Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
РЕВОЛУЦИЈА НА СОВЕСТ ВО МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

(25-03-2015, 12:28 PM)hristo Wrote:
(18-03-2015, 01:20 PM)ЈорданПетровски Wrote: Да те потсетам дека Кекеновски беше еден од носителите на формирањето на сликата дека ВМРОВ ДПМНЕ е пробугарска партија и дека бугарските служби се длабоко инфилтрирани во партискиот врв. Признанвањето на Диневски, Братислав Димитровски дека носителите на бугарофилството всашност биле луѓе на УДБа ниту за милиметар не го разубеди Кекеновски, па така тој и денеска води битрка против бугарофилите. За него не постојат соработници на УДБа и КОС во ВМРО ДПМНЕ....
Еден од обвинуваните за бугарофислтво беше и татко му на Никола .....!! Дали осојузувањето на Кекеновски со синот на "бугарофил" има логика??

пс.на службата по прашање на симпатиите кон север и тоталитарното владеење не и е проблем СДСМ. Проблем е во ВМРО ДПМНЕ, сепак во ВМРО ДПМНЕ има еден процент на членовои кои се за Самостојна и Демократска Македонија и затоа се сиот овој театар за наследник на Груевски. Наследникот на Груевски е промовиран од гласилата на Милчин!!

Не те разбрав добро. Дали Кекеновски кој “ Кекеновски беше еден од носителите на формирањето на сликата дека ВМРОВ ДПМНЕ е пробугарска партија и дека бугарските служби се длабоко инфилтрирани во партискиот врв “ е бил на пробугарофилска позиција или се борел против бугарофилите во ВМРО-ДПМНЕ.


Тука сум дал објаснување:ЈОВЕ, БИТКАТА 1997 ПРОТИВ БУГАРШТИНАТА Е МЕСТЕНКА НА УДБА !! 1


(25-03-2015, 12:28 PM)hristo Wrote: Потоа, ако “ Признавањето на Диневски, Братислав Димитровски дека носителите на бугарофилството всашност биле луѓе на УДБа“ значи ли дека и Димитар Димитров како “ Еден од обвинуваните за бугарофилство беше и татко му на Никола“ ,по логика на Соленик, произлегува дека и Димитар Димитров е човек на УДБА.


Да.



(25-03-2015, 12:28 PM)hristo Wrote: Ако “ Наследникот на Груевски е промовиран од гласилата на Милчин!! “, значи ли тоа дека сеуште мислиш дека Милчин и групата околу него финансирана од Сорос, всашност работи за српските служби?


При толку јасни докази што да мислам друго?
28-03-2015, 01:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:Artan Sadiku

Ние мораме да се здружиме заедно против елитите на двете страни кои за две децении не направија најсиромашен народ и нај неслободна држава во Европа. Еднаш го расцепкаа народот етнички и религиозно, а сега маваат и партиски, но цело време не крадат за тие се богатат, сега и сакаат да не заќутат. Фашизмот се шири во сиромаштија како алва на погреб. Слободата и демократијата ја убија наследниците на приватизацијата, а против нив се борат оние кои ја направија приватизацијата. Во оваа лажна битка нешто не штима! Лебот и слободната реч не можат да се поделат. Лебот и слободата се нашите заеднички цели против узурпаторите и арамиите кои и да се нивните обележја. НАРОДОТ МОРА ДА СЕ СПЛОТИ, пак, од сите страни, од сите фронтови, од сите јазици, села и градови, само народот може да им пресуди на елитите. На која и да е партија да припаѓаат, луѓето пак ќе се осетат како дел од народот, и тогаш ќе ја надминеме оваа партиска превара која не измачува со години. Сите ама баш сите луѓе имаат демократско право да одлучуваат за важните работи во земјава. Да ги оданочиме богатите кои не осиромашија до корка леб, да ги ослободиме весниците кои секојдневно не лажат, да отвориме нова алтернатива која ќе се пресмета со изморената поделба на две партии, две етнички групи и две религии, поделба која на народот му донесе само беда, сиромаштија и молк. На тој народ мора да му се даде глас, да му се отвори процеп во ова невреме на заплашување и бомби, да му се отвори пат да се појави. На овој народ не му треба уште едно ВМРО, СДСМ, ДУИ или ДПА! Нас, ни треба нова сила, која нема да дели туку ќе сплотува, од сите страни ќе сплотува и ќе гради НОВА сила за промена. Промена која ја киднапираа во 91-ва, а ја убија во 2008-ма. Затоа нашиот предизвик е пак оној од почетокот, независноста. Независна Македонија, независен народ кој сам одлучува да се ослободи од канџите на елитите, народно движење од нас кои доаѓаме од улиците против оние од фотелјите.
15-04-2015, 08:14 PM
Reply