Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ И ОВАА ПОРАКА ЗА ОСУДА НА КОМУНИЗМОТ ОД ЕУ НЕМА ДА ЈА РАЗБЕРЕМЕ?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Вилма Трајковска бара комунизмот да се казнува


[Image: vilma11.jpg]

Европскиот совет за толеранција и помирување, невладина организација во која членува и сопругата на поранешниот македонски претседател бара промовирањето и величењето на комунизмот да биде казниво делo.

Тоа го предвидува од нив изготвениот „Европски нацрт национален статут за промоција на толеранцијата“, кој доколку стане дел од новиот европски закон за слободата на граѓаните, секој говор, истакнување пароли, знамиња, симболи или пораки со примеси на комунизам, ќе ги третира како поддршка на тоталитарна идеологија, што исто како фашизмот, ќе се казнува како кривично дело.
Оваа организација која ја предводи поранешниот претседатл на Полска, Квашњевски а во неа покрај Вилма Трајковска, членуваат и поранешните претседатели на Словенија, Кучан, на Албанија, Мојсиу, поранешниот премиер на Шведска, Персон, на Шпанија, Азнар, првиот човек на Пактот за стабилност, Ерхард Бусек, екс-шефот на руската дипломатија Игор Иванов и многу други познати личности, во иницијативата доставена до Европскиот Парламент инсистира да бидат донесени механизми за сузбивање на сите облици на расизам, етничка дискриминација, тоталитарна идеологија, верска нетолеранција, ксенофобија, антисемитизам, антифеминизам и хомофобија.
Во оваа наизглед левичарска листа на желби, клучната „квака“ е преземањето мерки против тоталитарните идеологии, меѓу кои според Советот на Европа е и комунизмот, за чија осуда пред седум години беше донесена посебна декларација.
Тоа, според соработникот на „Форбс“, Тим Вортсал би значело дека доколку некој јавно спомене дека, на пример, Сталин, имал и некоја добра идеја или истакне знаме на СССР, би можел да биде затворен.
Тој вели дека предлогот е комичен, со оглед дека е „најнелибералното парче закон што кој било нетоталитирец го предложил досега“, елаборирајќи дека со него директно се забранува слободата на говор.
Шпанскиот политиколог, Анхоа Гарсија смета дека самата идеја е небулозна.
Таа вели дека има симпатии и ги разбира болката и страдањата на жртвите од комунистичката репресија во земјите од Источниот блок, но смета дека комунизмот како идеја била добра, но злоупотребена од политичките елити.

[Image: vilma1-300x199.jpg]

Критичарите на ова решение сметаат дека тоа е ставено во процедура поради јакнењето на радикалната левица, која зема замав во земјите од ЕУ, поради привлечноста на нивниот концепт во кој тие се залагаат против острите мерки за штедење, високата невработеност меѓу младите, се поголемата разлика меѓу богатите и сиромашните и пропаста на европската „социјална држава“, која во орбитата ги исфрли партиите што го носат предзнакот „комунистичка“

Како пример се наведува успехот на германската Die Linke, која по последните избори, стана трета политичка сила во оваа земја, одличните резултати на Комунистичките партии во Чешка и Португалија или најеклатантиот, Обединетата левица на Шпанија, која е на власт во покраината Андалузија а која на банките им забрани да им ги одземаат куќите на граѓаните кои неможат да ги исплатат кредитите.
Шансите да помине предлогот зад кои стои и Вилма Трајковска, според аналитичарите се големи имајќи предвид дека во Европскиот Парламент, најголем број пратеници има групацијата на конзервативни партии.

PRVI.MK



ЕУ како дa прави пат за ВИСТИНСКА демократија во Македонија. Онаа што ние како народ не го свативме во овие 22 години ЕУ се обидува да ни каже сликовито.
Појасна порака пратена до водстото на СДСМ и до Грујо од оваа здравје.
13-11-2013, 09:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Црните бруки на Пепелашка од белиот двор на Водно!


Неколку пати низ годиниве, се мислев и се премислував, дали да напишам збор-два за Пепелашка од белиот двор, но секогаш, пиететот и другарската љубов кон нејзиниот починат сопруг и неизмерната почит кон нејзини и мои, заеднички пријатели, ме одвраќаа од таквата помисла.

[Image: aco-kabranov--209x300.jpg]

И вчерашната пренесена иницијатива од белиот свет на која бивши политичари и аналитичари, мегу кои и леди Вилма, заклучиле дека тоталитарните идеологии (КОМУНИЗМОТ) треба да се казнуваат. Не завлегувам, дали рекла или не рекла, туку само се согласила, а и уште помалку да го бранам комунизмот, ама ме збуни сознанието дека вдовицата на нашиот омилен претседател бркала и ПОЛИТИКА. Скромната лекторка од Радио Скопје, како сопруга на шеф на државата стана прва дама и советничка во кабинетот на гувернерот (тоа чинам онака на хартија) и за жал по трагедијата, вдовица на покојниот претседател. И, до тука е се во ред, Борис како и неговиот претходник Глигоров, од петни жили се бореше и лобираше за Македонија и остави длабоки позитивни ТРАГИ во нашата историја.

Се секавам колку беше повреден на два три дена пред да загине, една вечер во претседателскиот кабинет, кога го најдов потиштен. Имал средба со Никола Груевски, тогашниот опозициски лидер, претседател на партијата на Трајковски, и според кажувањето на Борис, прашал дали ВМРО-ДПМНЕ ќе му ја даде подршката и за вториот мандат, а овој наводно студено и надмено му вратил, ти прво поработи на рејтингот, ептен ти е низок, па после ќе збориме. Пусти Борис, ми беше криво оти тие од неговата партија пред се мислат дека Рамковниот договор како чедо на Борис е ПРЕДАВСТВО, и од тука и од плуканиците од тогашната новинарска фаланга, имаше низок рејтинг. Неисе, тоа помина, годините што изминаа веке покажуваат дека РАМКОВНИОТ го сакале ние или не, е клучниот документ за опстанок на Македонија во овие граници.

Туку муабетот не ми е за пријателот и многу многу почитуван како што јас си го викав Борис, туку за неговата сопруга, госпожа Вилма, која искрено ја познавам многу површно. Нема никогаш да напишам ни ред за неа, знам што е болка за близок, свој човек, но некои нешта во име на вистината, не може да се премолчат. Барем јас така мислам. Да бидам појасен, не ми пречи што Вилма патува низ светот, активна е низ разни форуми, животот мора да тече и така треба.

Друго ми пречи кај некогашната прва дама. Зошто врските на Борис не ги употреби да им помага на сиромашните, на лугето на кои им треба помош а ги има во нејзината и моја држава за жал многу, туку ете, и таа брка ВИСОКА ПОЛИТИКА. Во политиката да, има пари, но од неа се зема, а во хуманитарните МИСИИ се дава, се помага. Не, не викам дека наша Вилма треба да биде мајка Тереза, таа е една, родена да биде мисионерка, но барем да пробаше, мегу лобирањето ЗА СЕБЕ да излобираше и за народот кој нејзиниот Борис најпростодушно и искрено го сакаше.

Вилма чинам го избра спротивното од она што беше Борис, бескрајно скромен и едноставен човек. Преку нејзиниот школски другар, тоагаш претседател, излобирала со закон државата да и подари земја на Водно за куќа. И тоа е во ред, таа и децата на Борис заслужуваат привилегија која не секој ја има. Велат дека и кога паѓал договорот дали плац за куќа или комотен стан од сто и кусур квадрати во трајна сопственост, Вилма го избрала плацот, а татко и побарал од Б.Ц. ако може и плацот и станот, да им се најде на децата.

Како се менуваа премиерите, така наводно се менувале и желбите на нашата Пепелашка. Па од плац, следниот премиер Груевски од државната каса и градењето на ДВОРЕЦОТ го стави на контото на државната каса. Не е ни место, ни ниво да се отвараат деталите колку трочленото семејство Трајковски по неговата смрт пријавувало и добивало од државата за храна покрај сите други погодности. Бесплатно сместување во претседателската резиденција, па неколку години сместување сосе струја и парно и вода во државен стан, чекајки го белиот дворец. И јавноста не ќе знаеше каков дом и подарила на вдовицата на Борис да не беше обидот за кражба во него.

Се секавам, една вечер влегов кај баба ми, а таа седната пред телевизор и гледа вести. Одеше информација за кражбата и снимки од дворецот кој и јас прв пат го видов. Баба ми, заколнета антикомунистка и фан на Борис, се сврте и вели – „Леле, па ова е дворец, па за шо и е на Вилма ваа куќа, од дека толку пари?“

Од нас бабо, и вратив кусо и ја оставив занемена… Тивко во политичките кулоари се вртеа, а и сега се актуелни прикаските дека и кај Бучко како премиер, Вилма појачана со брат и, оделе и лобирале дури и специјалното расветлување во дворецот да биде на државна сметка. Знаеле, а и играле на картата можеби дека никој заради Борис нема да има душа да ги одбие. И толку, доста е околу дворецот и привилегиите со платен возач и автомобил, што Вилма ќе ги има доживотно. Тој закон го донесоа за неа, но ќе го користат и другите претседатели.

Зборот ми е дека треба да се има мерка и во алчноста, а посебно леди Вилма заради скромноста и едноставноста на Борис. Вака, таа од Пепелашка од скопско Ченто, стана Леди со бел дворец на Водно, нешто во што сум сигурен дека покојниот нејзин сопруг немаше да се чувствува пријатно и комотно. Чинам, ќе му беше помило а и чест неговата сопруга да мисли на децата но и на народот, и таа да направи нешто за него. Вака, низ фондацијата и форумите кај што оди низ светот излегува дека само се шета и ЗАГЛАВУВА таму кај што како сопруга на Борис не и е место. Едноставно, ни Македонија не е Америка, ни Вилма може да стане Клинтоница.

LIBERTAS




Да не чепнеше во комунизмот, односно да не се придружи Вилма на барањето на демократскиот свет, комунизмот да си го добие заслуженото, немаше да ја спомене "друг Кабрамов."

Академик Аралица во својата последна книга „Mentalni komunist“ дава многу јасна дефиниција за тоа кои луѓе се навистина демократи.
Ке го пренесам тој дел, белки ке помогне на голем дел од граѓаните на Македонија да ја препознат лагата на: Милчиновите платеници и онаа група на луѓе кои гравитираат кон МАКТЕЛ, сајтот на Саше ТАНГА:

"...A što se tiče polazišta za prepoznavanje, treba poći od temelja, od razlike između mentaliteta koji nastaje u demokratskom društvu i onoga što ga rađaju totalitarizmi, fašistički i komunistički. Uobičajeno je smatrati da demokrat ne može biti čovjek koji u jednakoj mjeri negativno ne gleda na oba totalitarizma. Ako mu je komunizam negativan, a benevolentan je prema fašizmu, onda je on mentalni neofašist; ako mu je fašizam negativan, a za komunizam u svim slučajevima ima olakšavajuće okolnosti, onda je on mentalni komunist. Pa ubio se od dokazivanja da je demokrat!"
13-11-2013, 10:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Чуварите на тоталитатниот едноумен коминистички систем се јавија:

Quote:Branko Trickovski

Вилма барала комунизмот да се казнува, а јас барам Вилма да се казни за беспримерната капитализација на смртта на својот сопруг, заедно со оние што и го инсталираа тој одвратен носач на авиони на Водно и и рекоа дека тука, во тие шест или не знам колку милиони народни квадрати ќе треба да ја боледува својата болка!!!


Quote:Zoran Jovanovski

Да ги помниме и да се гордееме со хероите што на денешен ден ни ја донесоа слободата во нашиот главен град. Срамота е што Вилма Трајковска и невладината организација во која членува сакаат да го забранат онаа што беше зачеток на тоа ослободување. Така е кога човек живее во замок. Ќе го заборави минатото и ќе го изгуби контактот со сегашноста.
(This post was last modified: 13-11-2013, 11:30 PM by ЈорданПетровски.)
13-11-2013, 11:29 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#4

Најмал проблем е нешто да осудиш
Проблемот е дали нудуш нето подобро од тоа што го осудуваш .

Ако и денес после 2006 година имаме политчко криминални монтирани судски случеи - политички затвореници, ако имаме случаи на масовно БЕГАЊЕ од државава тогаш новото што се нуди е дабатер полошо од старото .

Не џабе старите рекле ....не плукај на стар бунар додека не ископаш нов
А нов нема ...се нуди баруштија неспоредливо полоша од старата

Инаку и АНТИ-СДСМ (ДМПНЕ) го осудува стариот ситем фрла дрвја камења по него демек комуњари а ете од 2006 од Макеоднијава ИЗБЕГАЛЕ од што мараат пола милијон граѓани .

Прашање :
Епа ако во стриот систем бегале ПОЕДИНЦИ а се бара да се осуди тогаш што да кажеме за сегашниов кога МАСОВНО цели фамилии БЕГААТ од новиот систем .

И сега има политички затвореници на кој ниту адвокати неможе да им помогнат оти и самите стануваат предмет на прогон само затоа што бранат ОСОМНИЧЕНИ луѓе кој власта веќе решила по секоја цена да ги стави во затвор .

И сега после 2006 година има неразјаснети убиства и наместени самоубуства од АНТИ-СДСМ (ДПМНЕ) Како со новинарот Таневски,Никола Младенов за кој ниту истрага не се направи .Прогон на неистомисленици итн.

Во вакви услови секој нормален си го поставува прашањето ..а што точно треба да осудиме .?
Систем кој веќе одамна непостои ?
Или систем кој ги користи потполно истите методи само овој пат за свој криминални интереси .

Еве :

НЕЗАКОНСКА УПОТРЕБА НА ПОСЕБНИТЕ ИСТРАЖНИ МЕРКИ
Полициските снимки пресија за адвокатите

Валентина Стојанчевска

Незаконските полициски снимки НА АДВОКАТСКИОТ ТИМ на Велија Рамковски, сопственикот на телевизија „А1“, и на управителите обвинети во случајот „Пајажина“ се алатка за директен ПРИТИСОК ВРЗ ОДБРАНАТА, сметаат познавачите. Тие предупредуваат дека нарушувањето на приватноста, преку употребата на посебните истражни мерки, како што се прислушувањето, тајното снимање и следење, освен што ја доведува во прашање ЗАКОНИТОСТА на тие материјали, за кои обвинителите тврдат дека се докази, го нарушува и едно од темелните уставни права - правото на приватност.
На снимките, кои завчера обвинителството ГИ ПРЕЗЕНТИРАШЕ пред обвинетите во случајот „Пајажина“, покрај нив и нивните семејства, тајно бил сниман И АДВОКАТСКИОТ ТИМ . Адвокатот Мирослав Вујиќ се нашол во доказниот материјал додека пиел кафе во едно скопско кафуле со негова колешка. Снимките биле направени на 26 и на 27 ноември, веднаш по упадот во „А1“.
- Не е проблемот во тоа што не снимале, туку во кој контекст не претставуваат. Која е целта со тоа што на обвинетите ќе им презентираат материјали од кои се гледа како тие одат на тенис, на риболов или на лекар, или ако не снимаат нам како пиеме кафе. Мора да се направи селекција на материјалот, да се уништи делот каде што има снимки од приватниот живот, а да се презентира како доказ само тоа што може да се употреби за докажување на некое кривично дело - рече адвокатот Мирослав Вујиќ.
На незаконска употреба и злоупотреба на посебните истражни мерки предупредија и стручњаците од областа на кривичното право и безбедноста.
- За овој тип криминал вообичаено не се применуваат посебни истражни мерки. Во Законот за кривична постапка јасно стои дека најпрвин мора да се исцрпат сите нормални мерки, а прислушувањето, следењето и снимањето да се остават како крајно средство. Очигледно е дека надлежните ГИ ПРЕКРШИЛЕ законите и Уставот и дека УШТЕ НА ПОЧЕТОКОТ на истрагата пукале од сите оружја - истакна универзитетскиот професор по кривично право Гордан Калајџиев.
И останатите стручњаци сметаат дека досега само се покажало оти овие мерки не вродиле со плод, туку само ја загрозиле приватноста на обвинетите, на нивните семејства и на бранителите.
итн
15.01.2011 весник Време

А Љубе Бошковски исто монтиран судски процес а број не им се знае колку се такви .

И еве за бегањето СТАМПЕДО од убавините на новиот систем во Македонијава


Половина милион граѓани се иселиле од Македонија

Објавено: 30.07.2012 13:35

На Македонија ѝ се заканува демографска катастрофа бидејќи досега од земјава се иселиле 550.000 граѓани, велат од опозициската ВМРО-НП, како реакција на отчетот на премиерот Никола Груевски. - Официјално, според извештајот на Светска банка, Македонија е во друштво со светските рекордери на извоз, на емигранти, во друштво со Палестина, со појасот Газа. Реалноста е 450.000 РАЗОЧАРАНИ иселени граѓани до 2010 година, а според нашите извори до денес се иселиле повеќе од 550.000 граѓани од државата. Ваквиот одлив на население е најточната анкета, и најсилниот доказ за неуспесите на оваа влада. Господо од власта, господо од ДПМНЕ, имате должност и кон народот и кон државата и кон Бога, барем еднаш да и погледнете на вистината в лице и да се спуштите во реалноста. Во држава во која има демократија, економска благосостојба и сугурност, граѓаните инвестираат, творат, градат светла иднина, работат, а во никој случај не ја напуштаат татковината барајќи спас во туѓина - изјави Ване Цветанов од ВМРО-НП. Тој порача дека опозицијата влегува во битка со ВМРО-ДПМНЕ, не само за да дојде на власт туку, како што рече, да ја спаси државата која моментално е на ист ранг со Палестина. В.С.

http://www.plusinfo.mk/vest/51430/Polovi...Makedonija
.

Интерсно е дека и Ване Цветанов го затворија а Љубчо Георгиевски како пизда се крие како човеков воопшто и да не бил близок со него .Ниедно соопштение ниеден збор да се кажело .Сумњив е тој Љубчо со вакво понашање .Како тоа сите околу него гинат само тој цело време останува недопирлив за власта .
14-11-2013, 01:57 AM
Reply
Cesen Makedonec Offline
Member
***

Posts: 182
Joined: Nov 2010
Reputation: 0
#5

Да се вратам на насловов на темата пошто не разбрав добро - Каде овде ЕУ ни праќа порака за осуда на комунизмот?
14-11-2013, 05:09 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#6

(14-11-2013, 05:09 PM)Cesen Makedonec Wrote: Да се вратам на насловов на темата пошто не разбрав добро - Каде овде ЕУ ни праќа порака за осуда на комунизмот?

Абе темата не е дека некаква Европа нешто бара туку конкретно Религиите = Православие Католицизам Протестантизам бараат збарана на комунистичките партии и идеологии .

Ајде уште еднаш дел по дел да го разгледаме насловниот текст

1)
Вилма Трајковска бара комунизмот да се казнува

12 Ноември, 2013 во Македонија

http://prvi.mk/2013/11/12/vilma-trajkovs...e-kaznuva/

Европскиот совет за толеранција и помирување, НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА во која членува и сопругата на поранешниот македонски претседател бара промовирањето и величењето на комунизмот да биде казниво делo.
Тоа го предвидува ОД НИВ ИЗГОТВЕНИОТ „Европски нацрт национален статут за промоција на толеранцијата“, кој доколку стане дел од новиот европски закон за слободата на граѓаните, секој говор, истакнување пароли, знамиња, симболи или пораки СО ПРИМЕСИ на комунизам, ќе ги третира како поддршка на тоталитарна идеологија, што исто како фашизмот, ќе се КАЗНУВА КАКО КРИВИЧНО ДЕЛО
Коментар :
Невладина организација излегува со чисто политички барања ?
Овие како Соросоиди ќе му дојдат .
Море Соросоидите може вода да им носат на овие мрднативе кој од око ќе проценуваат што има а што нема ПРИМЕСИ на комунизам

2)

Оваа организација која ја предводи поранешниот претседатл на Полска, Квашњевски а во неа покрај Вилма Трајковска, членуваат и поранешните претседатели на Словенија, Кучан,......
Коментар :
Нели е овој истиот Кучан кој до распадот на СФРЈ беше прецедник Комуниста Словеније .А да не се распаднеше СССР (а со тоа и СФРЈ )истава лепешка којзнае колку луѓе и фамилии ќе уништеше само да се докажува колку е голем комунист .
3)
и многу други познати личности, ВО ИНИЦИЈАТИВАТА доставена до Европскиот Парламент ИНСИСТИРА да бидат донесени механизми за сузбивање на сите облици на расизам, етничка дискриминација, тоталитарна идеологија, верска нетолеранција, ксенофобија, антисемитизам, антифеминизам и хомофобија.
Во оваа НАИЗГЛЕД ЛЕВИЧАРСКА ЛИСТА на желби, клучната „квака“ е преземањето мерки против тоталитарните идеологии, меѓу кои според Советот на Европа е и комунизмот, за чија осуда пред седум години беше донесена посебна декларација.
Тоа, според соработникот на „Форбс“, Тим Вортсал БИ ЗНАЧЕЛО дека доколку некој ЈАВНО спомене дека, на пример, Сталин, имал и некоја добра идеја или истакне знаме на СССР, би можел да биде затворен.
Тој вели дека ПРЕДЛОГОТ Е КОМИЧЕН , со оглед дека е „најнелибералното парче закон што кој било нетоталитирец го предложил досега“, елаборирајќи дека со него директно СЕ ЗАБРАНУВА СЛОБОДАТА НА ГОВОР.
Шпанскиот политиколог, Анхоа Гарсија смета дека САМАТА ИДЕЈА Е НЕБУЛОЗНА.
Таа вели дека има симпатии и ги разбира болката и страдањата на жртвите од комунистичката репресија во земјите од Источниот блок, но смета дека комунизмот како идеја БИЛА ДОБРА, НО ЗЛОУПОТРЕБЕНА од политичките елити.

Коментар :
Никаква Европа не бара ништо туку некој си има мува на капа а и некој сака да прошвецува нешто друго .Самите Европјани вакава инцијатива ја сметаат за глупост и доколку се донесе тоа практично би значело крај на демократските слободи и вовед во тоталитаризам и политички прогонства – политички затвореници како што било пред 2-рата светска војна во Европа .Па тоа што комунистичките идеологии биле забранети и нивни членови прогонувани не сменило ништо ...туку имало контра ефект .
Плус “Капиталот “ на Маркс во текот на студената војна се продавал во сите книжари значи најнормално во сите Западни земји .
Комунистички партии имаше сегде во Западна европа но никогаш не дојдоа на власт иако учествуваа на избори оти луѓето-избирачите сметале дека имаат подобра понуда од комунистичката .

4)

Критичарите на ова решение сметаат дека тоа е ставено во процедура поради јакнењето на радикалната левица, која зема замав во земјите од ЕУ, поради привлечноста на нивниот концепт во кој тие се залагаат против острите мерки за штедење, високата НЕВРАБОТЕНОСТ меѓу младите, СЕ ПОГОЛЕМАТА РАЗЛИКА меѓу богатите и сиромашните и ПРОПАСТА на европската „СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА “, која во орбитата ги исфрли партиите што го носат предзнакот „комунистичка“.

Коментар :

Еееее па нели бе во 2008 година рекоа дека кризата ќе трае неколку месеци , па една година па сега сме на прагот на 2014 година и абер нема од поминување на кризата .
Плус ПРИЗНАНИЕ.... и ПРОПАСТА на европската „СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА “,............
Ахаааааа а јас кога пред неколку години отварав ваква тема други фoруми а еве сега и тука имам слична тема ...”Што после Ултра-Либералниот капитализам –Ликвидација на човештвото “ и тогаш и сега читам коментари дека тоа уствари ми се причинувала некаква “теорија на заговори”


5)

Како пример се наведува успехот на германската Die Linke, која по последните избори, стана трета политичка сила во оваа земја, одличните резултати на Комунистичките партии во Чешка и Португалија или најеклатантиот, Обединетата левица на Шпанија, која е на власт во покраината Андалузија а која на банките им ЗАБРАНИ да им ги ОДЗЕМААТ КУЌИТЕ на граѓаните кои неможат да ги исплатат кредитите.

Коментар :
Па во цела Европа има и фашистички партии па никој не ги прогонува ниту се забранети .Општо фашизмот масовно се шири во цела Европа и станува се помасовен .А тие курвински финти демек ќе забрануваме партии се чист фашизам .
Штом граѓаните на избори така решиле тоа иницијативата нее против идеологија или партија туку против народот и граѓаните .Со самата иницијатива луѓето што ја покренале па и наша Вилма покажуваат нечовечност , нехуманост . расипаност дека се мизерни душички на кој маката неволјата на другите луѓе е нивна душевна-емоционална храна .Бедасто навистина .Само пореметени луѓе бараат некој други луѓе да останат на улица без кров над глава .

6)

Шансите да помине предлогот зад кои стои и Вилма Трајковска, според аналитичарите се големи имајќи предвид дека во Европскиот Парламент, најголем број пратеници има групацијата на КОНЗЕРВАТИВНИ партии

Коментар :

Всушност на крајот се кажува поентата на целата приказна .
Дека религиите бараат забрана .
Дефиниција :
Конзервативни , Народни ,Демохристијански партии се само видлива пројавна форма на вистинските полички партии камуфлирани како наводни религии од Православието Католицизмот и Протестантизмот .

Знаеме дека Православие Католицизам Протестантизам не се никакви верувања туку низ вековите цело време дејствувале како анархистички движења .Анархо-декадентни движења замаскирани како наводни религии .Нели Јустинијан ги имал законите ама ги чувал во чеизот на баба му . Еден милениоум -1000 години Правсоалвие и нешто повеќе Католицизам НИКОГАШ не воспоставиле правна држава .Дури биле наогорчените најлути противници на Наполеон кога овој го воспоставувал капитализмот како доминантен Европски општествено економски политички систем .Тие не трпат закони не трпат правна држава оти се анархисти сакаат беззаконие да крадат да пљачкаат да убиваат без да сносат кривична одговорност .И сега тие ќе го спаувале капитализмот .Глупости .Па тие не само против комустичкиот ситем кој беше туку и против капитализмот оти капитализмот поима правна држава а тие НЕМААТ ЗАКОН како Исламот и Јудаизмот туку се анархисти –беззаконици .И за џабе ли религиозните партии (народни , конзервативни , демохристијански) се десничаски партии оти тие се само видливиот дел на политичките партии – Правсоалавието Католицизмот Протестантизмот а историјата тоа недвосмислено го покажува дека а и ден денес сеуште ништо нее сменето ..дека на луѓето им го негираат правото на биолошко постоење , правото на достоинствен живот а па за човекови права и слободи и да не збориме .
Дефинизиција :
Православието Католицизмот Протестнтизмот секогаш биле ТОТАЛИТАРНИ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ .Никогаш кога тие се прашувале не дозволиле доброволно на нивна територија било какво слободоумие или различни политички ставови .
А знаеме дека фашитите пред 2-ра Светска војна на нивна територија збарнуваа комунистички партии и идеологии но и обратно и во земјите од Социјализот не беа дозволувани фашистички партии .
А и едните и другите тоталитарни .
А третите ?
Третите тоталитарни се религиозните –Православие Католицизам Протестантизам (народни , конзервативни , демохристијански )
Ако веќе се забранува тоталитаризмот треба комплет да се забрани заедно со Парвослвието Католицизмот Протестнтизмот (народни,конзервативни ,демохристијански )

Од овие пототалитарни никогаш непостоеле и нема да постојат .
Па православоето било САМО без конкуренција која безмилосно ја истребувало 1000 години додека исламот комплет не ја разбил и освоил Византија.
Католицизмот исто така се до појавата на Протестантизмот.
А владеењто им е најкрволочно што може да биде .Животинско попрво отколку човечко .
Се некогаш извинија за милијоните убиени .И они не некого ќе му збореле за злосторства за тоталитаризми .Да беше некој друг па ај ќе можеше и да се разговара некако .Ама овие крвници .......бе ај ...не е ниту смешно ...милијони луѓе имаат испоубиено ,измачувано прогонувано .они некого сега ќе убедувале дека бил тоталитарен дека убивал .Тоа може ама не тие ...некој друг кој има образ за такво нешто .

Еве :

08.06.2009,
Македонија не виде аир од европските десничари
Премиерот Никола Груевски во жестоко навивање европската политичка десница да остане фактор во Брисел
Соња Крамарска
Европската политичка десница не и' испорача ниту една добра вест на Владата на својата сестринска партија ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, но очигледно е дека премиерот Никола Груевски, со неговото жестоко навивање НАРОДНИТЕ партии, КОНЗЕРВАТИВЦИТЕ иДЕМОХРИСТИЈАНИТЕ и натаму да останат фактор во Европа, направил нецелосна анализа на домашните случувања и односот на Брисел кон нашата земја.

Имено, познато е дека на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година еден од најголемите поддржувачи на Грција против Македонија беше токму Франција, каде што на власт е десничарската партија Унија за НАРОДНО движење, која му е политичка база на актуелниот претседател Никола Саркози. Претседателот на Франција, кој поради претседателскиот систем на уредување на оваа земја, во свои раце ја има и владата, не еднаш ја искажал својата лојалност кон Грција, а на последната средба со премиерот Никола Груевски, јасно и отворено, му сугерираше да прифати компромис со Атина.

Втората земја според политичко влијание во Европа, Германија, каде што, исто така, на власт се ДЕМОХРИСТИЈАНИТЕ на канцеларката Ангела Меркел, не ја поддржа Грција на Самитот на НАТО во 2008 година, но не ја поддржа ниту Македонија и остана неутрална.

Најгруб пример за слабото офајдување на Македонија од ДЕСНИЧАРСКИТЕ партии во Европа, секако, е „сестринската“ КОНЗЕРВАТИВНА влада во Атина на партијата Нова демократија, чиј лидер е премиерот Костас Караманлис. Откако во Скопје и во Атина дојдоа на власт двете десничарски партии обновени се политичките непријателства меѓу двете земји, а не така одамна Брус Џексон, познат како „мозокот“ на НАТО за проширување на Балканот, ги нарече Караманлис и Груевски „инцидент на историјата“, илустрирајќи дека нивните политики доведоа до зголемени проблеми меѓу двете земји
Партијата на премиерот Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ, се' уште е со статус на посматрач во Европската народна партија-УНИЈА НА ДЕСНИТЕ ПАРТИИ од Европа

http://www.utrinski.mk/?ItemID=2576A1CF4...8A16993D26
14-11-2013, 09:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(14-11-2013, 05:09 PM)Cesen Makedonec Wrote: Да се вратам на насловов на темата пошто не разбрав добро - Каде овде ЕУ ни праќа порака за осуда на комунизмот?



Ако биде усвоен предлогот еве го делот каде е пораката:


(13-11-2013, 09:58 PM)ЈорданПетровски Wrote: ... бара промовирањето и величењето на комунизмот да биде казниво делo.





(This post was last modified: 15-11-2013, 02:15 AM by ЈорданПетровски.)
15-11-2013, 02:13 AM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#8

мене конктетно ме интересира
1)

дали Еу ако усвои ваков предлог ќе воведе санкции кон САД кој имаат
најмногу петокраки на знамето што значи имаат ПРИМЕСИ на комунизам
како што стои во предлогот кој го потпишала и наша Вилма

2)
Дали ЕУ ќе ги казнува само тие што промовираат комунизам како забава за народ
а тие како Мерцедес на пример и безброј други од цела ЕУ што си ги префрлија фабриките во комунистичка Кина поради поефтина работна сила па сега ЕУ имаат голема невработеност ќе бидат примери за успешни БИЗНИСМЕНИ .
15-11-2013, 06:45 PM
Reply
Cesen Makedonec Offline
Member
***

Posts: 182
Joined: Nov 2010
Reputation: 0
#9

(15-11-2013, 02:13 AM)ЈорданПетровски Wrote: Ако биде усвоен предлогот еве го делот каде е пораката:






Аха. Значи насловот на темава е погрешен. Нема никаква порака од ЕУ за никаков комунизам. Но твојов одговор отвори интересно прашање. Што ако предлогов не се усвои? Што тоа ќе зборува за ЕУ и нејзиниот став кон комунизмот? Да ли такво нешто е воопшто можно имајќи во предвид дека за ЕУ осудата на комунизмот и неговите злосторства се приоритет?
16-11-2013, 02:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10


Quote:Да се забрани комунизмот значи да се забрани клучен дел од нашата историја



И хрватските медиуми пишуваат дека во Европа се подготвува закон со кој ќе се забрани и ќе се казнува глорифицирање на комунистичките лидери. Можеби беше претерано тоа што во македонската јавност сопругата на починатиот претседател Борис Трајковски беше обвинета дека е дел од оваа иницијатива. Но, Вилма Трајковска има уста и може да се одважи и да одговори на критиките. Дотолку повеќе што се шпекулира дека нејзиното име се врти во некои вмровски анкети, во кои се испитуваат рејтинзите на личности што би можеле да бидат потенцијални кандидати на владеачката партија за шеф на државата.

Како и да е, јас сум сосема сигурен дека покојниот Борис, да е жив, не би поддржал една ваква иницијатива. Уште повеќе што таа, како што пишуваат хрватските медиуми, ќе го опфати и Јосип Броз Тито. А Македонците, како што покажа едно ново истражување, не се глупави и знаат дека Тито и комунистичкиот период се многу поважни за оформувањето на македонскиот идентитет од Александар и антиката, на пример.

Комунистите први во историјата јасно се изјаснија во прилог на самобитноста на македонската нација (затоа злобните не нарекуваат „коминтерновска творба“). Оваа држава е создадена во крвава борба предводена од комунистите и од Тито. Нашата црква е обновена со наредба на Броз. Нашиот јазик е кодифициран во Титова Југославија, а сите поважни образовни, научни и културни институции, клучни за равој на македонската нација, се создадени и доживуваат процут токму во Титово време.

Ете затоа Вилма не треба да се лути, туку јавно да се огради од еден ваков предлог. И ако не знае, да научи дека полоши од комунистите се само антикомунистите.

PLUSINFO



Од комунистите полoши се само реинкарнираните комуњари. Во Македонија тие се на власт пд 1991 до денеска.

пс. Cesen Makedonecu насловот одговара на темата. Се огласија оние кои ке ги погоди законот.
(This post was last modified: 19-11-2013, 07:36 PM by ЈорданПетровски.)
19-11-2013, 07:35 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#11

Да не мешаме баби и жаби !
Имаме две различни работи .

1)
Носење на закон ,декларација ,уредба како што е во насловниот текст за забрана на партии ,идеологии ,симболи ,примеси итн е СПОРНА .
Таков закон би бил предмет на тешки злоупотреби и проиволни толкувања .
За да се спроведе таков закон ќе мора да се формира средновековна религиозна инквизиција оти судовите не би можеле регуларно да одлучуваат по такви предмети .
Предмет на осуда би бил секој што би отишол на ручек вечера во некој Кинески ресторан .Или секој што отворил Кинески шоп со евтина роба а цела Европа па и Македонија се преплабвени со вакви продавници .Или секој купувач во такви продавници .
Значи со носење на таков закон не само што демократијата би се укинала самата себе а нели под маска на носење на некакво недемократско туѓо однесување туку веќе би добиле фашистоидни држави кој само декларативно се демократски .
Тоа од причина што злоупотребите и произволните толкувања на таков закон декларација или било што би биле бесконечни.

2)
Носење на закон ,декларација итн како што вели Геровски .. “забрани и ќе се казнува глорифицирање на комунистичките ЛИДЕРИ”.

Е ваква работа дали би бил закон ,декларација итн доколку целосно се дефинира НЕ БИ БИЛА СПОРНА .
Барем не за мене .

Тука имаме траги-комична ситуација .
Абе ваков закон требаше да си донесат самите комунистички партии па дури и самите комунистички лидери .
Зошто ?
Па затоа што со еден таков закон би се спречило партијата која претставува некакаква идеологија да се модифицира во Религија .А самите водачи-лидери на таквите партии (не идеолгии оти идеологииите се општи за сите и никој нема ексклузивно право да си ги припише само на себе ) да станат апсолутистички Монарси .

Затоа за мене под услов прецизно да се дефинира еден ваков анти-монархистички закон ,декларација итн НЕ БИ БИЛА СПОРНА .

Во самиот текст Бранко Геровски го велича Тито на ниво на неков монарх –апсолутист некакво религиозно божество .

Самиот Самоуправен Систем го нарекува ..,,Титово време .
Тоа се глупости .
Па самиот Самоупревен Систем никогаш самиот Тито не си го припишуваше на себе .А и не можеше .
И врапчињата на гранките знаеја дека ...творецот на концептот на Самоуправувањето не беше Тито туку Едвард Кардељ .
Тоа што Тито прифатил туѓа идеја само докажува дека не бил искомплексирана личност прифаќал и туѓи идеи но водено и дека не бил сезнајко никакво божество како што монархистите како Геровски сакаат да го претстават .
Човекот бил историска личност имал добри страни но и грешки .
Самоуправувањето уствари беше модифицирана анархо-комунистичка идеологија која Кардељ ја прилагодил на приликите во тогашна Југославија .

А анархо-комунистите (самоправувачите од 1950 -1990) не се поднесуваат со комунистите токму од причина што комунистите повеќе наликуваат на некаква религија отколку партија ,движење ,или некаква идеологија .Комунистите величаат држава , партија ,лидер итн што нее својствено на анархо-комунизмот (самоуправувањето ) .Самото разминување на Тито со Сталин (екс Југославија со источниот блок ) е токму од едни такви причини .
Самите монархисти кој некогаш се препознаваат во некаква само ним позната комунистичка идеологија е една голема заблуда но самите монархисти прават огромна штета оти спречуваат да се направи една реална проценка - објективно видување за личностите и опшетсвените системи од некој историски период .

Затоа еден ваков анти-монархистички закон ,декларација или во каков облик и да се донесе под услов прецизно да дефинира ....неможе да биде спорен .

20-11-2013, 09:55 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

(20-11-2013, 09:55 AM)Flok Wrote: Да не мешаме баби и жаби !
Имаме две различни работи .


Затоа еден ваков анти-монархистички закон ,декларација или во каков облик и да се донесе под услов прецизно да дефинира ....неможе да биде спорен .



Во Параграфот 26 ке се најде МАКЕДОНСКИОТ закон за засбрана на комунистичките и прокомунистичките партии.



(21-12-2012, 04:21 PM)ЈорданПетровски Wrote: Параграф 26


Венецијанската Комисија забележува дека Европскиот Суд за Човекови Права (ЕСЧП), во една прилика одреди дека примена на лустрациски мерки во однос на дела строени после завршувањето на тоталитарен режим биле прифатливи и не ја нарушуваат Европската Конвенција за Човекови Права (ЕКЧП). Во случајот на Жданока против Латвија централното прашање беше статутарна одредба која забранува на лица кои „активно учествувале после 13-ти јануару 1991. год.“ во Комунистичка Партија на Латвија (КПЛ) да учествуваат во парламентарни избори (1998 и 2002). Одредбата била донесена од Парламентот поради тоа што кратко време после Декларацијата за Независност од 4-ти мај, 1990. год., КПЛ била вмешана во организирање и спроведување на државни удари во јануари и август 1991. год. против новоформираниот демократски режим. Откако било согледано и особено земени во обзир историскиот и политички контекст во кој оспорената мерка била превземена, било заклучено дека било разумно од страна на легислатурата да претпостави дека водечки лица во КПЛ имале анти-демократско држење, поради што ЕСЧП пресуди дека немало прекршување на Член 3 од Протокол Бр. 1. Конкретно, ЕСЧП пресуди дека додека такви мерки не можат да бидат прифатливи во контекст, на пример, на држава која што има долго-воспоставени рамки на демократски институции, сепак може да се сметаат за прифатливи во случајот на Латвија со оглед на историскиот и политички контекст кој водел до нејзиното установување, како и со оглед на заканата кон новиот демократски поредок поставена од препородот на идеи кои, доколку им се дозволи да здобијат корени, можат да станат способни да го возвратат тоталитарниот режим.





20-11-2013, 07:42 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#13

(20-11-2013, 07:42 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(20-11-2013, 09:55 AM)Flok Wrote: Да не мешаме баби и жаби !
Имаме две различни работи .


Затоа еден ваков анти-монархистички закон ,декларација или во каков облик и да се донесе под услов прецизно да дефинира ....неможе да биде спорен .



Во Параграфот 26 ке се најде МАКЕДОНСКИОТ закон за засбрана на комунистичките и прокомунистичките партии.



(21-12-2012, 04:21 PM)ЈорданПетровски Wrote: Параграф 26


Венецијанската Комисија забележува дека Европскиот Суд за Човекови Права (ЕСЧП), во една прилика одреди дека примена на лустрациски мерки во однос на дела строени после завршувањето на тоталитарен режим биле прифатливи и не ја нарушуваат Европската Конвенција за Човекови Права (ЕКЧП). Во СЛУЧАЈОТ на Жданока против Латвија централното прашање беше статутарна одредба која забранува на лица кои „активно учествувале после 13-ти јануару 1991. год.“ во Комунистичка Партија на Латвија (КПЛ) да учествуваат во парламентарни избори (1998 и 2002). Одредбата била донесена од Парламентот поради тоа што кратко време после Декларацијата за Независност од 4-ти мај, 1990. год., КПЛ била вмешана во организирање и спроведување на државни удари во јануари и август 1991. год. против новоформираниот демократски режим. Откако било согледано и особено земени во обзир историскиот и политички контекст во кој оспорената мерка била превземена, било заклучено дека било разумно од страна на легислатурата да претпостави дека водечки лица во КПЛ имале анти-демократско држење, поради што ЕСЧП пресуди дека немало прекршување на Член 3 од Протокол Бр. 1. Конкретно, ЕСЧП пресуди дека додека такви мерки не можат да бидат прифатливи во контекст, на пример, на држава која што има долго-воспоставени рамки на демократски институции, сепак може да се сметаат за прифатливи ВО СЛУЧАЈОТ на Латвија со оглед на историскиот и политички контекст кој водел до нејзиното установување, како и со оглед на заканата кон новиот демократски поредок поставена од препородот на идеи кои, доколку им се дозволи да здобијат корени, можат да станат способни да го возвратат тоталитарниот режим.


Ова што сега го спомнуваш параграф 26 од Венецијанска комисија нема врска со претходните две туку е ТРЕТА работа .

1)
Во насловниот текст “ Вилма Трајковска бара комунизмот да се казнува “ имаме текст во кој бара целосна забрана не само на комунистичките туку и на сите лево орјенирани партии .Нели се наведува пример со Германија и со Шпанија каде во област Андалузија не само комунистичка партија туку созуз на леви партии “Обединета левица “ кој регуларно добиле на избори и донеле закон со кој забранува банките да конфискуваат имот на граѓаните .Се бара комплетна забрана на сите леви партии а не само на комунистичка .

2)
Во текст на Бранко Геровски кој се повикува на хрватски сознанија се бара да не се величаат починати комунистички лидери од веќе непостоечки држави со комунистичко уредување .

3)
Параграф 26 од Венецијанска комисија добро си кажал .Не оставил никакви нејаснотии .

На Две места кажува .....дека станува збор за Случај – Исклучок а не за правило .
А)..... Во СЛУЧАЈОТ на Жданока против Латвија.....
Б) ....сепак може да се сметаат за прифатиливи во СЛУЧАЈОТ на Латвија ....

Нема нејаснотии во параграфот 26.

Јасно и прецизно е кажано дека е разгледуван СЛУЧАЈ-ИСКЛУЧОК а не правило .
Притоа е дадено и комплетно образложение за конкретниот Случај-Исклучок зошто е тоа така . И убаво си е кажано дека после осамостојувањето на Латвија како самостојна држава Комунистичка партија на латвија подготвувала организирала државен удар .Дека РАКОВОДИТЕЛИ на таа партија (кој се живи) и биле УЧЕСНИЦИ во организирањето на државниот удар биле лустрирани – имале забрана за вршење општествена работа ИСТИТЕ сакале да се јават (да бидат учесници ) на парламентарни избори 1998 и 2002 и што им било оневозможено .

Така што самиот Параграф 26 на ниту едно место не се занимава со забрана на некаква партија .
Дури и комунистичката партија на Латвија ако го смени раководсвтото кое после осамостојувањето организирало државен удар ...никој нема да може да ја спречи да учествува на парламентарни избори .

Самиот параграф 26 негледам што има врска со Македонија и со некаков комунизам .
Додуша во Македонија незнам дали воопшто постои комунистичка партија .
Инаку вакавта мерка од парграф 26 во моментов е потребна за Македонија .
На раководството на ДПМНЕ кој на 24 декември 2012 година изврши државен удар –насилно менување на уставно правниот поредок .
Според Параграф 26 ако ДПМНЕ не го смени раководството кое беше организатор на државниот удар МОЖЕ да му се забрани понатаму да учествува на било какви избори во Македонија .
Откако ќе го смени –избрка сегашното раководство ќе може да учествува на избори .
21-11-2013, 02:01 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

(14-11-2013, 05:09 PM)Cesen Makedonec Wrote: Да се вратам на насловов на темата пошто не разбрав добро - Каде овде ЕУ ни праќа порака за осуда на комунизмот?



Се надевам Cesen Makedonecu сега ке ја видиш пораката



Quote:Андреj Kовачев, бугарски европратеник

Македонија нема расчистено со комунистичкото минато


[Image: 1A640E1159C987459FCA1B043B4A796E.jpg]

Kомунистичкото минато, антибугарскиот карактер на идеологијата во Социјалистичка Република Македонија и носталгијата по Југославија, пропагирани од одредени структури, се пречки за добрососедските односи меѓу Бугарија и Македонија. Вака бугарскиот европратеник Андреј Kовачев ги објаснува причините за поднесениот амандман на Предлог-резолуцијата на ЕП за Македонија, која ја изготви известувачот Ричард Ховит. Тој со финскиот колега Туне Kелам со два амандмана, 105 и 107, во однос на параграфот 16 од предлог-извештајот, бараат поцврста лустрација и откривање на имињата на поранешните соработници со југословенската тајна служба. Во образложението Kовачев, меѓу другото, вели оти лустрацијата сама по себе е ризична, ако на неа не се гледа од најнезависна перспектива, оти, во спротивно, ќе биде само средство што селективно ќе се користи за „расчистување сметки и вршење притисок врз тие за кои се претпоставува дека се врзани со службите“.

- Целата општествено-политичка класа е задоена од врски со поранешните служби. Затоа е и толку важно за демократските процеси и во Република Македонија и во Република Бугарија овие врски да станат јавни и да се знае кој е кој. Многумина од нив се сопственици на медиуми, на приватизираните претпријатија и банки, пратеници, министри, членови на верските заедници, академици, историчари - потенцира Kовачев.

Според него, во Македонија, треба да се објават имињата на сите лица што им припаѓаат на комунистичките служби, но не селективно и без да се злоупотребува аргументот „заштита на националната безбедност“.

- Поранешните комунисти, било во Софија, Скопје или во Белград, често го користат ова како изговор. Во извештаите на ЕП за напредокот на овие земји кон ЕУ има препораки „Србија да обезбеди пристап до архивите на поранешните тајни служби, кои се однесуваат на некогашните југословенски републики“. За жал, во Србија оваа тема е уште потешка поради национализмот и хегемонијата на оваа република над другите поранешни ЈУ-републики, ама и поради величењето на некои од овие агенти како „херои“ - додава тој. Бугарскиот европратеник оценува дека обидите во Бугарија за правна лустрација досега не успевале. Според политичката одлука на владата на ГЕРБ, во Бугарија не можат да вршат амбасадорски, министерски и пратенички функции луѓе поврзани со бугарската државна служба.

- Тоа е политичка одлука, а не правен акт, оти ако беше поинаку, ќе се толкуваше како „ограничување на правата на овие луѓе“. За жал, бугарскиот Уставен суд не беше поштеден од влијанието на комунистичките зад кулиси. Но, во Бугарија дејствува еден независен орган т.н. Kомисија за досиејата, за разоткривање на лицата на оние кои ги окупираат позициите во политиката, економијата, образованието, културата, медиумите, верските заедници и др. по 1989 година и кои се поврзани со службите - вели Kовачев.

Искра Kоровешовска

Kако гласат амандманите поднесени од Kовачев?

Амандман 105, параграф 16, поднесен заедно со европратеникот Туне Kелам (дополнување на постојниот параграф во предлог-резолуцијата):

- Јавно објавување на имињата на агентите поврзани со поранешните југословенски тајни служби е инструмент за надминување на тоталитарните практики и за постигнување транспарентност и слобода на печатот;

Амандман 107, предлог за нов параграф, 16а:

- Властите да пристапат кон југословенските архиви на тајната служба од Србија и во процесот на лустрација да се вклучат сите интелектуалци и припадници на контраразузнавачките служби; Да се зајакне мандатот на Kомисијата за верификација на фактите, така што ќе се преземат сите потребни документи од контраразузнавачките служби, во трајна сопственост на Kомисијата;



Германија е најдобар пример за успешна лустрација

Според европратеникот, овој процес е политички и може да биде единствено успешен ако постои политичка волја.

- Примерот на Германија го сметам за најдобар. Таму беше продолжен периодот за неможност за вршење високи државни функции од луѓе соработници на ДС на Германија до 2019 година. Тоа не е ограничување на нивните права, бидејќи во овој случај јавниот интерес стои повисоко од желбата на овие луѓе да заземаат високи позиции во државата. Исто така, ниту еден судија од поранешната служба не бил примен на работа во обединета Германија и тогаш никој не ја обвини Германија за дискриминација. Во Унгарија г-дин Орбан се обиде да ги пензионира комунистичките судии малку порано и за малку не го прогласија за диктатор - нагласува Kовачев.
DNEVNIK

27-12-2013, 12:19 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#15

(20-11-2013, 07:42 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(21-12-2012, 04:21 PM)ЈорданПетровски Wrote: Параграф 26


Венецијанската Комисија забележува дека Европскиот Суд за Човекови Права (ЕСЧП), во една прилика одреди дека примена на ЛУСТРАЦИСКИ МЕРКИ во однос на дела строени после завршувањето на тоталитарен режим биле прифатливи и не ја нарушуваат Европската Конвенција за Човекови Права (ЕКЧП). Во случајот на Жданока против Латвија централното прашање беше статутарна одредба која забранува на лица кои „активно учествувале после 13-ти јануару 1991. год.“ во Комунистичка Партија на Латвија (КПЛ) да учествуваат во парламентарни избори (1998 и 2002). Одредбата била донесена од Парламентот поради тоа што кратко време после Декларацијата за Независност од 4-ти мај, 1990. год., КПЛ БИЛА ВМЕШАНА ВО ОРГАНИЗИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДРЖАВНИ УДАРИ во јануари и август 1991. год. против новоформираниот демократски режим. Откако било согледано и особено земени во обзир историскиот и политички контекст во кој оспорената мерка била превземена, било заклучено дека било разумно од страна на легислатурата да претпостави дека водечки лица во КПЛ имале АНТИ –ДЕМОКРАТСКО ДРЖЕЊЕ, поради што ЕСЧП пресуди дека немало прекршување на Член 3 од Протокол Бр. 1. Конкретно, ЕСЧП пресуди дека додека такви мерки не можат да бидат прифатливи во контекст, на пример, на држава која што има долго-воспоставени рамки на демократски институции, сепак може да се сметаат за прифатливи во случајот на Латвија со оглед на историскиот и политички контекст кој водел до нејзиното установување, како и со оглед на заканата кон новиот демократски поредок поставена од препородот на идеи кои, доколку им се дозволи да здобијат корени, можат да станат способни да го возвратат тоталитарниот режим.

Лустрација за лустраторите

Значи опасно добар ова Парафграф 26 на венецијанската комисија

Обрни внимание на реченици со зборови :
1) ЛУСТРАЦИСКИ МЕРКИ
2) БИЛА ВМЕШАНА ВО ОРГАНИЗИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДРЖАВНИ УДАРИ
3) АНТИ –ДЕМОКРАТСКО ДРЖЕЊЕ

Е сега бидејќи Груевски и ДПМНЕ цело време се повикуваат на Европски Закони и препораки тогаш обавезно мора да се примени и оваа (овој параграф)

Оти на 24 декември 2012 Груевски Јанкуловска Ставревски и ДПМНЕ и цела коалиција извршија ДРЖАВЕН УДАР – НАСИЛНО МЕНУВАЊЕ НА УСТАВНО ПРАВНИОТ ПОРЕДОК .

Како што јавно на телевизија призна Владимир Голубовски пред 24 декември 2012 година имало состанок на кој било договорен ДРЖАВНИОТ УДАР кој практично го спроведоа Груевски Јанкуловска и Ставревски .



А тоа е веќе АНТИ –ДЕМОКРАТСКО ДРЖЕЊЕ ....според параграф 26 од Внецијанска Комисија

А за тоа следат ЛУСТРАЦИСКИ МЕРКИ (забрана за вршење било каква висока државна функција која овозможува носење на одлуки кој влијаат на пошироката општествена заедница ) а нормално и ЗАТВОР оти државаниот удар е најтешко можно кривично дело .

И ?

И сега Груевски ДПМНЕ и цела коалција со ДПМНЕ му седнаа во скут на Али Ахмети .

Вака :


ГРУЕВСКИ И РИСТОВСКИ ЗБУНЕТИ, НО НЕ СЕ БУНАТ ЗА „КОНГРЕСИ И МАНАСТИРИТ“
21.11.2013
Скандалозно и неприфатливо однесување на Никола Груевски и Спиро Ристовски. Во присуство на премиерот Груевски и министерот за образование Ристовски во Чаир е отворено ново, модерно основно училиште на албански јазик, што се вика „Битолски конгрес“. Но, таблите на училиштето не го содржат македонскиот топоним, туку само на албански јазик испишано на латиница и кирилица! Непочитувањето на законот не беше проблем за првите луѓе на државата да присуствуваат и да се чувствуваат задоволно на свеченоста. На нашето прашање зашто не е напишано името на училиштето на македонски јазик, Груевски
немаше одговор, а министерот Ристовски се збуни , не успеа да објасни, велејќи дека треба да се гледа капиталноста на објектот.

http://www.telegraf.mk/aktuelno/67313-ca...o-uciliste

http://www.telma.com.mk/index.php?task=c...A.facebook


Е ќе бидат збунети ама нема што да прават .
Дефиниција :
Уставари само да посака Али Ахмети со едно гласање во парламент од било кој причини пример да создаде техничка влада или нова коалиција со СДСМ по автоматизам Груевски Јанкуловска Ставревски и сите други пратеници од ДПМНЕ и од нивна коалција како Павле Трајанов , Лиле Поповска и ситедруги до последен ЌЕ БИДАТ ЛУСТРИРАНИ И ЌЕ ЗАВРШАТ ВО ЗАТВОР .

Заради нивното АНТИ –ДЕМОКРАТСКО ДРЖЕЊЕ и нивна вмешаност во ОРГАНИЗИРАЊЕ ИСПРОВЕДУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН УДАР (од 24 декември 2012 год)

Се подразбира дека тоа тешко ќе се случи .
Груесвки и ДПМНЕ ќе му ги исполнат сите желби на Али Ахмети .Што и да посака од нив се ќе му исполнат .

Само тука пак е интересна друга работа :
А што прават идиотите од СДСМ во Собранието и не поднесоа и до сега барање за спроведување на овој параграф ?
Нешто ги кочело ? Или немаат грам памет или пак и тие се купени од Груевски .
А што може друго да биде .?
(This post was last modified: 12-01-2014, 02:17 AM by Flok.)
12-01-2014, 02:15 AM
Reply