Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ ДО КОГА КЕ СЈАЕ НЕГОВАТА ЅВЕЗДА ??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,962
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Како се раѓа и колку трае еден македонски херој?


[Image: Katerina-Blazevska.jpg]

Никој не може да биде сигурен во кој миг ќе му „врачат“ кесичка од „Зара“ со банкоти банкарски подредени и спакувани според серискиот број. Никој не знае кога експрeсно ќе го симнат од коњ на куцо магаре

Ако некој до вчера имаше илузии дека нацрт законот за медиуми може да донесе суштински, а не само нормативно – технички промени, верувам дека таа заблуда му стана кристално јасно по начинот, обемот, канонските изрази и библиските стандарди со кои вчера медиумите го проследија враќањето на Јохан Тарчуловски во Македонија.

Дојде и тој долго очекуван момент, во кои телевизиите перманентно го креваа адреналинот најавувајќи ја хистерично милисекундата во која Тарчуловски ќе стапне на македонско тло. И стапна. Ваистина стапна. Но, по тоа што вчера го видов, изгубив надеж дека некогаш ќе дојде моментот кога и македонското новинарство ќе се спушти на земја, кога ќе се отрезни од тие свадбарски начини на известување, во кои фактите се заменети со патетика, прашањата со однапред договорени одговори, аналитичартите со баналитичари, а професионалната мерка со неизмерен аматеризам.

Сосема ми е јасно зошто политиката прави масовна хистерија од вакви настани. Го видов тоа во Хрватска, уште многу порано пред да биде ослободен генералот Готовина, кога хрватски туристи како „свето место“ го посетуваа хотелот со четири ѕвездички на Канарските острови, за да се фотографираат на истата маса и со истото вино што го пиел нивниот сонародник пред да биде уапсен и испорачан во Хаг. Неподготвеноста за соочување со фактите за конфликтите, за одговорноста и за последиците од нив, е синдром на сите постојугословенски држави.

Принципот е ист – прво плукаат врз неправедните пресуди на хашкиот трибунал, кој самиот произведе многу контроверзи и магли со своите одлуки, за потоа истиот го слават кога ќе ги почести нивните сонародници со предвремено ослободување. Националните влади тој момент го користат за да чепнат дел од инстант „славата“ на штотуку ослободените, стекната, пред се, со должината на издржаниот од пресудениот казнен стаж. Се обидуваат желбата за идентификација со страдалникот да ја дисперзираат на општо национално ниво, а неговата жртва да ја нострифицираат како идентична жртва и на власта. Само во постјугословенските општества сите патишта до успехот водат преку Хаг.

За жал, и Македонија не стана исклучок од тoа. Видов многу тв-преноси во живо и многу мртво новинарство. Но, не слушнав ни една анализа зошто хашкиот осуденик Тарчуловски, со низок хиерархиски ранг, а уште помалку со командна одговорност, остана во затворите на Хаг подолго, ако не и најдолго во споредба со некои генерали од регионов, но и со команданти кои воопшто ја немаа „честа“ да отпатуваат до Шевенинген?

Не слушнав зошто во „делегацијата за пречек“ не беше присутен ниеден министер од ДУИ, со оглед дека ова владејачко мнозинство го усвои автентичното толкување на Законот за амнестија, со кое хашките случаи на ОНА добија ослободување од кривично гонење, одлука, која дури и Тарчуловски ја беше поздравил со долго писмо трансферирано директно од затворот до штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Не чув ништо за тоа. Но, видов како поранешниот министер за правда Михајло Маневски на една телевизија на големо расподава правна демагогија по дампинг цени. За разлика од евтината цена на правдата, коалицијата и натаму опстојува по највисока цена за земјава.

Не слушнав ни колку пари се потрошени за ангажирање стотици автобуси, за бини, за озвучување и ангажирање естрадни уметници за вчерашната прослава, за два полициски хеликоптери за параден прелет над плоштадот…Никој не верува дека Тарчуловски барал таков пречек за него, но многумина веруваат дека владејачката партија си направи таков пречек – токму за себе. Одбивам да слушам лажни фразеолошки образложенија дека жртвата и херојството немаат цена. Изгледа навистина немаат. Кај нас многу брзо поминува времето на трансформација од херој во предавник.

Еднаш веќе го гледавме истиот филм. Куп автобуси, буџетски пари и букети се послаа и пред нозете на Љубе Бошковски. И за него истиве пејачи со истите песни ги тегнеа гласните жици и ги вртеа колковите. И за него новинарството паѓаше во патетика. И него ни го продаваа како херој, а сега не убедуваат дека бил врвен предавник. Денес те шетаат под триумфална, а веќе утре низ затворска капија. Како во такви екстреми да препознаеш дали и кој е вистински херој или колкав рок на траење има едно такво лице, прогласено со вербален сертификат од власта? Од досега виденото, рокот е многу неизвесен. Никој не може да биде сигурен во кој миг ќе му „врачат“ кесичка од „Зара“ со банкоти банкарски подредени и спакувани според серискиот број. Никој не знае кога експерсно ќе го симнат од коњ на куцо магаре.

Некоја „комуњара“ некогаш рекла дека револуцијата ги јаде своите деца. Изгледа бил во право. Јохан се врати, ама во некое овластено погонче за лиценцирање херои уште денеска почнуваат подготовките за нова „инвестиција“. Револуцијата тече, лентата врти, некаде веќе се штанца ново дете!

Пишува Катерина Блажевска

JAVNOST MK
12-04-2013, 03:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,962
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2



14-04-2013, 02:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,962
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Вашингтон пост: Осуденик за воени злосторства дочекан како херој во Македонија


Превод на статија насловена „Македонија: Осуденик за воени злосторства по помилувањето дочекан како херој“ објавена на 11-ти април во Вашинтон пост.

[Image: washington-post.jpg]

Десетици илјади Македонци минатиот четврток се собраа во главниот град Скопје да му посакаат добредојде на поранешниот припадник на полицијата Јохан Тарчуловски, кој помина осум години во затвор за воени злосторства извршени во текот на конфликтот во 2001-та година предизвикан од албански милитантни групи – пренесе Вашингтон пост..



Јохан Тарчуловски беше пречекан на скопскиот аеродром од страна на конзервативниот премиер Никола Груевски и претставници од владата, а неговото враќање беше пренесувано во живо на неколку телевизии.

39-годишниот Тарчуловски беше осуден од трибуналот во 2008-та година за убиство на тројца албански цивили, и за уништувањето на 12 домови во текот на полициска рација. Беше ослободен од затвор од Германија по отслужување на осум години од 12-годишната казна.

Големи билборди и плакати кои гласат „Добредојде Јохан“, беа поставени низ градот, каде поддржувачите на Тарчуловски се собраа да го дочекаат.

Тарчуловски беше единствениот Македонец осуден од Меѓународниот хашки трибунал, а неговото осудување предизвика револт кај голем дел од Македонците.

Македонија во 1991-та година по мирен пат се одвои од југословенската федерација и се осамостои. Мирот беше нарушен во 2001-та година, кога загинаа околу 200 луѓе. Конфликтот беше решен со Охридскиот рамковен договор.

Четирите петиции на македонската влада испратени до трибуналот во однос на четири случаи во кои Албанци би требало да одговараат за воени злосторства беа одбиени. Истите четири случаи беа подоцна амнестирани и во Македонија.

- Македонците никогаш не го прифатија заклучокот на Европскиот трибунал дека само Македонците се виновни за конфликтот – изјави поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов.

Албанскиот политички аналитичар Алберт Муслиу изјави дека пречекувањето резултирало со разочарување на албанското малцинство.

- Би имал разбирање неговото враќање да е прославено од неговото семејство, пријателите и другите кои на негова страна учествувале во судирот во 2001-ва година. Но, останува отворено прашањето дали тоа заслужуваше таква голема слава и присуство на претставници од владата. Јас сум разочаран што таква прослава беше одржана за некој осуден за воени злосторства во сопствената земја – изјави тој за Асошиејтед прес.

По пристигнувањето Тарчуловски постави венец на споменикот на бранителите.

- Благодарен сум им на сите оние кои го дадоа својот живот за Македонија. Ви благодарам и вас за поддршката. Ми значеше сè. Да живее Македонија! – им порача тој на присутните.

Тарчуловски беше осуден за напад кој се случи на 12-ти август 2001-та година во селото Љуботен во Северна Македонија, за кое македонската влада рече дека е користено како една од позициите за напад.
14-04-2013, 03:33 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#4

Удбашот Стојан Андов против новите удбаши? Ај, оди па разбери кој е кој!?


Пречекот на Јохан беше понижување за државата

Стојан Андов

Тешко на оној народ кој своите херои ги препознава во вршењето убиства на невини цивили. Раководството на таков народ, всушност, манипулира со него и го претвора во безумна толпа

Минатата недела, од затворот во Германија, каде што ја отслужуваше казната што му ја изрече Хашкиот трибунал, Јохан Тарчуловски се врати во Скопје. Изречената казна му беше намалена за 1/3 поради неговото добро држење во затворот. Тој, сепак, остана во затвор многу долго, цели осум години, сметајќи го и притворот. Секој добронамерен човек во такви околности, на дојдениот од затвор ќе му посака добредојде и посреќна иднина. И дотука се' си е нормално. Но, во Скопје на Јохан Тарчуловски му беше организирана голема свечена прослава за неговото враќање. На прославата Јохан го славеа како национален херој.

Мнозинството од денешните граѓани на Македонија, за однесувањето на Јохан Тарчуловски во времето на конфликтот во 2001 година, разбраа дури кога тој беше притворен од нашите државни власти за да биде испорачан на Хашкиот трибунал. Од времето на воениот конфликт 2001 година не постојат докази за некое херојско дело на Јохан Тарчуловски. Впрочем, тој и не беше во позиција да изврши такво дело. Тој беше во обезбедувањето на тогашниот претседател на државата, Борис Трајковски. Немаше некое командно место во Армијата или во вооружените единици на МВР. Во тој конфликт, иако имаше многу конфузија, сепак, се одиграа и неколку значајни битки. Такви беа, на пример, онаа кај тетовското Кале, кај Ваксинце и кај Радуша. Во тие битки Јохан не учествуваше. Но, во вооружените сили на државата сигурно имаше поединци кои со својата храброст и пожртвување се истакнаа, а ниту на еден од нив јавноста не му го запозна името, ниту му оддаде признание.

Во македонската јавност Јохан Трчуловски почна да стекнува слава, и тоа како втора личност, по Љубе Бошковски, откако во Хашкиот трибунал за нив двајцата беа поведени обвиненија за злосторства против цивилното население во село Љуботен. За настаните во Љуботен што се случија на 12 септември 2001 година, се' до обвинението во Хаг, кружеа контроверзни вести. Меѓутоа, пред да биде поведено обвинението, се водеше истрага, а потоа следуваше постапката во Трибуналот, која заврши со конечната пресуда за Јохан Тарчуловски.

Нашата Влада и целото државно раководство имаат законска обврска да ги почитуваат спомнатите факти и кон Јохан Тарчуловски се должни да се однесуваат како поранешен казненик што се враќа откако ја издржал казната. Таа обврска, за претседателот на државата, за премиерот и за членовите на Владата, произлегува од Законот што го донесе Собранието, со кој нашата земја се обврза да соработува со Хашкиот трибунал. Всушност, пресудата против Тарчуловски во Хаг е донесена во соработка на органите на Трибуналот и нашите државни органи.

Затоа, со силното ангажирање и експонирање во настаните од дочекот што му беше приреден на Јохан, со кој тој беше прогласен како национален херој, нашето државно раководство, пред се', ги згази своите законски обврски, а исто така згази на храброста и чесноста на оние бранители кои во битките од тој конфликт од 2001 година, ја покажаа својата храброст и пожртвуваност.

Во настаните што се случија при овој дочек, нема вина Јохан Тарчуловски. Тој дури изгледаше како да се чувствува незгодно и несоодветно на настанот. За тоа негово држење имаше вистинска причина. Имено, во текот на целиот настан, јавноста не разбра за какво било херојско дело на Јохан, туку јасно ја разбра пораката дека сите негови заслуги што му ги препишува државното раководство се сведуваат на тоа што тој раководел со акцијата во Љуботен, во која се убиени седуммина цивили и тоа етнички Албанци. Се заборави дури и на евентуално неправедната пресуда во Хаг. Таквото „јунаштвото“ на Јохан фати корен и доби масовна поддршка само поради убиството на цивили и особено затоа што тие цивили беа Албанци. Ете на што сме спаднале.

Тешко на оној народ кој своите херојски дела и своите херои ги препознава во вршењето убиства на невини цивили, без оглед на нивната етничка припадност. Раководството на таков народ, всушност, манипулира со него и од достоинствен народ, со манипулациите го претвара во безумна толпа. А, лесно е на толпата во срцето, наместо храброст и чесност, да и' се всади кукавичлак, подлост, подмолност и крвожедност.

Всушност, без оглед дали се свесни или не, нашите државни раководители, со овој дочек на Јохан Тарчуловски, го понижија македонскиот народ, сите оние горди и чесните Македонци, а истовремено длабоко ги повредија чувствата на припадниците на албанскиот народ и им зададоа страв во срцата на другите помали етнички заедници во Македонија. Тоа ли се европските и евроатлантските вредности кон кои стремиме? Кој ќе одговори на тоа прашање? Каде оди нашата земја? Има ли некој да почувствува одговорност за сето ова што се случува? Ќе осознае ли некој од нашето државно раководство каков роб станал на сопствената националистичка заслепеност?

Со оглед на тоа до каде сме ја дотерале работата, не треба да зачудува молчењето на речиси сите поистакнати личности од Македонците. Каде се оние интелектуалци што редовно му се моткаат во нозете на Груевски и ја чинат неговата „угледна свита“. Каде се оние многубројни академици, универзитетски професори, научни и културни дејци и други интелектуалци кои ја потпишаа кандидатурата за претседател на Ѓорге Иванов пред изборите 2009 година? Тие не се виновни за тоа што потпишале, бидејќи, а тоа е многу веројатно, имале друга претстава за Иванов. Ама виновни се што денес молчат! Каде се „експертите“, кои се шеткаат околу во јавноста и шират фама дека се советници на Груевски и на Иванов? Така ли ги советуваат тие нашите државни раководители? Во секое општество, на неговото дно, има талог, матлеж, тиња. Во овој случај, за длабоко жалење, нашето државно раководство, талогот на општеството го издигнаа и го поставија во улога на владејачки слој во државата. Нашите државни раководители веројатно со целиот овој настан добија уште некој поддржувач и послушник. Но, својот народ го понижија, а на државата и' зададоа тежок удар со долгорочни штетни последици. Уште поопасно е што тој удар доаѓа и од оние што треба да го поучуваат народот како да стигне до посреќна иднина и лично да му служат за пример.

(Авторот е претседател на првиот состав на Собранието на независна Република Македонија)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=25317...7D1839A048



17-04-2013, 09:56 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,962
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Тарчуловски го положи првиот испит на Земјоделски во Штип



[Image: %D1%98%D0%BE%D1%85%D0%B0%D0%BD.jpg]

Јохан Тарчуловски веќе го положил првиот испит на Земјоделскиот факултет во Штип, објави утрешен „Вест“.

Според информациите на весникот, Јохан на факултет го запишала неговата сопруга уште додека бил во затвор.

Таму, имал доволно време за да ги подготвува испитите.

И бидејќи веќе била помината редовната сесија Јохан си ја уплатил потребната такса за да го полага испитот надвор од сесијата, пишува „Вест“.

Јохан на 11 април се врати во Македонија, по одлежувањето на 2/3 од пресудата на Хашкиот трибунал за воени злосторства.
17-04-2013, 09:54 PM
Reply