Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 11 Vote(s) - 3.27 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СРЃАН КЕРИМ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#81


[Image: zurvd1.jpg]

[Image: 2vsrsdu.jpg]
(This post was last modified: 31-05-2011, 09:26 PM by ЈорданПетровски.)
31-05-2011, 09:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#82


[Image: x1eq0n.jpg]
31-05-2011, 09:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#83


[Image: 65z86s.jpg]


[Image: fwn4u9.jpg]


[Image: m7ryhs.jpg]

31-05-2011, 09:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#84

Го ставив делот од текстот од Дневник тука иако е за изборите, мислам дека има повеке врска со текстовите од Фокус одошто со изборите :



Quote:Македонија на 5 јуни ја очекуваат предвремени избори

Шпионите од опозицијата или ВМРО-ДПМНЕ?

Предизборната кампања во Македонија, барем до излегувањето на овој број на ‘Публика’ (последен пред избори, бидејќи следниот излегува на 4 јуни за време на изборен молк) веќе ги надминува сите пристојности, а на виделина излегуваат и валканите руби на водечките политички личности во Македонија.

Најпрво, ‘А1’, телевизиската партија на СДСМ, обелодени фамозни списоци на лица од државната администрација кои треба да обезбедат по 15 луѓе што ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, ако сакаат да останат на работа. Постојаните повикувања од Бихаќска до власта, дека имаме обемна администрација што ни ја јаде економија и дека истата треба да се скастри, очигледно не е доволем аргумент за административците ‘по дифолт’ да го дадат гласот за оние што не сакаат да ги отпуштат! Мораше да се пронајдат списоци со ‘сигурни гласачи’, кои ќе го испијат кафето и ќе го изедат локумот добиен од СДСМ, а потоа по директива ќе го заокружат бројот 5 на изборните листи!

ВМРО-ДПМНЕ, пак, возврати со слични листи што се делат кај луѓето блиски до СДСМ, надградени и проширени со по петмина ‘силни момци’ кои ќе го чуваат ‘мирот’ на избирачките места. Капак на с` е последната информација од Комисијата за утврдување на фактите (т.н. Комисија за лустрација), која утврди дека дури 11 кандидати за пратеници на листите на опозицијата се поранешни соработници на разузнавачките служби!



Слобода за криминалците или пораз на транзициските политичари?


Маските паднаа за овие избори! Опозицијата пука од сите оружја, а сега гледаме и со помош на тајните служби, односно оние истите што му овозможија на СДСМ (тогашен СКМ-ПДП) со изборен пораз да стане власт во Македонија во 1992 година! На 5 јуни, намерата е јасна. Сите показатели велат дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе уште една, овојпат не толку убедлива победа како во 2008 година, но ‘некој’ мора да го обработи теренот, за поразот на опозицијата да биде претворен во победа. Причината е што влогот е огромен! Пораз и нови четири години во опозициските редови ќе значи распарчување на СДСМ и обезличување на актуелниот непринципиелен опозициски брак на Бранко со Љубчо, Љубе и Велија Рамковски. Продолжувањето на престојот на вмровците на Илинденска бб значи и продолжување на ‘одморот’ на Рамковски и неговата тајфа од ‘Пајажина’ во Истражниот затвор во Шутка, а најверојатно и нивно префрлување на место со поубав поглед во скопската населба Идризово. Она, пак, што најмногу боли е очекувањето, по нов пораз на СДСМ да се разбегаат и оние неколкумина олигарси што останаа да ја ‘товат’ оваа државотворна партија со пари, како и активирање на хипотеката во Комерцијална банка. Се разбира, шлагвортот е очекуваното пензионирање на Бранко Црвенковски, нешто што би имало катастрофални последици за цела една петтоколонашка структура, како во бизнисот, така и во здравството, културата... и новинарството, се разбира! Без пастирот, овие овци може да ги загубиме засекогаш, а Македонија не е научена да живее без нивното млеко, затруено со спин-пестициди!

Играјќи против принципот ‘тимот што победува, не се менува’, Груевски на листите за пратеници излезе со речиси 70 отсто нови имиња, предводени од старата гарда: Јанкуловска, Ставревски, Ѓорчев, Милошоски и Тодоров. Оние што се незадоволни од владејачката структура која пет години е на чело на државава, може слободно да изберат да не гласаат за листите на ВМРО-ДПМНЕ. Тука нема такви подметнувања, каков што е случајот со листите на СДСМ и Обединетите на Бошкоски, каде освен за традиционалните партнери од малцински партии, се најде место и за новинари од ‘А1’ телевизија и останатите медиуми на - обвинетиот за тежок криминал - Велија Рамковски, но и за експертутки што работат 24/7 во менувањето на партиски дресови, само со цел да се доберат до некое од 12.500 места што се нудат во третиот ешалон на власта.

Бобан Нонковиќ
(This post was last modified: 01-06-2011, 01:25 AM by ЈорданПетровски.)
01-06-2011, 01:23 AM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#85



Мистериозно повлекување на Мартин Протоѓер



Се осипува групата лојалисти околу премиерот Груевски

Светлана Унковска

Мартин Протоѓер, верна сенка на премиерот Никола Груевски, минатиот петок летна за Хрватска каде што го минува летниот одмор, игнорирајќи ја поканата за состанокот на Централниот комитет и оставајќи му на својот шеф куса оставка на местото генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Позиција, која во услови кога една партија е на власт а нејзиниот лидер го држи премиерското место, е рамна на лидерска позиција.

Така, сосема тивко една од најзначајните фигури во ВМРО-ДПМНЕ со една нога ја напушти групата лојалисти на Груевски каде што по заминувањето на Антонио Милошоски останаа само Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска. Велиме со една нога затоа што Протоѓер, сепак, останува да ја врши функцијата шеф на Кабинетот на премиерот Груевски што, само по себе, е индикатор дека барем засега не може да се говори за судир меѓу нив двајца.

Официјалното објаснување за повлекувањето на Протоѓер се здравствени причини. На негово место е поставен Кирил Божиновски, генерален секретар на Владата. Ваквата одлука е донесена на завчерашната седница на Централниот комитет на партијата, која воедно го избра и новото членство на ИК.

Протоѓер, како што велат извори од партијата, сам побарал од претседателот на партијата, Никола Груевски, да го напушти кормилото на Извршниот комитет веднаш откако неговиот лидер, кој по функција е и претседател на ова партиско тело, објавил дека сака да направи одредени кадровски промени.

Протоѓер останува да ја врши функцијата шеф на Кабинет на премиерот Груевски, а во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот мандат ќе биде само член. Смената во врвот и на членството на партиското тело, кое во наредните четири години ќе брои помалку членови, доаѓа само неколку дена по изборот на новата Влада, но се случува пред да им истече мандатот.

Заминувањето на Протоѓер од оваа позиција, која, всушност, значи десна рака на лидерот на партијата, отвора многу дилеми, но и буди уште повеќе шпекулации. По откажувањето на министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, да продолжи да ја води македонската дипломатија, сега заминува и Протоѓер, двајцата лојални личности од првиот круг на најблиското опкружување на премиерот.

Сепак, во услови кога претседателот на партијата е и претседател на Владата и кога практично нема можности да им се посвети на партиските обврски, целата работа и одговорност паѓа на товар на генералниот секретар. Затоа и повлекувањето на Протоѓер, кој важи за верна сенка на Груевски, но и значајна фигура што досега практично ги влечеше сите конци во партијата, е исклучително чуден потег, а уште повеќе што функцијата му се препушта на личност што во партиската и во политичката сфера е тотален анонимус.

Во ВМРО-ДПМНЕ владее спокојство по оваа безмалку сензационална вест, но дали е вистинско или лажно, е друго прашање. Директорот на партискиот Центар за комуникации, Илија Димовски, не се согласува дека за нив Божиновски е непозната личност.

„Точно е дека јавноста многу малку знае за него, но тој е долго време во партијата и извршува одговорни функции. Воедно тој му е близок соработник и на досегашниот генерален секретар, Протоѓер, но тоа што досега не бил експониран не значи и дека не може да ја врши оваа одговорна партиска функција“, ни изјави Димовски.

И покрај ваквите уверувања, сепак, останува дилемата зошто на ова место не се именувани личности што се многу активни и секогаш се на истурените позиции во партијата. Можеби, понормално ќе се доживее промената ако таму се најдеше Димовски, или, пак, некој од сегашните министри, кои се само членови на Извршниот комитет на владејачката партија. Симптоматично е што тука го нема ниту Влатко Ѓорчев, кој не само што не го перцепираат како одговорен за оваа позиција, туку воопшто не е ниту негов член.

Во ВМРО-ДПМНЕ немаат објаснување зошто Протоѓер не го заврши четиригодишниот мандат како генерален секретар што му припаѓа според партискиот статут, туку се повлече само по три години. Во неговото партиско досие ќе остане зебележано дека беше на чело на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ четири пати и тоа во 2006, 2008, 2009 и во 2011 година и притоа на сите избори партијата однесе триумфална победа.

Новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Во новиот состав, покрај Божиновски како генерален секретар, заедно со Протоѓер, членови ќе бидат Зоран Ставрески, Владимир Пешевски, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Никола Тодоров, Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Илија Димовски, Марјан Ристевски, Коце Трајановски, Ивица Коневски, Александар Николовски, Крсто Муковски, потоа претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Караѓозова, и на Унијата на млади сили, Диме Спасов.

Кој е Божиновски, наследникот на Протоѓер

Новиот генерален секретар на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, е воедно и генерален секретар на Владата. И тој, како и досегашниот висок партиски функционер Мартин Протоѓер, ќе извршува две функции, една во Владата и една партиска. Божиновски е речиси непозната личност во јавноста, но познавачите на состојбите во партијата велат дека тој е личност кој, за разлика од Протогер, одамна е во ВМРО-ДПМНЕ, уште од времето на Љупчо Георгиевски и одлично ги познава состојбите во партијата. Изборот на Божиновски за оваа партиска функција, оценуваат истите извори, е одлично решение не само поради тоа што има партиско искуство, туку и дека има капацитет да се носи со позицијата генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Божиновски, пред да биде именуван за прв човек во Генералниот секретаријат на Владата, од 2007 година работел како раководител на Секторот за меѓународни односи и соработка во Кабинетот на премиерот и тоа заедно со Протоѓер, кому му е близок соработник, но и пријател. Претходно бил советник во Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски, а има работено и во Општина Гази Баба.

Тој е роден на 24 мај 1980 година во Скопје. Дипломира на Правниот факултет и е магистрант на катедрата по меѓународно право и меѓународна политика на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. (Св.У.)



01-08-2011, 07:44 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#86

Керим скрца од УЈП но не и од Јани Макрадули:

Quote:По изнесените закани за тужба за клевета за пратеникот Јани Макрадули од страна на директорот на МПМ- Срџан Ќерим стигнува контра изјава на Јани Макрадули.

Наместо да се заканува со тужби, Керим треба да даде одговори што барал неговиот возач со 750. 000 евра во шише.

- По неколкумесечен молк, очигледно е дека Керим се охрабрил заради заштитата што му ја пружаат државните институции. Тој има задолженија за македонскиот медиумски простор, па затоа наместо да се заканува со тужби, нека им одговори на граѓаните што барал неговиот возач да изнесува 750. 000 евра во ЕУ, вели Макрадули.

http://www.sky.mk/makedonija/4838-%D0%9C...D0%B5.html[/i]
25-10-2011, 06:58 PM
Reply
KRAZISTA
Unregistered

 
#87

Дајте бре.ставете ја темата околу тоа Удбашката убијца Ване Самоилов..и поврзаноста негова со Груица и со Стафан..архиепископот хотелиерски...и онаа зградата што ја лапнаа..на иселениците..и како ги работи бугарашите...Тоае болната реалност во проектот ДПМНЕ..а не овде дасе зборува за величината на Груица..моронот..Уште колк такви како Ванета имаа низ резерватот ЈУжна Бановина,особено низ Малешевијатаа ааа??
31-10-2011, 01:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#88


Quote:КАДЕ СРЃАН КЕРИМ ГО НАУЧИЛ ШВЕРЦЕРСКИОТ ЗАНАЕТ ??????

Петок, 25 Ноември 2011


[Image: branko-kerim.gif]
Бранко му рекол не на Керим


[Image: 1234.gif]
Ало Срѓане где је флаша са новцем ???


Срѓан Керим како долгогодишен припадник и раководител на една од најконтраверзните а воедно и наелитни тајни служби на екс СФРЈ СИД или во превод СЛУЖБА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ И ДОКУМЕНТИРАЊЕ преставуваше една од наелитните тајни служби кои ги имаше СФРЈ , и служба која го контролираше буквално целокупниот еконовско , воено и безбедносен систем на екс СФРЈ. Познато е дека сите тајни служби во светот се финасираат од црниот пазар , поточно од контролиран шверц на акцизни стоки , дрога и оружје. Ваквиот контролиран шверц како и финасискиот бенефит од таквите зделки одел дел за техничко осовременување на службите , дел за подмитување и врбување на агентура , трет дел завршувал во подземјето за исплата на извршителите – егзекуторите кои ги извршувале егзекуциите по нарачка на СИД.
Во емисијата на Наша ТВ „Политико„, на водителското прашање до Љубчо Георгиевски , дали имал тој средба со „табако шверц кралот Цане Суботиќ во Београд„, Георгиевски ќе изнесе дека таа средба била во организација на Срѓан Керим ,а се работело за договор за шверц на цигари?!
Кога се работи веќе за изјава на екс Премиер на држава , и кога тој изнесува факти за Кривични дела кој не застаруваат , е тогаш нејасно е кој е тој што толку многу сака да го заштити Срѓан Керим по секоја цена ?Но кој е всушност Цане СуботиЌ?Суботиќ е еден од кралевите на тутунската мафија , вмешан во голем број матни зделки со времен престој во Лугано Швајцарија.Суботиќ е осуден Р.Србија на 7 годишна казна затвор ,а зад него стојат уште голем број кривични дела за кои еден ден без разлика на неговото нелегално стекнато богаство ќе мора да одговара. Суботиќ е еден од нарачателите на убиството на познат Хрватски новинар и сопственик на весник пред две години.Цане Суботиќ беше долгогодишен припадник на СИД , еден од врвните експерти за сверц во оваа служба во време кога Срѓан Керим раководеше со оваа служба . Во времето на Милошевиќ го достигнува својот зенит во шверцерските води , нарочито послем доваѓањето на Керим во 1993 година во Македонија , во време кога со Хилихоптер на МВР на Црна Гора во Скопје слетуваа полни со вреќи пари за Македонија Табак . Во 1994 година Цане Суботиќ при едно паѓање на пратка на цигари кои се шверцуваа со воз кај Трубарево , ќе се дрзне да испрати рекетари кај тогашниот директор на Царината на РМ Димитар Бузлевски.Вториот пат на испраќање на рекетари во царината се случи само послем месец дена кога повторно во трубарево беше запрен композиција на шверцувана нафта за Србија .Тогаш повторно закани , но директорот на Царина не подлегна на тие закани .Всушност тие дејствија беја доволен сигнал тогашниот Премиер да го отргне Срѓан Керим од политичкиот ангажман во својата влада.
По изјавата на Георгиевски се отвора едно ново поглавје во случајот „Срѓан Керим„, отука не е ништо случајно и на фамозното шише со 750000 евра кое беше пронајдено кај неговиот шофер,случај кој нашите органи го затворија после доста поминато време!Можеби ова најскапо шише во светот било наменето за неговиот соработник Цане Суботиќ да си ја купи својата слобода , или пак се работи за исплата на провизија за некоја добро завршена шверцована работа со подземјето кое од поодамна му е познато на Керим.Секако дека ваквата изјава на екс Премиерот Георгиевски не треба да се премолчи , Керим ќе треба да се повика на одговорност

26-11-2011, 05:13 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#89


Quote:Утрешен "Фокус" открива мега скандал за големиот дипломат?

Вторник, 20 Декември 2011 22:39

Во утрешниот број на весникот "Фокус", под наслов - "Младост", во 1985 открива: Срѓан Керим препишувал -, открива голем број на детали во врска со т.н. легенда дека Керим плагирал.

Како што пишува "Фокус", весникот "Младост", во 1985 година тврди дека работна група на Економскиот факултет во Белград составена од угледни економисти, утврдила дека доцентот д-р. Срѓан Керим препишал дел од својата дисертација, но не покренала постапка за поништување на докторатот. За исто тврдење, за наводен плагијат, Јанко Бачев е на суд за клевета, пишува утрешен "Фокус".



[Image: fokus_20.gif]



Прочитајте ја темата од почеток па ке ви станат многу работи појасни. Пред се за и околу ФОКУС.
21-12-2011, 12:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#90


Quote:Срѓан Керим купи стан за милион и пол долари на Менхетен

[Image: 7043A40DB1A6F44AB5E433D2D7468ABE.jpg]

ЅВЕЗДАН ГЕОРГИЕВСКИ

Интернетот е навистина чудна алатка. При чепкањето по интернет-страниците, во намера да пронајдеме податоци за една сосема друга тема, новински текст за состојбите на пазарите за недвижнини, кој барем засега остана ненапишан, наидовме на една, ај да кажеме, интригантна информација. Имено, на еден од најважните американски сајтови за недвижнини http://www.blockshopper.com, а според многумина најрелевантниот, барем кога се однесува за недвижнините во Њујорк, поточно на неговиот оддел за Менхетен, manhattan.blockshopper.com, на страницата http://manhattan.blockshopper.com/sales/...41b/191541 е објавено дека на 4 ноември во годината која штотуку измина, е продаден апартманот 41 Б, во луксузниот комплекс "Белер апартманс", на престижната 72 улица 524 И. (524 E. 72nd Street) на Менхетен, поточно во квартот Ленокс Хил, а најточно на Ист Ривер. Апарманот е продаден за 1.475.000 долари, а како купувач се јавува извесен Срѓан Керим, додека како продавач извесен Џозеф Феинберг. На сајтот може уште да се види дека доскорешниот сопственик овој апартман го купил пред околу четири години (на 28 јануари 2008 година) за 955.000 долари од корпорацијата "Хејзвинкел".

[Image: 6438DB540A27A143A6796D5DF202E8DB.jpg]

Со оглед на новогодишните празници не бевме во состојба да стапиме во контакт со претседателот на 62-то Генерално собрание на Организацијата на Обединетите Нации и актуелниот прв човек на медиумската корпорација "Медија Принт Македонија", инаку македонска филијала на германскиот WAC, д-р Срѓан Керим за да ни потврди, односно демантира дека тој е сопственикот на овој њујоршки апартман, иако по опсежниот интернет-преглед името, барем онака како што е запишано на сајтот (Srgjan Kerim) не се поврзува за ниту една друга личност, освен за некогашниот македонски министер за надворешни работи.

Но, затоа пак, можат да се најдат интересни податоци и з продавачот. Станува збор за д-р Џозеф Х. Феинберг, еден од водечките американски специјалисти за физиотерапија и спортска хирургија. Покрај големиот број функции што ги обавува, тој е еден од ко-директорите (член на управниот одбор) на Болницата за специјална хирургија, која се наоќа во непосредна близина на "Белар апартманите", а според некои информации тој е и еден од косопствениците на оваа престижна медицинска установа. Ова е интересно и од аспект што "Белер апартманите" во 1988 година ги изградила токму болницата, заедно со инвеститорската компанија "Зекендорф" за своите потреби, но поголем дел од апартманите решила да ги отуѓи.

Интернетот нуди навистина бројни податоци за оваа зграда, како и за самата улица на која таа се наоѓа. Според Википедија, на пример, таа е висока 156 метри (околу 50 катови) и поседува 183 луксузни апартмани. Во оние, пак, специјализирани архитектонски сајтови може да се научи дека зградата поседува сопствен спа-центар (заедно со луксузен базен), фискултурна вежбална, приватен парк, приватни гаражи, детска игрална, сала за баскет, сала за сквош, уметничко студио, билијард сала, медиумска соба со телевизиски флет-панели, џакузи, нинтендо-соба, а во секоја соба е сместен и најсоврмен стерео-ѕид... "Станарите на оваа зграда го имаат тој луксуз да можат повеќе време да поминуваат дома и да уживаат во нејзината понуда" вели Елен Дирац од "Коркоран Саншајн Маркетинг", фирмата која ја менаџира продажбата и се грижи за маркетингот на зградата. "Ние сме горди со деталите што ја подобруваат атмосферата за живеење во оваа зграда, како што е, на пример, секојдневната понуда на континантален доручек за станарите", вели таа. Според магазините што ја опсервирале зградата ("Вог", на пример), спа-центарот е еден од најлуксузните на светот, а детската игрална е оригинално направена за станарите. Не се штедат пофалби и за приватниот парк, кој е "еден од најголемите на Менхетен", особено за неговото "ингениозно питорескно уредување" и "фасцинантната зелена трева". Во зградата има од еднособни до четирисобни резиденции, за кои се вели дека имаат неверојатен поглед на градот и на Ист Ривер. Според податоците од септември, презентирани на блогот "Њујорк Кондо", цените се движат од 730.000 долари за еднособните апартмани, па се' до 1.620.000 долари за оние најлуксузните. Инаку, во зградата свои станови имаат писателката на бестселери Керол Хигинс Кларк, инвеститорот Артур Зекендорф, бизнисменот Марвин С. Трауб, кралот на брзата храна Иван Боски, новинскиот магнат Марвин Р. Шенкен, менаџерот на бејзбол клубот "Кливленд Индијанс" Ману Акта, но и пакистанскиот претседател, вдовецот на Беназир Буто Асиф Али Зардари.


[Image: BD9B4A0A41A49C42880768DF7342B76E.jpg]
Веста дека доктор Срѓан Керим станал сопственик на еден ваков апартман може, како и повеќето работи впрочем, да се толкува двозначно. На пример, како голем успех на еден наш сограѓанин да влезе во клубот на светски успешните менаџери и бизнисмени... А може да се земе и со онаа, овде често истакнувана резерва - од каде му се парите.

Впрочем, доктор Срѓан Керим никогаш не го криел својот афинитет кон животен стил на висока нога. За време на неговото амбасадорување во Германија, беше изградена најскапата македонската амбасада. Кога беше амбасадор во Обединетите нации престојуваше во апартман, каде што месечната кирија, според некои извори, беше 14.000 долари. Како претседател на Генералното собрание на Обединетите нации даваше широк публицитет на неговите средби со светскиот џет-сет (Анџелина Џоли, Ешли Џад, Дерил Хана...). Во тој поглед не е за изненадување да се реши својот вишок во приватниот буџет да го вложи токму во еден ваков менхетенски луксуз.

Од друга страна, за јавноста остануваат неодговорени низа прашања. За почеток она клучното - од каде се парите? Има логика да се постави ова прашање, особено ако се знае дека несудениот македонски претседател поголемиот дел од својата кариера го поминал како државен службеник. Од друга страна, барем јавно не е познато Керим да се занимавал со приватен бизнис. Со други зборови, без оглед што во последните години работи како менаџер во приватна фирма, а со оглед дека поголемиот дел од работниот век примал пари од државна каса, останува нејасно како се заработени парите. Тешко е, имено, да се поверува дека државен службеник (па макар бил врвен дипломат, како што е д-р Керим) може да заработи толку пари од службувањето на државата.

[Image: 1B333A1BADD99244B8AA2DB5D1F2A8A1.jpg]

Втора работа што веста за неговата новопечена недвижност ја прави вонредно интриганта е моментот кога оваа трансакција се случува. Имено, станот е купен во екот на продажбата на компанијата МПМ. Според шпекулациите, МПМ ќе прејде (ако веќе не е прејден) во рацете на Орце Камчев, човекот кој стој зад скопската болница "Систина". Во недостиг на информации, фактот дека станот на Керим му го продава извесен косопственик на њујоршка болница може да развие сериозна фантазија кај македонската јавност, во која ќе се споменуваат провизии, аванти и слични неподопштини.

Но, ајде да кажеме дека ни тоа не е толку битно. Германски WAC го продава македонскиот МПМ, како и повеќето свои филијали во Источна Европа, меѓу другото, затоа што не е задоволен од финансиските резултати што неговите изданија тука ги постигнуваат. Ова незадоволство мошне директно на своја кожа можеа да го почуствуваат новинарите и вработените во МПМ. Фирмата се рационализираше и уште се рационализира, па така дојде до низа отпуштања и прогласувања технолошки вишоци, до згаснување на дописничката мрежа и, воопшто, до една општа рационализација на трошоците. Ваквата позиција на МПМ повторно ја прави неможна трансакцијата на нејзиниот прв човек.

И последно, но секако не најмалку важно, е фактот што контроверзната афера со шишето не доби своја убедлива завршница. Да потсетиме, дури минатата година се разбра дека пред неколку години на српско-унгарската граница во службено возило на МПМ што го управувал личниот возач на Керим било пронајдено пластично шише со 750.000 евра во готово (речиси две третини од вредноста на апартманот на Менхетен). Токму во тоа време Керим престојува во Њујорк, вршејќи ја функцијата Претседател на Генералното Собрание на ОН, во зградата која, нели, се наоѓа на Ист Ривер. Во непосредна близина на новиот стан на докторот.

[Image: 4B651E976AD8FB4E92C4A1DA7417EC6D.jpg]

И, конечно, иако длабоко навлегува во приватниот живот, јавноста ја скокотка и прашањето за потребата д-р Керим да инвестира во недвижнина дури во Њујорк. Значи ли тоа дека по завршувањето на купо-продажбата на МПМ, Керим ќе ја напушти земјата и ќе се пресели во својот омилен град (заедно со Филип Петровски, тогашен амбасадор при ОН, имаа фотографска изложба на тема - убавините на Њујорк). Или, пак, станот ќе го користи како инвестиција, односно за изнајмување, што, исто така, би носело сериозни приходи. Евентуалното преселување ја отвора дилемата за потребата за селење од земјата, но и за амбициите на доктор Керим. На пример како нов Генерален секретар или барем висок службеник токму во Обединетите Нации!

Во некои други времиња би рекле дека одговорите на овие прашања набргу ќе излезат на површина. Сега не го велиме тоа. Некои шишиња остануваат цврсто затворени.
03-01-2012, 01:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#91

Ги почна Керим подготовките за председателските избори во Македонија.



Quote:Филмот „Трето полувреме“ прикажан во Њујорк



[Image: 9C9FACA6306AA045A1D845CB97EAF642.jpg]

Проекцијата, која воедно беше и хуманитарен настан за собирање помош за жртвите на ураганот „Сенди“, ја отвори д-р Срѓан Керим, кој за филмот рече дека е потсетник на потребата да се бориме против злото во луѓето

.Филмот „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, македонскиот кандидат за номинација за „Оскар“, во саботата вечерта беше премиерно прикажан во Њујорк. Проекцијата, која наедно беше и хуманитарен настан за собирање помош за жртвите на ураганот „Сенди“, ја отвори д-р Срѓан Керим, кој за филмот рече дека е потсетник на потребата да се бориме против злото во луѓето. Филмот беше прикажан пред стотина уметници, дипломати и други гости во киносалата на „Трибека гранд хотел“, во центарот на Њујорк во која се одржува познатиот „Трибека филмски фестивал“. Меѓу гостите беа и познатиот македонски научник Горазд Росоклија, амбасадорот на Македонија во ОН, Пајо Авировиќ, и конзулот Звонко Муцунски, директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, актери, луѓе од актерскиот, но и од манекенскиот свет.

„Идејата на Дарко да ја претстави борбата на злото, меѓу најлошиот дел од човечката психа, за едно од најмонструозните злосторства кога било извршени, и љубовта, во рамките на љубовна приказна, е многу интересна. Идејата му е да ја прикаже оваа постојана борба меѓу доброто и злото, за добрата волја, силната волја, љубовта и чувствата да надвладеат на крајот на денот. Тоа е пораката. Но, оваа порака има универзален карактер, бидејќи мораме да бидеме свесни дека злото е секогаш околу нас, со нас и во нас. Како да го спречиме, да го победиме, тоа е прашањето. Сигурен сум дека заедно со мене ќе видиме еден од можните начини за тоа. Тоа е големиот придонес на еден храбар режисер и одличниот тим што тој го собра. Ќе видите дека ние, од Македонија, придонесуваме кон тоа, на јазик што секој од нас може да го разбере“, рече на отворањето д-р Срѓан Керим, кој во обраќањето потсети дека Њујорк неодамна беше посетен од непоканетиот гостин, ураганот наречен „Сенди“.

„Како и сите непоканети гости, таа беше непредвидлива и многу тешка, и предизвика големи штети. По 11 септември, тоа беше нова катастрофа за Њујорк, и траума за сите нас. Луѓето велат дека ураганите се природни катастрофи, но јас не го делам тоа мислење. Сметам дека ’Сенди‘ е зло кое е создадено од човекот. Колку помалку се грижиме за климатските промени, толку повеќе последици ќе има врз нас. Ова е типичен пример како глобалното затоплување влијае врз нашата планета. Тоа беше мој приоритет во Генералното собрание на ОН и така и ќе остане. Ве повикувам да бидеме сојузници, да работиме со сите наши сили да ја зачуваме нашата планета“, потенцираше Керим.

„Оваа е само една од низата проекции што ги организираме додека тече оскаровската кампања за овој филм. Убаво е да се биде тука, најубаво е да си провериш дали емоциите кои функционираат пред домашната публика работат и пред странската публика. Ова е трета американска проекција и ми дава за право да заклучам дека не само што реагираат туку реагираат и погласно. Сето тоа што ’Трето полувреме‘ сака да го пренесе како порака и да го раскаже допира до овие луѓе“, изјави режисерот Дарко Митревски, кој додаде дека следниот чекор за филмот е промоција во киносалите низ Соединетите Американски Држави. Митревски, кој на крајот на проекцијата беше награден со бурен аплауз, објасни како дошол до идејата за „Трето полувреме“, работејќи на документарна серија за македонскиот фудбал.

Пред гледачите, тој зборуваше за својата средба со Нета Коен, врз која е заснован ликот на Ребека Коен од филмот. Истакна дека филмот бил направен во соработка со фондацијата „Шоа“, основана од Стивен Спилберг, која собира видеозаписи од жртвите на холокаустот, меѓу кои снимиле разговор и со Нета Коен.

„Поминав два часа во нејзиниот дом и Нета Коен ми ја раскажа својата приказна. Како се заљубила во сиромашен христијанин - фудбалер, како татко и' не ја одобрил нејзината љубов и како побегнала со него. Семејството се откажало од неа, што на крајот и' го спасило и животот, бидејќи не била на списоците за депортација. На крајот ми покажа црно-бели фотографии, браќата, сестрите, роднините, сите исчезнати во гасните комори во Треблинка. Тоа беше многу емотивна средба. Нета плачеше, ги гушкаше сликите. Единствената фотографија во боја што ми ја покажа беше од нејзините синови, внуци, снаите, големо семејство и се сврти да каже - погледнете што направив, преку мене, мојата крвна рода се спаси“, раскажа режисерот.

Ѕвездата на вечерта, манекенката и актерка во филмот Катарина Ивановска, која ја толкува улогата на Ребека Коен, пак, посочи дека филмот го гледала повеќепати.

„Ова е петти пат и немам толку трема, но имаше многу публика, мои пријатели и се плашев како ќе реагираат. Но, на крај си заминаа со насмевка и мислам дека им се допадна многу филмот“, рече таа по проекцијата.
15-11-2012, 02:34 AM
Reply