Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПЕТРОВСКИ ВС РЕМЕНСКА И ХРИСТОВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,686
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

[Image: Remenska2908_1-1_zps5c3709df.jpg]

[Image: Remenska2908-1_2_zps52053b48.jpg]



Quote:Toni Petrov

...брауново движење....хаос...анархија.(точка)
2 hours ago · Like

Quote:Sabaudin Ramadani

ristalno jasno e.pred vistinata i bogovite molcat
2 hours ago · Like · 1
30-08-2013, 01:14 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,686
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Frosina Remenski

Начелото на законитост останува празна декларација ако не постојат механизми за ефикасно гонење и казнување на злоупотребите на власта, односно делата под заштита на законот (прашањето е: како да се вардиме од чуварите?).Ефикасен заштитен инструмент претставуваат делата кај кои е инкриминирана злоупотребата на службената должност на носителите на јавните функции, но под услов тие казнено-правни одредби доследно да се почитуваат и да се применуваат! За исполнување на барањето за доследна примена на законот покрај развивањето клима за почитување на законите, особено се важни институционалните механизми на поделба и заемна контрола на различните носители на власта, а тоа значи - постоење професионална и департизирана полиција, независно и департизирано јавно обвинителство и независно и самостојно судство !
2 hours ago · Like · 4

Quote:Гордана Дренкоска

Samoodbrana..Da pazime po pat koj saka da ne povredi..
2 hours ago via mobile · Like

Quote:Vesna Manoleva

Koga apstinira cel praven sistem togas nie narodot ednostavno se nagome vo sostojba na bezvlastie(nesto najstraso)...
2 hours ago · Like

Quote:Dusko Hristov

mislam deka e vreme na "narodnite" masi da im se "izdzvaka" textot od potpisanoto..svedoci sme na krajni nebulozni i nerazbirivi komentari za cela "prashina" od potpisanoto - nepotpisanoto...! socijalnite "mrez'isiti" - oveketo ja razbraa porakata, NO 'shirokite narodni masi' seushte se na linijata "NISTO NE E POTPISANO", ili "PA SHTO AKO..."
2 hours ago · Like

Quote:Frosina Remenski

Должноста на граѓаните за бесприговорно почитување на законот е составен дел на неговите слободи и права: нема слободи и права без исполнување на оваа должност, зошто во спротивно слободите и правата на поединецот можат да бидат злоупотребени заради повреда на еднаквите слободи и права на другите граѓани! Почитување на начелото на законитост е во функција на гарантирање на правната сигурност на граѓаните, под што се подразбира нивна заштита од самоволието на законодавецот во усвојувањето на законите и нивното толкување или од самоволието на судот и другите државни органи во примената на законите. Содржината на поимот правна сигурност има две значења: сигурност и постојаност на правниот поредок како таков (нормативна правна сигурност) и правна сигурност на социјалниот живот (фактичкаили социјална правна сигурност.
about an hour ago · Like

Quote:Trajan Dimkovski

...и по 20 години парламентарна демократија, ние сонуваме за слобода, право, говор, закон ...
about an hour ago · Like
30-08-2013, 01:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,686
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Frosina Remenski

Еве Dusko Hristov - Препорака бр.5: Отсуството од соодветни насоки за справување со овакви-слични ситуации, вклучително и отсуство на Стратегија за справување со медиуми во кризни ситуации, резултираше со отстранувањето на новинарите од собраниската галерија, што ги прекрши загарантираните права за слобода на јавно информирање и јавност во работата на СРМ. СРМ со посебно внимание и отвореност треба да се однесува кон слободата за известување на медиумите и да ги применува принципите од најдобрата европска практика во овој сегмент.

Петтата констатација се однесува на новинарите и во неа јасно е констатирано дека со отстранувањето на новинарите од галеријата прекршена е слободата на јавно информирање (таа е регулирана во член 16 од Уставот и опфаќа слобода на пристап до информации и слобода на пренесување на информации. Доколку пристапот до информации е ограничен – што беше случај на 24.12 – станува збор за цензура) и јавноста во работата на Собранието (член 70 од Уставот).
6. Ескалацијата на настаните и ангажирањето и интервенцијата на полицијата, која ги доведе во прашање уставните одредби за поделба на власта, ги оневозможи пратениците во остварување на пратеничката функција (да ги претставуваат граѓаните и да одлучуваат по свое уверување).

Препорака бр. 6: Шестата констатација се однесува на ангажирањето на полицијата спрема пратениците. Нејзина суштина е дека со оваа интервенција е направен упад на извршната во законодавната власт, со што е доведено во прашање начелото на поделба на власта и ги оневозможи пратениците во остварување на пратеничката функција. Со тоа се констатира прекршување на член 62 став 3 од Уставот. Во овој заклучок во објаснувањето на формулацијата “ги оневозможи пратениците во остварување на пратеничката функција” во заграда е препишан член 62 став 3 (да ги претставуваат претставуваат граѓаните и одлучуваат по свое уверување).
about an hour ago · Like · 1

Quote:Frosina Remenski

Според ваквата логика на читање и примена на Уставот и законите од страна на власта останува да се констатира дека, не може ништо да му е забрането на обичниот граѓанин што му биде дозволено на некој државен функционер! Нема ништо заедничко со правната држава практиката во која политичките фактори си земаат слобода, што кај нас се изроди во правило на однесување на луѓето од власта, неказнето да ги кршат законите или селективно да ги применуваат!
about an hour ago · Like · 3

Quote:Jordan Petrovski

Почитувана Ременска, несакам да бидам погрешно разбран, но додека не го исчистите вашиот двор од НОСИТЕЛИТЕ на носење на противуставни закони, неможете, немате морално право да се повикувате и да барате легитимација за секој вид граѓански отпор!

Оваа не ви го порачувам јас:

-"Се што СДСМ и неговите сојузници успеаа да направат последните години беа изливи на гнев кон суровото владеење на нивните противници. Е па, луѓето кои ги паметат 1990-те се уште се тука."

Овааа ви го порачува господинот Харалд Шенкер.
Неговата денешна колумна "Моето искрено збогум за македонскиот неуспех" треба да ви биде 'Оче наш" се разбира ако сакате навистина да ја демократизирате Македонија, односно да го урнете тоталитарниот едноумен комуњарски ситем
about an hour ago · Like · 2

Quote:Goran Dimovski

Jordan Petrovski tebe ti treba doktor i lek...
about an hour ago via mobile · Like · 1

Quote:Frosina Remenski

Молам без навреди на мојот ѕид и без дефокусирање од оваа сериозна тема ...
about an hour ago · Like · 2

Quote:Sonja Stevanovic Baldzieva

Spored mene od seto ova proizleguva dlaboko i drsko nepocituvanje na sopstvenata drzava i nesakanje na sopstveniot narod i nepocituvanje na sopstvenoto glasacko telo koe gi donelo na vlast ......so eden zbor predavnici i toa kukavicki na rodot svoj
about an hour ago · Edited · Like
30-08-2013, 01:16 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,686
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Dusko Hristov

Сугестијата не беше во насока за детализирање на содржината (ИСТАТА Е МНОГУ БИТНА И НЕПРИКОСНОВЕНА СО ФОРМУЛАЦИИТЕ, ЗАКЛУЧОЦИТЕ И ПРЕПОРАКИТЕ ...) на потпишаниот Договор, сугестијата беше во насока да пред широките “народни маси“ се упрости и претстави...See More
about an hour ago · Unlike · 1

Quote:Jordan Petrovski

За оние што не ја прочитале колумната на господинот Харалд Шенкер еве им линк за да им дам можност да ја прочитаат бели тогаш ке разберат што пишувам:

Моето искрено збогум за македонскиот неуспех...


about an hour ago · Like · Remove Preview

Quote:Miroslav Shuntov

prof.remenski -nedostizna i nepovtorliva
about an hour ago · Like · 1

Quote:Frosina Remenski

Dusko Hristov потполно ти ја разбирам поентата ...Еден дел од граѓаните го прочитале Уставот и ги разбираат правата и обврските од Уставот, меѓутоа поголем дел од граѓаните ниту сакаат, ниту имаат намера да го читаат. А оние кои се најжестоки критикувачи или бранители на ставот од типот „ништо не признаваме, ова за нас не важи“ или „ништо не е договорено“ повеќе милуваат да слушат интерпретации на Латас, за да разберат што слушнале и што ќе слушнат, или пак веруваат во чесниот збор на Гриевски ...
about an hour ago · Like · 1

Quote:Jordan Petrovski

Моето укажување почитувана Ременска е добронамерно. Добранамерно кога на него се гледа низ призмата на интересите на Македонија. Груевски со овие постапки сам си ја врзува ортомата околу вратот, со секој негов настап праќа прака до ЕУ и САд дека дебело оди пШо паттот на Cлободан Mилошевиќ. Денеска тоа Кабрамов многу убаво го опиша. Проблем на ЕУ и САД е што нема кој да го замени Груевски. На ЕУ и САД им е веке доста од симини се Курто да се качи Мурто. ЕУ и САД бараат конечен раскин со тоталитарниот едноумен систем.

Прате те му вистинска порака на народот ке видите како ке ве разбере.
Господинот Харалд Шенкер увбаво ви вели:

-"Улогата на опозицијата во систем во кој владата очигледно не може да одолее на искушенијата на тоталитаризмот е да биде радикално различна. Наместо како папагал да ги осудува владините решенија, би сакал да видам вистински концепти и идеи ставени пред јавноста. Би сакал да видам вистинска влада во сенка, со вистински иницијативи, наместо политички театар.

Но, во политичкиот простор каде што би требало да има опозиција, нема ништо, бидејќи се друго би подразбирало вистинска и тешка работа. И тоа не е изненадување, кога на крајот, сите овие структури се резултат на ист во суштината фаличен концепт на разбирање на политиката како само една друга манифестација на патронажен систем."
about an hour ago · Edited · Like

Quote:Dusko Hristov

Тоа е ПОЕНТАТА! “Нашироко и надолго“ да му појаснуваш на некого кој утре сабајле брза за на нива (во 3 часот), или оној кој во 22:00 чека леб за 5 денари, не слуша и гледа ништо повеќе и подалеку од тоа што го има, а тој/таа се првите на гласачките кутии ИЛИ да се поправам, нивните имиња се првите заокружени на избирачките списоци при разноразните избори кои беа, и кои ќе бидат..:! Затоа сега сите оние кои и малку и мислат добро на оваа држава треба да стават прст на чело и да го доближат тоа до народот- враќање назад нема... се подотвори капачето на “магловитата - тајновита кутија“ (некои ја викаат Пандорина...), ...има огромен простор, а малку време сето тоа да се случи! После тоа, Цацко не би требало да ни биде крив!
about an hour ago · Like · 1
30-08-2013, 01:20 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,686
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Frosina Remenski

Ве разбирам Јордан на што сакате да ми обрнете внимение во колумната на Шенкер. Со внимание ја прочитав колумната и се согласувам со дел од видувањата на почитуваниот. Но, верувам дека ако се обиде истата да ја напише за во декември ќе мора да промени некои делови кои се однесуваат на опозицијата. Прво затоа што идејата е родена и се претвора во конкретна акција. Впрочем, проблем е што Шенкер и многу други добронамерници не разбираат дека политичката и финансиската поддршка на Груевски (особено последниве 4 години) што му ја даваа создаде фантастични услови за развој на тоталитаризмот, за гушење на граѓанскиот активизам, за медиумски мрак и манипулација на секоја добра/праведна/прогресивна идеја/лик во Македонија. Претпоставувам дека од медиумската цензура и од „реалните извештаи за РМ“, почитуваниот Шенкер ќе може да ги види промените кои нужно следат ...
56 minutes ago · Edited · Like

Quote:Eleonora Mladenova

narodot vide sto se slucuvase , potpisi , dokumenti ne mu se vazni !!!
52 minutes ago · Like

Quote:Goran Remenski

mojot komentar e veke procitan ,,Drzavata toa sum jas, i posle mene moze da ima i potop
45 minutes ago · Like

Quote:Dusko Hristov

Не мислев да продолжам, ама Елеонора “кажа“ нешто што пак ме врати во дискусијава! вели народот виде што се случуваше.... ја малку нанзад 5 дена! Во ек на една од турските серии во саботата навечер... на пола серија се вклучи Премиерот т.е. го вклучија во живо, и Елеонора што виде народот, истото се случи и во неделата...што пак виде народот? Луѓе да се разбудиме малку... еве нешто што можеби некои од вас и веќе го знаат - над 35.000 возила дошле во почетокот на јули во МК и “денес“ со сигурност можеме да кажеме дека истите тие 25.000 излгле од МК, (на печалба) , а во тие 35.000 нека има по 3 лица ...колку луѓе ни се “гости - а се домашни..“ т.е. тие се и на изборните списоци, тие праќаат пари на нас - нивните домашни - родители, сестри браќа ...дали тие разбраа што се случи и што ќе се случи!?
43 minutes ago · Like

Quote:Jordan Petrovski

Не би се сложил со вас почитувана Ременска. Заборавате дека СДСМ имаше подршка од ЕУ. Фуере како да беше член на вашиот извршен одбор. Извештаите кои ги праќаа вашите подржувачи сместени во лажните НВОа ви одеа во полза и тогаш мислевте дека со сокривањето на вашите придонеси за одржување на тоталитаризмот и едноумието, ЕУ и САД нема никогаш да разберат. Во тоа власта на Груевски ви одеше на рака, таа никогаш не го посочуваше и не го посочува тој дел од владеењето на СДСМ, бидејки и тие сакаа и сакаат да го зачуваат едноумниот тоталитарен систем.
Вие премноги се надвате на декември. Во декември верувајте ми, нема да се промени ништа ако не се промените вие како партија. Ако и понатака прекршителите на Уставот се само во редовите на партијата на власт ако злопотребите на полицијата во партиски цели се само во партијата на власт... Ви напишав погоре на ЕУ и САД им е доста од смените Курто со Мурто. Тие бараат промена на СИСТЕМОТ. Промена на систем нема со луѓе кои и денека манипулират со јавноста дека работеле според Уставот, со луѓе кои и денеска се закнануваат дека ке судат без судови, ке судат врз база на извештаи на НВОата кои биле и се дел од мрежата која ја изградил тоталитарниот едноумен систем, за да опстане, за да ја попречи демократизацијата на Македонија.
39 minutes ago · Like

Quote:Dusko Hristov

Јордан, ај малку со отворени карти! Кои НВОи ти се познати од тоа време, кои “ се дел од мрежата која ја изградил тоталитарниот едноумен систем, за да опстане, за да ја попречи демократизацијата на Македонија...“ , ако ми кажеш едно, јас ќе бидам искрен и ќе ти кажам 5 кои се ТЕШКИ “сончогледи“ , а навистина се опишани до колумната на Шенкер! Јас сум од 1997 - повеќе или помалку во тој НВО сектор! Лесно е од таа “дистанца“ на коментар...кажи, питај, па ќе ти кажам!
33 minutes ago · Like · 1
30-08-2013, 01:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,686
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Eleonora Mladenova

vladeackata partija uste ednas parti poraka ne smees da mislis porazlicno od nas ili ne moze nie da ne sme vo pravo ili ako ne mislis kako nas ke si pomines loso ! bese odvratno da se gleda !!!
30 minutes ago · Like

Quote:Jordan Petrovski

Јас не говоран за НВОа троица без дваица. Говорам за НВОа кои имаат углед, реноме.
Хелсиншкиот комитет.
-Дали има еден извештај во кои се споменатти прогоните на Идеолошки и Политички неистомисленици.
-Дали спименал дека во Македонија се објавуваат закони во посебни службени весници што е прекршување на Уставот.
-Дали споменал дека се прислушкувани, следени луѓе без судски налози, што е прекршување на Уставот.

Фондацијата СОРОС. Бара укинување на листрација со формулација:

"Според тоа, органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност наведените прописи како и налозите и ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИТЕ."

Каде гледате во оваа формулација, која за жал ја прифати и Уставниот суд, збор дека органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност со УСТАВОТ.

пс. не говориме за Груевски и сегашната власт. Но да нема недоразбирање, Груевски ја практикува власта исто како што ја практикуваше власта СДСМ во период 1991 -1998 година.
Да ве потсетам:

-Нуставно недоделување на МАНДАТ после првите повеке партиски избори на партијата која освои најмногу пратеници
-Неуставно гласање на бедиверба на експерската влада.
-Неуставна додела на МАНДАТ на СДСМ 1992 година.
-Одлуката на Уставниот суд за пензиите.
Мислам дека е доволно.
14 minutes ago · Like
30-08-2013, 01:22 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,686
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Dusko Hristov

Ако почнам да одговарам на секое посочено или опишано НВО и неговата улога од 1990 до денес, ќе треба голем ферман, НО, едно треба да е јасно! Сите тие кои се посочени (има и други - секако ), биле “сервис - донатори“ на над 98% од мноооогу лица кое се и денес јавни личности од институциите, бизнисот, јавниот живот, креатори на “јавно мислење“, а истите ТИЕ биле “сервис“ на СЕКОЈА ОПОЗИЦИЈА од тогаш до денес. Тоа е и можеби нормало...бидејќи НВОта треба да бидат ГЛАС на НАРОДОТ т.е. да се трудат да подобрат нешто што било вчера лошо, да утре биде подобро.... За прислушкување и следење... БИЛО, ИМА и ЌЕ ИМА! Па зар во земјата каде живееш го нема тоа? За лустрацијата - мислам дека еднаш се “сретнавме“ на една дискусија, ...барањето на СОРОС е сосем опрвадано ( инаку информација...), дали знаеш дека не така мал број на луѓе со охооо дооообри позиции наназад 5 - 8 години, најдоа “чаре“ надвор од МК - заради таа лустрација...причините се јасни, кога ќе се направи разлика помеѓу “кодоши“ и “наредбодаватели“ или пак “вработени“ во службите - тогаш ќе има смисла истатат таа лустрација, и истата не се прави на умрени лица (погледај во Полска и други земји кои ја поминаа таа фаза)...! За темите од изборните резултати - кој на кого, кога и каде и како ...тоа е тема за друг “мегдан“, не бегам од него, но мислам дека во 01:30 (кај нас во МК) не е време! Кога ќе се отвори таа тема - секој просечен (оној кој е тука во Р.Македонија) граѓанин може да каже по нешто.
59 minutes ago ·· Like

Quote:Katica Doneva

opasnost za covestvoto voopsto .....idninata i ''kolektivniot um''
51 minutes ago · Like

Quote:Jordan Petrovski

Хелсиншки, ФООМ или попрепознатливо СОРОС никогаш не биле "СЕВИС" на секоја опозиција.
Јас ви наведов конкретни примери од онаа што Хелсиншки го сокрил, а тоа е дека не известил никого за ПРЕКРШУВАЊАТА на Уствот кои ги правела власта на СДСМ. Да не ги повторувам прекршувањата.

Да разјасниме околу лустрација, јас сум можеби единствениот кој реагирал пред 2005 година за тоа каква лустрација треба да се спроведе. Сум напишал еден куп на текстови со критика за оваа и вакава лустрација. Јас сум посочувал како треба да се спроведе лустрацијата во Македонија. Тоа е лустрација по судски пат. Лустрација каде што жртвите ке имаат можност да ги тужат оние кои им нанеле зло. Со таква лустрација само со неколку процеси ке се стаса до Наредбодавачите, до креаторите на таквиот злостор. Низ судските процеси ке се открие уште еден злостор, а тоа е злосторот сторен врз дел од кодошите, луѓе врз кои "некој" денеска се обидува да ја префрли целата вина за злосторот кој го правела партиската тајна полиција. Голем дел од кодошите , кодошеле заради тоа што биле уценувани, присилувани,...

Проблемот со СОРОС и Хелсиншки е во тоа што тие се обидоа и се обидуваат да попречат лустрација во било каква форма. Затоа укажав каква срамна формулација прифатил Уставниот суд како аргументација за да ја оспори лустрацијата.
Ако таа формулација за Уставниот суд а и за вас не е спорна тогаш и Груевски законите кои ги носи а се неуставни се во ред, нели:

"...... како и налозите и ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИТЕ."

Е сега има една работа за која вие можеби не сте во тек, а тоа е МИСЛЕЊЕТО на Венецијанската комисија од декември минатата година. Тоа мислење го побива онаа што го говорат СОРОС, Хелсиншки а гледам и вие.

Но еве што вели Венецијанска комисија:

КДРМ: „Господине Маркерт, дали Комисијата е свесна дека во периодот кој му следи на Устав на РМ од 1991. год. Службата за Државна Безбедност отпочнала да води околу 4.000 досиеа?“

Томас Маркерт: „Ова е покриено со кажаното во Параграф 26 и 27 и претставува ‘посебни историски и политички услови’ во уставно општество. Комисијата дава Мислење чија што цел не е да даде пресуда, бидејќи не ѝ се познати сите детали. Оттука следи дека Уставен Суд (на Р Македонија) треба да го примени Мислењето земајќи ги в предвид сите податоци.

“КРДМ: „Значи при формирањето на оваа Мислење на Комисијата не ѝ било познато дека Службата за Државна Безбедност на Македонија обработувала лица при што се служела со Правилник за Работа кој бил објавуван во Посебен Службен Весник на РМ достапен само до државните органи (меѓу кои и Уставен Суд), но не и до јавноста? Притоа, при водењето на досијеата биле користени мерки како прискушкување на телекомуникациски направи и следење без обезбедување на судски налози. Дали на Комисијата ѝ е познато дека откатко беа отворени досијеата во 2000. год. Јавното Обвинителство не превзеде никакви мерки во однос на кршењето на човековите и уставни права во однос на овие досијеа? Дали ви е познато дека кривичните дела кои биле сторени во водењето на досијеата биле затсарени уште при самото отворање на досијеата, при што оштетените немале можност да бараат законски лек?“

Томас Маркерт: „Тука би морал да кажам дека доколку Комисијата била запознаена со овие детали тогаш Мислењето би гласело поинаку, бидејќи во тој случај има смисла за лустрација, и покрај тоа што станува збор за период петнаесетина години подоцна. Сепак, сакам да сме на јасно дека ние даваме општи мислења, и се обидуваме да не носиме пресуди.“

КДРМ: „Тогаш да го заокружиме она што го велите: Со оглед на даденото дека СДБ водела досијеа за граѓани на РМ при што се служела со анти-уставни мерки, и земајќи ги в предвид Параграф 26 и 27, дали има смисла за лустрација во Македонија за пероидот кој му следи на 1991. год.?“

Томас Маркерт: „Земајќи го в предвид она што го велите, би рекол дека тоа ја менува сликата.“
24 minutes ago · Like
30-08-2013, 01:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,686
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Dusko Hristov

Избегавме од концептот на дискусијата која ја почна Фросина, свесни дека сите се откажаа или си легнаа... НО, сите наведени факти и информации околу лустрацијата и преписките на споменатите институции за мене (барем во моментов) се недостапни и не сум информиран - затоа не би дискутирал...! Очигледно секој поединец на оваа планета има мака со некакви си политички,религиозни, економски, култирни, социолошки прогони од владеачките гарнитури, што мислам дека е случај и со вас (случајно фатив секвенца од една дискусија со Фрчковски...), затоа нема да носам суд за нешто што секој на свој начин преживеал одреден прогон или намера за дискредитација на личноста од одредени структури во некое си време. Повеќе бев концентриран на некои срамни одлуки и постапки при лустрирање на лица кои биле наредбодавачи или вработени во службите, како и лустрација на починати лица - кои неможат да се бранат и го одбранат својот став пред надлежни институции и инстанци. Има доста и за оваа тема, и секако нема да заврши - како ште еднаш напишав - барем уште 30 па и повеќе години...затоа е илузорно да коментираме во овој момент.
14 hours ago · Like

Quote:Jordan Petrovski

Оваа се што го дискутираме е много повеке поврзано со онаа што го напиша госпоѓа Реемнски одошто ви делува на прв поглед.
За да не лутаме повеке.
Полициско политичкото подземје, онаа кое е вистински владел со Македонија во партијата на Груевски веке одамна на гледа Идеолошки противник, како што беше случајот со партијата во времето на Георгиевски.
Тоа значи дека СДСМ веке ја нема подршката што ја имаше од севкупоното полициски политичко подземје. СДСМ за да се врати на власт мора да влезе во бирка со тие структури.

пс. во врска со Венецијанската комисија за се она што е напишано постои аудио документација.
13 hours ago · Like

Quote:Bobi Krsteski

Ednostavno kazano Ustavot vo nasa Drzava Ne se Pocituva
Za Ovaa Vlast nema Ustav ne Postoi za Niv Nisto !!!!!!!!!!!!!
8 hours ago · Like

Quote:Сашо Пецалевски

Баш ме интересира какво објаснување ке даде Хорхе за ова ( правно- државничко се разбира). Мислам дека ке го збогатиме лексиконот. Или и ова ке е -РАЗУМЕН КОМПРОМИС.
7 hours ago · Like
Ljupcho Pintoski Jas veruvam deka sekoj zdravorazumen i chesen chovek se slozhuva so iznesenoto vo tekstot... No, se nametnuva prashanjeto: shto da se pravi koga za aktuelnata vlast seto toa ne vazhi ?! A, taka ke bide se dodeka ovaa vlast vladee so Makedonija...
6 hours ago · Unlike · 1

Quote:Jordan Petrovski

Пинтовски во твојата констатација:

- "shto da se pravi koga za aktuelnata vlast seto toa ne vazhi ?"

е суштината на проблемот.
Но проблемот за непочитување на договореното не е во власта!! Проблемот е во свеста на нашите политичари а преку нив и во свеста на нашите граќани.
Се обидов да го објаснам тоа во моите предходни мислења и затоа укажувам на тоа дека ако сака опозицијата да стане власт треба таа да го промени своето однесувања, таа треба да покаже дека ке го почитува Уставот ... А граѓаните на Македонија да поверуваат во тоа не треба зботрови туку треба ДЕЛА.
A few seconds ago · Edited · Like
30-08-2013, 03:50 PM
Reply