Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГО ВПРЕГНА ЉУПЧО ВО ОДБРАНА НА ГРУЕВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Георгиевски проценува дека прислушувале и МВР но и структура на стари Удбаши поблиски до опозицијата. Тој тврди дека целата работа одела кон дебела казна за Заев која му ја спрема власта и му препорачува да биде иницијатор за амнестија сега, за после други да не ја договараат негова амнестија.

Се ортачеше Љупчо со Б.Ц а со тоа и со Веруша, Боки Бургија а сега оп шпиони биле. Тешко е кога јајцата се во процеп.
16-04-2015, 12:01 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:СДСМ со одговор до Љубчо Георгиевски

[Image: timthumb.jpg&h=auto&w=620&zc=1]

Фокус 16 апр 2015, 11:25

По вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, дека власта и опозицијата треба да се договорат за амнестија за разрешување на политичката криза, од СДСМ истакнуваат дека нема да има амнестија за никого.

-За да нема дилема и за актуелниве и за бившите, демек добронамерни: Не се преговара и нема да има амнестија за никого, истакна Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
16-04-2015, 11:50 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

16-04-2015, 11:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

За ЉуПчо нема да треба да се чека да се отвори неговото досие. Стаса катиљ ферманот од СДСМ и за Љупчо!!

17-04-2015, 01:28 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#5

И ВМРО-ДПМНЕ со соопштение го отфрли предлогот на Љубчо Георгиевски за амнестија за политичкиот криминал на сите инволвирани страни, вклучително и групата на Верушевски.
17-04-2015, 12:05 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#6

Изјавата на Заев за Љубчо е ептен мафијашка, рекетарска... Не само кон Георгиевски, туку и кон сите други. Или ќе бидете со мене или ќе ве компромитирам.

Вака чекаат и со ДУИ, праќаат суптилни пораки, но не смеат да одат предалеку.

Гадно е вака да водиш политичка борба. Не знам до кога во Македонија политичките просеци ќе ги водат луѓе од тајните служби, што би рекол Љубчо, удбашите. Уште на времето од осуммината до денес, на сите промени, потреси, коренот бил во тој змијарник.

Инаку, против сум предлозите на Љубчо и за амнестија и за влада без изборен легитимитет која ќе направи дури и компромис со Грција. Ај, што сум против компромис, затоа што се помалку верувам дека тој може да биде во наша корист, а уште тоа да го направи Албанец, со тоа уште повеќе ќе се влошат меѓуетничките односи. Не само тогаш, туку засекогаш ќе остане таа рана дека Албанците го смениле името на државата. Како може тоа да излезе на добро?

Исто сум и против амнестија. Иако ме зачудува што една група на новинари, аналитичари, интелектуалци, експерти и како уште ги викаат, се исчудуваат на предлог за амнестија, а 2001 година не мислеа така.

И таа теза за Верушевски, Костовски и Лазаревски, мислам дека му е издржана.

Мене навистина малку ми е страв од демократијата што треба да ни ја донесат вакви луѓе предводени од ’патриотот’ Верушевски. Се јавува и ’демократот’ Бабановски... Поради принуден одмор го снема Цобе, а таман повторно од него правеа херој новинарите блиски до левицата. Како му се одушевуваше Билјана Секуловска, а штета не стигна да гостува кај Оливера, изгледа има нешто што ги превлекува кај него, нашите новинарки паѓаат на некој ’удбашки шмек’. Icon_razz

17-04-2015, 04:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(17-04-2015, 04:40 PM)acko Wrote: Изјавата на Заев за Љубчо е ептен мафијашка, рекетарска... Не само кон Георгиевски, туку и кон сите други. Или ќе бидете со мене или ќе ве компромитирам.

Ме буни една работа а тоа е што ЉуПчо вели УДБа!! Ама УДБа беше кај ЉуПчо, поточно УДБа го купи ЉуПчо, тој одработуваше за УДБа. Груевски само продолжи онаму каде што Љупчо застана. Силјан Аврамовски е човек на УДБА, најврен следбеник на идеите на Слободан Милошевиќ а да се потсетиме силјан до пред некој месец беше заменик на Сашо Мијалков.
17-04-2015, 06:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Легендата за Љубчо Георгиевски и неговиот политички брат Груевски

[Image: 21687golema.jpg]

Биљана Секуловска, НОВА | 18-04-2015

Апелот за амнестија на функционери од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од страна на екс-премиерот и сегашен добростоечки бизнисмен Љубчо Георгиевски е разбирлив, зарем не? Тоа е очајнички апел најмалку за политичко преживување и опстанување, тоа е пред се крик на новокомпониран милионер, кој под сомнителни и никогаш истражени околности стана сериозно богат човек со повеќе адреси на живеење (информациите говореа за бугарско државјанство, никогаш докажано), претходно амнестиран од странскиот фактор само за да стави потпис на Рамковниот договор и потоа да го снема најмалку засекогаш од политичката сцена.

Но, ништо не може засекогаш да ја спречи желбата за политичка моќ и влијание, како што засекогаш не може да го снема стравот од последиците- во случајов стравот на Георгиевски од досието кое Груевски го поседува за него.

Кој во такви околности не би го бранел егзектуторот кој е деноноќно и доживотно наведнат над главата на жртвата и со едно кревање на раката му пресудува?

Како вели Георгиевски- амнестијата ќе важи за обете партии, затоа што "и двете страни се спремаат за период кога ќе има многу апсења, и ако влеземе во тој циклус, никогаш нема да излеземе од кризата и после некое време пак ќе дојдеме до тој момент да има амнестија".

Јасно е- Георгиевски воопшто не стравува за можното затворање зад решетки на Заев, како што не се плаши ниту пак за иднината на Груевски и неговиот евентуален крај преку судска завршница.

Неговата студена пот е само негова, само за сопствената кожа- дебела, повеќеслојна, која со тек на времето, како што поминуваат годините се лупела и излитувала, за докрај да го покаже грдото и деформирано лице на македонската политика. Георгиевски апелира само за себе и за никого и ништо повеќе.

Што вели легендата после овој предлог на Георгиевски, каде го обвини и лидерот на опозицијата дека еднакво прислушкувала неговата партија како и владејачката? Дека многу брзо потоа разговарал со Заев на оваа тема и му ветил- ако види докази дека прислушкувањето е дело на Груевски и неговата фамилија (роднинска и политичка), јавно ќе му се извини.

Доблесно, зарем не, особено кога треба да се спаси онаа кожа погоре опишана, затоа што Георгиевски знае што можат да содржат бомбите за него, лентите од прислушкуваните разговори каде тој договара политички и други комбинаторики, а во исто време се претставува во јавноста како лут опонент на Груевски, загрижен за иднината на Македонија. Во светската политичка историја ќе сретнете многу, многу загрижени и вознемирени политичари за сопствените земји, вредни за почит.

Сетете се само на политичката врхушка од Екваторска Гвинеја, која во 2014 се спогоди за амнестија на политичките криминали, во обид да ја седне на заедничка маса опозицијата (во егзил, избегана и протерана, како и онаа која гние низ затворите на земјата) и власта, која низ политички канибализам, тортура, убиства, произволни апсења и изживувања по затворите, тотална репресија на опозицијата (не само партиската, се разбира), систематска корупција и изборни фалсификати владееше со децении.

Затоа, ја разбирам надежта на Груевски. Неговите очи се свртени кон претседателот на пријателска Гвинеја, Теодоро Обианг Нгуема, кој во 2013 на изборите победи, со 99 пратеници од 100 во Долниот дом и 54 од 55 во Сенатот. Обианг оваа политичка амнестија ја нарече бришење на државата, а беше иницирана, или поточно силно притисната од меѓународната заедница, која донесе одлука за негов крај, без најава, но и очекувано, ако ја имате на ум практиката на предолго игнорирање и денот кога доаѓа на сцена студениот поглед и треснување на дебелото досие пред премногу долго толерираниот "државник", кој ништо не научил и не запаметил од историјата на неговите политички браќа низ светот.

Инаку, оваа амнестија се однесува на сите граѓани обвинети за политички криминал, без разлика дали ја служат казната или не. Оттука, не се однесува на Обианг и неговата фамилија (роднинска и политичка), чиј дел на имот е запленет од американската и француската влада а истрагата за злоупотребите и злосторствата продолжува- да му ја кажам докрај приказната на Груевски за чудните патишта на aмнезијата и амнестијата за неговите пријатели низ светот.

"ОПЕРИСТИТЕ" ги погоди многу изјавата на ЉуПчо па реагираат како изневерена љубовница.
18-04-2015, 12:35 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#9

Ljubco dade edna domakinska ,predlog koj ne e po naracka na Nikola Gruevski a e arna za site inajkorisna za VMRO-DPMNE vo idnina.
Izjva e dadena vo vreme koga na gosti ni doaga epten filjan gostin.Znae Ljubce sto e toa ja ima nauceno lekcija od svoi greski od 2001-02.
Toj dobronamerno bara amnestija za politicki losotiliaci i za ukradnati pari izneseni nadvor i za tie pari amnestija.Vrakanje doma u MK.
Ovoj predlog mora da dopre silno do Nikola Gruevski i toj mora toa da go ima kako joker vo pregovori.
Da bara amnestiranje na pari od negovo vladeeenje i vrakanje vo MK a isto toa da e i za pari miljardi od vreme na SDSM.
Toa e samo spas vo sekoj pogled.Sloboda za idnina.
Inaku VIP gostin e dojden kako visok politicki prestavnik , samo neupateni ne znaat sto sledi ako poraki i baranja od ovoj fin ugladen politicar ne se sprovedat.
Potoa sledi ......toa Ljubce ke treba da mu kaze na Nikola pod itno a moze i javno.
Makedonija nema drug pat duri nema ni alternativa sem NATO.
Koj toa ne go razbral neka go prasa i vidi Ljubceta.
18-04-2015, 09:22 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#10

Љубчо Георгиевски тврди (буквално така кажа ) дека СДСМ е УДБА .Дека тие прислушкуваат .
Ова е такво време за никого да не ствааш рака у оган да гарантираш .(еве јас лично не би отфрлил ниту таква можност како некаква претпоставка )
Само Љубчо тоа што го тврди да стане вистина треба да приложи барем еден доказ оти вака е само негово лично мислење –претпоставка .Кога Љубчо тоа го тврди нека повели нека приложи некаков доказ .
Има тука многу многу нелогичности во ваквото тврдење на Љубчо.

На пример ако СДСМ е УДБА тогаш испаѓа дека СДСМ е во коалиција со ДПМНЕ .
Токму така .
Затоа што се знае дека цела држава денес е заложник на Мијалковци –Груевци а овие се докажани КОС (контраобавештајна служба на ЈНА ) која после распад на СФРЈ цела архива остана во Белград .А КОС беше многу помоќен од УДБА бидејќи оперираше и во странство .
Еве :

1)
Сега е јасно дека Мијалков не бил случајно сменет во 2000-та година!

Интервју со Горан Митевски, поранешен директор на УБК

Фокус 21 мар 2015,

Кога некој многу години работел во МВР, при што бил и директор на УБК (од 1999 до 2001 г.), а за време на широката коалиција, пак, (мај 2001 до ноември 2002 г.) ја извршувал функцијата директор на Бирото за јавна безбедност, тогаш може да смета за вистински соговорник за контроверзиите со акцијата „Пуч“ и „бомбите“ на Заев.

Во разговорот за „Фокус“, Горан Митевски тврди дека е невозможно странска служба да прислушува над 20.000 лица повеќе од 4 години.

Верзијата со комбето, пак, ја смета и апсурдна.

Иако обвинителството и судството ги оценува како контролирани од власта, сепак верува дека во процесот по кривичните пријави на опозицијата ќе се откријат интересни работи.

Особено зошто Сашо Мијалков бил сменет од функцијата помошник на министерот за безбедност и разузнавање во ресорот Одбрана во владата на Георгиевски!

Инаку, Митевски заминува од МВР со доаѓањето на Хари Костов за министер

Разговараше
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”

http://fokus.mk/fokus-express/sega-e-jas...ta-godina/

2)
брoj 412 24.03.2015

СЕМЕЈНИТЕ САГИ НА "КОМУЊАРИТЕ" ВО ТЕФТЕРЧЕТО НА ЈАНКУЛОВСКА

НАЈМОЌНИОТ
Најмоќниот човек во земјава - Сашо Мијалков, што, ако ништо друго му го признаваат оние кои тоа не мораат - албанските функционери од двете партии, се според вмроовскиот јазик - деца на комунизмот, односно на тогашниот систем.

Јордан Мијалков беше висок функционер во СРМ и влезе во новата власт кај премиерот во експретската влада. Никола Кљусев, професор и академик уште од "оние времиња". На Википедија го нема минатото на овој министер за внатрешпни работи (!) во првата влада по осамостојувањето.(март - декември 1991). Небаре тој паднал од небо!

БЛИЗОК СО ЈНА Како што пишувавме во Глобус, колегата Александар Чомовски во едно свое пригодно сеќавање на Јордан Мијалков, а по повод одбележувањето на петнаесеттата годишнина, од неговото загинување во сообраќајната несреќа кај Врање на 19 декември 1991 година, ќе го опише како исклучително впечатлива личност, велејќи дека многумина го доживувале како џемсбондовски карактер (претприемчив, понекогаш до своеглавост). "Иако министер", вели Чомовски, "тој во еуфоричната и подгреаната атмосфера околу историскиот потфат на осамостојување на Македонија од некогашната југоловенска федерација, често знаеше да се однесува како да е 'бодигард' на премиерот Кљусев".

Инаку, во заслугите што му се припишуваат за сегашна Македонија, некои извори велат дека Јордан Мијалков е еден од неколкутемина што го иницирале и го организирале доаѓањето на Киро Глигоров од Белград. Освен ова, тој ќе се покаже кадарен и во некои операции, сврзани и со одреден ризик, а во врска со расчистувањето на односите на новата македонска власт со тогашната ЈНА, чии единици во тие кризни времиња се' уште беа присутни на територијата на Македонија (меѓу другото, тој ќе раководи со одземањето на регрутната евиденција од архивите на ЈНА, но и со некои акции на одземање формациско оружје од армиските складишта).

Добрите врски што отсекогаш ги имал Јордан Мијалков со "структурите" на старата власт, се чини, ќе бидат и главната "опашка" што многумина, подеднакво од едниот или другиот од главните политички табори во земјава, му ја прикачуваа. Овие шпекулации за неговата наводна поврзаност со структури на КОС, злогласната служба на југословенското воено разузнавање, некои ќе ги врзуваат и со своевременото негово назначување за трговски претставник на "Макотекс" во Прага (се знаело, наводно, кој оди на такво место), приказна поради која некои како "глумење" го доживувале и неговото позиционирање како македонски националист, дури и во времето кога за такво нешто се губела кариерата. Прага е битна за денешните Мијалкови, кои веројатно се сеќаваат дека во 70-тите години беше центарот на т.н. контрашпинажа на Југославија кон СССР. Важеше за источноеропска Казабланка а таму се праќаа претставници од големите гиганти како Макотекс, Технометал (подоцна Технометал-Вардар), Интеримпекс ... Немаше на такви позиции случајни луѓе!

СЛАВНА ЕПИЗОДА

На ова линија, на пример, ќе биде толкувана и славната епизода со приватната средбата што тој ќе ја организира во 1991 година, во својот штипски дом, со некои тогашни главатари во ЈНА, вклучувајќи го и шефот на КОС, Ацо Василевиќ, инаку, негов долгогодишен познајник. Конечно, на таквите наводни врски се испреде и шпекулацијата дека неговото загинување кај Врање е, всушност, атентат (според едни организиран од српските рзузнавачи, според други од луѓе од опкружувањето на Киро Глигоров, а според трети дури и од некои негови соперници од таборот на ВМРО-ДПМНЕ), "варијанта" што ја актуализираше и неговиот внук, тогаш главен опозициски лидер.
итн
Така се покажува дека ДПМНЕ нема своја кадровска база ако не земе од "комуњарските семејства".

http://globusmagazin.com.mk/?ItemID=554A...D85855355B

(ова е само дел треба да се прочита и за другите комуњари на кој се потпира ДПМНЕ )

Љубчо Георгиевски кој и самиот бил члан Комунистичке партије а знеме на што се беа спремни тие луѓе само да станат членови на Комунистичка партија на Југославија (газолижачи невидени) сега да раскажува прикаски за УДБА судба итн ....нека иде мало нека шета мечките будалиот мисли некој му верува .

19-04-2015, 12:39 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

(19-04-2015, 12:39 AM)Flok Wrote: Затоа што се знае дека цела држава денес е заложник на Мијалковци –Груевци а овие се докажани КОС (контраобавештајна служба на ЈНА ) која после распад на СФРЈ цела архива остана во Белград .А КОС беше многу помоќен од УДБА бидејќи оперираше и во странство .

ордан Милаков доживеа сообраќајка затоа што од "ОПЕРА",творец на "ОПЕРА" беше КОС, премина во редовите на Миошевиќ, во УДБа.
Ке имаше уште сообраќајки ако на почетокот на 1992 година Милошевиќ не го уапси генерал Васиљевиќ и останатите од врвот на "ОПЕРА".
Васиљевиќ во втората половина на деведесетите се активираше повторно ама како човек на Милошевиќ.
Милошевиќ проценил дека во Македонија нетреба да го ичисти КОС бидејки ке нема кој да глуми повекепартизам. битката за власт помеѓу КОС и УДБА посебно откако ВМРО е надвор од игра, нема човек веке во врвот на ВМРО ДПМНЕ кој е вистински носител на идеата на ВМРО.
Така да ДПМНЕ е 102% УДБа. "ОПЕРА" пред некоја година под водство на бившите луѓе на УЈДИ се појави под ново име: БАЛАКНСКА ТРАНЗИЦИОНА ПРАВДА !!!
19-04-2015, 12:57 AM
Reply
трендафил Offline
Member
***

Posts: 166
Joined: Jan 2010
Reputation: 3
#12

Според тоа што е познато во јавноста мене ми изгледа дека СДСМ е единствениот што се обидува да профитира од прислушкувањето. Без разлика дали во обидот да ја урне власта или да го замолчи сега Георгиевски. По мојата логика, ако е прислушкувана власта, таа е жртва. Дали сторител не СДСМ или се работело за приватна компанија во рамките на МВР која работела за секој што ќе и плати, освен за власта за која прислушкувала за плата во рамите на законите, со уреден налог кога се работело за криминал. Со забелешка дека веројатно СДСМ секогаш знаела кога има таков налог за некој нејзин член. Иначе најидиотски е обидот на Заев да ја обвини жртвата на прислужкувањето, власта, дека прислушкувала странски дипломати. Во обид да ги придобие странците. Резултатот е што сега странците се на страната што инсистира на правна разврска.
19-04-2015, 12:49 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#13

(17-04-2015, 04:40 PM)acko Wrote: Изјавата на Заев за Љубчо е ептен мафијашка, рекетарска... Не само кон Георгиевски, туку и кон сите други. Или ќе бидете со мене или ќе ве компромитирам.

Дали Заев со снимките уценува , рекетира итн?
А од друга страна ја имаме поддршката на Љубчо Георгиевски на Груевски и ДПМНЕ кој со ваквите презентирани снимки од ЗАев и СДСМ и ЛДП сакаат да се престават како ЖРТВИ па како такви народот треба нив да ги сожалува .
Но дали навистина ДПМНЕ е жртвата како што сака да се претстави во јавноста
Ајде вака :

1)
Мрачниот Коњаник отвори тема “Иднината на Заев и неговите бомби” кога Заев почна да ги објавува првите бомби каде пласираше теза дека на Заев му спремаат пуч во смата СДСМ дека неколку пратеници ќе му откажат послушност и ќе се вратат во СОбрание да изиграваат опозиција .И јас му реплицирав дека тоа го кажа Латасна вестите дека 8- 10 пратеници од СДСМ за 7 до 14 дена ќе се вратат во Собрание и дека тоа е од СИГУРНИ ИЗВОРИ .

Епа сега Латас прв дознава . “Вечер прв дознава” .......значи ДПМНЕ сеуште И СЕГА прислушкува (повеќе од сигурно ).
И сега јас и во таа тема прашав ако ДПМНЕ и Латас итн ги уценуваат буквално пратениците на СДСМ а ете тие снимки дошле во рацете на Заев .....чекај бе па Заев нее ќопав да го направи истото .
А ете снимките од ПИМ кога Груевски го местел Заев од СУДОТ исчезнале и “Сител прв дознава” цело време ги вртеше и ги стави на you tube .Зврелвски демек побара од МВР да се најде кој ги украл снимките и како тие стасале кај Латас во Сител ама сеуште нема никаков одговор .

2)
Лудиот крал

Колумна на Ида Протуѓер Вељковиќ

Фокус 15 мар 2015,

Груевски, не само што е „разголен“, туку и пред поширокото граѓанство се урна митот дека тој е семоќен, интелигентен и способен.

Се силел со парите што сме му ги дале на располагање заедно со довербата на мнозинството гласачи. Така купувал институции, гласачи и медиуми.

Со прислушување бил чекор пред конкурентите, а со уцени и пресија врз институциите каде што поставил свои послушници го окупирал и го приватизирал целиот државен апарат.

Пишува
Ида ПРОТУЃЕР ВЕЉКОВИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”
http://fokus.mk/fokus-express/ludiot-kral/

3)
Ете до денес Заев презентираше 23 “бомби”

ДПМНЕ за една од нив таа со израелската провизија директно ПРИЗНА дека е оргинална а за другите 22 дека се сечени монтирали лепени итн

Еве Заев и Кекеновски му “фрлија ракавица” на Груевски и ДПМНЕ

A)
Заев од Штип: Груевски да каже што е точно, што е делумно точно, а што неточно

од НОВА | објавено на: 19-04-2015

Ајде овде од Штип да го прашаме Груевски. Од сето тоа што е презентирано во јавноста, од сите тие, преку 220 разговори коишто ги слушна цела Македонија и целиот свет: Никола Груевски, што од тоа е точно? Што од тоа е делумно точно? Што од тоа е неточно?, ова се дел од прашањата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој ги упати до премиерот Никола Груевски од градот Штип.

- Сé е точно, почитувани граѓани. Готово е. Нема бегање од вистината. Злобата може да ја напаѓа, незнаењето може да ја исмејува, но на крај, вистината секогаш победува. Таа е една и единствена. Готово е Груевски. Не поминува лагата. Заврши твоето владеење. Доаѓа времето на слобода, на демократија, на правда, во нашата Македонија. Ова е борба на сплотен народ. Единствен и по нација и по вера и по етникум. Сите заедно сме сплотени, слободарски, против врхушката на власта. Заедно сите за исконските цели, слободата и демократијата во нашата земја.Ајде, сите заедно, здружено, да си ги вратиме слободата и демократијата во нашата земја. Ајде сите заедно, здужено и сплотено, да бидеме горди граѓани на демократска Македонија – истакна Заев при неговиот говор во Штип.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21713

Не поминува лагата Груевски, заврши твоето владеење!

Б)
Форум на слободоумни патриоти: Ако разговорите се сечени, лепени, монтирани, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нека ги објави интегралните материјали

Од таму додаваат дека се чувствуваат згрозени од насилничкиот карактер на објавените разговори

Фокус 20 апр 2015

Форумот на слободоумни патриоти велат згрозени се од насилничкиот карактер на објавените разговори, од кои “јасно се слуша како се планираат и подготвуваат демонтрации и насилства за упад во просториите на општина „Центар“.

- Со ваквата диригирана демонтрација на сила тешко е нарушен демократскиот углед на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо одговор, раководството на ВМРО-ДПМНЕ со истечен партиски мандат, веќе три месеци рециклира едно те исто, неписмено соопштение, со кое се обидува сите во државата да ги направи глуви и слепои идиоти. Со овие несреќно репетирани соопштенија Центарот за дезинформации на врхушката практично признава две работи: прво дека разговорите се веродостојни, и второ, кога веќе се сигурност тврдат дека станува збор за “сечени, монтирани, прилепувани и вадени од контекст материјали“, тогаш, ги повикуваме да ги објават интегралните материјали, се вели во соопштението на Форумот.

Форумот го повикува чесното и вредно членство да не дозволи да биде искористено како статист во претставите за лажна мобилизација и поддршка. Со тоа велат, ниту и се помага на партијата, ниту нешто се решава, ниту, пак раководството нешто ќе спаси.

http://fokus.mk/forum-na-slobodoumni-pat...aterijali/

21-04-2015, 11:25 AM
Reply
трендафил Offline
Member
***

Posts: 166
Joined: Jan 2010
Reputation: 3
#14

Ајде да почнам од назад, На секој не многу под просечно интелегентен човек му е јасно дека прислушкуваните разговори ги има тој што прислушкувал. Не прислушкуваните. Па со самото тоа и не може да ги објави целосно.
Што се однесува до СДСМ со години смета дека ќе победи на избори, а никогаш не бара избори. Дури ни сега не се поставува рокот во кој евентуална техничка влада би требало да спроведе избори. со напомена дека и сега изборите не ги споменува власта туку тоа го прави државната изборна комисија. Која не ја води премиерот, туку претседател нкој е член на СДСМ. Нешто што го бараше токму СДСМ. Одлука на оваа партија е и дека единствени кои одлуѕчуваат за времето на избори се пратениците. Дека тоа право го немаат ниту граѓаните со референдум, Таа одлука ја донесоа откако веќче имаше собрано потписи за референдум во 1996 година. По изборната кражба во 1994та.
Ајде да напишам и дека последниот инцидент во Гошинце се случи во изборна единица во која скоро 100% од гласачите гласаа за Црвенковски по атентатот врз Борис Трајковски.
21-04-2015, 08:27 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#15

(21-04-2015, 08:27 PM)трендафил Wrote: На секој не многу под просечно интелегентен човек му е јасно дека прислушкуваните разговори ги има тој што прислушкувал. Не прислушкуваните. Па со самото тоа и не може да ги објави целосно.

Дали ДПМНЕ навистина ги нема ОРИГИНАЛИТЕ од аудио снимките

Еве и после последната “ бомба бр 24 “ на Заев – СДСМ го имаме повторно истато соопштение на ДПМНЕ кое го верглаат и сите министри и Груевски .

Еве :

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев се крие зад сценариото со венецот

од НОВА објавено на: 22-04-2015

Кога станува збор за медиумите, СДСМ лицемерно ги извртува фактите и преку СЕЧЕНИ , ЛЕПЕНИ , ПРИЛЕПУВАНИ и МОНТИРАНИ МАТЕРИЈАЛИ ставани во ПОГРЕШЕН КОНТЕКСТ , јалово се обидува да изгради манипулативна слика со цел да ја продаде како апсолутна вистина. Единствената работа врз која СДСМ се потпира се монтирани и сечени разговори, кои не можат да го избришат срамното делувањето на СДСМ, нивните афери и десетиците скандали поврзани со медиумите.

http://www.novatv.mk/index.php?p=1&navig...vest=21810

Еве таксативо наброено да биде појасно :

1)
СЕЧЕНИ
2)
ЛЕПЕНИ
3)
ПРИЛЕПУВАНИ
4)
МОНТИРАНИ

И поента на сето тоа е како вели ДПМНЕ би било од соопштение (и сите соопштенија до сега освен за Израелска провизија кое го признаа во целост) е ова :

5)
ставани во ПОГРЕШЕН КОНТЕКСТ

Е сега што открива ваквото соопштение на ДПМНЕ :

1)
СДСМ досега не негираше дека снимките се сечени лепени монтирани а да сака неможе а и несака .Зошто ?
Па на сите досегашни прес конференции за бомбите и на сите митинзи освен аудио снимките СДСМ има поставено и видео бим каде паралелно со аудио звучниот запис оди и .......ТЕКСТУАЛЕН ЗАПИС - транскрипт .
Но тоа не го прави аудио записот дека е лажен .

2)
Кога збориме за бомбите што ги презентира СДСМ цело време се збори за ПРИВАТНИ разговори .Нели го имаме Ставревски како пцуе на снимките тоа значи дека ваквите разговори не се лепени , сечени итн од ЈАВНИ НАСТАПИ каде Ставревски никогаш не пцуе на пример (има и многу слични примери со други министри) туку од ПРИВАТНИ РАЗГОВОРИ како велат дека се и СЛОБОДНИ разговори бидејќи луѓето не се припазуваат како на јавни настапи па послободно се изразуваат .

Е тука ДПМНЕ самото се фаќа во лага

1)
Ако ДПМНЕ го нема оригиналите од ваквите ПРИВАТНИ разговори тогаш од каде знае дека се сечени лепени прилепувани итн.
2)
Ако ДПМНЕ ги нема оригиналите од ваквите ПРИВАТНИ разговори од каде знае кој е вистинскиот КОНТЕКСТ на раговорите .Ете јас (Flok) цело време вадам цитати од контекст ама барем до сега оставам адреса каде луѓето-читатели-дискутанти можат да проверат дали извадениот од контекст цитат ја менува вистинската смисла содржина на тесктот и дава некое друго значење кое нема врска со вистинските намери на авторот на тектот.
3)
ДПМНЕ никогаш не негираше дека гласовите на аудио снимките се оригинални од Груевски , Мијалков итн За ДПМНЕ не се спорни гласовите –аудио записот на учесниците во тие снимки. ДПМНЕ цело врем го спори контекстот .Е да ама како ДПМНЕ како ПАРТИЈА може да го знае контестот на ПРИВАТНИ разговори на пример меѓу Јанкуловска и Ставревски Како ПАРТИЈА може да го знае само ако ЦЕЛО ВРЕМЕ ги снимало што ќе рече ги имало ОРИГИНАЛНИТЕ аудио записи .

Хахахааа хахаах
Ма јасно е дека “странските служби” цело време снимале приватни разговори и тие странски служби се викаат ВМРО –ДПМНЕ .

Ај ќе повторам :
А)
Ако аудио записот бил лажен монтиран итн тоа значи дека Верушевски и другите си играле ташак со Заев .Па тогаш зошто има осудени дека шпиунирале .Ако се лажни не требаше да бидат затварани за шпиунажа туку да добијат евентуална дисциплинска опомена од Мијалков друг пат да не си играат со други луѓе ,Заев ќе ги тужеше за нарушување на приватноста и толку .

Б)
Ако аудио записите беа лажни зошто Груевски “се окозил” да го намести Заев со скриени камери во премиерскиот кабинет.

В)
Ако снимки беа лажни - лажирани зарем Груевски Мијалков итн ќе дозволеа Заев да ги брука низ цела Македонија и светот .
Итн итн.

Јасно е дека и СДМС ги презентира оригиналните снимки кој ете некој патриоти ги украле од тајните служби на Мијалков и му ги предале на Заев и дека ДПМНЕ цело време пред тоа ГИ ИМАЛО и злоупотребувало таквите ОРИГИНАЛНИ снимки.

23-04-2015, 10:46 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#16

(23-04-2015, 10:46 AM)Flok Wrote:

BravoBravo
23-04-2015, 07:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

31-05-2015, 03:18 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#18

Флок го овластија да објави:

Quote:1)
Мрачниот Коњаник отвори тема “Иднината на Заев и неговите бомби” кога Заев почна да ги објавува првите бомби каде пласираше теза дека на Заев му спремаат пуч во смата СДСМ дека неколку пратеници ќе му откажат послушност и ќе се вратат во СОбрание да изиграваат опозиција .И јас му реплицирав дека тоа го кажа Латасна вестите дека 8- 10 пратеници од СДСМ за 7 до 14 дена ќе се вратат во Собрание и дека тоа е од СИГУРНИ ИЗВОРИ .

Епа сега Латас прв дознава . “Вечер прв дознава” .......значи ДПМНЕ сеуште И СЕГА прислушкува (повеќе од сигурно ).
И сега јас и во таа тема прашав ако ДПМНЕ и Латас итн ги уценуваат буквално пратениците на СДСМ а ете тие снимки дошле во рацете на Заев .....чекај бе па Заев нее ќопав да го направи истото .

Не мора никого да прислушкуваш за да извлечеш таков логичен заклучок дека на Заев му предстои смена. Се` што треба е да запознаеш некого од барем НЕКАКОВ СИ погорен ешалон на СДСМ за да заклучиш дека тие луѓе нема туку- така да прифатат да бидат нагрбени со извршување на гнасотиите на Заев и сегашното бункер- раководство на СДСМ.
У Заев веруваат слепо само оние на кои чавката им го испила мозокот. Пратеничкиот кадар од членството во таа партија е свесен дека ако го следат него и неговите директиви, сето нивно време и труд вложено во внатрепартиски сплетки, престрелки и забивање ножеви в грб за да се стигне до пратеничко место ќе им биде залудно изгубено.
Минативе два- три дена повторно низ јавноста проструи изјава на неколку анонимни високи членови на СДСМ дека веќе бараат наследник на Заев. Не мора никого да прислушкуваш, логична постапка е да го тргнеш лудакот Зајо настрана.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
31-05-2015, 09:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

02-06-2015, 02:38 AM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#20

Добро е што Зајко успеа да го испрвоцира Љубчо Георгиевски .

Љубчо заедно со Мирка велат дека Верушевски им давал документи и им пуштал дискредитирачки снимки од Бранко Црвенковски и други од СДСМ .

Прво
Прво Љубчо излегува и кажува дека поседува документи што Верушевски му ги дал и дека му пуштал снимки од Бранко Црвенковски и други од СДСМ и дека ако Зајко пушти снимки од Љубчо (сеуште незнаеме од каква природа криминална или дека цело време соработувал со Грујо или нешто трето )во таков случај Љубчо се заканува дека ќе возврати со контрабомба со документи и снимки од Бранко Црвенковски и други челници од СДСМ .

Второ
Второ Љубчо кочи ретерира се крие зад партиско соопштение на ВМРО-НП дека нема да ги даде документите кој Верушевски му дал и самите снимки кој исто така ги добил од Верушевски туку дека ПАРТИЈАТА ВМРО-НП нема да ги даде на увид на јавноста туку дека ќе ги ПРЕРАСКАЖЕ –рекла казала е работата .

Кире Наумов - профил на Фејсбук
Дали Верушевски ги снимал Мирка и Љубчо додека им пуштал снимки?
Објавеново 31 мај 2015

Мирка била кај Веруш у стан. И Љубчо бил кај Веруш у стан. Дали биле сам по сам или заедно, неважно. Сепак, најголем фраер е оној кој ги има снимките од тоа кога ги снимал Веруш додека овие во станот ги слушале снимките кои им ги пуштал. Ова го напиша Кире Наумов на неговиот профил на Фејсбук откако претходно ВМРО-НП и новинарката Мирка Велиновска објавија дека слушале снимки од Верушевски.

Вчера ВМРО-Народна партија најави дека во некоја наредна фаза ќе прозбори за документите кои, како што вели, Зоран Верушевски му ги давал на Љубчо Георгиевски.

„Тоа се ДОКУМЕНТИ и афери кои се целосно против нивниот тогашен лидер Бранко Црвенковски. Но исто така сме спремни и со задоволство да ги ПРЕРАСКАЖЕМЕ содржините на голем број ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОРИ помеѓу високи партиски функционери на СДСМ и новинари, кои Верушевски му ги пуштал на нашиот претседател да ги слуша ИЗВОРНО во неговиот стан во населба Аеродром“, беше наведено во СООПШТЕНИЕТО на ВМРО-НП.

Претходно, Мирка Велиновска тврдеше дека Верушевски неа и покажувал снимени материјали.

Но сите нив ги изненади Кире Наумов, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање, кој на својот профил на Фејсбук напиша дека „најголем фраер е оној кој ги има снимките од тоа кога ги снимал Веруш додека овие во станот ги слушале снимките кои им ги пуштал“.

http://www.plusinfo.mk/vest/28758/dali-v...tal-snimki

И сега се поставуваат неколку интересни прашања .
1)
Ако Љубчо цело време знаел дека СДСМ е УДБА и ако знаел дека Верушевски поседува приватна шпиунска мрежа ( нели на 18 мај на митинг н ДПМНЕ ова го кажа и Груевски дека имало паралелена агентурна мрежа ) тогаш зошто не го предупредил Груевски .? (ако навистина не го предупредил и доколку навистина таква мрежа постоела )
2)
Зошто Љубчо дозволил таквата мрежа да постои и кога тој беше Премиер ?
Зошто не ја растурил ?
3)
Самиот Љубчо признава дека поседува приватна архива на документи и снимки од познати политичари со кој може да ги уценува .
Дали овие документи и снимки на Љубчо му обезбедиле да се чувствува сигурно и после 2002 година кога СДСМ беше на власт бидејќи можел да им возврати на Бранко Црвенковски и други па дури и јавно да фали дека на криминален начин станал среден бизнисмен .
4)
Дали овие снимки ги имал и Груевски бидејќи неколку пати сум кажал оти е крајно нелогично тоа што Груевски покрај крминалот што го правел додека бил министер во влада на Љубчо и после 2002 година кога СДСМ беше на власт продолжил непречено да се занимава со криминал и да си ја шири криминалата мрежа .Бил недопирлив за полиција и судство и покрај бројни афери кој ги открија новинарите .
5)
Ако навистина СДСМ имал своја шпиунска агентурна мрежа тогаш како е можно Груевски да победува од 2006 година ?Дали таквата мрежа СДСМ му ја отстапил на Груевски оти таков е логичниот заклучок .
После 2006 година кога Груевски доаѓа на власт имаме САМОУКИНУВАЊЕ на СДСМ и активна соработка на СДСМ и ДПМНЕ па дури СДСМ на ДПМНЕ му препушта голем дел од негови политичари но цели разграноци на СДСМ Заев наследи една практично непостоечка партија ..мртва коњина на тркачка стаза

И така сега имаме закани до Зајко од Мирка од Љубчо но индиректно и од Бранко со некој наводни анонимуси дека ќе го сменат од кормило на СДСМ .
Дали ќе биде сменет или не и тоа само по себе ќе говори многу работи .
Но Зајко во ваков случај ОБАВЕЗНО ако има такви снимки треба да ги објави да се разјаснат некој (многу) работи .
Нека објави Љубчо ако навистина има ( јас му верувам дека ги има оти многу работи укажуваат на тоа ) документи и снимки но не откако ретерираше и се криеше зад соопштение на ВМРО-НП дека ќе ни ги ПРЕРАСКАЖУВАЛ .Рекла казала гомна јала .Или ќе ги даде оригиналите или нека не обесува многу .Ете му модел од СДСМ ---- АУДИО ПЛУС ТРАНСКРИПТ .
Нешто што ќе може да се провери со експертиза , со споредба на настани , препознавање на личности итн .А прикаските нека си ги чува за себе .

08-06-2015, 12:09 AM
Reply