Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИЗБОРИ ВО ЛЕТО!! КОЈ ЈА ЗБОРУВА ВИСТИНАТА: ГРУЕВСКИ ИЛИ ЦРВЕНКОВСКИ ??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Договорот е пат кон политичкиот пораз на власта




Фросина Ременски




Европа побара, „страните“ се договорија:

Да се формира ад-хок Анкетна комисија која ќе ги истражи настаните пред и на 24 декември, вклучувајќи ја нивната уставност, како и обезбедувањето во и пред парламентот, и ревизија на правилата за собраниските процедури. Заклучоците од оваа комисија ќе бидат рефлектирани во извештајот на Европската комисија за напредокот наесен годинава;
Да се дискутира внатрешната политичка ситуација, вклучително и заклучоците од Анкетната комисија за настаните на 24 декември и да ги продолжат дискусиите во добар дух за сите опции, и без предрасуди, за да се дефинира тајмингот за следните парламетнарни избори.
Комисијата ќе биде составена од по двајца делигирани стручњаци од двете политички партии и два члена одредени од Европската комисија.

Овие доминантни точки од постигнатиот договор го одразуваат настојувањето на ЕУ на индиректен начин, сосема легитимно да ја делегитимира Владата и нејзините политики кои се повод и причина за континуирано економско и социјално пропаѓање на граѓаните и меѓународно назадување на Република Македонија на патот кон ЕУ и НАТО.

ЕУ преку своите претставници, медијатори во политичката криза, ја легитимира и призна тежината на опозициските барања, обврзувајќи ја власта постапно да ги исполнува, но сега како договор потпишан помеѓу опозицијата-власта и ЕУ. Тоа се гаранциите дека договорот ќе се почитува, ќе се инсистира и бара негово почитување. Сакале да признаат или не, договорот е пат кон политичкиот пораз на власта.

Брзајќи да ги спинува изјавите и објаснувањата на договорот, кои би дошле од страна на опозицијата, премиерот во „принципиелното обраќање на народот“ истакна дека „во текстот на договорот на ниту едно место не стои дека ќе има предвремени парламентарни избори“. Оваа изјава може да се сфати само како себеутешение и политичко лицемерие што го потврдуваат и изјавите на министерот за финансии, кој, иронизирајќи го „поразот на опозицијата“ само го потврди лицемерието и наводно „подадената рака“ за надминување на политичката криза.

Ако на јавноста ѝ ја промовираат сликата за силни, енергични, принципиелни, непобедливи и бестрашни политичари, длабоко во себе го чувствуваат стравот од есента, бидејќи знаат дека меѓу редовите на договорот е извезен нивниот пораз.

Под услов Комисија за настаните од 24 декември, да работи навистина независно и објективно, нејзиниот извештај ќе биде напишана пресуда за недемократските капацитети и противуставни постапки на власта за донесување на Буџетот за 2013 година, постапки поткрепени со злоупотреба на полицијата и агенциите за обезбедување во партиско-политички цели.

Парламентарната дискусија за внатрешната политичка состојба и дискусиите по извештајот на оваа Комисија на политичката сцена повторно ќе го ревитализираат прашањето за политичка и кривична одговорност за настаните од 24 декември, што неминовно ќе биде аргумент за барање „тајминг за парламентарни избори“.

Тука не завршува приказната, туку допрва ќе започне испитната сесија за капацитетите на институциите и носителите на власта што се дел од условите за почеток на преговорите со ЕУ и позитивен есенски извештај за напредокот на државата.

Ова е очекувана разврска на настаните и договорот што под гаранции од ЕУ го потпишаа власта и опозицијата. Она што не ме радува од првиот договорен ден е (намерно) погрешното читање на договорот од страна на премиерот. Сите точки од договорот треба да се исполнуваат низ политички дијалог со „дискусии во добар дух и без предрасуди“. Одговорноста за создавањето на услови за одвивање на политичкиот дијалог без предрасуди и во добар дух, во кој треба да се исполнува договореното, е пред се`на Владата.

Хуморот и сатирата за „опозициското не-стоење на зборот за бојкот“ и грешките во првото читање (толкување) на договорот уште еднаш ја потврдува јамка-политиката која во ниту еден момент не навестува „дискусија во добар дух и без предрасуди“.

Целата оваа еуфорија и прејудицирана победа од страна на власта, преку произволното толкување на постигнатиот договор и очигледното непрепознавање на резултатот, може да се оквалификува како еуфорија базира на сознанија за прикриени, уништени, фалсификувани или недостапни доказни материјали за настаните на 24 декември. Власта знае дека и ЕУ и народот во Македонија, исто така, знаат дека извештајот на таа Комисија е почетокот на нејзиниот крај.

Затоа, треба да се инсистира на јасен мандат, задачи, права и овластувања на Комисијата за истражување на настаните од 24 декември (пред и по). Треба да се определи методологијата на работа и начинот на донесување на одлуките. Треба да се води сметка за стучниот капацитет и знаење на членовите на комисијата, а власта ќе треба да биде таа што ќе ја гарантира отвореноста на институциите во соработката со членовите на Комисијата во фазата на истражување и собирање на податоци и доказен материјал. Комисијата треба да направи ревизија на постапувањето на повеќе институции, да ја проучи и преоцени примената на законските одредби и процедури што го регулираат нивното работење во конкретниот случај, (според договореното со ЕУ) треба да имаат мандат да предложат поведување на постапка за утврдување на одговорност за чинителите во настаните. Прецизно поставените правила на работа и овласувањата на Комисијата се предуслов за реален и објективен извештај.

Тоа е големиот испит од чија оценка ќе зависи нашата европска, нашата македонска иднина!

Колумната ја објавуваме со дозвола на авторот.
(This post was last modified: 03-03-2013, 03:19 PM by ЈорданПетровски.)
03-03-2013, 03:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Груевски му порача на Црвенковски: Ти најмногу ни одговараш на чело на СДСМ!



Претседателот на владејачката партија денес му испрати многу силна порака на својот конкурент-опозицискиот претседател Бранко Црвенковски. Тој пред да ги промовира своите кандидати за градоначалници, порача дека овие избори ќе се помнат по настаните кои им претходеа, настани смислени од Бранко Црвенковски.

- Преплашен од изборите и од конгресот кој го очекува, Бранко осмисли инцидент. Им се претстави како жртва која треба да ја жалат, па да ја наградат. Сето тоа го смислил на штета на државата, а на личен интерес односно спас од заминување од партијата. Тој ни порача дека он „та бил, та не бил“ и од него нема да се спасиме. Бранко, не „та бил, та не бил“. Туку гледај да бидеш. Нам ти најмногу ни одговараш за претседател на СДСМ. Со твоето минато, со менувањето на името, со создавањето на октоподот и криминалната приватизација, со твоето неработење, со лагите и манипулациите врз народот, со илјадниците стечајци и невработени, со криминалот…Ти Бранко си политички противник кој само може да се посака. Да се бара низ Европа, не може да се најде. Убаво што најавуваш дека ќе останеш во политиката, но ние сакаме да те гледаме на чело на СДСМ. Ваква слика и прилика како тебе Бранко, тешко се повторува. Затоа ние посакуваме во мај да добиеш нова доверба. Ќе се справиме со твоите интриги и манипулации. И меѓународната заедница се навикна на тоа, па тука е да помогне. Како на неа помила да и е земјава него на тебе. Ние ќе работиме, ќе помагаме на народот, а ти Бранко, крој си планови за правење на проблеми, за кризи, за создавање на хаос. Како што вели народот „Кој за што учел“ – истакна премиерот Груевски.

Осврнувајќи се на настаните од пред два дена, Груевски порача дека Црвенковски многу лаже, но сега се надминал и себеси.

-Сите знаеме дека Бранко многу лаже, корне. Завчера се надмина. Знаев дека многу лаже и шиша без пари. Пред два дена се што збореше поплука, избриша се. Кога мислев ќе ги викне да им се извини, тој ги викна да играат оро пред штаб. Ми кажаа СДСМ слави, мислев сон дека е, а јаве било. Тој излезе и ги исполажал асално, а тие си заминале. Како да посакувате друг противник? Овој попарен од изјавата на Ховит кој рече дека немало договор за предвремени, го прати Петров да каже дека јас сум крив за тоа. Фала ти Андреј и тебе Господ да те поживее – истакна Груевски
KOMUNIKACIJA
(This post was last modified: 03-03-2013, 04:50 PM by ЈорданПетровски.)
03-03-2013, 04:49 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

Охо имате нов херој а, бугараши? Фросина Ременска или тоа Геро претрпел операција за промена на полот...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
03-03-2013, 06:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Коњанику дај праќајте некои иљачи од Америка ви забега човекот.



Quote:Според Груевски, Стојанче бил платеник за ситни пари, а Талат ќе му служел на народот


Премиерот Никола Груевски, на денешната конвенција во Универзална сала, го обвини лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, дека бил креатор на инцидентите деновиве, и тоа, како што рече, преку неговиот коалициски партнер Стојанче Ангелов од Достоинство.

- Дента, кога го прифати својот дебакл, Бранко преку својот платеник за ситни пари наречен Стојанче, попладнето на денот на дебаклот со цел дефокусирање на јавноста од неговиот политички пораз на двомесечното малтретирање на граѓаните низ цела Македонија, ни испрати едно 500-600 луѓе кои со насилство се обидоа да протестираат за назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана. Со тој смислен акт, успеаја да предизвикаат вчера и бурна реакција од другата страна и живи среќни се радуваа оти ја смениле темата во јавноста, рече Груевски.

Независно кој ќе биде министер или заменик-министер за одбрана АРМ, според премиерот, му служел и ќе му служи на народот и на државата.

- Армијата на Република Македонија му служи и ќе му служи само на народот и државата. Независно, кој е министер или заменик министер додека е ВМРО-ДПМНЕ на власт и додека јас сум премиер таа армија ќе биде во служба на одбраната и интерсите на Македонија и македонскиот народ, а Стојанче, Бранко не те спасува ни од резилот кој што ти се случи ниту од поразот кој те очекува на 24 март, додаде Груевски.

SKY
03-03-2013, 06:29 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

А бе за вас бугарашите Канада сеуште не нашла иљач кога онолку се крстите во Бане. Ништо изгледа не ве лечи.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
03-03-2013, 06:31 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(03-03-2013, 06:31 PM)МрачниотКоњаник Wrote: А бе за вас бугарашите Канада сеуште не нашла иљач кога онолку се крстите во Бане. Ништо изгледа не ве лечи.

Поздрав до Мрачен од Бранко:

http://libertas.mk/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0...%BC%D0%B0/

05-03-2013, 02:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(05-03-2013, 02:35 PM)hristo Wrote:
(03-03-2013, 06:31 PM)МрачниотКоњаник Wrote: А бе за вас бугарашите Канада сеуште не нашла иљач кога онолку се крстите во Бане. Ништо изгледа не ве лечи.

Поздрав до Мрачен од Бранко:

http://libertas.mk/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0...%BC%D0%B0/




Христо, Бранко требал да продава цврстина кога се договарал. Сега удирањето во гради ке има предвремени избори е само замајување на зомбите од СДСМ. Ако остане Црвенковски на чело на СДСН предвремени избори ке нема.
05-03-2013, 04:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Отпорот и по него


Договорот кој го посредуваа ЕУ челниците има логика за СДСМ и за опозицијата. Тие го издржаа доволно притисокот на дел од членството, на меѓународната и на медиумската харанга на власта и останаа единствени добивајќи Договор. Само кај Стевче и Андов не издржа срце јуначко, неразбирајќи дека растурајќи се по патот на отпорот неможете воопшто да добиете добар договор и добро и кредибилно посредништво (но се учи цел живот, па и во повозрасни години). Договорот содржи јасна одредба „датум за датум“ за предвремени парламентарни избори. Договорот да се разговара фер и со оглед на извештајот на Комисијата за настаните од 24 Декември, јасно посочува на разговор за предвремени избори. Не се разговара за одржување на редовни избори (тие се одржуваат согласно Устав и закон, за нив не треба разговори. Можат колку сакаат да се „пенават“ дпменовските спинери, но тоа е јасно од Договорот). Од таму има логика опозицијата да го прифати ваквиот договор, како што споменав. Но, сево ова се партиски логики!





Отпорот кој се водеше по македонсите градови и плоштади создаде нешто НОВО, нешто исклучително вредно-ново, нешто историски ново за Македонија и нејзиното граѓанство!

Македонското граѓанство во значаен, невиден досега обем, ја поддржа позицијата на опозицијата на спротиставување на диктатурата на ДПМНЕ и власта – со сите демократски средства – како глобален проблем кој Македонија ја урива на дното сиве овие години. Тоа граѓанство, кое е составено од различни политички сегменти и неопределени (до сега) жени и мажи, младина, интелегенција – не излезе на улица заради новите петнаесетина градоначалници на опозицијата и воопшто заради нејзиното учество/неучество на локалните избори! Не се пееше Бела чао, Oдам во партизани, во бој, за Циц и Заев да седнат уште еднаш во фотелји (иако тоа топло им го посакувам), туку за рушење на диктатурата.

Се создадоа контури на нова политичка алијанса со граѓанството против диктатурата, во која политичките партии на опозицијата ја пронајдоа својата нова сила и ДОКТРИНА. Тоа беше масовно моќно придвижување, кое не беше програмски наменето за спасување на пратениците или градоначалниците на некоја партија посебно! ОВАА МАСА, ОВИЕ ЛУЃЕ ИЗЛЕГОА НА УЛИЦА ПРОТИВ ДИКТАТУРАТА! А таа е сè уште тука, над нас! Таа диктатура сега е „легитимирана“ повторно со полност на институциите во кои опозицијата се врати (или мораше да се врати)! И сега се отвара голем проблем, огромен проблем за опозицијата. Таков кој може да ја чини исклучлително МНОГУ, на политички план! Таков проблем кој диктатурата со задоволство ќе го дочека!

Имено, опозицијата е исправена пред одлука како понатаму? Заблагодарување на граѓаните за поддршката и паркирање на „ЛАДАТА на отпорот“ во гаража – би била стравична, морничава грешка!

Отпорот треба да биде главната референта мрежа – од која ќе се оценува нивното враќање и дејствување понатака во институциите кои ОСТАНУВААТ НЕЛЕГИТИМНИ сè до следните парламентарни избори. Не смее да се разбере, ниту да биде вистина: фала Ви на отпорот – сега кога повторно ги сместивме нашите газиња, се е ОК! Ако нè истераат повторно на клоци ќе Ве повикаме да отпорашиме! Парламентарните групи на опозицијата треба да бидат ИНСТАЛАЦИЈА и ИНСТРУМЕНТ на ОТПОРОТ во нелегитимниот парламент (а не обратното, отпорот да биде подршка за враќање на парламентарците во клупите на парламентот). Истовремено опозицијата својот хендикеп на немање влијание во главните медиуми кои се колонизирани од власта треба да ја компензира со директна врска со граѓаните преку иницијативите на отпорот.

Но, нејсе, и оние најоптимисти и најблагонаклони ентузијасти околу политичката енергија на ОТПОРОТ се прашуваа: како понатаму? Тоа е легитимно, вистинито прашање и ќе ја одреди судбината на Македонија и опозицијата во следниот период!

Но, драги мои, одговорот на тоа судбоносно прашање и не е толку тежок колку што се чини, само треба искрена верба во ОТПОРОТ и храброст! Опозицијата, имено, треба да го третира своето учество во Парламентот како истурено одделение на ОТПОРОТ, како што кажавме, и да му посвети само една третина од својот политички ангажман). Сите главни политички одлуки треба да се носат качени на Ладата, на јавни собири (а не во комисиите во Парламентот - таму треба да се спроведуваат). Треба да се обмислува и споведува перманентна кампања против диктатурата и сите нејзини одлуки на улица, качени на – Ладата! Граѓанскиот парламент треба да биде во постојано заседание и да носи одлуки кои опозицијата ќе ги презентира во Парламентот! Странските дипломати треба да се примаат на Ладата, а не само на Бихачка! Сè до конечната победа и рушење на диктатурата.

Кога велев дека СДСМ е на пресвртна програмска позиција, сега ќе се види колку кривини, свиоци има таа пресвртница. Но тоа е она што партијата ја чини вистинска, автентична и силна.



П.С. Настаните околу насилството на младите поврзано со именувањето на Талал Џафери, командант на ОНА наречен „скопско пиво“, на позицијата министер за одбрана – се резултат на перманентната лага, лицемерство и кукавичлук на ДПМНЕ и нивниот лидер Н. Груевски. Од една страна неодговорно развива националистички еуфории кај дел од младите кои му веруваат, а од друга страна им го става Талал Џафери (алијас командант „скопско пиво“) како министер за одбрана. Младите немаат капацитет да разберат такво политичко ороспиство како политичка „мудрост“ на ДПМНЕ и експлодираат во гнев во кој страдаат невини. Тоа има реакција од „другата страна“ и тое сè нè води до она што го гледаме.

Љубомир Данаилов Фрчкоски

LIBERTAS
06-03-2013, 01:30 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

(06-03-2013, 01:30 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Отпорот и по него
... на спротиставување на диктатурата на ДПМНЕ и власта... за рушење на диктатурата.
... против диктатурата, ... ПРОТИВ ДИКТАТУРАТА! ... Таа диктатура ... Таков проблем кој диктатурата...

... и рушење на диктатурата.






Љубомир Данаилов Фрчкоски

LIBERTAS

Фрчко се пењави дека во Македонија владеела диктатура, а како тогаш тој објавил колумна штом е диктатура? Па понатаму, Фрчко блада за диктатура а ваму неговиот отпорашки командант Зајко се фрла дека во Струмица ќе тепал со 10 000 гласови разлика:
Quote:Во изминатите години од мојот мандат реализиравме над 2.300 проекти во сите пори на живеењето, го променивме ликот на Струмица, ги изградивме селата и сето тоа без ниту еден денар помош од Владата“, рече Заев, кој е убеден во победа од 9.000 до 10.000 гласа разлика.
Во диктатура победа со разлика од 10 000 гласови а не си дел од власта? Каква е тоа диктатура тогаш?
И да, Фрче опасно се филма за датумот за датум. Може колку сака да се тепа со жени по паркинзи и да мастурбира по колумни, од изворниот текст се гледа и Ховит убаво му објасни: нема предвремени парламентарни избори во договорот што Бане го потпиша. Можат да си го лажат членството колку сакаат, и понекој интернет симпатизер (како тука на пр. на овој форум бугарашите што го симпатишат).
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
06-03-2013, 06:42 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

П.С. На кое некреативно дереџе спадна бугарашкиов форум: колумни од Фрчковски да се пренесуваат... у нив ли се крстите обачиња? Саааамо напред...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
06-03-2013, 06:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Да видиме како ценарот за манипулации на Груевски ке го демантира ова:



Quote:Ивон: Дискусија за одредувањето датум за парламентарни избори, веднаш по завршувањето на локалните избори

Меморандумот за разбирање вели, не се однесува на еден одреден аспект. Вредноста на договорот, како што разбира е многу јасна, тој овозможува дијалогот да продолжи во добар дух, за сите опции, без предрасуди.

„Што се однесува на одредувањето датум за парламентарни избори, таа дискусија се очекува да се одвива веднаш по завршувањето на локалните избори. Ако постојат интерпретации на тој договор кои се различни, тогаш треба да се прашаат тие луѓе. Мојата интерпретација е јасна“, вели Ивон.

Видео од изјавата ТУКА



17-03-2013, 11:59 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(17-03-2013, 11:59 AM)ЈорданПетровски Wrote: Да видиме како ценарот за манипулации на Груевски ке го демантира ова:



Quote:Ивон: Дискусија за одредувањето датум за парламентарни избори, веднаш по завршувањето на локалните избори

Меморандумот за разбирање вели, не се однесува на еден одреден аспект. Вредноста на договорот, како што разбира е многу јасна, тој овозможува дијалогот да продолжи во добар дух, за сите опции, без предрасуди.

„Што се однесува на одредувањето датум за парламентарни избори, таа дискусија се очекува да се одвива веднаш по завршувањето на локалните избори. Ако постојат интерпретации на тој договор кои се различни, тогаш треба да се прашаат тие луѓе. Мојата интерпретација е јасна“, вели Ивон.

Видео од изјавата ТУКА




Quote:Jordan Petrovski

„Што се однесува на одредувањето датум за парламентарни избори, таа дискусија се очекува да се одвива веднаш по завршувањето на локалните избори. Ако постојат интерпретации на тој договор кои се различни, тогаш треба да се прашаат тие луѓе. Мојата интерпретација е јасна“, вели Ивон.

Like · · Unfollow post · Share · about an hour ago




Quote:Ivica I. Aleksovski

Господин Петровски, вие сте паталецот од времето на Црвенковски. Многупати го имате кажано тоа и заради тоа не живеете во РМ. Зарем, сметате дека во неговата и главите на неговите партнери е нешто сменето на подобро во однос на демократијата?
about an hour ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Ивица, ако сметав дека во главата на Црвенковски е сменето нешто јас ке ја повлечев мојата кривична пријава и со тоа ке дадев јасен сигнал дека Црвенковски станaл демократ и дека онаа што го ветува и мисли да го оствари. Гледаш дека тоа не го правам а за твоја информација мојата кривична пријава е ЕДИНСТВЕНОТО нешто кое може легитимно и легално да го прати Црвенковски во Идризово и да им забрани не луѓето од неговото опкружување кои се во политиката од 1990 да се бават со политика. Aко си го прочитал мислењето на Венецијанската Комисија оваа што го пишувам нема да ти се чини како мое саморекламерство или утопија. Се надевам од оваа ке препознаеш уште една од лагите на Груевски наречена лустрација.

Е сега да ти објаснам зошто ја прикачив изјавата на Британскиот амбасадор Кристофер Ивон: на Македонија и е доста од ЛАЖГОВЦИ премиери, а поцврст доказ дека Груевски е лажго од оваа изјава на Ивон нема, не дека нема други лаги на Груевски, туку тие како тебе кога ке им се укаже дека Груевски лаже секогаш ке одговорат: "ти го мразиш Груевски или пак Бранко да не е поарен".
about an hour ago



17-03-2013, 03:14 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

Јордан се фатил за изјавата на шефот на британската шпионажа во Македонија, пардон британскиот амбасадор како давеник за последната сламка за спасот...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
18-03-2013, 05:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(18-03-2013, 05:38 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Јордан се фатил за изјавата на шефот на британската шпионажа во Македонија, пардон британскиот амбасадор како давеник за последната сламка за спасот...



Да бре Коњанику Британскиот амбасадор е последна дупка на кавалот. Па затоа Грујо и Бранко кога списка Фуле прифатија се.
Јас инаку напишав пред да излезат толкувањата за договорот, ако не бил договорен термин за предвремени избори, изборите не ке беа споменати во договорот.

Инаку нема зошто да се фаќам како давеник за сламка и да има и да нема избори се ке остане исто, тоа го говорам цело време. Дури и да има избори и да победи Бранко ништо нема да се смени.

Поентата на моето потенцирање на изјавата на амбасадорот е доказ дека сум во право кога велам дека Грујо е ЛАЖГО со тапија.
18-03-2013, 10:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Ida Protuger

Не можела само политичка партија во лик на опозицијата да извојува победа против режимот, туку требало народот да се крене во борба. Мислам дека така разбрав од говорот на Црвенковски. За да се смени власт, тоа може само на избори или со револуција. На избори одат политички партии, а народот може да крене револуција, но токму Црвенковски се откажа од потенцијалната револуција што би можела на пример да произлезе од Отпорот и му соопшти на „народот“ дека ќе учествува во политичката битка на избори иако е општо познато дека тие се избоксувани со нашите пари многу пред да дојде изборниот ден. И тука нема голем простор за народна воља бидејќи натпреварот е наместен. Значи викаш дека не одиш на избори и тоа е бетон, а за тоа добиваш аплауз, а ден потоа дека одиш на избори и повторно аплауз. Од тоа што сум учела во психологија, тоа е испраќање двојни пораки и генерира шизофрено однесување кај поединецот/народот. Наместо креирање конфузија, ми се чини дека на опозицијата и треба прво јасен концепт. Инаку сепак познавам многу луѓе во општеството што не се политички активни, но со својот граѓански активизам, влог во професијата, се борат за одново воспоставување вистински вредности во општеството. И ако препознаат дека опозицијата се бори за такви вредности, верувам дека би ја поддржале. Но не и непринципиелност и двојни пораки.
07-04-2013, 11:06 PM
Reply