Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДИМИТРОВСКИ ВС РИЗАОВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,632
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1








Quote:Блиски средби со калфата на олигарсите


Калфата свиткува табак. Ечат неговите погани тиради за гнасните вмровски копилиња. Небаре најдолен кодош, измислува нова, црна, траурна квазижурналистичка форма, жанр дотогаш невиден во светското новинарство. Прави измислени автопортрети на политичките личности од опозицијата. На Георгиевски и на Кљусев, на Димовска и на многу други. Автопортретите ги пишува во црна серија со подол јазик, демек како самите тие да се исповедале пред судот на неговата партија. Непрокопсаник



Пролет е, 1990-та. Во дебармаалските дворови цутат рози. Волшебен мирис на анамска рака ги растреперува вљубените што минуваат крај високите ѕидови на трошните битпазарски куќи. Скопје почнува да дише демократија. Со екипата „младоборци“ ги уриваме бастионите на титоизмот. Нема свети крави! Ни Бранко Микулиќ, ни Анте Марковиќ, ни Лазар Колишевски, ни Јездимир Богдански, ни Петар Гошев, ни Киро Глигоров...

Таму горе, високо, во зградата на НИП „Нова Македонија“, спроти Капиштец, во седиштето на органот на Народниот фронт, во својата фотелја седи калфата на комуњарските бегови Ерол Ризаов.
Го остри своето партиско перо за да го одбрани социјалистичкото самоуправување, програмскиот плурализам во ССРНМ, наспроти граѓанската десница, се токми да ги сочува СФРЈ, братството и единството на народите и народностите од една брадеста дружина, која наидува и блада за некаква самостојна и суверена Македонија. Попусто демократскиот ветар се заканува да го дувне. Калфата не се дава. Пркоси! Може тој уште да му служи на комунизмот, што ако иде демократија?
1992 г.-1993 г. Академикот Никола Кљусев пучистички е сменет од првата фотелја во експертската влада. СДСМ се прогласува за државотворна партија. Комуњарскиот јунош Црвенковски ја плурализира јавноста. До коска. Во Македонија гордо зрачат сите две телевизии МТВ1 и МТВ2, а срамежливо почнува да зрачи и трета бандитска приватна телевизија на неокомуњарските лавчиња на Б.Ц. - А1, де! Славно се печатат и сите два слободоумни весника - „Нова Македонија“ и „Вечер“. Вистинска медиумска рапсодија. Да вриснеш од демократија, да ѝ се предадеш на слободата на печатот. Екстаза!

Калфата свиткува табак. Ечат неговите погани тиради за гнасните вмровски копилиња. Небаре најдолен кодош, измислува нова, црна, траурна квазижурналистичка форма, жанр дотогаш невиден во светското новинарство. Прави измислени автопортрети на политичките личности од опозицијата. На Георгиевски и на Кљусев, на Димовска и на многу други. Автопортретите ги пишува во црна серија со подол јазик, демек како самите тие да се исповедале пред судот на неговата партија. Непрокопсаник. Сѐ во стилот - јас, Љубчо Георгиевски, се срамам... и му се извинувам на македонскиот народ... Јас, Никола Кљусев, се гадам од ова што го направив... Со група „младоборци“ решаваме да му напишеме одговор во истиот стил - Јас, Ерол Ризаов, се срамам од своето ком-партиско социјалистичко минато! Калфата збеснува. Ме добива на телефон. Вака ли се одговара, вели, можевте нормално да реагирате. А боли по твој грб, нели? Е па, боли!
2004 г., март. Од Вашингтон, на повик од Срѓан Керим доаѓам во Скопје за да работам во „Медиа принт Македонија“. Директорот Германец и директорот Керим ми го потпишуваат договорот за скромно место во менаџерскиот тим. Калфата Ерол Ризаов одамна е во „Утрински весник“. Сега станал чирак на олигарсите, на оние посткомунистичките. Не џабе им ја аминуваше сета кражба во приватизацијата. Светскиот дипломат се туфка. Врти со главата и симнува раменици. Иако ти ветив, сепак не можеме да те ангажираме, вели. Ерол Ризаов крена револуција, востание против тебе! Ај, мајката. Па му личи, си мислам денес. Само за на буре е... Со отпорот. Ма ајде ви се молам, му велам на дипломатот, зарем партискиот и олигархиски калфа Ерол да му командува на ВАЦ, на славниот германски медиумски концерн? Што е тој, светски новинарски башбакан? Е, исто како да е... Не трпи тој раја што ќе му го растури раатот. Евала ефенди Керим, велам. А раатот на калфата? Ич да не ти муабетам пријателе. Шест години подоцна го видов со свои очи. И раатот и есапот. Хорор.
2010 г., МПМ. Од пластична чаша пијам еспресо од автомат. Ги вртам страниците на менаџерските договори за да ги стокмам досиејата во Секторот за човечки ресурси. Калфата нема народ за да крене востание и да ме спречи. Исто како што сега нема народ неговиот партиски газда за да ја урне власта. Превртувам така страници и за малку ќе се попарам. Калфа Ерол, кој веќе не е директор на „Утрински весник“ има нов, султански договор, 100.000 денари уредничка плата, службен автомобил - 24/7 и 50.000 евра отштетна клаузула, во случај да му го расипат раатот. Ашколсун! Новинарски Роналдињо според годишниот ак, а што работи? Е па, ништо. Сето тоа за слава, за курташак, за дрн-дрн јариња, за седење по кафеани, за мрчење кај „Чамо“.

Море, си велам. Калфата е сигурен оти тоа го сработил, а бе го исклесал во своето новинарско досие. Голем абер сторил до народот, асли ишарети фрлил кон олигарсите за да му ја наполнат торбата. Го чешлал Штерјо и го пудрел Хари. Море што новинарски принципи шитоса, море што политички ороспии протера, море што невини вмровци испогани, море што фирмичиња сефтоса. Арамзаде!
А есапот? Е па, вака. Додека калфата беше директор, „Утрински весник“ направи 2,5 милиона евра загуба. ВАЦ му ја плаќаше новинарската слобода за тој да ја плука ВМРО-ДПМНЕ и да ги аминува олигарсите, да панагиричи за државотворците на БЦ. Саглам мудур, нема што!
Ме бара еднаш да се видиме во ресторанот на олигархот. Ги гледам, се тешат со Штерјо, што може допрва да ги снајде со овие „немиениве“. ВАЦ го уништи „Утрински“, ми вели. Ајдеее, се чудам и го премолчувам неговото безобразие, дрскоста. Едепсус.

2011 г. „Дневник“. Калфата ми ѕвони неколкупати, преку секретарка. Бара средба. Немам време. Знам што ќе ми лафи. Син му е тука, во „Дневник“, а јас главен уредник. Ај што е тука, туку чат-пат го нема на работа. Исчезнува. Јас, пак, мижам со двете очи, море ќор се правам, додека тој на два-три дена ја зема службената кола и фаќа џаде. Шоферот, Бог да го прости, еден ден ми вели. А бе, види, најдов некои шишенца, лекарства ли се, што ли е! Сус, бе ѓаур, му велам. Не смееме да го расипеме раатот на калфата. Што и да е, молчи.
Ех, Ероле, Ероле. Ти најде да ми држиш лекции за демократија и за новинарски слободи!?

Си се стегнал ли, Ероле, да му расплачеш мајче на друг премиер или на друг претседател, освен на Љубчо, на Грујо, на Кљусев и на Борис. Сите од иста партија. Е па, јас сум се стегнал. И на Грујо сум му пишал, и на Бранко, и на Љубчо, и на Борис, и на Киро. А ти? Цел живот работиш за Партијата и за олигарсите. Сите комунистички слуги заминаа во историјата, но ти сѐ уште си тука, спремен да прегазиш уште многу трупови, за да си го продолжиш раатот.
Инаку, и самиот знаеш дека Соња Крамарска ич не иронизираше со извинувањето до Трајко Вељановски, туку им го правеше ќефот на газдите, а си ја спасуваше својата фотелја! Но, ако си ти маж, Ероле, зашто тврдиш дека јас не сум, ај стани, де, рипни малку против газдите, да те видам што јунак си, па кажи го тоа јавно? Ама, ништо од сето тоа, зашто си коркач. Ти фуфка од Керим и од Орце, а?! Е па, ти фуфка, знам.
10-02-2013, 11:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,632
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2


Quote:Изгубениот Јапонец Жо РО


Или зошто Главниот Уредник на „Нова Македонија“, Зоран Димитровски, ги подметна своите кукавички јајца во „Утрински весник“

До пред некоја година од џунглите на пацифичките острови одвреме-навреме ќе стасаше сензационална вест: откриени изгубени јапонски војници кои не знаат дека завршила Втората светска војна. Мојот новопечен и самоназначен биограф Зоран Димитровски Жоро, со последно прибежиште главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“ деновиве ми наликува на фанатичен јапонски борец кој се враќа од крвавите битки против титоистите. Според неговите сведоштва, на фронтот заминал пролетта 1990, десет години по смртта на Тито, а се врaтил некни како народен херој, цели 33 години по заминувањето на Броз на оној свет. Сега, како ветеран, Жоро евоцира спомени во Н.М. како „младоборец“, каков голем јунак бил кога ги уривал бастионите на титоизмот. Учествувал во сите офанзиви против Тито и Лазо, против Киро Глигоров, Петар Гошев, Јездимир Богдански, па тргнал и накај север против Бранко Микулиќ и Анте Марковиќ. Преживеал точно седум големи офанзиви во нерамен бој со многубројниот непријател. Тој голорак, а комунистите и комуњарите до заби вооружени.

Во последниот бој со остатоците на титоизмот, нашиот Жоро стасал до мене лично, калфата на комуњарските бегови и на олигарсите. Го запалил фитиљот на топот и пука ли пука по мене и весниците каде што сум работел и работам. Ај што пука по мене, нека пука, таквите ќорфишеци одамна ги гледам како мува во матеница, ама оваа фукара, оваа несреќа од човек, ги повикал напомош и други луѓе, повеќето од нив одамна покојни. Замешал десетици јавни личности во неговата пресметка и злоупотреба на страниците на „Нова Македонија“. Мавал, мавал по мене и по невини луѓе големиот јунак. И еве одлучив јавно да признаам. Да, Жоро, го почитував Тито и уште го почитувам. И умрен, 33 години по смртта, има многу широк, историски грб да ги носи сите паразити што го колваат како оние птичките што живеат од изметот на нилскиот коњ. Да, признавам, ги почитувам и сите оние што ги спомнуваш и многу други против кој си тргнал во големите офанзиви. За волја на вистината, не можев да го постигнам тоа за што ти мислиш дека ме валкаш, бидејќи бев многу млад и мал новинар во времето на Тито да можам да пишувам за неговиот лик и неговото дело. Тогаш калфите и чираците не можеа да трчаат пред мајсторите како сега. Можеш за тоа да го прашаш мајсторот со кого беседите секој петок во импресивното политичко шоу на истомисленици: седум против еден. Јас во „Нова Македонија“ како калфа стасав до одговорен уредник, мајсторот беше и генерален директор и претседател на управниот одбор и главен уредник. Е, па вака, Жоро, со тоа новинарство и со тој период на „Нова Македонија“ некаде од 1977 до 1996 година јас се гордеам. Ако некој се срами, тоа е негова работа. Може има и зошто. Јас немам. Не се осмелувам да зборувам за големината на „Нова Македонија“ од 1944 до 1999 година, како исклучителен хроничар на бурни времиња. Тоа ќе го оценуваат и го оценуваат веќе други луѓе. Сигурен сум дека кога некои други новинари, историчари, или комуниколози непристрасно ќе го проучуваат ова наше време, ќе може да се види подобро улогата на секој од нас. За тоа ќе почекаме.

Неисе, откако славно го поразил Тито и титоистите, Жоро се префрлил на новиот демократски фронт во новата ера на транзицијата. Ме нарекува непрокопсник, најдолен кодош, а за сведоци пак повикува повеќе починати отколку живи луѓе, академик Никола Кљусев, Доста Димовска, Борис Трајковски, Љупчо Георгиевски... Раскажува Жоро на страниците на „Нова Македонија“ како сум ги сатанизирал луѓево небаре за појадок сум јадел живи вмровчиња. Споменичарот и мојот биограф веќе го прифатил јазикот на мемоарска литаратура, па пишува за еден многу значаен датум: замислете негде во март 2004 година во Вашингтон каде што го однела борбата против титоистите добил телеграма од д-р Керим итно да се врати дома. Каква возбуда. Татковината е во опасност, веднаш да се јави на работа во МПМ. Ама ете не можел да се вработи оти Ерол подготвувал бунт. Калфата Ерол испаднал посилен и помоќен и од ВАЦ и од нивните генерални менаџери. Како е можно тоа, не може да се изначуди Жо Ро. А бе, тутурутко една, па нели знаеш дека содружниците, сопствениците на приватна компанија можат да дадат мислење за вработување. Како тебе да те примат кога устата ти се исуши во „Вечер“ од плукање против МПМ и неговите изданија. Нешто слично како што сега ја поганиш „Нова Македонија“. Се исчудуваш како сум јас светски новинарски башбакан да му командувам на ВАЦ. Не јас, туку твоите новинарски подвизи ти ја затворија вратата за што беа согласни сите содружници до еден.

И еве нашиот јунак доаѓа до 2010 година и пак ништо не разбира, како тоа кога се изменија сопственичките односи успеал да стаса на голема врата во МПМ. И прво што направил во секторот што му го довериле ги отворил договорите и досиејата да види колку плата имам. И денеска тоа му е голем адут за пресметката со мене. Ќе му се истурело кафето кога си видел колку сум платен како извршен директор на „Утрински весник“ или како главен уредник сум имал кола на располагање, „фијат“. И човекот гледам се гордее со ова истражувачко новинарство. И уште открил, дека „Утрински“ направил милиони евра загуба. И дека во првата блиска средба со мене сум кажал дека ВАЦ го уништил „Утрински“. Аман бре што кажа, со вакви кодошлуци ли стана главен уредник на „Дневник“. Јас тебе, на плукачот на „Утрински“, ќе ти кажувам за нашиот партнер, голем германски медиумски концерн, дека го уништил својот и наш весник. Не си со сите. А, башка не си го почитуваш ни сопствениот договор кога ти била дадена доверба да стапнеш во компанија на ВАЦ.

И откако си ги потрошил сите адути и сите црни бои, си посегнал по мојот син. Не знам дали си родител и каков родител си. Но, веќе видов колкава гнида си кога во една ваква расправа посегаш по децата. Знаеш ли ти кој посега по децата. Мрсник еден.

И што е сега предмет на нашата расправа и твојата човечка беда. Тоа си го ставил во две реченици во пост-скриптум. Новинарите на „Утрински“ те прашале што мислиш за 116. место во светот за медиумските слободи во Македонија во оценката на репортерите без граници. „Утрински“ те сместил на своите страници во убаво и респектабилно друштво со Ордановски и Блажевска, а ти врескаш дека те цензурирале, ти го скратиле тоа што си го зборувал против „Утрински“ и главната уредничка. Ти скратиле нешто што ти си кажал, а не те прашале. Срам да им е. И викаш на цел глас држете го лоповот. Пукаш со топовите на газда Минчо Јорданов по „Утрински“ по гл. уредник дека те цензурирале и ти се смачило што се извинил гл. уредник уредник на „Утрински“ по заканата со тужба од Трајко Вељаноски. Па кој те тера да си го цензурираш својот весник и да не пишуваш храбро тоа што го мислиш. Затоа ли снесе кукавички јајца во туѓо гнездо, да не ти се види кукавичлукот во „Нова Македонија“. „Утрински“ бил аполгетски весник и гл. уредник не се извинил иронично, а сите во социјалните мрежи го разбрале тоа погрешно како иронија. Ти и нив си ги искарал. Еве да речеме дека си во право и гл. уредник сериозно се извинил. Па колку е пострашно и за тебе и за сите што ги засега оваа власт. Ти текнува ли бе труп еден. А, ти што си направил, си побарал оставка од Трајко Вељаноски во пост-скриптум од три реда по цел чаршаф плукање врз мене, по речиси два месеца по настанот од 24 декември.

Жоро, гледај ваму, читај внимателно, сите ние кои сме биле главни уредници покрај нашите текстови кои, за среќа, не се бришат оти не се ветер во етер, имаме уште еден многу значаен ракопис, а тоа се весниците сосе сите текстови. Сврти се зад себе да видиш што си оставил. Таму каде што си имал шеф вистински професионалец, кој ја преземал одговорноста си направил нешто. Таму каде што си бил ти шеф работата е врвка. Извонреден придонес за 116. место на светската листа. Со ова, мојата преписка со тебе завршува за век и веков.

16-02-2013, 12:14 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#3

Мене ми е през оная работа , и двамата са слуги на различни политически гарнитури. И двама си вадят хляба с лизане на гъзове. Ама да намесваш синовете и лекарствата , които пиели е пълна идиотщина. В една бяла държава този уредник дето ги е написал тия доноси щеше вече трети ден да е базработен
Без Ботев няма България
16-02-2013, 06:45 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#4

(16-02-2013, 06:45 AM)Топорчо Wrote: И двама си вадят хляба с лизане на гъзове. Ама да намесваш синовете и лекарствата , които пиели е пълна идиотщина. В една бяла държава този уредник дето ги е написал тия доноси щеше вече трети ден да е базработен

Drzava?!?!?

Za zal tamu kade sto e ovaa napisano ne e drzava...a ovaa se provereni udbaski metodi i tekstovi...

(This post was last modified: 16-02-2013, 12:56 PM by Larsson.)
16-02-2013, 12:55 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#5

Quote:Од сите фекалии истурени врз мене од канализацијата на „Утрински весник“, каде што со пари на „диктаторскиот режим на Никола Груевски“ калфата на олигарсите Ерол Ризаов си го полни своето чкембе, додека на читателите им продава ѓоа-демократска басма, на публиката ѝ должам две објаснувања.

Неинформираните читатели со право можат да ми забележат дека јас непристојно сум го вмешал неговиот син во полемиката, односно надвор од сите човечки стандарди сум го чепнал семејството на Ерол. Е па, вака: мене Ерол сакаше да ми го затвори семејството, со тоа што буквално ме остави на улица, без плата - со отпорашко востание ме избрка од работа, односно го натера Трифун Костовски да му се јави на Бодо Хомбах, за овој да интервенира кај Срѓан Керим и да го поништи моето штотуку потпишано решение за вработување во МПМ - во февруари 2004-та!

Јас, пак, само бенигно го споменав работно-психолошкиот карактер на неговиот син токму за да го потсетам Ерол на мојот однос кон неговото семејство, кој е драматично почовечки од неговиот однос кон мене и кон моето семејство.

Но, за да нема дилеми кој ја преминал границата на пристојноста, само уште една информација. Како главен и одговорен уредник на „Дневник“, јас на неговиот син му потпишав неплатено отсуство од една година поради студиски престој во САД, а ако бев ѓубре и ако сакав да му се одмаздам на Ерол за тоа што тој мене ми го направи и ако имав намера навистина да му го чепкам семејството, можев да не му потпишам. Ма, можев, без око да ми трепне и со право да му ја симнам платата поради непрофесионалното однесување на работа. Но не направив ништо од тоа.

Второ, за да го оправда нечовечкиот чин против мене со кој ме остави без работа цела една година, Ризаов се вади дека јас наводно сум пишувал текстови против МПМ во „Вечер“, па тоа било причината да крене востание. Но тоа е проѕирна и безочна лага. Јас бев главен уредник на „Вечер“ во 2001-та, а МПМ се формира дури во септември 2003-та. И да сакав, не можев да пишувам текстови против МПМ. Причината што Ерол реши да ме избрка од работа се политичките несогласувања со мене. Во МПМ не смееше да влезе некој што можеше да му го растури раатот со олигарсите. Тоа е Ерол, демократот!
И на крајот, за разлика од Ерол, кој демек решил да ја затвори полемиката, како тој да е Бог што затвора и отвора, јас ќе продолжам да се занимавам со него. Од следната недела, на пример, од архивата на „Нова Македонија“ ќе ги преобјавам сите негови црнорукашки пропагандистички текстови, незабележани во светската новинарска практика, против македонските национални лидери од редовите на опозицијата од почетокот на 1990-тите години (најчесто од ВМРО-ДПМНЕ), за кои Ерол сега вели дека се покојни и оти не можеле да сведочат. Точно е, мртви се и не можат да сведочат, ама гнасните текстови на Ризаов за нив, со ништо непредизвикани, не се покојни и тие сега ќе посведочат, за публиката да види за каков демократ и плуралист станува збор, кога е во прашање нивниот автор. Се разбира, за сето тоа нема да трошам хартија. Целата серија ќе оди на Интернет.


Автор: Зоран Димитровски

16-02-2013, 01:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,632
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Мало потсетување на демократијата на Ерол Ризаов.



[Image: Document9_1_zps8180073f.jpg]
16-02-2013, 04:40 PM
Reply