Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ БРАНКО КЕ ЗАМИНЕ И КОЈ КЕ Е НАСЛЕДНИКОТ ???
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#61

(19-05-2013, 04:43 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(19-05-2013, 03:17 PM)Larsson Wrote:
(19-05-2013, 03:08 PM)ЈорданПетровски Wrote: Што подразбираш под "nadvoresen impuls"


Iskrena pomos i zajaknuvanje na demokratskite kapaciteti na instituciite vo MKD od EU zemjite (najdobro do sega se pokaza politikata na stap i morkov),i nase baranje za pomos od zemjite koi nie gi smetame za prijateli,bez USA nema resenia za ni eden nas problem.

Nikoj nema da ni pomogne ako nie sami ne razbrereme i se svestime deka bez prifacanje na zapadnite demokratski vrednosti(kolku i da se tie dvolicni licemerni i imperijalisticki) nema progres na drzavata.

Mora da pocneme da vodime "real politika" da ne se zanesuvame deka ce izgradime nov poubav i po praveden svet.



Е тука е главниот проблем. Власта, не само оваа никогаш немала вистинска желба да прифати помош, иако формално бара, од ЕУ и САД во зајакнување на демократските капацитети на институциите во Македонија.

Решение е во ова, што го велиш:


-"Nikoj nema da ni pomogne ako nie sami ne razbrereme i se svestime deka bez prifacanje na zapadnite demokratski vrednosti(kolku i da se tie dvolicni licemerni i imperijalisticki) nema progres na drzavata.

Но како да дојдеме до него.

Просто бе Јордане, ако не може во Македонија да се инсталираат западните европски вредности, тогаш попаметните и поинформираните ке одат на Запад да ги уживаат таму западните европски вредности. Јас сум возрасен човек тоа да го направам, ама ги советувам моите две деца да фатат Запад. Оти, животот е само еден.Не верувам во воскрсение, ниту во реинкарнација. Знаеш колу е тешко да имаш други ставови и погледи од најголемиот број луѓе? Ти гледаш бело а тие викат црно е. Ти гледаш дека е нормално да се оди горе, а тие тргнале долу! На крај на краиштата каков е тој патриотизам ако не можеш да го изживееш единствениот живот кој го имаш во подобри услови? А, разумот ти кажува дека такви светови има (Запад, де). Каков патритизам, какви бакрачи. Тоа се празни, стерилни, лажни зборови. Латините велеле -Уби патриа, уби бене. Кај ти е убаво , таму ти е татковината. Да, знам, ке кажеш треба да бориме за да го прмениме светот во МК! Ама, гледаш и самиот, нема со кого да се бориш. Јас, навистина, ти се восхитувам од настојчивоста и посветенста во желбата да допринесеш за демократизација на МК. Јас ја немам таа страст. А, и многу лоши и антимакеднски луѓе се распоредени во македонската елита. Пир во кој твојата орхидеја ( демократијата) нема шанси да провирае. За жал.

20-05-2013, 12:38 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#62

(20-05-2013, 12:38 AM)hristo Wrote:
(19-05-2013, 04:43 PM)ЈорданПетровски Wrote: Е тука е главниот проблем. Власта, не само оваа никогаш немала вистинска желба да прифати помош, иако формално бара, од ЕУ и САД во зајакнување на демократските капацитети на институциите во Македонија.

Решение е во ова, што го велиш:


-"Nikoj nema da ni pomogne ako nie sami ne razbrereme i se svestime deka bez prifacanje na zapadnite demokratski vrednosti(kolku i da se tie dvolicni licemerni i imperijalisticki) nema progres na drzavata.

Но како да дојдеме до него.



Просто бе Јордане, ако не може во Македонија да се инсталираат западните европски вредности, тогаш попаметните и поинформираните ке одат на Запад да ги уживаат таму западните европски вредности. Јас сум возрасен човек тоа да го направам, ама ги советувам моите две деца да фатат Запад. Оти, животот е само еден.Не верувам во воскрсение, ниту во реинкарнација. Знаеш колу е тешко да имаш други ставови и погледи од најголемиот број луѓе? Ти гледаш бело а тие викат црно е. Ти гледаш дека е нормално да се оди горе, а тие тргнале долу! На крај на краиштата каков е тој патриотизам ако не можеш да го изживееш единствениот живот кој го имаш во подобри услови? А, разумот ти кажува дека такви светови има (Запад, де). Каков патритизам, какви бакрачи. Тоа се празни, стерилни, лажни зборови. Латините велеле -Уби патриа, уби бене. Кај ти е убаво , таму ти е татковината. Да, знам, ке кажеш треба да бориме за да го прмениме светот во МК! Ама, гледаш и самиот, нема со кого да се бориш. Јас, навистина, ти се восхитувам од настојчивоста и посветенста во желбата да допринесеш за демократизација на МК. Јас ја немам таа страст. А, и многу лоши и антимакеднски луѓе се распоредени во македонската елита. Пир во кој твојата орфидеја ( демократијата) нема шанси да провирае. За жал.




Христо се слагам со твоето мислење односно размислување. Имам едно прашање, дали со одењето на Запад треба да заборавиме на Македонија, односно да не се обидеме да помогнеме однадвор Македонија да се демократизира.
20-05-2013, 01:05 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#63

(20-05-2013, 01:05 AM)ЈорданПетровски Wrote:
(20-05-2013, 12:38 AM)hristo Wrote:
(19-05-2013, 04:43 PM)ЈорданПетровски Wrote: Е тука е главниот проблем. Власта, не само оваа никогаш немала вистинска желба да прифати помош, иако формално бара, од ЕУ и САД во зајакнување на демократските капацитети на институциите во Македонија.

Решение е во ова, што го велиш:


-"Nikoj nema da ni pomogne ako nie sami ne razbrereme i se svestime deka bez prifacanje na zapadnite demokratski vrednosti(kolku i da se tie dvolicni licemerni i imperijalisticki) nema progres na drzavata.

Но како да дојдеме до него.



Просто бе Јордане, ако не може во Македонија да се инсталираат западните европски вредности, тогаш попаметните и поинформираните ке одат на Запад да ги уживаат таму западните европски вредности. Јас сум возрасен човек тоа да го направам, ама ги советувам моите две деца да фатат Запад. Оти, животот е само еден.Не верувам во воскрсение, ниту во реинкарнација. Знаеш колу е тешко да имаш други ставови и погледи од најголемиот број луѓе? Ти гледаш бело а тие викат црно е. Ти гледаш дека е нормално да се оди горе, а тие тргнале долу! На крај на краиштата каков е тој патриотизам ако не можеш да го изживееш единствениот живот кој го имаш во подобри услови? А, разумот ти кажува дека такви светови има (Запад, де). Каков патритизам, какви бакрачи. Тоа се празни, стерилни, лажни зборови. Латините велеле -Уби патриа, уби бене. Кај ти е убаво , таму ти е татковината. Да, знам, ке кажеш треба да бориме за да го прмениме светот во МК! Ама, гледаш и самиот, нема со кого да се бориш. Јас, навистина, ти се восхитувам од настојчивоста и посветенста во желбата да допринесеш за демократизација на МК. Јас ја немам таа страст. А, и многу лоши и антимакеднски луѓе се распоредени во македонската елита. Пир во кој твојата орфидеја ( демократијата) нема шанси да провирае. За жал.




Христо се слагам со твоето мислење односно размислување. Имам едно прашање, дали со одењето на Запад треба да заборавиме на Македонија, односно да не се обидеме да помогнеме однадвор Македонија да се демократизира.

Ние сме тиква без корен. Многуте промени на идентитетот, задните 150 години, смена на многу туѓи власти, допринесе на создавање на менталитет на потчинет човек во Македонија. Затоа во Македонија може секој да владее како што сака без соодветна реакција на народот. И во услови на формална демократија во РМ, се продолжува негување на состојба на менталитет на потчинетост. Затоа имаме султан партии, каде што врхушката на партијата решава за се. Обичниот член, граѓанин0т, е само слеп извршител на нивните планови, без да има можност од активно учество во одлуките и изградба на стратегијата.
Дали дијаспората треба да помага на РМ? Секој нормален ке каже -да, но кој од дијаспората помага? Имаме Обединета дијаспора на Македонија во северната Америка, кој е под потполна контрола на Никола Груевски. Поединечни случаеви, како што си ти на пример, се малку за да ја разбранат општествената жабокречината во РМ.

20-05-2013, 11:14 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#64

Quote:Кире Наумов - Промена ЗА Промени


Почитувани,

Во врска со претходното соопштение за јавност (од 17.05.2013 година), а во кое беше наведено дека е поместен почетокот за официјално претставување на кандидатите за претседател на СДСМ, со цел намалување на бројот на кандидатури и меѓусебно договарање на останатите тројца кандидати со компатибилни програми, секретарот на СДСМ, г-динот Андреј Петров ме извести дека консултациите не се завршени. Најдоцна до утре 21.05.2013 година ќе се состане кандидационата комисија и воедно ќе се утврди и конечниот број на кандидати за претседател на СДСМ. Со тоа уште еднаш се одлага и почетокот на претставувањето согласно роковникот донесен од страна на Централниот одбор на СДСМ. Неформалната средба на која ги повикав останатите кандидати ја одлагам по конечната одлука на кандидационата комисија.



Се се прави само да се скрати времето за кампања.
20-05-2013, 02:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#65

Quote:Никој не сака да пие кафе со Кире Наумов

22-05-2013

Кандидатот за претседател на СДСМ, Кире Наумов, информира дека неформалната средба за пружање рака за фер, демократска и сопартијска кампања, на која ги покани останатите претенденти за претседател на СДСМ нема да се одржи, бидејќи на неговата денешна повторна покана никој не одговорил позитивно.


- Истовремено сум известен дека организирано претставување на програмите на кандидатите за претседател по општинските организации на СДСМ, кое беше предвидено во роковникот донесен од страна на Централниот одбор на СДСМ, нема да има. Оваа одлука е донесена на вчерашниот состанок на Извршниот одбор. На овој начин им се скратува можноста на делегатите и на членовите на СДСМ, на јавни презентации, да бидат директно запознаени со програмите на кандидатите за претседател и да поставуваат прашања. Независно од тоа јас ќе ги продолжам своите планирани активности со кои ќе се обидам да допрам и да ја презентирам сопствената програма пред делегатите, членовите на СДСМ и пред целокупната јавност – вели Наумов.

]LIBERTAS
22-05-2013, 01:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#66

Quote:СДСМ ќе има 6 потпретседатели, влада во сенка, право на издвоено мислење...


Потпретседателите на партијата ќе бидат од сите изборни единици, министри во сенка нема да бидат на списоците за пратеници, во партијата ќе се дозволи правото на малцинско мислење, ќе се основа институт за правда... се дел од мерките на програмата „Промена за промени" на кандидатот за претседател на СДСМ Кире Наумов.

[Image: mkd-53156.png]
Кире Наумов

Скратените рокови за кампања и немањето можност за претставување на програмата пред општинските организации на СДСМ го натераа Кире Наумов својата програма да ја стави на увид на целата македонска јавност.

Во програмата, која Наумов ја објави на интернет страницата http://www.promenazapromeni.info пишува дека тој ќе се залага за општество во кое слободата значи ослободување од сиромаштијата, ослободување од беспримерното искористување на мнозинството за задоволување на егоистичните интереси на малцинството и за ослободување од стравот од разни видови закани.

„Времето во кое живееме е одбележано со владеење на ВМРО-ДПМНЕ кое катастрофално се одрази на основните социјалдемократски начела. Економската состојба во Македонија е тешка, узурпирањето на институциите, газењето на основните човекови права и слободи, судство под директива на власта, медиумски мрак итн. За овие проблеми СДСМ мора да најде решение и да ги реши“.

Наумов ветува дека неговата програма работниците, земјоделците, осиромашените, невработените, маргинализираните групи ќе ја препознаат и прифатат како можност да се оствари нивната основна желба, да живеат достоинствено од својот труд.

Кандидатот за лидер на СДСМ не е против субвенциите за земјоделците, но тој бара развојна распределба на субвенциите во земјоделството, а партнер за овие реформи ќе бидат здруженијата на сите корисници на субвенциите.

Во однос на меѓуетничките односи, за Наумов Социјалдемократскиот сојуз на Македонија беше првата политичка партија што направи уште по првите парламентарни избори мултиетничка влада.

„Прва по етничкиот конфликт му пружи рака на ДУИ и направи владина коалиција. Храбро се соочи со предизвикот и се спротивстави на идеите за поделба на Македонија по етнички линии. Ги отвори вратите на својата партија за сите етнички заедници не само како членови, туку и како активни учесници во креирањето на јавната политика. Во иднина СДСМ треба да ја покаже својата големина и да го победи национал-популизмот на десницата со својот патриотизам. Не само декларативен, туку преку градење на вистински соживот и чувство за заедничка држава во која сите ќе имаме еднакви можности“.

И Кире Наумов смета дека СДСМ треба и понатаму да се залага за надминување на сите отворени проблеми кои не попречуваат кон примарните цели - ЕУ и НАТО, но водејќи сметка за ненарушување на националното достоинство. Наумов смета дека треба да ги вратиме сите пријатели и подржувачи на Република Македонија, а да се ослободиме од стереотипот дека сме држава која има взаемно лоши односи со сите соседи.

[Image: mkd-53159.png]

Подвлекувањето на определбата дека треба да се создаде клима на доверба помеѓу сопартијците за надминување на недостатокот од внатрешна комуникација, очигледно за Наумов претставува сериозен проблем.

За него проблем е и начинот на кој СДСМ во изминативе години комуницираше со медиумите.

„Свесни за улогата која ја имаат сите субјекти кои учествуваат во медиумскиот простор ние сме подготвени да ја оствариме нашата улога во општеството. Особено во демократизацијата и ослободување на стегите од јавниот сервис кој треба да претставува огледало на демократијата на едно општество. Но, за жал тој е узурпиран од власта и претставува мегафон на нејзините партиско политички ставови кои таа ги претставува како јавно мислење. Таа наша улога нема да ја изразуваме преку бојкот, туку со директно учество во отстранувањето на државниот патернализам над медиумите. Досега просторот кој СДСМ го има во медиумите е премал и тоа не треба и не смее да продолжи“.

Во склад со изборниот модел кој има шест изборни единици, Наумов предвидува и шест потпретседателски места на СДСМ, кои ќе бидат од секоја изборна единица и кои ќе имаат свој регионален центар.

„Општинските организации ќе мора да добијат поголема децентрализација, особено во носењето на одлуките за локалните избори, во програмата за настап и советничките листи. Заради зајакнување на партиската структура и организација предвидувам враќање на старите ингеренции и позиција на функцијата генерален секретар. Го промовирам моделот на Влада во сенка. Сите избрани „министри“ уште на самиот почеток ќе знаат дека нивните имиња нема да се најдат на пратеничките листи на идните парламентарни избори“.

Иако неколкупати досега беше ветувано како можност за фракционерство во рамките на СДСМ, кандидатот за претседател на партијата Наумов ветува дека ќе дозволи внатре партиското малцинско мислење и делување.

„Раководството на СДСМ мора да се претвори во перманентен штаб затоа што следните избори започнуваат токму на денот кога завршиле претходните. Соочени со злоупотреба на власта, преку гушење на слободата на медиумите, преку партиското инструментализирање на сите државни институции за партиски цели и задачи ги става социјалдемократите во подредена положба“.

И на крај, една од последните мерки која Наумов ја напишал во својата програама е дека ќе формира институт за правда, правичност и принципи во општеството, што ќе значи доближување до граѓаните, до нивните реални проблеми, можност на најдиректен начин да „се соочиме со граѓаните кои не се задоволни или се чувствуваат обесправени од одлуките на институциите . Овој институт ќе биде задолжен за развивање на програми во кои се дава безусловна подршка на напорите за борба против нееднаквоста, воспоставување граница помеѓу лобирањето и нелегалниот притисок со кои секојдневно се соочуваат физичките лица, помеѓу лобирањето и корупцијата која реално постои“.

Засега, програмите на неговите противкандидати, Зоран Заев, Зоран Јовановски и Игор Ивановски, кои беа оценети како компатибилни, не се достапни за пошироката јавност.

MKD.MK
26-05-2013, 02:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#67








29-05-2013, 10:26 PM
Reply
симеон Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Mar 2013
Reputation: 0
#68

Много дълго заминаване на Цървенковски .Като приключи със сбогуването да заповяда в България, ако не може да живее спокойно в Македония.
30-05-2013, 03:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#69



30-05-2013, 12:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#70








30-05-2013, 10:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#71



30-05-2013, 11:13 PM
Reply