Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СИНАТА ЛАДА ГО ДЕМАНТИРА БОГОЕСКИ, СООБРАЌАЈКАТА НА МИЈАЛКОВ НЕ Е НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

[Image: Mijalkov-v3b13.jpg]

Човек кој од глава до петици е творба на идеолишката комуњарска тајна полиција,недава вакво интервју така од што му се кефнало, посебно кога споменува теми кои на прв поглед немаат врска со пресудата, намерно не велам обвинението !!
Текстов ке го започнам со една многу битна изјава на Слободан Богоески-Цобе, изјава дадена пред десетина години во интервју "Атентаторот на Глигоров барајте го дома", изјава која го руши од темел се онаа што Богоески го искажа во најновото интервју во ФОКУС СО МАКEДОНИЈА ВЛАДЕЕ ФАМИЛИЈА КОЈА НЕМА ВРСКА СО ВМРО""!!

Quote:Героски-Имаше ли Мијалков какви било врски со Контраобавештајната служба на ЈНА (КОС)?

Богоески- Што се однесува до Мијалков, од сопствени принципи, не би сакал ништо повеќе да зборувам за еден починат човек. Но, би сакал да кажам нешто за поширокиот контекст на ваквата шпекулација, нешто што сега првпат ќе го кажам отворено. Експертската влада беше составена под големо влијание на тие сили од надвор, кои не извираа од автентичните македонски интереси, кои, за жал, дури и денеска го злоупотребуваат симболот ВМРО, за да ги контролираат процесите во Македонија. Конкретно, четворица од министрите беа со подолга историја на ембрионална и институционална врска со службите надвор од Македонија.

Прашање кое мора да биде одгворено. Јас само ке дам моја претпоставка која е заснована на премногу докази. Во тоа време Милошевиќ уште ја немаше сеуште освоено УДБа и немаше влезено во отворен судир со воениот врв и нивниот план за зачувување на Југославија. Затоа под Белгард, треба да подразбереме КОС!! Воениот Врв бил тој што влијаел врз Глиговор. Дали можел да влијае КОС на човек кој не бил нивен? Одговорот е нема теоретска шанса. Значи човекот на КОС-Глигоров, алијас "ГАВРАН" кога трга за Македонија по "повикот" на Јордан Мијалков, Никола Кљусев, Ѓорѓи Наумов, Борис Змејковски веке во џеб ја има листата на премиерот и неколкуте министри! Од повикувачите дваица станаа министри, кои се другите дваица министри нема да шпекулирам, но тие министри -потпреседатели на владата-нема да се на ресори за ветер и магла, туку ке се на ресори кои се битни за 100% но држење под контрола на Владата. Но во парламентарната демократија Владата и Председателот на државата ако не го контролираат парламентот не правт ништо. Контролата на парламентот е единсттвено можна преку Председателорт на параламентот. За оние кои заборавиле, нека се потсетат на прекинувањето на седниците, незаседавањето на парламентот со недели и веке сомнежот дека и Председателот на парламентот е човек по директива на КОС односно Белград добива реална основа. Кога на оваа ке се додаде дека владата на Анте Марковиќ е избор на Воениот врв -КОС, а Председателот на парламентот во Македонија дојде од паријата "Реформске Снаге за Југославијау", партија на Анте Марковиќ!!
Водството на Србија раководено од Слободан Милошевиќ имаше свое видување на Југославија по отстранувањето на Словенија од југословенската заедница. А тоа видување беше Југославија во која главен збор ке го има Србија, затоа беа и заложбите еден човек еден глас на ниво на новата држава.

Цитат од мемоарите на Бранко Мамула:
Quote:"Ali, još na početku ratnih dejstava, u samom KOS-u i RV i PVO je počela da se stvara nova uticajna grupa koju će vlast Slobodana Miloševića iskoristiti za obračun sa svim projugoslovenskim generalima"

Најнормално е Милошевиќ да се обидува да ги придобие влијателните соработници на КОС, а тое сигурно нема да се обичните соработници или инспекторчињата од МВР и ДБК. Милошевиќ ке ги врбува, ке се обде да ги врбува, придобие за својата идеа носителите на високите функции во полицијата кој биле дел од мрежата на КОС.
Quote:Героски-Има многу недоумици за тоа што воопшто барал Јордан Мијалков тој ден во Белград, непосредно пред Владата да го објави барањето за независност на Македонија. Има недоумици за тоа дали Глигоров го испратил Мијалкова во Белград или го спречувал да оди таму. Што е вистината?

Богоески- Јас сум упатен во тие детали, бидејќи по службена должност бев должен да го знам тоа. Претседателот Глигоров ниту знаеше ниту го упати министерот на тој состанок. Напротив, од претседателот Глигоров лично знам дека тој се обиде да го одврати и да престане да комуницира со Белград, бидејќи за тоа веќе немаше причина. Во тој период, ако се сеќавате, Македонија не само што ја имаше донесено Декларацијата за сувереност, не само што беше поминат референдумот, туку од 17 ноември имавме и нов Устав. Настанот се случи точно еден месец по донесувањето на Уставот, кога и формалноправно престанаа обврските спрема Сојузниот секретаријат за внатрешни работи. Лага е ако некој вели дека претседателот Глигоров го испратил Мијалков во Белград."


Глигоров како искусен дворски играч, човек кој успеал да биде секогаш до Тито и тоа четириест години, сепак јасно говори дека Глигоров најдобро го запознал начинот на преживување во комунистичкиот систем. Глигоров со наводната смена на Мијалков која требала да уследи, се обидел да купи време кај воениот врв за да може да го вразуми Мијалков дека потегот , напуштање на "екипата на КОС и преминување во "екипата" на Милошевиќ кој го прави Мијалков е преуранет и дека КОС таков престап нема да остави неказнет. Казната ке биде повеке опомена за оние кои би ја следеле постапката на Јордан Мијалков, би ја напиштиле "екипата" на КОС.
Мијалков, барем според изјавата на Кљусев го сметал Глигоров за човек кои тие го довеле на власт во Македонијаи и по таа аналогија Глигоров е тој кој треба да ги слуша одлуки на Јордан Мијалков.
Да се вратам на темата на мојот текст, манипулациите на Богоески во интервјуто во ФОКУС дека погибијата на Мијалков е последица на случајна сообраќајка предизвикана од невнимание на возачот. За почеток ке цитирам два извештаја за сообраќајката на Мијалков и така да покажам дека Богоески се обиде да го направи повторно специјалитетот на тајните служби "питата гомнарка".
Извештајот на припадниците на ЈНА кои ете така случајно биле веднаш зад возилото на Мијалков гласи:

Quote:-"Колумнистот на Форум плус, Петар Шкрбина, по игра на судбината, беше еден од првите кои на 19 декември 1991. г. стигнаа на местото на сообраќајната несреќа во којашто загина тогашниот македонски министер за внатрешни работи, Јордан Мијалков:

НА ПОЛНА ЛИНИЈА “Тој ден, со колегите од Кумановскиот корпус, патувавме за Врање, бидејќи врањската моторизирана бригада на тогашната ЈНА беше во состав на нашиот корпус. Во службениот џип пух бевме јас и возачот, како и полковникот Алексиќ и заставникот Докмановиќ”, вели Шкрбина.
Во моментот кога не заобиколи автомобилот на министерот Мијалков, на надвозникот кон којшто одевме поминуваше камион-фургон со бела боја. Автомобилот на Мијалков на самиот надвозник го стигна тој камион и тргна да го престигнува, иако по надвозникот следуваше непрегледна, “затворена” кривина. Во тој момент од спротивната насока наиде камионче марка ТАМ, по што дојде до директен судир на левата страна на автопатот, во насока на Белград, на неколку метри по надвозникот. Од силината на ударот (возилото на Мијалков, веројатно, се движеше со брзина од над 100 километри на час), службениот автомобил беше исфрлен на самата пруга покрај надвозникот, при што се преврте на покрив”.
БРЗА ПОМОШ Потоа Шкрбина опишува што се случувало по самата несреќа: “Ние дојдовме на местото на настанот по 30-ина секунди, бидејќи бевме на неколку стотина метри од местото на несреќата. Луѓето од автомобилот, пак, што возеше зад нас ги замоливме веднаш да се вратат до полициската патрола и да ги известат за несреќата. Уште со неколку луѓе од автомобилите што се затекнаа зад нас се симнавме на пругата за да им пружиме прва помош на повредените. Полицијата стаса за неполни пет минути”.
Шкрбина вели дека возачот на Мијалков веќе бил излезен од автомобилот, речиси неповреден. “Откако претходно ја отворивме вратата, со помош на група луѓе внимателно од автомобилот го извадивме бесвестеното тело на Мијалков, за кого беше очигледно дека е со тешки телесни повреди, бидејќи беше облеан во крв. Полицајците донесоа ќебе, па со помош на ќебето го изнесовме беспомошното тело на министерот на автопатот”.

“Од тој момент, до моментот на пристигнувањето на автомобилот на врањската Брза помош, поминаа околу 30 минути. Тогаш воопшто не стана збор за тоа некој друг да го носи Мијалков во болница, бидејќи итната медицинска служба веќе беше повикана од страна на полицијата”.

Со помош на полицајците и 10-15 од присутните граѓани, автомобилот што бил препречен на шините го истуркале настрана, за да не ја блокира пругата. “Го слушнав разговорот, направен преку радиостаница, меѓу полицајците и претставниците на железницата кои информираа за несреќата и за потребата да се сопре железничкиот сообраќај на таа делница и некој да дојде и да провери дали има оштетувања на пругата”.

АТЕНТАТ НЕМА По доаѓањето во Врање, Шкрбина и неговите колеги се информирале преку командната структура на Врањската бригада кој бил патникот во скопското возило и во каква состојба се наоѓа повредениот. “Тогаш дознавме дека се работи за актуелниот министер за внатрешни работи на Македонија и дека, во тој момент, с¢ уште се наоѓа во критична состојба. По еден час дознавме дека починал”....

Извештајот на полицијата од Врање говори нешто сосема друго. Имено како причинител на сообраќајката се споменува возило марка ЛАДА со Врањски таблички:


[Image: Mijalkov-l7383.jpg]

Имаме два контрадикторни извештаја. Зошто оваа контрадикторност не беше никогаш досега разјаснета.
Но тука не завршува приказната, 1993 година, Стојан Андов доживува сообраќајка после најавата дека ја напушта владата на Бранко Црвенковски. Сообраќајката се случила кај Тетово чинам и не би било ништо чудно ако сообраќајката не ја предизвикала истата онаа ЛАДА со Врањски таблички, ЛАДА која според записникот на полицијата од Врање била причинител на сообраќајката на Јордан Мијалков.

Quote:-" ЦРНА ХРОНИКА НА МАКЕДОНСКАТА САМОСТОЈНОСТ- Интересно е да се напомене дека како еден од причинителите на несреќата се споменуваше возило лада со регистерски таблички од Врање, управувана од Албанец од Бујановац, а за кој подоцна ништо не се слушна. Исто така, интригантно е што исто таква лада со врањски таблички по две години беше апострофирана како предизвикувач на незгода, којашто, за среќа, не заврши фатално, на службениот автомобил на Стојан Андов, тогашен претседател на Собранието"


Зар не е малку чудно што вакви лесно воочливи докази дека нешто не е во ред не представуваат предизвик за МВР а уште повеке за синовите на Јордан Мијалков да ја истржат "несреќата" која веке е јасно дека не е несреќен случај. Или тие ја знаат вистината ама сметаат дека е прерано да обзнаат што е причината за сообраќајката, да обзнанат зошто КОС го ликвидирал Јордан Мијалков. Таквата обзнана во моментов ке го демистифицира Мијалков како борец за Македонска кауза.
Сигурно ке се чекаат времиња , враѓањето на Р. Македонија во состав на Србославија кога преминот на Јордан Мијалков од КОС во редовите на Милошевиќевата УДБа ке се третира како херојски чин.

пс. најекспониран човек како приврзаник на Милошевиќ во МВР на почетокот на деведесетите бил Силјан Аврамовски, човек кој од 2006 па до пред некој месец беше заменик на Сашо Мијалков.

ппс. 2000 година бев присутен кога Павле Трајанов во мое присуство и присуство на Бирис Стојменов и сега веке покојниот Никола Младенов.
Павле раскажа за тоа дека кога 1999 година, љупчо ја распушти владата, тој и некоја група на негови луѓе биле договорени да го апсат Љупчо и уште некои луѓе од врвот на ВМРО ДПМНЕ. До реализација на акцијата не дошло по вина на Сашо Мијалков кој бил задолжен да ги прекине специјалните врски за комуникација. Сиве ове години неможам да најдам логичен одговор зошто оваа никогаш не го објави Никола Младенов?
24-12-2014, 11:35 PM
Reply