Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
"КО ЗАВАДИ ДВА ОКА У ГЛАВИ ЦРВЕНОГ КАРДИНАЛА"
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:На тајна вечера во владината вила во Охрид, август 1994, Црвенковски ја основаше фамилијата
Борче Трајковски, познат како Боки Бургија, стана популарен во јавноста со своите критички колумни кон актуелната власт и премиерот Никола Груевски.


[Image: borce-dizonska1.jpg&h=270&w=620&zc=1]

Поводот за ова интервју, дадено за Фокус во средината на 2005 година, е книгата на Трајковски насловена како „Од Осака до Дижонска“, во која тој го опишува својот пат како од успешен бизнисмен завршил во ќелиите во затворот „Идризово“.

Разговарала
Јадранка КОСТОВА

Ќе биде овластен дилер и сервисер на јапонскиот гигант „Матсушита“, кој ги поседува фабриките „Панасоник“, „Техникс“, „Хитачи“, „Џи-ви-си“, филмското студио „Универзал“ во Холивуд и што уште не. Преку него владините кабинети, канцеларии и резиденцијални вили, ќе бидат опремени со телекомуникациска опрема.

Ќе живее на висока нога. Политичари, бизнисмени, амабасадори ќе бидат во негово друштво. Барем до 1995 година. Потоа работите ќе тргнат удолу. Лихварски позајмици, долгови, рекетари, перење пари, ќе стане составен дел од неговиот живот, во обидот да се извлече од калта во која тонеше.

И конечно, заради издавање акцептен налог без покритие во 2003-тата ќе зврши во „Шутка“ на издржување 12 месечна казна затвор. Но Борче Трајковски, некогаш газда на успешната фирма „Панафакс“, повторно најде оригинален начин да дејствува. Својот живот го преточи во книга. Се чита во еден здив, меѓу другото затоа што во неа верно е насликана македонската криминална транзиција. Го опфаќа периодот до 1998-та. Во ова возбудливо четиво ќе препознаете дузина угледни бизнисмени, ќе го осознаете криминалниот начин на нивното богатење.

Трајковски не се штеди ни себе си. Но како инсајдер проговори за шемите по кои се ограбуваше Македонија и за Фамилијата. Книгата насловена како „Од Осака до Дижонска“, засега отпечатена само во неколку примероци, беше повод за интервјуто со него. Промоцијата ја најавува за есенва. Но истовремено работи и на вториот дел, за периодот после 1998-та. Сега нема материјални богатства, но сепак нагласува дека е среќен човек.

ФОКУС Кога дојде на идеја својот живот, а со тоа и нашата криминална транзиција да ги ставиш на хартија?

ТРАЈКОВСКИ Веднаш после констатацијата дека сум тотален банкрот, дека повеќе простор за било какво мое дејствување не постои, почнав да размислувам да напишам книга. Меѓутоа, ми требаа речиси 18 месеци за да се соочам со фактот дека повеќе сум никој и ништо во државава. Уште како дете имав талент за пишување, така што седнав и почнав да ја составувам приказната за она што мене ми се случуваше во тие години. Меѓутоа токму во тој период бев под ужасен притисок, па пишувањето тешко ми одеше. Откако заминав на издржување на затворската казна во Шутка, веќе целосно се концетрирав на книгата.

ФОКУС Во затвор ја помина 2003 година?!

ТРАЈКОВСКИ Бев осуден условно, но од финансиски и некои други причини, не се жалев на пресудата. Сепак, обвинителството се жалеше и пресудата беше преиначенаво ефективна затворска казна од 12 месеци со образложение да послужам за пример на граѓаните, но и за себе, во иднина демек да продолжам да го живеам животот на некој друг начин.

ФОКУС На книгата и даваш работен наслов ‘Од Осака до Дижонска’. Во предговорот или журналот, како што го нарекуваш, велиш дека секој настан е вистинит, а имињата се замаскирани онолку колку што ќе биде лесно да се препознаат. И морам да признаам дека ептен лесно се препознаваат?!

ТРАЈКОВСКИ Во мојот првичен ракопис сите ликови беа со оргиналните имиња, а и фирмите беа ставени со вистинските називи. Но ги „замаскирав“ по препораките на луѓето кои ми даваа силна подршка за да ја напишам, а тоа се моите колеги од Одделението за изолација во Шутка. Тоа се луѓе, ситни криминалци, бедници, наркозависници или уживатели на дрогата. И кога тие ме опоменаа дека би требало малку да внимавам, тогаш се одлучив малку да ги замаскирам ликовите. Знам дека лесно се препознаваат, знам дека секој лик брзо ќе биде препознаен од било кој читател. Дури ни самиот не се маскирам позади некој псевдоним.

ТИЕ СЕ МОНСТРУМИ НА ТРАНЗИЦИЈАТА

ФОКУС Во вашето „добредојдовте во мојата животна приказна“ почнувате со една констатација дека најстрашно што може да ве снајде во Република Транзиција е да станете дел од НИВ. Потоа ги преквалификувате НИВ во ФАМИЛИЈА од типот на мафијашките?!

ТРАЈКОВСКИ Да и поради НИВ седнав да ја напишам книгата. Кога размислувам што е најстрашното што може да ви се случи во Република Транзиција, еве едно време мислев дека она што мене и на моето семејство со години наназад веќе ни се случува е најстрашното. Но тогаш гледате дека животот тече и чувствувате дека љубовта ве одржава во семејни рамки, дека другарите ви се веќе исфилтрирани до краен степен и тогаш и не останува ништо друго освен да констатирате дека тоа и не е најлошото што може да ве стрефи. Јас понатаму се обидувам да објаснам кои се ТИЕ. Сепак, имајте на ум дека ги видов, ги допрев … и се смрзнав од ужас. Нашето зло, тоа се ТИЕ. Монструми на транзицијата-студени, ладни, пресметани.

ФОКУС Мислите на финансиската олигархија, на оние кои ги нарекуваат 10-те моќници?!

ТРАЈКОВСКИ Не е важно, нека се и 15 или 20, но не се повеќе од 20-тина. Тие се директори на поранешни општествени државни фирми кои користејќи ги правилата и принципите, што тие самите ги поставија како начин на приватизирање во форма на закон, после неколку години стануваат доминантни сопственици на истите претпријатија. Така што фактички она што било создавано со години наназад како општествено, државно, народно, ТИЕ го превземаат во своја сопственост. И денес многу лесно ќе забележиме дека и навистина е така. Иако приватизацијата требаше да ни донесе странски инвестиции, ние се соочивме со инвеститори кои фиктивно беа од странство, а капиталот беше нашиот, народниот. Фактички ТИЕ со нашиот камен удрија по нашата глава, буквално не осиромашија, не ставија на работ на егзистенцијата, само тие за да станат моќни. Ако во 1992 година бевме веќе самостојна држава, имавме своја влада, за 5 години до 1997 година буквално се случува страшен криминал. Ужасно лош криминал кога се поставија и темелите за формирањето на таа Фамилија.

ФОКУС Кога го лоцираш почетокот на овој криминал?

ТРАЈКОВСКИ Без двоумење, организираниот криминал во Македонија започна во времето на првата политичка влада на Бранко Црвенковски, од 1992 година. Јас го лоцирам неговиот период затоа што во првите две години од плурализмот имаше некаков ентузијазам дека се создава сопствената држава, се градеа институциите. Но Црвенковски го создаваше системот кој ќе обезбеди сериозен и страшен криминал во државата.

ФОКУС И така настана Фамилијата?!

ТРАЈКОВСКИ Тука има една битна разлика. Барем според филмовите или од книгите што сум ги читал, принципите на однесувањето во тие мафијашки фамилии што се надвор од Балканот се многу јасни и ригорозни. Таму грешката се плаќа со живот и однапред знаете дека ако згрешите ќе ви се случи тоа. Нашата Фамилија има еден полош и еден пострашен систем. Ве оставаат да живеете, но животот вистински ќе ви го претворат во хорор и пекол, за на крајот навистина да се скршите.

ФОКУС Нашата Фамилија не ги ликвидира луѓево…

ТРАЈКОВСКИ Не се осмелуваат да ве ликвидираат затоа што не се толку храбри. И уште нешто, ТИЕ сакаат да уживаат во глетката, дека сите останати се разголтарени до гола кожа. Тие не би имале ништо, ако нема кој да ги гледа. Тоа е тоа, па затоа и не се осмелуваат да не ликвидираат.

ФОКУС Но споменуваш во книгава двајца бизнисмени за кои се сомневаш дека се ликвидирани?!

ТРАЈКОВСКИ Трпе „Вардар-Комерц“ и Спирос Куцурелос ги споменувам со име и со презиме. Се сомневам, а и имам некакви сознанија што сега ќе ги наречам индиции, дека се убиени. Има еден куп убиства во Македонија кои се неразјаснети, а се сомнителни и ќе останат енигма. Ги посочив Трпе и Куцурелос затоа што луѓето беа во светот на бизнисот во тој период.

ФОКУС Имаа ли контакти со Фамилијата?

ТРАЈКОВСКИ Имаа средби со Фамилијата. Трпе беше доста зборлест и тој не криеше, понекогаш дури и во некоја кафеана пред најобични луѓе знаеше да каже кои му се контактите, кој го заштитувал од полицијата и.т.н. Се до една августовска ноќ кога беше пронајден мртов во својот „Мерцедес“ откако се „истумбал“ на патот Струмица-Радовиш.
На неговиот погреб дојдоа многу познати личности од бизнисот, полицијата и политиката. Меѓу нив беше и големиот газда и скопски џентлмен Куцурелос. Едно време проструи информацијата дека на сметката на Куцурелос во Виена по „грешка“ биле улатени 20 милиони марки, од една скопска фирма, а тој успеал да врати 18 милиони. Неколку дена потоа, дали од „срам“ или од „грижа на совест“, човекот кој неизмерно го сакаше животот изврши самоубиство. И ова „самоубиство“ и „сообраќајката“ на Трпе ќе останат мистерија за јавноста.

„ТАЈНАТА ВЕЧЕРА“ НА ЦРВЕНКОВСКИ!

ФОКУС Како битен момент кога се создава Фамилијата посочуваш една „тајна вечера“ во владината вила во Охрид. Од каде ти се овие детали?

ТРАЈКОВСКИ Да, тогаш падна наредба „парите и капиталот да се сконцентрираат во што е можна потесен круг луѓе блиски на владеачката гарнитура и тоа да се направи брзо и ефикасно“. Наредбата ја даде лично Бранко Црвенковски на тајна вечера што ја организираше со одбрани личности од бизнисот и политиката некаде во август 1994 година во владината вила во Охрид.
Покрај премиерот беа присутни тројца министри и тројца бизнисмени. Ова го знам изворно. По правило, секогаш наведувам дали некоја информација ја имам примено од некого, точно кажувам кога претпоставувам, но оваа информација не е чаршиска.
Сигурен сум во тоа што се случувало, затоа што баш тогаш и јас бев во вилата во Охрид. Ќе се воздржам да не ги именувам луѓето кои беа таму.

ФОКУС Кои беа бизнисмените?

ТРАЈКОВСКИ Имаше двајца бизнисмени што и денеска се многу актуелни.

ФОКУС Како се најде во тоа друштво во вилата?

ТРАЈКОВСКИ Јас им ја сервисирав телекомуникациската опрема на владата, па и во владината вила. Имаа проблем нешто со централите, па ме повикаа. Но бев случаен гостин. Сепак поради предходните контакти што ги имав со некои од тие министри, бев повикан на трпезата каде што седеа тие и се задржав извесен период додека не забележав нешто. Тоа што го слушнав во тие неколку префрлувања беше она што сега го контактирам и тврдам дека е така.
И не верувам дека некој од нив ќе го потврди тоа, најверојатно нема воопшто да ги „здоболи“. Но, тоа е тоа и тоа е вистина. Таа наредба падна. И кога гледам од оваа временска дистанца работите така и се одвиваа-според наредбата. Да ве потсетам дека веќе во септември 1994 година се најави обуката за проценители на државниот и општествениот имот.
Тогаш започна најмасовниот грабеж во историјата на Македонија, кој беше подржан од највисоко ниво. Тоа, пак, предизвика комоција и кај ситниот или обичниот криминоген слој. Е тоа се вика криминализација на државата, или едноставно самиот систем создаваше криминалци. Народот осиромаши, фабриките се разнебитија. Тоа си имаше логика.
Сиромавиот човек е плашлив и лесен за манипулација. Тие добро знаеа што прават, па ако некогаш им се суди, ќе треба да одговараат за убиство на сопствениот народ и сопствената држава, И тоа за убиство со умисла, што е најтежок облик на кривично дело.

ФОКУС: Кога всушност ти тргна низбрдо?

ТРАЈКОВСКИ Да биде иронијата поголема, токму во мојата најуспешна година во бизнисот, 1994-та, започна моето пропаѓање, иако тогаш не бев свесен за тоа. Од оваа временска дистанца, како пресуден момент го сметам влегувањето на „Панафакс“ во бизнисот со рекламните паноа.
Не само што проценката за влегување во тој бизнис ми беше погрешна туку на тоа се надоврзаа и неколку последователни моменти кога „империјата ми го возврати ударот“. Наеднаш Владата ги откажа сите услуги од мојата фирма, па дури престанаа да не повикуваат за сервисни интервенции.
Наеднаш почнаа да набавуваат друг тип телефонски централи, дури и десетпати поскапи. Иако опремата што јас им ја инсталирав се уште беше под гаранција. Сето ова ми беше многу симптоматично, а сега веќе и многу јасно.

ФОКУС Проценуваш дека околу 2, 5 милијарди долари Фамилијата испумпа од македонската економија од граѓаните. Како доаѓаш до проценката?

ТРАЈКОВСКИ Меѓу 2,5 до 3 милијарди долари е сумата на одлеани или украдени пари од државен имот во рацете на менаџерите, директорите, посредниците, и се разбира, политичарите. Шемата беше едноставна. Веднаш после „наредбата“, директорите престанаа да инвестираат, почна осиромашувањето на претпријатијата, ги задолжуваа, отпуштаа работници, фирмите одеа во стечај.
Целта беше обезвреднување на државниот капитал, за потоа договорените доверители да можат да ги купат за ич пари. Проценката е многу едноставна. Земете го капиталот во недвижнини што ги поседуваат денешниве олигарси, удрете пазарна цена на тоа, и ќе ви стане многу јасно.

ОВА СЕ ТРОШКИТЕ ОД ДАНОЧНАТА ПИРАМИДА

ФОКУС: Шемата што ја објаснуваш во книгата е синиџирот : лихвар, банка, државна компанија?!

ТРАЈКОВСКИ Банките и ден денеска ни се на многу јадно ниво, но во тие години речиси беше невозможно да влезете во банка… Со нив управуваа генерални директори поставени уште од времето на едноумието. Банките ја имаа сликата на тоа кој, со колку пари располага. Во тоа време парите навистина ја променија својата намена, особено во 1993, 1994 година. Станаа најскапата и најпобарувана роба што може да постои. И денес парите кај нас се скапи. Земете било каков кредит или лихварска позајмица и тогаш навистина сте „нафркале“.

ФОКУС И вие сте земале вакви лихварски позајмици?!

ТРАЈКОВСКИ Да, да влегов и јас во синџирот . Она што беше поентата е дека начинот на функционирањето на тие „триаголници“ во суштинска смисла на зборот ја уништија државата и на некој начин ја докрајчија. А за да функционира „триаголникот“ мораше да има банка. Мора некој да посочи каде се наоѓаат парите. Еве, ако проверите, ќе се соочите со тоа дека таа фирма што се јавува како доминантен сопственик, како доминантен акционер во било која помала фирмичка дека е поврзана со некоја банка од која земала кредит за да стане акционер овде.
Или земала пари од некоја банка, и како гарант се јавува некоја државна фирма или општествена фирма, за да овие пари се пласираат со задолжување. На пример, така „Вардар комерц“ ја купи „Охридска трговија“ со 42% месечна камата. Како што и Борис Стоименов стана сопственик на „Скопјанка“ и.т.н. Значи ете конкретни примери кои преку лихварење, не со свои пари, со заработени пари, туку со пари извлечени пари од државата се станува газда.

ФОКУС Наведуваш и еден директор на проектантска фирма, кој е во спрега со втор човек во една банка, а бил посредувач за вакви работи. И по тој основ месечно ‘заработувал’ по 35.000 марки?!

ТРАЈКОВСКИ Банкарите ги имаат сметките на фирмите, имаат увид на тие финансиски и интерни трансакции. Банкарот знае дека во тоа претпријатие стојат некои 2 до 2, 5 милиони марки. Е тогаш на директорот не му е многу тешко да одлучи на препорака на генералниот директор на банката или на неговиот заменик, да пушти 1 милион марки во такви позајмици каде што лично ќе профитира.
Тука нема некоја опасност. Дури луѓето вработени кај овој директор од проектантската фирма во тој период се задоволни со 300 марки плата, без да знаат дека нивниот директор зема околу 35.000 марки месечно. Тоа се кеш пари, а потоа доаѓа проблемот со перењето на пари.

ФОКУС Себе си ми се претстави како некрунисан меѓународен експерт за перење пари. Како се „воздигна“ до тие размери?

ТРАЈКОВСКИ За тоа е заслужен еден мој соработник кој ме внесе во овие води. И морам да признам дека тогаш научив многу практични работи кои се високософистицирани. Кога ќе направам споредба со нашиве перачи на пари, навистина ми испаѓаат смешни. Тоа уште повеќе ми дава надеж дека сите тие многу скоро ќе бидат разголени.
Еве, само една препорака до г-динот Никола Поповски, од мене како експерт: Не си го арчете времето со трошките од Вашата даночна пирамида, па биле тоа и 200 милиони евра во прашање, туку побарајте ги изводите од гувернерот Гошев за движењата на нерезидентните сметки само од две банки (Комерцијална и Тутунска) за период од 1992-1998 година, и ќе се соочите со милијарди долари или евра.

ФОКУС Во книгата ги среќаваме: Ламбе од „Пивка“ , Буцко синот на генералниот Блажо на „Томбола“ и Гете од „Фалкон“. Не е тешко според асоцијацијата да се идентификуваат Свето „Пивара“, Буцо Лазов од „Еуролинија“ и актуелниов советник на Трифун Костовски, Златко Соколиќ Лате. Ганчо од осигурителна компанија е Ганчевски, нели?!

ТРАЈКОВСКИ Буцко има значајна епизода во мојот живот. Иако дружбата со него не траеше долго сепак беше многу битна за се она лошото што ќе ми се случува понатаму. Сетоа тоа мислам дека одлично го имам опишано. Добро, со „Ганчо од осигурителна“ сум немал лични контакти, само преку посредник. Преку личноста што во книгата го нарекувам Гале, кој сигурно ќе ви биде тешко да го идентификувате кој е.
Но сите тогашни генерални директори на поголеми фирми имаа такви курири за врска преку кои државните пари ќе ги преточат во личен капитал, во лична финансиска моќ. Ганчо го направи тоа преку „Гале“ со тоа што од зделката која што чини реално 190.000 марки, тој ја дуплира и вели „за ова ќе направиш фактура на 380.000 марки“. Јас од тие 190.000 марки имам 25.000 марки заработувачка, но морам да се соочам со фактот за да ги земам тие 25.000 марки кои мене ми следуваат дека морам на директорот да му исплатам она што е ресто, она што останува. Овде станува збор за мала сума, меѓутоа се тоа се случува и со милионски суми.

ПРОТИВ ФАМИЛИЈАТА СО ЦИВИЛИЗАЦИСКА РЕВОЛУЦИЈА!

ФОКУС Дали ова ти што го пишуваш за перењето пари, со тие напумпани фактури, не е и ова што сега се случува со даночната пирамида. Пред 10-ина дена, кога се видовме прв пат, беше актуелен човекот од Кавадарци која јавно проговори за матните зделки на „Пивара“ околу „Тиквеш“. Ти веднаш коментираше дека ништо нема да се случи, дека човекот ќе го исмеат?!

ТРАЈКОВСКИ И самите видовте дека премиерот веднаш застана во одбрана на Свето. Па Агенцијата за хартии од вредност потврди дека се е законски. И најавите од Прчевски не се блеф- тие ќе влезат, ќе направат нешто, но потоа ќе излезе шефот или министерот за финансии и ќе каже „да бевме таму, но кај тој човек не најдовме ништо, се е во ред“. Тоа е спрегата меѓу бизнис олигархијата и она што значи политика во Македонија.

ФОКУС Фамилијата држи се под контрола?!

ТРАЈКОВСКИ Под контрола на Фамилијата им се прво оние институции што можат да поднесат кривична пријава: полицијата или Управата за јавни приходи. Таму се добро инсталирани. Било што да се случи во оваа држава, било какви промени на власта да се случат, тие секогаш ќе бидат во нивна функција. Шминка е и Агенција за перење пари.
Еве, сега слушам дека ако имаш регистрирано фирма за откуп на земјоделски производи можеш да извлекуваш од сметката пари колку сакаш. Тоа беше и порано така. Такви фирми се регистрираа, се гасеа. И јас имав вадено готови пари заради тоа што биравме кој, кога, колку проценти ќе земе, за да имаш поголем ќар во целата работа. Тоа не е ништо ново.

ФОКУС Делуваш како да немаш надеж дека на т.н. Фамилија може да и се скратат пипците. Какви реакции очекуваш после книгата?!

ТРАЈКОВСКИ Се уште не гледам таков лидер што може да го промени тоа, да ги натера да го вратат она што го украдоа од народот. Има интелегентни луѓе, има храбри, самосвесни, ама никој не може да го направи тоа што треба. Причината е што ваквите сеуште се на долниот дел од табелата.
Наша единствена шанса е во масата, кога сите понижени, ограбени, осиромашени, гладни заедно ќе речат-стоп, доста беше. Неопходна ни е цивилизациска револуција. Не револуција со вили, мотики, калашњикови и бомби, туку целосна зрелост кај сите оние што им е јасно што им се случува, но немаат храброст да излезат и да кажат нешто.

ФОКУС Дали со оваа книга се обидуваш да си ја испреш совеста!?

ТРАЈКОВСКИ Не пишувам за да си ја исперам совеста. Дури и не патам за она што, условно кажано,некогаш сум го имал, а сега го немам. Ниту пак очекувам дека ќе го имам. Единствено сакам да ги окуражам луѓето да не им се плашат. Ете, на пример, да собереме храброст да се истопориме и да кажеме: „Чекајте, бре, луѓе. Дај на оној кавадарчанец да му се придружиме уште двајца кои знаме уште податоци дека нечесно се работело“.
Основната порака во книгата е дека треба да престанеме да се плашиме. Јас го сакам моето семејство, децата и сопругата и не ги ставам на коцка. Макар утре да ме најдат покрај некој контејнер застрелан како куче, сепак сакам вистината да излезе на виделина. Доколку не се случи радикален пресврт во блиска иднина, тогаш нека ни е на здравје. Се додека ги вреднуваме луѓето според количеството пари и капитал, тогаш и не заслужуваме поинаква иднина.

ФОКУС Зошто тогаш во 2002 година пристана да бидеш експонент во рушењето на вмровската власт? Ве искористија?

ТРАЈКОВСКИ Сега таа тема не сакам да ја отварам. Тоа што го преживеав е еден друг пекол кој ќе го пишувам во втората книга, ако имам здравје и живот.

ФОКУС Но признаваш дека влезе свесно?

ТРАЈКОВСКИ Да. Но, грешката е во мене. Ако јас сега ги барам грешките во други, дека заради мојот крах ми се криви парите, ми се криви ракетарите, ми се криви моите партнери во бизнисот, тогаш ќе залутам во погрешна вода и ќе почнам да се вадам.
Иако сега ги редам грешките во книгата. Гледам дека за секој потег што сум го направил бил погрешен. Заради тоа што дури и тогаш сум требал да бидам претпазлив како и сега.

СЕ ПРЕКРСТИВ И ВЛЕГОВ ВО ШУТКА

ФОКУС: Престојот во Шутка ти помогна?!

ТРАЈКОВСКИ Одењето во Шутка имаше интересна увертира. Како и секој нормален човек кој знае каде ќе оди, бев во една чудна состојба на умот и на телото, како да одиш и лебдиш. Се сеќавам само како после некој потрес на мозок да те освестуваат и уште не си до крај свесен дали сонуваш. Знам само дека се прекрстив кога влегував внатре. Бев добро пречекан од луѓето од управата. Веднаш ме распоредија на добро работно место – во трафиката продавав весници. Им ги носев на одредени притворени лица како Ламбе Арнаудов, Војо Михајловски, Никола Тасев, Бесник Фетаи …
И сето тоа ми беше интересно. Но не сакав да работам во трафиката бидејќи така се чувствував како да не сум во затвор. За тие 3 месеци се обидував да ме сменат со пријавување на негативни салда. Тоа не се случи. На крај ми го најдоа мобилниот телефон и конечно ме ставија во таа изолација. Таму е веќе тој вистински затвор. Тогаш го проучив законот за санкции и забележав низа неправилности што таму се случуваат.
Влегов во отворен конфликт со упавата на затворот, а во интерес на осудените лица. Ја добив подршката апсолутно. На тоа се надополнија неколку мои жалби и молби за условен отпус кои успешно поминаа кај судовите и авторитетот ми порасна уште повеќе кај осудениците. И тие 6 месеци и 20 дена поминати во изолација имав навистина и време и спокој да седнам да пишувам.

ФОКУС На крајот од книгата им се заблагодаруваш на твоите колеги, како што велиш од одделот за изолација, меѓу кои има Македонци, Албанци, Турци, Срби или мултиетничко општество?!

ТРАЈКОВСКИ Тие ме тераа секоја вечер да им ја читам книгата. Тоа беше една структура на луѓе без образование, но ќе се сконцетрираа и молчешкум ме следееа. Во вечерните часови пред да се изгасне светлото тие инсистираа на тој ритуал на читање. И многу се заслужни за оваа книга.

ФОКУС Како една од главните личности во книгата е Имер Красниќи со прекар Шерифот од Дижонска. Нему и на друштвото, во една чајилџилница во јуни 2002-та им раскажуваш како всушност падна на тоа дереџе да те бркаат сите за долгови. Сепак, книгата завршува со „ин меморијам“ Всушност го даваш извештајот од „Дневник“ за убиството на Шерифот?!

ТРАЈКОВСКИ Тоа е главниот јунак на мојата животна приказна. Да не беше тој, немаше да се случи оваа книга. Тој и Перо Милошевски беа убиени на 3 јануари 2003 година на бензиската пумпа на „Макпетрол“ во Ченто. Тоа е речиси 7 месеци после тој разговор што го имав со него. Неговото убиство не верувам дека ќе биде разјаснето. Од она што успеав да го видам на ТВ, да го прочитам по весниците, во него се пукало од заседа од неколку страни со калашникови.
Шерифот беше човек кој сакаше да им помага на луѓето. Колку и да беше ужасно незгоден човек, на пример не дај боже да имате проблем со него, навистина некогаш сум се плашел до смрт, но се завршувало пак на некој добар начин бидејќи Шерифот знаеше да изброи до 3, да закочи, знаеше да ја изрезонира целата ситуација. И во овој случај со Перо Милошевски, сигурен сум дека отиде да помогне. И да заглави во заседа.

ФОКУС Меѓутоа бидејќи тој ти признава дека некои инспектори од ‘де-бе-ка’ барале од него да те утепа бидејќи си голем ајдук, коцкар, преварант’. Но дека тој не сака да биде кодош и нема да работи за џандарите. Како да алудираш дека зад убиството во Ченто стои полицијата?

ТРАЈКОВСКИ Што е причината за неговото убиство не знам или немам опипливи докази. Јас само сакав да ја потсетам јавноста, и јасно да им дадам до знаење дека Шерифот навистина ги мразаше полицајците И сигурно не бил нивни кодош. Ако му се случило такво нешто, со таква понуда од човек од дбк, како што тој самиот кажа, тогаш може се да се претпостави во врска со неговот убиство. Сепак Имер Красниќи-Шерифот сакаше и им помагаше на вистинските карактери, а ужасно ги мразаше превртливците. Кога разбрав за неговата смрт, верувајте искрено заплакав. Оваа книга на некој начин му ја посветувам нему.
30-12-2013, 04:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

[Image: od_osaka_do_dizhonska_l.gif]

Quote: МОЖЕ ОБЈАЦАТА ДА НЕ ПРОГОЛТА НОЌТА
Извадок од „Од Осака до Дижонска“

Гале инсистираше да не споменувам ниту имиња, ниту бројки, ниту износи. Тоа ми беше многу чудно, бидејќи нашиот разговор заличи на шифрирана комуникација меѓу двајца терористи …

Ти си работел со некаква опрема за прислушкување и надзор, па да не го снимаш и ова случајно?

Јас глумев лутина се обидов да му објаснам дека се чувствувам навреден …

Не ми се лути што те прашав. Морав. Затоа што човекот кому морам да му ги однесам парите е многу моќен и влијателен, а ако некаде ја утнеме работата, може и обајцата да не проголта ноќта. И нема да бидеме првите. Ај сега, дај ја робата да ја пребројам количината и немој да мислиш дека јас имам нешто од ова. Сакам само тебе да ти помогнам, а ако беше друг во прашање, немаше со прст да мрднам.

Ѓубре арамиско, прво ми се закани, а потоа ми се правеше пријател, демек ми прави услуга. Туку, бев во зорт или шаховски кажано, морав да влечам изнудени потези за да преживеам. А во такви ситуации се прават најголеми грешки. Така и јас, молкум му ги предадов парите, кои беа во апоени од по илјада марки. Откако ги преброја два пати, ги стави во внатрешниот џеб и на заминување ми порача дека наредниот ден ќе го добијам авансот. Уште и ме предупреди да не ми паѓаат на памет чудни идеи, да не се занесувам и да си го довршам мојот дел од работата. Утредента, на сметката на ‘Бокафакс’ легнаа 190 илјади марки од осигурителната компанија.

Quote: ЛАМБЕ ПРЕКУ БУЦКО САКА ДА ПЕРЕ ПАРИ
Извадок од книгата „Од Осака до Дижонска“

Се најдовме во Тенискиот клуб „АБЦ“… Буцко го прочисти грлото и со најдлабокиот глас што можеше да го извади од стомакот, ми се обрати. Говореше споро и некако чудно ги тегнеше зборовите, што мене ми делуваше многу смешно, затоа што будалетинката го имитираше Марлон Брандо, односно Дон Вито Корлеоне од Кум 1:

Ти мене батка ќе ми изброиш двесте илјадарчиња и тоа тука и сега. Во понеделник ќе му префрлиш на „Фалкон“ уште двесте, а со останатите пари ќе започнеш да работиш. Ќе добиеш уште пари, ама подоцна. Сега не. Овие пари што ти ги спомнав, се за мене и за еден човек. Така ќе направиш. Мислам дека сега ти станаа јасни некои работи.

Конечно, како и на секој наивко кој доцни со „палењето“ и мене ми станаа јасни некои работи. Всушност, само една. Ламбе преку Буцко, односно „Пивка“ преку „Бокафакс“ сака да пере пари. Е, Боки, Боки, која будала си бил. Си дозволил да те изработи како селска бавча и тоа кој? Една буба-шваба, една свинска тенија, еден пропаднат паразит кој во живото ништо не создал, туку само им ја цица крвта на другите.

Quote: ГЕТЕ ОД ФАМИЛИЈАТА
Извадок од книгата „Од Осака до Дижонска“

Новиот сопственик на стоковната куќа се викаше Зоран Орлиќ, во Скопје познат како Гете. Имаше и своја фирма – „Фалкон“. Со Буцко биле генерација и се познавале уште од гимназиски години. Гете се оженил за ќерката на познат генерален директор на најмоќната државна фирма за транспорт и шпедиција, па како што кажуваше Буцко, тој, со помош на дедо му, правел р’шум во времето на нафтените кризи во Македонија. Не само што увезувал нафта за потребите на Македонија, туку преку него оделе и цели композиции за поранешна Југославија. И на овој млад човек на челото му пишуваше дека е член на Фамилијата и дека поседува многу пари и капитал, а многу сериозно даваше до знаење, дека е и одлично заштитен.
30-12-2013, 04:07 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Ке го прернесам целиот текст на Јадранка Костова, текст кој ке ја дополни сликата за Борче Трајковски"БОЈ"


Quote:Тајната мрежа на СДСМ


Пишува Јадранка КОСТОВА

Тајната мрежа на СДСМ е жилава. Таа одлично функционира сиве 16 години. Иако во 1990 г. на првите повеќепартиски избори реформираните комунисти загубија, сепак на волшебен начин се смисли експертската влада, за после две години ВМРО ДПМНЕ и целосно да замине во опозиција. Ресорот внатрешни работи со се тајната полиција и нејзините инсталации, си остана како што си беше и во претходниот режим. Кога во 1998 г. 'превапцаните' комунисти беа целосно поразени од коалицијата предводена од ДПМНЕ, оваа структура само се прилагоди на новите услови. И како и во 90-тата, така и овој пат, повторно стана дел од власта. Но сега не како експертска, туку се направи широка коалиција. А за да се направи 'широката' повод или претходница беше војната, за која пак СДСМ не дозволи да се прогласи воена состојба. Каква е улогата на СДСМ-овската братија во овие воени случувања? Беа ли во некаква координација со учките на Ахмети? Иако со својата 'алкаеда' мрежа првично успејаа да ја раструбат верзијата 'Љубчо и Џафери ја смислија војната', сепак се повеќе и се почесто добиваат гласност контратезите за соработката меѓу Црвенковски и Ахмети уште во пролетта 2001-та. За ова 'ствар' особено самоуверено делуваат одредени изјави на Мендух Тачи и 'белата книга' што ДПА ја најавува, ама не ја објавува. А да биде штосот поголем после секоја негова ваква реплика во дуел со некој од СДСМ и ДУИ, наеднаш или прекинува полемиката или барем се тера на друг колосек. Со оглед на тоа што за 2001-та сеуште немаме заедничка дефиниција, ниту пак се расчистени чудните трансформации на терористите во борци за човекови права, останува само да ги анализираме изјавите и да ги преџвакуваме настаните, кои од оваа временска дистанца добиваат и поинаква боја.

Дека СДСМ не е шала, односно дека има поткрепа во некакви тајни структури, најдобро се покажа во нивното опозиционерство. Но тогаш немаше барање оставка од лидерот, туку целата енергија се насочИ на проектот 'предвремени избори'. После сомнителниот избор на Трајковски зa апретседател, Црвенкосвки со дружината започнаа митингување низ републиката за рушење на владата. Се случи и палењето на американската амбасада, за што веќе опширно пишувавме. Но Георгиевски комотно владееше, уживајќи ја подршка и на меѓународните фактори. И откако добро се консолидираа 'мрежата' се разработи. Во август 2000 г, тогаш во улога на портпарол на СДСМ, Бучковски драматично ќе најави:

Или предвремени избори или ќе го активираме планот Б.

Само два месеци подоцна ќе стане јасно што содржел планот Б. Бевме сведоци на обидот за рушење на коалицијата одвнатре, преку таканареченото 'ново парламентарно мнозинство'НПМ, каде главните борци ќе бидат алтернативците на Циле и група пратеници што од ДПМНЕ ќе ги отцепи потпретседателот Борис Стојменов. Деталите И сценариото за планот Б се разработувани на тајни средбите што се одржувани во една приватна куќа на Водно. Планот не успеа. Се виде дека и Љубчо не седел со скрстени раце. Но тогаш се покажа дека владата се уште ја има подршката однадвор.
Не знам како им бил наречен, ама сега е јасно дека 'големото уво' што во јануари 2001г. го обелодени Црвенковски би трбал да биде своевиден 'панот Ц'. Во тој дух, пак, нивната контроверзна соработка со учк-ите на Ахмети во војната би дошле нешто како 'Планот Д'. Тогаш успејаа да влезат во власта, па да излезат, за на '15 септември' ни ја исцедат судбината во нивни раце. Сите овие 'планови' не ќе беа остварливи беа логистика на некаква тајна подземна мрежа. Или како што оцени Стојан Андов токму во овој период на наводно опозиционерство најдобро се виде дека некаква тајна служба работи во функција на СДСМ и Црвенковски. Во таа смисла, додоколку се формира комисија за вистината, ќе биде особено инспиративно да се разјасни овој период од поновата македонска историја. За сега, ни останува само да ги систематизираме специфичните изјави, да трагаме по можната вистина или да се соочиме со минатото наместо 'да гледаме напред, не назад'. Веќе има поединци, инсјадери кои на свој начин даваат придонес да се состави мозаикот. Но повеќето инсистираат на анонимност. Единствено преку Шпиц во серијалот за тајната улога на ДБК, а потоа и во Фокус неодамна проговори ексразузнавачот Јанко Бачев, сега веќе претседател на народното движење за Македонија. Но како ексклузивност е тоа што за прв пат се јави човек кој признава дека бил кодош на службата, токму во тој период. Станува збор за Борче Трајковски, кој после книгата 'Од Осака до Дижонска' објавена минатата година, наскоро ќе ги сподели со јавноста И своите искуства кога под псевдонимот 'БОЈ бил 'лице за трансфер на податоци и информации'.
Интересно е дека постои целосно совпаѓање меѓу искуствата на Бачев, во тоа време вработен во ДБК, и она што Трајковски ни го пренесува преку неговата книга. Бачев тврди дека И после 'промените': Во делот на функционирањето на СДБ, континуитетот си остана совршено недопрен и за периодот на т.н. владеење на ВМРО ДПМНЕ. 'Државотворците' од СДСМ благовремено, уште пред номиналното предавање на власта во 1998 година, го разработија системот на инсталирање и вметнување на нивните проверени кадри, така што и после 1998 година, СДСМ преку своите истурени инсталации со невидена леснотија целосно ќе ја освои и раководи СДБ'.
Трајковски пак опишува како е врбуван за соработник (види рамка). Заслужува внимание каде високиот функционер што го контактира му посочува дека 'неколку одбрани луѓе од ДБК', меѓу кои е и тој, работат на рушење на владата, на подготовка на скандали, кои за воља на вистината ги имаше колку сакаш. Но, проблемот во нашава приказна е што излегува дека ДБК работела за интереси на една Партија. Уште повеќе, на партија во опозиција. Трајковски или БОЈ, на пример, ја опишува задачата кога требал да пренесе 'доверлива информација' на одредени новинари дека 'владата под 'строго доверливо подготвува акција против неколку познати фирми, а со помош и на експерт за финансиски малверзации од Еуропол.
На Борче или БОЈ му била јасна задачата, но не му е јасна смислата на целава операција. За овие свои дилеми, тој запишал:
Ми стана јасна намерата на 'Михајло' или на ДБК, или на СДСМ-овската 'тајна служба', сеедно, можеби и лично на Црвенковски? Имено 'ТИЕ' сакаат да објават некаква операција за наводна ВОЈНА на владата на Георгиевски, против бизнис олигархијата создадена во времето на Црвенковски. 'ТИЕ' (мислам на врхушката на СДСМ) добро знаеа дека нивната бизнис 'ЕЛИТА" плати дебели пари за да си обезбеди спокој, по поразот на нивниот пулен Црвенковски, кај новиот Премиер. Е сега, ако евентуално, успешно се растури информацијата, (сеедно ако е и дезинформација), за некаква тајна војна од страна на Георгиевски, против Фамилијата, тоа би можело да предизвика сериозни турбуленции во Владата на Љубчо, заради неизбежната опасност од соочување на Премиерот со 'плаќачите'. Таквите средби никогаш не се пријатни, особено ако веќе сте го дале газот под кирија.
Се разбира, БОЈ си ја завршил работата. Информацијата или дезинформацијата, сеедно, ќе биде објавена, но Латас ќе го провали идентитеот на 'Михајло', па тој ќе биде сменет од Доста Димовска. Останува енигма какви 'емоции' предизвикала 'веста' кај бизнисмените или како што ќе рече во една пригода Георгиевски 'истите им спонзори'. Бачев тврди дека уште во септември 1998 г била укината оперативната акција 'Трансформација-96'. По поразот на парламентарните избори, целата документација со обемни оперативни сознанија за криминалните аспекти на приватизацијата за околу 100-тина поинтересни фирми, експресно била изнесена од СДБ.
Но подготвувајќи се за евентуално опозициско дејствување, според Бачев, СДСМ ќе дојде на идеја да формира паралелна разузнавачка служба под негова контрола. Во таа насока, пред изборите во 1998 година дојде до привидното 'збогување' со СДБ на лицето Живко Ѓеоргиевски, тогашен началник на моќната втора оперативна управа во тајната полиција. Тој заминува кај Минчо Јорданов во 'Макстил', до неодамна вицепремиер во владата на Бучковски. Во Макстил 'старите пријатели' од времето на УДБА ја реализираат идејата за формирање паралелна разузнавачка служба. Јадрото на оваа паралелна структура ќе биде всушност СДБ, и во неа ќе се дислоцираат добар дел од најискусните и најспособни кадри на тајната полиција. Истовремено, ќе биде засилена и со пензионирани агенти на СДБ, кои со своето искуство даваат голем приоднес во реализирањето на дефинираните задачи и цели. Оваа паралелна разузнавачка служба денеска брои дваесетина припадници.
За сега Бачев одбива да ги обелодени нивните имиња, освен спомнатиот Живко Ѓеоргиевски.
Борче Трајковски пак ја опишува задачата што ќе ја добие дента кога е обелоденет скандалот 'Големото уво'. Неговата задача како нели 'лице за трансфер на податоци и информации' била да ги намами ВМРО-овците кон бизнисменот Тоше Пикон. Задачата успешно ќе си ја сработи. Впрочем, експресно од ВМРО-овциве и медиумите што тогаш ги контролираа ќе почне да се вергла опцијата или одбраната од скандалот дека фирмата блиска до СДСМ, 'Пикон' има опрема за прислушување. Сепак, и на Бој не му е јасно дали 'информацијата' што треба да ја размножи е вистинита. Има уште еден занимлив детал. БОЈ ќе дотурка дури до Љубе Бошкоски, во тоа време државен секретар во МВР. Бошкоски сепак ќе побарал да ги поткрепи тврдењата за Пикон со некакви документи. И она што е многу симптоматично е што откако на неговата врска од ДБК, 'Михајло' му пренел што бара Љубе од него, овој го смирил дека тоа не е никаков проблем.
... За само осум дена на мојата домашна адреса, ќе пристигне пратка од ФЕДЕКС, во која ќе ги добијам документите за наводната набавка. Испраќачот на пратката беше фирмата од Сингапур, И сето тоа ме збунуваше. Се прашував како ли само успеаја да го направат тоа? Јас вистински добив документи од Сингапур, за наводната набавка на таква опрема од познатата скопска фирма! Останав зачуден-пишува Трајковски во својата книга Што ќе излезе кон крајот на годинава.
Овој детал покажува дека 'Михајло' не работел на своја рака. Ваква една работа навистина може само Служба да ја обави.
И без да ви ја прераскажувам книгата, ниту од него веќе за скандлаот не е барано нешто, затоа што веќе војната се разгоре.

Странските разузнавачки служби си работеле.

Ниваната улога во 2001-та, ја оставаме настрана. Овој пат само кога , како И ЗОШТО се контактите меѓу СДСМ И ОНА. Според повеќе искази особено од ДПА што тие ги ветуваа во 'белата книга' е дека коалиционерите СДСМ И ДУИ се 'стари пријатели'. За карактерот на 'партнерот' им само д апотсетиме дека заклетвата на борците на ОНА завршувала со зборовите:
Ќе се борам до последна капка крв за обединување на албанските територии. Нашите извори тврдат дека Бранко и Али се сретнале во март во 2001 (види рамка). Од 22 март 2001 на новинарот на 'Њузвик' Ахмети ќе изјави: Наша единствена цел е да ги истераме славјанските сили од територија што историски е албанска'. Занчи само кој е кој според официјалните ставови. Ахмети уште не е борец за права.
Особено е занимлив написот на бачев објавен во Шпиц во текот на јуни оваа година. Тој тврди дека 'додека на теренот се води војна, на неколку наврати во Гостивар во станот во сопственост на контраразузнавачкиот центар на Министерството за одбрана, кое тогаш го раководи Владо Бучковски, се одржуваат тајни средби, одбрани оперативни тимови на СДСМ и ОНА'. Клучевите од овој стан, според Бачев ексклузивно по налог на Бучковски ги имал еден познат во јавноста армиски полковник-разузнавач Д.С.-М. Да, лесно се распознава дека под овие иницијали се крие Драган Стојменовски Млекце. И за оперативни тимови составени од личности од највисока доверба на Црвенковски и Ахмети, Бачев користи иницијали, но И опис на актуелните функции, па оттаму се лесни се идентификација. Затоа И во оваа пригода ќе ги дадеме целосно.
"Оперативниот тим на СДСМ е составен од Лазар Китановски, Зоран верушевски И Миле Зечевиќ, а тимот на ОНА го раководи Гзим Острени И Телал Џафери. Бучковски, пак, како тогашен министер за одбрана, ќе биде на врска со ОНА преку неговата тогашна и сегашна верна сенка Марјан Ѓуровски, кој одржува врска со веќе спомнатиот Острени. Подоцна се дозна дека алчноста на СДСМ одела дотаму што дозволиле дури телефонските апарати за комуникација и телефонските сметки на Зечевиќ и Ѓуровски од штабот на СДСМ да ги плаќа ОНА.
И Латас како доброинформиран за стварта, во предизборната канонада против Бучковски, а преку Вечер поставувајќИ му прашања ќе сугерира дека Бучковски се сретнал во 1999 г. со Дарко Ашанин, извршител и ликвидатор на српската државна безбедност, пријател со Аркан, а потоа И организатор на неговата егзекуција. До средбата дошло со посредство на тогашниот шеф на скопската организација на СДСМ, Љупчо Палевски- Упа. Латас уште прашувајќИ го Бучковски 'дали му е познато, и кој го запознал со документите на Сојузната ДБК', експлицитно наведува дека Фазли Велиу во 80-сетите соработувал со ДБК, и од нивни пари снимил пропаганден филм против Македонија, за да му обезбедат авторитет меѓу албанските емигранти. Дека контактите меѓу СДСМ-овци И ОНА се интензивни за време на војната потврдува И прашањто: Дали како министер за одбрана во 2001 г. имал цело времелични контакти И соработка со командантите на ОВК во Тетовски?
Според Бачев неколку податоци одат во прилог на тезата дека војната е конструирана. Имено, со почнувањето на војната, тајниот центар на СДСМ во СДБ ќе обезбеди преку неговите раководни инсталации во тајната полиција да се бришат одредени безбедносно-интересни лица од евиденциите на СДБ. Ова особено ќе биде зачестена појава на неколку месеци пред војната, кога речиси секојдневно се доставуваат телеграми за информирање до агентурата во СДБ, дека спомнатите лица се бришат од евиденциите на СДБ. Што значи дека т.н.бришани лица повеќе не се интересни за службата и агентите на тајната полиција во иднина не треба да преземаат какви било оперативни активности спрема нив.
Колку ова било длабоко смислен и оправдан план во тоа време, може да се види од увидот во овие списоци за бришење од евиденциите на СДБ, каде се доаѓа до фрапирачко сознание според кое т.н. бришани лица како неинтересни за агентите за СДБ, всушност биле најекспонираните команданти на ОНА за време на војната како Фазли Велиу, Џеват Адеми и Муса Џафери.
Комисијата за вистината да ја утврди вистината за НПМ, за големото уво И војанта во 2001. период кога опозиција а делува со свој таен центар.
Бачев во секој случај останува на изјавата дека 'во најскоро време кога ќе се созадат правните претпоставки ќе го објавиме списокот од 30-тина крупни кодошИ'. Но овој заинтригурачки Ќе додаде - јавноста ќе биде најизненадена кога ќе ја водо најкрупната соработничка ѕвезда во Македонија, човек кому службата му помогнала да се устоличи на највисоките функции. Но за тоа во наредниот Фокус.




Борче ТРАЈКОВСКИ
Досие 'БОЈ'

КАКО ДБК ЈА УРИВАЛА ВЛАДАТА НА ГЕОРГИЕВСКИ

После книгата 'Од Осака до Дижонска' во која преку сопственото искуство ни ја пренесе криминална транзиција, авторот екс бизнисменот Борче Трајковски наскоро ќе го издаде продолжението, насловено како 'Досие БОЈ- врвна тајна'. Првичната верзија Фокус имаше можност да ја прочита уште минатата година. Во ова возбудливо четиво, Трајковски го опфаќа периодот 2000 и 2001-ва година, кога за да избегне издржување на едногодишната казна затвор станува соработник на службата.
Ви го пренесуваме делот кога агентот од ДБК, што тој го именува како 'Михајло', во 2000-тата му дава налог на Борче односно БОЈ да му даде наводна 'сигурна' информација на Латас од ТВ Сител дека 'Љубчо подготвува акција против дваесетина видни бизнисмени'. Задачата 'Михајло' му ја објаснил со следниве инструкции:
- Слушај ме внимателно. Оваа Влада мора да падне! Веќе со сигурност знаеме дека 'Дебелиот' ќе ја напушти коалицијата со Георгиевски и ќе излезе од Владата. Тој со себе ќе повлече доволно пратеници што ќе значи дека Владата ќе го загуби мнозинството ... Како и да е, неколку одбрани луѓе од ДБК, меѓу кои сум и јас, подготвуваме повеќе скандали и афери кои треба дополнително да го разнишаат Георгиевски и морам да признам дека имаме сериозен проблем со подготовките. Не знаеме што да одбереме. Пливаат во афери и скандали! Реакциите што ги добиваме од Интерпол, Еуропол и другите разузнавачки служби од надвор, се многу сериозни. Бараат да интервенираме, а не знаат дека ни се врзани и рацете и нозете, и ушите и очите.


ексклузивно:

ЦРВЕНКОВСКИ И АХМЕТИ СЕ СРЕТНАЛЕ УШТЕ ВО МАРТ 2001?!


Првата средба меѓу Бранко Црвенковски и Али Ахмети била во првата половина на март 2001 г. во македонската амбасада во Словенија- тврдат извори за Фокус кој сакаат да останат анонимни. Сепак истиот извор наведува дека за ова постои аудио и видео снимка која ја поседува една странска разузнавачка служба. Останува енигма дали снимките што во неколку наврати ги споменува Мендух Тачи се за овој состанок или пак ДПА има нешто друго. Во секој случај, останува да ја сочекаме нивната 'бела книга' за војната 2001. Исто така, беа споменувани и контактите за време на војната меѓу високи функционери на СДСМ со функционери на ОНА во Брисел, каде да потестиме тогаш дејствуваа Муса Џафери и Агрон Буџаку.


Јанко БАЧЕВ:
МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ БЕШЕ КУРИР НА ЦРВЕНКОВСКИ

Екс разузнавачот Јанко Бачев тврди дека за цело време на војната, Црвенковски и Ахмети биле на постојана врска.
-Лице за контакт-курир на Црвенковски- ќе биде Миле Зечевиќ. Во тоа време тој му ги пренесува на Али Ахмети строго чуваните тајни од Министерството за одбрана на Бучковски, се разбира со негово знаење. Се сеќаваат граѓаните дека за време на војната борците на ОНА речиси секогаш однапред ги знаеја и ги избегнуваа заседите на македонската армија. Во оваа насока, борците на ОНА добро го знаеја и движењето на македонските бранители за што благовремено поставуваа мински заседи од кои загинаа најголем дел од македонските бранители.


(This post was last modified: 30-12-2013, 04:31 AM by ЈорданПетровски.)
30-12-2013, 04:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:"КО ЗАВАДИ ДВА ОКА У ГЛАВИ ЦРВЕНОГ КАРДИНАЛА"


[Image: 25ulcfn.jpg]

Два дена размислувам за да ја најдам причина за преобјавата на интервјуто на Борче Трајковски "На тајна вечера во владината вила во Охрид, август 1994, Црвенковски ја основаше фамилијата" на порталот ФОКУС во овој момент.

Најмногу ме буни фактот што интервјуто го преобјавува преискусната Јадранка Костова. За сите кој не се од тесниот круг на СОРОСОИДНАТА, поточно КОДОШКО СОРАБОТНИЧКАТА дружина на лустрираниот, значи кодош со тапија Црвен Кардинал, Владе Милчин, оваа интервју е блам за Боки Бургија од УДБа крстен "БОЈ". Зошто велам за Боки Бургија-"БОЈ" е блам, Борче беше подржувач на Бранко во миантогодишните протести познати под името "ОТПОР", значи чинеше се Бранко да се врати повторно на власт. За Бранко Црвенковски нема кој незнае дека пљачката наречена приватизација се случуваше додека тој беше премиер и дека тој е исполнителот на планот на полициско политичкото подземје за приватизацијата. Згора на тоа што сите ја паметиме приватизацијата и Бранковата улога во тоа, за оние заборавните, мегафоните на ДПМНЕ во овие неколку години секој ден го повторуваат фактот дека Бранко Црвенковски ја спроведе пљачката наречена прибватизација и тоа по неколкупати на ден.
Што е причината за судир помеѓу Јадранка и Боки-"БОЈ"?? Дваицата се на платен список на Црвениот Кардинал!! Владе ги финансира и ФОКУС и СЛОБОДЕН ПЕЧАТ и ПЛУСИНФО ...
Имам некакво предчуство дека по пребегот на Саше, се подготвува ново напуштање на бродот на Црвениот Кардинал, причината за пребегот ке е песната која е испеана во Шутка ...
Зошто го имам тоа прдчуство??
Оваа интервју е од 2005 е стого наменско, почнува да се прави пат да се сруши Курто за дојде Мурто. По оваа следи основањето на Нова социјалдемократска партија, без која Груевски неможеше да ја освои власта, следи пребег на уште една прица од таборот на СДСМ, новиот доктор Латас ...
30-12-2013, 04:48 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:КОЈ Е КОЈ ВО ОВАА ДРЖАВА?

СРПСКИ СЛУЖБИ И БУГАРСКИ СЕРВИСИ

28.06.2006
[Image: 2072814992006627214854.jpg]
Според Бучковски експлицитно, а според Грдото пајче, имплицитно - јас сум лидер на србизацијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Освен ова, сум се осмелил по вооружените предизборни пресметки помеѓу ДУИ и ДПА да напишам: оној што со оружје дошол на власт, со оружје и ќе си оди. Патем, кусо време наназад Премиерот во заминување го обвинува и Груевски за српска варијанта, затоа што бил советник за финансиски прашања во Владата на српските Демократи, и времето на министерот Ѓелиќ, сегашен претставник за регионот на една од најголемите светски банки, француската Агрикол. Заборавајќи да каже нешто што и самиот го знае, дека Груевски таму беше испратен од американска УСАИД, и платен од американски пари. Откако на себе ја прими сета бугарска националистичка багра, до ниво на заеднич ка историја, Бучковски сега бугарштината не може да ја налепи на ВМРОДПМНЕ, па приминува на резервна варијанта - српска. Добро. Секоја полемика почнува со прашање: Да почне така и оваа.

Дали Фрчковски е резидент на грчките полициски служби во Македонија. Дали, како што се сомнева и Глигоров, примил еден милион долари да поттурне промена на името на Македонија што тој, подоцна, навистина неуспешно и го правеше. Откако ќе добиеме одговор на ова прашања, ќе одиме понатаму. Прашањата до милионерот Бучковски (асоцијацијата е на емисијата, скраја да е, никако на неговата имотна состојба) се:
-Дали имал разузнавачка соработка со военото разузнавање на Сојузна Република Југославија во 1999, 2000 и 2001 година. Дали таа ја остварувал непосредно, преку Белград, а и посредно преку Амбасадата во Скопје, и тогашниот југословенски амбасадор Зоран Јанаќковиќ. Дали ургирал кај Основниот суд Скопје, по палењето на американската амбасада во 1999 година. Дали ургенцијата била да се заташкаат сомневањата и пријавите за девет лица, кои учествувале во палењето на Амбасадата, од кои седум се активисти на СДСМ, а двајца на неговиот колационен партнер партијата на Иван Стојиљковиќ, и тоа сите од Скопје. Дали потоа случајот е навистина - заташкан.
Дали е негова лична одлука, или сугестија на југословенските служби, Бучковски кон крајот на мај 1999 година, на состанок со Црвенковски на кој присуствував и јас, да инсистира за свикување голем анти-НАТО митинг, со образложение дека расположението на јавноста оди на таа страна, а плус би било големо враќање на СДСМ по загубените избори. Дали, потоа, таков митинг е одржан?!
Дали Бучковски го знае Дарко Ашанин, извршител и ликвидатор на српската државна безбедност, пријател со Аркан, а потоа организатор на неговата егзекуција. Ако се сретнале, дали тоа било во 1999 година, со посредство на неговит шеф на градската организација на СДСМ, Љупчо Палевски-Упа. Дали му е познато, и кој го запознал со документите, на Сојузната ДБК, според кои Фазли Велиу (чичко на Али Ахмети) во осумдесеттите соработувал со ДБК, и од нивни пари снимил пропаганден филм против Македонија, за да му обезбедат авторитет меѓу албанските емигранти.
Дали како министер за одбрана во 2001 година имал цело време лични контакти и соработка со команданти на ОВК, особено од Тетовско. Дали соработувал со нив за местење на полицијата, и Љубе Бошковски во Требош? Дали потоа вршел притисок врз МВР, и Горан Митевски, да ги ослободи уапсените. Дали поради тоа Борис Трајковски не го повика на состанокот на Советот за безбедност, свикан по полноќ. Дали Бучковски ноќта, во 1 часот, ме повика со предлог да посредувам, и да побарам од Борис Трајковски да биде повикан и тој. Дали потоа, по моето јавување кај Трајковски, околу 2 часот по полноќ беше повикан од тогашниот претседател. Дали им објаснил што соработувал со тетовската ОВК.
Дали Бучковски, како министер за одбрана преку Југословенската армија купил 1.000 безвредни менувачи за тенкови, иако сме имале само 90 тенкови, што е видно малку за 1.000 редуктори. Дали со некого тој, или од него пратен близок соработник, побарал од српскиот Генералштаб да имаат на ум дека им го чисти ѓубрето и дека тоа има своја цена.
Дали го познава Миле Драгиќ, сопственик на фабрика за воена опрема, кој во Србија беше притворен и обвинет за поткуп на нивниот министер за одбрана и офицери на Генералштабот. Дали среде војната во 2001 од Драгиќ, без тендер и мислење од македонскиот Генералштаб, а по препорака на српската воена служба, набавил над 2.500 панцири со цена од 2.600 германски марки по парче, иако истите југословенската војска ги плаќаше по 1.600 марки. Дали неодамна, кога Миле Драгиќ бил во притвор, преку еден од своите први соработници се интересирал кај неговите адвокати - дали е спомнат во изјавите пред полицијата.
Дали имал средби со шефови на српската тајна полиција, БИА, за време на Владата на Ѓинѓиќ, и ако имал дали биле организирани од Беба Поповиќ, и што притоа разговарал и договарал.
Дали, преку пратеникот Иван Стојиљковиќ, барал било каква јавна средба со Коштуница сега пред избори, затоа што тоа му требало за кампањата? Дали средбата му е ветена, па потоа откажана поради неговата изјава околу Косово.
Дали барал инкриминирачки документи од бугарската полиција против Никола Груевски, Љупчо Георгиевски, но и Бранко Црвенковски.
Дали лани, за време на претседателската посета на Рим, некој во Скопје пушти лажна вест за божемен обид за атентат врз Црвенковски. Малку пред тоа, истиот извор објави божемна закана за атентат преку интернет, пратена од Бугарија. Дали ова има врски со спомнатите Ваши пријатели од бугарската полиција. Дали Црвенковски, по враќањето од Рим, ве построил, заедно со шефовите на полициското и воено разузнавање, со прашање: кој ви ги даде лажните најави за атентат и со која цел ги објавивте непроверено. Што Вие тогаш му одговоривте?! Ваквите најави за атентат, по ова средба, нагло исчезнаа.
Дали Бучковски лани ги пратил кај грчките власти потпретседателот на Владата Муса Џафери и Агрон Буџаку да преговараат околу името, и патем да понудат концесии на грчка фирма за скопскиот Аеродром. Дали средбата е договарана со посредник, Грк од Егејска Македонија, кој, меѓу другото, се занимава со трговија со шеќер.
Дали Бучковски има конфликт со претседателот Црвенковски околу небалансирани односи со соседите, вклучително и со Србија и Косово? Дали пораките до мене со моето српско презиме, а божем до Груевски, се навистина пораки до Црвенковски, и закана поради неговите, наводни, српски наклоности.
Дали на наредните избори, ако останете на чело на СДСМ, имате намера да се кандидирате за претседател, на местото на Црвенковски.
Дали, Господине Бучковски, имате каков било податок, документ, изјава, фотографија, снимка... за моја поврзаност со кој било српски функционер, особено со функционери на полициски или воени служби... српски, или било кои други! Ако има, а Вие како власт имате се што ќе посакате, молам истите да се објават. Ако не, по Вашата фалба дека како премиер сте тужеле дури 13 пати, ќе бидам првиот новинар кој премиер ќе тужи за клевета.
По одговорите, следат други прашања, но и документи.
30-12-2013, 05:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Се надевам дека Јадранка Костова ке го преобјави и текстот од кој е цитатотв:




Quote:-"На пример, делува дури перверзно кога Министер за внатрешни работи во најмрачниот период од нашата валкана транзиција- во кој влегува кршење на ембаргото кон СРЈ и шверцот преку кој поединци- бизнисмени соработници на ДБК станаа моќна финансиска олигархија; потоа контроверзната приватизација преку која се испумпа силни милијарди на сметки во егзотични земји и острови; човекот во чиј мандат се случи атентат над претседателот на државата, за што се водеше дилетантска истрага; потоа во чије раководење со полицијата останаа неразјаснети дузина мистериозни (само)убиства; се забошоти Хард Рок ... И да не набројуваме натаму, но единствено не направи реформи на ресорот, па тие и денес Брисел ги бара од нас; денес тој исти Фрчковски да тртља (негов омилен израз) за ред и поредок, за одговорност, е во најмала рака бесрамно. Или во неговиот вредносен систем тоа што зборува англиски, а приори го прави реформатор, чесен и доблесен?! Да му се чудиш на умот."
30-12-2013, 04:06 PM
Reply