Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗА ДА СЕ СРУШИ СИСТЕМОТ А СО НЕГО И ГРУЕВСКИ НА МАКЕДОНИЈА И ТРЕБА НОВА ОПОЗИЦИЈА !!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:Двајца од славните „осумтемина“ завршија неславно во притвор

[Image: 38303AF8F86E694BA769C02CB1B4ED5F.jpg]

Александар Диневски и Слободан Богоевски беа дел од групата „отпадници“ од ерата на социјализмот кои ја најавија демократската пролет во Македонија, а сега се зад решетки

Мегааферата „Шпион“, прва од таков вид во 22-годишната независност на земјава, индиректно како временска машина не' врати на крајот од 80-тите години од минатиот век, кога се создаваше државата и кога во тоа битна улога одиграа и безбедносните структури. Дел од нив во речиси целиот свој работен век беше и Александар Диневски, едниот од групата од 20 осомничени.

Диневски е член и на славниот „октет од МВР“, кој во времето на падот на поранешниот систем ја најави демократската пролет во Македонија, залагајќи се за нејзина самостојност. Уште еден од таа дружина на „отпадници“ од ерата на социјализмот од поодамна е во притвор, но за друго дело. Станува збор за ексразузнавачот Слободан Богоевски. За случувањата во периодот меѓу септември-октомври 1989 година, кога партиските секретари на СКМ во РСВР и' откажаа послушност на централата, многупати е пишувано и дебатирано. Познато е дека тогашниот шеф на Секретаријатот, Јован Трпеновски, донесе решение за суспендирање на осумтемина: Павле Трајанов, Слободан Богоевски, Александар Диневски, Гроздан Цветковски, Беџет Беџети, Јован Чамински, Станое Богев и Миле Илиевски. Сепак, поддршка на осумтемина им дава тогашниот член на Претседателството на СФРЈ, Васил Тупурковски, кој го оквалификува чинот како „брутална политичка репресија“.

Павле Трајанов, кој единствен од осумтемина и' се оддаде на политиката на класичен начин формирајќи своја партија, Демократски сојуз, во многу наврати има кажано дека главната битка за Македонија и како идеја, но и со конкретни чекори потекнувала и се реализирала токму од „осумтемина“ суспендирани од МВР. „Пред и по смртта на Тито, сите странски анализи, меѓу нив и анализите на ЦИА, беа дека Југославија ќе се распадне. Тоа сите го знаеја и се подготвуваа за делба, освен македонските политичари кои не веруваа дека Македонија може да биде независна, самостојна држава. Во тоа време имавме многубројни средби со Љупчо Георгиевски, Борис Змејковски, Драган Богдановски, на кои им дававме цврсти гаранции дека припадниците на републичкиот Секретаријат за внатрешни работи се за прогласување самостојност на Македонија. Идејата за референдум му ја презентиравме на Георгиевски на една средба во домот на Богоевски, но тогаш ВМРО-ДПМНЕ избрза со соопштение за ’Трет Илинден‘, кое наиде на силен отпор кај СКМ-ПДП и Киро Глигоров. Но, во МВР знаевме со сигурност дека Македонија нема да биде спречена да прогласи независност“, ќе изјави Трајанов.

Прв приватен детектив во земјава беше еден од нив, Гроздан Цветковски, а и Александар Диневски последниве години се занимава со таа професија. Повеќе од две декади од демократската пролет, Диневски и Богоевски завршија со лисици на рацете. Првиот е дел од групата за која министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, рече дека оддавала класифицирани податоци и државни тајни на службите на една соседна земја, а вршела и измами и уцени. Вториот, пак, веќе пет месеци е во притвор. Богоевски за случајот „Агент“ е обвинет за фалсификување документи, перење пари и корупција при продажба на државно земјиште.

Притворањето на овие двајца видни разузнавачи неизбежно го отвора прашањето можно ли е борците за демократија така лесно да преминале на страната на криминалот и бездруго докажува дека луѓето кои се занимаваат со оваа професија постојано се движат на работ на бездната.

Тие несомнено важеле за моќни и влијателни луѓе. Поради природата на нивната работа, секогаш биле добро информирани, со широк круг на пријатели, а морало да бидат блиски со политичките структури од различни провиниенции. Тајните служби секогаш обилно се користеле и за политички цели. Упатените во политичко-безбедносното милје се сигурни дека тоа се луѓе кои располагаат со голем број исклучително важни информации. Дали се виновни за делата што се обвинети допрва ќе треба да се докаже на суд. Дотогаш ќе остане дилемата дали луѓето кои биле ангажирани на чување на безбедносниот систем скршнале во спротивен правец за негово уривање.

UTRINSKI



Само зомби можат да поверуваат во тоа дека луѓe кои титалитарниот комунистички систем ги наградил со висоkи функции во тајната полиција, делот на полицијата кој бил најревностен чувар на тоталитаризмот и едноумието ке донесат деократија.
(This post was last modified: 19-09-2013, 01:19 PM by ЈорданПетровски.)
19-09-2013, 01:17 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#22

Насловот на темата е згрешен .Не нова опозиција туку прво треба да се создаде опозиција .СДСМ веќе престана да постои. Станува збор за мртва коњина на тркачка стаза. ДПМНЕ има штабови во секоја општина и месна заедница секое помало населено место кој работат 24 / 365 дена во годината со што не само што РЕАЛНО го покриваат теренот туку и во секое време да бидат распишани избори тие се спремни . Не за џабе Груевски го предизвикува Заев на избори . И утре да бидат распишани тие се спремни .СДСМ е фиктива непостоечка партија чие постоење се сведувана на централата на “Бихачка бб”.Веќе неколку години за сите избори немаат ниту еден изборен штаб а камоли да имаат штабови кој би работеле 24 / 365 со што барем донекаде би му парирале на ДПМНЕ .Целото членство веќе им е комплетно растурено .Да имаа штабови ќе можеа барем да се организираат да видат дека не се препуштени на самите себе каква таква заштита од нападите на ДПМНЕ . Заев неможе ништо да стори .Веќе на првите наредни избори ќе му стане јасно .Човекот е поставен како некој стечаен управник на веќе пропаднатата СДСМ .Само ќе треба да констатира дека мртвата коњина е навистина липшана само немало кој да и каже и да ја изнесе од тркачката стаза .Доволно е самото кажување на Шекеринска дека на следните избори ќе победуеле така што ќе оделе од куќа до куќа како некој Јеховини сведоци онака борба груди у груди со граѓаните да се објанувале и дека ќе биеле битки по интернет па елем даклем така некако ќе победувале ....дрн дрн јариња ...глупости ...нема шанса човече .....јасно е колку е часомеро .Абе ДПМНЕ како што секој може да види има деноноќно отворени партиски изборни штабови 365 дена во годината а имаат и којзне колку платени луѓе по 500 денари дневно да киснат на интернет .А каде се телевизиите , радија , нет портали , весници , државен буџет на располагање ...се што може да се има на располагање да се победи на избори .И затоа не треба да чуди што Ахмети не прифаќа предвремени избори .Со голо око се гледа дека ДПМНЕ нема кој да го порази и тогаш што би смениле предвремени избори .Ама баш ништо .
08-10-2013, 06:52 PM
Reply