Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ШПИОНАЖА И ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖУВАЊЕ-ДАМОВСКИ,МАЏОВСКИ,ЦВЕТАНОВ,СТОЈКОВ,ДИНЕВСКИ...
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#61

[Image: DENESOSKI_b101.jpg]



Quote:Zoran Bozinovski

12 hrs
Ima BITNI detali od slučajot ŠPION na koi kompletnata makedonska javnost, osobeno mediumskata, se pravi kako da ne gi znae ili ne gi videla.

PRV detal e svedocenjeto vo istraga na svedokot na obvinitelstvoto SAŠO DENESOVSKI od Ohrid. Klučniot del od toa svedočenje go imate na slikata od ovoj post. Za što se raboti?

Se SLUČILA sredba vo 2010. godina vo h. MIlenium, Ohrid... Za sredbata BIL izvesten šef na razuznavanje Risto Petkov.... Učesnici:


Janis Nacis (šef na grčko voeno razuznavanje)

Zoran Dimitrovski Žoro i Boban Nonković, novinari i bliski rodnini

Miroslav Zafirovski, makedonski razuznavač

SAŠO DENESOVSKI, ohridski majmun, pravosilno osudeno lice za poveke izmami i lažno pretstavuvanje

Denesovski prisustvuva so znaenje na UBK, tvrdi deka e ozvučen i deka UBK ima audio snimka od ovaa sredba

Za srabotuvanje na zadačite dobieni od Nacis trebalo da dobijat 50.000 evra

Denesovski tvrdi deka od Dimitrovski doznal deka zad sredbata stoi PAVLE TRAJANOV (ex minister na policija)

PRAŠUVAM: Kakva IZRIČNA obvrska spored Zakonot imala obvinitelkata Lile Stefanovska koga ova go slušnala od Denesovski i koga bil potpišan zapisnikot od nego?

VTORIOT detal e od svedočenjeto na KRUNSKIOT SVEDOK na Obvinitelstvoto, BLAŽO OD PODAREŠ. Vo eden moment eden od obvinetite go prašal svedokot: "Dali e točno deka dolgo vreme ste se lekuvale vo psihijatriska ustanova od zatvoren tip?"

Sudijata Djoko Ristov ne dozvolil svedokot da odgovori na ova prašanje, ne dozvolil ni prašanjeto da vleze vo zapisnik. Bil svesen deka sleduva baranje za psihijatrisko veštačenje i baranje za pristap do arhivata na psihijatriskata ustanova za da se locira točno vremetraenjeto na toj tretman, sto na kraj bi rezultiralo so proglasuvanje na svedokot za nepresmetliv i rušenje na celoto obvinenie koe počiva na negovoto lažno svedočenje.... Dolgotrajano lekuvan pacient vo psihijatriska ustanova NE MOŽE DA BIDE VERODOSTOEN SVEDOK...................

So slednite DETALI, naskoro......



[Image: ZB-SASHOe0c5.jpg]


30-01-2015, 04:58 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#62

Quote:Пресудата за „Шпион“ открива: Илија Димовски бил „пријателска врска“ за грчката и унгарската служба


„На 13.05.2009 година остварив средба и контакт со пријателската врска Илија Димовски, актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Велес и близок соработник на Никола Груевски, при што добив информации и сознанија во врска со состојбата во партијата, проблемите во државата, прашањата за коалицијата со ДУИ и прашањата за Македонија и Србија. Разговорот го водев имајќи ги предвид вашите прашања и се обидов да добијам вистински и моментални сознанија за сите работи и ситуации во државата“.

Ова е само дел од писмениот извештај на првообвинетиот во аферата „Шпион“ Марјан Евфремов, создаден на 20.06.2009 година и испратен до унгарската разузнавачка служба, заведен како „ИЛЕ-3“.

Овие податоци, содржани во пресудата за случајот „Шпион“ која судот ја напиша на 1.056 страници ги откриваат сите соработници на поранешниот разузнавач Мајан Ефремов, чии информации во писмени и шифрирани извештаи биле испраќани до двајца разузнавачи на унгарската разузнавачка служба како и на разузнавачи во грчката служба.

За конкретниот извештај, со наслов ИЛЕ-3, во пресудата се наведува дека: „од увидот во писмениот извештај од 20.06.2009 година, Судот утврди дека обвинетиот Марјан Ефремов го составил овој писмен извештај за потребите на унгарската служба, откако претходно остварил средба со „пријателската врска“ Илија Димовски пратеник на ВМРО ДПМНЕ од Велес од кого ги добил информациите детално наведени во извештајот, а во врска со политичката ситуација во Македонија, економската криза, започнувањето на преговорите на Македонија со ЕУ, односите помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, прашањата околу Македонија и Србија за спорот со МПЦ и слично“ – наведува судот во пресудата.

Екс разузнавачот Ефремов , кој работел паралелно за грчката и за унгарската служба откако ја изгубил работата во Агенцијата за разузнавање, информациите што ги добивал од пратеникот Илија Димовски ги срочил во повеќе информации кои се пронајдени во неговите компјутери како документи или испратени како шифрирани пораки, а за трошоците: поклони за Илија Димовски и покривање на трошоците за средбите, од странските разузнавачки служби Ефремов побарувал различни суми на пари, од 10 евра, 4 илјади па до 8 илјади евра. За некои од посложените операции, како што биле прибирање на документи и фотографии, Ефремов од странските разузнавачи побарувал и по 8 илјади евра.

Како што наведува во една од пораките до унгарците, треба да му исплатат 7.593 евра, пари во кои влегуваат поклони за неговите соработници и пријателски врски: Иле, Софија, Ѓорѓи, Дино, Алек и Иџет.

Сите извештаи кои се пронајдени во компјутерите или сателитските системи кај обвинетиот Марјан Ефремов, а кои биле составувани врз основа на информациите што ги добивал од пратеникот Илија Димовски ги означувал со шифри „Иле“ или „снег“.

Меѓу стотиците страници доказен материјал, еве дел од пораките и содржините што ги цитира судот во Скопје, а се однесуваат на информации добиени од пратеникот и сега координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски:

-на 10.03.2009 осудениот Марјан Ефремов составил повеќе извештаи кои назначил како „џоко1“, „софија“ и „иле1“ кои ги испратил и до унгарските а неколку дена подоцна и до грчките разузнавачи. Во пресметката што ја направил за трошоци направени за 4 средби, Ефремов пресметал сума од 3.154 денари или 52 евра, од кои за средба со Илија Димовски потрошил 545 денари.

-на 10.03.2009 Марјан Ефремов испратил порака до грчките разузнавачи во кои им пишува за неговиот зимски одмор во Копаоник, истовремено објаснувајќи им дека му праќа на пријателот нешто за читање. Како прилог на пораката испратил 2 документи, означени како „снег 1 и 2“ во кој документ дал извештај за средбата што ја имал со Илија Димовски.

-Од нотес во кој имало датуми од 17.11.2008 до 17.09.2009 година, од водената дневна евиденција од Ефремов, судот во пресудата утврдува дека името на Илија Димовски се споменува неколку пати и во него пишувало дека Ефремов му продал возило на Димовски: на 03.03.2009 Ефремов напишал Иле Димовски –117.000 денари, на 04.03.2009 иле Димовски – смс, на 05.03.2009 напишал Иле-пари, на 06.03.2009 напишал Илија Димовски-смс, и се така секојдневно до 12.03.2009 година кога напишал: Иле Димовски завршено – Иле ми ги врати парите. Во истиот нотес го пишува и името „Ламбе“ врската –грчкиот разузнувач.

Од ваквото запишување во детали и по дауми, за судот јасно произлезе фактот дека за сите свои дејствија и активности меѓу кои и праќањето на мејловите, Ефремов детално си забележувал агенда потсетници – констатира судот, кој за кривичните дела злосторничко здружување, шпионажа, измама, уцена и прикривање го осуди на казна затвор во траење од 15 години.

Во овој период, кога се споменува името и на пратеникот Илија Димовски, според пресудата, Ефремов на грчките и на унгарските служби им предавал информации за безбедносната состојба во Македонија, политичката состојба, претседтелските избори, односите во политичките партии, состојбите во МВР и АРМ.

Во своите тефтери Ефремов пишува дека на 30.03.2009 година остварил средба со актуелен пратеник во собранието на Македонија и добил сознанија за одржаниот прв круг на избори, неправилностите кои се случиле на овие избори, состојбата во политичкиот живот во Македонија и за контактите на пратеникот со Љубе Бошкоски, тогаш претседтелски кандидат.

Овде не се споменува име, но судот констатира дека во извештајот кој бил испратен до грчкиот разузнавач со шифра „Ламбе“ пишувало дека податоците ги добил од „пријателска врска“ пратеник во Собранието на Македонија, како што го опишува во другите извештаи Димовски.

Во извештај насловен како „Петре 6“ од 29.4.2009 година, Ефремов на унгарските разузнавачи Петар и Јури им испраќа интересни извештаи како што вели и им најавува нови до крајот на неделата и од нив бара трошоци од 218 евра кои ги направил за 6 средби меѓу кои и таа со пратеникот Илија Димовски.

Во мај 2009 го испраќа извештајот за средбата со Илија Димовски споменат на почетокот од текстов до унгарската разузнавачка служба. Името на Илија Димовски во тефтерите на првоосудениот во аферата „Шпион“ се споменува и на 20 јануари 2010 година.

Во 2010 меѓу другите извештаи, овој пат со информации добиени од македонската УБК, Ефремов ги известил Грците и Унгарците дека: „Груевски требало да се договори со странскиот фактор да се откаже од власта, а опозицијата да го реши проблемот со името со Грција“.

Во текот на судската постапка, според пресудата, Илија Димовски не бил повикан за сведок.

Бидејќи судот прифатил дека Марјан Ефремов испраќал извештаи од средбите со лицата со кои се среќавал, ви пренесовме само сегмент од деталите кои судот на широко ги елаборира на 1.056 страници, вклучувајќи транскрипти, пораки, слики и друг доказен материјал кој бил обезбеден со ПИМ мерки или со вештачење на телефоните, компјутерите и сателитските системи.

До пратеникот Илија Димовски, на меил во пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието чиј координатор е и на неговиот ФБ профил и телефон испративме прашања и побаравме одговор дали знаел дека информациите од неговите средби со Марјан Ефремов, во форма на извештаи биле доставувани до унгарската и до грчката разузнавачка служба, каде се среќавал со Ефремов и дали на тие средби му предавал документи или само усни информации, дали добивал подароци, пари , кои како прашања произлегуваат од наведеното во пресудата на скопскиот кривичен суд, но пратеникот Илија Димовски не одговори на прашањата.

Саше Димовски
17-05-2015, 11:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#63

Quote:„Дај ни 30.000 евра или ти отиде кариерата“, уценувале обвинетите во „Шпион“ со досие кое не било предмет на лустрација


Вторник, 18 февруари 2014 – „Ова ти е втор поздрав, твојот кодошки живот вреди 30.000 евра, имаш 20 часа да ги спремиш и да чекаш инструкции, ако пријавиш ќе те кошта глава!“, ова е една од СМС пораките упатена до оштетените во мегапредметот „Шпион“. Покрај уцените упатени спрема поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, бизнисменот Минчо Јорданов, лекарот Бобан Пешиќ, обвинетите за уцена, според обвинителството го уценувале и лицето Димитар Димовски. Според обвинителството, од ова лице тие се обиделе да изнудат 30.000 евра преку СМС пораки во кои му најавиле дека за него постои досие кое не е предмет на лустрација. Обвинителството преку 15 сведоци ќе се обиде да докаже вина кај обвинетите. На листата на сведоци се наоѓа и бизнисменот Трифун Костовски. 
Во неколку точки од диспозитивот на обвинението се опишани уцените и обидите за изнуда на обвинените. Неколкумина од нив со сериозна закана го присилиле Димитар Димовски да изнудат од него 30.000 евра бидејќи до нив стигнале информаци дека за него постои досие кое не е предмет на лустрација. Обвинетиот кој бил вработен во Архивот на РМ го земал и направил фотокопија од досието, па му го предал на друг обвинет. Според нивниот првичен план, откако на обвинетиот му паднало досието во раце, почнал да му праќа на оштетениот СМС пораки со заканувачки и вознемирувачки тон. Откако неколкупати во месец февруари 2012 година, пратил закани, а оштетениот не реагирал, следува порака во која постои закана не само за животот на оштетениот туку и за неговото семејство.
„Ученикот стана глумец, кодошче едно не ме интересира дали имаш бизнис и што правиш, имаш рок до недела да спремиш 30.000 евра или ќе умреш како куче. Ако пријавиш, ќе почнеме од жена ти, па по ред, купи си го гревот до недела, одговори со да или не. Ако си паметен се ќе заврши засекогаш, ако не, нема веќе кариера биди паметен“.
По оваа СМС порака, на оштетениот привремено му се јавувале и му давале инструкции како да ја предаде бараната сума од 30.000 евра. Еден од обвинетите, во почетокот на март истата година го чекал пред зграда оштетениот, па откако овој му ги фрлил парите на задното седиште, обвинетиот веднаш бил лишен од слобода.  

Мета на обвинетите и Минчо Јорданов
Во текот на 2010 година, според обвинителството дел од обвинетите му се заканувале на бизнисменот Минчо Јорданов дека доколку не им исплати одредена сума на пари, ќе обелоденат документи од наводната криминална приватизација и откупот на акциите во АД Бетон. Еден од обвинетите земал 12.600 евра како паричен надоместок да се ангажира за да најде лице кое ќе врши притисок врз Јорданов за заканите да ги сфати сериозно. Јорданов никогаш заканите не ги сфатил сериозно, ниту им исплатил некакви пари на ниту еден од обвинетите.

Обвинетите не изнудиле ниту еден денар од Драган Даравелски
Обвинителството на списокот за уцени го стави и поранешниот директор на Царинска управа, Драган Даравелски. Нему обвинетите му барале 200.000 евра, во спротивно му се заканувале дека ќе објавуваат податоци за неговите бизнис зделки. Иако еден од обвинетите отишол во Белград за да го убеди Даравелски во намерата, сепак уцената не завршила успешно.

Лекарот Бобан Пешиќ поминал најскромно
Обвинителството објаснува уште една уцена која за разлика од претходните каде станува збор за големи суми на пари, овде се работи за 2.000 евра. Откако некое лице кое се лечело кај Пешиќ починало, дел од обвинетите му се заканиле дека доколку не им даде пари, ќе му поднесат тужба дека работи без лиценца и со радиоактивни материјали. Откако лекарот не им дал пари, тие му го одземале компјутерите од неговата канцеларија, информирајќи го дека кога ќе им ја исплати сумата, ќе му ги вратат компјутерите.


АКАДЕМИК




Според текстов обвинетите во ШПИОН не биле невини!!
(This post was last modified: 21-01-2018, 02:04 AM by ЈорданПетровски.)
21-01-2018, 02:03 AM
Reply