Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 7 Vote(s) - 2.43 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДА, ЗА ЗБОГУМ ГРУЈО...АМА НЕ, ЗА ДОБРОДОЈДЕ БРАНКО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,145
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Оваа карикатура најубаво ја илустрира ситуацијата во Македонија. Бранко ни нуди да не спаси од Грујо ама погледнете каде не води.


[Image: 69187_167551556595380_100000216101379_61...7325_n.jpg]
13-10-2010, 04:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,145
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:Stojance Ilievski :

Хмммм. Групација дисиденти, сакаш да кажеш дека Либералите раководат и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ, односно дека ке влезат во коалиција со поголема политичка партија и одма прават производи како што милувате да кажете од типот на Бранко и од Ти...пот на Груевски. Еххххх хахахахахахахаххахахахахаха, убаво ме изнасмеавте групација дисиденти морам да признаам, посебно делот со ,,сијамски близнаци'' аххххххх. Кога веќе правиме муабет за научна фантастика можеме да отвориме тема за 2012 години она според филмот малку да го коментираме. Во делот на политиката според Вас, не чини СДСМ, не чини ВМРО-ДПМНЕ, не чини ЛИБЕРАЛНА, не чини ВМРО-НП, не чинат партиите на Албанскиот блок, не чини никој, ајде со ова ке се сложам но само ако ми кажете кој е тогаш правиот човек и правата политичка партија, каде да го бараме ,,месијата''?




Quote:Групација Дисиденти:


Јас многу убаво и прецизно се изразив го ПОДРЖАВТЕ. Вашата подршка 1991година, вашата подршка 1992 година, вашата подршка 1994 година беше реална и вистинита(не се секјвам дали бевте заедно 02-06). Вашата подршка сега. А ако подржувате неко...го значи се слагате со него.

За да го пронајдеме "месијата" треба првин да си го почитуваме зборот. Кога ке си го почитуваме зборот се ке биде лесно, ке пронајдеме еден куп "месии".

Да го појаснам погоре напишаното.
Велите дека сте против криминалот а се здружувате со човек кој го овозможи најголемиот криминал.
Велите сте за демократиаја а се здружувате со најголемиот "злосторник" во овие дваесет години.
Велите сте за единставо а се здручувате со човек кој донесе уредба за прогон на идеолошки и политички неистомисленици. Тука е проблемот вие едно зборувате ама друго сакате. мислите дека со гола реторика ке ги покриете неделат.

Посочете ми ја разликата помеѓу Груевски и Црвенковски.



Quote:Stojance Ilievski:


Групација дисиденти, моето име не е множина, моето име е еднина (поединец) во овој случај на коментарот и сакам да ме третирате како поединец кога искажувам став. Поради тоа можете да отстапите од ,,велите, подржувате и тн.. на крај неможе ...да стане подршка од моја страна со оглед на моите години во тоа време Icon_razzIcon_razzIcon_razzIcon_razzIcon_razzIcon_razz Нема врска, да преминам на главното. Мојот став не е воопшто гола реторика туку е прашање. Ги следам вашите коментари и ги поздравувам затоа што имате право на свое мислење и го изразувате за разлика од некој кои тоа не го прават, но, кој е ,,месијата'' која политичка партија е правата? Имате ли решение? предлог? Како што имате став и текст за сите прашања од минатото до денес па и иднината сигурно имате и за моето прашање. Сакам да ве слушнам?



Quote:Групација Дисиденти:

Јас полемизирам со ставовите на партија која ја подржувате и се обидувате да ја одбраните. Затоа се обракјам во множина.
Велите сте биле млад ама денеска вие му даватае подршка на вашето раководство да го подржува Црвенковски.

Појасно од ова...а здравје. "За да го пронајдеме "месијата" треба првин да си го почитуваме зборот. Кога ке си го почитуваме зборот се ке биде лесно, ке пронајдеме еден куп "месии".'

Критеријумите кои ке биде месија во нормален и демократски свет ги поставуваат гласачите. Ние како ГРУПАЦИЈА на ДИСИДЕНТИ ВЕТЕРАНИ се обидуваме да помогнеме колку можеме во градење на критеријумите за "месијата". Ние неможеме да наметнеме никого бидејки не планираме државен удар.



Quote:Stojance Ilievski:

Според мене ЛП е повеќе од партија од причина што демократијата е на највисоко ниво. Нивото е до толку што можам јавно да кажам дека тоа и тоа ми се допаѓа кај Груевски или кај Црвенковски или кај други политички партии, или пак да кажам шт...о не ми се допаѓа во ЛП и притоа никој да не ми замери и да ме етикетира од нашите или од другите. Мислам дека ме разбирате. Моето размислување е многу поинакво од Вашето и се базира на ,,проблем + предлог за решавање = решение во полза на сите'' Незнам дали забележавте дека во дел со вашите коментари во кои јавно повикувате на демократија и расчистување со минатото се сложувам како и во дел не се сложувам каде што има нелогични работи. ( Груица мали е само Ваш производ . Ваш сијамски близнак.) или пак (Вие го одржувате Црвенковски во живот). ова тука ми личи на научно фантастичен филм. Наметнувањето според мене не е државен удар но ете доколку неќете да наметнете тогаш едноставно предложете да слушнам ваш став. Верувајте сакам да го слушнам вашиот став безразлика што може да е спротивен во крајност.
(This post was last modified: 14-10-2010, 12:03 AM by ЈорданПетровски.)
14-10-2010, 12:01 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,145
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Quote:Ivon Velichkovski:

Жалам што покасно ја проследив груевистичката апологија на Групацијата Дисидент, но тоа не значи дека не ме орасположи, впрочем со Вашите коментари ми го одржувате расположението веќе подолго време.
Едноставно, кога гледам како лавирате во ...ставовите по различни колумни, гледам како ДПМНЕ се прпелка во обид да се амнестира од своите грешки. За потсетување, споредете си го овој со коментарот по минатата колумна. За разлика од Вашиот профил, овде коментарите не се бришат, ниту блокираат (освен ако не се дуплираат или се непристојни).
П.С. Не се мачете - квази-дисидентство овде не проаѓа.




Quote:Групација Дисиденти:

За се можете да ја обвините ГРУПАЦИЈАТА на ДИСИДДЕНТИ ВЕТЕРАНИ па и за тоа што на месечината нема живот но обвинувањето за груевистичката апологија е само обид на очајничк кој занае дека за заслепените бранкови подржувачи е доволно да неко...го обините за Грујовист и тие натака да не го читаат текстот.
Ве упатив да го читате нашиот сајт: http://www.kotle.ca/ посебно колумните за ваше добро. Ако го прифатевте мојот добронамерен совет немаше да се обидувате со манипулација за наш наводен ГРУЕВИЗАМ да се спасувате од вашата отворена подршка на Бранко Црвенковски и се она што е врзано со ликот и делото на Бранче наркомаче + србоманче. Еве дел од истата колумна со наша подршка за Груевски:

" За да се осигураат налогодавачите дека раката на правдата нема да стаса до нив, тие за да го спроведе законот за лустрација избраа самобендисан шутрак, кој за да ја покаже самобендисаноста се обидел како глумец, балетан, боксер и никаде не успеал. Обично таквите нарциси ги ангажира србокомунистичката тајна полиција. Дали овој нашиов шутрак е ангажиран од нив не сум 102% сигурен, ама н еми се верува дека е случајност одењето во политика на таков нарцис и времето кога е влезен во политиката.
Но, налогодавачите не би биле налогодавачи и во Караѓорѓево и во Титово и во Кирово време ако не биле претпазливи, па затоа донесоа и закон дека лустрација ќе нема по 1991 година. Наводно, 1991 година е избран демократ над демократите и донесен е демократски устав над уставите."

Да ја прочитате целата можете тука: http://www.forum.kotle.ca/showthread.php...7#pid19117 , нормално ако ви дозволуваат ва партијата да читате Македонкски сајт кој отворено и без влакна на јазикот зборува за Македонското Вчера, Денес, Утре:

пс. ние за да ги зачуваме дискусиите ги пренесуваме на нашиот форум, бидете без гајле. Вакви бисери на антимакедозмот коков што е подршката на нападот на "Участокот" на вашиот политички гуру Бранко Црвенковски мора да останат трајно зачувани.

ппс.Господине Величковкси нашево ДИСИДЕНСТВО е признаено и верифицирано во земјите со највисок дострел на ДЕМОКРАТИЈАТА: САД, КАНАДА ШВАЈЦАРИЈА. Вашето потсмевање со одлуките на тие држави јасно укажува колку вие навистина сакате ДЕМОКРАТИЈА во Македонија.
14-10-2010, 12:02 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,145
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

Quote:Ivon Velichkovski:

‎1. Многу зборови, малку содржина. Остварувате, нема што
2. Јас мојата борба за демократија ја водам во - Македонија.
3. Драго ми е што водите архива на сајтот, само наскоро и неа да не ја избришете?
Надвор од дискусијата: Кога сме кај Вашио...т сајт, дел од неговите содржини се подведени под точка 1, а останатите, кога не се полни со емотивен набој или не се преземени од други српски/хрватски таблоидно-конспиративни сајтови - едноставно се невидливи за читателот поради текстовите што претходно ги опишав. Ова се импресии од мојата посета на Вашиот сајт, па добронамерен совет е да ги скратите речениците и да ги засновате ставовите на поширок круг медиуми/извори од РМ и регионот.


Quote:Групација Дисиденти:

Баш заради тоа што вие водите борба во Македонија за Македонија има се повеке Македонци кои бегаат од Македонија. Благодарејки на вашата борба, Македонија остана последен бастион на КОМУНИЗМОТ и е прогласена за недемократска држава. Држава ...од која има политички азиланти со признаен статус во 21 век..
Колку и да сакате да го забошотите тој факт нема да успеете. На граѓаните во Македонија им е секој ден се појасно дека вие сте пречката за демократизација на Македонија. Вие зборувате за демократија , за човековите права а немате буквално поим што значат тие на дело. Треба да сте свесни на една работа, со добивањето на политички азил државата која ни го дава се обврзува да не штити. Значи се до моментот додека ние не почнеме слободно да доаѓаме во Македонија, Македонија ке биде третирана за НЕДЕМОКРАТСКА.

Сајтот и колумните ги коментираат тие што наводно сајтот не го читаат.
14-10-2010, 12:54 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,145
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

(14-10-2010, 12:54 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Ivon Velichkovski:

‎1. Многу зборови, малку содржина. Остварувате, нема што
2. Јас мојата борба за демократија ја водам во - Македонија.
3. Драго ми е што водите архива на сајтот, само наскоро и неа да не ја избришете?
Надвор од дискусијата: Кога сме кај Вашио...т сајт, дел од неговите содржини се подведени под точка 1, а останатите, кога не се полни со емотивен набој или не се преземени од други српски/хрватски таблоидно-конспиративни сајтови - едноставно се невидливи за читателот поради текстовите што претходно ги опишав. Ова се импресии од мојата посета на Вашиот сајт, па добронамерен совет е да ги скратите речениците и да ги засновате ставовите на поширок круг медиуми/извори од РМ и регионот.


Quote:Групација Дисиденти:

Баш заради тоа што вие водите борба во Македонија за Македонија има се повеке Македонци кои бегаат од Македонија. Благодарејки на вашата борба, Македонија остана последен бастион на КОМУНИЗМОТ и е прогласена за недемократска држава. Држава ...од која има политички азиланти со признаен статус во 21 век..
Колку и да сакате да го забошотите тој факт нема да успеете. На граѓаните во Македонија им е секој ден се појасно дека вие сте пречката за демократизација на Македонија. Вие зборувате за демократија , за човековите права а немате буквално поим што значат тие на дело. Треба да сте свесни на една работа, со добивањето на политички азил државата која ни го дава се обврзува да не штити. Значи се до моментот додека ние не почнеме слободно да доаѓаме во Македонија, Македонија ке биде третирана за НЕДЕМОКРАТСКА.

Сајтот и колумните ги коментираат тие што наводно сајтот не го читаат.


Quote:Групација Дисиденти:

Прашањево за избришани дискусии го издвоив и ке ве замолам за да ми посочите кои дискусии се избришани од наша страна.
14-10-2010, 02:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,145
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

Quote:Ivon Velichkovski:

Ја блокиравте дискусијата за приватизацијата/лустрацијата - нека Ви служи на „демократската“ чест. Или и за ова Ви е крив Бранко?


Quote:Групација Дисиденти:


Еволуитравте господине Величковски од бришењее на дискусии сега зборувате за блокирање на дискусии. Дискусијата на темата за приватизацијата е прекината бидејки останавте "должен" одговор на следновто:

Quote:Групација Дисиденти:

За да проверите ко...ј нема вистински информации, нека ви каже господин Андов на 08 јануари 1991 година ден недела и БОЖИК, кај КОГО беше во ТИТО ВЕЛЕС, со КОГО беше и ЗОШТО беше

А ако сте подготвени да го дадете одговорот на последното прашање, можеме да продолжиме тука:

http://www.forum.kotle.ca/showthread.php?tid=588&page=2

И на темата за лустрација застанавме по ваша желба:


Quote:Ivon Velichkovski:

Очигледно оваа тема треба да ја поврзете со лустрацијата.
Па да видиме кои „патриотски“ владини и политички функционери воопшто беа задолжени да овозможат пуч на ЈНА во СРМ на пример? Конечно, многу „политички затвореници“ и „дисиденти“ не...како се покажаа одлични соработници на службата, па дури и се закитија со високи политички функции.


Quote:Групација Дисиденти:

Сугестијата господине Величковски ви е на место и овој дел ке го префрлам на дискусијата врзана за лустрацијата.
Проблемот што нема лустрација после 1991 година е причината што ке се открие целата мречата на соработници на СРПСКИТЕ служби....
Борбата за зачувување на Југославија заврши со паѓањето на Анте Маковиќ и апсењето на генерал Ваиљевиќ и неговите соработници Радојчиќ и др...во Македонија тоа концидира со паѓањето на "експертската влада", која беше создадена по налог на творцитер на "ОПЕРА". Во генералската екипа "представник" на Македонија беше генерал Туманов.
Господин Андов треба да го отвори срцето и да каже, прво за неговите врски со Анте Марковиќ па потоа по чија препорака во владата на Анте Марковиќ влегоа Камбовски, Керим, се шпекулира за Борис Стојменов кој наводно бил заменик министер и кој го препорача Глигоров за советник и изработувач со Андов на програмата за приватизација.
За да ги разјасниме сите нејаснотии ке одиме дел по дел.Во овој дел би требело да дојдеме до конкретни сознанија за формирањето на владата на Анте Марковиќ односно влада која требеше да ја сочува Југославија.

можеме да продолжиме тука: http://www.forum.kotle.ca/showthread.php...8#pid18108

Гледате господине Величковски ние на Форумов се чуваме.
14-10-2010, 01:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,145
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

Quote:Ivon Velichkovski:


‎1. Заостанувањето на демократијата во Македонија се констатира од извештаите на европските институции и организациите што се занимаваат со следење на состојбите со човековите права. Регресот е константен (од 2006).
2. Бидејќи Вие не сте тук...а, борбата за демократијата во РМ трпи и го нема посакуваниот квалитет, што да се прави... Затоа само Вие продолжете со поддршката на Груевци како носители на демократскиот процес...
3. Залудно продавате демагогија - жестоките напади врз опозицијата, повеќе дури и одошто врз власта/ВМРО-ДПМНЕ се јасен показател за поддршката што му ја давате на Груевски


Quote:Групација Дисиденти:


Господине Величковски ДЕМОКРАТИЈА во Македонија нема во континуитет од 1992 година, до денеска не само 2006 или 2007 година и за тоа ви дадов многу конкретни и несоборливи докази. ЗА ТОА Е ВИНОВЕН ИСКЛУЧИВО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ-човекот кого д...енеска го подржувате, човек кој ги постави темелите на таквиот систем.
Скоро сите досиеа за прогон на ВАШИ идеолошки и политички противници се отворени во период после октомври 1992 до крајот на 1993 година (зборувам за досие кој ги имаме. Ако имате досиеа од времето на Љупчо или Грујо презентирај те ги).
14-10-2010, 01:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,145
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

Quote:Ivon Velichkovski:

Откако ја исцрпивме дискусијата по овие прашања, им благодарам на „Групација...“ и г.Илиевски за изнесените ставови.


Quote:Групација Дисиденти:

Господине Величковски, гледам дека нас од ГРУПАЦИЈАТА на ДИСИДЕНТИ ВЕТЕРАНИ не не "разбирате". За нас е битно што се разбираме со граѓаните на Македонија:

"42 процента од испитаниците се изјасниле дека НЕМААТ ДОВЕРБА ВО НИТУ ЕДЕН ПОЛИТИЧАР,... додека 30,5 отсто рекле дека не би поддржале ниту една партија"
14-10-2010, 01:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,145
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Quote:Stojance Ilievski:

И повторно почнавме во лов на вештерки кои никогаш не ни постоеле. Фактите, доказите говорат едно, а администраторот на групацијата говори друго. Ајде да претпоставиме хипотетички дека тоа е така ,,вистина'', во ред тогаш ете јас сум против... таквите работи не ми се допаѓаат па групација кажете кој е лекот, кажете како вие кои што сте иселени во прекуокеанските земји се борите против таквите работи, како делувате? Вратете се во Македонија и направете нешто корисно. Лесно е од страна да седиш и да коментираш од држава каде што за 10 години можеш да купиш куќа со двор, базен, најнова кола и да си ги образуваш децата нормално и покрај светската економска криза. Каде е патриотизмот, одгледајте се на Албанците малку сите работат во странство и не коментираат, само си работат и сите од нив за 1 куќа таму каде што се иселени прават по 2 куќи тука во Македонија. Ајде да не се вртиме во круг. Дискусијата за мене е завршена.Види повеќе



Quote:Ivon Velichkovski:

Бидејќи самите признавте дека дискусијата сте ја блокирале, нема потреба од одговор. Уште еднаш Ви благодарам на учеството во дискусијата и коментарот за колумната.


Quote:Групација Дисиденти;


Ве сметав за коректен и чесен учесник во дебатава и затоа помислив дека сте залутале во лошо друштво кое со вашата корекност и чесност сака да се "покрие". Сум згрешил секој сам си го одбира вистинското друштво. Почитувачите и подрчувачите ...на Бранко Црвенковски се луѓе со исти погледи, воспитување и се разбира сваќањето на политиката. Политика во која само лажговци и манипуланти успеваат. За да не се посомневате во погоре напишаното еве зошто е прекина дискусијата.

"Групација Дисиденти:

За да проверите кој нема вистински информации, нека ви каже господин Андов на 08 јануари 1991 година ден недела и БОЖИК, кај КОГО беше во ТИТО ВЕЛЕС, со КОГО беше и ЗОШТО беше."

Вие требаше и треба да одговорите: дали Андов бил на 08.01 1991 година заедно со Петар Гошев и Љупчо Георгиевски во Титов Велес кај Владиката Михаил.
15-10-2010, 12:33 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#30

Следејќи ги дискусиите на Групацијата со Лоповската... извинете Либералната Партија, првин мислев дека новава генерација можеби била малку поинаква и демократски поначитана од старата, особени бидејќи дечково воопшто и дебатираше, без разлика што неговата дебата е ислкучиво ограничен ана бранењето на комунистичките гомнари и гомнарии од минатото и денес.
Но ме разочара последнава дебата што ја водат со Администраторот на ФБ, со комплетната манипулација, првин дека Групацијата го бранела Грујовиќ, па после дека била "блокирана" дискусија (дискусијата не е блокирана, туку е застаната зашто Ивон не сака да одговри на прашањето на Администраторот). Сега гледам дека Величковски го избришал последниот коментар оф Групацијата.


За жал се покажуваат дека се исти комунистички гомна како оние што се обидуваат да ги емулираат: Андов, Глигоров, Тито.
15-10-2010, 06:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,145
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31

Quote:Опозицијата бара предвремени парламентарни избори

22.11.2010 - 15:47 | Македонија

Комплетнатна парламентарна опозицијата застана зад барањето на СДСМ за предвремени парламентарни избори.

Сметаат дека оваа Влада нема да ја однесе Македонија во ЕУ и НАТО и затоа неопходни се избори.

Иако дел опозициски партии сметаат дека има и подобри термини за предвремени избори, сепак ќе го прифатат предлогот на СДСМ тие да бидат распишани што поскоро.

Власта засега без коментар. Ќе го чека официјалниот предлог за недоверба на Владата.

И од ДУИ и од кабинетот на спикерот Вељановски со ист став како ВМРО ДПМНЕ. Ќе чекаат најнапред да биде поднесена иницијативата, за да го кажат својот став дали се за или против предвремени избори.

Елена Бошковска
22-11-2010, 08:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,145
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#32


Quote:„НИ ЗМИЈА, НИ МАГАРЕ“ Е ИСТО ШТО И „НИ РИБА, НИ ДЕВОЈКА“


Чудна е логиката на либерал-демократските жестоки напади врз опозицијата, бидејќи опозицијата по правило е мета на (поддржувачите на) власта. (Ин)директното пактирање меѓу ЛДП и власта со нападите врз Црвенковски, пак, само потврдува дека опсесирањето со него им е потребно за персонализирање на политиката и централизирање на партиите, против што номинално се борат



Иако досега се обидував да ги пренебрегнам разликите со партиите кои барем теоретски споделуваат блискости со Либералната партија, последниот конгрес на ЛДП веќе не дозволува одмолчување на недоследностите. Имено, тој потврди дека наспроти програмските декларации, под плаштот на „нудење трета опција“, ЛДП го задржува својот курс на обид за извлекување гласови од опозицијата, (не) водејќи сметка дека така само му помага на ВМРО-ДПМНЕ полесно да се справи со преселбата на неговите членови и гласови во другите партии (од десницата). Тука нашиве либерал-демократи паѓаат и во обидот за копирање на српските либ-демовци, кои никогаш не се обидоа да кокетираат со „ретрото“, ниту досега пратеничките мандати ги освојуваа во коалиции.



Но овие позиции на ЛДП и не се преизненадувачки, имајќи предвид дека во партискиот врв сега им предничат поранешните кадри од ДП (партијата-прибежиште на сдсмовските ренегати во 1993) и дел од орбитерските експерти на „привремена работа“ за ВМРО-ДПМНЕ меѓу 2005 и 2009. Паралелно, во центарот работите пак се движат кон природна состојба, особено со позиционирањето на ЛП на изворните програмски позиции и реформскиот курс на левиот центар од 1990.



Од аспект на штетата што со ваквиот пристап ЛДП (си) ја нанесува, прв пункт е самата цел – пресметка внатре опозицијата. Најблаго речено, чудна е логиката на жестоките либерал-демократски напади врз опозицијата, бидејќи опозицијата по правило е мета на (поддржувачите на) власта. Тука е и прашањето на нивниот персонален фокус на нападите врз Црвенковски, иако во неговиот владин кабинет седеше добар дел од денешниот либерал-демократски врв и тој ја уживаше нивната поддршка на претседателските избори 2004. Впрочем, ЛДП релативно брзо ги апсолвираше забелешките на либералите кон Црвенковски од 1996, за веќе во вториот круг на претседателските избори 1999 да си ја трасира соработката со истиот СДСМ, воден од истиот Црвенковски – кој денес е еднаква опсесија за Манасијевски како и за Груевски?! Затоа, штом малку се гребне под површината, (ин)директното пактирање меѓу ЛДП и власта со нападите врз Црвенковски само потврдува дека опсесирањето со него им е потребно за персонализирање на политиката и централизирање на партиите, против што номинално се борат.



По истата аналогија, индикативно е што низ неговиот конгресен говор, Манасијевски избра да се изедначи со Груевски придружувајќи му се во отвореното делење на новинарите и медиумите на (не)подобни. Парафразирам еден познат слоган: „Вистинскиот либерал никогаш не удира новинар“. Со конгресниот говор тој нанесе не само удар недоличен за некој (што се нарекува) либерал, туку и удар под појас.



Дури и доколку се изземат овие либ-демовски недоследности, останува прашањето каде се „суштинските разлики“ на ЛДП со опозицијата? Дали тие се во оценките за економските состојби? Наспроти неколкуте најави за корективни даночни зафати, што и претходно се наведени во понудите на разни партии, тие не нудат некој подлабок концепт за развојот на малите и средните претпријатија, со што остануваат без една од основите на средниот слој, без гласачи и заковани во хегемонистички апсорптивната ВМРО-ДПМНЕ која прво (ќе) им ја консумира програмата, а потоа по логика на бројноста – ќе им ја асимилира публиката. Можеби ЛДП смета дека буџетските субвенции во земјоделството се оптимално проектирани и навремено дистрибуирани? Ние не сме согласни со тоа, напротив, цениме дека без јасна стратегија на развојот на оваа гранка, тие средства се само потенцијал за манипулација за партиски и лични цели на власта. Ценат ли либерал-демократите дека Владата добро се справува со економската криза и со социјалните состојби или можеби сметаат дека опозицијата престрого ја оценува владината надворешна политика кога вели дека земјата се оддалекува од евро-атланските интеграции, додека во тек е сезоната на барање „амбасадорски скалпови“...?



Со продолжените напади на ЛДП врз опозицијата, граѓаните се почесто (ќе) си ги поставуваат овие прашања, исто како што не (ќе) ги поддржуваат тенденциите на разбивање на опозициската целина што нуди разнолична кадровска и генерациска, но и опфатна и капацитетна алтернатива на власта на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. Затоа, во РМ во 2011, „ни змија ни магаре“ е еднакво на „ни риба ни девојка“.


Ивон Величковски



Која е разликата помеѓу Груевски и Црвенковски а со тоа која е разликата помеѓу ЛДП и ЛП партија. Во овие 20 години ги видовме. Ни го покажаа нивното знаење и грижата за граѓаните на Македонија. Колку ме држи сеќавањето и ЛП беше и со ВМРО ДПМНЕ и со СДСМ, занчи и на партијата на Ивона и е само да бидете дел од власта. Сега се испаничени од ситуацијата во која се наоѓаат односно се плашат од бојкотот на кој може да се одлужи СДСМ и ЈП да го снема од политичката карта на Македонија.
16-03-2011, 02:10 PM
Reply