Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
САШО ДЕНЕСОСКИ ЗА САВОВА, ИВОНА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

(12-01-2014, 03:18 AM)ЈорданПетровски Wrote: Не размислував да прикачам ништо од аферата со Ивона, но текстот на Денесоски ме премисли. Ме премисли заради тоа што Денесоски отвора многу прозорци, пушта многу светлина па и слепите, париските војничиња, да можат да видат за што се работи.



Quote: ТАЛЕВСКА И ЦИМЕРКАТА САВОВА,КАКО СЕ ПРАВЕЈА МЕДИЈУМСКИТЕ (НЕ)ПЕРА!


12 Јануари 2014

Бурна реакција на фан групирвката на СДСМ , по повод написот дека Ивона Талевска е производ на СДСМ. Но на бројните недолични коментари , на дечината-предавничина , еве со должна почит кон нашите читатели ќе се обидеме барем да им укажеме на факти ,а не на рекла казала ,


[Image: savova.jpg]


она што сакаат тие да го слушнат , она на кое навикнале , дека само слепи послушници можат да бидат партиски војничина ,сепак ние сме медијум со сите нишани ,таквите нешта нема да ги дозволиме , но по ред.

-Ивона Талевска во 2002 година ,заедно со Наташа Савова е испратена од страната на владта на СДСМ на дошколување во Р.Грција во Солун,. Трошоците за нивното дошколување беа на терет на граѓаните на Р.Македонија.Сега отворено се поставува прашањето од типот , што виде толку многу СДСМ во Ивона Талевска да го финасира државата нејзиното образование?!

-Ивона Талевска за време послем настаните во парламентот на Р.Македонија од црниот понеделник , како и претходно во Сител ги добиваа сите информации од Бихачка , беа информирани за се буквално , линкот беше Наташа Савова со својата школска другарка Ивона Талевска , а курирот беше репортерот на Сител -Сарма .

- Истиот линк функционираше и за време на локалните избори , така да Ивона & Наташа направија р‘шум во централата на Бихачка ,за конечно да се разбере целокупната шема на Савова & компанија.

- Заев и неговата фамилија беа перманентно напаѓани на СИтел , се воведе невидена кампања против фамилијата Заеви , кој беше авторот , повторно погоре наведениот тандем , појачан со послушниците на Наташа Савова од Струмица и Струмичко , омладински отсек,кој ја брифираа Ивона Талевска ,кој се му е фамилија на Заев ,за што благовремена информација доби и Заев преку Фросина Ременска,личност со огромен интегритет , професионалец и за оние неупатени идеолог на Отпорот.

- Како се рушеше Отпорот ,Гдеје печат?!,доколку сте на мислење дека Стевче беше толку паметен да го спроведе тоа ,сте се излажале. Има една зделка со производство и промет на цигари од Тутунски Комбинат Прилеп , за што Тони Мицаков -Цванцико невин пролежа по затвори , цигари кој завршија преку фирмата на Савова во Русија.Целата зделка се правеше во Солун , присутно Ивонче,послем тоа се нанижаа станови во Копенхаген -Данска на име на фамилијата на Савова ,а Цванцико одрапа во п‘рдекан ни крив ни должен

Зошто СДСМ молчи за Драган Павловиќ-Латас? Зошто не излезе јавно да каже како и тој е дел од низата на кадрови кој СДСМ под ментортсво на панде Колемишески и Мирка Велиноска ги крчкаа на Бихачка?! Зошто молчат за бизнисот со Сити лајтовите низ територијата на цела Македонија ,кој е бизнис на фамилијата на Драган Павловиќ Латас?! Каде е тука фрчко да одговори како и кој беше предводник во палејнето на Америчката Амбасада, како исчезна Коакинот од депото на МВР,како се финасираа тогаш во нивно време Сител, Канал5,зошто СДСМ тогаш упорно чутеше за бизнис заебанцијата со амерички копани на Велија Рамкоски, зошто чутеше како тоа Веле Митаноски ги пролапа парите од наводното радио на националности Фолк Стрмец?!

Зошто СДСМ тогаш нарача претепување на Никола Младенов , кој во тоа време беше единствена светла точка со неговиот Фокус на македонскиот медијумски простор?!Кога Латас доби шут карта од Фокус ,зошто тогаш СДСМ го вдоми веднаш во Сител? Зошто сите пријави против Канал 5 завршија по фиоки и ниедна не ја процесуираа??!

Зошто СДСМ во тоа време го финасираше СТАРТ на Палевски како пандан кој ќе му пркоси на Фокус?!

Сега е чуден бизнисот на Ивона , никој не го споменува на Латас , на Емил Стојменов,на Јанко ,никој не споменува како тоа Миленко невработен никаде , со блокирани сметки , повикуваќи се на фамилијарен бизнис со Кози млати милиони, легален дивокопач по археолошки локалитети?!

Ајде да ви бидеме на помош малку ,со Ауди Q5 се офајдија повеќе лица ,скоро во исто време,како на пример екс началникот на ЦПС на МВР,еден пратеник од Кичево,Ивона и уште тројца функционери, сите се Q5 со исти перформанси, сите се бели по боја , сите се исто годиште на производтсво и сите се земени од Порше Македонија,кој патем го доби тендерот во МВР со Шкода Јети.

Тука не ја заборавајте ниту Мирка ,која патем имаше добра зделка со Камчеви.

Продолжува

OHRIDSKY


Моите видувања за текстот на Денесоски биле точни:



[Image: natasa.jpg]




24-01-2014, 04:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

(24-01-2014, 04:22 PM)ЈорданПетровски Wrote:




Quote:Наташа Савова !!


Наташа Савова, пратеничката на СДСМ, за барањето на Шилегов да ја врати пратеничката функција, за НОВА изјави:

-Мандатот може да му го вратам само на тој што ми го дал, а тоа е народот, како реакција на барањето на Шилегов да даде оставка од пратеничката функција.

Оваа реакција на Савова, доаѓа по коментарот на Шилегов, кој се однесуваше на пишувањето на нејзиниот Фејсбук профил- дека актуелното раководство на СДСМ е канцерот на СДСМ и дека не би сакала да биде на листа на сегашниот СДСМ

NOVA

24-01-2014, 05:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Рубин Иваноски

Никакви Заевисти,никакви Бранковисти и никакви Радмилисти не постојат во СДСМ.Има еден лидер и едно раководство,едни органи и една пратеничка група и толку.
Се друго е пуста желба на мала шака лични амбиции за пари и моќ во полза на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ на чело со Зоран Заев и Радмила Шеќеринска е нешто најдоброто што му се случило,а наскоро тоа ќе се круниса со една фина и слатка победа врз бамбучите од ВМРО-ДПМНЕ! Или си СДСМ или си против СДСМ.


Quote:На испит ќе бидат ставени бранковистите и нивните фанови. Треба да одлучат што е поважно, Грујо да падне и СДСМ да дојде навласт или Бранко и Савова да се вратат во СДСМ по цена никад да не дојдеме на власт. Пред иста одлука беа и членовите на ДПМНЕ, некои останаа со Љубчо но повеќето избраа ДПМНЕ да победува и еве гледаме колку правилна одлука донеле за доброто на својата партија. Да се надеваме дека членовите на СДСМ ќе имаат доволно памет и политички инстинкт за исправна одлука!

Саше Ивановски Основач, сопственик и уредник на порталот Мактел.мк



Незнам зошто но убеден сум дека сево ова е зготвено во кујната на ДПМНЕ-Милчин !!!
24-01-2014, 10:05 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#4

(24-01-2014, 10:05 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Рубин Иваноски

Никакви Заевисти,никакви Бранковисти и никакви Радмилисти не постојат во СДСМ.Има еден лидер и едно раководство,едни органи и една пратеничка група и толку.
Се друго е пуста желба на мала шака лични амбиции за пари и моќ во полза на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ на чело со Зоран Заев и Радмила Шеќеринска е нешто најдоброто што му се случило,а наскоро тоа ќе се круниса со една фина и слатка победа врз бамбучите од ВМРО-ДПМНЕ! Или си СДСМ или си против СДСМ.


Quote:На испит ќе бидат ставени бранковистите и нивните фанови. Треба да одлучат што е поважно, Грујо да падне и СДСМ да дојде навласт или Бранко и Савова да се вратат во СДСМ по цена никад да не дојдеме на власт. Пред иста одлука беа и членовите на ДПМНЕ, некои останаа со Љубчо но повеќето избраа ДПМНЕ да победува и еве гледаме колку правилна одлука донеле за доброто на својата партија. Да се надеваме дека членовите на СДСМ ќе имаат доволно памет и политички инстинкт за исправна одлука!

Саше Ивановски Основач, сопственик и уредник на порталот Мактел.мк



Незнам зошто но убеден сум дека сево ова е зготвено во кујната на ДПМНЕ-Милчин !!!

Не си сам во констатацијата Icon_razz :


Екс шефицата на СДСМ го нарече новото раководство на СДСМ канцер. И се очекуваше како што е редот, најголемите и најгласните подржувачи на СДСМ, сите оние кои се удираа во гради дека го помагаат СДСМ и дека го бранат од режимот и од инфилтрираните режимски војници (според нив ја сум еден од нив) да ја растргнат Савова за непромислената злобна предавничка и кукавичка изјава со која внесе зла крв во сред битка против режимот! Дури и самото раководство повика таа да си поднесе оставка во собрание!

И чудо. ШТАМА! Никој нигде нема да се јави и да даде поддршка на Заев и Шекеринска!!! Ни на фб, ни со колумна, ништо, ШТААМАААА... Неверојатно. Бранко Геровски за ова ќути како путка под јорган два дена, никаде го нема да искоментира нешто, барем со пост скриптум делче под некоја колумна да пишеше два збора. Јок бре брате, ништо. Обично знае да коментира се и сешто, но во случајов ШТАМА, нигде го нема да ѕуцне. Аман бе Геро па нели ти ги бранеше Заев и Рада од сите злобни луѓе на светот, нели праќаше до нив апели да се дистанцирале од сите оние кои правеле раздор во СДСМ, сега кај се изгуби бе педерче едно? Маца појела језик, јели сине? Па толку ли сте и должни бре на Савова, толку ли и се плашите, или знаете дека она е гласноговорникот на Бране? Не сакате да му мрчите на папата, ипак папа је папа, нема лабаво...

Владимир Милчин обично коментира се, но и него го нема да ѕуцне, да даде подршка на лидерите на СДСМ, да ја осуди постапката на Савова и да даде поддршка на Заев и Рада.

Туку ај што не даваат подршка и што не ја осудија постапката на Савова, дури обратно, некои и ја бранат Савова?! Каролина Астеруд се нафати за таа задача да одработи против Радмила и Заев со тезата дека кои биле они да бараат оставка од Савова. Кон тоа се приклучи и колумнистот на Плусинфо, водачот на новата група Бургијаши, Боки Бургија. Тој со коментар ја пофали Каролина колку убаво напишала со што фактички се приклучи кон бранењето на Савова и со тоа застана уште еднаш спроти лидерите на СДСМ.
Дека нешто не штима со бранковистите се виде и со нивната помпезна посета во Охрид каде Бранко заборави дека не е веќе лидер на СДСМ па неколку пратеници и екс градоначалникот го пречекаа него а ја оставија официјалната делегација на СДСМ да се шета сама по Охрид.

Значи дај да резимираме:

1. СДСМ под раководство на Радмила и Заев со недели работи на терен, се бори со режимот, пукаат со се што можат за да изборат некаква политичка победа пред јавноста

2. У сред битка, Наташа Савова која не учествува во таа битка ниту пак оди на седници во собрание, се јавува ничим изазвана и го нарекува раководството на СДСМ канцер!

3. Раководството на СДСМ жестоко реагира и ја обвинува дека со тоа му помага на ДПМНЕ и ја повикува да си даде оставка ако не сака да се бори против ДПМНЕ

4. Се јавува Каролина Астеруд која благо ја прекорува Савова но жестоко се спротиставува на раководството на СДСМ како се осудило да бара оставка од Савова, иако повторувам, Савова одбива да придонесе ни со мал прст во брбата против режимот, не оди на седници во собрание и плус го нарекува раководството на СДСМ канцер!

5. Боки Бургија и редица бургијаши и даваат поддршка на Каролина и со тоа и на Савова и застануваат против раководството на СДСМ

6. За цело тоа време, Геро, Милчин и останати соросоиди и бранковисти молчат за сето ова, нема ми грам осуда на постапката на Савова и ниту грам поддршка за раководството на СДСМ со што се потврдуваат моите тези дека во и околу СДСМ има фракции и тоа заевисти, бранковисти и соросоиди, а овие вториве работат речиси хомогено па се и де факто една група соросоиди+бранковисти.

7. Некои пратеници во целава оваа калакурница одат заедно со Бургијашите на прослава во Лира?!

Сево ова е жално да се набљудува од страна. Да му се ставаат вакви сопки на СДСМ, вака да му се копа гроб и тоа од чиста злоба и завист и нервоза и сето тоа поради она што го спомена и Фрчко, а тоа е ИМТ ( има ли мене тамо?) феноменот, тоа е очајно. Некои луѓе се покажаа толку очајни и бедни, што за нив, нивното газе излезе побитно од тоа дали како опозиција ќе успееме да го бутнеме режимот и дали ќе успееме Македонија да ја спасиме од канџите на талибанците.

Им посакувам на сите оние кои имаат разум во СДСМ и кои и мислат добро на партијата а со тоа и на Македонија, да успеат да се изборат против овие камикази. Треба да знаат дека во нивни раце е иднината на СДСМ и Македонија. Ако не успеат да се изборат, ако не ги поразат овие политички бандити кои се начукани во и околу Бихачка, тогаш ќе ја втурнат Македонија во една долга политичка агонија во која ДПМНЕ ќе царува со државава а опозицијата ќе преживува и ќе се топи како санта мраз на северен пол, додека Бране ќе седи на таа сантата како искубана поларна мечка и ќе се драпа за мевот додека лунѕа по океанот во бестрага.

http://maktel.mk/kolumni-sredina/item/12...te-otporas

26-01-2014, 12:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Karolina Ristova Aasterud


20 hours ago near Skopje, Macedonia

Савова до Шилегов: Мандатот може да му го вратам само на народот, тој ме избрал

На политички некоректната и недоволно промислената изјава на нашата пратеничка и мојата долгогодишна сопартијка Наташа Савова, неприфатливо е да се одговара со исто толку некоректна и непромислена изјава од партискиот портпарол Шилегов, претпоставувам во името на раководството на СДСМ.
Прво, Савова била номинирана од СДСМ и го добила својот мандат од гласачкото тело со и заради долгогодишна напорна и посветена работа за партијата во која имало и грешки, но и голем придонес. Шилегов и било кој во раководството, стар партијец или нов партијец, сеедно, не смее тоа да го заборава, а најмалку тие со инстант партиско-политички кариери оти партијата не почнала од нив. А и ако форсираат таква клима на толку лесно („на првата кривина“) омаловажување на долгогодишен и напорен партиско- политички ангажман, што си мислат они, тоа помалце ќе важи за нив, или, уште повеќе за нив релевантното правило, „како дошле, така си ошле„ ?! (нешто што може да ги снајде на следните листи исти такви џилитачи што дојдоа во времето кога и Наташа Савова беше дел во раководството и знаеја во фаца да кажат „доста ви е еден мандат, кога ќе дојдеме ние на ред“, на луѓе со дводецениска работа во партијата, а истите тие дојдени и вивнати во врвот на партијата пред година-две - искрено, сега едвај ги чекам да видам дали на себе ќе ја применат таа неблагодарана и арогантна логика, а спрема првите индиции „гребат ли гребат„ за втор мандат!). Принципиелно и општо земено, како луѓето ќе се мотивираат за напорна, постојана партиска работа, особено во овие услови на крајно недемократски, репресивен и злонамерен режим ако се гледа колку лесно се плука во „стариот бунар“ дури и кога тој со години давал вода и донел добри работи за државата и татковината на кои секоја партија треба да се гордее , како и колку нема почит и лојалност?! По повод оваа „качка“, зЗборот ми е дека со таков лесен заборав, со некаква „кондом кадровска политика“ и необезбедување здрав баланс меѓу континуитетот и новитетот не се градат големи и цврсти партии засновани на политички принципи и вредности, камарадерија, почит и лојалност. Ако тие надвор од политиката и партиската работа не го разбираат тоа, барем на тие внатре тоа треба да им е јасно.
Второ, Наташа Савова не го нападна и извреѓа СДСМ и неговите политики, не кажа ништо и не направи ништо што е статутарно неприфатливо ( како Стевче Јакимовски, на пример), туку даде квалификација за раководството на СДСМ, а тоа се две различни работи. Ние веќе тоа во нашата политичка култура треба да го разбираме, мислам, редно е после толку години партиско-политички плурализам, нели? Се согласувам дека нејзината квалификацијата е политички крајно нефер, но има право на тоа како партијка, особено со толку долг стаж во партијата. Раководството едноставно требаше да и врати со аргументирана одбрана зошто не е канцерогено, а не да и порачува да си даде оставка од мандатот (нешто слично кажав и кога Г.Георгиев своевремено даде неумесна изјава за Бучковски). Впрочем, она доследно и се дистанцира од политичкото раководство во кое не верува, со јасна најава дека е спремна да ја плати и цената за тоа, имено, пратенички мандат на наредни парламентарни избори кои ќе ги прави токму ова раководство.
Конечно, сосема друг проблем е што и како сето ова се доживува во јавноста, или како ДПМНЕ ова го инструментализира за да прикажува од СДСМ партија која е слаба и со внатрешен „раскол“, и , следствено, утре-задутре не би била ефикасна во спроведување на политички концепт од интерес на граѓаните, општеството и државата. , а ете они, ДПМНЕ, да ти биле „цвеќе за мирисање„ и со далајлама внатрепартиски мир и слога. Читам по ФБ-ов, некои , наводно нивни противници, дури и со восхит зборуваат „како тоа го нема во ДПМНЕ“ и „како тоа ДПМНЕ расчистувало со своите стари раководства и партиски членови“ а истите тие, ај што појма немаат како изгледа долгогодишна партиско- политичка работа и какви релации се создаваат или треба да се создаваат меѓу партијците, и што се умислени дека светот и политиката почнале од нив т.е од моментот кога они се заинтересирале за него, забораваат една многу битна работа. Не поврзуваат дека ДПМНЕ истата матрица од партијата ја користи и во државата, истото го прави и со политичката опозиција , со слободите и правата во државата, со демократијата, со Уставот... Се мора да е штама, „единство“, „затвореност“, „нетранспарентност“, „тајност“ , итн, во државата, во услови на наводно слободно и демократско општество ?! Во услови на политички и партиски плурализам?! Ако е така во јавната сфера, таа и таква арканска политика, може да замислиме само како ли е внатре во партијата....А пазете, истиве овие што се восхитуваат од ваквата политичка методологија на ДПМНЕ во рамки на партиското работење и освојувањето и оддржувањето на власта, наводно се згрозуваат од нејзиното гореспоменато манифестирање и последици во владеење и со самата држава, општество и граѓаните. И сега, СДСМ ова треба да го копира? Според нив, смее за здобивање на власта, а после не ?!!! Искрено, не ми е јасно како не разбираат дека методолошкиот и вредносниот „штоф “ е ист?! Можеби не разбираат оти појма немаат како изгледаат партиите, партиската работа и политиката воопшто одвнатре?! Спротивно од тоа, јас длабоко верувам дека СДСМ ќе дојде на власт токму затоа што е партија која ќе го штити Уставот, дури и многу повеќе од порано, со оглед на искуството како опозиција на оваа крајно недемократска власт и дека тоа е нова голема лекција и зреење за СДСМ како политички субјект. Колку само е грозно да се гледа како ДПМНЕ на опозицијата и го негира тоа што го уживаше таа како опозиција во времето на СДСМ?! А тоа само уште повеќе зборува и и потсетува дека „штофот„ на двете партии не е ич ист и дека никакво копирање не би било успешно, напротив, тоа е рецепт СДСМ да ја изгуби својата политичка душа. Прашање е дали Македонија биолошки ќе го издржи и преживее овој недемократски режим , не па уште еден после него, макар и во разблажена варијанта. Јас верувам дека не. ОД ДПМНЕ може да се учи само како да не се прави, како да не се води политика, како да не се води држава, како да не се биде душман на своите сопартијци, политичките противници, граѓаните, државата. СДСМ мора да ја задржи својата морална и политичка супериорност во однос на ДПМНЕ, и тоа е важен аспект и дел од клучот на победата, а не копирањето на ДПМНЕ политички грозотии. Оттука, СДСМ не смее да се откажува од тоа ваквите ад-хок „инциденти“ како овој со Савова да ги искористува како ситуации на исчекор во политичката култура во земјата, да се бори за срцата и умовите на граѓаните со потсетување и убедување дека тие се индикатор колку СДСМ е далеку поразлична од недемократската и репресивната ДПМНЕ како политичка партија. А не и дека самото граѓанство на нашава држава, без бејбиситерство од политички партии, не треба и нема обврска самото тоа да го разбира. Секој од нас треба да работи на градење на својата демократска политичка култура и граѓански индивидуалитет.

26-01-2014, 02:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

(26-01-2014, 12:52 PM)hristo Wrote: 6. За цело тоа време, Геро, Милчин и останати соросоиди и бранковисти молчат за сето ова, нема ми грам осуда на постапката на Савова и ниту грам поддршка за раководството на СДСМ со што се потврдуваат моите тези дека во и околу СДСМ има фракции и тоа заевисти, бранковисти и соросоиди, а овие вториве работат речиси хомогено па се и де факто една група соросоиди+бранковисти.



Соросоидите го срушија Бранко така да тезата на Саше дека сега играт заедно, односно Мичин работи на Бранково враќање на чело на СДСМ е дебела манипулација, манипулација за да се створи конфузија.
26-01-2014, 03:08 PM
Reply