Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПАТЕШЕСТВИЕТО НА МИРКА ОД ЦРВЕНКОВСКИ ПРЕКУ ПУЛС ДО ГРУЕВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ПРИДОНЕСОТ НА МИРКА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ТОАТАЛИТАРИЗМОТ ОД УРЕДНИКУВАЊЕТО НА ГЛАСИЛОТО НА УДБА "ПУЛС" ПА ДО ДЕНЕСКА !!


Јордан Петровски

Мирка говори за човекови права, зборува дека таа била репресирана ама го одбегна главното, од кого била репресирана, по која линија на работа на УДБа или СДБ е ОБРАБОТУВАНА? Дали е Предходна Обработка или е Оперативна Обработка?
Употребата на тајната полиција во идеолошки цели, како метод на владење на група фанатици без интегритет и идентитет е применета за прв пат во Русија 1917 година. 1991 година за жал по втор пат во Македонија, група комуњари со тешки морални девијации, легендарни опортунисти и увлекувачи, гагаџии, шверцери, профитери и главното, заколнати заљубеници во тоталитарниот едноумен коминистички систем и Белград, како и 1945 година, на нелегитиме начин ја приграбија власта.! Тие се подготвени за да го зачуваат системот, да се борат до последна капка крв на наивните македонски граѓани и гласачи. За да бидат поуверливи комунистите 1990 година, се поделија во две банди: СДСМ и ДПМНЕ, ама како и секогаш кога се во прашање идеолошките, комуњарските банди, судирот од фингерајка прерасна во вистинска битка за тронот, битка за тоа која идеологија сега веке материјализирана и изразена во валути ке го има тронот ...

[Image: nq3hxj.jpg]
Првиот број на ПУЛС, гласилото на полициско политичкото подземје излезе на 24 јануари 1991 на денот на мојот 40 роденден. Есента 1992 година бев почестен со текст во ПУЛС!!




За оние помладите, Мирка беше уредник на гласилото на УДБа, "ПУЛС" а во него, во интерес на зачувување на тоталитарниот едноумен систем по дојава од Фрчковски и останатите чувари на комуњарското едноумие ги најавуваше луѓето кои беа предвидени за отстрел. Луѓето кои ја прозреа понудената лажна демократија и самостојнoст, демократија и самостојност осмислена во едно крило на Кремаљ а доработена и надградена во КОС и УДБа, поточно во Земун и на Дедиње. Тие луѓе започнаа битка против системот кои планираше само да го смени рувото. Е, за тие луѓе пишуваше Мирка статии, во кои освен името на човекот кој беше на отстрел се дриго беше лага и манипулација. Значи Мирка учествуваше, беше значаен чинител во задушување на демократијата во Македонија, значаен чинител во КРШЕЊЕТО на човековите права и слободи. Нејзините текстови беа објавување на пресудите кој ги изрекуваше комуњарската врхушка. Таа беше селскиот протоѓер кој пресудата ја разгласуваше меѓу народот.

Мирка вели била дисидент ама дисидент, кој до ден денеска не го ОБЕЛОДЕНУВА своето досие. Досие Мирка можела да има во неколу случаја:

1. Ако била противник на комуњарскиот едноумен тоталитарен систем. Да ја потсетам Мирка и бранители на нејзиниот лик и дело, на почетокот на деведесетите, да не говорам за период пред тоа, отворани се досиеа на ИДЕОЛОШКИТЕ И ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОТИВНИЦИ на едноумниот тоталитарен КОМУНИСТИЧКИ систем кои беа згора на тоа и за Самостојна, Суверена и Демократска Македонија, дали Мирка може да се најде во таа група на луѓе??!!

2. Ако била СОРАБОТНИК НА УДБа и СДБ.

3. Како РУСОФИЛКА, поточно Сталинистка.


Бидејки Мирка не го обелоденува досието, тоа раѓа сомнеж дека Мирка има или досие на СОРАБОТНИК и сигурно била ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА со псевдоним "ЈОХНУ ВАЛКЕР"

Или како Сталинистка под псевдоним "САМОГОНКА"*

Како МАКЕДОНСКИ ЕКСТРЕМИСТ И ВРХОВИСТ нема теоретска шанса Мирка да има доисие, затоa и неможам да ни да претпоставам каков псевдоним би и дала УДБа.


Продолжува ...

"самогонка" е руска домашна ракија со јачина над 70 степени и се пече од се ....


ЈорданПетровски
(This post was last modified: 16-12-2013, 02:51 AM by ЈорданПетровски.)
16-12-2013, 02:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ИНТЕРВЈУ МИРKА ВЕЛИНОВСKА, ПО СОБРАНИСKИОТ СKАНДАЛ ВО ПЕТОKОТ

Печурките на Фрчкоски сега се најгласни за медиумите

[Image: D0AF4D0F2860A24399E7511ABDE2C7E0.jpg]

Ако ја прашате Мирка Велиновска, со години една од највлијателните новинарки во Македонија, како се доживува во својата фела, без никаква дилема ќе ви одговори: „слободен и независен новинар“. Во контекст на актуелната дебата за медиумски слободи вели дека медиумите во Македонија толку се слободни што секој може буквално с` да каже. За нејзе не е неочекувано центрите на моќ, особено политичките, да се обидат да ги притискаат новинарите и медиумите да дејствуваат во нивна корист, но според неа, лошата слика ја креираат одредени уредници и новинари за да им се додворат на ваквите центри. Најнепријатните искуства од закани и притисоци ги доживеала од СДСМ, иако со таа партија би требало да е идеолошки блиска.

Во контекст на дебатата за медиумска култура и вашето повеќе децениско искуство како новинар, има ли слобода на говор и слободни медиуми во Македонија?

- Погледнете ги сите портали, потоа нивото на дебатирање и конфронтирање на политичката сцена и како тоа е обработено од медиумите и тогаш ќе видите дека македонските медиуми, ако ја дефинирате слобода како анархија и безодговорност во која била смисла, веројатно се едни од најслободните на планетава. Но тоа не е вистинската слобода. На телевизиите нема вистински дебати, а во вестите вистински информации. Тоа е резултат на тоа што уредништвата дејствуваат уште пред некој центар на моќ да побара од нив известување во нивна корист, мислејќи дека на тој начин му прават некаква услуга за подоцна да бидат погалени, пофалени и слично. Тврдам дека ваквата состојба во медиумите е повеќе слабост на самата професија отколку на нешто друго. Прво, ние се раѓаме како слободни и таа слобода не може да му се предаде на некој друг, таа е во нас и зависи од нас. Второ, мора да се знае дека со слободата на изразување паралелно доаѓа и личната одговорност за кажаното.

Она што постојано се прави во македонското новинарство, а особено тоа го нагласуваат и еснафските здруженија, е новинарите да се изземат од лична одговорност и да се стават над сите правни акти, дури и над Уставот. При тоа повикувајќи се на ваквата слобода да кажуваат с`што ќе им падне на памет без ограничување, а при тоа не сакаат да преземат никаква одговорност за последиците. Ако јас со моето влијание напишам текст што ќе се насочи кон меѓуетнички конфликт во Македонија, и тој конфликт набрзо се случи и последиците бидат стравотни, не може да биде одговорна само политиката, полицијата, војската, одговорноста делумно ќе биде и моја.

Kога, како новинар, Ви се случиле најголемите притисоци од политиката и од кого?

- Од она што можам да го издвојам се три судири со ВМРО-ДПМНЕ од кога постојат како партија. По изборите во 1991 година ми ја каменуваа куќата. Во 2000 година ми ја искршија оградата на куќата. Двата случаја се пријавени во полиција, против непознат сторител и никогаш не беа расчистени. Никола Груевски го имам жестоко напаѓано и двапати портретирано доста непријатно, но ниту еднаш се нема јавено за да ми направи притисок. Сигурно не сум им омилен лик на вмровците, но притисок не сум имала. Љубчо Георгиевски, кој сум го напаѓала страотно жестоко за неговите два антимакедонски става, ме тужеше како приватно лице, но си ги повлече тужбите. Најнепријатните искуства ги имам со тие со кои по дефиниција треба да сум идеолошки блиска. Јас сум левичар, а СДСМ е опција што се профилира за лева, како социјалдемократска, а не е. Тој конфликт за моите критики за нив и нивната политика, тие го сведуваат на лично ниво со дисквалификации и притисоци. И нив ги набројав при неодамнешната надзорна расправа на оваа тема во Собранието и одвај ми дозволија тоа да ги кажам.

Зошто во петокот не сакаа да чујат кој с` Ви вршел притисок?

- Зашто говорам со конкретни имиња и датуми за настаните што ми се случиле, а некои од тие лица беа и во салата.

Дали тоа што опозициските пратеници ве спречија да ги кажете сите притисоци што ви се правени од СДСМ и заканите дека ќе завршите во затвор го доживеавте како притисок?

- Го доживеав. И тоа е притисок. Но јас не се плашам од тоа, цел мој живот играм симултанки со моќници. Тоа е една битка на Давид против Голијат, влегувам во неа наоружана и затоа уште траам.

Примерите што ги набројавте во Собранието даваат слика дека СДСМ креирала и контролирала медиуми и новинари повеќе од една деценија?

-Да, тоа се случуваше и најодговорно тврдам дека сега најгласни во битката за слобода на медиуми се истите тие новинарски кадри што ~ служеа на таквата политика, а кои како што се изјасни Љубомир Фрчкоски во една пригода, се одгледани како печурки во подрум, на темно, и хранети со измет. Всушност, ја имам и напишано случката со Фрчкоски и за тоа како настана „Дневник“ на чело со Бранко Героски. Додека беше министер за внатрешни работи, неколкумина од нас, кои важевме за влијателни новинари во „Нова Македонија“ и во други медиуми, н` повика во својот кабинет. Беа присутни Елеонора Kаранфиловска, Сашо Орданоски, Александар Чомовски, Милан Банов, Александар Шолјаковски. Фрчкоски побара од нас да сме го рушеле Панде Kолемишевски. Да, ние сме имале конфликт со Kолемишевски во одредени моменти, па дури и меѓу себе, но не ни се веруваше што слушаме и сите исто изреагиравме, дека нема да дозволиме владејачката партија да ни го менува уредникот од надвор. Му рековме: „Ова не е Македонска телевизија, каде што менувате уредници“, а знаевме како во МТВ се менуваа уредници - во кафеана. Јас сум сведок на еден од ручеците на Бранко Црвенковски како премиер со новинари во „Уранија“, кога тој го смени Сашо Ордановски со зборовите: „ни правиш штета“. Но тоа ваквите уредници сами си го дозволуваа. Kога Kолемишевски се обиде поголема група уредници од „Пулс“ да н` разреши зашто објавуваме имиња што треба да се лустрираат, упаднавме на новогодишната прослава на целиот политички врв во Kлубот на пратениците. Отидовме директно кај Kиро Глигоров и кај Црвенковски и ги направивме „салата“.Разрешувањата беа веднаш повлечени. Е Фрчковски бараше да бидеме послушници и тогаш ги најави „Дневник“ и Героски за да ја урнат „Нова Македонија“.

Можеби идејата била да се направи плурализам и во медиумите во услови кога „Нова Македонија“ беше монопол?

- Ние не бевме против формирање нов медиум, туку против тоа Фрчкоски да одлучува кого и како да рушиме во „Нова Македонија“. Откако тоа не му успеа, реши да направи весник што ќе ја спроведува неговата политика. За слободата во својот медиум треба да се изборите, а не да зборувате.

Kолегите денеска со сите протести и критики за слободата на медиумите велат дека токму тоа го прават: дека се борат за слободата...

- Kои протести? Па сме виделе такви сценарија и порано. Kој притисок им се прави? Нека излезе Героски и сите други и нека кажат со имиња, датуми и настани како што јас тоа го правам. Kој ги притиска, за што и како. Никој не излегува со конкретни факти, само со жалби. Героски еднаш беше на сослушување од Едвард Џозеф затоа што не „играл“ по желбите на американската амбасада. Се собравме повеќе новинари во „Пивница“ да го браниме. Сите го браниме, само тој молчи. Подоцна му викам: „Зошто не се бранеше, што молчеше?“. Тој ми призна самиот: „Мало ми е бабулето“.

Kој е излезот од ваквата ситауција во медиумите?

Со овие исти челни луѓе во новинарската фела веќе 20 години нема решение на ситуацијата. Во Македонија треба да се случи ново новинарство. Ова е веќе дното. Прво, лустрација на новинарите. Потоа дефинирање на новинарството и негова регулација со закон за да можеме да се заштитиме. Ако некој сака да пишува пропаганди, може да го прави и тоа, ама текстот ќе биде потпишан од лобист тој и тој, па да знаат граѓаните кого и што читаат.

СДСМ со пари во сина кеса ми ги поткупи колегите

Можно ли е да се формираат медиуми што нема да бидат под влијание на политиката?

-Двапати се обидов да го сторам тоа. Едниот проект беше „Старт“, а другиот ЗУМ. За „Старт“ не проценивме со колегите што ја напуштивме „Нова Македонија“ дека газдата има скриени политички амбиции, кои сакаше да ги оствари преку медиумот и по шест месеци тоа го стори, односно стана функционер во СДСМ. ЗУМ го формиравме четворица новинари како косопственици. И најпосле кога направивме медиум без влијание на политиката го доживеав и тоа: колегите со кои сум го формирала медиумот и во кој бев уредник, под притисок на СДСМ во 2001 година, да одлучат и да ме известат на колегиум дека ми забрануваат да пишувам до денот на претстојните избори на 15 септември. Подоцна дознав дека сето тоа го организирал СДСМ и оти преговарачот од страната на партијата бил Владо Бучковски. Тој подоцна ми се извини дека морал да го стори тоа. Им ветил пари на моите колеги ако ја реализираат забраната. Планот го реализира тогашниот функционер на СДСМ, Илија Иљоски, кој кога моите колеги, сосопственици, ми ја доставија забраната, ги исплатил. Самиот човек ми кажа: „Им ги однесов парите во сина кеса како за на пазар во ’Александар палас‘ и ми бацуваа нозе“. Тоа е сликата за слободата на новинарството. Едниот од тие косопственици дури му стана и шеф на кабинет на Бучковски додека беше премиер, а една од колешките сега е портпаролка на ДИK, со која раководи СДСМ.



Шпекулациите и лагите ги спречуваат опозициските медиуми да пркнат

Главната забелешка на одредени медиуми и новинари е дека не можат да опстојат ако не бидат провладини. Главниот притисок им се правел со тоа што наводно фирмите под притисок на власта им ги повлекувале рекламите. Може ли да опстои опозициски медиум во Македонија?

- Може. Ама со квалитетни информации и анализи. Нашите опозициски медиуми на пазар излегуваат со лаги, шпекулации и тоа народот го препознава. Не излегуваат со квалитетна критика и факти за некој да ги купи. И какви реклами сакаат да имаат. Провладините ги одбиваат со образложение дека ги доживуваат како притисок, а за да добиете реклама од клиент треба да сте релевантен и да користите факти. Ете го Саше Политико се жали оти немал реклами во емисијата и принудно ја прекинал. Па како да има реклами? Што покажа тој со емисијата? Му дојдоа сите што ги покани: од власт до опозиција, до бизнисмени, јавни личности, никој не го одби. Ама каков беше неговиот однос со нив и за што зборуваше за клиентите да препознаат квалитет и да се рекламираат кај него?

Катерина Нешкова

DNEVNIK



Лага до лага !!!
16-12-2013, 11:22 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Новинарски херои и кукавици

Ерол Ризаов

Стаписан сум од сведоштвата на храбрите новинари кои страдале со децении како великомаченици

Ги слушам и читам неколку мои колеги, големи новинари, како сведочат во парламентот за премрежињата низ кои поминувале, херојски војувајќи со децении во одбрана на професијата и вистината. Стаписан сум од судбината на овие храбри маченици. Длабоко сум трогнат и сочувствувам со нивните страдања во тие тешки времиња на терор.

Што да ви кажам, онемев, немам зборови од воодушевување за нивната саможртва. Не знам каде сте биле вие тогаш, почитувани читатели, и дали се сеќавате на злосторствата што биле извршени врз овие страдалници, ама за себе мислев дека знам каде бев и што работев. Бев убеден дека знам што и како работеше најголемиот дел од новинарскиот еснаф и дека повеќе или помалку, барем меѓу себе, сите знаеме кои сме и што сме. Сега по нивното трогателно сведоштво, испадна работата дека сме немале поим низ какви маки, прогонства, закани, монтирани судски процеси, осуди, притисоци поминале и не само што преживеале, туку по големи и тешки битки ја донеле новинарската слобода во државата. Тоа не ги прави среќни, туку се огорчени што големата слобода поминува во анархија, па секој може да зборува и пишува што сака без последици и одговорност. Затоа заговараат да се стави ред и поредок и во новинарството и во медиумите за се' да биде како што е во сите други делови на ова идеално општество. Нема режим во светот кој не бара ред во медиумите и да се ограничи злоупотребата на слободата и укинување на анархијата.

Не велам дека во минатото немало разни форми на притисоци врз редакциите, директорите, главните уредници и одделни новинари. Политичките влијанија, кадровските игри и економските пресии секогаш биле присутни. Некогаш тие биле посуптилни, а некогаш подиректни и погруби. Тој дел од битката за одбрана на самостојноста на редакциите, главно, ја презеле на свој грб директорите и главните уредници. По прогласувањето на независноста на државата, сопствениците на медиуми се клучните играчи дали редакциите ќе стануваат огласни табли и партнери на власта или ќе се стремат кон професионално и објективно новинарство. Независноста донесе уште една нова форма на суптилни влијанија на политиката врз новинарството кое не беше присутно на таков начин во еднопартискиот систем. Ако порано во централните комитети одеа по свое мислење директорите и главните уредници, сега во политичките, владините и партиските кабинети најчесто се присутни носечки новинари. Нивното влијание врз уредувачките политики и во јавноста стана значајно. Некои новинари кои денес сведочат како биле прогонувани не излегуваа од кабинетите на премиерите и на претседателите.

Сега дознавам преку нивното сведоштво дека тие не барале да одат таму секој ден, туку биле принудени да се мачат на работен појадок, ручек и вечера за да им се врши притисок што и како да пишуваат. Колегите немале дерман, големи маки биле тоа да се седи и да се работи во деаташирани редакции. Јас, пак, наивен им забележував кога пишуваа дека како Бранко Црвенковски државник се раѓа еднаш на илјада години. А вистината била во тоа што тие тоа го пишувале не оти биле импресионирани од големината на лидерот, туку биле присилени. Само некако не чув и не прочитав кога тие ги критикувале големите моќници, дали како сега кога се во опозиција, или кога биле на власт и кога биле најсилни. Универзалното светско правило на вистинскиот професионализам вели дека света должност на новинарството е да ги открива злоупотребите на владите и на најмоќните луѓе и центри. Тоа е причината зошто вистинските медиуми се нарекуваат совест на општеството.

Новинари кои направија имиња пишувајќи и критикувајќи, како што велат, во тешки услови на пресии сега во демократско општество и слободни медиуми се против преголемата демократија и слобода. Жестоко жигосуваат и сатанизираат се што критички се осврнува на владините политики и на потезите на власта. Ним не им е доволно нивното величење на власта, тие сакаат да прогласат за предавник и непријател секој што поинаку мисли.

Познавам лично повеќе одлични новинари во Македонија и на просторите на бивша Југославија кои никогаш од себе не правеле вест. Туку вест биле нивните текстови и емисии. Работат или одработиле чесно без големи таламбаси и фанфари, без чалам и себепромовирање во служба на политиката. Проблемите со власта и со притисоците се составен дел на новинарската работа, со која професионалците мора да се соочат и да ја водат битката. Дури и кога ја губат таа битка, од тоа самите не прават сензационална трагедија. Во здраво општество таквиот пораз е на сите слободоумни луѓе кои за тоа бараат одговорност. Заедничка карактеристика на добрите новинари е што секогаш биле критички настроени кон тие што одлучуваат за судбините на граѓаните. Не е можен баланс меѓу власта и опозицијата. Тие што одлучуваат се под лупата на јавноста. Блискоста со политичките лидери и владини кабинети, гарнирана со коруптивно рекламирање, која се одразува врз објективноста на медиумите, е голем срам во новинарството. Поголем срам е само ликвидирани новинари и новинари в затвор поради напишани текстови. Не слушнав во сведоштвата на хероите дали сме поблиску до едниот или до другиот срам. Или до двата.

UTRINSKI


Оваа писание на Ризаов е: ПРИДРЖИ МИ ГО КОПИЛЕВО ДА СЕ ПОДШЕГНАМ НА КОПИЉАРКАНА".
18-12-2013, 02:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Омаж за мачките и кученцата – миленичиња по нашите софи и троседи




Долго време опстојував, па и сега ќе опстојам на неоткривање на некои пикантни детали од човековата мизерија кога се менува политичката страна за пари и интереси. Така, со некои од моите пријатели новинари, а ги имам прилично, сево ова време успеваме да одржиме односи на непоматено пријателство во преки политичките промени и разлики.

[Image: Ljubomir-Danailov-Frckoski111-300x199.jpg]

Одлучив да не демантирам измислици па и отворени клевети од некои од нив, кои од ним само јасни причини смениле неколку политички менторства и страни за на крај да станат мегафони на диктатурава денешна, ДПМНЕ-вска.

Но по нешто е забавно и да се прокоментира. Посебно е инспирирачка неодолива на моменти ( тажна во суштина ) сликата кога пудлици миленичиња на бившите режими, во киклопската битка за лично морално искупување, превреднување на личната историја и моралното мочуриште каде сега служат – се обидуваат да испрераскажат и префарбаат буквално се од живите случки на дваесетгодишната демократија на Македонија, каде има еден куп живи луѓе-сведоци.

Тоа, сакале или не, е ризичен само-разобличувачки потез – за кој мора да сте во дереџе да го одиграте на јавна сцена.

Значи, Мирка Велиновска, денес медиска тупаницата на диктатурата – беше нешто како пудлица/маче милениче на владите на СДСМ во јаки два мандата. Таа прво кај мене почна да ја пече професијата „милениче на кауч“ со интервју како министер без портфељ и од тогаш многу често беше во мојот кабинет како драга гостинка „консултантка“. Не велам дека било кога сум одлучил да „дадам наредба“ за било каква медиска операција со неа на чело за „насочено информирање“, бидејќи тоа едноставно не го правам никагаш, ниту беше потребно, ( секогаш кога имам нешто да кажам го пишувам лично и персонално на ачик ). Тогаш, башка и се скоро одеше јавно и во јавна жестока дебата. Но поважно од тоа е енергијата на Мирка која не дочекуваше да се дефинира став за некоја работа по нашите троседи-двоседи-фотељски расправи за се и сешто. Таа сама создаваше агенди за пресметка со ветерници и одеше со кампањи. Тоа беше симпатично тогаш, и беше фер-однос во кој никој никому не должи посебно ништо. Нормално дека закани за апсење немаше потреба да се изрекуваат бидејќи на куче-милениче кое ви се пренемага по троседи не му се заканувате со затвор ( не дај боже ) туку со свиткана новина ќе го плеснете за да не прави беља кај што не треба (тоа мрчи, цивка, но ќе се свитка и ќе преболи, а и ќе научи. Ова секако во метафорична смисла).

Она што ваква невротична персона чија невроза е донекаде разбирлива од силните политички трансфери кои налегнале па натежнале, и која денес плеска се и сешто, никогаш не научи ( нити со свиткана новина нити поинаку ) – беше плурализмот во јавната сфера. Плурализмот во медиумите нужно следеше по партскиот плурализам и тој почна со уривање или самоуривање на мастадоните на кумуњарското новинарство и моќ (кои беа се прешалтувале и споиле и со новите демократски власти). Тоа нашата скоевка не успеа никогаш да го свари.

Значи чекорот кој младите и силни новинарски имиња кои го формираа Дневник, и морам да кажам, вистински демократи ( на крајот на краиштата, само еден од нив се покажа соработник во меѓувреме ) – беше навистина фундаментален за втемелување на македонската демократија. Башка, тие тоа го направија на начин што покажаа претприемачки дух кој беше вистински дух на новото време. Ги заложија своите станови, земаа кредити, ставија се на коцка, адреналински влегоа во сфера на слобода и ризик, само и само заради идеи – и успеаа. Тоа е восхитувачко, за тоа треба да им се честита, и за тоа тие треба да примат некоја од државните награди.

Тоа не можеше, и ден денес не може да си го приопштат и разберат мастадоните на комуњарското новинарство на чело со Панде Колемишевски и тогашна Нова Македонија. Мирка беше меѓу „непросветените“ од тој вид. Таа го љубеше мастадонот и денес има сила да го правда и да им го продава сосе Пандета на ДПМНЕвците. Неверојатно!

Сетики, последиците од демократијата и слободата беа разорни и неумитни за Нова Македонија, која се сруши како кула од карти пред еден „слободен петпарачки весник“ кој го продаваа по улици како во авнгардата на руската револуција, самиздатите. Ако имам некаква улога во моралната подршка на создавањето на тогашниот Дневник и луѓето кои го создадоа, тогаш сум секако горд на тоа. Тоа беше вистинска демократска мала револуција во медиумскиот плурализам, после која ништо веќе не беше исто.

До ден денес (веќе) тажно и одурно изгледаат обидите да се превреднува таа и таква историја на идеите за слобода за кои „гинеа“ тогаш некои „будали“ и кои успее да извојуваат историска победа.

Создавањето конпирации на полициска акција ( инаку мошне успешна таква акција би била кога би била ) да се урне така траорно и бучно, од земја и во земја Нова Македонија и булументата раководство во неа, е само обид да се рационализира поразот ( друго прашање е што успеваат да им се продадат на слепиве и глуви ДПМНЕвци како орудие за пресметка кон левицата ).

Во меѓувреме, Мирка без проблеми ги совлада тие нелагодности поставувајќи постојано барања кои Цобе од СДБ имаше „задача“ да и ги задоволува: те стан за еден нејзин пријател од Босна, бегалец ( од конспиративните станови на службата ), те таа да одела со син и во Лондон да му прави друштво на некои студии. За сето тоа службата најде начин да и излезе во пресрет на првата дама на македонското скоевско во исчезнување- новинарство. Таа тоа си го објаснуваше не знам како, но веројатно дека го заслужила?! Сега слушам дека Цобе од притвор пред истражен давал некои изјави што се и давал на Мирка како податоци за објавување. Ќе биде интересно ако тие негови изјави видат бел ден некогаш, студенти да учат право, а и новинарство?

Следеше трансфер на овој новинарски голгетер кај Бранко Црвенковски – директно во нападот. Таа, имено, останувајќи без партизанскиот логорски оган во Н. Македонија, стана ударна тупаница од „каучот“ на Б. Црвенковски – кон светот како таков.

Нормално, прва должност на секој пребег е да се пресмета со својот претходен ментор, како начин на докажување кај новиот. И Мирка се даде на борба со „неодговорната елитистичка СДСМ фракција на т.н. млади лавови“?! Те вакви биле, те пушеле пури, те купувале слики, те се занесувале, биле деца „кои не јале ќотек“! Нормално, сељачаната во СДСМ не беше проблем да победи внатре во партијата, бидејќи никој не се бореше против нив ( ние гледавме држава и навистина се занесувавме, но со идеи ), но партијата страотно изгуби 1998 на изборите. Но внимавајте, тоа Мирка не ја обезкуражи, напротив, таа во миг се најде ( кај гладува врсен голгетер ) во прегратките на новиот патриотизам и Брат Љубе и тогашниот ВМРО ДПМНЕ. Сега, додуша не по каучи, туку во подруми, имено подрумот на Брат Љубе каде со пршута и вино, како впрочем и треба, Мирка ги черечеше непатриотите ( Борис Трајковски и секако, повторно мене ).

Во меѓувреме се случи конфликтот каде Мирка беше патриот-акцијашка: лежеше пред тенковите во тетовско ( да не се повлекувале ); те фрлаше бомби од ровови, новинарите да мислеле терористи се, џоа кореографка е; те му бараше на Борис оставка; и секако, со брат Љубе го пронајде атентаторот на Глигоров ( претпоставувате, пак Јас, како таков. Ова веќе стануваше малку здодевно и без фантазија ).

Тоа беше фантастичниот, и за многумина невозможен трансфер на нашата голгетерка, но не и за Мирка!

Потоа, ако мислите дека со фантастиката е дојдено до крај, се лажете, Мирка, како личи, „го предаде Љубета“ и прелета во пируетна елеганција кон последниот ( сиц) трансфер во власта, кај Груевски и ДПМНЕ.

Повеќе на политичкиот спектар нема, инаку таа може и повеќе! Мирка до сега е апсолутен рекорден во менување политички страни и дресови во новата македонска политичка историја, задржувајќи ја истата хистерична реторика ( сега веќе помалку аутистички неконтактибилна ). Техниката да се одржува високиот „морален патриотски говор, поточно вресок“ е добра, бидејќи дефокусира во објектив да се срочат личните бенефити кои се кешираат). Тоа е нејзиниот јак придонес во мак-новинарството, останатото е трансфер!

Но, истовремено, ќе ја забележите, драги мои, вистинитоста на песната „прва љубав заборава нема“. Од секоја миркина критика после секој трансфер, пак-пак, малку-малку, ќе ме закачи мене и мојата роља. Така е тоа! Акцијашки занес е тоа кога се правеше државата. Тоа е афродизијак и за новинарството, колку и да е продадено.

Љубомир Д. Фрчкоски

LIBERTAS
18-12-2013, 03:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Војо Додевски ја поздравува Мирка Велиновска!

VRZETE JA MIRKA VELINOVSKA! STANUVA OPASNA!


Sluchka prva: Pred pet godini za prv pat letam od Skopje preku Zagreb i Amsterdam za Taipei, presednuvam i vo Doha, imam dva chasa lufta za ruchek, prvin dolgo ja baraam sobata za pushachite, aerodromskiot personal me vrti vo krug, go pcujam vo sebe, ama ne i taa, pcue "Je.o Vas tovar (magare)!", se zapoznavame i togash mi tekna, da, toa e famoznata Tanja Torbarina, legendarniot kolumnist na zagrebski "Globus". Potoa zaedno i ruchavme, kolegijalno podelivme litro "crveno", zborime za se i seshto i vo eden moment, taa me prashuva, dali e ziva Mirkia Velinovska? Poziva e otkolku ikogash porano, odgovaram, nema postojan medium za koj raboti, ama se snaoga za da e postojano prisutna vo javnosta, bez ogled na toa koj e na vlast. Zoshto toa me prashuva?"
"Evo, vec deset godina nikako da me put navede u Skoplje, da joj nabijem jezha u piz.u"! - veli Tanja smireno i otkriva zoshto toa saka da go stori: "Doshla je u moju redakciju kad ja nisam bila tamo, slagala da smo prijateljice, iako je nikada nisam upoznala i zatrazila foto kopije mojih kolumni. Dok je ona lokala Viski, moji su joj papani chak sve to kopirali, pa je onda ona godinama moje kolumne objavljivala kao svoje, samo je imenja menjala, razumijesh, umjesto Tudjman, Vash Gligorov, umjesto moj ministar, Vash ministar. Ukrala mi je stil, dali me razumijesh? Kad je vidish, poruchi joj..."
Sledeshe dolg spisoki na pcosti i maki na koi Tanja ke ja stavi Mirkia, Torbarina si odleta za Bali, jas za Filipini. i zaboraviv na taa sredba.

Sluchka vtora: Vo 1994 godina jas sorabotuvam so skopski "Vecher", mojot dobar drugar vraboten vo Javnoto obvinitelstvo znae deka se boram da se nametnam so tekstovi i taka da bidam primen vo postojan raboten odnos i eden den me povikuva vo negovata kancelarija. Otkako ja zakluchi vratata pred mene izvadi edna papka i mi naredi da se napijam prvin chasha voda, a potoa da se zakolnam deka nikogash nema da otkrijam deka "TOA" sum go dobilo od nego. Otkako go storiv toa, toj mi go dade celiot predmet na "Paravojska" ili "Vojskata na Ilirida". Potochno, gi dobiv ZAPISNICITE od isprashuvanite paravojnici, zaboraviv kolkumina bea, pred istrazniot sudija, nivnite iskazi vrz osnov na koi nabrgu ke im se sudi i site ke bidat osudeni. Koga materijalot mu go pokazav na Stojan Nasev, glavenji (ne)odgovoren uredniki na "Vecher", toj dva pati se pomocha v gaki: prv pat od radost zatoa shto materijalot ke mu go prodava vesnikot barem edna nedela, a vednash potoa se pomocha i od strav: "Znaesh li ti deka Pande (Kolemishevski) za ova na kol ke me nabie"!?

Sepaki, znaev deka Stole e dovolno alchen za da odbie vakov ekskluzivitet, pa mini feljtonot za "Ilirida" zapochna da izleguva, bez eden edinstven moj zbor komentar. Samo prepis na zapisnicite i objavuvanje na fotki od dosieto. Reakciite bea vistinsko cunami! Kosta Popovski, urednik na "Crna Hronika", staorec koj cel zivot gi zloupotrebuvashe novinarchinjata koi mu trchaa po sudovi i MVR, za da toj pravi svoi kompilacii, ke eksplodirashe od ljubomora, barashe na Kolegiumot objavenite zapisnici da ne bidat potpishani so moe ime, "oti tuka nema nishto kreativno", no Stojan Nasev, itrecot, so mojot potpis se ograduvashe od odgovornosta i pritisocite koi sledea.
Prvin mi se javi izvorot koj mi kaza deka "vo JO e vistinska uzbuna, go baraat krtot, Kiro Gligorov mirno ne spie i deka, dokoloku go otkrijam, toj, mojot izvor ke mora da se seli od Makedonija, a podobro ke bide da se samoubie"! No, toj dobro me poznavashe i znaeshe deka nishto ne ke moze da me natera da bidam takov idiot, a toa jasno mu beshe i na Nasev koj se obide "da mu se doveram". Veke po tretoto prodolzenie, vo tekstot objavivme glupavo anterfile : "Izvorot na materijalot ne e od MVR, ne e od Javnoto Obvinitelstvo, ne e od Istrazniot sudija"!...pa navodno ministerot Frchkovski dobil nerven napad so zakluchok deka "izvor e znachi vonzemjanec"?!

Otkako nikoj vo redakcijata ne uspeaja vo toa da im go otkrijam izvorot, vo "Buket" kafeanata, blisku do redakcijata, dodeka si go ispivav kafeto, imav nenajaveno drushtvo od dva gospodina koi se prestavija deka se "od MVR" i pred da otvorat usta im go ispeav monologot:
"Ne mi mozete nisto, ne sum postojano vraboten, ne mozete da me zatvorite, zatoa shto napraviv pet kopii i moi izjavi deka ochekuvam da me kidnapirate, udrite na maki, ubiete, krtot ne go kazuvam, dokolku sekoi 24 chasa ne se javam na tie pet telefona, mojata izjava i kopiite odat na adresa na site ambasadi vo zemjava".
Stanav od masata, gi zamoliv da go pozdravat ministerot Frchkovski, im posakav prijaten den i veke nikogash nikoj od MVR ne me maltretirashe, grev e da lazam i od sebe da pravam machenik! Kolku shto od ovaa vremenska distanca mozam da se setam (nema nikakvi izvori na Internet, za zal), so aferata "Paravojska" direktno bea zameshani poveke vidni chlenovi na partijata PDP, a beshe pritvoren i podocna osuden i sekretarot na ovaa partija, Mithad Emini. Vo partijskiot shtab i vo kukite na nekoi chlenovi bea pronajdeni spisoci za regrutacija, planovi za napadi na kasarnite, Glavniot shtab imashe konspirativna oznaka "777", a otkrien e i plan za formiranje paravojni bataljoni i cheti za Skopje, Kumanovo, Debar, Struga, Gostivar i Tetovo. Najkrupnata zverka beshe Husein Haskaj, uapsen kako aktuelen pomoshnik na ministerot za odbrana na RM, kaj kogo e pronajden i planot za borba protiv 14-ata peshadijska brigada na ARM!?

Kolkava senzacija beshe objavuvanjeto na zapisnicite od soslushuvanjata na "Peravojnicite" vo istragata, kazuva i nivnata reakcija na prviot den od sudenjeto:
"Barame od sudot na Javniot obvinitel po ovoj predmet da mu se prikluchat novinarot Vojo Dodevski i gl. i odg. urednik na "Vecher", koi napravija javnosta pred vreme da ne osudi. '
EPILOG: Site "paravojnici" bea proglaseni za vinovni i osudeni na razlichni zatvorski kazni, Stojan Nasev ne me primi vo postojan raboten odnos, bidejki vo meguvreme mu se dopadna edna kelnerka od koja napravi nova sekretarka (starata ne ja otpushti), se rodi "Fokus", jas stanav negov najproduktiven novinar i veke vo prvite broevi go intervjuirav Niman Nimani, advokatot na nekoi "Paravojnici", koj tvrdeshe deka vo ovaa afera nekoi Albanci isprale i ograbile 2 miliona marki. Tolku.

Ete zoshto se shokirav koga svoeto izlaganje vo parlamentot Mirka Velinovska go zapochna so Baron Minhauzenska laga deka, citiram, "Vo 1993 godina Ljubomir Frchkovski, kako Minister za VR, vrz nea vrshel partijska intervencija, so zakana za apsenje, zaradi OBJAVENITE DETALI od akcijata "Paravojska".
Mori Mirke, pijana babo, namali so toa viskito, proveri gi prvin barem datumite pred da zapochnesh da lazesh, "paravojskata" se sluchi 1994, ne godina dena porano, kako shto lazesh. Lazesh i deka imash "usmeni, pismeni i pishani svedoci", sto lesno moze da se proveri od kompletite na "Vecher" i vesnicite vo koi ti pishuvashe vo toj period. Tie se mojot najdobar svedok, iako seushte se zivi i Venko Krichevski, i Stojan Nasev, Goce Kontevski i redica drugi novinari na "Vecher" od toa vreme koi ke ti kazat deka lazesh, deka Vojo Dodevski na javnosta i ja servirashe taa afera, a ne ti. Za tvoja nesreka, ziv e izvorot, mojot prijatel koj mi gi dade kopiite od "Ilirida". Denes e ugleden advokat i ke se obidam od dalechniot Tajvan da stapam so nego vo kontakt, za da ti ja napolnam ustata so supstrat za odgleduvanje pechurki. Dokolku drugar mi saka voopshto da go spomnam vo konteks so tebe, dirindji orospija vo nasheto novinarstvo polni 22 godini!
P.S.
Gi molam FB prijatelite da ja spodelat ovaa vistina za "desidentskite maki na baba Mirka", a Javniot obvinitel na Makedonija da prevzeme soodvetni chekori: ne e isklucheno ovaa laga da e posledica na delirium tremens, koja nastanuva kako posledica na (prisilna) apstinencija od alkohol. Vo takvi slucaevi, na selo bolniot se vrzuva, oti moze da predizvikuva i pogolemi, nesogledivi shteti, pa taka vrzan se drzai se do pristiganjeto na "zoltoto kombe". Zatoa, gospodine Obvinitel, vrzete ja zenava, stanuva opasna!
18-12-2013, 11:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:НАСТАНИ, СИМБОЛИ, АЛУЗИИ

Портрет на Фрчкоски од 2002 година


Во понеделничкиот број на „Дневник“ во интервјуто што го дава колешката Мирка Велиновска, го споменува моето име и презиме, во контекст на притисоците што се вршеле и вршат врз новинарите, директно и индиректно. Притоа посочува и еден пример за дејствувањето на тогашниот министер за внатрешни работи, господинот Љубомир Фрчкоски, кој исто така е поврзан со мене, од времето кога бев генерален директор на НИП „Нова Македонија“. Немам намера, барем засега, да се осврнувам на таквите случувања, нешто да докажувам или да полемизирам. Тврдењето на Велиновска дека „печурките на Фрчкоски сега се најгласни за медиумите“, не е далеку од вистината. Добар дел од инсталациите поставени во тоа време функционираат и денеска, што во стари, што во новопокренати весници или телевизии, како и на неколку електронски портали.

Со Велиновска, покрај соработката и пријателството, жестоко сме спореле за низа новинарски и политички прашања, како и за одредени личности во македонската политика. Одвреме-навреме тоа го правиме и денес. Сме имале и неколку професионални „интерни“ и јавни преписки и допишувања. Една од нив е на нејзин текст под наслов „Шминкер во функција“ (каде што прави новински портрет на Фрчкоски) објавен во тогашниот неделник „Зум“, од февруари 2002 година, и мојата реакција до неа под наслов „Kибритот на пуропушачот“. Можеби сум во заблуда, можеби правам погрешна процена, а најверојатно чукам празна слама за работи од минатиот век, сепак како вид придонес кон појаснување на нештата го нудам мојот текст напишан пред 11-12 години. Со напомена дека во него се направени извесни скратувања кои не го нарушуваат или го менуваат текстот, како и мали лексичко-граматички исправки.

Во првите години по осамостојувањето и парламентаризмот во Mакедонија господинот Љубомир Фрчкоски стана миленик на „слободните“ новинари, на реформираните интелектуалци, на дел од политичарите од помладата гарда и на неколку групации кои бараа ослободување на мислата и духот. Со својата речовитост, говорна и модна елеганција, елоквенција, шармантност и „штосерства“, за многумина беше нова и оригинална појава на македонското политичко небо. Беше, најверојатно и сега е, вистински „велештрумф“ (шефот на јунаците од цртаната серија за деца „Штрумфови“ з.м.) за комуникација и придобивање луѓе. Она што на Бранко Црвенковски на тој план, во тие години, тешко му успеваше или го постигнуваше со тешка мака, Фрчкоски го правеше како од шега. Неговата блискост со претседателот Kиро Глигоров му даваше дополнителна државничка самоувереност, функцијата – министер за внатрешни работи, неограничена административна власт, а со тоа и финансиска сила. Затоа, тој бидуваше с` подотеран, поснобовски модерен, подрзок и поопасен за околината.

Kолку што некои негови тогашни политички потези и залетувања ги сметаа за инфантилни и недоносени, толку тој истовремено градеше широка мрежа на пипала за искачување по скалите на власта и на моќта. Без никава дискусија, тоа беа најсветлите моменти во неговата кариера. Но, во тој период, според мое мислење, Глигоров и Црвенковски ја направија крупната грешка, која, на еден или на друг начин, им се врати како бумеранг. Всушност, тие, како во семејните несреќни приказни, на детето му дадоа кибрит во рацете мислејќи дека не знае што е цигара и не гледајќи дека тоа одамна пуши кубански пури. Пуропушачот почна тоа да го користи и мудро и обилно, стана главен сеач на огнот низ политичките лавиринти. Речиси немаше место каде што не подметна чкорче, во операција водена под нешифрирано име - ЗАПАЛИ И БЕГАЈ. Неговиот клан, составен од неколкумина верни подопашници, стана фабрика за производство и пласман на дезинформации на штета на други, кујна за готвење лаги и паралаги, завод за заговори против оној што им пречи, лабораторија за измислици, шпекулации и слично.

Фрчкоски и компанија први во независна Република Македонија го кренаа знамето на политичкиот неморал, на подметнувањето како политичка стратегија, на измамите како идеологија, на ароганцијата како начин на владеење. Плус, Љубомир Фрчкоски е вистинскиот творец на воведувањето на „шиљокуранството“ во сериозните државни работи, стил што промоторот не само што го задржал, туку, како што се гледа, во меѓувреме го усовршил. Тој е еден од креаторите, ако не и главниот архитект за разбивање на Сојузот за Македонија. Наоѓајќи плодна почва кај легендарниот бог на македонскиот политички подземен живот, господинот Стојан Андов, со растурањето на Сојузот беше направено такво стратешко скршнување чии последици с` уште ги чувствуваат и Македонија и многу луѓе во неа. Истовремено, или набрзо потоа, го скова и почна да го имплементира планот за разбивање на Социјалдемократскиот сојуз. Измислувајќи и јавно лиферувајќи струи на „џезери“ (умни, ама немоќни) и „бикови“ (глупави, но силни), на „руралисти“ (за нас дојдените од разни места на Македонија) и „урбанисти“ (за тие од Скопје), на антиреформисти, лазовисти и титовисти, на интелектуалци и „останата боранија“, внесуваше во партијата раскол од низок интензитет, но со далекосежни рефлексии. Од атмосферата на тој намерно создаван баласт партијата с` уште не се ослободила.

Создавајќи едно македонско политикантско „мапет шоу“ тој го изигруваше жабецот Kермит, што сакаше да го кутне големиот Гонзо. Поконкретно: господинот Фрчкоски со тајфата водеше жестока, рафинирана, подмолна битка да биде духовниот водач и во СДСМ и во Владата, а Бранко Црвенковски, да биде сведен на вршител на „технички услуги“. Во некои пригоди пежоративно така и го нарекуваше – големиот техничар. Професорот и кога беше на власт и кога го отстранија од неа – со сите сили работеше на слабеење на СДСМ, на нејзино омаловажување и бламирање. Тој негов придонес сигурно имаше и своевидно влијание врз нејзиниот углед, како и врз резулатите на парламентарните избори.

Со неговото име и функција како министер за внатрешни работи е врзан најголемиот скандал во македонската политичка историја, атентатот врз претседателот на државата, најголемиот кримининален акт во државата во последните педесет години, односно с` до Вејце и Kарпалак, кога беа убиени македонските војници. Без да ги спомнувам сите негови еквилибристики при објаснувањата, односно оправдувањата, останува фактот дека тоа беше катастрофално професионално промашување, скандалозен кикс на министерот, дебакл на полицијата како институција. Во секоја нормална и регуларна држава политичката кариера на која било личност на тоа место би била засекогаш завршена. Неговата лажна оставка и останувањето на функцијата (подоцна именуван на попрестижната – министер за надворешни работи) ги оценувам како еден од преломните фактори Македонија да тргне надолу. Зошто? Затоа што со тој потег Фрчкоски ширум ги отвори вратите на неодговорноста, на несносењето морални и материјални последици за сторените грешки. По тоа веќе секој можеше да прави што сака, да краде, да шверцува, да измислува „триста керефеки“, да измамува, да не речам и да убива. Оттогаш живеењето во Македонија станува с` понесигурно и поопасно. Со бесрамниот чин на останување во власта, министерот го отвори патот и за ТАТ и за корупција и за организиран криминал, ја отвори Пандорината кутија на политичките изопачености кои со новите власти ја достигнаа својата кулминација. Оттогаш наваму Македонија стана држава на изгубени критериуми и влезе во големата морална криза на владејачките врвови- два карактеристични предуслова таа да се движи кон сопственото пропаѓање.

Така пишував во февруари 2002 година, така го „допортретирав“ господинот Фрчкоски, познатиот македонски пуропушач или ако сакате метафорична фраза - принцот на заткулисните игри на политичкиот двор во нашава Македонија. Неговата амбиција, на која ги подредуваше мнозинството постапки, вклучувајќи ги оние поврзани со весниците и новинарите, е неугаслива. Во таа смисла нему не може да му се замери што сакаше да биде прв на политичкиот врв. За негова жал, а најверојатно и за многумина други, остана само „експерт“, особено специјализиран за матење бистра вода.
Панде Колемишевски



Судирот се шири
19-12-2013, 02:09 AM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#7

Што бе и Мирка премина во дисиденти ?
Ахххахаха хахаха хахахаха

Јаој људи моји јел то могуче .
Абе (и претходно напишав во друга тема ) уште ме држи сеќавање кога Љубчо Георгиевски му плесна у фаца на Бранко Црвенковски (тогаш имаше тв дуели кукавици безмудници како Груевски никој немаше ниту да ги гласа ) дека Мирка Велиновска не излегува од негов кабинет додека не ја делнат килајката Виски .(Бранко немаше коментар ниту било кога потоа тоа го демантираше ) .

Еве сега и Љубомир Фрчовски во својата колумна го потврдува истото .
И оваа пијандура била прогонувана од некого .
Ахахаха хахахха

Не бе ја мислам дека Мирка нелаже .
Она само несмее да ја кажува вистината оти така и наредил докторот .
Таква и е медицинаската терапија .Ако кажува вистина може да ја стрефи дамла .

Не стварно ако и понатаму го клеветите Сумо рвачот ја ќе ве накодошам кај светска федерација на сумо рвачи при цел ризик да бидам лустриран –повеќе да не смеам да извршувам важни државни функции ( леле колку тоа ќе ме трогне ...хехеххееееееее)

Епа после вие расправајте се со нејзиините професионални колеги

Со овие :

Sumo







Could You Be A Sumo Wrestler?





19-12-2013, 11:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Гусларите


Политичката психологија на владеачките касти кои и кога се најсилни владеаат во сенка на своите потиснати стравови, заробени од стравот како таксират на неограничената моќ – е политичка класика, но секогаш возбудлива тема, драги мои.

Во таа смисла и на тие траги постојано го забележувам манифестниот и потиснат СТРАВ на ДПМНЕ од опозицијата и од СДСМ поточно. И на врвот на доминацијата врз него , тие не го восприемаат СДСМ (а и себе ) како една од политичките опции кои се натпреваруваат, туку со ВИШОК УЖИВАЊЕ (што би рекол Жижек на трага на Лакан), како опции кои мора да се елиминираат во борба на живот и смрт. Стравот е потиснатата инфериорност на ДПМНЕ и сомнежот дека за клучните политики СДСМ има право. Тоа имплицира, независно од сегашната доминација, дека ДПМНЕ е сепак „вирус“ кој кога-тогаш ќе исчезне во оваа форма во која е сега! Како оној вешт крадец кој иако постојано триумфира пред спората и глупава полициска потрага, во себе знае дека прави всушност криминал и дека е криминалец, а не вешт геније!

Тој страв ги тера ДПМНЕ во политичката борба да ги користат и најискомпромитираните стаорци-новинари на транзицијата како „заштитени сведоци“ на обидот за компромитација на актерите и периодот ( кој по дефиниција е херојски ) на создавањето независна држава ( кој пак некако се поврзува повеќе со кадрите на СДСМ ).

Но потоа сфатив дека не е само тоа! Дека има и втор важен дел таа приказна. Имено, „гусларството“!

Новинарите од периодот на раната транзиција кои се „пребези“, биле на сечиј кауч и завршиле кај ДПМНЕ, вршат една прецизна операција за пастирот и ДПМНЕ. Имено, тие се вклопуваат во културолошкиот мит на диктатурата, за „големиот скок“ од Александар до Грујота, во делот на препејување на периодот на демократската транзиција во Македонија од 1991 до денес. Тие се гусларите на преводот, на препевот на новата демократска историја! Тие треба да направат фалсификатот да изгледа автентичен, со тоа што биле „инволвирани, учесници“ па макар и како кучиња-миленичиња, слуги или маши на разните влади од тој период. Тие имаат задача да го сторат пантеонот на ликови кои се автентични учесници на создавањето држава – во пантеон на криминалци, мрачни умови, заебанти и фејкери.

Симптоматика на таа онтолошка инфериорност на ДПМНЕ и обид за историски фалсификат е употреба во нападите врз опозицијата на интелектуални, идеолоши и морални новинарски ТРУПЛА – во – распаѓање, како Панде Колемишевски и Мирка Велиновска.

Значи приказната на гусларите е следна: транзицијата ја извеле крадци и хохштаплери, а вистинскиот Македонец се појавил дваесет години подоцна – во ликот на пастирот-Грујо и ДПМНЕ. Неговите скриени инсталации, претскажувачи, гатачи, профети ( во овој случај новинари ), глумеле слуги и мачиња миленичиња на политичарите од левицата за да преживееат и да ја соопштат веста за доаѓање на „спасителот – пастирот“. За разлика од нас што сме биле пуро-пушачи, несвесни за историскиот тек, тие биле вистинските к…пушачи кои знаеле што неумитно историски следи.

Искористливоста на вакви ликови е ризична како и ракување со радиоактивен отпад. Нивните комуњарскиот опашки во универзумот на лаги се долги и ракувањето со нив е како со опремен и заклучен – тајмиран бомбаш самоубиец.

Но во стравот се големи очите!

Кога се подотвори долго шверцуваната патриотичност на овој двоец во сосема безвезен контекст ( надзорна расправа во парламентот за слободата на медиумите ) – се рашири таква реа од павтањето на Мирка – што се придвижија живите мртовци на транзицијата, нејзините ролји за секоја пооделно политичка гарнитура ( патем со многу детаљи кои дури и мене не ми беа познати).

Имено, драги мои, нејзиното и на Пандета место во демократските промени беа места резервирани за „слепи патници“. Но, и тоа на крајот се покажа како лоша процена на сите нас ( моја за Мирка , на Бранко и Киро за обајцата ). Ама јебига – срања се случуваат.

Љубомир Д. Фрчкоски

&action_type_map=[%22og.likes%22]&action_ref_map=[]]LIBERTAS
27-12-2013, 05:19 PM
Reply