Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
За ајдуклукот на Груевски и ДПМНЕ се прочуло до Вашингтон
Author Message
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#1

За ајдуклукот на Груевски и ДПМНЕ се прочуло до Вашингтон

Се чини конечно и доаѓа крајот за лажната претстава за Груевски како млад неизвалкан политичар .И во Макеоднија и во светот се повеќе стануваат свесни дека стнува збор за еден од најголмите ајдучишта што воопшто постоел не само во Македонија туку и пошироко. Груевски е најголемиот транзициски профитер во Македонија .И тоа не важи само за Груевски туку и сите околу него .Не станува збор за никакви млади неизвлакани политичари туку и од порано ама со најновите афери апла станува јасно дека се тркаат меѓу себе кој од кој да биде поголемо ајдучиште .Јас и порано се изјаснив дека сум против Груевски да се велича како наводен диктатор а сите тие што бараа да му се признае такво право всушност барале да биде диктатор за криминал како би можел-е непречено да вршат грабеж –пљачка во Македонијава .Самата ДПМНЕ со блокирање институциите на судови , полиција ,антикорупциска комисија итн и со државниот удар од 24 декември 2012 јасно ставија до знаење дека не ја признаваат државата Република Македонија ниту нејин устав и закони .Всушност ДПМНЕ веќе одамна нее никаква регуларна политичка партија туку организирано криминално злосторничко здружение – банда на чие чело се наоѓа Груевски .

И тоа веќе не е можно ниту да се сокрие а ниту пак Груевски и ДПМНЕ нешто посебно вложуваат напори да демнтираат .Најголемото правдање што можеме да го слушнеме е дека и во време на СДСМ имало криминал .

1)
Криминалот на Груевски и ДПМНЕ е такви огромни размери толку многу украдени пари се изнесени од Макеоднија што веќе и светот се заинтересира за ајдуклукот на груевски и ДПМНЕ.
Вака:

САД имаат веродостојни извештаи за корупција во Владата

САД се загрижени за мешање на власта во судството и медиумите, селективното гонење на политичките противници, и веродостојни извештаи за корупцијата во владата.

- Ние сме загрижени од извештаите за физичко малтретирање на притвореници и затвореници од страна на полицијата и затворските чувари, како и поради лошите услови и пренатрупаноста во некои од државните затвори и ментални институции, изјави претсавникот на САД на седницата на Советот за човекови права при ООН на која се разгледуваше состојбата на човековите права во Македонија. Седницата која се одржа во Женева е во рамките на на новиот механизам наречен „Универзален периодичен преглед“ преку кој се испитува почитувањето на човековите права во сите 193 членки на ООН.

Во забелешките изнесени од страна на САД исто така се изразува загриженост за користењето на владините ресурси ЗА ПАРТИСКИ ЦЕЛИ

- Ние , исто така, останувааме загрижени поради употреба на Владата на јавните ресурси за политички партиски активности, МЕШАЊЕ ВО СУДСТВО И МЕДИММИ , селективното гонење на политичките противници, И ВЕРОДОСТОЈНИ ИЗВЕШТАИ ЗА КОРУПЦИЈА ВО ВЛАДАТА, изјави претставикот на САД и праша:

Дали Владата планирa да го зголеми надзорот на владините претставници за справување со корупцијата и проблемот со НЕКАЗНУВАЊЕТО НА ПОЛИЦИЈАТА ?

САД во оваа прилика исто така изразија загриженост поради присуство на, како што велат најлоши форми на злоупотреба на децата.

- Ние продолжуваме да бидат загрижени дека некои од најлошите форми на злопотреба на детски труд, изјави претсавикот на САД на заседанието во Женева. Седницата на Советот за човекови права при ООН на која ќе расправаше за состојбата со човековите права во Република Македонија се одржа на 30.01.2013
-
http://www.novatv.mk/index.php?p=1&navig...vest=11442

2 )
Станува јасно дека Груевски и ДПМНЕ никогаш нит се борле со некаква крупција ниту имале таква намера а такво нешто и не било можно од причина што самата ДПМНЕ на чие чело стои Груевски е обично криминално злосторничко здружение
Последните случувања кој се само врв на ледениот брег јасно го докажаа тоа ..
Вака :

Под лупа наводната борба против корупцијата!

Продажбата на зејмиштето спроти „Веро“ за нешто повеќе од едно евро, како и повеќе тендери за набавка на опрема и за изградба на објекти, кои завршија со големи забелешки од дел од учесниците, го вклучија алармот кај организации и МЕЃУНАРОДНИ ИНТИТУЦИИ кои подолго ЈА СЛЕДАТ ДЕКЛАРАТИВНАТА БОРБА на Македонија против криминалот и корупцијата. Дознаваме дека започнува процес на ревидирање на оценките за нивото на транспарентност во земјава, за тоа колку е реална а не фингирана борба против корупцијата, за нејзината поврзаност со состојбите во медиумската сфера и други сфери во контест на управувачките и институционални капацитети и т.н. добро владеење. Во тој контекст, се прават и компаративни проценки колку мерките насочени кон подобрувањето на стандардот на ранливи социјални групи од духот на позитивна дискриминација преминуваат во негативна, кога ќе се споредат со многу поголемите погодности што ги добиваат други субјекти – инвеститори, како на пример, купувачи на земјиште за едно евро. Со интерес се следи текот и завршувањето на постапките што ќе бидат покренати поради повреди на процедурите во повеќе ТЕНДЕРСКИ ПОСТАПКИ, како и податоци ЗА ТРАНСФЕРИ на средства во и од ОФ-ШОР ДЕСТИНАЦИИ И НИВНАТА НАМЕНА .

http://libertas.mk/%D0%BF%D0%BE%D0%B4-%D...%83%D0%BF/

http://libertas.mk/под-лупа-наводната-бо...тив-коруп/
04-02-2014, 12:56 AM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#2

3)
Мрачните болни криминални умови од ДПМНЕ не се двоумат да стават во затвор и луѓе кој ги поречуваат во нивните криминални активности .
Најновиот случај е со Шипович од општина Центар .

Вака :

Куновска: Продолжува енормното богатење на власта на Груевски
објавено на: 18-01-2014

„Владата на Груевски, на најдрзок начин, потценувајќи ги граѓаните, разграбува најатрактивното градежно земјиште за по 1 евро во центарот на Скопје. За вакво земјиште скопјани плаќаат 1000 пати повеќе, околу 1000 евра за м2 ! Целта е јасна, преку бизниси со милениците, енормно богатење на власта на Никола Груевски“, рече на денешната прес-конференција Софија Куновска, претседател на ГО СДСМ Скопје.

Скандалозната продажба на атрактивно градежно земјиште во центарот на Скопје, за само 71 денар за метар квадратен, потврдува две работи:

1. Зошто ВМРО-ДПМНЕ преку своите советници во Центар, упорно го блокира преземањето на управувањето со градежното земјиште од страна на општина Центар.

2. Зошто е Мирослав Шиповиќ во затвор.

„Ајде да се потсетиме што велеа од ВМРО ДПМНЕ за слична продажба на земјиште во 2005-та година, на само 50 метри од локацијата што власта на Груевски завчера ја даде за 71 денар.

- Тогашната Влада на СДСМ ја продаде парцелата преку пат, на истата улица кадешто е плацот за кој сега говориме, на инвеститорот ВЕРО, за 300 евра за квадратен метар“, рече Куновска.

Таа потсети на прес конференцијата одржана на 04.07.2005 година на која Влатко Ѓорчев изјави: „Продажбата на земјиштето спроти Народна банка на Македонија, по цена од 300 евра за квадратен метар, е скандалозна.“

Куновска на крај праша: Ако продажба на земјиште на иста локација за 300 евра се вика скандал, како се вика продажба на идентично земјиште за 1 евро квадрат?

- Ако пазарната цена за метар квадратен градежно земјиште во Центар денес е околу 1.000 евра, дали е класичен криминал завчерашната продажба на земјиштето кај ВЕРО Центар, за само 1 евро за м2?

„Ова е срамно поигрување на власта на ВМРО-ДПМНЕ со државата, што 8-ма година ја претвораат во приватен посед“, констатираше Куновска.

Ова е нечие безобразно богатење и изигрување на граѓаните во општина Центар кои и го свртеа грбот на оваа власт на последните локални избори.

Ниту една одлука на вашата Влада не може да го оправда кршењето на принципите на пазарната економија и срамното обезвреднување на земјиштето среде Скопје.

Социјалдемократскиот сојуз, веднаш по смената на власта ќе поведе сериозна и сеопфатна истрага за овој скандалозен случај, а одговорните лица ќе бидат изнесени пред лицето на правдата.

Зашто, за време турско, кога насила се барало откуп, повеќе било плаќано за м2 земја на старите скопјани. Ова е срам за институциите и бесчестие за поединците од власта на ВМРО-ДПМНЕ.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=11063

4)
Груевски кој за Нова Годнина држеше маратонски говори “ала Фидел Кастро “ сега по навика на претходно ненапишани прашања и одговори бега и се оградува од било каква одговорност .
Вака:

28.01.2014
КУСИТЕ И НЕПРЕЦИЗНИ ОДГОВОРИ НА ГРУЕВСКИ


Премиерот Никола Груевски е секогаш расположен исцрпно да одговара на прашања кои се врзани за тековното работење на владата или неговата партија, но многу кусо и непрецизно одговора за актуелни прашања врзани за теми за кои јавноста подолго време чека информации од Владата. Така одговори и денеска на обвинувњата на градоначалникто Жерновски дека одговорноста за поставување на споменикот на Цар Душан и другите споменици без дозвола,се лично Груевски

Нарекувајќи ги шпекулации, премиерот Никола Груевски ги отфрли обвинувањата на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски дека дел од спомен-обележјата на мостото ОКО се нелегални, а одобренијата за нивно поставување се давале директно ОД КАБИНЕТОТ НА ПРЕМИЕРОТ. Но, освен ваквото кусо оправдување и ОТФРЛАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА , Груевски повторно ЗАОБИКОЛИ ДА КАЖЕ конкретно која институција стои зад поставувањето на спомен-обележјата, меѓу кои се најде и статуа на Цар Душан.

Шпекулации се во прашање, се работи за целосно легален процес СОГЛАСНО ЗАКОНОТ , којшто го објасни министерот за транспорт.“


Ваквата пракса на давање куси и непрецизни одговори за актуелни прашања, наспроти долгите и исцрпни објаснувања на прашањата кои му се допаѓаат, премиерот ја примени и за останатите теми за кои јавноста веќе подолго време чека информации од Владата. На ист начин, ПРЕФРЛАЈЌИ ЈА ОДГОВОРНОСТА на други институции, тој го искоментира и ревизорскиот извештај на Агенцијата за странски инвестиции, во кој се забележува дека странски инвеститор кој добива поволности од државата, спротивно на законот продава на домашниот пазар.



„Доколку има таков случај тоа го водат институциите што се задолжени за тоа во земјата.“



Кус одговор понуди и на прашањето дали со коалицискиот партнер ДУИ е постигнат договор за евентуални предвремени избори, по што констатираше дека му се поставени доволно новинарски прашања за еден ден и одлучи да замине.



„Не, не сме разговарале за тоа. Ви благодарам, беше доволно за денес, сочувајте нешто за наредните денови...“

[ Весна Јовановска-Дојчиновска ]

http://telma.com.mk/index.php?task=conte...8.facebook


5)
А тоа дека кога збориме за Груевски и неговата криминална банда не станува збор за никаков патриот туку за едно префригано закоравено ајдучиште е одамна јасно .
Дефиниција :
Криминалецот нема вера , нема нација .Криминалецот за да се дограби до материјални богатства веќе расчитил поими дека тоа ќе го постигне на нерегуларен против -законски начин .
Сигурно дека ќе злоупотреби и вера лажно да се претстави како побожен и чесен и како патриот кој работи за интересот на народот . А реалноста е сосоема спротивна од тоа .

Вака :
Заради партиските бизниси со увозот на струја Груевски спречи милијарда евра странски инвестиции!

ФОКУС Веќе долго време се шпекулира за струјата во вмровскиот бизнис? Ама ништо повеќе не понуди опозицијата!?

ПЕТКОВСКИ Веќе шеста година како се на власт, а не изградија ни една хидроцентрала, не направија ни тендер за да изградат хидроцентрала. Тоа им носи огромни профити. Ако изградат хидроцентрали, треба да позајмуваат пари. А Груевски позајмува пари за да гради споменици, а хидроцентрали да му гради некој друг. И како поминува времето, Македонија ќе биде се помалку атрактивна, ќе биде проклета авлија за странски инвестиции!

http://fokus.mk/zaradi-partiskite-biznis...vestitsii/


итн
итн
Ајдуклукот на Груевски и неговата криминална банда наречена ДПМНЕ веќе станува интерсна и за меѓународниот фактор .
04-02-2014, 12:58 AM
Reply