомак и некако упорно тврдеше дека му се нанесени со истото оружје со кое била застрелана патролата. Ме убедуваше да го најдам семејството на наводно од Туши убиениот албанец-полициски Командир, слободно да ги прашам дали веруваат дека Туши е неговиот убиец. Звучеше страшно и суреално сето тоа што го говореше, иако изгледаше ментално сосема здрав во другите унакрсни муабети.

Всушност, Туши не имаше нас од ХК повикано за да ни се поплаче дека затворскиот психијатар му врши катадневна пресија за да се согласи на соработка со Мијалков. Туши ми даде и некаков телефонски број и име од човек кој му се јавува и му дава нечесни понуди. Ме молеше да проверам дали е човекот од ДБК, а јас, секако дека се плаше да ја извршам оваа проверка, со оглед на стравот и трепетот што веќе владееше во тоа време (2012), кога ќе се спомнеше личната именка - МИЈАЛКОВ. Како и да е, Туши тврдеше дека за возврат му била понудена АМНЕСТИЈА. Овој, пак, се плашеше да се согласи затоа што знаеше дека "овие криминалци 100% ќе го употребат во некоја валкана игра", само не знаеше точно каква. Беше убеден дека после завршената валкана работа, ТИЕ ќе го ликвидираат. Бараше од нас заштита. Хелсиншки ја немаше таа ингеренција. Се погриживме единствено затворскиот лекар да му ја укажува лекарската помош која му беше неопходна, со оглед на хернијата од стомакот од 10-тината куршуми што завршиле во неговиот стомак и слабата циркулација во екстремитетите, во која се уверивме и самите.

Сега веќе, после расветлувањето на сите овие бомби и иконографијата на трагедијата на Кумановскиот Холивуд, сметам дека може комотно да се покрене барање за нова истрага. Можеби Заим Халили ја говореше вистината!? Вреди човек да се заложи за расветлување на оваа мрачна дамка од арсеналот на гнасотии на Јанкуловска и Мијалков за да човекот си ги добие своите човекови права загарантирани со Уставот на РМ.

Екстрадиран Заим Халили, ќе му се суди за убиството кај Ваксинце

МВР ја крие вистината, обвинува братот на убиениот командир кај Ваксинце
(This post was last modified: 27-05-2015, 09:19 PM by ЈорданПетровски.)
27-05-2015, 09:16 PM
Reply