Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ГРУЕВСКИ Е ПУШТЕН НИЗ ВОДА ИЛИ ФОРУMЏИИТЕ СЕ САМО СЛОБОДНИ СТРЕЛЦИ ?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#41

Quote:Официјално формирано граѓанското движење „Има иднина“ за нов почеток во Македонија


[Image: 11.JPG]

Здружението на граѓани „Има иднина“ денес и официјално беше промовирано во јавноста во хотелот „Холидеј ин“, во Скопје. Професорот Владимир Лазаревик, поранешниот министер за орбазование Сулејман Рушити, пензионираниот генерал Илија Николовски и професорот Јове Кекенoвски, како главни иницијатори и поддржувачи на идеја за формирање на ново граѓанско движење, за прв пат на едно место отворено проговорија за своите граѓански концепти и идеи, притоа најавувајќи сериозна понуда и платформа за излез од политичката криза и враќање на демократијата во Македонија.

[Image: 22.JPG]

„Минуваме низ мошне тежок период, но тој период нуди и шанса за нешто што се нарекува нов почеток. Затоа и денеска го формираме здружението на граѓани „Има иднина“, за унапредување на демократските и политичките процеси, рече Владимир Лазаревик, еден од главните иницијатори на движењето.

Како што истакна Лазаревик, движењето се случува во едеn исклучително тежок политички момент кој ја создава потребата за ослободување на целокупната креативност на граѓаните независно од нивната политичка, етничка, религиска или бил кој друг вид на припадност.

„Зошто токму сега „Има Иднина“? Секоја криза е можност за нов почеток. Јас сум сигурен дека токму оваа криза, која не само што е политичка, туку е криза на вредностите за кои се залагаме, криза на системот во кој живееме и во кој се изместени основните постулати за тоа што е добро, а што е лошо, што е нормално, а што не е неормално. Што е вистина, а кое е лага“, рече Лазаревик.

„Токму оваа системската криза која кулминира последниве недели, ја раѓа „Има Иднина“ како здружение на граѓани кои сакаат да мислат поинаку. Кои сакаат и можат да им подадат рака на сите граѓани да се обединат. Секој граѓанин да се почувствува важен, да се почуствува свој. Криза, која толку бргу не придвижува кон потребата сите заедно да креираме нов систем преку континуиран процес на дијалог со граѓаните“, рече еден од главните иницијатори на новото граѓанско движење, Владимир Лазаревик.

Иницијативата на поединецот, индивидуалната слобода, првадата и демократијата се вредностите кои се поставени како стожер на гаѓанското движење „Има иднина“, нагласи Лазаревик во обраќањето пред присутните.

Според Лазаревик, „системската криза која кулуминира последниве недели, ја раѓа „Има Иднина“ како здружение на граѓани кои сакаат да мислат поинаку. Кои сакаат и можат да им подадат рака на сите граѓани да се обединат. Секој граѓанин да се почуствува важен, да се почуствува свој. Криза, која толку бргу не придвижува кон потребата сите заедно да креираме нов систем преку континуиран процес на ДИЈАЛОГ со граѓаните.

Најавувајќи ги контурите на ова ново граѓанско движење, Лазаревик рече „отвараме процес на дијалог со граѓаните кој ќе ни овозможи да создадеме систем кој ќе се најбљудува самиот себеси. На граѓаните ќе им по нудиме почетни концепти за дијалог за сите теми, и ќе ги менуваме преку нивниот континуиран придонес. Ке ги согледуваме нивните потреби и ќе го трансформираме системот согласно потребите“.

Пред присутните се обрати и поранешниот министер за образование од редовите на ДПА, Сулејман Рушити, според него „сведоци сме на невиден варваризам и сите се чувствуваме како затвореници во држава која една група на луѓе ја има узурпирано и приватизирано .“

[Image: 33.JPG]

„Тука сум да се урне еден авторитарен режим, кој ги понижува родителите и ги убива нивните деца“, рече Рушити, притоа нагласувајќи дека граѓаните се обединуваат против режимот независно од нивната етничка припадност.

Како граѓанин се обрати и генералот во пензија Илија Николовски, кој потенцираше дека никој нема право да молчи.

„Јас сум граѓанин кој не сака да шепоти и не сака да го исклучува својот телефон. Не можеме да молчиме и да криеме заради нашите деца и внуци. Многу мои колеги ги немаат видено своите внуци затоа што нивните деца заминале во странство“, истакна Николовски.

На присутните последен им се обрати и професорот Јове Кекеновски кој појасни дека здружението нема за цел да стане политичка партија туку ќе делува како граѓанска иницијатива која што ги обединува луѓето коишто се незадоволни од состојбите во државата. За себе лично рече дека останува да биде член на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе се обидеме да ја вратиме довербата во слободата, правдата, вистината, вербата во дијалогот и соживотот. Добредојдени се сите кои мислат добро на државата“, рече професорот Кекеновски.

Од движењето „Има Иднина“ велат дека се стремат универзалните принципи на слобода, правда, демократија и принципите на основните човекови права, да станат реалност во секојдневниот живот, во институциите, во односите меѓу граѓаните и во сите сегменти на општествениот живот во Република Македонија.

Својата основна мисија ја дефинираат како стимулирање на активности и проекти од областа на зајакнување на демократските процеси и капацитети, унапредување на човековите права и слободи, консолидирање на политичкиот систем, унапредување на безбедноста, борба против корупцијата, образованието, здравјето, социјалната заштита, економијата, екологијата како и другите социјални сфери, чиј краен резултат ќе биде понуда на практични решенија и политики за подобрување и развој на овие сфери, се со цел да се понуди подобар живот на граѓаните на Република Македонија.

Во наредниот период од здружението најавија дека планираат да го реализират и првиот проект „Дијалог со граѓаните“, прва конкретна иницијатива која вклучува организирање трибини во повеќе градови, на кои ќе се води директен дијалог со граѓаните.

[Image: 44.JPG]

Помеѓу гостите на денешниот промотивен настан можеше да се забележат истакнати аналитичари, интелектуалци, граѓански активисти, членови на политички партии, универзитетски професори и познати бизнисмени.

Официјалната веб страница на движењето „Има иднина“ може да ја посетите ОВДЕ(imaidnina.mk)
06-05-2015, 02:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#42

Quote:Vladimir Zmejkovski

Bratu Petko so malo zakasnuvanje potstreknat od prethodniot tvoj napis vo vrska so denesnava maskarijada [sabota 20 juni] vo potpolnost go prifakam tvoeto razmisluvanje i jas ke se nadovrzam so moe gledanje na ovie denesni zbidnuvanja.Jas Vladimir Zmejkovski eden od 120 te potpisnici [inicijatori] za osnovanje na partijata VMRO DPMNE vo cetvrtok 18 juni eden den po dodeluvanjeto na plaketite na zasluznite [sovetnici] neli poveke ne postoi Unijata na veterani koja bese kongresna odluka e ukinata na ponizok partiski organ [C.K.na VMRO DPMNE] vo Tetovo na eden drzok ibezobrazen nacin [diktatorski] znaes od kogo so cel da ni dade do znaenje deka toj ke pravi sto saka i se sto moze posto partijata VMRO DPMNE pocnuvala so nivnoto doaganje nacelo so niv odnosno od 1996 god.a koe vo edna prigoda pred moj blizok rodnina go ima kazano isto taka eden negov najblizok rodnina.Nejse da se vratam na prethodnata misla [za cetvrtokot [18 06] vo vecernite casovi dobiv povik na mob .od centralniot stab od nekoe lice Igor so pokana za da odam utre denta [vo petok]da sum si zemal pokana za denesnava maskarijada.A znaes kako gi davale pokanite bez na niv da pisuva ime i prezime .Ke go citiram eden moj bratuced koj e isto od 120 te potpisnici koj licno na povikot od stabot otisol da ja podigne pokanata mi go pokaza beloto pliko [bez naznaka] za kogo e mi rece.'Batko koga vlegov vo prostorijata me preceka edno momce se navdna i od eden paket koj bese otvoren zgrabi edno pliko i mi go tutna vo race znaes kolku bev vo dusata navreden i ponizen jas eden od osnovacite na VMRO DPMNE dali go zasluziv ova i sto misli Grujo deka jas sum samo brojka i podanik vo glasackata masinerija zamislena vo negovata diktatorska nepatriotska glava.I jas nema da odam na toj sobir koj e farsa na koja saka da se fali so brojnost i poddrska od narodot.Isto taka kaza deka dodeka bil vo prostorijata doagale aktivisti na koi im bile davani po nekolku desetici neadresirani plika da gi delat kade ke stignat i na kogo bilo da gi dadat samo da imalo golemo prisustvo.Taka zavrsi rastrevozen mojot bratuced.Pa potoa i jas samiot si rekov Vladimir ne odi i ti da ne go dozivees istoto kako tvojot bratuced.Ako tie[vrhuskata] vo partijata ne ne udostoija izminative 9 god nas OSNOVACITE IVETERANITE na VMRO DPMNE i ne ne pokani na denot na osnovanjeto na partijata 17 juni i da ni kazea samo edno BLAGODARAM ne morase da ni dadat plaketi i odlikuvanja kako na tie [najzasluzenite] od fotografiite sto gi gledam na portalive da ni kazeasamo edno BLAGODARAM zatoa sto nie ja stvorivne ja izgledavme kako roditel koj go cuva i neguva svoeto novorodeno cedo,za da tie sega preku nea [VMRO DPMNE]pravat finansiski matni zdelki ida ziveat vo raskos i razvrat dodeka Makedonskiot narod tone vo beda i ocaj i bega od svojte vekovni ognista ostvajki ja Makedonskata zemja da ja koloniziraat sekakvi inorodni nemakedonski pleminja.Ne za toa ne sum otisol na nieden vas familijaren sobir ne sakam da gi slusam vasite lazni patriotski govori vasite lazni ekonomski uspesi rasprodavajki jaMakedonskata zemja na belosvtski protuvi za licni vasi interesi,ne za toa ne ja vozobnovivme istoriskata VMRO ,i za toa ke se boram protiv site predavnici ilazni patrioti za spas na VMRO DPMNE i nejzino vrakanje vo vo nejziniot pravilen tek,zasto licno smetam deka samo VMRO DPMNE bese i ke ostane branik na MAKEDONECOT od negovo isceznuvanje od ovie prostori.DA ZIVEE VECNO MAKEDONIJA A SO NEA I VMRO DPMNE
20-06-2015, 03:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#43

Quote:Нема да дозволиме поделба на граѓаните


Мотив повеќе за формирањето на форумот е неодминливото чувство на долг кон предците и нивната вековна борба, како и заветот на идните генерации да им обезбедиме поубава и посреќна иднина, вели Владимир Змејковски, во името на, како што посочува, 40.000 члена на форумот

[Image: vladimir-zmejkovski-D-Andonovski.jpg]
ОСНОВАЧИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЗДРУЖИЈА ВО ФОРУМ
Формирањето на Форумот на слободоумните патриоти во ВМРО-ДПМНЕ е принципиелен патриотски и морален одговор на нашата сѐ поголема загриженост за правецот во кој се движи Република Македонија, вели Владимир Змејковски, во своето прво јавно промовирање на ФСП во името на, како што вели, 40.000 члена, кои се незадоволни од актуелното партиско раководство, што гледа со „анимозитет“ кон постарите партиски членови, кои се основачи на партијата. Овој процес, според него, се засилил од седницата на централниот комитет одржана во 2012 година во Тетово, кога на нестатутарен начин Унијата на ветерани се укинува и се сведува на Совет на ветерани без какви било надлежности.

На вчерашниот разговор со Владимир Змејковски присуствуваа и други постари членови, основачи на ВМРО-ДПМНЕ. За мотивите за формирањето на слободоумните патриоти зборуваше искрено, тивко и со одмерен глас, иако не можеше да ја прикрие загриженоста за состојбата во која се наоѓа неговата партија. Вели дека форумот е регистриран на домашна адреса Горноврановска 122, местото каде што пред повеќе од 20 години ја основаат и ВМРО-ДПМНЕ.

- Мотив повеќе за формирањето е неодминливото чувство на долг кон предците и нивната вековна борба, како и заветот на идните генерации да им обезбедиме поубава и посреќна иднина. На сето ова се надоврзува и желбата да се спречи секој понатамошен обид за дезидеологизација на ВМРО-ДПМНЕ како народна партија со демохристијанска ориентација. Верниот и искрен демохристијанин ги отфрла слепата покорност и потчинетост кон секој облик на власт, односно ги отфрла сите облици на авторитарно и тоталитарно владеење. Зошто сега? Подобро сега отколку никогаш. Впрочем, ние постојано укажувавме на недоследностите, но верувајте дека немавме можност тоа да го искажеме на партиските органи и тела.
Партијата ја чувствуваме како наше чедо. Ние не сакавме да бидеме етикетирани како растурачи на партијата. Внимателно го консултиравме членството и затоа дојдовме до заклучок дека форум е една форма што без никакви последици и потреси само ќе ни помогне на сите да ги исправиме сите овие недоследности во тековното функционирање на нашата матична партија, а впрочем и да го оправдаме името ДПМНЕ, како и нејзините цели и задачи поставени со нејзиното основање - вели Змејковски.

Иницијатори и членови на координативното тело се едни од првите луѓе на партијата, истомисленици и незадоволници во партијата. Но, како што нагласува Змејковски, кога вели незадоволници не мисли на незадоволни од функцијата што не ја добиле, туку пред сѐ на патриотите на кои приоритети во нивниот чесен живот им се државата и државните интереси, како и задоволни, а не сиромашни граѓани на оваа наша држава.

- Се работи за огромен број патриоти, кои се заинтересирани за опстанокот на државата, луѓе што не се согласуваат со подмолниот и кукавички начин на сѐ поголемата секојдневна поделба на граѓаните. Се разбира, доколку нешто не штима, сигурно не штима од врвот на партијата и сите оние што во моментот се наоѓаат на високи партиски позиции. Начинот на кој е изменет и дополнет статутот на партијата на седници на централен комитет наместо на конгрес јасно укажува дека на мала врата партијата е централизирана и целокупната власт е во рацете на лидерот на партијата. Султан-партиите, авторитаризмот и тоталитаризмот мислевме дека се продукти и поими што одамна се закопани длабоко во минато, а не дека ќе ни се повампируваат во сегашноста и иднината на една држава и партија што сака да биде дел од ЕУ - вели Владимир Змејковски.

Тој ги отфрла критиките од јавноста дека предолго молчеле за низата погрешни потези што ги правела актуелната власт, но додава дека морале да бидат внимателни од причина што, како што вели, новодојдени сопартијци што ја узурпирале партијата лесно можеле да ги етикетираат како предавници на идејата на ВМРО-ДПМНЕ, која тие воопшто не ја познаваат ниту ја чувствуваат.

- Мора да прекине досегашната практика на манипулирање со чувствата на граѓаните преку пласирање разни соопштенија и махинации, кои произлегуваат од партиските кујни. Навистина не сакаме со ниеден гест да ѝ наштетиме на партијата, но ако работите не одат како што треба, односно забегуваат, тогаш ние сме тие што мораме работите да ги доведеме на вистинскиот колосек. Зашто Македонија е една и единствена - објаснува Змејковски.

Во иднина форумот своите поставени цели и задачи ќе ги реализира преку јавно промовирање на сопствените ставови, погледи, анализи и истражувања на случувањата во државата и пошироко, ќе организира трибини, предавања, дебати и конференции со членовите на партијата и со одредени целни групи од затворен и отворен карактер. Но, секако, главната политичка борба ќе ја остварува преку партиските органи и тела, низ демократска процедура ќе поднесе барање за измена и дополнување на статутот на претстојниот конгрес на партијата во мај годинава. Посебно ќе се инсистира на гласање на членството за избор на делегатите, а не преку „делегирање“ од централното партиско раководство.

Автор: Митко Р. Јовановски / mitko.j@novamakedonija.com.mk Фотографија: Дарко Андоновски

NOVA MAKEDONIJA
02-07-2015, 12:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44

Quote:Владимир Змејковски прв претседател на Форумот на слободоумни патриоти


[Image: 145ba9dc-8bd6-4b7e-84ec-0edef06d635f-vla...novski.jpg]

Јули 2, 2015

На 22.06.2015 во присуство на Владимир Змејковски, Миле Димовски, Влатко Бурнески, Љубиша Пешиќ и Самоил Малчески беше и формално основан Форумот на слободоумни патриоти, идејата која неколку месеци постоеше во јавност конечно доби своја форма на организирање и делување, информираат од Форумот.

За прв Претседател на Форумот, на основачкото Собрание е избран Владимир Змејковски.

„Форумот на слободоумни патриоти нема цел да стане политичка партија, ние своите права и обврски ќе ги остваруваме согласно Статутот и актите на ВМРО ДПМНЕ, како негови членови. Форумот на слободоумни патриоти ќе се залага за враќањето на демократијата во ВМРО ДПМНЕ. Партијата која беше симбол за демократија и демократски вредности се води тоталитарно и вон Статутот на партијата. Партијата веќе подолго време е без Потпретседател, не се знае кои се членови на Статутарна комисија и Надзорна комисија за финансиско-материјално работење и дали постојат. Партиските комисии кои треба да бидат креатори на партиските политики по сектори и кои треба да обезбедат континуитет на партиските политики функционираат само на хартија, во реалност никаде ги нема“, информираат од Форумот.

Форумот бара Претседателите на Општински и Месните комитети да ги избира членството

“Форумот на слободоумни патриоти се залага за градење на систем на вредности, систем кој ќе обезбеди рамноправност и правичност за сите членови на ВМРО ДПМНЕ. Форумот се залага Претседателите на Општински и Месните комитети да ги избира членството, доста беа конкурси на кои најчесто беа бирани луѓе со сомнителна идеологија или оние кои веќе ја имаат предадено партијата. Форумот на слободоумни патриоти смета дека Кадровската комисија во целост не го оправдува своето постоење, наместо да се селектираат најспособните и најзаслужните кадри за државни позиции, најчесто се поставуваат луѓе со сомнителни биографии, горди послушници.

Форумот на слободоумни патриоти во целост се залага за возобновување на Унијата на ветерани на ВМРО ДПМНЕ, согласно Статутот на партијата. ВМРО ДПМНЕ треба во континуитет да води грижа за луѓето кои ја основале партијата и кои имале храброст да застанат во првите редови во оние моменти кога било најтешко. Исто така Форумот на слободоумни патриоти упатува апел до основачите на партијата.

Нашето чедо ВМРО ДПМНЕ, она истото за кое многу се боревме и страдавме денес е узурпирано и злоупотребено од луѓе со сомнителна идеологија, водени од лични и материјални интереси. Браќа и сестри, кога имавте храброст во 2 година да застанете и да се борите, застанете и сега, застанете со нас и борете се за спас на нашето чедо, борете се за спас на ВМРО ДПМНЕ.

Форумот на слободоумни патриоти останува отворен за соработка и ги повикува сите членови на ВМРО ДПМНЕ кои и мислат добро на партијата да застанат со нас во одбрана и спас на ВМРО ДПМНЕ. Овој повик не е декларативен. Искрено и од срце ги повикуваме сите членови на ВМРО ДПМНЕ кои не се согласуваат со политиките на врвот на партијата и имаат желба да помогнат да ја спречиме пропаста на партијата да застанат рамо до рамо со нас. Да ги занемариме личните интереси, да се охрабриме, организираме и заедно сплотени на ова лицемерно раководство да му порачаме да ја остават партијата на вистинските патриоти, на кои Македонија им е искрено пред се, а не личните бизнис интереси“, велат во соопштението од Форумот.

EMAGAZIN
02-07-2015, 09:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#45







Ке владее Грујо уште бајаги.
08-07-2015, 01:43 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#46

Dobri decki se ovie,za kafe pijacka i taka...
Si napravija promocija,medjudrugoto Icon_razz no ne go ni zadrmaa ne pa da go butnat Grujo.
Ok si bea,bas se trudea i trudni ostanaja ;)
16-07-2015, 01:01 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#47

(16-07-2015, 01:01 AM)Larsson Wrote: Dobri decki se ovie,za kafe pijacka i taka...
Si napravija promocija,medjudrugoto Icon_razz no ne go ni zadrmaa ne pa da go butnat Grujo.
Ok si bea,bas se trudea i trudni ostanaja ;)

Да беа вистинска опасност за Груевски тој ке ги исклучеше од партијата, како на пример Јове Кекеновски. Вака , ке глумат фракција во ВМРо-ДПМНЕ за да незадоволниците од Груевски не побегнат во други партии. Стара песна, ама веќе прочитана. А, ако сакаа вистински реформи во ВМРО-ДПМНЕ ке бараа промени во дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ и најважно промена на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ каде Претседателот има право како во монархиите.

16-07-2015, 06:50 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#48

[Image: Frontproglba06.jpg]
[Image: Frontprogl3e57.jpg]
20-10-2015, 12:58 PM
Reply
sokoli Offline
Senior Member
****

Posts: 620
Joined: Feb 2010
Reputation: 27
#49

Zmejkovski e agent na bivshite strukturi
30-10-2015, 07:24 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#50

(30-10-2015, 07:24 PM)sokoli Wrote: Zmejkovski e agent na bivshite strukturi

Да, а Бабунски е фудбалер.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
30-10-2015, 07:43 PM
Reply
sokoli Offline
Senior Member
****

Posts: 620
Joined: Feb 2010
Reputation: 27
#51

(30-10-2015, 07:43 PM)МрачниотКоњаник Wrote:
(30-10-2015, 07:24 PM)sokoli Wrote: Zmejkovski e agent na bivshite strukturi

Да, а Бабунски е фудбалер.

Ne babunski e jahac na mracni konji
01-11-2015, 10:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#52

Quote:ВМРО на сите Македонци



Почитувани вмровци, сопартијци, сакам во ова прилика да се обратам до Вас и да споделам неколку размисли за иднината на нашето ВМРО ДПМНЕ.

[Image: mkd-222008.jpg?itok=PUtF2_i-]

ВМРО-ДПМНЕ е наше заедничко! На тие што го основавме и се определивме за него на самиот почеток, изборувајќи се за независна Македонија. Тоа им припаѓа и на сите наши сопартијци кои се приклучија подоцна. Но, почитувани сопартијци позначајно е да нагласиме дека ВМРО им припаѓа на сите Македонци, а најзначно е што ВМРО им припаѓа на сите граѓани на Македонија.
Затоа, почитувани имаме историска должност да се вратиме на вредностите што стојат зад овие свети букви. Тоа е борба за доброто на народот, борба за слобода и демократија и борба за почитувана држава во вистинска смисла на зборот. Но, за да имаме сила и право да се бориме за овие вредности, најпрвин треба да си го вратиме основното почитување како луѓе, како домаќини, како работници, селани, интелектуалци, како млади и стари, да се погледнеме во очи, да не ги вртиме погледите и да се запрашаме: Што правиме луѓе? Што навистина правиме!? Против кого се бориме, кои ни се непријателите и душманите, за кого навистина се бориме, зад што се затскриваме и за каде се спремаме со тие силни пари по сметките и под душеците. Остана ли нешто вредно во Македонија?
Искрено треба да се запрашаме и погледнеме в очи. Ако навистина има храбри луѓе во Македонија. Ако има загрижени мајки и жени столбови на семејствата. Токму сега треба да се запрашаме: Што правиме луѓе!? Додека не станало предоцна. Сега треба да се замислиме, прст на чело да ставиме, сега кога државата е поделена и заслепена од омраза како никогаш; сега кога во Македонија кулминира егзодус на иселување на народот во потрага по нормален живот; сега кога има голема сиромаштија, а со секојдневното презадолжување им ги трошиме парите на нашите внуци, сега кога не создаваме нова вредност и развој, сега кога треба да се сплотиме, а тоа воопшто не ни паѓа на памет.
Пред нас претстои голема битка за враќање на партијата на членството, на народот. Патиштата за остварување на оваа цел се различни. И сите се легитимни! Ние го одбравме овој пат. Но, целта секогаш е една: силно демократско ВМРО-ДПМНЕ како столб на Македонија.
ВМРО никогаш не било за еднократна употреба. Зборот се почитувал, а пишаните и непишаните закони беспоговорно. Денес ВМРО-ДПМНЕ никој не смее да го става во заложништво за некоја своја авантура, лажна замисла или погрешно донесена одлука. Тоа е погрешно, но тоа е исправливо. Но, ако некој, сите нас нѐ стави заложници на своето незнаење и лакомост, нѐ осиромаши и ни ја загрози егзистениција како поединци и народ, тогаш Господ нека ни е на помош!
Сепак, Македонија и ова големо невреме ќе го преброди, не поради нас кои молчиме и чекаме некој друг да ни ги реши проблемите, туку поради нашите деца и внуци. Треба да им дадеме шанса, би било добро и фер животот да го започнат на свое, да растат да се развиваат како свои личности, да почитуваат и да бидат почитувани, да се горди што имаат длабок и жилав корен и добра мисла да ги прати во животот. Не клетва!
Тука ќе сопрам. Нема потреба од повеќе зборови. Кој сака да разбере ќе разбере. Кој сака да стори нешто за татковината, бездруго ќе стори.
Сакам да завршам со една порака, мисла, рефрен, стар, пренесуван од генерација на генерација. Тоа е вистинита, тоа е патоказот за Македонија:
Мој народе македонски со какви идеи си ти?
Доста беше, разбуди се, СВЕСТИ СЕ, НЕ СПИЈ ТИ....
Не сакаме богатство, не сакаме пари,
Туку сакаме слобода, и човечки правдини.
Јове Кекеновски
Неколку прашања до Кекенеовски:

-Дали ВМРО може да биде на Абаз, Трпеновски, Богоевски, Бабановски, Фрчковски да не ги редам сите списокот е многу долг ...?
-Дали ВМРО можат да бидат оние за кои сеуште ВМРО било водено од бугарофили?
-Дали силно демократско ВМРО-ДПМНЕ како столб на Македонија можат да донесат луѓе кои водеа и водат битка да докажат дека ВМРО ДПМНЕ го воделе Бугарофили?
(This post was last modified: 02-04-2016, 02:43 PM by ЈорданПетровски.)
02-04-2016, 02:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#53

Quote:Слободоумни патриоти: Груевски нема кредибилитет да ја води ВМРО-ДПМНЕ




[Image: Forum-na-slobodoumni-patrioti.jpg]

Од: Нова ТВ 10:25 am - 4 април 2016
Форумот на слободумни патриоти испраќа јавен повик до претседателот на ВМРО ДПМНЕ и до Извршниот комитет на партијата со барање веднаш да се почне со припрема на вонреден Конгрес, во кој во организација и како делегати нема да ги изоставите истакнатите членови од основачите на партијата, истакнатите членови од Унијата на ветерани на ВМРО ДПМНЕ, како и преставници на Форумот.  Оттаму велат дека поради нарушениот политички кредибилитет, Груевски и членовите на Извршниот комитет мора да поднесат оставки без повторен реизбор.
„Конгресот да се организира што е можно побрзо, а најдоцна до 10 мај, а се со единствена цел да бидат избрани тела и органи на партијата во кои ќе членуваат неискомпромитирани и политички недевалвирани истакнати членови на ВМРО ДПМНЕ.
Поради нарушениот политички кредибилитет, етички норми на однесување и заради загрозување на интересите на партијата, а со тоа и на државата, Претседателот на партијата Никола Груевски, веднаш да си поднесе оставка на функцијата, без право на повторен реизбор.
Исто така членовите на Извршниот комитет, веднаш да депонираат оставки. Сакаме да ги повикаме членовите на нашата партија ВМРО ДПМНЕ на единство како никогаш до сега, а се со цел партијата конечно да се постави на здрави основи и да се врати идеолошкиот предзнак. Со вакво компромитирано раководство, политичка изолација од надворешните фактори, како и девалвирање на името и целокупните заложби на партијата, не можеме да се надеваме на изборна победа на наредните парламентарни избори. “ се вели во соопштението.
04-04-2016, 02:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#54

Quote:ФРОДЕМ бара оставка од Груевски и вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ




[Image: 8530893338309a56e3ebab23e2a254e8_L.jpg]


Април 4, 2016
Со оглед на случувањата на Македонската политичка сцена, како и однесувањето на сите политички фактори во државата, водењето на непринципиелна и неконзистентна политика, крајно безобразната манифестација на антипатриотизам и отсуството на морален, етички, политички и секаков кредибилитет, а во моменти кога е доведен во прашање опстанокот на државата, Форумот на слободоумни патриоти сака да упати јасна и недвосмислена порака во името на борбата за Македонската кауза и четирите свети букви ВМРО, до претседателот на ВМРО ДПМНЕ и до Извршниот комитет на партијата:
1. Веднаш да се почне со подготовка на вонреден Конгрес, во кој во организација и како делегати нема да ги изоставите истакнатите членови од основачите на партијата, истакнатите членови од Унијата на ветерани на ВМРО ДПМНЕ, како и преставници на Форумот.
 
2. Конгресот да се организира што е можно побрзо, а најдоцна до 10 мај, а се со единствена цел да бидат избрани тела и органи на партијата во кои ќе членуваат неискомпромитирани и политички недевалвирани истакнати членови на ВМРО ДПМНЕ.
 
3. Поради нарушениот политички кредибилитет, етички норми на однесување и заради загрозување на интересите на партијата, а со тоа и на државата, Претседателот на партијата Никола Груевски, веднаш да си поднесе оставка на функцијата, без право на повторен реизбор.
 
4. Исто така членовите на Извршниот комитет, веднаш да депонираат оставки.
 
Сакаме да ги повикаме членовите на нашата партија ВМРО ДПМНЕ на единство како никогаш до сега, а се со цел партијата конечно да се постави на здрави основи и да се врати идеолошкиот предзнак. Со вакво компромитирано раководство, политичка изолација од надворешните фактори, како и девалвирање на името и целокупните заложби на партијата, не можеме да се надеваме на изборна победа на наредните парламентарни избори.
 
Од тие причини го повикуваме и Претседателот на партијата во овие тешки моменти за партијата и државата, да заборави на своите лични интереси и да се стави во функција на идеолошката борба и доброто на партијата и државата. Очекуваме да поденсе неотповиклива оставка и да го повика членството на единство во пресрет на вонредниот Конгрес, кој треба да се одржи пред идните парламентарни избори.
04-04-2016, 02:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#55

(04-04-2016, 02:24 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ФРОДЕМ бара оставка од Груевски и вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ




[Image: 8530893338309a56e3ebab23e2a254e8_L.jpg]


Април 4, 2016
Со оглед на случувањата на Македонската политичка сцена, како и однесувањето на сите политички фактори во државата, водењето на непринципиелна и неконзистентна политика, крајно безобразната манифестација на антипатриотизам и отсуството на морален, етички, политички и секаков кредибилитет, а во моменти кога е доведен во прашање опстанокот на државата, Форумот на слободоумни патриоти сака да упати јасна и недвосмислена порака во името на борбата за Македонската кауза и четирите свети букви ВМРО, до претседателот на ВМРО ДПМНЕ и до Извршниот комитет на партијата:
1. Веднаш да се почне со подготовка на вонреден Конгрес, во кој во организација и како делегати нема да ги изоставите истакнатите членови од основачите на партијата, истакнатите членови од Унијата на ветерани на ВМРО ДПМНЕ, како и преставници на Форумот.
 
2. Конгресот да се организира што е можно побрзо, а најдоцна до 10 мај, а се со единствена цел да бидат избрани тела и органи на партијата во кои ќе членуваат неискомпромитирани и политички недевалвирани истакнати членови на ВМРО ДПМНЕ.
 
3. Поради нарушениот политички кредибилитет, етички норми на однесување и заради загрозување на интересите на партијата, а со тоа и на државата, Претседателот на партијата Никола Груевски, веднаш да си поднесе оставка на функцијата, без право на повторен реизбор.
 
4. Исто така членовите на Извршниот комитет, веднаш да депонираат оставки.
 
Сакаме да ги повикаме членовите на нашата партија ВМРО ДПМНЕ на единство како никогаш до сега, а се со цел партијата конечно да се постави на здрави основи и да се врати идеолошкиот предзнак. Со вакво компромитирано раководство, политичка изолација од надворешните фактори, како и девалвирање на името и целокупните заложби на партијата, не можеме да се надеваме на изборна победа на наредните парламентарни избори.
 
Од тие причини го повикуваме и Претседателот на партијата во овие тешки моменти за партијата и државата, да заборави на своите лични интереси и да се стави во функција на идеолошката борба и доброто на партијата и државата. Очекуваме да поденсе неотповиклива оставка и да го повика членството на единство во пресрет на вонредниот Конгрес, кој треба да се одржи пред идните парламентарни избори.


[Image: 5v9nc7.jpg]
05-04-2016, 12:23 AM
Reply