Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЉУПЧО ВС АНДОВ И ГЕНЕРАЛ ТОДОР АНТАНАСОВСКИ
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#41

Одговор на текстот на Гојко Јаковслевски по повод дебатата помеѓу С.Андов и Љ. Георгиевски.


Македонија, дефинитивно, е заболена од митоманија, фалсификување на историјата и “ автентично толкување “ на историските факти и настани. На тоа се придружува, ете, и г-от Гојко Јаковлевски. И тој не одолеа да даде допринос кон создавање на виртуелнатата македонска историја, каде Македонците ке изгледаат подостојанствени и повечни, со долг историски стаж на македонското постоење. Тој од Методи Шаторов -Шарло, направи битен историски лик во плејадата на македонските борци за Самостојна Македонија, а при тоа од позиции подржувач на историското ВМРО. Каде се заблудите на Гојко Јаковлевски:

Quote:Не, г-дине Андов. Тоа се ваши тези и претпоставки, бидејќи историската вистина е поинаква. Без никакви аргументи, му лепите етикети на Шаторов дека бил опортунист, саботер, но со неговиот однос кон клучните моменти на развојот и создавањето на македонската држава се залагал за остварување на идеалот на Илинденците за независна и обединета Македонија. Со писанието настојувате на јавноста да и сервирате невистини, а заслугите му ги препишувате на Митре (псевдоним за Лазар Колишевски).

Шарло не бил “ опортунист, саботер,“, но не е бил ниту “ се залагал за остварување на идеалот на Илинденците за независна и обединета Македонија“. Вистина е дека Шарло пред се и над се бил комунист, револуционер кој идеолошкиот момент го ставал над националниот. Каков таков, во една исклучително тоталитарна партија ( подобро идеолошка организација), каде хиерархијата, значи директивите, строго се почитувала и директивите извршувале просто немало место за индивидуални размисли и одлуки. Шарло не би реализирал таков висок пост во комунистичката организација и Коминтерна ако не се докажал како ревносен комунистички револуционер.

Г.Јаковлевски продолжува да филува:

Quote:Вие не можете да се ослободите од левичарите, срцето таму ви е застанато и јас немам против, тоа е ваше право.

Демек, Андов бил левичар а Шарло голем борец за Самостојна Македонија??!! Комунистот или болшевикот ( не левичар) Шарло само ја извршувал директивата на Коминтерна ( Сталин) за ширење на идејата и планот на Коминтерна за формирање на Самостојна Македонија, кој концепт е бил во рамките на геостратешките интереси на Сталин ( СССР) на Балканот.

Јаковлевски продолжува:

Quote:1.Пред почетокот на Вторатата светска војна, од тогашниот режим Шарло беше прогласен за бугарски ориентиран , односно за бугароман. Меѓутоа, во прогласот што го издаде ПК на КПМ на чело со Шарло оваа измислица беше целосно демантирана: „Господата од Белград и Софија спорат за Македонија, а македонскиот народ ич не го питаат. Тие поробители на Македонија имаат тепегјозлук да зборуваат оти македонскиот народ бил српски, бил бугарски и оти Македонците немаат историја, јазик и др. Македонските поробители лажат – во суштина, Македонците не се ниту Срби, ниту Бугари, а се само Македонци“.

Режимот ( Кралеството Југославија) го прогласила за бугарски ориентиран, зошто Србите знаеле како се чувствувал наротот во Македонија. Така се чувствувале и членовите на ВмРО ( обединета) се до тајната резолуција на Коминтерна од 1934 година, кога овој народ се прогласил дека треба да биде со ново етничко самосознание. Дури ( како што тврди Љ. Георгиевски) Шарло кога се вратил од СССР во Македонија бил викан од членстовот стар Бугарин ( веројатно заради годините зошто членовите на КП биле воглавном млади луѓе). Директивата на Коминтерна е дека таа нова етничка вистина за жителите на Македонија треба комунистите од Македонија да ја шират на терен.

Јаковлески вели:

Quote:2.Шарло бил водечка личност на ВМРО (Обединета) и водач на комунистичкото движење во Македонија. Како висок политички функционер во македонските партии, тој секогаш се залагал Македонија да биде самостојна и обединета држава на македонскиот народ. Според документитекои откриени во Коминтерната, Шарло постојано се изјаснувал како Македонец и е еден од најзаслужните во тоа време што Коминтерната и БКП го признале постоењето на македонскиот народ.

Како тоа сите членови на ВМРО ( Обединета) , воедно и членови на БКП ( Љ. Георгиевски) кои се декларирале етнички како Блгари ( Зоран Тодоровски) сега станала најголеми национални дејци? Ако е така зошто не влегле во ВМРО на Т. Александров каде националната кауза била единствена цел ( Самостојна Македонија), а кај комунистите најглавната цел била револуцинерното менување на општествениот поредок.

Јаковлевски “ автетично“ го разјаснува спорот помеѓу Тито и Шарло:


Quote:3.Конфликтот меѓу КПЈ и Тито од една страна и Шарло настанал поради тоа што Шаторов постојано ја истакнувал и ја поддржувал борбата на македонскиот народ за обединување. Титовиот концепт беше класен и се базираше на сојуз на работниците и селаните, утврден на Петата земска конференција, оддржана во Загреб. Но, Шарло се залагал за широк концепт, во македонскиот револуционерен народен фронт да влезат сите слоеви на македонското општество, селани, работници, интелектуалци и средната буржоаска класа. Националното прашање на Македонците, за него било прашање над прашањата.

Недоволно информираниот Јаковлевски не разбира дека Тито и Шарло не водела своја автохтона политичка агенда, туку биле слепи извршители на решенијата на Коминтерна ( Сталин). Сталин првично ја конципирал идејата за Самостојна Макеоднија ( за да не биде спор помеѓу Блгариа и Србија ( внатре Блгари а власт српска), по чија директива Шарло работел. Но потоа поради потребата од американската помош кога Германија го нападнала СССР, тој морал да ја испочитува Атланската повелба ( неменување на балканските граници по војната). Затоа дошла нова директива дека ПК на Македонија треба , повторно, да биде дел од ЦК на КПЈ, со што првичната идеја са самостојна Македонија ( нормално, оштествено уредена по болшевички тип) паднала во вода. А, она за што, демек, Шарло се залагал да во комунисти се привлечат и средната буржоазија е жива смешка. Самите тие да учествуваат во нешто што во реалност ( ако се оствари, како што се оствари) значи да го изгубат имотот.

Јаковлевски вели:

Quote:4.Се до 1971 година, постоеше табу за да се отвори расправа и отворено да се говори за формирањето и улогата на Првиот скопски партизански комитет, кој бил формиран на 22 август 1941 година, кој имал неколку вооружени акции-во рудникот за хром Радуша, на аеродромот Скопје и врз неколку локомотиви. Според учесниците во одредот, кои во 1971 година проговориле на трибини, отворено ја кажале вистината дека причината за табуизирањето на Скопскиот партизански одред била врзана за улогата на Шарло во комунистичкото и националното движење на Македонија и неговиот судир со раководството на КПЈ, односно Колишевски.

Тоа и Јордан Петровски го форсира, што од формално историска гледна точка е во ред, но суштински не менува ништо. Дури само ја потврдува суровата вистина кои ги погазува вештачките глорификации за големата историска улога на поединци , во овој случај на Шарло. Имено, со тоа се потврдува дека комунистите биле слепи послушници на директивите на Коминтерна ( Сталин). Се до нападот врз Германија на СССР ( 22 јуни 1941) Сталин водел незаинтересирана политика кон акциите на Хитлер. Претходно со Хитлер ја поделил Полска. Германците ја окупирале Југославија во април 1941 година, но комунистите кренале глава ( почнала да се се воено организираат и вршат воени акции) дури по нападот на Хитлер врз СССР, т.е. се додека не добиле директиви од Коминтерна ( Сталин) за вооружени акции против германските сили. Каде биле комунистите во април, мај и јуни ако биле толку антифашистички настроени?

Јаковлевски продолжува:

Quote:5.Шаторов доставил информацијата до Коминтерна за се што се случува околу него: „Одлуката на ЦК на КПЈ за мое исклучување е престрога и диктирана, од една страна, од лошата партиска процена за мојата партиска работа, а од друга страна, е засновата на клеветите на другарот Митре и одредени интелектуалци, кои со цел да дојдат до партиски позиции бараат покритие за својата работа, не застанаа ни пред фактите што ги изнесовме и затоа за мене е ужасно постоењето на Митре, кој се служи со клевети во мое отсуство, и тој не заслужува да биде член на партијата, гледајќи дека ми припишува мене се што е антипролетерексо, антикомунистичко и антипартиско однесување“.

Во овој дел самиот Шарло го легитимира своето политичко суштествување. Тој вели :

Quote:...гледајќи дека ми припишува мене се што е антипролетерексо, антикомунистичко и антипартиско однесување“.

Тоа е бил Шарло како , впрочем, и сите други членови на Коминистичката партија. Главно место во нивното политичко работење е бил идеолошкиот момент, т.е. смена на општествениот поредок. Тоа значело-воспоставување на еднопартиска власт, конфискација на приватниот имот, рушење т.е. маргинализирање на верата помеѓу народот. Се тоа, нормално, со радикални и немилосрдни средства. Знаете што правел Ленин и Сталин во СССР, знаеме што се правело и во другите комунситички земји.

Jаковлевски :

Quote:Исто така, истакнуваше дека со децении стоеше дека Шарло е предавник, шовинист и стар Бугарин. Историчарите кои ова го пишуваа, доколку им беше дозволено да ѕирнат во историските документи, ќе можеле да видат дека тој уште во 1924 година во документот за историјата и суштината на ВМРО (Обединета) веќе имал изградено чиста позиција и програма за Македонија.

Првиот дел е од делот на “ сукоб на левици“. А, оној вториот афирмативниот за ВМРО ( Обединета)

Jаковлевски :

Quote:ќе можеле да видат дека тој уште во 1924 година во документот за историјата и суштината на ВМРО (Обединета) веќе имал изградено чиста позиција и програма за Македониј

Па, каква позиција имало изградено историското ВМРО на чело со Тодор Александров кој тогаш е најзаслужен за меѓународната афирмација на проектот-Самостојна Македонија? Па, тој проект опстојува од формирање на ВМРО,1893 год. Ново кај ВМРО ( обединета) е што по 1934 година нвините членови почнале да се етнички идентификуваат како Македонци, додека членовите на историското ВМРО, како и ВМРО на Тодор Александров и после Ванчо Михајлов ( до 1934 кога згаснува неговата активност) етнички се декларирале како Блгари.

А, за ставовите на Драган Богданосвки што ги цитира Јаковлевски :

Quote:Шарло бил против диктатурата на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија, а неговото мешање во внатрешните и националните работи на Македонците е уште поголема историска вистина. Гревот на Шарло што југословенските комунисти никогаш не можат да го заборават е тоа што тој гледал во едно обновување на Југославија нов јарем за Македонија. По неговото убедување, обединувањето на распарчена Македонија не може да се реализира во Југославија, затоа и тој го отфрла програмот на Комунистичката партија во Југославија за една обединета, целокупна „Советска Македонија“. За овој став, Шарло беше исклучен од членството од КПЈ заедно со целиот Покраински комитет и заменет со србоманот Лазар Колишевски…“

Шарло е исклучен од партијата не поради автохтоната политика на ПК на КПМ, туку поради директивата на Коминтерна ( Сталин) која Тито само доследно ја спроведувал.
Не знам дали луѓето знаат но претеседателите на комунистичките партии по земјите каде власта не била комунистичка имале обврска да еднаш месечно праќаат дописи до Коминтерна за состојбите во своите матични земји. Фактички тиа ги издавале тајните на своите земји до друга земја ( СССР), а се заради исполнување на нивната главна идеолошка цел- владеење на комунизмот ( болшевизмот) во целиот свет. Колку тоа било силно кај комунистите покажуваат примери да во Југославија по 2-та Светска војна децата, запалени по комуниситчката идеологија, ги издавале своие родители за скриената храна, а со тоа доведувајки ги своите најблиски во позиција на глад.





30-12-2013, 02:15 PM
Reply