Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ШПИОНАЖА И ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖУВАЊЕ-ДАМОВСКИ,МАЏОВСКИ,ЦВЕТАНОВ,СТОЈКОВ,ДИНЕВСКИ...
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ГОЛЕМО АПСЕЊЕ Меѓу приведените и Цветанов, Стојков, Диневски...



[Image: uapseni.jpg]

Портапролот на ВМРО-Народна партија Ване Цветанов, кој беше и поранешен директор на Агенција против перење пари, генералот Горан Стојков и Ацо Диневски, поранешен агент на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, се меѓу приведените од МВР во денешната голема полициска акција, објави порталот Република.

Со приведените, како што дознаваме од полициски извори, разговарале припадници на МВР во неколку полициски станици. Од МВР засега молк за големата акција. Од таму само информираа дека со приведените се разговара, а повеќе детали најавуваат за подоцна во текот на денот. Дел од уапсените биле приведени под сомнение дека сториле кривични дела шпионажа и злосторничко здружување.


Утрово полицијата ги привела и режисерот Борис Дамовски, продуцент и автор на анимираниот филм „Еднооки“, и Марјан Маџовски, шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието од 2005 година. Маџовски, според информациите на Плусинфо, бил уапсен пред Собранието од полицајци во цивилна облека.


Вкупната бројка на уапсените во денешната акција изнесува 15 граѓани.

plisinfo
16-09-2013, 11:52 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Меѓу уапсените се и Ване Цветанов и генерал Стојков?!


Понеделник, 16 Септември 2013 12:35

Меѓу приведените во полициската акција се и екс директорот на Агенцијата за перење пари, Ване Цветанов и генералот Горан Стојков, дознава Република од полициски извори.



[Image: policiska-akcija-500.jpg]

Петнаесетина лица се уапсени за шпионажа и злосторничко здружување, меѓу кои и шефот на кабинет на првиот парламентарец Трајко Вељаноски, Марјан Маџовски, а во полициска станица се наоѓа и Борис Дамовски од продукцијата „Контрабанда" која го подготува популарниот серијал „Еднооки".

KURIR




На кого му давле информации??
Првите мои размисли се, дека се работи за голема местенка!!
Многу е чудно најштури информации се на порталите блиски до власта.
16-09-2013, 12:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: j6n47n.jpg]



Еве колу е цврст еден од уапсените:



[Image: 2ebel4j.jpg]
16-09-2013, 01:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Меѓу осомничените за шпионажа и „Луди Милојко“ - приведен новинарот Зоран Божиновски



Вкупно 17 лица се осомничени како дел од групата која од утринава се апси за шпионажа и злосторничко здружување. Меѓу осомничените, кој сеуште е недостапен за полицијата, е и новинарот Зоран Божиновски кој се водел под името "Луди Милојко".

Меѓу утринава приведените како што веќе објавивме е и поранешниот директор на Агенцијата за перење пари, Ване Цветанов, кој според неофицијалните информации се водел под името "Maчор", дознава Максим.

Според последните информации, организираната група во која биле и шефот на кабинетот на собранискиот спикер, режисерот од контрабанда и неколку поранешни разузнавачи,, работела за повеќе странски служби. Членовите на групата поседувале цели архиви на класифицирани документи, со кои ја шпионирале државата и уценувале поединци. Меѓу себе биле координирани од своевидна паралелна служба.

Во моментот траат претреси на повеќе локации во Скопје. Во секој момент се очекува МВР да излезе со официјални информации.

MAXIM
16-09-2013, 01:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Новинарот Зоран Божиновски меѓу осомничените шпиони - се води под името "Луди Милојко"




Вкупно 17 лица се осомничени како дел од групата која од утринава се апси за шпионажа и злосторничко здружување. Меѓу осомничените, кој сеуште е недостапен за полицијата, е и новинарот Зоран Божиновски кој се водел под името "Луди Милојко", дознава Пресс 24.

Меѓу утринава приведените како што веќе објавивме е и поранешниот директор на Агенцијата за перење пари, Бане Цветанов, кој според неофицијалните информации се водел под името "Maчор".

Според последните информации, организираната група во која биле и шефот на кабинетот на собранискиот спикер, режисерот од Контрабанда и неколку поранешни разузнавачи, работела за повеќе странски служби. Членовите на групата поседувале цели архиви на класифицирани документи, со кои ја шпионирале државата и уценувале поединци. Меѓу себе биле координирани од своевидна паралелна служба.

Во моментот траат претреси на повеќе локации во Скопје. Во секој момент се очекува МВР да излезе со официјални информации.

PRESS24



Дали Саше ТАНГА ПОЛИТИКО ке биде апсен како дел од Групава??
(This post was last modified: 16-09-2013, 02:16 PM by ЈорданПетровски.)
16-09-2013, 02:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Меѓу уапсените и Мичо Насковски

[Image: 7501golema.jpg]

Во акцијата Шпион, уапсен е и Мичо Насковски, екс-генерален директор на Бетон, дознава НОВА.

NOVA TV
16-09-2013, 02:24 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#7


Quote:СДСМ: Режимот во распаѓање задава конечен удар

share

од НОВА | објавено на: 16-09-2013 15:20:04

Како и пред неколку дена, во центарот на Скопје, партиската полиција на Никола Груевски утрово повторно демонстрираше терор и насилство.

Режимот на Груевски не може да поднесе луѓе кои аргументирано го докажуваат криминалот на семејниот клан на премиерот.

Ване Цветанов, поранешен директор на Агенцијата за спречување на перење пари, постојано јавно го прозиваше Груевски за штитење на лица од неговото најблиско опкружување за проневера на милонски суми пари на граѓаните на Македонија.

И нормално, за Никола Груевски, Ване Цветанов е државен непријател. Вождот го прогласи Цветанов за виновен. Притоа, апсењето мора да биде на начин да втера страв во коските на граѓаните. Да не помисли некој да критикува или пак да се спротивстави на неговото височество.

Во Македонија интензивно расте бројот на политички затвореници. Очиглено власта е подготвена да ги преполни затворите со луѓето што и се спротивставуваат. Насилнички гонат, апсат, судат и пресудуваат, лустрираат, казнуваат.

Колкаво е злосторството на Борис Дамовски, Горан Стојков, Марјан Маџовски, Ацо Диневски и останатите уапсени лица за да бидат третирани на ваков суров начин?

Режимот во распаѓање се обидува да зададе конечен удар. Проценката на Груевски е страотно погрешна. Ништо повеќе не може да го спречи неминовното. Заминувањето на оваа разулавена структура од политичката сцена во Македонија.
http://www.novatv.mk/index.php?p=1&navig...&vest=7502
16-09-2013, 02:47 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#8



Quote:Што е шпиoнажа и кои се санкциите за шпиoни?

share

од НОВА | објавено на: 16-09-2013 15:28:34

Шпионажата како кривично дело е опфатена во членот 316 од Кривичниот законик. НОВА ви го пренесува интегралниот текст од законот кој дефинира што значи шпионажа како и санкциите кои се предвидени за ова кривично дело.

(1) Toј кој што државната тајна ќе ја соопшти предаде или ќе ја стори достапна на странска државна организација или на лице кое им служи , ќе се казни со затвор најмалку три години.

(2) Тој кој што за странска држава или организација ќе создаде разузнавачка служба во Република Македонија или ќе раководи со неа ќе се казни со затвор најмалку пет години.

(3) Tој кој што ќе стапи во странска разузнавачка служба, ќе прибира за неа податоци или на друг начин ќе ка помага нејзината работа, ќе се казни со затвор од една до десет години.

(4) Toj кој што прибавува тајни податоци или доументи со намера да ги соопшти или предаде на странска државна организација или на лице кое им служи ќе се казни со затвор од една до десет години.

(5) Ако делото од ставовите 1 и 4 е сторено за време на војна или непосредна воена опасност или предизвикало тешки последици за безбедноста, еконосмката или воена моќ на Република Македонија, сторителот ќе се казни со затвор најмалку 5 години.

(6) Како државна тајна се сметаат податоците или документите што со закон или друг пропис или одлука на надлежниот орган донесени врз основана закон се прогласени за државна тајна и чие откривање имало или можело да има штетни последици за политичките, економските или воените интереси на РМ.
http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=18&vest=7503
16-09-2013, 02:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Иво Котевски детално за полициската акција „Шпион“

Приведените се осомничени дека пренесувале доверливи информации на странски безбедносни служби. Истрагата за случајот почнала пред 2 години.


[Image: ivo-13-.jpg]

Приведени се 17 мина, а осомничени 22ца. По тројца се трага а двајца веќе служат други казни. Голем дел од нив се поранешни и сегашни вработени во безбедносните служби.

Сите уапсени, според МВР, се товарат за шпионирање и злосторничко здружување. Дел од осомничените се товарат за измама. При претресите кај некои од приведените пронајдени се цели соби полни со доверливи материјали и класифицирани информации, компјутери и стикови полни со доверливи информации кои биле пренесувани на странски безбедносни служби - изјави Иво Котевски од МВР.

Тој вели дека постои и сомнеж дека биле вршени уцени, бидејќи дел од приведените имале во своите раце информации за познати бизнисмени со кои ги уценувале и извлекувале пари од нив.

Во вестите на Канал 5 гостин беше помошник министерот за односи со јавност во МВР Иво Котески. Во видеото погледнете го интервјуто со него за акцијата „Шпион“.

KANAL 5
16-09-2013, 03:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

МВР со детали за акцијата „Шпион“






16-09-2013, 03:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

(16-09-2013, 02:47 PM)hristo Wrote:
Quote:СДСМ: Режимот во распаѓање задава конечен удар

share

од НОВА | објавено на: 16-09-2013 15:20:04

Како и пред неколку дена, во центарот на Скопје, партиската полиција на Никола Груевски утрово повторно демонстрираше терор и насилство.

Режимот на Груевски не може да поднесе луѓе кои аргументирано го докажуваат криминалот на семејниот клан на премиерот.

Ване Цветанов, поранешен директор на Агенцијата за спречување на перење пари, постојано јавно го прозиваше Груевски за штитење на лица од неговото најблиско опкружување за проневера на милонски суми пари на граѓаните на Македонија.

И нормално, за Никола Груевски, Ване Цветанов е државен непријател. Вождот го прогласи Цветанов за виновен. Притоа, апсењето мора да биде на начин да втера страв во коските на граѓаните. Да не помисли некој да критикува или пак да се спротивстави на неговото височество.

Во Македонија интензивно расте бројот на политички затвореници. Очиглено власта е подготвена да ги преполни затворите со луѓето што и се спротивставуваат. Насилнички гонат, апсат, судат и пресудуваат, лустрираат, казнуваат.

Колкаво е злосторството на Борис Дамовски, Горан Стојков, Марјан Маџовски, Ацо Диневски и останатите уапсени лица за да бидат третирани на ваков суров начин?

Режимот во распаѓање се обидува да зададе конечен удар. Проценката на Груевски е страотно погрешна. Ништо повеќе не може да го спречи неминовното. Заминувањето на оваа разулавена структура од политичката сцена во Македонија.
http://www.novatv.mk/index.php?p=1&navig...&vest=7502



Овој изјава на СДСМ е срамно тенденциознa и манипулативнa.
Зошто велам вака. Власта на СДСМ во времето на Фрчковски отвори неколку илјади досиеа, заради индиции дека осомничените биле шпиуни на странски држави и работеле на насилно уривање на Уставниор поредок.
Службата под водство на Фрчковски ги проби сите законски рокови за следење а не поднесе ниту една кривична пријава.

Во интервјуто за 24 вести Фрчковски на прашањето:

- Зошто СДБ/ДБК не поднеле кривични пријави против лицата кои ги следеле?
- Одговорот : "дел од работата на СДБ/ДБК бил сузбивање на противуставни активности."

Оваа е нонсенс.

Сузбивањето на активност е „сива,“ нетранспарентна и неуставна мерка. Демократскиот уставен поредок на Р Македонија предвидува дека секој кој е осомничен за сторено кривично дело ќе може да ја изнесе својата страна (чл. 12 и чл. 13), и да докаже дали навистина сторил кривично дело или се готвел да стори кривично дело. Но вториов случај—готвење на кривично дело е уште покомплицирана работа. Тука обвинителот мора да докаже, без да остави простор за разумно сомневање, дека постои план или заговор за криминално делување.

Со судски процес има две работи;
1. На обвинетите им се дава можност да ја одбранат својата невиност.
2. Службата МОРА да ги докаже пред суд своите тврдења дека уапсените се виновни.

Јас жалам што Фрчковски не ми поднел кривична пријава и што немало судки птроцес , процес во кој СДБ ке требала да дфокаже дека сум бил соработник на страснска служба.







Послушај го Фрчковски од 8'16" па до 15'41" !!
16-09-2013, 04:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да предизвика штета на државата и на нејзините безбедносни капацитети

[Image: vmro-dpmnestab9.jpg?itok=zxFZHhje]

СДСМ по којзнае кој пат се однесува несериозно и неодговорно кога се во прашање државните и националните интереси.

СДСМ се обидува без официјални податоци од МВР да шпекулира со имињата на лицата кој што се уапсени во текот на акцијата која што ја спроведоа државните институции.

СДСМ си дозволи врз база на шпекулации да шпекулира и за имиња и за причини, пред МВР или било кој друг надлежен орган да даде било каква информација.

Денешната прес конференција на СДСМ беше шпекулација за шпекулација. Ваквото однесување на СДСМ е антидржавно. Ова не им е прв пат на СДСМ да шпекулираат и да критикуваат неаргументирано и неоправдано акции на безбедносните структури во кој што се води борба против криминалот во Република Македонија или пак против одредени субјекти кои што на директен или индиректен начин ги загрозуваат националните интереси или пак ја доведуваат во прашање безбедноста на државата и граѓаните.

Токму затоа го осудуваме ваквиот потег на СДСМ кој што се обидува преку ситни, дневно политички прес конференции да нанесе голема штета, не само на интегритетот на джавните институции, туку притоа да им наштети и на безбедносните капацитети на државата Република Македонија.



Ваквото однесување на СДСМ не е прв пат. Тие исто се однесуваа кога се судираа со полицијата заради обвиненијата против Владо Бучковски, Зоран Заев итн.

PRESS 24
16-09-2013, 05:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Бурни реакции на јавноста за мега апсењето денеска, Ванковска: ова е почеток на крајот на оваа власт!


Понеделник, 16 Септември 2013

[Image: biljana-vankovska-mji-0.jpg]

Биљана Ванковска: Среќа што сме land-locked country, па немаат толкав оток. Но, кога една власт почнува да апси во толкава мерка, сега веќе и луѓе кои се сметаа за блиски до неа, тоа е почетокот на нејзиниот крај. Со моќ се освојува власт, ама не се седи на него.

[Image: jadranka_kostova.jpg]

Јадранка Костова: Мене веќе ништо не ме изненадува, јас пишував пред две недели во Фокус дека власта спрема вакво нешто, па самата Мирка тоа го најави во колумна. А сигурна сум дека ќе има втор дел од приказнава нема да застанат тука. Инаку никако неможам да ги поврзам ликовите кои се уапсени, еден со друг никако не идат у никаква комбинација. Чекам повеќе информации за да изградам целосна слика што им е сега сево ова...

[Image: acoKabranov.jpg]

Ацо Кабранов: Дигањето на ваква галама е само уште една шашма за да се сврти внимание од актуелни проблеми. Не ме чуди и да продолжат со вакви циркуси и апсења, како ќе им се намалува рејтингот ќе стануваат се по нервозни и по раикални.

[Image: sashoOrdanovski.jpg]

Сашо Ордановски: Сите досегашни групни апсења на владата делуваа спектакуларно во првиот момент, за потоа да се испостави дкеа доказите се слаби, сведоците се предомислуваат, обвинувањеата отпаѓаат, а уапсените завршуваат со уништени кариери и уништен углед и се се сведува на линч на неистомисленици. Мене не ми е јасно што има во државава да се шпионира бидејки Македонија нема ниту некоја јака индустрија ниту пак воена индустрија како ракети или авиони или подморници или тенкови. Но мислам дека е прередување на некакви коцки на самата власт бидејќи многу од уапсените се од самата власт, се се сведува на крај на пари и линч, нема друго.

MAKTEL


По оваа кој реагира и како реагира мозаикот полека се склопува!!
16-09-2013, 05:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14



16-09-2013, 05:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

[Image: 2hn9p5d.jpg]



Quote:Milenko Nedelkovski




about an hour ago · 1

Quote:Darko Kukoski

a stojkov so kogo e e prijatel
about an hour ago

Quote:Milenko Nedelkovski

Со Ошавков од ГП Илинден.
about an hour ago

16-09-2013, 06:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Aleksandar Jovanovski

Ако кај овие имало цели соби со документи кај Милчин и компанија има цели станови и куќи. Треба да се удри јако по сите шпиони.
about an hour ago · 2

Quote:Spiro Dinevski

Milenko za ova dosega zaraboti edna prijava za sud,so samoto javno spomnuvanje veke i okrivuvanje na osomnicen,a dugo kako e mozno da Bogoevski daval informacii na Dinevski koga tie dvajca ne razgovarale poveke od 20 godini.Za ova gore sto go iznesuvas ke treba istoto da go dokazes vo sud vo spor sto jas i tatkomi ke go povedeme protibv vas.
46 minutes ago

Quote:Aleksandar Jovanovski

Миленко пази се чим Дон Корлеоне himself ти прети со кривична пријава -)
39 minutes ago

Quote:Milenko Nedelkovski

супер...
37 minutes ago

Quote:Milenko Nedelkovski

Сега Спиро ти објасни што сакаше Иво Котевски сакаше да каже? Еве ја не сум разбрал. Ти што разбра?
36 minutes ago

Quote:Dragan Bocevski

Prasanjeto e sega dali informaciite sto gi dobival "ludi Milojko" se vistiniti ?? po taa logika na nekoj mu gori pod gazot ,pa zatoa sega se apsenjava ?!
27 minutes ago · 1

Quote:Aleksandar Jovanovski

Tokmu taka Dragane - ako mu veruvas na Ludi Milojko togas si vo pravo.
26 minutes ago

Quote:Dragan Bocevski

Bez validni dokazi nikoj na nikogo ne treba da veruva...apsenje moze da ima ako postoi osnovano somnenie za krivicno delo vo koj ke bidat prilozeni dokazi.
20 minutes ago

Quote:Milenko Nedelkovski

Можеби во мојата “анализа“ за некои персони грешам (за нивната улога), ама дека Агент, Ликвидација и Шпиун се поврзани, во тоа СУМ СИГУРЕН.
16 minutes ago
16-09-2013, 06:04 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#17

(16-09-2013, 01:47 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Меѓу осомничените за шпионажа и „Луди Милојко“ - приведен новинарот Зоран Божиновски



Вкупно 17 лица се осомничени како дел од групата која од утринава се апси за шпионажа и злосторничко здружување. Меѓу осомничените, кој сеуште е недостапен за полицијата, е и новинарот Зоран Божиновски кој се водел под името "Луди Милојко".

Меѓу утринава приведените како што веќе објавивме е и поранешниот директор на Агенцијата за перење пари, Ване Цветанов, кој според неофицијалните информации се водел под името "Maчор", дознава Максим.

Според последните информации, организираната група во која биле и шефот на кабинетот на собранискиот спикер, режисерот од контрабанда и неколку поранешни разузнавачи,, работела за повеќе странски служби. Членовите на групата поседувале цели архиви на класифицирани документи, со кои ја шпионирале државата и уценувале поединци. Меѓу себе биле координирани од своевидна паралелна служба.

Во моментот траат претреси на повеќе локации во Скопје. Во секој момент се очекува МВР да излезе со официјални информации.

MAXIM


Ako e vistina deka bile paralelna tajna sluzba,dobro e sto se uapseni vo Makedonija netreba i nesmee da postojat paralelni tajni sluzbi.
16-09-2013, 09:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

ВИДЕО Акцијата „Шпион“ на видео-снимка




16-09-2013, 10:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Детали од „Шпион“: Шпионирале за Грција - дома му се заканувале на познат скопски бизнисмен

[Image: tgbnvn.png?itok=SP7Y-iwY]

Поранешен разузнавач, брат на јавниот обвинител опфатен со акцијата „Ликвидација“ е еден од организаторите на групата осомничена за шпионажа и злосторничко здружување, дознава Пресс24 од извори во истрагата.

Според неофицијалните информации, при претресот во неговиот дом како дел од акцијата за расчистување со судско-обвинителската мафија во Велес, полицијата ја пронашла целосната документација која ја водел за неговите „разузнавачки“ активности, средби со странски служби, „продажба“ на државни тајни и класифицирани информации, профили и кодни имиња на неговите соработници во паралелната илегална разузнавачка групација. Во неговите досиеа се најдени огромен број податоци за лицата кои незаконски шпионирале во интерес на странските служби како и за оние кои уценувале личности од јавниот општествен живот. Според нашите извори, токму кај него биле пронајдени податоците за извесен Луди Милојко и Мачор, имиња под кои тој водел двајца од своите соработници.

Неофицијалните информации говорат дека екс-разузнавачот често остварувал средби со тајни агенти на разузнавачките служби на соседна Грција. Според нашите информации, средбите се одржувале во монденско одморалиште на Халкидики. Најверојатно за сопствена безбедност, тој поседувал илјадници фотографии од овие средби.

Освен споделување на информации со странските тајни служби, нашите извори во истрагата велат дека дел од осомничените, информациите кои ги прибирале ги користеле за уценување на познати личности од политчкиот и општествениот живот во земјава. Системот бил добро разработен. Откако ќе се добиела некоја компромитирачка информација, дел од осомничените, ги контактирале засегнатите личности и им барале пари за да не ги објават информациите до кои стигнале. Најчесто им се заканувале дека јавно ќе ги оцрнат на некои од интернет порталите.
Како што дознава Press24 меѓу жртвите на оваа група е и познат скопски бизнисмен кој во минатото извршуваше и политичка функција.

PRESS 24
16-09-2013, 10:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

(16-09-2013, 05:30 PM)ЈорданПетровски Wrote:




Quote:Зоран Божиновски: Може и сум соработувал со некоја тајна служба а јас да не знам



Дел од приведените ги познавам, со дел комуницирам, но има и такви за кои не сум слушнал ништо со години. Новинарот Зоран Божиновски кој е еден од осомничените во полициската акција Шпион во телефонски разговор за Нова ТВ вели едка не оддавал информации на странски разузнавачи

„Јас во Македонија не живеам веќе пет години. Живеам на Балканот. За што ме сомничат, кој ме сомничи, поим немам. Јас пишувам со години и објавувам сето она што ќе дојде до мене од мои пријатели, па дури и непрјатели, па дури и непознати луѓе. Значи, она што сметам дека е релевантно јавноста во Македонија и на Балканот да го знае, го објавувам. И на мојот веб портал Буре весник и на моите Фејсбук профили.

Јас добар дел од луѓето што се приведени денеска извонредно ги познавам и комуницирам со години со некои, со повеќето не сум комуницирал повеќе од две и нешто години ама гледам дека се пишува по медиумите дека ова било следено со години.

Јас верувам дека моја вина е тоа што сум објавувал, а не дека… Може и сум соработувал со некоја тајна служба, а јас да не знам. Значи тоа ќе треба во процедура да ме убедат. Значи луѓево ги познавам, нормално, сум комуницирал додека сум живеел во Македонија, после тоа повремено комунициравме меѓутоа немавме таква фреквенција за која овие денеска тврдат… некаква шпионажа, злосторничка група, циркус… Каква црна тајна служба? Како можам јас да работам за тајна служба кога објавувам дневно десет информации и факсимили? како се работи за тајна служба со јавно објавување информации“, прашува Божиновски

Press24 веќе објави дека Божиновски е еден од осомничените во акцијата Шпион. Во паралелената разузнавачка информација се водел под кодното име „Луди Милојко“

PRESS 24




За сите знаеше кои за која служба или мафија работи а за него да ти незнаел .. LazgoLazgo NesumjasNesumjasNesumjas Pos23Pos23Pos23

16-09-2013, 10:41 PM
Reply