Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СКОПЈЕ 2014
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,632
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:JURICA PAVIČIĆ O SKOPLJU DANAS Spoj Tuđmanove ideologije, Kerumova ukusa i Sanaderova stranačko korporativnog modela


[Image: konj_skoplje_564752S1.jpg]

Ovaj je grad trijumf luzera, čarobno mjesto na kojem čarobnim štapićem petparački antitalenti mogu postati Meštrović, Albert Speer i Vauban, državni kipari i državni arhitekti



Ništa - ni novinske fotografije koje ste vidjeli, ni članci koje ste čitali - ne može vas dovoljno pripremiti za prizor koji se tog dana prostro preda mnom - prizor novog, historicističkog Skoplja .

Tog toplog kasnomartovskog popodneva stajao sam uz Vardar, u središtu grada koji sam nekad, u neka druga doba, razmjerno dobro poznavao. Stajao sam u centru grada koji je nanovo izgrađen nakon potresa '63., i koji je u doba kad sam ga pamtio bio grad-obrazac racionalnog socijalističkog planiranja - grad jednostavnog, surog betona, elegantne geometrije, nebodera, trgovačkih centara, koncertnih dvorana rudimentarne jasnoće.

Umjesto tog Skoplja, tog se ranoproljetnog dana preda mnom sterao jedan drugi grad. Taj grad mogao bi se opisati kao smjesa Las Vegasa i Pjongjanga, ali uz prstohvat Halikarnasa, Aškabada te stiropornog Rima iz filmova s Charlton Hestonom. Taj grad bio je luđi od najluđih zamisli turkmenskog diktatora Sapamurata Nijazova. Taj grad koji je stajao preda mnom bio je tako nadrealan, da sam u nevjerici trljao oči.

Ništa vas - ponavljam - ne može dovoljno pripremiti za to novo Skoplje , koje su prema projektu nazvanom “Skoplje 2014”, u jeku svjetske recesije i u svega nekoliko godina, sazidali makedonska vladajuća stranka VMRO i njen lider - navodno ideator projekta - čovjek pod imenom Nikola Grueski.

Premda sam po fotografijama približno znao što me čeka, svejedno sam tog popodneva satima posvema preneražen hodao centrom jednog nekoć sasvim racionalnog grada, razjapljenih vilica od nevjerice, s osjećanjem kao da sam ušao u onu zaumnu labirintičnu tvrđavu iz Borgesova “Besmrtnika” u kojoj glavnog junaka izbezumljuju slijepi hodnici i balature koje vode nikamo. Nasred te mahnitosti nalazi se - naravno - taj konjički kip koji se tako ne zove, ali svi znamo da je Aleksandar Veliki. Stoji tu, propet na komičnoj visini, okružen vodoskocima, antičkim hoplitima i zvjerinjakom prijekih sisavaca. Oko njega su, po nekada čistom i minimalističkom kružnom trgu, poput vrtnih patuljaka razasute skulpture historijskih figura. Popabirčeni su iz svih era i nacija: Filip Makedonski, Samuil, Justinijan, Karpoš, Skenderbeg - Bizantinci, Grci, Albanci, Bugari svi posloženi i počešljani u urbanu konstelaciju jedne nacionalističke mitologije.

No, od kipova su još nevjerojatnije zgrade. Pred vama na obali Vardara najednom iskoči nekakva monstruozna klasicistička bombonijera za koju se ispostavi da je ministarstvo vanjskih poslova. Uz nju odmah je stakleno-metalna imitacija Bramanteovog hrama San Pietro in Montorio u kojoj je - tko zna zašto - eto baš financijska policija. Treća u nizu nekakva je neobarokna skalamerija u kojoj se nalazi - citiram brižljivo - “Muzej VMRO, borbe za makedonsku državnost i žrtava komunizma”. Na suprotnom kraju okruglog, nekad apsolutno racionalističkog Trga Makedonija izbijete najednom pred pravi pravcati rimski slavoluk, dostojan Ceasar's Palacea u Las Vegasu. Zgrade koje su pred vama su mahnite, kipovi su mahniti, no najmahnitiji su - mislim - detalji.

Do sjedišta financijske-što-već tako vodi nešto što se zove “most umjetnika”, kvazibarokna ćuprija s kandelabrima koji imitiraju Pont Neuf. Na bočnim stranama mosta je po četrnaest figurativnih kipova, alegorije umjetnika. Brončani dirigent tako štapićem prijeti nebu, pisac (ili je to arhitekt?) ima nekakav svitak, a brončani slikar štafelaj i kist kojim maše trpeljivom, šumećem Vardaru. Gorostasni konjanik okružen je slapovima vode koje pak obrubljuju starogrčki kopljonoše, a njih opet lavovi. Slavoluk je priča za sebe. Ni uz najbujniju maštu nisam mislio da ću ikad vidjeti slavoluk s korintskim stupovima koji na jednom od kasetiranih reljefa prikazuje - partizane! Da stvar bude gora, sve je izvedeno beznadno traljavo, zanatski jadno. Moja supruga - koja je studirala na likovnoj akademiji - gleda tako sjedećeg Justinijana kabastih udova i neprirodno ukočene geste i kaže: “S ovakvim nečim bi na studiju kiparstva pao prvu godinu”. I tada shvaćam: novo Skoplje, to je grad kakav bi (da je bilo para) u Splitu možda napravili udruženi Kerum, Filip Radoš, Mucalo i Mirko Jeremaz. To je trijumf luzera, čarobno mjesto na kojem čarobnim štapićem petparački antitalenti mogu postati Meštrović, Albert Speer i Vauban, državni kipari i državni arhitekti. Gledam to novo, poludjelo Skoplje i mislim se: onog tko je ovo smislio i izveo trebalo bi poslati na psihijatrijsko vještačenje.

Jutarnji list


Насловот кажува се:
Туѓман: национализам но кај Груевски национализмот не е како кај Туѓман. Национализмот на Груевски е глума
Керум: кичерај
Санадер:криминал

Дали и идејните творци на Скопје 2014 ке завршат како Керум и Санадер.
06-04-2013, 10:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,632
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Разговори

Јурица Павичиќ, новинар од Сплит
08.04.2013

КОГА ГО ВИДОВ ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, МОЕТО ПРВО ЧУВСТВО БЕШЕ - СТРАВ


Во 2006 година, на Галичица и покрај брегот на Охридското езеро беше снимен познатиот филм „Караула“. Поголемиот дел од македонската јавност ги знае авторите и актерите, но има една личност која е многу важна за тој проект, а не спаѓа во оние што се потпишани под него. Сплиќанецот Јурица Павичиќ го служел пред три децении воениот рок во Охрид, и неговите приказни од таму и од тоа време, претставуваа инспирација за неговиот пријател, писателот Анте Томиќ да ја напише книгата „Ништо не смее да не’ изненади“, од која настана и филмот. Во меѓувреме Јурица стана угледен хрватски новинар, колумнист, филмски критичар и писател. Во Македонија доаѓа повремено (како за премиерата на „Караула“, а по неговата неодамнешна посета напиша репортажа за Скопје во матичниот весник, „Јутарњи лист“, која предизвика многу коментари кај нас...

[Image: jurica_p4.jpg]

Јурица, твојот текст предизвика големо внимание во македонската јавност, линкот вирално се прошири на социјалните мрежи, и во рок од неколку часови сите зборуваа за него. Но, ние видовме само дел од репортажата, објавен на интернет. Може ли накратко да ни пренесеш што напиша во остатокот, кој излезе во печатеното издание на „Јутарњи лист“?

Жал ми е што македонската публика нема можност да го прочита преостанатиот дел од текстот, бидејќи во него е суштината. Мене, „Скопје 2014“ најпрво ме интересираше како голема лупа, како огледало за зголемување, во кое може да се видат предимензионирани некои тенденции, кои постоеја или дури се’ уште постојат и во хрватската политика. И кај нас е сега предизборен период, па во Сплит - каде што живеам - градоначалникот, кој ја губи власта се обидува да направи пресврт во изборната среќа, со тоа што гради крст на ридот Марјан, само малку помал од тој на Водно. Моите сограѓани баш во овие денови потпишуваат петиција против споменик на Фрањо Туѓман, предвиден да се постави на само 50 метри од Деоклецијановата палата. Значи, и кај нас се обидуваат преку споменички историцизам да ќарат демагошки политички поени. Во рамките на конзервативното крило на хрватската политика се појави тренд на своевидно романтизирање на 90-тите, а шефот на опозицијата зборува за „враќање кон Туѓман“. Затоа, за мене Скопје е совршена лабораторија на вкусот и идеологијата на балканските национализми - може да го покажете Скопје и да речете: „Еве луѓе, ова ќе се случеше и кај нас ако туѓманизмот победеше долгорочно“.

Кога првпат го виде сегашниот центар на Скопје, кое чувство доминираше во тебе: збунетост, чудење, неразбирање зошто тоа, или ти дојде нагон на смеење? Со оглед на твојата репортажа, воодушевување сигурно немало.

Моето прво чувство беше - страв. Скопје ми заличи на град во кој владее некој луд Нерон. Ако некоја власт е кадарна да го презре толку многу 20-тиот век, современата архитектура, урбанизмот, струката, вкусот..., тогаш таа власт не би се стеснувала од ништо: можеби утре да прогласи монархија, или да воведе вербален деликт, или да апси луѓе. Второ чувство беше гнев поради расипништвото во една сиромашна земја. Поминав и низ македонската провинција, и видов дека таму не се живее добро. Бев во прекрасниот Охрид, каде фреските во Света Софија и во Света Богородица Периблепта гнијат, а тоа е фантастично културно наследство, во рангот на најдоброто што го има Цариград. Арогантната власт, пак, за своите министерства и канцеларии троши милиони, место да го реставрира вистинскиот македонски идентитет и светското културно наследство.


Кога зборуваме за „Скопје 2014“, дали сметаш дека е поголем проблем барок во 21-иот век или квалитетот со кој се изработени спомениците и зградите?

Квалитетот на изведбата не би го земал за најголемо зло, иако тој е грозен. Проблем е стилот, кој е секогаш и идеологија, бидејќи секој стил е идеологија. Од стилот на „Скопје 2014“ може да се исчита презир кон модерноста и провинцијална несигурност на елитата, која се обидува да измисли идентитет, бидејќи мисли дека го нема. Секако дека е тоа грешка. Македонија има свој идентитет, но не оној од бронзените антички статуи и од псевдо-класицизмот. Повторувам: нам во Хрватска тоа не ни е непознато, и ние го поминавме во 90-тите, само во помалку расипничка верзија.

Дали го виде закотвениот кораб во Вардар, кој по завршувањето на изградбата би требало да биде угостителски објект? Како на еден приморец му изгледа таков брод на ваква вода?

Видов нешто, но искрено - воопшто не сфатив дека е тоа брод.

Има ли барем нешто ново во Скопје, што ти се допадна?

Кај вас и натаму го сакам она што го сакав во 80-тите, кога доаѓав многу почесто. Ја сакам Старата чаршија, македонската храна, вината, а со голем респект денес гледам и на она, утописко Скопје, настаното во 60-тите. Кога ќе поминам низ Градскиот трговски центар, сфаќам дека тоа беше шопинг мол, многу долго пред ние да знаеме дека такво нешто воопшто постои. Авангарден урбан потфат, во тоа време единствен од Берлин до Владивосток. Место да се слави таа просветена, меѓународно релевантна урбанистичка традиција, сегашната скопска власт го фингира 19-тиот век.

Кој ти е друг најсилен впечаток од оваа посета, освен проектот „Скопје 2014“?

Главна цел на моето патување беше Охрид, каде поминав краток одмор. Уживав во констатацијата дека и натаму е убав. Особено ми се допадна што е во него избегната гротескната преизграденост, карактеристична за некои делови од црногорскиот и од хрватскиот брег. Исто така, мислам дека се покажа визионерска одлуката на претходните власти да ја заштитат Галичица, со што е заштитен и источниот брег на езерото, кој е рајски. Повторно бев во Свети Наум, а тој е вистинско чудо. Првпат го посетив и Нерези, каде видов фантастични фрески и одлично јадев.

Ти помина во Македонија еден дел од животот, кој е на некој начин овековечен во книгата на Анте Томиќ, „Ништо не смее да не’ изненади“, и во филмот на Рајко Грлиќ, „Караула“. Кога денес ќе се сетиш на тоа време, кои ти се првите асоцијации и првите призори што ти се појавуваат пред очи?

Се сеќавам на караулата Мали Влај на Јабланица и погледот кон езерото од 1.500 метри височина, како од авион. Се сеќавам и на Ратко Младиќ, кој во тоа време беше анонимен полковник, но уште тогаш покажуваше знаци на опасен садист. Се сеќавам и на еден македонски потпоручник, кој во караулата доаѓаше на мотоцикл. Некој ми рече дека во меѓувреме станал важна личност во Генералштабот во Скопје.

Вие наскоро влегувате во Европската унија. Со какви емоции Хрватите го дочекуваат тој момент. Дали ентузијазмот и оптимизмот спласнаа или се зголемија во однос на претходните години?

Хрватска веќе не чувствува ентузијазам кон ЕУ. Процесот траеше предолго, беше премногу болен, а Унијата е и самата преполна со проблеми, особено јужниот, медитерански раб, на кој ние му припаѓаме. Хрватска е во рецесија пет години по ред, а со влегувањето во ЕУ нејзината прехранбена индустрија ги губи пазарите на ЦЕФТА, вклучувајќи го македонскиот. Никој не знае што ќе биде со бродоградбата, која како последен услов за ЕУ, е приватизирана на почетокот од оваа година. Атмосферата најдобро може да се опише како - загрижено исчекување.

Што се случува на политички и социјален план? Од она што го читаме во медиумите, актуелната влада не се снаоѓа баш најдобро со економските проблеми, но колку е сегашниот ХДЗ вистинска алтернатива?

Во сите источни држави (Полска, Унгарија), поранешните комунисти навистина воведоа капитализам, а потоа тоа предизвика револт и свртување кон десницата: погледнете ги Квашниевски и Ѓуршани. Во Хрватска тоа се случува со десет години задоцнување. Сегашната левичарска влада, е всушност, многу про-бизнис, ги форсира инвеститорите, капиталот, приватизацијата. ХДЗ неактивно мирува во опозиција, се расфрла со празни политички фрази и чека власта сама да им падне во раце, што не е исклучено како сценарио. А, што нуди ХДЗ? Се разбира, ништо. И онака, економските правила во рамките на ЕУ се премногу дефинирани, па просторот за солирање е многу мал.

Дали се плашиш дека заради актуелната криза и сето друго што се случува во земјите на ЕУ, особено со најавените референдуми за независност на некои региони, може да се случи идејата за Европа да биде закопана?

Според мене, таа е веќе закопана. ЕУ се претвори со идеолошки полицаец на либерализмот, кој денес ги задушува сопствените членки, и им ги одзема инструментите за самоодбрана, како валутниот курс, царината, субвенциите... ЕУ денес ми наликува на Југославија од 1986-та, една година пред доаѓањето на Милошевиќ. Повторно имате север и југ, односно обвинувања кој кого финансира. Дури им се и речениците аветински идентични. Иронијата е само во тоа, што во 1986. Хрватска беше север, а сега ќе биде југ.

Пред 20 и нешто години, кога Европа почна да се обединува на речиси целиот свој простор, Балканот се разединуваше. Дали сега ќе следи спротивен процес - кога Европа се чини „заморена од заедништвото“, овој дел да почне потесно да соработува, вклучивајќи и некои институционални форми?

Во културата е така. На пример, драго ми е да видам дека весникот во кој пишувам се купува на секој сараевски киоск, дека црногорски писатели ги објавуваат во Загреб своите први изданија, дека се снимаат филмови во копродукција. За жал, во економијата тоа не е случај. А, влегувањето на Хрватска во ЕУ уште ќе одрази дополнително негативно на тоа, бидејќи веќе ќе нема бесцаринска трговија.

Миодраг Мишолиќ

фото: „Јутарњи лист“

JUTAENJI LIST
08-04-2013, 10:11 PM
Reply