Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Kolumni
Author Message
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,136
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#1

Си седам и си мислам на убавото бело Фиќо, што ме потсети на убавото поранешно социјалистичко минато, кое требаше да ги реши сите наши проблеми.
Фиќото е автомобил кое се произведуваше во Југославија, се продаваше во Југославија, и се возеше во Југославија. Беше малечко, економично, сите се возхитувавме на тоа достигнување на Југо-Комунизмот.
Преку дента и ноќта го возевме насекаде, навечер го паркиравме на паркинг, во гаража или пред некоја дрвена ограда. Фиќото доаѓаше во разни бои, но најчеста беше белата боја, како униформата на маршалот.
Тој автомобил беше достапен парично за обичната раја, за тие што беа на повисоко општествено скалило возеа нови Мерцедеси и други автомобили, разбира се, и обичната раја почна подоцна да вози странски автомобили.
Во секоја од шесте републики се правеа различните составни делови за Фиќото, а се составуваше во Србија, сите работевме и се веселевме колку ни беше убаво.
На Фиќото му требаа патишта што ќе не обединанат, нашата младина место книга, држеа лопати во раце. Нашата младина тоа го работеше со мака и пот, правеа Магистрала Братство и Единство, и ги служеа почесните ни гости од ОК на КПМ со магарешки плескавици.
Фиќото не не обединуваше сите, бидејќи не требаше да бидеме материајлисти, туку идејни следбеници, предметот што требаше да не обедини сите беше Маршалот. А Маршалот пиеше виски, пушеше пури и носеше бели свилени ракавици, а ние обичната раја бевме домаќини и пиевме една љута домаќа, пушевме МТ и Партнер произведени од Македонија Табак, од нанижан тутун во Куманово и Прилеп, и носевме сплетени волнени ракавици.
Одевме ние рајата, преку летото со Фиќото на село или на некоја река или некаде другде во Југославија, па и во Грција, кога визниот режим се полиберализира, благодарејќи на мудрата политика на другарот Тито.
Фиќото, како и сите други автомобили што беа произведени во Југославија го работеше пролетерот, бидејќи сите бевме пролетери, и беше наменет за пролетерот.
Како ли беше убаво да си пролетер и секоја зима да спремаш зимница од Ајвар и Туршија, добро подоцна се навикнавме и на поубави работи, но тогаш го снема пролетерот и се јави работникот и газдата-поранешен функционер во Комунистичката партија.
Јадевме Бајадера од Краш, чоколада од Европа и чоколадна крема Агроплод од Ресен, Не бевме капиталисти, го мразевме капитализмот, војувавме против него, конзумиравме наши комунистички производи, слушавме народно, додека од време на време ќе чуевме некоја песна од капиталистичкото ни странство, ние имавме сопствени рок групи Леб и Сол, Бајага, Бело Дугме, Нови Фосили и Лепа Брена….
Но што да се прави, дојде проклет капитализам и сето тоа ни го снема.. Ни го снема прво Фиќото, потоа Заставата, потоа Југото, ни ја снема таа визна либерализација и убавото социјалистичко живеење и убавиот ни животен стандард. Затоа кога си тажен и ти треба утеха, сети се ти на убавото бело Фиќо и на убавата ни Комунистичка Утопија. Само ни остана Камениот Мост, и разните ни каменоломи низ Македонија.
23-03-2010, 02:20 PM
Reply