Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Стефан Наумов - Стив
Author Message
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#21

Јас студирам во Бугарија. Името ми е Зарица и сам от Македноиjа





Јас студирам во Бугарија. Името ми е Зарица и сам от Македноиjа. За кратко време разбрах дека има историски документи кои не са достаточно или само делумично споменувани во нашата мила земља. Прво, надписот на цар Иван Владислав кои вели дека е РОДОМ БЪЛГАРИН (каде е македонското). Сите арменски (искључение прави Асохиг - Асолиг), грчки, латински средновековни историчари велат дека Самуил и неговит народ са БУГАРИ. В Житиата на светците исто така се пишува дека македонците са Бугари. В писмото си Гоце Делчев до Никола Малашевски пишува дека е БУГАРИН. Сите македонски ревуљуционери велат дека са БУГАРИ. Зошто во Македония не се пишува дека в зеницата на своиот живот Крсте Мисирков се отмета от македанизмот и признае да е Бугарин и македонците са Бугаре. Неможе за сичко да са ни виновни Бугарете. Читајте Карнегиевата анкета да видите през 1913 г. србите колко македонски села са избришале (там са означени како бугарски).

Зошто ништо не се пушава во Македониа за Тиквешото востание срещу србите през 1913 г., зошто ништо не се пишува во Македониа за Охридско - Дебарското востание през 1913 г. Читајте книгата на Анри Пози "Войната се завръща" пишувана през 1934 г. да видите какво србите са правиле со македонските девоjки. Знаете ли дека во Бугариа е водена статистика до 1941 г. на сите избегали македонци от србски гнет през 1913 - 1915 г. и 1918 - 1941 г. и они детаилно са опишували то што са им причиниле србите. Ако не приемаха Бугариа за своиа Татковина зошто избегваа во неиа. Моето семеиство во Македониа воопште не може да се смета са "пробугарско". Татко ми е учител, а майка апотекарка. Кога разговарам со татко он само вика и тврди дека бугарете са ме побугариле, а неможе ни еден аргумент да ми каже за оно што не сам права. Дури татко ми вели дека Тиквешко востание и Охридско - Дебарско востание не е постоило, то е пробугарска пропаганда. Како да е пробугарска пропаганда кога ас сам читала све известни имења на убиените во това востание, разказите на сите очигледници и сведоци, кои са избегали во Бугариа. Докладите на ВМРО и пр.

Скоро ке се омажвам за моиа приетел, кои е бугарин от Северна България. Добро момче е! Не е татарин со криви очи и сплескана глава, висок е 1.82 м., тежи 87 кг., сини очи и црна коса. И морам тврдо да ви кажам дека никогаш не ми е говорил дали да бидам македонка или бугарка. Нито тои, нито неговите родители. За жалост моиа татко несака да го види и да му каже барем едно "Добр ден". И требаше сичко това да стане зада видам дека во Македониа има луге кои живеат со разбираниа от миналиот век, наложени от србите. Само маика и сестра ми разбират за што иде реч. Баба ми (маиката на маика ми, коа е приживела и србско и бугарско и македонско, на кои сестра и живее во Бугариа - Русе), обидела се да поговори со татко и да му каже дека неговите становишта немат нишно општо со срекята на неговата керка, ама неисе он и ударил шамар. Никогаш нема да му го простам!
20-04-2010, 10:09 PM
Reply
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8
#22

не е само Зорница дека е разбла вистината сите кой студират во Европа е знаат ..ама само некой сакат да кажат Icon_wink

Айде постот на една македонка коя студира во Лондон :

http://mkhistoria.blog.com.mk/node/146460#comment
20-04-2010, 10:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

(18-04-2010, 11:47 PM)афион Wrote: А кој отепа овој комунист?
Не е комунист, МАНАПО е ,ама ти појма немаш кој е.

Оваа е од учебник за VII клас на гимназија:

Quote:Активноста на културно уметничките друштва Вардар во Загреб и Белград придонела во појавата на МАНАПО(Македонско народно движење).Тоа било создадено на илегален состанок во Охрид,28 август 1936 год.Програмскиот документ на МАНАПО,Политичката декларација ја потпишале 200 македонски студенти.МАНАПО се застапувал за афирмација на македонскиот народ и македонскиот јазик во Југославија,демократизација на земјата и нејзино уредување на федеративен принцип;соработка со сите политички движења во Југославија кои му ги признаваат правото на македонскиот народ на национална посебност;воспоставување на диплоатски односи со СССР и борба против мегународниот фашизам.Ваквите програмски цели произлегле од идејната широчина на движењето кое во својата дејност и опфатило Кузман Јосифовски. Страшо Пинџур, Димитар Чкартов, Методија Андонов-Ченто, Ѓорги Гарев и Коце Ванев. Како орган на МАНАПО во Загреб 1937 година бил објавен ,,Наш Весник,,,но тој веднаш бил забранет од југословенските власти.Заради својата активност дел од членовите на движењето биле уапсени и осудени на затворски казни.


Во учебникот недостасуваат Венко Марковски, Петре Пирузе - Мајски, Богоја Фотев ....ЗОШТО Афиону???


Quote:Борбата за нацинална слобода и рамноправност била изразена и преку движењето насловено како Македонски народен покрет (МАНАПО) за чие создавање и популаризација придонеле културно-просветните друштва на македонските студенти “Вардар” на Белградскиот и Загребскиот универзитет. Во нив членувале велешаните: Коста Урумов, Борис Рибаров, Борис Шукарев и др. Политичката платформа на МАНАПО се темели на будење на националната свест на македонскиот народ и афирмација на народниот јазик, борба против српската хегемонизација и против фашизмот.


Јас незнам да има некој од прогласените Народни ХЕРОИ во Македонија да НЕ бил член на КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА.
По тоа излегува дека Втората Светска Војна на просторите на Македонија е борба помеѓу Комунисти и Фашисти. Значи идеолошка. Вовата е во право кога вели "убивале комунисти".
Сега за тебе нешто:
Дали си зе зпрашал како е можно при неколку десетици илјади загинати во Втората Светска Војна, ХЕРОИ да ти биле само Комунистите. Или таа лага не ти пречи.

По се не ти пречи ни оваа:
Убиството на Коста Рацин не е ИДЕОЛОШКО, него HE го убиле ни Бугарските фашисти ни Германските фашисти. Коста Рацин го УБИЛЕ КОМУНИСТИТЕ на ТИТО, оти бил и останал МАКЕДОНЕЦ.
20-04-2010, 11:25 PM
Reply
Вовата Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,983
Joined: Jan 2010
Reputation: 33
#24

(20-04-2010, 09:27 PM)афион Wrote: Палешутски Icon_razz
Бановци и Манувци не читам.

Чукча не читател, чукча писател Icon_razz Icon_razz Icon_razz Icon_razz....

И какво ако си постар. Поведението и аргументацијата ти се како на 15 годишен.

Не ми се скривај по тангентата... Ајде пак:

Имало ли некогаш во Германија фашизам?

Да.

или

Не.
21-04-2010, 02:14 AM
Reply
Зора Offline
Човѣкъ
****

Posts: 256
Joined: Mar 2010
Reputation: 13
#25

Абе јасно е дека не сме влегле доброволно во Ју-то ама какви комунисти во 1944, југокомунистичка власт воспоставија од ко ги отепаја и испозатворија создателите на на Македонија, то биле претежно стари Илинденци - Шатев, Брашнаров и компанија - и да биле социјалисти не е важно. Nee_taka

Ете некои од имињата

Методија Андонов - Ченто
Димитар Несторов
Панко Брашнаров
Венко Марковски
Димитар Влахов
Прличев до крајот на својата учителска кариера па и во Солунската гимназија предавал на македонски и ги терал учениците да изговараат според гласовниот систем на македонски јазик

Прличев во Солунската гимназија предавал на македонски јазик, свесно и настојчиво.
(This post was last modified: 22-04-2010, 02:19 PM by Зора.)
22-04-2010, 02:14 PM
Reply
Вовата Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,983
Joined: Jan 2010
Reputation: 33
#26

(22-04-2010, 02:14 PM)Зора Wrote: Абе јасно е дека не сме влегле доброволно во Ју-то ама какви комунисти во 1944, југокомунистичка власт воспоставија од ко ги отепаја и испозатворија создателите на на Македонија, то биле претежно стари Илинденци - Шатев, Брашнаров и компанија - и да биле социјалисти не е важно. Nee_taka

Ете некои од имињата

Методија Андонов - Ченто
Димитар Несторов
Панко Брашнаров
Венко Марковски
Димитар Влахов

И да биле социалисти не е важно? Какви биле партизаните (овие со шмаjзерите – вистинската власт?) Па и Димитар Благоев (таткото на комунистичката Бугарска Партия) бил социалист. Во 1944 година социалист (на практика, а не на зборови) = комунист. Се знаело каде е силата и ги коj дрпа конците и одкаде (Москва). Во Бугариjа имало и вистински широки социалисти (партиjата на Лулчев). Завршиле во Белене...
22-04-2010, 02:24 PM
Reply
Зора Offline
Човѣкъ
****

Posts: 256
Joined: Mar 2010
Reputation: 13
#27

Да, се знај кај била силата и кај се решило се.

То шо сакав да кажам е дека, на тие луѓе му било важно шо се створила Македонска држава, па морале да прифатат да биди дел од Југославија, нив создавањето на македонска држава му било приоритет.Па после се збиднуват неколку настани шо можат да се изедначат со државен удар и власт оди во рацете на србокомунистите, срби, црногорци и србомани и идеалот на Ченто и компанија се губи.

Quote:Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Заседанието започна со изведување на песната Изгреј зора на свободата. На заседанието, кое во 17.15 часот го отвори најстариот делегат, учителот Панко Брашнаров од Велес, со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - САД и Велика Британија, се донесени неколку важни одлуки:

* Решението за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија
* Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија
* Решение на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
* Решение на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава.
Прличев до крајот на својата учителска кариера па и во Солунската гимназија предавал на македонски и ги терал учениците да изговараат според гласовниот систем на македонски јазик

Прличев во Солунската гимназија предавал на македонски јазик, свесно и настојчиво.
(This post was last modified: 22-04-2010, 02:39 PM by Зора.)
22-04-2010, 02:34 PM
Reply
Вовата Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,983
Joined: Jan 2010
Reputation: 33
#28

(22-04-2010, 02:34 PM)Зора Wrote: Да, се знај кај била силата и кај се решило се.

То шо сакав да кажам е дека, на тие луѓе му било важно шо се створила Македонска држава, па морале да прифатат да биди дел од Југославија, нив создавањето на македонска држава му било приоритет.Па после се збиднуват неколку настани шо можат да се изедначат со државен удар и власт оди во рацете на србокомунистите, срби, црногорци и србомани и идеалот на Ченто и компанија се губи.

Quote:Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Заседанието започна со изведување на песната Изгреј зора на свободата. На заседанието, кое во 17.15 часот го отвори најстариот делегат, учителот Панко Брашнаров од Велес, со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - САД и Велика Британија, се донесени неколку важни одлуки:

* Решението за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија
* Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија
* Решение на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
* Решение на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава.

Збориме за едно исто, но ниансата е дека и НЕ Е ВООПШТО БИТНО каков им бил идеалот на некомунистите и дали се тие согласили или несогласили со што било веке решено многу подалеку и повисоко од нив. Тие вто се согласили се согласили по причина што им било jасно каква в состоjбата, коj држи и ножот и лебот. Тие што не се согласили (без значение дали биле храбри идеалисти или без поjма за релноста) завршиле знаеме каде...

Коминтерната е била безкомпромисна – ке се изработат посебни нации на балканот: Тракиjци, Добруджанци, Македонци (забележи, нема jа Бугарската). Таткото на народите имал веке искуство со правене нации и иселуване цели народи – Белоруската, Молдавската и т. н...

Пред да се спречат Тито и Сталин, СЕТО се е рашавало во Кремал. Прочети 4 том на книгата на Стеафан Цанев овде:
http://books.google.com/books?id=VDY2IOJ...&q&f=false

и обрати внимание на пасажите со Сталин и како сето станувало под негов диктат и вака се до разривот со Тито.

Книгата е на Български, но нема да имаш проблем. Подкрепена е со податоци, стенограми од срещи и т. н. За да напише хрониките, Цанев е прочитал повеке од 4 000 страници на материали, архиви и в. н.
22-04-2010, 05:31 PM
Reply
veritas Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,691
Joined: Feb 2010
Reputation: 7
#29

А дали овие се бугари?

http://bkks.org/files/bnpesni.pdf
22-04-2010, 05:41 PM
Reply
Зора Offline
Човѣкъ
****

Posts: 256
Joined: Mar 2010
Reputation: 13
#30

Ќе ја ѕирнам книгата.
Прличев до крајот на својата учителска кариера па и во Солунската гимназија предавал на македонски и ги терал учениците да изговараат според гласовниот систем на македонски јазик

Прличев во Солунската гимназија предавал на македонски јазик, свесно и настојчиво.
22-04-2010, 06:35 PM
Reply
Kasnakovski Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,223
Joined: Mar 2010
Reputation: 18
#31

Афионе, кажи што херојско извршил Стив Наумов.

Ете од сајтот на борците - Битола.
Сите настани сврзани со херойот ги собрав на едно. Не гледам нешто хероjско да извршил.




Учебна 1937/38 година
Предавање за шпанската граѓанска војна
Напредните ученици од битолската гимназија, во учебната 1937/38 година, покрај другите одржале и еден поширок состанок на кого присуствувале членови од повеќе гимназии (класни групи).Состанокот се одржал зад германските гробишта, а на него учествувале: Коле Чашуле, Стеван Наумов, Владо Малевски, Киро Хаџи Василев, Виктор Пардо, Алексо Мусалевски, Сарина Песо, Цане Светија, Мито Хаџи Василев, Атанас Атанасовски, Доне Илиевски, Костантин Поповски, Зоре Поповски идруги. На состанокот, Борка Талевски зборувал за Шпанската граѓанска војна, а истовремено ги запознал присутните со учеството на југословенските борци против фашизмот во Шпанија.


Септември 1940 година
Обновување на МК на КПЈ
По затворањето на МК и осудувањето на повеќето негови членови, дејноста на членовите на КПЈ за извесно време спласнала. ПК на КПЈ за Македонија веднаш презел мерки за фомирањето на нов МК. За таа цел во Битола пристигнал Перо Ивановски-Тиквар кој бил ополномоштен да го формира новиот МК. Состанокот бил одржан во станот на Крум Хололчев. Во новиот МК влегле следните членови на КПЈ и тоа:
• Бојчевски Ставре-работник
• Деловски Кузман-работник
• Наумов Стеван-Стив-студент
• Тодоровски Никола-правник и
• Хололчев Крум-инженер.
За секретар на МК бил избран Стеван Наумов-Стив.

Септември 1940 година
Нов местен комитет на КПЈ
После паѓањето на поголемиот дел од членовите на МК во рацете на полицијата и нивното осудување на долгогодична робија, как и интернирање на активни комунисти, во септември 1940 година партиската организација се совзела од ударот на боржуаската власт и формирала нов МК во чиј состав влегле:Стеван Наумов- Стив секратар и членови: Ставре Бојчевски- чевларски работник, Кузман Деловски- дограмаџија, Никола Тодоровски-Канински-правник, Крум Хололчев-инженер и Доде Христовски-монополски работник.

Јануари 1941 година
Формирање на партиска келија во монополот по заслуга на Стив Наумов
Стеван Наумов – Стив, во почетокот на новата 1941 година, стапил на работа, како писар, во битолското тутунско препријатие, популарно викано Монопол. Нeговата работа не се состоела само да привредува за себе туку и за нешто многу повеќе – инено, да оформи партиска келија во оваа работничка средина. Спроведувајќи ја целта, Стив полека, но брзо и сигурно напредувал. Кога одговорните на Монополот виделе дека Стив се занимава со револуционерни работи меѓу работниците, решиле да го оневозможат во тоа, Немајќи конкретни докази за да го отпуштат од работа, тие решиле да го деградираат и понижат, т.е. го префрлиле да работи како општ работник, сметајќи дека Стив сам ќе се откаже од работа. Но, Стив не само што не го напуштил Монополот, туку дошол до поголем контакт со работниците. Преку своето скромно држење и однос, како и преку песните што ги пеел (обично руски револуционерни), тој ја стекнал општата симпатија на монополците, со што партиската келија била оформена, а наскоро работниците- членови на КПЈ отпочнале и со саботажи во Монополот.


Април 1941 година
Проширување на МК-КПЈ-Битола
Поради новонастанатата ситуација (окупацијата, војната, прекинати врски со ЦК КПЈ и слично) веднаш по окупацијата, МК на КПЈ-Битола бил проширен. Тој броел 8 членови и тоа: секретар- Стеван Наумов- Стив и членови Бојчевски Ставре, Новачевски Петре, Тодоровски Никола, Хаџи Поповски Лазо, Хололчев Крум, Христовски Доде и Чаловска Лилјана.
Покрај другото, новиот МК решил да се прибира се што е можно од разбиената југословенска војска-оружје, храна, облека и истото да се сокрива.


Април 1941 година
Илегалната печатница во Битола
Веднаш по окупацијата, Стеван Наумов-Стив како секретар на МК на КПЈ- Битола посветил големо внимание на партиската техника. Тој беше изработил цел систем за начинот на раководење со илегалната печатарска работа, врски, пренесување на материјали и сл. Техниката била добро сместена во станот на Томе Тодоровски - Каменко. Со техниката раководел Васил Тодоровски - Мајоро. Со основни материјали за печатење, главно снабдувал Цане Стојанов- Газдата. Летоците и радио- билтените ги пишувал Стив, како и другите членови на КПЈ и СКОЈ. Стив заедно со Пецо Божиновски и Томе Тодоровски- Каменко на повеќе пати помагале за навременото излегување на печатените материјали и кои по еден строго определен начин биле растурани во градот.

8 Јуни 1941 година
Формирање на фудбалски клуб „Работник“
Веднаш по окипацијата на Битола неколку монополски работници- членови на КПЈ- дошле на идеја да формираат фудбалски клуб. Тој клуб, пред се, по нивното мислење, требал да ги опфати членовите на партијата, СКОЈ или симпатизерите на Советскиот Сојуз. Во тоа нешто Стеван Наумов- Стив, кој дотогаш работел во Монополот, зел видно учество. Тој дури ја искажал можноста играчите или членовите на управата на фудбалскиот клуб, како членови на КПЈ, полесно да се движат, пренесуваат материјали, т.е. да ги искористат легалните форми на партиската рабата, прикриена позади клубот. Откако се нашле доволно играчи во кафулето на Кочо Тромбев, на 8 Јуни 1941 година, иницијаторите, мегу кои и Стив, решиле да се формира фудбалски клуб, а го именувале „Работник„. Така и станало.Многумина покрај спортската работа, често вршеле и партиска работа. Откако бугарската полиција тоа го насетила, го забранила името „Работник“ и му го наметнала името „Свобода“, а во управата за потпретседател наметнале свое лице (шефот на полицијата кој нередовно доагал на состаноци).затоа многумина играчи почнале да го напуштаат клубот;некои биле апсени, така да клубот при крајот на своето постоење ја загубил својата првобитна намена.
Во клубот, како раководители се истакнале: (прв претседател) Горѓи Тодоровски, Доде и Ката, Најдовски Коста- Цоцо, Вангел Алтипармаков- Бумбарот и др.

Август- Септември 1941 година
Стеван Наумов - Стив во партиската келија во селото Стрежево
Во крајот на месец авгуси и пошетокот на септември 1941 година, Стеван Наумов- Стив дошол во селото Стрежево. Таму конферирал со членовите на партиската келија. Во исто време тој ја испитувал готовноста на членството на КПЈ за борба против фашистичките окупатори. Потоа Стив се упатил за село Лера.

Ноември 1941 година
Обид за ослободување на Лазар Колишевски од затвор
Кога како претставник на ПК на КПЈ за Македонија во Битола дошол Мирче Ацев, наскоро во битолскиот затвор го донесле и секретарот на ПК - Лазар Колишевски.Тогаш Мирчета го преокупирала мислата за организирање бегство на Лазо од затвор. Заедно Мирче и Стив се дале на работа за ослободување, односно за спроведување на замислата. Биле воспоставени врски со Лазо в затвор преку Гелејца, која му однесла храна, во која Мирче му испраќал писма. ( Исто така му праќал писмо во пастата за заби) За акцијата во требал да биде ослободен Лазар биле подготвувани десетина членови на КПЈ од Битола. Меѓу нив се наоѓал и еден механичар кој требало кога ќе беа нападнати спроводниците на Лазо кај „Рускиот крст“, зад Офицерскиот дом за кон Станицата, да му ги исече алките од синџирите на рацете и нозете. Во близината требало да чека автомобил, кој ќе го пригател Колишевски и ќе го однесе во селата каде Партиската организација развила силна мрежа. Но, за акцијата дознал ПК и изразил сомневање за успехот, дури дејствувал деморализирачки во смисла да не дојде до престрелка во кој би имало можност да биде Лазо убиен. Во последниот момент оваа акција била напуштена. По тој повод, Мирче Ацев во едно писмо до ПК остро протестирал зошто дал директива да се напушти планот за грабнување и ослободување на Колишевски.

1941 година
Штрајк на монополските работници
Во окупирана Битола, во 1941 година, бил организиран штрајк на монополските работници.Штрајкот бил дело на партијата и СКОЈ.
Монополските работници биле организирани од монополската партиска келија и Стеван наумов- Стив да стапат во штрајк, во знак на протест против грубостите на окупаторите. Всушност, истиот бил од чисто политичка природа. Штрајкот траел три дена, по кој окупаторските органи морале да ја ублажат својата грубост.

6 Мај 1942 година
Убиството на Ќурчиев
За сите уапсени членови на КПЈ во Битола, сите службеници на полицијата биле опасни, затоа што нивниот однос бил повеќе садистички отколку службенички. Меѓутоа, меѓу нив особено бил неснослив бившиот член на БРП, а во Битола обласниот политички началник Ќурчиев. Во една ненадејна средба пред денешната зграда за дефектни деца, секретарот на МК на КПЈ-Стив Намов немајќи друг избор, наместо лична карта извадил револвер и на место го усмртил Ќурчиев. Иако Партијата не била за примена на индивидуален терор, сепак го оправдала Стив зошто за него тоа бил единствен излез од безизлезната ситуација.

7 Maj 1942 година
Потрага по Стив за Битола
Битола, во утрото на 7 Мај 1942 година, била блокирана и Битолчани не можеле да одат на работа. Сите градски улици биле запоседнати од бугарски војници, додека полицајците и агентите, распоредени во групи, оделе од куќа в куќа, да вршат претрес.Всушност, блокадата била организирана со цел фаќање на Стеван Наумов-Стив кој само пред неполн ден, т.е. вечерта на 6.V. 1942 година го ликвидирал обласниот полициски началник Ќурчиев. Полицијата сметала дека за тоа кусо време Стив не можел да го напушти градот и дека некаде е во Битола, кое нешто било и точно. Меѓутоа, градот не го предал народниот борец. Тој го скрил во своите пазуви и напразни биле претресите и малтретирањата што ги вршела полицијата.
Тоа била прва целосна блокада на Битола.

Крајот на мај 1942 година
Формирање на трет реонски комитет
Потребата од разгранета партиска дејност во битолските села наложила партиските раководители да се позанимаваат со формирањето на нов, трет по ред, Реонски комитет во битолско. Од тие причини Стив Наумов и Тодор Ангелевски-Даскало размениле мисли и решиле да формираат РК со центар во село Лавци. После нивниот разговор, кон крајот на месец мај, Тодор Англевски-Даскало и Трајан Белев свикале состанок во Лавци, каде и била донесена одлуката за формирањето на РК.
За секретар на новоформираниот РК поставен бил Крсте Митревски- Кицо, а негови членови биле Сотир Брбевски, Крсте Самарковски, Лазо Питулчевски и Лена Ташкова. Било решено дека РК накнадно ќе бил проширен со нови членови од селата што ќе му припаднат на реонот.

7 Јуни 1942 година
Стив во први реон
Вршејќи ревизија на партиските организации во Први реон, Стив, на 7.VI.1942 година одржасостанок со членовите на КПЈ во Ѓавато, во куќата на Јонче Мурџевски. Во главно било дискутирано да се подготви и спреми сето оружје што дотогаш било криено. Во исто време, Стив одржал состанок во село Лера и во село Стрежево на кои главен проблем во задачите на комунистите било прибирање и оспособување на прибраното оружје. Всушност, тоа биле состаноци сврзани со потребата да се исфрли новиот партизански одред.

21 Јули 1942 година
Голем судски процес на кого осудените на смрт ја пееле „Интернационалата“
Фашистичката власт во Битола после големата априлска провала и разбивањето на Одредот „Пелистер“ организирала голем процес кој траел од 16 до 21 јули. Во текот на процесот во судската сала имало само агенти и полицајци, а од цивилите само адвокатите што ги бранеле некои поимотни затвореници. Во текот на процесот никој од обвинетите не потклекнал . Дури и оние што во текот на нечовечките измачувања нешто и признале, на судот тоа го негирале мотивирајќи го признавањето како последица на големите физички измачувања.
Тогаш со пресудата од 21.VII. биле осудени на смрт со бесење Ѓорги Наумов, Димитровски Блаже- Рогузинаро и Кочо Десановски- Десано, а во отсуство Стеван Наумов- Стив, Тодор Ангелевски- Тошо Даскало, Кирил Крстевски- Платник, Лазо Хаџи Поповски, Исак Сарфати и Пецо Божиновски-Кочо.
На истиот процес биле осудени четири лица на доживотен затвор, 9 на 15 годишен строг темничен затвор и 2 лица на 10 години затвор.

Септември 1942 година
Загинувањето на Стив Наумов и Мите Богоевски
На 11 Септември 1942 година Стеван Наумов-Стив придржуван од младиот македонски поет и револуционер од село Болно-Мите Богоевски заминал со цел да стигне до Оперативниот штаб на НОВ и ПОМ.Тие бидејќи биле темно решиле да се се засолнат и преноќеваат во шумата над село Болно во близината на селската црква. Меѓутоа, нив ги забелеѓал еден предавник и го соопштил нивното присуство на бугарскиот военкомандир од 55 полк-втора пешадиска дружина. Бугарската војска нечујно ги опколила. Тие се засолнале времено во месност „Средно Лоиште“ од каде се бореа со војничките сили. Во борбата Мите бил смтоносно погоден. Стив по извесна борба се префрлил во месноста „Долец“. Тукане сакајќи да им се предаде жив на окупаторите,откако му се свршила муницијата, се самоубил.
________________________________________
12 Септември 1942 година
Стеван Василев Наумов-Стив
Роден е на 27 Октомври 1920 година во Битола. Основно образование и гимназија завршил во Битола. По матурирањето на битолската гимназија 1938 година студирал на техничкиот факултет во Белград.
Учествувал во демонстрациите против владата заради кои бил неколку пати уапсен. Тука Стив станал член на КПЈ. Во Битола работел во Монополот, каде ги организирал монополските работници.
По окупирањето бил избран за секретар на МК на КПЈ за Битола. Стив бил неуморен. Ретко кое од битолските села не било посетено од него.Во пролетта 1942 година станал член на Оперативниот штаб за Македонија. Како приврзаник на револуционерната линија на КПЈ, Стив работел за исфрлање на партзански одреди во билско. Во таа смисла го формирал одредот „Пелистер“ (22.IV.1942 година), а подоцна на 6.VII.1942 година и одредот„Даме Груев“.
Бугарскиот окупаторски воен суд го осудил во отсуство на смрт, а во исто време го уценил со 200 000 лева. При заминувањето за Преспа, заедно со поетот-борец Мите Богоевски, Стив бил опколен во гората кај село Болно, а во петчасовна борба со многубројна војска и полиција, Стив за да не падне во нивни раце, се самоубил.
За народен херој на Југославија е прогласен во 1945 година.
(This post was last modified: 18-06-2010, 12:38 PM by Kasnakovski.)
18-06-2010, 12:37 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#32

Pojma nemam zosto?
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
18-06-2010, 09:38 PM
Reply