Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ:МАКЕДОНИЈА СЕУШТЕ НЕ Е ИЗЛЕЗЕНА ОД ЈУГОСЛОВЕНСКАТА МАТРИЦА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1









Нов бугараш. SmajlitoSmajlitoSmajlito
Ке имаат што да му лепат патриотиве на Грујо ако навистина Пендаровски стане кандидат на СДСМ за Председател.
16-01-2014, 06:45 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#2

(16-01-2014, 06:45 PM)ЈорданПетровски Wrote:





Нов бугараш. SmajlitoSmajlitoSmajlito
Ке имаат што да му лепат патриотиве на Грујо ако навистина Пендаровски стане кандидат на СДСМ за Председател.

Да почекаме. И Киро Глигоров ја најави пругата Скопје-Софија пред изборите 1994 па ништо од проектот. И Владо Бучковски од позиција на Премиер на РМ најави заедничко чевствување на дел од славните моменти на македонската историја со Блгариа како дел од заедничкото минато а како услов за заедничката европска иднина на Македонија и Блгариа. Па, ништо од тоа не стана. Но, јавната искажана констатација на Пендаровски за тоа дека Македонија сеуште не ја напуштила југословенската матрица, сепак ветува.
Тезата на Јордан е дека патриотите на ВМРО-ДПМНЕ има што да му налепат на Пендаровски ако тој стане кандидат на СДСМ за Претседател на РМ! Но, ако му навистина лепат етикети од тип на “ нов бугараш“, тогаш ке се потврди тезата на Пендаровски дека Македонија е сеуште во рамките на југословенската матрица, со што ВМРО-ДПМНЕ ке се легитимира како чувар на таа матрица во Македонија. Во исто време Јордан ке се прослави, зошто меѓу првите во Македонија укажа дека службите своите кадри ги преусмеруваат и етаблираат од СДСМ во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
За вас, етничките Македонци не знам, но за нас етничките Блгари од Македонија ке стане предизвик дали да гласаме за кандидат за Претседател од СДСМ, партија која цело време учествувала кон создавање на некоректни стереотипи кон Блгариа. Но, да видиме.

17-01-2014, 08:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: 165938_815283001822058_1087894831_n.jpg]



Почна !!
17-01-2014, 01:45 PM
Reply
Serpentes
Unregistered

 
#4

G-dine Jordan, ne znam od kakvi pobudi se obiduvate da go ocrnite imeto na profesorot Pendarovski, no, pred da iznesete objavi od vakov tip, treba da se zapoznaete deka kleveta i lazna optuzba e krivicno delo. Za tebe, i za onie koi gi zaboravile slucuvanjata vo vrska so tragedijata so Pretsedatelot koja dopre do srceto na sekoj makedonec, da Ve potsetam:

Pendarovski na 25. 02. 2004 godina bese vo Dablin kako clen na makedonskata delegacija koja trebase da ja predade nasata aplikacija za clenstvo vo EU. Tamu zamina kako pretstavnik na Pretsedatelot na RM. "Patriotite" treba da odgovorat zasto vo avionot so Trajkovski ne se kacija Zoran Jolevski, sef na Kabinetot i aktuelen Ambasador vo SAD i pregovarac za imeto; Andrej Lepavcov, Portparol na Pretesdatelot, a sega aktuelen Ambasador na RM vo EU i Dusko Kadievski, Sovetnik vo Kabinetot na PRM. Ovie trojca na denot na nesrekata ostanaa vo Skopje.Duri i togasniot Minister za ekonomija Stevco Jakimovski, koj bese na listata za patuvanje, vo posleden moment se otkaza od patuvanjeto.

Pokraj site ovie iminja, ZOSTO GO ZLOUPOTREBIVTE IMETO NA PENDAROVSKI?
20-01-2014, 07:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(20-01-2014, 07:10 PM)Serpentes Wrote: G-dine Jordan, ne znam od kakvi pobudi se obiduvate da go ocrnite imeto na profesorot Pendarovski, no, pred da iznesete objavi od vakov tip, treba da se zapoznaete deka kleveta i lazna optuzba e krivicno delo. Za tebe, i za onie koi gi zaboravile slucuvanjata vo vrska so tragedijata so Pretsedatelot koja dopre do srceto na sekoj makedonec, da Ve potsetam:

Pendarovski na 25. 02. 2004 godina bese vo Dablin kako clen na makedonskata delegacija koja trebase da ja predade nasata aplikacija za clenstvo vo EU. Tamu zamina kako pretstavnik na Pretsedatelot na RM. "Patriotite" treba da odgovorat zasto vo avionot so Trajkovski ne se kacija Zoran Jolevski, sef na Kabinetot i aktuelen Ambasador vo SAD i pregovarac za imeto; Andrej Lepavcov, Portparol na Pretesdatelot, a sega aktuelen Ambasador na RM vo EU i Dusko Kadievski, Sovetnik vo Kabinetot na PRM. Ovie trojca na denot na nesrekata ostanaa vo Skopje.Duri i togasniot Minister za ekonomija Stevco Jakimovski, koj bese na listata za patuvanje, vo posleden moment se otkaza od patuvanjeto.

Pokraj site ovie iminja, ZOSTO GO ZLOUPOTREBIVTE IMETO NA PENDAROVSKI?



Јас фотографијата ја превзедов од facerbook. Aко читате под фотoграфијата стои мој коментар, ПОЧНА !! Тој коментар се надоврзува на мојот прв коментар во кој велам ке биде прогласен за Нов бугараш ...
20-01-2014, 10:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Стево Пендаровски: ГРЧКИТЕ “ТАЈНИ”



Во Македонија, во принцип, не се пишуваат мемоари, а тие што сепак го направиле тоа повеќе зборуваат за својата беспрекорна улога во историјата, отколку за ставовите на останатите од нивно време. Додека нашите тајни за името, добро познати на два милиони луѓе ги откриваме на телевизија, Грците се подискретни и објавуваат научни трудови каде што дел од бриферите се анонимни.


[Image: 1517390_487056454738837_1949113008_n.jpg]
За хеленската политика кон нас во изминатите 20 години неодамна пишуваше едно младо момче во текст преполн со псевдоними заради кусата историска дистанца. За Самарас знаеме дека има(ше) радикални ставови кон Македонија, но, тој никогаш не бил архитектот на грчката политика за името. Едноставно, во држава во која зборот на старците тежи, со неполни 40 години не може да диктирате политички трендови за едно од најважните национални прашања.

Надворешната политика на соседот во однос на името, според нивно признание, има поминато низ три фази: првата до 1995, втората до 2006-та и последната до денес. Можеби е чудно, но, на почетокот од првиот период, Грција воопшто нема план што да прави со Македонија која колебливо излегува од југословенската хаварија. Гледајќи го крвавиот расплет на северот кој полека се спушта надолу, вечниот комплекс на грчката политика се враќа на голема врата.

Имено, според сведочења на дел од тогашните актери, најголемиот страв на Атина бил да не бидат опколени од тн. држави- клиенти на Турција, каде што Албанија, Босна, Бугарија и Македонија би биле мали карики во долгата муслиманската оска која би ја заокружила Грција. Со други зборови: зад познатата грчка фраза на која се потсмеваа и странците и нашите дипломати во 1990-тите дека ние сме закана за Грција, всушност се крие - Турција. Грешката која соседите полугласно ја признаваат дури денес е дека во тој период наместо политичарите да го предводат народот, политиката се креираше во живо на милионските митинзи во Солун, во годините кога сите беа професионални патриоти, а поповите и новинарите користеа ист речник.

Заради својот однос кон нас во тоа време Грција директно се конфронтираше со Америка и Европа чии примарен интерес беше запирање на војните и стабилизирање на регионот. Интересен податок за Мицотакис е дека наводно името го сметал за маргинално прашање, а неговата внатрешна опозиција Самарас имал идентични ставови со шефот на “надворешната” опозиција, стариот Папандреу дека е потребна цврста рака во разговорите со Скопје.

Во годините по Времената спогодба Грција од темел го менува својот пристап и повеќе не смета дека од Македонија доаѓа безбедносна закана. Три работи влијаат за тоа: само пет месеци по спогодбата избива големата криза со Турција за контрола на островот Имиа која Холбрук одвај ја решава, по Дејтон тивко започнуваат подготовките за косовската битка за која сите знаат дека сериозно ќе го стресе регионот, а во 2001-та кај нас избива конфликт со неспорен потенцијал да ја подели земјата. Атињаните од овие настани научија неколку лекции: дека нивната сила е ограничена и дека без меѓународна асистенција влијанието надвор од нивните граници е лимитирано, и конечно, ако Македонија се распадне, ќе граничат со шест милиони Албанци, плус, еден милион имигранти кои им се веќе внатре.

Токму затоа на крајот на деведесетите е донесена одлука за “демакедонизирање” на грчката надворешна политика чија динамика десетина години беше целосно врамена од “македонското прашање”. Тоа практично значи дека наместо инает и блокада, решаваат да го поддржат својот сосед да застане на свои нозе и да се интегрира во Европа. Внатре во Грција владата на прагматичниот Симитис ја напушта старата реторика за светото тројство: фамилија, татковина и религија и започнува со реформи и модернизација на Грција која во меѓувреме ја добива организацијата на Олимпијадата, влегува во еврозоната и практично на мускули го носи Кипар во самото предворје на Брисел.

Во тоа време проценките на Владата биле идентични со оние на Генералштабот и на службата за надворешно разузнување: Грција треба да стане економски хегемон во регионот и од таа позиција, преку купување монополи и стратешки објекти да ја натера Македонија да биде пофлексибилна во спорот. Обемот на билатерална трговија меѓу Македонија и Грција во 1995-та е 57.8 милиони долари, а во 2006-та доаѓа на нивото од 758.5 милиони. Меѓутоа, за критичарите кои се плашеа од политичките последици на споменатите економски зафати, мал факт на поминување: Македонија, имено, во тој период беше крајно нефлексибилна во преговорите кај Нимиц инсистирајќи на двојната формула, што од една страна е лоша препорака за економски интервенции во политиката, но, од друга може да сугерира и погрешен избор на луѓе за стимулација кои не можат да испорачаат и покрај дадениот збор.

Постои и симболична порака за нас од тогашниот опозиционер Караманлис кој во текст објавен во Хералд Трибјун во 2003-та ја поддржува избраната стратегија на своите најголеми политички противници. Следуваат две интересни работи кои мене не ми беа познати иако знам нешто за 2001-та: прво, Грците тврдат дека нивната влада одговорила позитивно на нашето барање за доставување на оружје и воена опрема, и второ, Грците наводно одбиле бугарски предлог за заедничка воена интервенција кај нас во истата таа година.

Третиот период е најинтересен за нас затоа што појаснува некои работи кои опозиција ги знае, а власта ги знае, но ги заборава. Три причини биле пресудни за Грција свесно да ја прекрши Времената спогодба и отворено да ја блокира Македонија: прво, општото чувство во Атина дека од овде не им било вратено на позитивен начин за “коректниот” однос за време на нашиот конфликт и грчките лобирања да потпишеме Спогодба за стабилизација и асоцијација во време на внатрешен конфликт. Второ, континуираната политика за собирање на билатерални признавање под уставното име, вклучувајќи го и признавањето од САД и последно и најважно, доаѓањето на “ултра националистичката Влада” на власт во Скопје која преку обиди за редефинирање на македонската етногенеза се обидува, според грчко толкување, да навлезе во нивниот историски наратив.

Кредибилни извори тврдат дека грчкиот министер за надворешни Моливијадис во 2005-та го направил првиот обид за утврдување на името како услов за влез но НАТО, но, Американците му рекле дека тоа не доаѓа во предвид заради приоритетот за безбедносно стабилизирање на регионот. Потоа, грчкото МНР прави две работи: својата црвена линија утврдена во 2007-та ја префрла за лобирање во ЕУ каде што Вашингтон нема такво влијание како во НАТО и второ, ги убедува останатите членки дека во сите документи на Унијата треба да биде употребувана само референцата –ФИРОМ, вклучувајќи ја и срамната деноминација за јазикот. Најдобар доказ за пресвртот кој го направи Грција од дефанзивен до добитен статус е статијата на еден од најдобрите грчки политички аналитичари кој една година пред Букурешт пишува текст за изгубената битка на Атина под наслов “Балканскиот губитник”. Тајните подготовки за егзекуција на новата стратегија траела точно една година пред Букурешт, при што САД биле информирани за грчкото вето само два месеци пред самитот. Грчката тајна дипломатија, според нивни зборови успеала да убеди пет земји- членки да ја прифатат нивната нова аргументација. Како што ние тврдиме дека во Букурешт нас експлицитно не поддржале САД, Турција и Словенија, тие тврдат дека целосно разбирање за нивната позиција покажале Франција, Шпанија, Романија, Исланд и Бугарија.

Бидејќи проблемот со името не го создаде само еден човек во Грција, логично е дека не ќе може да го реши само еден човек во Македонија. Ако некој верува дека Глигоров можел во 1992-та сам да не внесе во ОН како Република Македонија (Скопје), треба да побара прием во архивот на Собранието за да ги види со свои очи стенограмите од седницата на која 90 од 120 пратеници се напреваруваа во патриотизам кога тој предлог беше на дневен ред. Помладите треба да знаат дека во раните деведесети само еден единствен човек предлагаше географска додавка на името, но, неговото тогашно опкружување го сметаше за радикален патриот кој членува во погрешна политичка партија. Современиот македонски парадокс е во тоа што со годините целосно ја изменивме содржината на поимот патриот, иако, партиите во меѓувреме ги задржаа своите стари имиња.

CENTARNEWS
21-01-2014, 03:11 PM
Reply
Serpentes
Unregistered

 
#7

(20-01-2014, 10:52 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(20-01-2014, 07:10 PM)Serpentes Wrote: G-dine Jordan, ne znam od kakvi pobudi se obiduvate da go ocrnite imeto na profesorot Pendarovski, no, pred da iznesete objavi od vakov tip, treba da se zapoznaete deka kleveta i lazna optuzba e krivicno delo. Za tebe, i za onie koi gi zaboravile slucuvanjata vo vrska so tragedijata so Pretsedatelot koja dopre do srceto na sekoj makedonec, da Ve potsetam:

Pendarovski na 25. 02. 2004 godina bese vo Dablin kako clen na makedonskata delegacija koja trebase da ja predade nasata aplikacija za clenstvo vo EU. Tamu zamina kako pretstavnik na Pretsedatelot na RM. "Patriotite" treba da odgovorat zasto vo avionot so Trajkovski ne se kacija Zoran Jolevski, sef na Kabinetot i aktuelen Ambasador vo SAD i pregovarac za imeto; Andrej Lepavcov, Portparol na Pretesdatelot, a sega aktuelen Ambasador na RM vo EU i Dusko Kadievski, Sovetnik vo Kabinetot na PRM. Ovie trojca na denot na nesrekata ostanaa vo Skopje.Duri i togasniot Minister za ekonomija Stevco Jakimovski, koj bese na listata za patuvanje, vo posleden moment se otkaza od patuvanjeto.

Pokraj site ovie iminja, ZOSTO GO ZLOUPOTREBIVTE IMETO NA PENDAROVSKI?



Јас фотографијата ја превзедов од facerbook. Aко читате под фотoграфијата стои мој коментар, ПОЧНА !! Тој коментар се надоврзува на мојот прв коментар во кој велам ке биде прогласен за Нов бугараш ...
Во ред е, немавте објавено за тоа од каде е .... добив впечаток дека фотографијата е Ваше дело.

21-01-2014, 06:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

(21-01-2014, 06:43 PM)Serpentes Wrote:
(20-01-2014, 10:52 PM)ЈорданПетровски Wrote: Јас фотографијата ја превзедов од facerbook. Aко читате под фотoграфијата стои мој коментар, ПОЧНА !! Тој коментар се надоврзува на мојот прв коментар во кој велам ке биде прогласен за Нов бугараш ...



Во ред е, немавте објавено за тоа од каде е .... добив впечаток дека фотографијата е Ваше дело.



Ме натеравте да побарам кој е творецот на сликата. Јас ја превзедов од Владе Секуловски:


[Image: 2s8piyo.jpg]


Но Владе Секуловски не е автор. Автор е Миленко Неделковски:


[Image: 2h5ihw0.jpg]



Миленко истото прашање го поставува и во неговата вчерашна колумна во ВЕЧЕР.
5. Стево Пендаровски ќе каже ли зошто не се качи во авиончето за Мостар? Имаше "дојава". Два-у-кец?


21-01-2014, 08:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Пендаровски: За Мостар со Борис Трајковски не полетаа тројца високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ

[Image: Stevo-Pendarovski-4.jpg]

Стево Пендаровски, универзитетски професор и поранешен советник на двајца претседатели, вели дека очекува валкана кампања во претседателските избори. Тој во интервју за Фактор вели дека, иако е најчесто споменувано име како претседателски кандидат на опозицијата, досега ниту еден политички субјект со него нема разговарано на таа тема. Пендаровски ги отфрла како неточни сите шпекулации за тоа зошто не полетал со претседателот Борис Трајковски за Мостар.

„Ден пред несреќата јас заминав за Даблин како дел од македонската државна делегација која требаше да ја предаде апликацијата за членство во ЕУ. На тој пат бев испратен од претседателот Трајковски како негов личен претставник и за тоа постои уредна писмена документација во кабинетот на претседателот. Интересно е што постојат најмалку тројца блиски советници на претседателот кои не се качија со него во авионот за Мостар, иако тој ден беа во Скопје, меѓутоа, нив никој не ги прозива од едноставна причина што беа и се високо позиционирани членови во владејачката партија “ вели Пендаровски за Фактор.
27-01-2014, 01:59 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#10

Македонија, можеби, сеуште не еизлезена од југословенската матрица, но длабоко се пенетрира во српската матрица:

ВМРО Народна партија на раководството, членството, особено на постарите членови, поранешни наши сопартијци и на сите симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ им го честито големиот празник Св.Сава српски.

Честитките се во знак на благодарност за се што има направено ВМРО-ДПМНЕ за воскреснување на светосавскиот дух во Р.Македонија, незабележано уште од времето на Вардарска бановина и поранешна Југославија. Убедени сме дека денешното ВМРО-ДПМНЕ има направено многу повеќе, духовноста на Св.Сава да се вгнезди во Р.Македонија отколку што заедно во тоа неуспеаа крал Александар I Караѓоргевиќ и Лазар Колишевски.

ВМРО-Народна партија и предлага на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, нивната министерка за култура да порача монументален споменик на Св.Сава и да го постави во центарот на Скопје, веднаш до домот на српското оружје, а Собранието на Р.Македонија овој ден да го прогласи за државен празник, неработен за сите граѓани на Р.Македонија.

1
http://vmro-np.org.mk/?p=3289
27-01-2014, 02:57 PM
Reply
Tempo Offline
Junior Member
**

Posts: 30
Joined: Jan 2014
Reputation: 3
#11

Така е Груйо гради античката матрица но реално иде српската матрица оти далечната история малку има општо со секойдневниот живот на обичниот човек. той гледа српски новини, српски спортски програми, српскиот x-faktor. Од другата страна се турските сериали.Но што може да противопостави Любчо? Аморфните словени до 20 тиот век. Па да земе ясно да каже- еве яс сум македонец но тоа е една нова нация соградена од бугари, власи и српски колонисти. Воопште проблемот е дека големото мнозинство народ сака некоя велика история и за тоа е готово дури да стои надвор од ЕУ и НАТО. Така стигаме до тоа дека секой народ си заслужува и управниците и судбината.
29-01-2014, 02:18 PM
Reply