ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,656
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Реакции за песната:
-Коментари на Твитер за „Империја“: Талат да го пратевме да отќути, да не се брукаме"
-Ова сериозно влегува во конкуренција со гулабица!
-На барање на општинската администрација, со позајмен печат од Гиш, Лозано сам се кандидирал за Евровизија.
-Сигурно Македонија кога ја праќаат на Евровизија се осеќа како нас у градинка кога не тераа со сила да спиеме и да јадеме леќа.
-А да одиме на Евровизија само ако добиеме и датум за Сан Ремо?
-Вечерта на Евровизија некој оператор да воведе праќање пораки за негативни гласови против Империја има пари да се напуни бре!
-ЕКСКЛУЗИВНО: СДСМ веднаш се враќа во парламент и оди на локални избори, ако Гујо се согласи Империја да не не претставува на Евровизија
-Мислам дека Империја ќе потегне иницијатива да се воведат негативни поени на Евровизија.
-Замисли стварно тепаме на евровизија и биде слоганот “Еуровижн сонг контест Скопје 2014“.
-Ја да сум Есма, не у музеј на вмро туку у штабот на вмро спот ќе снимам.
-Eсма и Лозано ќе оделе пред се за да се забавуваат на Евровизија. Ја радиодифузна такса за тоа плаќам? Топ 5 или барајте азил!
-Делот на Есма во песната за Евровизија: ААаааАаАааааааааааааааааааааааААА.
-Сите кои му се смеевме на Ѓоко Фиш со англискиот на Евровизија, врзете се, пристигаат Есма и Лозано.
-Дојде и денот кога Ристо Самарџиев не напправи песна за Евровизија...
-Многу ќе беше подобро Грција да го блокираше нашето членство на Евровизија наместо во ЕУ!
-Вајда нашиве за евровизија се водат според „секогаш може полошо“
-Се надевам Империја ќе биде доволно добра да не дисквалификува од наредните 2 учества на Евросонг.
-Земјотресот во Скопje 1963, Војната во 2001ва, Скопје 2014та, Евросонг 2013та и други останати катастрофи во Македонија.
-А баба Мулон ќе го носат ли на евросонг?
-Единствена опција за евросонг која и остана на Мк е да го пушти Орце Стефковски со 6 овци и чифте на сцена
|
|
28-02-2013, 02:14 AM |
|
ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,656
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:ПО ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА ЕВРОВИЗИСКИОТ СПОТ НА ЕСМА И ЛОЗАНО ОД ЈУТЈУБ, МТВ РЕАГИРА ДЕКА ТАА НИТУ ГО ПРАВЕЛА, НУТУ ГО ОТСТРАНИЛА
МТВ: Спотот не ги исполнува критериумите за достојно претставување на Македонија
![[Image: CF26A463A714874CB9B222F05B42E77F.jpg]](http://www.vest.com.mk/WBStorage/Articles/CF26A463A714874CB9B222F05B42E77F.jpg)
По повлекувањето од Јутјуб на спотот за песната Империја, со која Есма и Лозано ќе ја претставуваат Македонија на Евросонг во Шведска, се огласи Македонската телевизија со тврдење дека таа нема ништо ниту со изработката на спотот, ниту со неговото повлекување од Јутјуб.
„Спотот за кој јавноста до пред неколку часа коментираше дека е промотор на зданијата на проектот Скопје 2014 е отстранет од сите канали на Јутјуб. Шефот на Евровизиската делегација на Македонија, Љупчо Мирковски објаснува дека МРТ како и минатата година, дозволи целосна слобода во креативниот пристап и реализацијата на видео записот за песната којашто годинава ќе ја претставува Македонија на Изборот за Песна на Евровизија 2013 - во Малме, Шведска“, стои во писмото испратено од Шефот на Евровизиската делегација на Македонија.
Во продолжение на демантот од МТВ стои: Како официјална членка на ЕБУ, МРТ смета дека видео записот, комплетно изработен од Егзит Б Продукција, не ги задоволува стандардите и критериумите за достојно представување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од него, кој поради програмската најава за директниот пренос на 27 февруари, мораше да биде емитуван. МРТ децидно тврди дека : ниту го постирала, ниту го отстранила спорниот видео запис од било која веб страна на Интернет. Како носител на лиценцата за евровизискиот проект, МРТ ги има сите права за корекции и промени на комплетниот национален Евровизиски пакет, се до крајниот термин - 18 ти март 2013-та година , кога тој треба да се предаде на ЕБУ.
МРТ се оградува од сите шпекулации и изнесени невистини во јавноста, за инволвираноста во идејното решение и реализацијата на видео спотот и сериозно размислува, за одпочнување на постапка за заштита на интересите и интегритетот на јавниот радио дифузен сервис.
В. Миленковска
|
|
01-03-2013, 12:10 AM |
|
ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,656
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
|
01-03-2013, 11:21 AM |
|
ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,656
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
|
01-03-2013, 01:16 PM |
|
ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,656
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:МРТВ: Се менува песната која ќе ја претставува Македонија на Евровизија
Сакаме да напоменеме дека овие чекори се дел од регуларната и редовната процедура и дека ќе направиме се да имаме впечатлив, квалитетен евровизиски проект.
![[Image: 2802imperija1-640x397.jpg]](http://press24.mk/sites/default/files/resize/2013/statija/images/03/2802imperija1-640x397.jpg)
Песната која Македонија ќе ја претставува на Евросонг оваа година ќе претпри измени и доработка во однос на текстот и аранжманот, одлучи денеска Македонската Радио Телевизија заедно со евровизиските претставници.
Оваа одлука дојде како резултат на јасно изнесените ставови и конструктивните сугестии од стручната јавност и од македонскиот аудиториум. Македонската Телевизија како јавен сервис на граѓаните на Македонија ја почитува желбата на мнозинството кои го кажаа својот став во однос на песната.
Сакаме да напоменеме дека овие чекори се дел од регуларната и редовната процедура и дека ќе направиме се да имаме впечатлив, квалитетен евровизиски проект.
Како носител на лиценцата за евровискиот проект, МРТ ги има сите права за корекции и за промена на комплетниот евровизиски пакет, се до крајниот термин, 18 март оваа година, кога истиот треба да се предаде на ЕБУ.
Уште еднаш напоменуваме, дека МРТ и оваа година дозволи целосна слобода во креативниот пристап и реализација на видео записот на песната, но сметаме дека видео записот направен од Егизт Б Продукацијата не ги задоволува стандардите и критериумите за достојно претставување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од истиот. МРТ ниту го постирала, ниту го отстранила видео записот од интерент, туку изјавуваме дека целосно се оградуваме од истиот.
МРТ се оградува од сите шпекулации и изнесени невистини во јавноста за инволвираноста на јавниот сервис во идејното решение и реалзција на видео записот и сериозно размислува за отпочнување на постапка за заштита на интерсите и интегритетот на јавниот радио дифузен сервис.
Овие чекори се иницирани за подобро претставување на Македонија пред светската музичка јавност.
(Интегрален текст од соопштениет на МРТВ)
|
|
01-03-2013, 01:55 PM |
|
тракиецъ
Member
  
Posts: 103
Joined: May 2012
Reputation:
12
|
|
01-03-2013, 07:58 PM |
|
ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,656
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
|
02-03-2013, 03:04 PM |
|
ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,656
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
|
16-04-2013, 02:27 AM |
|