basilius_2
Moderator
    
Posts: 1,136
Joined: Dec 2009
Reputation:
17
|
Нино и "Кумановски тамбураши" ќе вапсуваат јајца во Канада
Фолк-пејачот Нино Величковски и неговите "Кумановски тамбураши" за велигденските празници ќе гостуваат во Канада. На покана на Кумановското друштво на иселеници во Торонто, од 25 март до 7 април ќе престојуваат во Торонто.
"Место дома, велигденските јајца ќе ги вапсаме со нашите иселеници. Имаме закажано два концерта, а можеби ќе има уште два, и сите ќе бидат во Торонто. На наше големо задоволство, ќе ја презентираме нашата македонска, а пред сè, кумановската песна. Задоволството е поголемо што првпат заедно одиме преку барата. "Кумановски тамбураши" не биле досега, додека јас бев пред 20 години, па сега. Сè што работевме заедно во претходните 7 години, ќе имаме можност да го претставиме пред нашите иселеници", вели Нино.
Нино чека виза и за Австралија каде што со неговата колешка Анета Наковска еден месец треба да гостуваат во седум градови. Турнејата е предвидена од почетокот на мај. (С.Н.)
http://www.vest.com.mk/?ItemID=517CD8D1C...0600F4B802
|
|
15-03-2010, 06:04 PM |
|