ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,632
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:Каков „легитимитет“?
Во годишниот политички циркус кој го приредуваат двете Банди на македонскиот Режим често може да се слушне како и едните и другите се повикуваат на „легитимитетот“ кој наводно произлегува од добиените гласови на последните избори, некоја анкета, или посетеност на митинг. Покрај обичните агитатори и партиски војници, како и медиумски мегафони, ваквите небулози можат да се слушнат и од никој помалку одошто еден од двајцата автори на Устав на Р Македонија, проф. др. ЉД Фрчкоски. Затоа, сметаме дека е неопходно да го разгледаме овој поим на „легитимитет“ во поголем детаљ.
Според Член 2 на Устав на РМ: „Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.“ Доколку го разглобиме овој Член на неговите два составни дела ќе видиме дека во првиот дел, Уставот на РМ власта (суверенитетот) ја става во рацете на секој поединечен граѓанин. Ова се надополнува со Член 9, кој вели: „Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување; имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.“ Оттука, вториот дел на Член 2, кој се однесува на остварувањето на власта би требало да се толкува далеку поразлично одошто тоа е случајот.
Имено, остварувањето на власта во РМ се толкува како нешто што произлегува од мнозинството на гласачи кои учествуваат во изборите. Но, горенаведеното ни кажува дека тоа не е во согласност со приципите изразени во Уставот на РМ. Зошто? Бидејќи кога власта се остварува преку групирање на дадено тело на граѓани, и притоа Државата се става во услуга на тоа тело на граѓани (или на поголемо или помало тело на граѓани кое што добива полза од дејствата на власта), тогаш принципот на еднаквост се прекршува. Кога велиме дека Државата се става во услуга на дадено тело на граѓани, тука мислиме на спроведување на идеологии низ коишто се нарушуваат слободите загарантирани со Уставот; пред сѐ тука мислиме на правната заштитана сопственоста (Член 8)*—приницип од којшто прозлегуваат сите останати права и слободи (право на слободен говор и мисла, политичко убедување, вероисповест, слобода на движење, неповредливост на домот, итн.).
Како што веќе имаме пишувано, даночењето засновано на недоброволен принцип претставува прекршување на правото на лична сопственост. А доколку Државата нема приходи, таа не може да троши; односно не може да ги редистрибутира приходите на граѓаните, што всушност претставува една од основните активности на македонските влади од самото формирање на РМ. Сега можеме да ги составиме ги Членовите 2 и 9 на Устав на РМ и да стасаме до единствениот легимитет кој им припаѓа на политичарите, преку кои посредно гаѓаните го остваруваат суверенитетот на државата. Тоа, најпросто кажано е следново: политичарите, како посредници на граѓаните имаат само една задача—да ги штитат уставните права на избирачите. (Според ова, пропорционалниот метод на избирање пратеници е сосема спротивен на духот на Уставот на РМ.)
Тука треба да го надоврзиме и поимот на „легитимитет,“ кој според двете политички фракции произлегува од масивноста на дадената фракција. Доколку суверенитетот на државата произлегува од граѓаните, и секој граѓанин е еднаков, тогаш секој поединечен граѓанин поседува еднаков легитимитет во очите на Државата и законите, како и било кој број на граѓани.
За жал во РМ власта се пркатикува на сосема спротивен начин од оној наведен во Уставот. Во Македонија, при доделувањето на власта на дадено политичко тело (партија или коалиција, или пак парламентарен коцензус) се одзема суверенитетот од граѓанинот. Власта станува апсолутна, пришто таа навистина им припаѓа само на она малцинство на граѓани кои имаат непосреден пристап до Собранието на РМ. Точно е тоа дека парламентарната опозиција (односно собраниското малцинство) често е немоќна во однос на мнозинството; но таа има можност да се присоеднинува со мнозинството. Во однос на личниот добробит на пратениците, кога станува збор за пратеничките привилегии, тоа често е случајот. Граѓаниниот кој нема пристап до парламентот, не е во можност да влијае врз одлуките кои ги носи Собранието иако тие директно влијаат врз него.
Оттука, кога опозицијата олицетворена во СДСМ и нејзините истакнати лица како ЉД Фрчкоски, се неисправни кога ја велат дека Владата на Груевски го изубила легитимитетот да владее бидејќи на протестен митинг излегле икс број на граѓани. Владата на Груевски го губи легитимитетот да владее поради тоа што таа управува сосема спротивно на зборот и духот на Уставот на РМ. Таа даночи едни, за да даде на други; таа ги задолжува граѓаните на РМ на меѓународниот пазар без нивна јасна (експлицитна) согласност тоа да го работи, итн. Но, опозицијата нема намера да го менува принципот по кој се остварува власта во државата, па затоа и не ни помислува да ја нападне Владата онаму каде што легитимно може и треба да ја напаѓа.
Кога сме веќе на темата за легитимитет за владеење и политичко дејствување, тука е корисно да дадеме уште еден коментар. Сега би се задржале на Мислењето во однос на Законот за лустрација на Венецијанската Комисија кое што беше донесено при крајот на декември 2012 год. Кога Комисијата се произнесе со своето мислење, пред сѐ тоа беше засновано на докази поднесени од Уставен Суд на РМ. Но, при формирањето на ова Мислење, врвните правни умови кои го сочинуваат оваа тело дадоа и свој придонес, од кој можеме да извлечеме големи залкучоци. Имено, во Параграф 26 од Мислењето, правните стручњаци од Венецијанска наведуваат пример на политичар од Латвија кој во годините кои му следат на латвијското отфрлање на комунистичкото едноумие користејќи се со недемократски методи се обидел да направи преврат на општественото уредување на државата. Тука не ја земаме Венецијаската Комисија како тело на ЕУ, туку како тело на врвни правници. Следи параграфот во целост:
„Параграф 26
Венецијанската Комисија забележува дека Европскиот Суд за Човекови Права (ЕСЧП), во една прилика одреди дека примена на лустрациски мерки во однос на дела строени после завршувањето на тоталитарен режим биле прифатливи и не ја нарушуваат Европската Конвенција за Човекови Права (ЕКЧП). Во случајот на Жданока против Латвија централното прашање беше статутарна одредба која забранува на лица кои ‘активно учествувале после 13-ти јануару 1991. год.’ во Комунистичка Партија на Латвија (КПЛ) да учествуваат во парламентарни избори (1998 и 2002). Одредбата била донесена од Парламентот поради тоа што кратко време после Декларацијата за Независност од 4-ти мај, 1990. год., КПЛ била вмешана во организирање и спроведување на државни удари во јануари и август 1991. год. против новоформираниот демократски режим. Откако било согледано и особено земени во обзир историскиот и политички контекст во кој оспорената мерка била превземена, било заклучено дека било разумно од страна на легислатурата да претпостави дека водечки лица во КПЛ имале анти-демократско држење, поради што ЕСЧП пресуди дека немало прекршување на Член 3 од Протокол Бр. 1. Конкретно, ЕСЧП пресуди дека додека такви мерки не можат да бидат прифатливи во контекст, на пример, на држава која што има долго-воспоставени рамки на демократски институции, сепак може да се сметаат за прифатливи во случајот на Латвија со оглед на историскиот и политички контекст кој водел до нејзиното установување, како и со оглед на заканата кон новиот демократски поредок поставена од препородот на идеи кои, доколку им се дозволи да здобијат корени, можат да станат способни да го возвратат тоталитарниот режим.“
Според нас, важно е што ова советодавно тело, и покрај идеологијата на политичко (наместо пазарно) делување како темел на државното уредување кое што преовладува во ЕУ, смета дека е легитимно да им се одземе правото на учество во политичкиот живот на оние кои докажано ги прекршиле демократските (и Уставни) принципи на остварување на власта. Според сведочења од прва рака на Стојан Андов, како и Иван Бабановски, во Македонија имало преврати на Уставниот поредок изведени од лица кои денес сѐ уште се политички активни. Во интервју за „Ден“ од декември 2012 год., Бабановски отворено тврди дека во експертската Влада на Кљусев сите министри биле блиски на СДБ, што сугерира дека лица кои не биле блиски до СДБ не можеле да влезат во владата. Оваа прва Влада на Република Македонија го востанови толкувањето на остварувањето на власта кое тука го дискутираме, а кое е де факто спротивно на Уставот на РМ. Следи во сведочењето на Андов од пред неколку години дадено за „Сега,“ во кое Андов детално го објаснува она што Бабановски го сугерира:
„СЕГА: Господине Андов, многу контроверзи предизвика Вашето тврдење во неделникот ‘Фокус’, дека при создавањето на првата македонска влада, под влијание на Белград, Киро Глигоров ги одбил кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за премиер. Во интервју за минатиот број на ‘Сега,’ Глигоров ја отфрли Вашата теза и изјави дека одлучил да ги одбие кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие ‘не соодветствувале на неговата претстава за профилот и за квалификациите на еден премиер на влада пред која се исправени вонредно тешки задачи.’ Да расчистиме најнапред една битна работа - имаше ли Глиоров уставно право да избира и да се води од своите субјективни мислења за кандидатите?
Андов: Не, немаше. Такво уставно право претседателот во Македонија нема. И по стариот Устав, по амандманите со кои беше иновиран, претседателот го немаше тоа право. Значи, Глигоров, 1991 година, во февруари и март, кога одлучуваше на кого ќе го даде мандатот, немаше право да се раководи од некоја негова престава ‘за профилот и квалификациите на еден премиер на влада пред која се исправени голем број на задачи.’ Тој, едноставно, беше должен да го даде мандатот на личноста што ќе му биде предложена од партијата која на изборите добила најмногу пратеници, а тоа беше ВМРО-ДПМНЕ. Исклучиво на пратениците во Собранието им е дадено право да одлчучат дали ќе го изберат предложениот кандидат или пак тој нема да добие потребно мнозинство гласови. Според тоа, Глигоров во 1991 година, без оглед од што се раководел, го прекрши Уставот и, едноставно, ги третираше како непостоечки резултатите од повеќепартиските избори.
...
СЕГА: Врз основа на што тврдите дека однесувањето на Глигоров во тие години беше раководено од Белград? Имате ли некакви докази за тоа?
Андов: Дека Глигоров сам не решил да не го даде мандатот на било кој предлог за премиер што ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ, туку дека тој став дошол од Белград, на македонската јавност и беше соопштено од еден наш врвен разузнавач, уште пред неколку години, во телевизиската емисија на новинарот Васко Ефтов ‘Во центарот.’ Таа изјава Глигоров не ја демантираше. А како што знае јавноста, тој со деманти реагира многу често и на поблаги изјави.“
Лицата кои ја превзедоа власта во РМ во 1991 година ѝ се познати на македонската јавност. Дел од нив ја сочинуваат денешната власт, но повеќето се во опозицијата која вели дека Владата нема лигитимитет да владее. Според Мислењето на Венецијанска, поголемиот дел од опозицијата нема легитимитет воопшто да делува политички поради фактот што тие делувале сосема спортивно на демократските и Уставни принципи. Бидејќи овие лица се покажале како типови кои не ја разбираат суштината на демократското и слободно општество, тие го губат легитимитетот за понатамошно политичко делување.
За жал, оној кој треба да е врвниот експерт во однос на македонскиот Устав е еден од луѓето кои имаат најслабо познавање на принципите кои се застапени во него. Дали ова приозлегува од лична алчност за моќ, или пак од искрено непознавање на работите, не е ни важно. Авторите на Устав на РМ, ЉД Фрчкоски и Владо Поповски, покажуваат дека не им се јасни идеите кои ги вметнале во врховниот законик на Македонија, не само поради низата противречности во самиот Устав, туку и поради тоа како го толкуваат истиот. Но сепак, фактот дека суверенитетот на државата му припаѓа на поединечните граѓани им дава можност на оние кои ги разбираат овие принципи да се одбранат себе си преку повлекување на својата поддршка за политичкиот систем кој денес е на сила.
![[Image: images?q=tbn:ANd9GcTaBgMS_q7hRD75NuAGR0P...LSfuaRmyq7]](https://encrypted-tbn1.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcTaBgMS_q7hRD75NuAGR0PzgTt5iFSTRf-mu1PjprLSfuaRmyq7)
*Бидејќи Устав на РМ гарантира слобода на мислења, политички уверувања, здружувања и сл., тоа значи дека луѓето кои што сакаат да живеат под социјалитички, односно колективистички модел, тоа можат да го направат слободно, но, само доколку припадниците на едно вакво групирање тоа го работат доброволно во склоп на засебна организација. Доколку даден број на граѓани на РМ одберат да се откажат од своето право на правна сопственост, тоа можат да го сторат само во ограничено здружение—односно можат да се откажат од правото на правна сопственост во корист на здружението, но, никој нема право Државата да ја користи како параван за такво недоброволно здружување.
|
|