Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОЛУМНА ЗА ПЕРЕЊЕ НА ОНАА МАЛКУ ОД МОЗОКОТ КОИ ГО ИМААТ КОМУЊАРИТЕ!!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,632
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Како да се направи балканска диктатура со европски пари



Патувањата ми се подносливи кога има нешто да се чита долж нив. Овој пат престојот по белосветските конференции ми го НАПРАВИ прекрасниот наслов на песни: Mad girl’s love songs (Љубовните песни на лудата девојка), една од биографиите на Силвија Плат. Нејзината еманципаторска „Daddy“ (Daddy you bastard…and Fascist) Mакедонците треба да ја пеат како национална химна, за почеток.


[Image: frckovski.JPG]

Нормално, драги мои, по светските научни собири ние неколкуте „преостанати либерали во исчезнување“ си ја вршиме моралната и патриотска должност – ја гнасиме валканата автократска власт во Македонија и покажуваме на нејзините корени на успешност во врските и толерирањето на истата од европските центри на моќ и пари. Укажуваме на опасноста Македонија како држава да се соочи со сериозна опасност од распаѓање ако автократските елити останат на власт и се договараат околу нејзината иднина. Имено, само демократска стабилност е вистинска стабилност.

Полека, со многу прашања, соочени со ретроградните процеси во целиот регион на Западниот Балкан овие неколку години наназад, странците почнуваат да разбираат дека нешто базично не е во ред со нивната стратегија. Почнуваат да разбираат детали од мојата теза, која им ветив дека за нив ќе ја напишам во облик на Guidelines или Handbook: „How to make Balkan dictatorship with european mоnеy!“

Доказ за ова нивно почнување да отвараат очи ми се чинеше рапортот за Албанија под наслов „Стабилокрација“.

Имено, Македонија е случај каде што е отидено најдалеку во заокружување на негативните трендови во регионот во скоро целосен систем на авторитарна власт. Такви тенденции се согледуваат и во Албанија, Црна Гора, Косово, делумно во Србија и нејзините зони на влијание – Република Српска.

Ново кај овие автократи од „втора балканска генерација“ е нивниот одност со ЕУ (САД) и нивниот концепциски однос со т.н. „азиски вид демократија“ – или капитализам, корпорациска држава со “strong man” или диктатор покриен со формална демократија.

Имав две основни тези: Дека авторитарните структури на власт во овие држави се поставуваат под „ЕУ покровителство“ (најверојатно несвесно или недоволно критично). И дека нашите квази-неутрални расправи по конференции дека нешто не е во ред, после години давана подршка и помош од ЕУ, расправи на „парче“ што затаило, какви проблеми се појавиле – без да се види големата слика – дека се воспоставува сериозна темелна структура на первертирана демократија од авторитарен азиски вид – е всушност најголем успех на овие диктатори.

Ново во технологија со која ја инстутиционализираат диктатурата е мекиот, послушнички однос со ЕУ и политичките ограноци на европските партии. Не им се спротивставуваат туку молчешкум, климајќи, добиваат време и советници (како во Џемс Бонд филмовите – license to kill), добиваат програми и пари за нивните „стратешки одлуки“ за приклучување кон ЕУ и (НАТО). Овие диктатори ја откриле слабата точка, фамозната Г-точка на Европјаните, кои како САД на блискиот исток кога подржуваа диктатори (па не знаеја како да се однесуваат со Арапската пролет) – на Балканот претпочитаат СТАБИЛНОСТ во однос на човековите права и владеењето на правото. Критериумот за „доволно демократија“ во Македонија, на пример, за европјаните е: коалиција во власта на македонска и албанска партија, избори без убиства и крв, некој збор конструктивност за спорот за името и празна продукција на закони со ЕУ-знаменце. Толку. Ниту човекови права, ниту слобода на медиуми, ниту кражба на избори и узурпација на власт за избори, ниту автономија на универзитет, ниту бизнис услови – суштествено не ги интересира (освен што ставаат забелешки на кои не инсистираат и кои не се критериуми). Замижуваат и оставаат оперативно власта да ги уназадува овие делови до ниво на јасна диктатура. При тоа власта инсталира способности, механизам, страв и пари способни на подолг рок да се развијат во целосен авторитарен систем – кој воопшто не е лесно да се сруши на било кои следни избори.

Тоа европјаните не го забележуваат, мислејќи дека субмисивноста на диктаторчињата значи вистинска послушност и контрола врз нив – и сега почнуваат да се чудат! Санино ги праша експертите: што по ѓаволите пропуштаме … Што погрешно направивме?? Не му е јасна на човекот големата слика која ја овозможиле!

Имено, она што пропуштаат да го видат дека постои во овие држави (и на која самите придонеле со својата глупост) е ДВОЈНАТА РЕАЛНОСТ која диктатурите ја создале. Постојат формални правила (во кое ниво се и поплавата од европските закони) со кои диктаторите, како октоподите, испуштаат син облак од кој не се гледа реалноста. Разликата од таа СИМУЛКРУМ стварност и реалноста се поголема и се продлабочува. Формално сме се поблиску – реално се подалеку од демократија. Процепот меѓу легислативата и нејзината имплементација е огромен – шизофрено поделен, де факто непремостив. Диктатура на терен,а кандидат за ЕУ на хартија – тоа е нашата реалност.

Од друга страна, диктатурата создава второ ниво на реални правила – СУБПРАВИЛА, мрежа на неформални, но важечки правила до кои секој кој сака да заврши работа треба да се држи! Тоа се правилата кои кажуваат како треба да се толкуваат и применуваат формалните правила.

Тие сите, во основа, служат за радикална партизација на целата држава и сите процедури. Се одвива една голема ДЕЗИНСТИТУЦИОНАЛИЗАЦИЈА на државата, тогаш кога ЕУ инстистира низ сите закони на засилување на институциите и законските процедури. Но, внимавајте, диктаторите и тука направиле интелектуален чекор напред од старите свои колеги. Имено, тие не ги рушат процедурите (не дај Боже), туку ги заплеткуваат во огромна мрежа на т.н. НЕДЕМОКРАТСКИ ПРОЦЕДУРАЛИЗАМ. За се постојат огромен број противречни правила и процедури. Граѓанинот е апсолутно беспомошен и тогаш се обраќа кон партијата која му покажува излез. Така е мајстори!
Продолжението на „диктаторската одисеја на Балканите“ во следната колумна, драги мои!

Љубомир Данаилов Фрчкоски

LIBERTAS



09-04-2013, 10:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,632
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:#1 Leonid 09/04/2013, 14:23

Другарот Фрчковски, како со своите колумни да ни го доловува периодот на аворитативното владеење на наследникот на СКМ-ПДП, периодот на градењето на култот на личноста на Глигоров, Бранко, периодот на шверцот, криминалната приватизација и партиската полиција и администрација. Фрчковски заборава дека тоа е перидот кога сите неситомисленици на тогашната маин стрим политика диктирана од Политбирото на СКМ-ПДП, завршуваа во економско прогонство. Затоа е депласирано диктатор да обвинува други за диктатура.

Quote:#2 botticelo999 09/04/2013, 17:58

Bravo majstore, prodolzi taka, eden den toa ke bide klasika.

Quote:#3 violeta 09/04/2013, 18:18

STETA STO OVOJ I VAKOV NAHDBOOK ILI GUIDELINES NE E NAPISAN MNOGU PORANO, KAKO OBAVEZNA LEKTIRA ZA “MEGJUNARODNATA” KOGA KE NAUMI DA NE PAKUVA I DA NI PAKUVA PO SVOJ MERAK! A ZA DOMASNA UPOTREBA , OSOBENO, BAREM ZA ONIE STO ZNAAT DA CITAAT!

Quote:#4 gragjanin 09/04/2013, 18:21

Ne mi se dopagja nivo na demokratija koja na nikogo ne polaga rachun-ovaa izjava za “demokratijata” vo Kina mozhe da se preslika kaj nas.


Quote:#5 meglena 09/04/2013, 20:33

Формалните закони и формалните институции постануваат формални само ако партиципиентите не ги користат. Напуштањето на парламентот, неизлегување на избори не се начин да се заштити својот интерес. Ако нејкете да ги користите средствата кои ви се на располагање (парламент, институции, локална власт) тогаш никој не може да ви помогне. Западот не ве разбира затоа што не можат да сфатат дека некој не се бори за својот интерес со средствата кои му стојат на располагање. Демократијата е процес со кој се фузираат различните интереси на граѓаните, и е еден флуиден процес кој нема дефинитивен облик, како би можеле да го препознаете кога ке го видите. Во демократијата и опозицијата е на власт и е одговорна за сите случувања во државата, факт што Македонците тешко го разбираат.


Quote:#6 sportist 09/04/2013, 20:44

Одлично, браво !


Quote:#7 stojko 09/04/2013, 21:16

Bravo Profesore, samo ne mi e jasno zosto so vasata vlada i vie vo nea kako minister ne rabotevte na guidelinot za da ne dojdeme do ova deredze.
I vie kako ovie denesnive namesto da rabotite Makedonija da stane vistinska drzava se zanimavavte so gluposti. Ovi denes pravat spomenici a vie kupuvavte sliki, konja ocila za sonce …..
Trebase da rabotite Makedonija da ja izvedete na patot na demokratijata. da go izdignete toa nivo dovolno da ne moze nikoj da go spusti vaka kako sto e denesnovo deredze….
Da ne zborime za drugite zalutani vasi ministri kako Taki Fiti, kako onoj kriminalecot Dimovski sto se krie vo Turcija…..a da ne zborime kolku vasi kolegi profesori od vasata vladeacka partija se pokazaa niski i bezrbetnici kako Vlado Popovski, Cile Tupurkoski….kakva steta i napravija tie na Makeodnija so kriminalot i so menuvanjeto na partiskite boi i borejki se samo za svoite interesi….
Se cini profesore ova denesnoto deredze e bolest koja mora da ja prelezime…zarem ne sfakate deka kriticnata masa vo Makedonija ne postoi…postoi pomaliot otpor koj veli pusti gi budalive i begaj sto podaleku….toa e ….makedonceto se iseluva i samo ni ostanuva nie sto sme ovde kako ovoj Titanik ke potone…pretovaren….samo mislam deka polesno ke se spasat gluvcite otkolku mackite…da taka mislam…
09-04-2013, 10:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,632
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:#8 sportist 09/04/2013, 21:25

Да дополнам браво за колумната, да не се сфати дека е браво за Меглена. И опозицијата била на власт!!? Ах ова новоформираниве таканаречени институти за политички истражувања што ни направија.


Quote:#9jordan 09/04/2013, 22:41

Your comment is awaiting moderation.

Фрчковски може да ги лаже и замајува само слепите комуњарчиња во Македонија и никој друг. Во Европа веке знаат за демократијата која ја практикуваше Фрчковски и власта на СДСМ. Знаат и за тоталитарното владеење на Груевски, но ЕУ како рационални луѓе прават рационални решениа. Имено со ваковиот однос на ЕУ кон сегашната опозиција ке се прекине практиката на Курто и Мурто, односно чувањето на тоталитаризмот.

После неколкугодишна работа конечно ги демаскиравме лагите на Фрчковски и на лажните организации за заштита на човековите права финансирани од Милчин а кои беа пласирани во ЕУ. Најдобар доказ за тоа е недавањето подршка на СДСМ од страна на Европската Унија.

Да не излезе дека зборувам неаргументирани. Во декември мината година остваривме контакт со венецијанската комисија од тој контакт ке го презентирам неколку работи:
1. едно од прашањата кое го постави Комитетот за Демократизација на Македониа:

“КРДМ: „Значи при формирањето на оваа Мислење на Комисијата не ѝ било познато дека Службата за Државна Безбедност на Македонија обработувала лица при што се служела со Правилник за Работа кој бил објавуван во Посебен Службен Весник на РМ достапен само до државните органи (меѓу кои и Уставен Суд), но не и до јавноста? Притоа, при водењето на досијеата биле користени мерки како прискушкување на телекомуникациски направи и следење без обезбедување на судски налози. Дали на Комисијата ѝ е познато дека откатко беа отворени досијеата во 2000. год. Јавното Обвинителство не превзеде никакви мерки во однос на кршењето на човековите и уставни права во однос на овие досијеа? Дали ви е познато дека кривичните дела кои биле сторени во водењето на досијеата биле затсарени уште при самото отворање на досијеата, при што оштетените немале можност да бараат законски лек?“

2. Одговорот на Секретарот на Венецијанската комисија:

-”Томас Маркерт: „Тука би морал да кажам дека доколку Комисијата била запознаена со овие детали тогаш Мислењето би гласело поинаку, бидејќи во тој случај има смисла за лустрација, и покрај тоа што станува збор за период петнаесетина години подоцна. Сепак, сакам да сме на јасно дека ние даваме општи мислења, и се обидуваме да не носиме пресуди.“

3. параграфот 26 кој е дел од мислењето на Венецијанската Комисија упатено до Уставниот суд на Македонија. Параграфот 26 го презентирам бидејки многу јасно преку примерот на Латвија укажува каде е местото на Фрчковски и неговата комуњарска дружина која владееше со македонија во период 1992-1998 година.

Параграф 26

-”Венецијанската Комисија забележува дека Европскиот Суд за Човекови Права (ЕСЧП), во една
прилика одреди дека примена на лустрациски мерки во однос на дела строени после завршувањето на тоталитарен режим биле прифатливи и не ја нарушуваат Европската Конвенција за Човекови Права (ЕКЧП). Во случајот на Жданока против Латвија централното прашање беше статутарна одредба која забранува на лица кои „активно учествувале после 13-ти јануару 1991. год.“ во Комунистичка Партија на Латвија (КПЛ) да учествуваат во парламентарни избори (1998 и 2002). Одредбата била донесена од Парламентот поради тоа што кратко време после Декларацијата за Независност од 4-ти мај, 1990. год., КПЛ била вмешана во организирање и спроведување на државни удари во јануари и август 1991. год. против новоформираниот демократски режим. Откако било согледано и особено земени во обзир историскиот и политички контекст во кој оспорената мерка била превземена, било заклучено дека било разумно од страна на легислатурата да претпостави дека водечки лица во КПЛ имале анти-демократско држење, поради што ЕСЧП пресуди дека немало прекршување на Член 3 од Протокол Бр. 1. Конкретно, ЕСЧП пресуди дека додека такви мерки не можат да бидат прифатливи во контекст, на пример, на држава која што има долго-воспоставени рамки на демократски институции, сепак може да се сметаат за прифатливи во случајот на Латвија со оглед на историскиот и политички контекст кој водел до нејзиното установување, како и со оглед на заканата кон новиот демократски поредок поставена од препородот на идеи кои, доколку им се дозволи да здобијат корени, можат да станат способни да го возвратат тоталитарниот режим.”
09-04-2013, 10:07 PM
Reply