Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАКЕДОНСКО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ
Author Message
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,486
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#21

(16-04-2011, 04:43 PM)Solenik Wrote:
(16-04-2011, 01:02 AM)montehristo Wrote: Мислам дека добро карикатурираш, но, ако погледнеш на приватните ќе видиш само насоки за правници, менеѓери нема ништо за применети занимања кои се бараат во производството.
А еве еден пример од домашна памет како може да се пробие во свет: Примерот е од Србија Еден инжењер кој долго време работел на басенот Колубара развил електрична метода за стабилизација на земјиште. Деведесетите години тој метод го прикажува на Саемот на Инвентори во Белгија каде една Белгиска компанија му го краде изумот и го продава на Американската Армија.
Тој на суд го добива процесот сега е консултант на владата на Перу за стабилизирање на земјиштето на и околу Мачу Пикчу.
Пред година или две се случи и во Србија и во Македонија(Велес) масивно склизнување на земјиште во Србија цел еден регион.
Не ми е познато некој да го има ангажирано човекот и од Македонска и од Српска страна.
За Македонија секој еден изум кој замине од државата е десетоструко поголема загуба отколку во било која друга земја од околината затоа што сме ем помали, ем условени да соработуваме на заеднички план со соседите.
Единствен излез ни се идеите и иновациите во се и сешто, не треба да чекаме соседите да ни предложат некоја соработка туку ние самите да бараме решенија и идни соработки.
Да не забегам премногу, Образовните центри треба да се угледаат на оние од Шведска каде приватниците вложуваат пари за развој на свои идеи за да не ствараат свои истражувачки центри кои би ги коштале многу повеќе, но за тоа некој друг треба да му мисли кој е платен на тие универзитети.

Одличен пример. Дечково од Србија стасал до својот изум благодарение на практична примена, работејќи на пазарот. Од кај на мене ќе ми текне да измислам електрична метода за стабилизирање на земјиште, ако цел живот го минувам во канцеларија. Човеков стасал до изумот зашто ја имал потребата од истиот.

Инаку за понудата на програмите кои ги нудат македонските универзитети, повторно ќе речам: тоа го бара пазарот. За жал, во РМ Владата е најголемиот (безмалку единствениот) врботувач, т.е. таа е пазарот. Некое партиско "војниче" за да "легитимно" биде вработено во МРН, МВР, некоја си агенција итн, има потреба од "соодветна" диплома (не од образование или искуство!). Дечкото може по телефон да си ја нарача посакуваната диплома--по административни науки--и таа да му биде "испечена" дури тој да стаса до канцеларијата.

Тоа партиско војниче станува биркократ, кој самиот верува во лагата која ја продава со неговата диплома, па почнува да си замислува дека е навистина експерт во полето на административните науки. Тоа младо бирократче, ќе си седи во канцеларија 2-3 саати на ден, другите ги минува на кафе. Е сега во 2-3 часа што ги минува во канцеларија, младиот бирократ, доаѓа до генијален исзум како да ја подобри ефикасноста на администрацијата: на секој шалтер ќе стави по еден "семафор" на кој странките ќе ја оценуваат работата на административецот!

Доколку македонската економија е доминирана со вистински приватни претптијатија, тие ќе се борат за своето место на пазарот. Тогаш дипломата од ФОН или од Европскиот каква што е денес, нема да има никаква вредност. Вредност ќе имаат оние дипломи кои ќе бидат заслужени, но и потребни на пазарот: што ќе и' се на Македонија докторати во сверата на аеронаутиката кога нема аеронаутска индустрија во државата? Каде ќе можат овие доктори да доаѓаат до нивните заклучоци? Но, да речеме, доктори по земјоделски науки, и слично, тие имаат што да придонесат на македонскиот пазар.

Соленик,
Да во право си дека државата доминира но не е единствената.
Но, единственото претпријатие кое работи сериозно за извоз, истите тие дипломци мора повторно да ги школува за да ги научи креативно да размислуваат и да решаваат проблеми.
Што се однесува до земјоделски науки мој прв комшија со неговата фамилија се одсели пред едно пет години во Канада.
Во Куманово имаше едно претпријатие кое направи индустриски компјутер, го рекламираше едно време по дневни новини но ништо не излезе од тоа.
Наместо владата да го подржи македонското производство тие го преферираат увозот.
Како ние да не сме способни нешто сами да смислиме.
Во ’50 и ’60 години од минатиот век Јапонците крадеа од американците и Германците дизајни за по дваесет до триест години да бидат први во светско производство.
Една Хонда работела дваесет години во изолација да го усоврши методот на Миомир Вукобратовиќ на “точка на нулта момент“ за да дојде до АСИМО.
Добро, еве се сложувам со тебе во врска со земјоделството, но и ти мораш да се сложиш дека Македонија има памет и за нешто повеќе од земјоделство, а во тоа ќе мора да се вложи, не затоа што тоа тебе ќе ти биде трошок, прво, секој почеток е тежок, во тој почеток ќе ти изгледа дека е тоа само празно фрлање на пари, но кога ќе се створи поголемо друштво тоа самото себе си ќе се финансира.
Дури и славниот МИТ кога некој истражувач ствара своја компанија врз база на свој изум тој патент го дел со Институтот.
Проблемот е што целиот систем кај нас треба да се смени, не само на високото школство туку и на средното и на основното, од корен треба да се смени.
Во Македонија во врска со Високото образование најефтино решение ќе биде да се понудат можностите кои ги поседуваат Универзитетите за истражување во развој на производи кои ќе бидат од корист на Македонските компании.
Во Хрватска од пред десет години се работи на Компјутерски модели за развој на суперкиселина.
Но во Македонија нема никој да створи некој план и да каже еве ние сме тука во врска со науката за десет години сакаме да сме тука, ќе ги спорведеме овие и овие планови и средства, волку и волку пари ни се потребни, тоа и тоа ќе се оствари, оволку пари ќе треба за овие и овие машини/мерни средства, со оваа и со оваа институција ќе развиеме соработка, овие и овие инстотути во оваа и оваа програма ќе учествуваат.
Но, нема изгледа кој да му мисли.
Хаос е затоа што, прво, не знаеме каде сме, второ, не знаеме каде сакаме да бидеме, трето, нема кој да испланира програми за развој, четврто, тоа треба да се поддржи со конкретни средства.
Единствен план и програм е како да се остане на власт.

An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 16-04-2011, 06:13 PM by montehristo.)
16-04-2011, 06:12 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#22

@ montehristo
100% си во право. Т.е. се согласувам, оти нели, не било се' црно-бело...

Доаѓаме до вистинските решенија. Нема збор дека и ние Македонците имаме памет да направиме перпетум мобиле. Луѓжето се луѓе, едниствената разлика е во она како ги употребуваат своите карактеристики. Велам во овој момент за РМ се потребни научници во пределот на земјоделието, оти за здрава, сигурна и напредна држава треба да имаш нахранет народ. Понатаму, РМ има одлична клима, располага со многу сонце, и има добра почва, РМ треба да биде извезувач на храна, претпочитливо на полузготвена и зготвена храна--знаеш ли колку исражувања и научни трудови можат да се направат со усовршуавњето на тие процеси!! На пример, нашето вино е едно од највкусните на светот, но РМ не е признаен "регион", а на пример Нијагара и Калифорнија, каде што произведуваат оцет, се! Кинезите и Јапонците плаќаат по $300 по шише од .25L за Ледено вино (Ice wine), што всушност не е ништо повеќе од гроздов сируп.

Секако, да не заборавиме дека светот полудува по соларна енергија, а РМ е еден од најсончевите региони на Европа. Европа има и проблеми со ѓубрето, а во ѓубрето има енергија. И ова се полиња кои можат и требаат да се проучуваат. Овие две полиња можат и да се спојат, бидејќи, маглата во Лондон се кренала откако ја изчистиле Темза--производ е повеќе сочеви денови.

Како општеството и пазарот ќе се развиваат, изумите ќе си доаѓаат сами по себе, умовите нема да се отселуваат, туку ќе се доселуваат. Никаков "петогодишен план" тоа нема да го направи поарно од самиот пазар.
16-04-2011, 07:01 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,134
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#23

(13-04-2011, 09:29 PM)acko Wrote:
(13-04-2011, 05:45 PM)basilius_2 Wrote: Откако ги прочитав колумните што се однесуваат на Македонското образование, посебно онаа напишана од Жарко Трајановски,би го поставил следното прашање каде беше во задните 20 години да се избори да имаме квалитетно образование, а не да имаме образование како што имаме денеска.

Оф, море, basilius, ако после сето читање, најголемиот проблем го виде во еден Жарко Трајановски, подобро и да не си читал, си можел нешто многу покирисно да направиш за тоа време. Имаш огромни проблеми во македонското образование, а за тебе најголем е тоа што еден никаков или некаков Жарко Трајановски не глушел и не придонел изминативе дваесет години. Ама го погоди проблемот...

Образованието е човечко право за кое треба сите невладини институции во Македонија,да се заинтересираат.Од поглед на муштерија на еден сервис кој државата треба да обрне големо внимание треба да се избориме за квалитетно образование,а не за помија.
Што се однесува пак до Жарко Трајановски би го рекол следново. Жарко Трајановски е видна јавна личност во Македонија.Бил член на Хелсиншкиот комитет, ГЕМ и други невладини институции. Како член на Хелсиншкиот комитет и на ГЕМ тој требал да се заложи за подобро образование во Македонија,бидејќи и тоа е човеково право кое треба да се реализира.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
17-04-2011, 02:25 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,486
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#24

Quote:OM: Власта не плаќа за научните трудови
Сеад Ризвановиќ


17.04.2011 16:20
Билјана Јовановска

Министерот за образование Никола Тодоров ги условува професорите и асистентите од универзитетите со објавување на научни трудови во странство но, не им ги исплаќа парите за истите, обвинуваат од Обединети за Македонија.

Тие велат дека се работи за надомест од 12 илјади денари за кои министерството само одобрува решенија на хартија.

Поради ваквата манипулација, научните работници се приморани правдата да ја бараат на суд, каде веќе има десетици предмети.

„Со ваквиот однос министерот директно го оневозможува нашиот научен кадар, професорите и асистентите од Универзитетите барем симболично да ги помогне финансиски, иако има донесено правилник и за оваа проблематика.

- Истите да присуствуваат на меѓународните конференции, иако во Законите со кои тој фиктивно го реформира образовниот систем, поставува услови за напредување токму со конкретни барања за учество на такви конференции и објава на трудови во меѓународни списанија“, изјави Билјана Јовановска, Обединети за Македонија.

Наместо одговор, од Министерството за образование молк, не кажуваат дали и зошто не се исплатуваат парите за научните претстои и трудови во странство.

Така се наметнува прашањето и кој ќе одговара за евентуалните изгубени судските процеси и за парите кои ќе треба да бидат исплатени од буџетот на Република Македонија.

Неодамна со измените на Законот на високото образование министерот Тодоров меѓу другото им наметна обврска на професорите да присуствуваат на меѓународни конференции и да објавуваат трудови.

Сега оштетените научни работници укажуваат на апсурдноста на нивната ситуација. Тие стравувајќи за работните места сакаат да останат анонимни го повикуваат министерот да каже колку вакви барања на академската заедница се чуваат во фиоките на министерството.

A1
An inch today is tomorrow’s mile.
17-04-2011, 07:02 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,134
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#25

Монтехристо,во овој случај Министерот за образование е во право бидејќи во ниедна држава на Запад објавувањето на научни трудови не е финансиски помогнато од државата.

Во Канада и Америка во договорот меѓу професорот и универзитетот јасно стои дека тие (професорите) се стручни лица кои имаат некаков легимитет во таа област или некакво искуство во таа област.

Второ кога се поднесува молба за Магиструра на Запад обично се бара да се има некакво работно искуство пред да се оди на Магиструра.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 19-04-2011, 04:43 PM by basilius_2.)
19-04-2011, 04:40 PM
Reply