Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ЗЕМЈА БЕЗ НАРОД!
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#1


Quote:Црна и бела се чума зададоа

Ерол Ризаов

Младата генерација не ја гледа својата иднина во изолирана и сиромашна Македонија

Додека чекаме со децении Европа да стаса во Македонија, нашите деца пораснаа и заминаа во Европа и по белиот свет. Европскиот институт за статистика „Евростат“ деновиве го соопшти главниот резултат на успешноста на политиките во Македонија во изминатите 15 години. Државата ја напуштиле 230.000 претежно млади луѓе. Станува збор само за граѓани кои го регулирале легално својот престој во странство. Може да се претпоставува колкава е вистинската бројка ако се додадат и сите оние што заминале во потрага по подобар живот како бугарски државјани, или работат на црно без потребните документи.

Се' уште ниту една надлежна институција во земјата нема или не смее да соопштува податоци за големата епидемија која драматично го десеткува населението. Новиот цунами талас од печалбари кои бегаат од сиромаштијата трагично ни отсликува до каде стасавме со изградбата на земја на среќни луѓе. Младата генерација не ја гледа својата иднина во Македонија и демне на секој начин како да избега од земјата. Бегството од татковината е единствен излез за спас од безнадежија и мизерија. Пресметајте колкави се шансите за пристоен живот и правото на избор ако над 60 отсто од младите се без работа, ако 52 процента од факултетски образованите не можат да најдат работа, ако 38 отсто од завршените средношколци немаат никаква шанса да дојдат до работно место. Сите тие млади луѓе се заточеници на една неуспешна и трагична политика во време на 22-годишна транзиција. Во првите неколку години кога се раѓаа, проодуваа и почнуваа да одат на училиште овие наши деца беше тоа време на големи надежи и ентузијазам. По тектонските промени и разбирливи тешкотии на стартот на младата самостојна држава, брзо се виде дека се движиме премногу бавно и често во погрешна насока. Во последните 15 години Македонија се дави во сиромаштија, бесперспективност и е на пат на исчезнување.

И црната и белата чума ја пустошат земјата додека ја гледаме лажната слика на големите успеси и достигнувања. И баш би сакал да видам сега кој е тој патриот што може да им рече останете овде туѓото сонце не грее како ова. Работава стаса дотаму дека нашето сонце не ги грее еднакво сите луѓе во татковината ни. Тоа повеќе не изгрева на исток како што беше откако постои светот. Тоа ги огрева само тие што го носат сонцето во џебот втиснато на нивните партиски книшки. Но, кога преголемата љубов кон партиите на власт донесе повеќе книшки отколку работни места, почна големата преселба на македонските народи. Тоа е најголемиот резултат на партиската инфлација. Не е веќе ни тешко ни мачно да се напушта запуштената и изолирана Македонија. Напротив, заминувањето во белиот свет е голема семејна веселба и невидена радост. Нема веќе плачење и тажалки како кога се одело на гурбет. Тоа е резервирано на враќање ако новите печалбари ги откријат тамошните власти дека работеле на црно без неопходните документи. Новата генерација млади луѓе кои заминуваат во странство не е само печалбарска и социјална. Секоја година по неколку илјади млади луѓе со солидно образование стекнато на Запад и на нашите универзитети заминуваат за подобра кариера и подобар живот. Од земјата си одат со радост и вработени кои добиваат далеку подобри понуди на берзата на трудот каде што врват некои други книшки, многу поразлични од партиските. Работодавците таму не ги интересира политичката припадност и нивото на патриотизмот. Го мерат вашето знаење преточено во пари. Ништо друго.

И белата и црната чума еднакво ја косат Македонија. Апелите за раѓање повеќе деца наликуваат на патокази во беспаќе кои означуваат патеки што не постојат. Црната чума ги однесе децата во белиот свет за таму да ги раѓаат идните генерации. Тие веќе не се враќаат на Балканите, освен како туристи на неколку дена за да го видат родното огниште на Кинта Кунте. Апсолутно оправдано, колку и да е тажно.

„Затоа да не бидеме наивни, во историјата важи за нормална појавата одделни народи да исчезнат. Не можат да го пронајдат своето место на овој свет, бегаат во изолација и ги снемува“. Ваквите опомени на историчарите не се епохални и сензационални откритија. Тие се случуваат, тука крај нас. Ниедна бела чума не може да не „донесе“ толку деца како што може да однесе сиромаштијата и бедата по белиот свет. Нема друг излез од демографскиот земјотрес што ја тресе Македонија освен развој и брзо свртување на вистинскиот пат. Европската унија и европското семејство е единствениот излез да се спречи исчезнувањето на Македонија. Само европеизацијата на Македонија и на регионот може да означи крај на опасноста за опстанок на државата и нејзиното распаѓање и исчезнување. Европа има свои големи тешкотии и проблеми, но никогаш досега не им дала таква шанса на преостанатите балкански народи надвор од нејзините граници. Србија, Црна Гора, Косово и Албанија не ја прокоцкаа шансата соочувајќи се со многу непријатни прашања на сопствената јавност. Не е лесно да се голтнат големи крастави жаби, кога тоа не се направи кога беа мали. Единствено Македонија е на добар пат да не проголта ништо и да ја прокоцка историската шанса. Храбри лидери визионери во моментот е најпотребната работа за спас на Македонија. Месецот јуни 2013 година е камен-меѓник од поновата историја на Македонија. Тргнуваме кон Европа или остануваме сами на Балканот.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D7A37...3001DAB816
15-05-2013, 10:52 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#2

Интересни се коментарите на текстото на Ерол Ризаов:

Quote:Трпе, 15.05.2013 00:28:00

Бела чума,црна чума ,чума си е чума кој ке се јунак избере чумата која над Македонија се зададе да истера.Сегашната власт прави туристички шоуа низ светот и сака да донесе заменици на белите и старите чуми.Да бидеш вработен а да живееш ист живот како невработен (социјалец).Само не е во парите и гаволот е влезен а со него никако правдата на виделина да излезе.Актуелната власт се радува на овие на каков таков начин кои излегле од државата и носат пари на најблиските, кога доагат на годишен одмор во родното огниште.

Quote:jovan, 15.05.2013 00:30:55

Vcera napisav eden komentar ovde vo Utrinski okolu iseluvanjeto, deka zaedno so onie koj se na crno i cekaat da reguliraat prestoj, plus onie so Bugarski pasosi, i ako se dodade i toa deka nekoj tamu veke stvorija i potomstvo, moze slobodno da se kaze deka Makedonija za 20setina godini ima izgubeno okolu 700-800iljadi luge.Ke spomenam i nesto drugo(bidejki i jas sum iselenik iako sega sum vo Skopje).Od sekogas znam deka site sto*begale*vo stranstvo, so edna noga i so mislite stalno bile vo Makedonija(porano Yugoslavia).Mislele za ovde, gradele kuki, kupuvale stanovi...itn.Denes se slucuva nesto sto nikogas ne bilo zabelezano.Onie sto begaat gledaat i da prodadat se ovde i nikogas poveke da ne se vratat.Decata ne sakaat ni da cujat da gi ucat Makedonski, iminja se davaat stranski, pa duri i ja mrazat Makedonija.Ne velam deka ovoj broj e golem, no gi ima, i e se pogolem za razlika od pred 20-30-40godini, koga site si go sakaat stariot kraj.Denes ima mnogu koj bukvalno ja mrazat Makedonija

Quote:demokrat, 15.05.2013 00:33:45

Erole, ovaa pojava i odgovara na makedonskata drzava i na cvrsto mislenje sum deka vladata (sekoja do sega) svojata politika ja temeli na 20-30% emigrantstvo kaj mladata populacija. Samo taka Makedonija ke ja popolni dupkata od pregolemiot uvoz vo soodnost so premaliot izvot, taka sto so izvoz na ovaa rabotna sila parametrite vo makedonskata ekonomija doagaat na egal. Dvete milijardi evra na godisno nivo od dijasporata se klucnata injekcija za spas na nasata ekonomija, koja vo slucaj na seknuvanje na ovoj izvor na devizi ke propadne za 24 casa.

Quote:jana, 15.05.2013 00:36:16

Milane,blagodaram! Pozdrav!...Erole, odamna ja chekav ovaa kolumna, za iseluvanjeto na mladite vo stranstvo, bez pari vo dhep, tuku samo so avionskata karta i nekolku partalchinja so niv. E, gospoda od vladata dali nekogash dopre do Vas ovaa informacija.Kade e vashata reklama: Sakajte ja nashata mila Makedonija, ili onaa ;znaenjeto e sila, znaenjeto e mokj. Zaludni vi se tie reklami. Oko ne Vi trepnuva, shto mladite begaat na jabana, pa duri i nishto ne prevzemate. A, znaete da reklamirate- mnogudetno semejstvo, Da prasham- koj ke ragja deca koga mladite ni zaminaa, a sakate zhenite da ja spasuvaat drzhavata. VIE ja zakopavte, a zhenite ke ja spasuvale. Crna, pocrna i najcrna chuma se zadade nad Makedonija, so ovaa ,,patriotska vlada.......

Quote:Crna se cuma zadade, 15.05.2013 00:53:11

Za zal Erole , kaj nas nitu imame hrabri lideri, nitu imame vizioneri koi glkdeaat napred. Nie imame samo gol polulizam i gledanje nazat vo minatoto i vo rekomponirana istorija.,So takov terk nema ni Evropa ni pomaknuvanje napred od ovaj, kako sto ti go narekuvas temen vilaet,Ene Srbija koja e pet pati pogolema od nas , jasno kazuva deka mora da go progolta onaj dogovor so Kosovo, bidejci vo opasnost e opstanokot na nacijata, ama kaj nas na liderite oko ne im trepnuva i ne gldaat deka Makedonija popoleka nalikuva na pustina. edino gi interesiraat nacickanite spomenici na nekoi si nasi izmisleni predci .Nie sme zarobeni vo minatoto Erole , a za takvi licnostinema mesto kon progresot.Crna se cuma zadade, tam dolu Makedonija, e stara pesna , ama mnogu aktuelna za segasnosta. Se mi se cini deka , branejci go imeto i identitetot ovie prerodbenici ce ja izgubat drzavata i makedonskiot narod.

Quote:Epa makedonche, epa pasi!, 15.05.2013 01:03:45

E so ova treba da se zanimava drzavata, a ne da se poistovetuva so DPMNE i zaednichki so site sili protiv SDSM i komunjarite, kako edinstvena cel i edeinstvena rabota. A da, toa se predavnici i vnatreshni neprijateli, koi nemale popametna rabota, pa stvarale makedonska drzava. Zatoa treba da se proterat nadvor od RM, zaedno so onie na koi ne im se dopadja zivotot vo RM organiziran i upravuvan od DPMNE, odnosno, site onie koi poinaku mislat. Oh Boze, koj li ne i kade vodi? Car Samoil slepite, a ovoj deneshniov - slepcite! PS: Erole, temata ti e *top*, a kolumnata perfektna. Bravo!

Quote:Makedonec vo EU, 15.05.2013 01:48:29

Ne e samo procentot. Tie 10% koi se odlevaat, se najinteligentnite, najkreativnite, najobrazovanite (ne vo Prilep so mito) i najprogresivnite mladi lugje. Znaci, prosecniot koeficient na inteligencija vo Makedonija opagja - sto se zabelezuva i po izbornite rezultati. Zagubata e dvojna - Makedonija gi gubi najdobrite lugje, a gi dobivaat drugi drzavi kako gotov proizvod.

Quote:melbourne, 15.05.2013 02:14:29

So godini probuvas da go objasnis ova sto go pisuvas vo ovaa kolumna,no ovaa vlast se plasi od vistinata i na site nacini gleda da te ocrni kako predavnik i neprijatel.Politikata na ovaa vlast e dolgorocna za iseluvanje na narodot od drzavata,zatoa se gradat spomenici,a ne se investira vo skolstvoto i zdravstvoto(zarem ne e taka?).

Quote:meksikanec, 15.05.2013 07:20:30

Nekoja godina pred devedesettite na minatiot vek, niz razgovor analizirajki gi sostojbite so makedonskiot narod,togasniot Direktor na muzejot vo Kicevo, mi raskaza edna mnogu tazna vistina sto vie so vasata prekrasna kolumna ja potvrdivte.Vo poseta na ovaj ubav grad,bil nekoj poznat poet od Australija i odkako so direktorot gi obikolil site znamenitosti na gradot i okolinata mu rekol-Makedonskiot narod e prekrasen.Toj so svoeto dovagjanje vo Australija ne samo sto ja zbogatuva nasata zemja materjalno i brojcano,navogjajki nacin za licna egzistencija,tuku e zbogatuva i nasata kultura.Me raduva toa sto vasiot narod so svoeto dovagjanje ja nosi i vasata prekrasna kultura. Sega koga podetaljno ja zapoznnav Vasata ubava zemja,se vrakam nazad natazen,zatoa sto vasite luge so svoeto dovagjanje nosat se,a ovde ostanuvaat samo grobistata i pepelistata.Nekni,nekoj od Feliksite,ne osudi site sto bevme za razgovori so sosedite, koi treba da gi vodi licno Gruevski so zemjata od kade mu e potekloto.

Quote:Кире, 15.05.2013 07:25:12

Така е! Да го задржиме Бранко! Само тој може да не спаси од чумите. Па нели тој ги создаде.

Quote:Stipjanec, 15.05.2013 07:27:22

Pa Erole, greskata ti e sto ja sporeduvas Nasata Makedonija so Srbija, Kosovo, Crna Gora i Albanija. Zarem ednas ne nauci deka nie sma Bibliska zemja, deca i potomci na Aleksandar i Filip. Koj e toj junak da moze da napravi da ne snema, a pesnata: Koj dusman ke vleze-ziv nema da izleze, treba da ja slusas tri pati dnevno, pred jadenje. Sprema kazuvanjata na ucenite Milenko i Mirka, EU i NATO se iziveana rabota, i ako ne utre, ama posle 150 godini ke nema traga od niv. Ke se pojavat novi sili vo svetot za koi nie ne znaeme, ama imame pametni ceda koi toa go znaat. Erole, Erole, pamet vo glava, i ne ti treba tolkav pesimizam. Svetot ostanuva na Hrabrite, t.e na Patriotite, a Predavnicite ke gi izbrise istorijata ednas za sekogas.

Quote:Тоа е тоа, 15.05.2013 07:33:45

Неодамна имаше и податоци дека за 10 години од околу 250.000 ученици сега има за околу 50.000 помалку. Така што невработеноста, нискиот животен стандард, несигурноста (што ако ја загубам работата тешко се наоѓа нова) си го земаат данокот. Штета е бидејќи Македонија има потенцијали, убава земја, образовани и паметни луѓе, а вакви резултати на крај. Но ништо не се планира со време. Ниту направија гасификација, ниту ги средија патиштата, ниту доволно се мислеше на производство на струја, ниту пак се размислува дека во иднина тешко во сушите ќе имаме што било од земјоделие без современи системи за наводнување. Па во нашата земјоделска и сточарска земја нема на пример ни путер. Животот брзо минува и секој гледа да се снајде некако, бараат работа во странство и најчесто веќе не се враќаат. И уште колку познавам што вадат бугарски пасоши, да не верува човек.

Quote:kole, 15.05.2013 07:33:58

Ете ни ги резултатите на Преродбата во 100 чекори???? Уште кога ќе са прошири и надгради тука никој не ќе остане...............Наздравје Преродба Македонијо, таков ти е изборот.........

Quote:patalec, 15.05.2013 07:43:25

Jas edno znam,lugeto sto otidoa se spasija .a nie povozrasnite sto imame kakva,takva rabota sme stanale tolku apaticni i depresivni da samo gledame denot da projde.Dokolku nemas partiska vmro-vska kniska duri i progresivni idei za rabota ,ne mozes da gi realiziras.Partiskite podanici gi unistija voglavno site pretroijatija.Normalno,mladite toa go gledaat i begaat.Da sum pomlad i jas sigurno bi se trgnal od tuka.Pozdrav do vladata.

Quote:deutschland, 15.05.2013 07:52:49

Erol i denes gi gleda SAMO slabostite vo MK.spomnuva nevrabotenost,iseluvanje,brza smena na imeto NE za da vlezeme vo EU tuku da dobieme pocetok na pregovori(koj neli mozat da traat vecno)!covek sto ja sledi politikata da pisuva takvo nesto e SRAMNO!Premier na Portugalija,glavni politicari od Grcija,Spanija..go povikaa svojot narod ako nemozat da najdat rabota vo sopstvenata zemja-da se iselat!Erol ni veli-se iselile 10% od MK,kolku pak ke se iselat koga ke sme vo EU,30% ili poveke od Makedoncite?gledate sto e MANIPULACIJA,od edna strana Erol pisuva deka bilo loso sto sme se iseluvale i trebalo brzo da si go smenime imeto i dobieme SAMO pocetok na pregovori a koga ke sme vo EU i ke nemame nikakvi precki za iseluvanje brojot na iseleni gragani duplo ili poveke bi se zgolemil a nevrabotenosta ne bi se namalila drasticno.primer imame vo Bugarija,Romanija.Covek koj tolku lesno se otkazuva od imeto na sopstvenata tatkovina,zemja SAMO poradi materialno e ili neuk,kupen,manipulator,predavnik!

Quote:kaznet, 15.05.2013 07:52:52

Феликс, рачна. Ама пази данеја прегрееш. Ајде патриоти објаснете што сака да каже пишувачот на оваа колумна. Мајката муе да извади бугарски пасош и магла, ама изгледа е старечок за таква авантура.

Quote:pile, 15.05.2013 08:20:57

Ako Republika Makedonija, nemora da ja zamisluvame kako kompanija rakovodena i vo sopstvenost od strana na Vladata i familijata a de fakto toa e mnogu vidlivo i od najkratkovidite, posle sedum godini na rakovodenje so kadrovskite resursi ,kade Premier dava strucni nasoki na koja televizija da i se veruva, koga Ustavniot Sud-Ustavno najvisok nezavisen Organ so svoja znacajna i nezamenliva uloga vo socuvuvanje na Ustavniot poredok vo koj ne smee da ima neresitelnost e izlozjen na napadi kako od Pretsedatelot na Vladata- kako najpovikan za menadjiranje na Ustavnoto ureduvanje taka i od timot okolu nego, kade sekoja otstapka od zamislenoto pa makar i vidlivo prikrivanje na borba protiv kriminalot i korupcijata se spravuva so sekoj koj ke prozbori i ke bara aktivna borba protiv demokratskiot porok kako sto bese slucajot so G-din Vane Cvetanov, i .... mozje so denovi da se komparira, i seto toa docekano so reprizen katastrofalen izvestaj na Stejt departmentot na sojuznicite na R.Makedonija

Quote:Oskar, 15.05.2013 08:22:18

Kako roditel na dve deca koi svojata sreka ja pobaraa nadvor od Makedonija smetam deka na ovoj problem treba da mu se posveti po golemo vnimanie i vakvite pritisoci vrz vlasta da stanat sekojdnevni za konecno da se osvesti i da se prinudi na negovo resavanje. Kolku li samo nasi deca ke ostanea vo Makedonija ako vlasta parite od Proektot Skopje 2014 i reklamite za raganje na deca i dr. se vlozea vo stopanstvoto i otvaranje na novi rabotni mesta. Od kontaktite so Katar edina *korist* e izvoz na mladi lugje lekari, domasni pomosnicki. Ova e dupla steta ragaj deca, odgleduvaj, skoluvaj i prakaj gi nadvor vo eden pravec. Dodeka drugite profitiraat od um nie im go poklonuvame!

Quote:mishko, 15.05.2013 082316

Авторот избегна да наведе дека се работи за период од 15 год.односно владеење на ,,патриотите,, но и владеење на неговите пулени.Инаку миграцијата е светски настан во сите земји.Вчера напишав за германските лекари кој мигрираа кон скандинавските земји поради укинатите бенефиции.Потоа за Бугарија која за нецела год влез во ЕУ над 200.000 Бугари ја преплавија ЕУ.Романците исто така.Имаме Грци кој бегаат од кризата.Срби во време на војните во 90-тите над 500.000.Хрватите едвај чекаат влез во ЕУ и над 80% млади ќе се иселат и т.н Тоа судбината на сиромашниот Балкан кој одсекогаш бил и сиромашен и печалалбарски настроен.Да не пишувам на одлив на ,,мозоци,, од развиените земји на ЕУ кон САД.Секој си ја крои сопствената судбина,и секој кој мисли дека надвор од земјата ќе му биде подобро за егзистенција ќе си замине.Без разлика дали е оваа или некоја друга власт,или дали се живее во развиена или неразвиена држава.И на крај сосема се согласувам со г-дин Ризаов околу партиските сончеви книшки.

Quote:Ставрос, 15.05.2013 08:41:26

Во РМ голем проблем претставува вработувањето со партиска подршка на луѓе блиски и лојални на актуелната власт. НО, уште поголем проблем е добивањето на квази дипломи за завршено средно и високо образование. Дури постојат случаеви, некои луѓе без голем труд и напор, со препишани трудови да станат магистри, доктори на науки. Проблемот не е само во добивањето диплома, туку таквите лажни експерти го кочат развојот на Државата и Општеството. Интелигентните, способните, не можат да го трпат ваквиот терор, па поради тоа се принудени спас и решение да бараат во другите Држави, каде што се цени знаењето, трудот и способноста, а не партиската припадност и лигавењето!

Quote:Mirko, 15.05.2013 08:43:44

Nekoj kral vo davno vreme rece - I po mene, potop!

Quote:СМС, 15.05.2013 08:49:53

А КОЈ И КЕ ОСТАНЕ ВО МАКЕДОНИЈА ПОСЛЕ ОВА?! Денеска Министерството за финансии не задолжи за нови 37 милиони евра преку две одделни аукции на шестмесечни и годишни записи. Од министерството успеале да добијат повеќе од првично планираното, односно 36-те милиони евра кои беа најавени. Сепак, веќе утре државата треба да врати околу 57 милиони евра по основ на веќе доспеани записи, односно како што велат од министерството, околу 20 милиони евра ќе бидат вратени во стопанството, што, пак, за нив претставува поддршка за домашното стопанство преку подобрување на ликвидноста. Сепак, треба да се земе во предвид дека само пред една недела, владата не задолжи за 138 милиони евра, а наредниот ден врати „само“ 2 милиони евра. КАДЕ ВОДИ ОВА?

Quote:milan, 15.05.2013 08:54:41

Nasite narodi nekogas peele TUGINATA PUSTA DA OSTANE, deneska ako nekoj ja zapee ili pusti taa pesna ke go smatrat za budala.Pecalbari imalo i porano ama gradele vo MKD.i se vrakale.Sega nikoj ne misli na vrakanje.Postarite velat -neka ide deteto nadvor i neka raboti odkolku da go gledam ovde gladno, zedno i bedno.Segasnata vlast go podobruva iseluvanjeto,ama neka ne zaboravat,eden den i narodnata pesna ke gi opee,bez razlika sto za toa nikoj ne hae. POZDRAV.

Quote:jovan, vlada @, 15.05.2013 09:11:39

Храбри лидери визионери во моментот е најпотребната работа за спас на Македонија. Месецот јуни 2013 година е камен-меѓник од поновата историја на Македонија. Тргнуваме кон Европа или остануваме сами на Балканот-Е да точно почитуван г-дин Ризаов,на Македонија и требаат „храбри“ лидери да направат компромис со Грција нели??Знам дека за тебе демек влезот во ЕУ е приоритет да видиш и да не веруваш и мој врвен приоритет е да ја видам Македонија како член на големото Европско семејство на обединети народи но да знаеш Ероле,за разлика од тебе јас сакам во тоа семејство да влезам со мојот личен идентитет а не со осакатен и наметнат нов идентитет (знам дека сега ќе се јаваткоментаториве у стилот вие ја спроведувате антиквизација и тие муабети и ни менувате идентитет)како некој Северно Македонци со Северно-Македонски осакатен јазички дијалект.Нејќам да влезам во тоа семејство како „копиле“ кое неволно е примено со разно разни уцени па и дека мора да биде Пепелашка во таа „бајка“ 13 прасе.Поздрав

Quote:majka, 15.05.2013 09:30:31

So nostalgija vo dushata, odvoeni od najbliskite, golem broj mladi se pronajdoa sebesi, so veke izgradena kariera i odlichna perspekiva, no za kade sme nie majkite, chii deca bukvalno porasnaa vo tugi zemji. So ednata noga ovde so drugata tamu. Dali mozete da zamislite shto znachi za majka, edinstvenata rozba da ja ostavi tolku daleku, a znae deka e toa za sekogash? Tamu ostanuva dushata,ovde se vakame kako prazni shkolki! No,ipokraj toa, majchinskaa ljubov e tolku golema shto ni dava sila da izdrzime. Da zivee Skype! Gospod da gi chuva nashite trudoljubivi i sposobni sinovi i kerki kade i da se!
15-05-2013, 11:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Додека не се ослободи медиумскиот простор од децата на едноумието, нема демократија во Македонија.
15-05-2013, 06:37 PM
Reply