Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТОДОРОВ !!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1






















15-01-2014, 10:08 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#2

Колку рендген апарати и друга медицинска опрема набавило Министерството за здравство од фирмата „Висарис“, чиј сопственик е и мајката на новинарката во телевизија „Сител“ и главен уредник на весникот „Вечер“ Ивона Талевска, не може да се утврди од досега приложените документи за купувањето на новата опрема вредна 1 милион евра. Пратеничката на СДСМ Радмила Шекеринска на вчерашната расправа на собраниската Комисија за здравство, побара од министерот Никола Тодоров да ја објави целокупната тендреска документација за набавката на медициснка опрема која ја склучиле со „Висарис“.

- Кога ќе ја објавите целата тендерската документација? На кои клиники е испорачана опрема и со кои е потпишан договор? Зошто болниците на кои им праќа опрема велат дека веќе ја имаат? - побара Шекеринска да одговори министерот Тодоров.




Во неделата на официјалната страница на Министерството за здравство беа објавени само дел од документите од тендерската документација за зделката тешка милион евра која Здравство ја склучило со „Висарис“. Од документите се гледа дека Здравство купува рендген апарати, дигитална PACS архива, дијагностичка работна станица и режачи на Дикон – ЦД/ДВД. Но, во објавените документи недостига техничката спецификација, односно не се објавени документите каде во детали треба да пишува каква опрема и апарати се купени, како и количината колку апарати или софтвери треба да испорача „Висарис“. Техничката спецификација е јавен документ, но и покрај обидите на Плусинфо, да добие одговор за количината на купената опрема, шефот на кабинетот на министерот за здравство, не одговара ниту на испратените мејлови, ниту на службениот телефон.




Според објавените документи, рокот на испорака на рендген опремата е 36 месеци за што Здравство и „Висарис“ направиле „рамковна спогодба“, што значи дека купувачот, во случајот Министерството за здравство од „Висарис“ може да ја бара опремата со неутврдена динамика и неутврдени количини.




Од објавената рамковна спогодба која Министерството за здравство ја склучило со „Висарис“ во април 2013 година, во приложениот документ пишува дека се купуваат рендген апарати и софтвер, за вредност од околу 1 милион евра, но во делот за количина не пишува ништо. Од овде се наметнува прашањето – ако електронската аукција за набавката на медицинската опрема се водела со вкупната цена, во случајот 1 милион евра, значи тие морале да имаат дефинирано количина. Доколку пак немале дефинирано количина, законот налага да се оди со единечна цена, односно цена по апарат, софтвер...



Во спротивно останува отворено прашањето – како Министерствто за здравство определило колку пари ќе бидат потребни за набавка на планираната опрема, односно, ако аукцијата се водела за вкупна цена, како од здравство знаеле што се ќе купат од „Висарис“ за 1 милион евра.
http://www.plusinfo.mk/vest/122391/Nikoj...ilion-evra
16-01-2014, 02:26 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#3

Se secava li nekoj deka min.Nikola Todorov bese spomenuvan kako mozen nov minister za MVR i duri da zastane na celo na VMRO-DPMNE??
Izgleda Ivona i Latas se percipirani kako mnogu alcni za pari i deka se bi napravile za poveke pari.
Toa iskustvo go ima SDSM od 1994 do 1999. Go ima i VMRO-DPMNE i od 1998 a i sega od 2006.
Ova sigurno e kraj za Ivona koja ja vrzuvaat so N.S.
Osobeno e kraj za D.P Latas.
Sase politiko koga toj pred pratenici od VMRO-DPMNE rece pa eve cas poskoro neka izgubi Grujo ,Latas otide kaj Zaev.
E sega veke malomorgen
Ova e finale za rascistuvanje na Sitel ,na ovie dvaica i na partija sto e pozadi niv.
Pa zatoa dobiva i SDSM a i Gruevski,i Branko i Ljubco.
???????????????????? Sto sledi...............................
16-01-2014, 06:13 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#4

(16-01-2014, 06:13 PM)fetak Wrote: Se secava li nekoj deka min.Nikola Todorov bese spomenuvan kako mozen nov minister za MVR i duri da zastane na celo na VMRO-DPMNE??
Izgleda Ivona i Latas se percipirani kako mnogu alcni za pari i deka se bi napravile za poveke pari.
Toa iskustvo go ima SDSM od 1994 do 1999. Go ima i VMRO-DPMNE i od 1998 a i sega od 2006.
Ova sigurno e kraj za Ivona koja ja vrzuvaat so N.S.
Osobeno e kraj za D.P Latas.
Sase politiko koga toj pred pratenici od VMRO-DPMNE rece pa eve cas poskoro neka izgubi Grujo ,Latas otide kaj Zaev.
E sega veke malomorgen
Ova e finale za rascistuvanje na Sitel ,na ovie dvaica i na partija sto e pozadi niv.
Pa zatoa dobiva i SDSM a i Gruevski,i Branko i Ljubco.
???????????????????? Sto sledi...............................

Со елиминација на Латас и Ивона, со што фактички се елиминира ТВ СИТЕЛ, добива пред се Македонија. Добива затоа што ке се елиминира еден извор на ефтина, приземна и малограѓанска србизација на Македонија кој ја труе Македонија со години. Фактички ке се добие отргнување од шепите на југословенската ( српската) матрица која Латас и Ивона преку ТВ Сител ја наметнуваа на Македонија и нејзиното национално ткиво со години наназад. Нормално, со тоа ке добијат и сите политички играчи во Македонија , под услов ако навистина се раскрстиле со службите од север.

17-01-2014, 09:14 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Латас дали се огласи за случивањата со Ивона. Досега гледам само Миленко ја брани Ивона.
17-01-2014, 12:13 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#6

(17-01-2014, 12:13 PM)ЈорданПетровски Wrote: Латас дали се огласи за случивањата со Ивона. Досега гледам само Миленко ја брани Ивона.

Мислам дека сеуште не. Ке видиме во понеделник во неговата редовна колумна во ВЕЧЕР!

17-01-2014, 01:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7








- Месец пред отворањето на понудите со измените, во тендерот ѝ е овозможено на фирмата „Висарис МКД“ да стане конкуретна, а подоцна и да го добие бизнисот тежок милион евра - вели Шилегов.

- Во измените што се направени на 26 декември 2012 година, или точно месец и два дена пред отворањето на понудите, изненадувачки, се додава ЦЕФТА, со што влегува и Србија меѓу земјите од каде што може да конкурираат фирми. Со ова се симнуваат критериумите и се овозможува влез на тендерот, на фирмата „Висарис МКД“ на Талевска, преку српска фирма. Без оваа измена, „Висарис МКД“ можела само да го сонува овој милионски бизнис. Во огласот за доделување на милионскиот тендер, логично, се бараат низа важечки сертификати за потврда на европски и светски квалитет на медицинска опрема, но во измените од Здравство се повлекува овој услов и се брише клучната одредба дека сертификатите за квалитет треба да бидат како што стои „во рок на важност“ - тврди Шилегов.

- Според објавената документација од Министерството за здравство видливо е дека постојат сериозни малверзации во клучните делови на тендерот. Фирмата на Талевска, „Висарис МКД“ конкурира во понудата со кадар и опрема на фирма од Србија, иако, според документите од Бирото за јавно набавки, договорот е потпишан помеѓу „Висарис МКД“, а не со српската фирма. Нема, како што бараат условите за тендер, писмен документ дека двете фирми, на Талевска и српската, писмено овластиле лице кое ќе ги застапува во деловните активности - нагласи Шилегов.

- Оваа фирма нема приложено ниту еден склучен договор, дома или во странство. Сите документи со кои конкурира фирмата на Талевска се со печат од Македонија. А во понудата на тендерот Талевска приложила обрасци за соработка само на локално ниво, со Институтот Нишка Бања, со болница во Зрењанин и со уште други две српски болници. Дополнително е прашањето на коешто веројатно само министерот Никола Тодоров го знае одговорот колку од опремата е испорачана и зошто постои разлика во податоците од Министерството за здравство и од клиниките за апаратите што ги очекуваат. За сите овие скандалозни постапки во процедурата за доделување на милионскиот тендер бараме одговорност од министерот за здравство Никола Тодоров. Се сомневаме во злоупотреба на службената положба на министерот со чиј потпис е доделен милионскиот тендер - нагласи Шилегов.
(This post was last modified: 17-01-2014, 04:03 PM by ЈорданПетровски.)
17-01-2014, 03:59 PM
Reply