Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ШТО ТОЛКУ ЗГРЕШИЈА МАКЕДОНЦИТЕ НА ГОСПОДА ПА ПОСЛЕ ГРУЕВСКИ ДА ЈА НУДИ ВАНКОВСКА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1




[Image: 2u8vzgl.jpg]

http://24vesti.mk/24-analiza-27-01-2014


Quote: „Слободен печат“


Во врска со реалните тешкотии при обезбедувањето 10.000 потписи за кандидатура на претседателските избори мислам дека најдобар одговор би ви дале оние кои се „паталци“. За земја со мала популација бројката на потребни потписи е реално висока, што независните кандидати ги прави аутсајдери во самиот старт, па дури ако се сеќавате имаше препукувања во врска со начинот на кој бил собран доволен број потписи за кандидат на помала партија на претходните претседателски избори. Навистина, се покажа дека независниот кандидат (или поточно кандидатка) не успеа, а партискиот во фото-финиш ја мина границата. Проблемите се и од техничка природа - граѓаните дури и да сакаат да дадат поддршка не секогаш можат да го сторат тоа во својата општина, а и таму каде што можат - имаше обвинувања за партизираност на администрацијата, нелојална конкуренција и слично. Накусо, на политичката сцена сиот простор како да го окупирале големите партии кои располагаат со дисциплинирано членство и машинерија, додека останатите останува и без таков апарат и без финансиски средства да се снаоѓаат, да бидат креативни или да се истрошат побргу од останатите кандидати за кои ќе трчаат партиски војници.
(This post was last modified: 28-01-2014, 03:15 AM by ЈорданПетровски.)
28-01-2014, 03:14 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Karolina Ristova Aasterud


Толку зборење против , толку презир за политиката и политичарите, ама општо, онака онтолошки, толку омаловажување на политичката професија наспрема професурата и науката, па муабети од типот мене ме интересира само ова второто, тоа првото не ми е ни за „малото прсте“, гнасно ми е, вакво ми е, такво ми е, итн.итн.итн..сето тоа беше јасен индикатор за психолошкиот механизам „кисело грозје“, оти беше премногу нагласено и премногу чудно, дури и несериозно за професор кој предава за право, политика, за res publica ...За тоа како феномен кај многу наши експерти и создавач(к)и на јавното мислење, не само кај проф. Ванковска, еднаш дури и напишав и статус...Ова чисто да потсетам, дека проф. Ванковска должи објаснување и оправдување за сето ова, и зошто и како „се предомислила„ околу суштината и вреднувањето на политиката.
Инаку, мислам дека проф. Ванковска може да собере доволно потписи и дека нејзината кандидатура, ако се ефектуира, ќе биде поместување во нашата политичка култура во однос на жените на врвните државни функции, од визуелно, полека да ни се навикнува „окото“, до суштински, па ќе се разбиваат предрасуди (бројот на гласови кои ќе ги собре, што мислам дека нема да биде толку незначителен), а може и ќе ги натера и партиите да размислуваат во правец и на кандидатка многу посериозно, што е инаку моја преферирана варијанта, оти, како што пишував пред извесно време, јас сум против „случаен претседател/ка“ и третирање на луѓето кои си го посветиле животот на политиката како лепрозни кога станува збор за врвот на една политичка кариера, а претседателската функција несомнено се квалификува како таква. Така се менуваат „правилата на игра“ Icon_razz) Јасно е дека ќе игра на некаков статус на послабата во битката, Давитка против партиските голијати, “ јас –чесниот маверик против партиски и државен естаблишмент и други, веќе видени „финти“ во споредбената политика, за да ги придобие независните и неопределените гласови,...Секако, тоа е ок, само се надевам дека во сета битка нема дотолку да ги исплука партиите, да почнат луѓето да бараат укинување на политичко-партискиот плурализам како темелна уставна вредност на РМ ..Го поддржувам и поздравувам нејзиниот потег како жена да влезе во претседателската трка , но притоа, се надеам дека нема да се дистанцира од женскоста, од женственоста, оти и тоа е дел од битката против предрасудите!
Она што ќе биде интересно е што ќе прави како претседателска кандадатка со нејзините анти-ЕУ и анти -НАТО ориентации кои досега беа и се „бетон“ во македонската надворешна политика, кај кои реално, кај кои само декларативно, што ќе прави со омразата спрема нашиот најголем пријател во меѓународните односи и политика, САД и Американците, омраза која некогаш ми делува кај неа малтене како патолошка , што ќе прави со градење профил на македонска Ноама Чомка ( имитирање на Ноам Чомски , со игнорирање и на контекстот и на перспективата), па последователно што ставови за мисиите во Ирак, Авганистан, АРМ, разузнавање, контраразузнавање и сиот багаж на „реалполитик“, „државен макијавелизам“ ( па макар и во минималистички димензии на мак. политичка реалност), при што секој став и одлука нема да биде „хартија трпи се“ туку судбина на два милиони нација....А врв ќе биде средбата на нашата голема професорка со неговото височество Суверенот – граѓанството, па ако ја изберат, влегувањето во светот на големите дијалектички судири меѓу политичките вредности и политичката реалност, меѓу вредностите и од „ ама од авион се гледа, на секој треба да му е јасно дека нешто е така и треба да биде така!“ и „ мнозинствата“, меѓу идеалите и интересите... Аууу, тоа ќе биде многу интересно, која дисциплина на кичмата за табиетот на професорската ќе биде тоа ( а, ферски кажано, тоа би било и е и за сите други што се во академијата, а немаат претходно и автентично политичко искуство).Со среќа за проф. Ванковска, ова, верувам, ќе и биде големо патување и животно искуство и лекција!
02-02-2014, 01:22 AM
Reply