Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БЕЗАКОНИЕТО НА ВЛАСТА ПРОДУЦИРА РЕВОЛТ НА ГРАЃАНИТЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1








Ако полицијата го спровела решението за стопирање на градежните работи ке немало вакво рушење на оградата. Дали оваа ке биде опомена за власта, првин таа да почне да го почитува законот за да не предизвика посериозни инциденти. А почитувањето на законот власта може да го покаже ако поднесе кривични пријави против оние кои не го почитувале решението за стопирање на градбата, сечењето на дрвата.
25-04-2013, 07:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2









26-04-2013, 11:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на својот ФБ профил ја постирала оваа фото-монтажа со градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски со наслов: Првиот работен ден на новиот градоначалник на општина Центар.


[Image: gordana-jankuloska-fb-profil.jpg]

[Image: andrej-zernovski-kaj-jankuloska.jpg]
27-04-2013, 04:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote: Andrej Zernovski

Отсекогаш сум сакал ДУХОВИТИ минист(е)р(к)и, без разлика колку им се СЕРИОЗНИ функциите. Само, никако да си напишат на својот ФБ профил кој ги издаде личните карти на "гласачите" од Пустец. Бидејќи, "согласно Уставот и законите", за тоа се одговара...
27-04-2013, 04:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Центар – „Окупација“ и „отпор“
Недела, Април, 28, 2013

Општината Центар и директно влезе во центар. На вниманието на јавноста. Откако новиот градоначалник Андреј Жерновски најави стопирање на проектот „Скопје 2014“ и негова детална ревизија, владата одгoвори со задоцнет отчет, со сечење дрва на градежни локации и со закани од „градежни компании“ дека ќе ја тужат општината ако ги стoпира започнатите работи…

Се започна со поставувањето на над десетина споменици во општината, ноќта по сопштувањето на резултатите од вториот круг на изборите за општина Центар (07.04.), иако тогаш се уште не се знаеше дали ќе има и трет круг, односно прегласување на голем дел од избирачките места. И во вториот и при прегласувањата, победи лидерот на ЛДП и член на опозициската коалиција, Андреј Жерновски.

[Image: Vasil-Cakalar-300x194.jpg]
Еден од спомениците поставени ноќта по вториот круг од изборите

Овој потег на Владата, на Градот и на Општина Центар, укажа на фактот дека тие или знаеле или претпоставувале оти Жерновски ќе преземе чекори со кои времено ќе го сопре проектот „Скопје 2014“, па „на врат на нос“ поставија 13 дополнителни споменици во центарот на главниот град, вредни неколку милиони евра.

По прегласувањето што заврши пред седум дена, настана политички земјотрес меѓу актерите на политичката сцена.

Ден по победата и најавата на Жерновски дека ќе нареди детална ревизија на проектот, следеше долга прес- конференција за отчет за проектот. Прва од тој тип, на која беа соопштени сумирани бројки за потрошените пари во центарот на Скопје во изминатите 4 години – 208 милиони евра, плус десетици и десетици кои не припаѓале на проектот, а во централното градско подрачје ги троши владината служба за општи и заеднички работи.

Настрадаа дрвја во три по полноќ

Откако оваа наменска прес-конференција на министерската за култура и на доскорешниот градоначалник на Центар не ги постигна резултатите, па бројни медиуми, дури и оние блиски до власта ги потенцира огромните суми во насловите на информациите, следеше реприза на прес-конференцијата во ударен термин на државната телевизија, со истовремено соопштение од ВМРО- ДПМНЕ со квалификации за новиот градоначалник на Центар. Во соопштението на владејачката партија освен навреди за Жерновски, следеше и предупредување до граѓаните дека застојот на договорите со инвеститорите ќе повлечат пенали, пари што ќе ги плаќаат граѓаните на Центар.

Но, првите пенали ги платија старите дрвја спроти хотелот „Бристол“ , каде што власта предвидела изградба на две административни згради и една катна гаража.



[Image: Iseceni-drva-300x168.jpg][Image: iseceni-drva-1-300x168.jpg]
Исечени дрвја спроти хотел „Бристол“ во 03 ч. по полноќ

Најпрво група граѓани (според некои тврдења организирани од опозициските СДСМ и ЛДП) ја урнаа оградата на градилиштето, изразувајќи несогласување со изградбата на објектите. Другата страна во очигледна намера да покаже „кој е посилен“, во три по полноќ изведе акција на сечење на дрвјата со асистенција на полицијата, правдајќи го тоа со барање на инвеститорот. Тоа се случуваше пред два дена, кога Жерновски соопшти дека нема ингеренции врз локациите за административните објекти, но има врз просторот каде што треба да се гради катната гаража во барокен стил. Тој оцени дека е скандалозно што фирмата што ќе ја гради катната гаража, земјиштето на јавно надавање го купила за само стотина евра по квадратен метар, наспроти 500-те евра за метар квадратен во подалечна локација во Центар, кај трговскиот комплекс „Веро“ спроти Народната банка на РМ.

На ваквата изјава викендов следуваше уште еден бран концентрирни напади врз новиот градоначалник, кои беа на насловните страници на провладиите медиуми. Најпрво Жерновски беше обвинет дека заедно со претходниот градоначалник на Скопје и негов сопартиец Ристо Пенов ја враќале градежната мафија во Центар, бидејќи со стопирање на инвестициите никој веќе немало да сака да учествува во јавни надавања, туку ќе се договарале со општината во четири очи. Потоа следуваше предупредување од „градежниот бизнис“, кое веќе беше најавено два -три дена порано во соопштение од ВМРО ДПМНЕ.

Војуваат и преку Фејсбук

Неименувани извори од градежната компанија „Бетон“, преку провладините медиуми со тужби му се заканија на Жерновски, односно на општина Центар, ако ги стопира проектите што се во тек. Истовремено, градоначалникот беше обвинет од здружението на бранителите „Бедем“ за „талибанство“ и доби закана дека ќе се соочи со нив ако се обиде да ги руши или преместува спомениците, особено оние на бранителите. Овој впечаток беше засилен со став на фејсбук профилот на министерката за внатрешни работи, која објави фотомонтажа од Жерновски качен врз багер. Како коментар министерката наведе дека во недостиг на проекти, новиот градоначалник покажува дека не ги познава ни законите и надлежностите.
gordana-jankuloska-fb-profil - zernovski na bager

[Image: gordana-jankuloska-fb-profil-zernovski-n...00x171.jpg]
Фотомонтажа поставена на Фејсбук на страницата на актуелната министерка за внатрешни работи

На тоа доби одговор од Жерновски, исто така на неговиот профил на фејсбук. „Отсекогаш сум сакал ДУХОВИТИ минист(е)р(к)и, без разлика колку им се СЕРИОЗНИ функциите. Само, никако да си напишат на својот ФБ профил кој ги издаде личните карти на “гласачите” од Пустец. Бидејќи, “согласно Уставот и законите”, за тоа се одговара…“, одговори Жерновски.

Овие жестоки кавги и препукувања се случуваат во иста недела кога речиси дведеценискиот лидер на главната опозициска партија СДСМ Бранко Црвенковски најави заминување од кормилото на партијата и кога неколку амабасадори во Скопје (американскиот, британскиот и на ЕУ), упатија предупредување до државниот врв, дека Македонија е на потег да преземе чекори, доколку сака да се надева на датум за преговори во јуни годинава. Еден од првите чекори што го очекуваат, е формирањето Комисија што ќе треба да ги испита околностите за настаните од 24 декември минатата година, во согласност со обврските што произлегуваат од меѓупартискиот договор постигнат на 1 март.

Т.Б.

JAVNOST
28-04-2013, 11:35 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

[Image: centarmasakar680x961.jpg]
29-04-2013, 11:19 AM
Reply