ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,680
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:Качински се олади, заверите се загреваат
Конспиративните комбинации околу загинувањето на полскиот претседател добиваат силен замав со последната апокрифна информација која гласи: "Човекот кој го сними видео клипот на местото на несреќата е убиен. Бил неколку пати прободен со нож и во критична состојба одведен во болница. Само неколку минути подоцна, непознати лицаго исклучиле од апаратите за одржување во живот и го заклале".
Еве ги останатите елементи на приказните кои кружат наоколу:
* На снимката од местото на несреќата, непосредно по падот се слушаат истрели од огнено оружје.
* Проверката на инструментите на аеродромот покажала дека тие функционирале беспрекорно: оние од контрола на летање мора да знаеле дека авионот оди кон дрвјата.
* Не се точни информациите дека несреќата е резултат на недоразбирање: пилотот одлично го владеел англискиот јазик.
* Не е точно дека самиот претседател инсистирал да се слета: црните кутии покажуваат дека никој не интервенирал во пилотската кабина.
* Не е точно дека авионот пробал да слета неколкупати, се удрил при првото слетување.
* Зошто на снимките на несреќата не се гледаат тела и багаж?
* Полските власти знаат дека дел од загинатите имаат прострелни рани.
видео снимката на која наводно се слушаат истрели и се гледаат луѓето кои ги убиле преживеаните.
Сумарно, главната драматуршка линија на приказната околу загинувањето на полскиот претседател оди вака:
Контролата на летањето знаела што прави и намерно го навела авионот на погрешна патека. По паѓањето, непознати вооружени лица дошле до остатоците од авионот и се погрижиле да нема преживеани. ЦИА и службите на други западни земји знаат дека се работи за убиство а не за несреќен случај, затоа Обама, Берлсукони, Саркози и останатите не дошле на погребот, не заради вулканскиот облак.
Мотив за атентатот?
Флертувањето на Качински со Вашингтон околу поставувањето на ракетните системи.
Главноoсомничен?
Русија. Некои го спомнуваат Мосад, некои Илуминатите.
|
|
22-04-2010, 02:29 PM |
|