Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СРЕДБА ГРУЕВСКИ-ЦРВЕНКОВСКИ, ИСКРЕНА ЖЕЛБА,СТРАВ ИЛИ ДИКТАТ ОДНАДВОР???
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Груевски го покани Црвенковски на лидерска


[Image: 37E2EC82B674CE4D9DF1B78780DCD1B5.gif]

Премиерот и претседател на ВМРООДПМНЕ, Никола Груевски, денеска го поканил претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Бранко Црвенковски, на средба на која ќе се разговара за актуелните политички состојби во земјава, брифираат извори од владејачката партија.

Според предлогот на премиерот Груевски, средбата би се одржала утре во клубот на пратениците во Скопје со почеток во 13.30 часот. На средбата на која е поканет Црвенковски би се разговарало околу видувањата за изборите, како и пронаоѓање на решенија за учество на Социјалдемократскиот сојуз на претстојните избори.

Средбата е во контекст на предизвиците кои се поставени пред државата, а кои бараат одговорно и сериозно поставување, како и внимание и заштита на државните интереси, како и интересите на сите граѓани на Република Македонија, пишува во поканата која Груевски денеска ја испратил до Црвенковски.

Во поканата особено е нагласен аспектот што Република Македонија спроведува реформи и проекти и мерки на сите полиња, а се наоѓа и во еден динамичен и интензивен евроинтеграциски процес, при што, според премиерот Груевски е неопходно политичките лидери да го вложат авторитетот за да се овозможи поддршка и развој на земјата, бидејќи тоа како лидери им го должат на граѓаните.

Се чека одговор од СДСМ за поканата за лидерска средба упатена од Груевски.


Quote:Почитуван г-дин Црвенковски



Република Македонија во рамките на својот државно правен развој се соочувала со предизвици од различен карактер, кои со мудро и одговорно однесување успевала да ги надмине и да извлече позитивни пораки, а притоа и да стане посилна.

Во контекст на предизвиците кои се поставени пред нас, а кои бараат наше одговорно и сериозно поставување, како и внимание и заштита на државните интереси, како и интересите на сите граѓани на Република Македонија, би сакал да ја истакнам потребата од остварување на заедничка средба на која би се дискутирале прашањата од интерес и потреба.

Со овој допис би сакал да Ве поканам утре, вторник 22.01.2013 година, да оствариме средба во просториите во Клубот на пратениците со почеток во 13:30 часот, на која би можеле да поразговараме околу видувањата за изборите, за согласно принципите и уверувањата, како и утврдените демократски стандарди да изнајдеме решенија за учество на Социјалдемократскиот сојуз на претстојните избори.

Република Македонија спроведува реформи и проекти и мерки на сите полиња, а се наоѓа и во еден динамичен и интензивен евроинтеграциски процес, и како политички лидери треба да го вложиме својот авторитет за да овозможиме негова поддршка и развој на нашата земја, и ние тоа им го должиме на граѓаните.

(Интегрален текст од писмото на Груевски до Црвенковски )




Quote:Црвенковски прифати лидерска средба со Груевски

Свесни за длабоката политичка криза во која се наоѓа земјата после немилите настани кои се случија пред и на 24-ти декември, заради создавање на амбиент за успешни ЕУ и НАТО интеграции на земјата, ја прифаќам Вашата покана, пишува лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во одговорот на поканата на премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

“Искрено се надевам дека освен Вашата покана за средба, кај Вас навистина постои искрена политичка волја заеднички да ги утврдиме и реализираме сите предуслови за одржување на слободни и фер избори како прв неопходен чекор за нормализирање на односите и создавање на нов и неспоред кредибилитет на државните инсититуции, кои единствено можат да го овозможат граѓаните на Република Македонија“, пишува понатаму во одговорот на Црвенковски.

Премиерот ја упати поканата за лидерска средба со цел да се надминат политичките разлики во корист на државните интереси и интресите на граѓаните.

Quote:Еве што му напиша Црвенковски на Груевски


[Image: 433333r-640x813.png]
(This post was last modified: 21-01-2013, 03:25 PM by ЈорданПетровски.)
21-01-2013, 03:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Груевски: Ако на Црвенковски му треба излезно решение за бојкотот, подоготвен сум да свикам лидерска

20.01.2013
Премиерот Никола Груевски вели дека е подготвен да свика лидерска средба доколку на претседателот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски му треба излезно решение од ситуацијата во која влегол. Црвенковски, смета Груевски, е прилично изолиран во неговите намери за бојкот на локалните избори.

- Доколку во еден даден момент на господинот Црвенковски му треба излезно решение од ситуацијата во којашто влезе, ако почувствуваме каква било потреба за една средба помеѓу нас, јас нема да се двоумам и ќе повлечам чекор во тој правец, изјави Груевски, одговарајќи на новинарско прашање, по посетата на две нови лаборатории на Природно математичкиот факултет.

Груевски посочи дека од терен од комитетите од ВМРО-ДПМНЕ добиваат информации оти комитетите на СДСМ активно работат на подготовка за локалните избори и насекаде зборувале дека претставниците кои им доаѓаат од раководството во Скопје им укажувале оти локални избори ќе има и дека СДСМ ќе учествува.

Тоа, оцени Груевски, од една страна говори дека господинот Црвенковски е прилично изолиран во неговите намери да го отстрани СДСМ од учество на локалните избори, веројатно придружуван од два-тројца луѓе од раковдоството. – Другите луѓе од раковдството одат на терен и ги информираат нивните комитети да се подготвуваат и да работат затоа што тие цврсто веруваат дека СДСМ ќе учествува на локалните избори, изјави Груевски.



Само еден ден по оваа изјава Груевски го кани Црвенковски на разговор.
За мене или Груевски е умнопорементен или до средбата доаѓа по силен притисок извршен врз Груевски. Каков и од кого е притисокот се надевам ке дознаеме набргу.
21-01-2013, 03:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3









Премногу пораки и закани пред утрешната средба на Груевски му упати Бранко вечерва од Куманово.
Што ке разговараат утре.??
21-01-2013, 11:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4








Груевски во својствен манир во Клубот на пратеници пристигнал со 20-минутно доцнење
22-01-2013, 02:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Лидерската средба неуспешна



Нема договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кажа претседателот на владејачката партија и премиер, Никола Груевски, кој предмалку излезе од салата каде малку повеќе од еден час се разговараше за барањата на опозицијата.

Груевски рече дека нема договор, оти СДСМ поставиле ултиматум да се постигне договор за предвремени парламентарни избори и да се разговара за собраниските настани на 24 декември, додека ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се зборува за препораките на ОБСЕ/ОДИХ и нивното внесување во Изборниот законик, како и за избирачкиот список.
22-01-2013, 03:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Црвенковски- Опозицијата не се враќа во Парламентот без исполнување на условите за фер избори


Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, кажа дека премиерот Груевски на опозицијата и понудил да се вратат во Парламентот, што веднаш било одбиено, без да се исполнат условите за одржување на предвремени парламентарни и локални избори заедно, пренесува А1он.

Црвенковски кажа дека Груевски не може да се повикува на мандатот на оваа влада затоа што го изгуби во настаните од 24-ти декември, со кршење на Деловникот, Уставот и Законите.

Тој нагласи дека доколку нема никоаков договор, опозицијата продолжува со протестите по улиците, а во врскса со името рече дека доколку постои некаков договор, а опозицијата не е во Парламентот, тогаш Груевски ќе ја понесе сета одговорност.

Црвенковски рече дека од условите кои што беа поставени за одржување на фер и демократски избори опозицијата нема намера да отстапи.
22-01-2013, 03:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Груевски: "Црвенковски повторно настапи со неприфатлив ултиматум"



Како што изјави Груевски по едночасовната средба, Црвенковски настапил со ултиматум и го повторил барањето за одржување превремени парламетарни избори заедно со локалните, што за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо.



Груевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ не е ни за тоа парламентарните избори да се одржат истовремено со претседателските.

ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на локалните избори, бидејќи, како што наведе, СДСМ не е единствената опозициска партија во Македонија.

Лидерот на СДСМ Црвенковски, пак, изјави дека остануваат на ставот за предвремени парламентарни избори и само во тој случај би се вратиле во Собранието.

Ако нема парламентарни избори СДСМ не се враќа во Парламентот и нема да учествува на локалните избори, рече Црвенковски. Според него, Груевски денеска настапил како ништо да не се случило на 24 декември. Предложил опозицијата да се врати во Собранието и да дијалог да продолжи онаму каде што застанал на 24 декември.

Црвенковски смета дека Македонија се наоѓа во политичка криза и дека излез од неа се парламентарни избори на кои граѓаните би решиле во кој правец државата ќе оди во наредниот период.
22-01-2013, 03:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8



22-01-2013, 04:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9




22-01-2013, 04:28 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#10



Da bese Makedonija normalna drzava pred i posle ovaa sredba ce imase mnogu komentari i diskusii , no bidejci se e naopaku,covek treba site mozocni kletki da gi vkluci i pak nema sto pametno da se napise...
22-01-2013, 09:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

(22-01-2013, 09:21 PM)Larsson Wrote: Da bese Makedonija normalna drzava pred i posle ovaa sredba ce imase mnogu komentari i diskusii , no bidejci se e naopaku,covek treba site mozocni kletki da gi vkluci i pak nema sto pametno da se napise...



Значи не сум бил само јас кој немал што да напише. Icon_razz
23-01-2013, 01:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Филе ненајавено дојде во Македонија

Еврокомесарот Штефан Филе денеска ненајавено дојде во Македонија

Филе дојде на средби со премиерот Никола Груевски, со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Како што пренесува „Дневник“, главна тема на рзговорите била надминување на политичката криза во земјава.
23-01-2013, 03:57 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#13

(23-01-2013, 03:57 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Филе ненајавено дојде во Македонија

Еврокомесарот Штефан Филе денеска ненајавено дојде во Македонија

Филе дојде на средби со премиерот Никола Груевски, со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Како што пренесува „Дневник“, главна тема на рзговорите била надминување на политичката криза во земјава.



Uste samo edna potvrda deka EU nikogas ne nema "otpisano" i dobivame podrska ... da se nadevame deka ne se zagubemo za Makedonija...
23-01-2013, 04:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

(23-01-2013, 04:12 PM)Larsson Wrote:
(23-01-2013, 03:57 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Филе ненајавено дојде во Македонија

Еврокомесарот Штефан Филе денеска ненајавено дојде во Македонија

Филе дојде на средби со премиерот Никола Груевски, со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Како што пренесува „Дневник“, главна тема на рзговорите била надминување на политичката криза во земјава.



Uste samo edna potvrda deka EU nikogas ne nema "otpisano" i dobivame podrska ... da se nadevame deka ne se zagubemo za Makedonija...



Проблемот за неиинтегрирањето е во Македонија, во Македонската политичка елита. Само таа ке изгуби од Евроинтеграцијата.
23-01-2013, 04:15 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#15

(23-01-2013, 04:15 PM)ЈорданПетровски Wrote: Проблемот за неиинтегрирањето е во Македонија, во Македонската политичка елита. Само таа ке изгуби од Евроинтеграцијата.



Jas go znam toa samo sto mnogu ludje nesakaat ili pak nemozat da razberat zosto e toa taka,i deka odgovornasta ja ima samo Makedonskata vlada koja i da e na vlast...
23-01-2013, 04:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

(23-01-2013, 04:28 PM)Larsson Wrote:
(23-01-2013, 04:15 PM)ЈорданПетровски Wrote: Проблемот за неиинтегрирањето е во Македонија, во Македонската политичка елита. Само таа ке изгуби од Евроинтеграцијата.



Jas go znam toa samo sto mnogu ludje nesakaat ili pak nemozat da razberat zosto e toa taka,i deka odgovornasta ja ima samo Makedonskata vlada koja i da e na vlast...




Го знаат и тие, само глумат дека незнат. Ако признаат јавно дека проблем бил и е во власта, ке треба да си одговорат на самите на себе, зошто молчеле и молчат.
23-01-2013, 04:34 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#17

Причината според мене поради која Бранко олади со протестите и дојде до лидерската средба е што не успеа да ја запали толпата,ниту пак Грујо успеа да добие повеќе подршка.Протестираа оние кои имаат повеќе да загубат.Инаку според мене Бранко немаше сериозни намери да го бутне Грујо,ако сакаше монгу лесно ќе ги актираа тепачите.Оваа е сериозен пораз и за двете страни,бидејќи полека но сигурно ја губат подршката од народот но и од ЕУ.Како што порано напишав целта на оваа криза беше да се зацементира автократија,без разлика кој ќе биде на власт од двата политички блока.Со овие преговори само се покажува сила кон непослушниот слуга.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
24-01-2013, 12:37 AM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#18

(24-01-2013, 12:37 AM)basilius_2 Wrote: Причината според мене поради која Бранко олади со протестите и дојде до лидерската средба е што не успеа да ја запали толпата,ниту пак Грујо успеа да добие повеќе подршка.Протестираа оние кои имаат повеќе да загубат.Инаку според мене Бранко немаше сериозни намери да го бутне Грујо,ако сакаше монгу лесно ќе ги актираа тепачите.Оваа е сериозен пораз и за двете страни,бидејќи полека но сигурно ја губат подршката од народот но и од ЕУ.Како што порано напишав целта на оваа криза беше да се зацементира автократија,без разлика кој ќе биде на власт од двата политички блока.Со овие преговори само се покажува сила кон непослушниот слуга.

Bac tolpa ne se zapali oti nekoj ne dozvoluva.Ako pojdeme po logika na razmisluvanje na Jordan oti sluzbite se ova go kreiratt vodat i sproveduvat , od pocetok do kraj.Nekoj im e vletal dlaboko unatre i gi igra ili gi krsi.
Kako da se razbere ojagnuvanje na Taci vojvoda po izleguvanje od Ambasada na kralstvo.Potoa Rufi.

Pred nekoj den eden "prijatel" i poznanik na Jordan imase nastap na Sonce ili na Nasa ,ama taka jak vo govor sto ti se cini deka sme nekade od 1947do 1989.
Site nastani vo Makedonija se vrzani so nastani vo Srbija i Kosovo.
Otkako se vide i dozna ,i toa e pretoceno vo rezolucija na Sobranie na Srbija ,delba na Kosovo nema da ima nikogas. Pripojuvanje na nekoi delovi kaj sto ziveat Siptari to pa ic ,oti ke ima katastrofalni posledici na taja populacija ,koi nema da se samo vojni.

Edno e mnogu nevidlivo da ne kralstvoto od Bekingam upotrebi Srbite i nas ,kontra Habsburgovcite sega,koga konecno se e pozitivno po nas.
Me potseka ova so nas na svadba na Memati.

Da za da ti dolovam sto mi e poenta ne e loso da najdes i islusas Tv nastap na poznanik na Jordan koj se projavuva kako poranesen profesor na site Faktori vo Sluzbite.
24-01-2013, 10:06 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#19

Како што дознава НОВА еврокомесарот на проширување Филе на вчерашните средби со претседателот Иванов, премиерот Груевски и лидерот на СДСМ Црвенковски во Скопје побарал одлагање на локалните избори.

Според предлогот на Филе најпрво опозиционата СДСМ треба да се врати во парламентот, под услов да се формира парламентарна или независна анкетна комисија за расчистување на случувањата на 24 декември минатата година.

Во исто време Еврокомесарот предложил локалните избори да се одржат заедно со предвремените парламентарни избори по одржувањето на Европскиот совет во јуни на кој ќе се одлучи за тоа дали Македонија на есен стартува преговори или не.


Дотогаш политичките партии да се насочат кон решавање на проблемот со името и добивање позитивен извештај од Европскиот совет.




http://www.novatv.mk/index.php?p=1&navig...2&vest=137
24-01-2013, 06:45 PM
Reply