Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
АКО ИМАЛО ДОГОВОР ЉУПЧО И БРАНКО, ТОГАШ ИМА ДОГОВОР И НИКОЛА И БРАНКО!!??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Шокантни изjави на Дамjановски за доцните 90-ти

Бранко и Љубчо си договориле амнестија?

[Image: 1B567E61FC63C540911F057A1BC48FA2.jpg]

Дали Македонија во доцните 90-ти била заложник на политички договор што го склучиле Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски за нивен политички опстанок со меѓусебна амнестија на нивни евентуални криминални активности? Ваквиот договор би значел дека за нив не постоел ниту Устав ниту закон, а во нивен интерес бил ставен целокупниот државен систем. Постоењето ваков скандалозен политички договор меѓу тогашните раководства на двете најголеми партии, кој практично во сенка го става целокупниот уставен и правен систем на државата, го отвори Чедомир Дамјановски, член на комисијата за лустрација. Тој завчера во изјава за една телевизија по повод лустрацијата на поранешниот министер за внатрешни работи Томислав Чокревски за досието „Темел“ (кодното име за ВМРО-ДПМНЕ на тајните служби) рече:

- Следените лица во досието „Темел“ биле опасност за безбедносниот систем на државата, а тоа што го правеле било голема работа. Тврдам дека тоа следење било од безбедносни причини. Според мене, целиот врв на партијата требало да биде гонет, притворен, обвинет и да одговара, но, најверојатно, е некој договор. Договор меѓу власта и опозицијата да не се гонат поради раскинување на националното ткиво. Апсолутно, според мене, го загрозиле поредокот.

Тој наводниот политички договор го спомна како образложение зошто раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кое било следено од 1995 до 1998 година, не одговарало кривично ако навистина ја загрозило државната безбедност. За сериозноста на изјавата говори тоа што договорот го споменува носител на јавна функција.

Еден ден потоа, Дамјановски во изјава за „Дневник“ ретерира од првичните тврдења и вели дека нема сознанија за постоењето политички договор, туку само претпоставува дека тој се случил имајќи предвид дека тој е убеден од тоа што го видел во „Темел“ - дека првите луѓе на тогашната опозициска партија правеле криминални дејства.

- Немам сознанија за политички договор, туку тоа е мојата претпоставка за тоа како одредени лица од „Темел“ за такви дејства не завршиле веднаш в затвор. Замислете какви немири би настанале ако не постоел таков договор и тогашната власт да ги уапси првите луѓе на тогашната опозиција – ни изјави Дамјановски.

Ниту глас од Георгиевски и од Црвенковски

Не е првпат во јавноста да се говори за политички договор меѓу двајцата со децении лути ривали. Одамна се шпекулира дека таков договор постоел и тоа во насока дека двајцата политички лидери си ветиле дека нема еден за друг да водат кривични постапки при смена на власта, иако, според одредени информации, за нивното владеење имало индиции за такво нешто, особено во делот на приватизацијата на големите општествени претпријатија. Ваквите тези се отворија и пред една и пол година кога и покрај политичката борба од 15 години, склучија и формална опозициска коалиција. Се обидовме да стапиме во контакт со првите луѓе на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ од 90-тите години за да објаснат за каков политички договор станува збор и како тоа во функција на партиите и на одредени поединци се дерогирале Уставот и Kривичниот законик. Црвенковски веќе со месеци по неговото повлекување од СДСМ го нема во јавноста. Од неговиот кабинет во канцеларијата како поранешен претседател велат дека бил во странство и дека одговори на прашањата може да се добијат дури наредната недела. Целокупното раководство на ВМРО-ДПМНЕ од тоа време речиси целосно е надвор од партијата. Георгиевски е во ВМРО-Народна партија заедно со дел влијателни министри од неговата влада од 1998 година. Испративме прашања и до него, но и тој не одговори за тоа дали навистина го уривал тогашниот уставен поредок за подоцна да добие политичка амнестија од Црвенковски. Двајцата главни актери молчат за тоа која е цената на ваквиот наводен договор за меѓусебно амнестирање надвор од поредокот.

Изјавата на Дамјановски е глупост

- Дамјановски даде една недоволно обмислена изјава, чиста глупост. За што н` амнестирале во 90-тите СДСМ? Затоа што сакавме самостојна македонска држава? Бевме легално регистрирана партија според закон, а нашата програма беше во согласност со Уставот. Ниту сме направиле терористичка акција, ниту сме убивале луѓе на улица, ниту сме ослободувале или отцепувале делови од територијата на Македонија. За што требало тогаш да одговараме, па за некој да н` амнестира. Може на Дамјановски и на тогашните ни изгледало дека сме уривале уставен поредок, ама уставен поредок не на Македонија, туку на Југославија, која веќе ја немаше. Следењето во „Темел“ јасно покажува дека било правено од лични и од партиски интереси во корист на тогашните функционери со пројугословенска провиниенција - коментира Борис Змејковски, дел од тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потврдува дека во 90-тите имало одредени контакти меѓу раководствата на двете партии, но дека тие биле правени единствено за државнички прашања.

- Сигурно за некои прашања не сме разговарале преку нишан, но во мое присуство никогаш не станало збор за политички договор со кој некој ќе амнестира некаков криминал. Ако некој тоа го правел, тогаш тоа се луѓето што правеле такви активности. Јас не сум присуствувал на такво нешто – дециден е Змејковски.

Од изјавите на Дамјановски се оградуваат и од опозициската СДСМ:

- Ниту постоел ниту може да постои варијанта за некаков договор од ваков тип – дециден е Петар Шилегов, портпарол на СДСМ.

Социјалдемократите потсетуваат дека по преземањето на власта во 2002 година, неколку високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ одговараа за своите незаконски работи.

- Тоа само потврдува дека СДСМ никогаш ниту размислувала ниту со кого било разговарала за алиби на криминални активности што ~ нанесуваат штета на државата.

Тој принцип ќе важи и по преземањето на власта, кога тоа и да се случи – велат од СДСМ.

Kатерина Нешкова

DNEVNIK



Ниту договориле ниту можеле и можат да договорат!!
25-09-2013, 02:46 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#2

Лустраторот Дамјановски длабоко ме разочара. Испадна тешка комуњара. Ова негова необјективност ке допринесе да зборовите на Аџиев ( Претседател на Комисијата за лустрација) добијат поголема тежина.
25-09-2013, 10:59 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Еве го друг Чеда, човек кој и после 23 години од оделувањеото со Србославија, сеуште неможе да го исфрли мекото "Л" од употреба.






25-09-2013, 08:17 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#4

За договор Никола- Бранко, тешко до неверојатно ама има договор Јордан- Бранко... има има Јордане, не туку ждимкаш...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
30-09-2013, 06:01 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#5

Дали има договор меѓу Црвенковски и Груевски . Па многу работи укажуваат дека има . Црвенковски практично ја распушти СДСМ а од друга страна Заев нема комплетна контрола и над тоа малку локални општински функционери на СДСМ поставени од Црвенковски на кој не им може ништо и кој по наредба на Бранко практично и ја распуштија СДСМ . На минатите локални избори Бранко воСтруга и Кичево им ги препушти организациите на ДПМНЕ. Практично на цела територија на Македонија бивште членови на СДСМ припадници на ЗападноМакедонскиот народ веќе преминаа во ДПМНЕ . Така што самите локални избори и победата на СДСМ само во три општини сите во Источна Македонија јасно покажува дека СДСМ постои (барем како гласачи )само во Источна Македонија меѓу ИсточноМакедонскиот народ .Таа е реалноста .А реалноста е дека има етничко чистење на Источно Македонскиот народ и дека се води битка за територии за сега веќе се поизвесниот распад на Македонија .
08-10-2013, 06:54 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#6

(08-10-2013, 06:54 PM)Flok Wrote: Дали има договор меѓу Црвенковски и Груевски . Па многу работи укажуваат дека има . Црвенковски практично ја распушти СДСМ а од друга страна Заев нема комплетна контрола и над тоа малку локални општински функционери на СДСМ поставени од Црвенковски на кој не им може ништо и кој по наредба на Бранко практично и ја распуштија СДСМ . На минатите локални избори Бранко воСтруга и Кичево им ги препушти организациите на ДПМНЕ. Практично на цела територија на Македонија бивште членови на СДСМ припадници на ЗападноМакедонскиот народ веќе преминаа во ДПМНЕ . Така што самите локални избори и победата на СДСМ само во три општини сите во Источна Македонија јасно покажува дека СДСМ постои (барем како гласачи )само во Источна Македонија меѓу ИсточноМакедонскиот народ .Таа е реалноста .А реалноста е дека има етничко чистење на Источно Македонскиот народ и дека се води битка за територии за сега веќе се поизвесниот распад на Македонија .

Интересни ставови кажуваш Фолк! Го делиш народот на Источномакедонски и , веројатно, Западномакедонски. Врз основа на што ја вршиш таа поделба! После, зборуваш за се поизвесен распад на Македонија? На крај велиш дека е во тек борба за територии, мислејки на источната Македонија. Кој се бори за таа територија? Немам чуено дека некој купува повеќе земја во Источна Македонија. Тоа што е факт за источна Македонија е дека поради сиромаштија и неможност да најдат работа тие луѓе земаат блгарско државјанство и одат по работа во ЕУ.
09-10-2013, 07:49 AM
Reply