Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ШУПАЧКИ СТАНДАРД ЗА ШУПАЧКИ НАРОД !!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,686
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Шупачки стандарди за шупачки народ
Posted on Април 30, 2013 by komitamkd


[Image: gvsdsggs.jpg?w=640]

Психијатри делувајте. Ја молам докторскава фела у државава да ни се обедини и под итно да делува пошо состојбава со народов наш напатен станува алармантна. Забегаа луѓево со некои бедни ликови, те Бандинија, те Саваши те пичке материне….Додека државата ни пропаѓа у секое можно поле народов наш гледа турски, индијски серии, го слуша Синан за нова година, свршава на Шабан а пљука по Боки 13. А не контам зашто плукање по Боки? Затоа шо јавно кажа дека ова е најсељачка нација на светов? Па не е чоекот воопшто далеку од вистината. Боки е можеби имбецил но е најоригинелан од сите овие споменативе а башка бе и детето си има некој посебен интелект да си го вози филмот како него му е ќејф. Се облакал Боки ко жена, голем кур. Одма ми доаѓа на очи онаа слика кога магарици кои се мајки, тетки, снаи се облакаа ко Хуремици и чекаа да изберат која од нив најмногу личела на султанката. И да ги изберат и да не ги изберат од бедниот просек нема да излезат освен шо се облекле у турцка мантија. Да не бидам погрешно сватен, јас немам ништо против турската кулутура, историја туку имам против сето она што се инсталира во моево опшетство како стандарт а тој станува се понизок и се понизок. Некад нашите жени со аскер и заптии ги грабеа од чесните македонски куќи и ги носеа како робинки по сараите. Џабе и македонска крвава свадба, џабе Цвета била толку морална женска. Она шо аскерот не успевал да го праи со сила Вучиќ го напраи со евтини сељачки фори. А на сето тоа како база и основа е сиот оној гоманрски шунд кој се продава по дел од ТВ станициве. Многу јасно и многу разбирливо зашто нашиве уметници живеат од тезги, одат по бродој да печалат и почнаа да трчаат полтронски по политичариве. Не ја бидуе бе луѓе. Вие не си ги сакате своите уметници. Вам Сашко ви е интерсен само на денот кога има избор на Златна бубамара. Кога за последен пат сте отишле у театар бе и да ги испоштувате своите актери, своите уметници? Ја избраа Хурем на годината…. Ја мислам дека сега е на ред да го избереме Роко Сифреди на годината… Нема да е ништо поперверзно и забегано од она синоќа…. Башка и генијалецот за забегани емисии ќе може да се изнагледа адекватен материјал аналогно на неговата војаерска нарав да зјапа по дупиња и цициња..
Станавме црна дупка на Балканот. Нешто поарно од Харис Џиновиќ и Џеј нема да дочекаме да ни дојде у државава. Ми се враќа филмот назат кога пред неколку години у Скопје се напуни цел стадион за онаа циганката Касандра и нејзинион фрлач со ножеви Ранду. На истото тоа Скопје му беше скупа картата за Јamiroquai,многу му се 500 денари да изгледаат врвен фудбалски натпревар, многу му биле да фрли 100-200 денари за театарска претстава и за саат ипол саглам смеење наместо пеглање гс и тупење виуги со евтини турски, индијски, шпански серии. Народецов наш си сака, си поштуе шунд и тоа шо сељаци ко Вучиќ товараат брда пари на тој шунд е доволен доказ за сето тоа. Во песните на некои наши Хип Хоп изведувачи се цензурираат некои зборови. Зборот пичка…педер….курва….дупење…свршавање и слично не смеат да идат у етер. Но целата останата перверзија и бљувотина може секако. ТВ шоу претстави во кои пропаднати психички створења и неморални курветини покажуваат голи дупиња у термин кога децата треба да си легнат и да изгледаат цртан филм врват. Наместо овие дрољиве со кои се потсмеваат и со кои штанцаат пари да ги испратат у некоја установа и да им понудат помош тие се дворски шутеви на овој народ. Лудаци прават претстави за лудаци. Лудаците се задоволни, лудаците ракоплескаат и ги полнат арените. Јебига, мене далек ќе ми е патот до Софија, до Белград да ги гледам Рамштајн, Металика, Депешмоуд и слични. Далек ќе ми е тој пат чунки арениве у нашава држава се зафатени со пропаднати и разнебитени створења. Се што му е сервирано на овој народ лесно си изголта и се појќе ќе голта. После се прашуваме зашо толку лесно не возат? Е ќе не возат бе батиња и тоа како. Утре на плоштад споменик на Хурем да дигнат не ме чуди пола народ да оди и да се поклони на истиот.
Пред неколку години се прашував дали има нешто поотровно од турбо-фолкот кој се инсталира како музички правец? Одговорот го гледам деновиве. Сите колективно се удавија во нискиот шупачки стандарт. Мене ми преостанува да серам и понатаму на белиот лист хартија и да трпам критики дека сум безобразен пишувач и дека имам гнасен речник. И тоа е дел од оваа проклетија која не надјасала. Бар да се воочеше безобраштината и гнасотијата на правото место. Бар да ги отворевме очите и ушите и да видевме што тоа гледаме …што тоа слушаме…

Приказни од булеварот





Шундот, наречен ТУРБОФОЛК кој беше употребуван за одвелкување на вниманието на граѓаните од вистинските проблеми беше креација на тоаталитарниот систем представен во тоа време преку Милошевиќ.
Телевизиите кои во Mакедонија го емитуваат шундот се телевизии кои добиваат најмногу пари од власта ....
01-05-2013, 04:00 PM
Reply