Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГРЕШКИТЕ НА „СОРОС“ СЕ ИНСТРУИРАНИ ОД МИЛЧИН
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,674
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote: ГРЕШКИТЕ НА „СОРОС“ СЕ ИНСТРУИРАНИ ОД МИЛЧИН

[Image: Kr-website.jpg]
продоктот на Владе

Пишува Јордан Петровски

Како што се непредвидливи автобуските распореди во Македонија, така пак, политичките и уставните кризи се случуваат со беспрекорна редовност. Режимот ги користи овие кризи да го насочува вниманието на народот вака или онака, но секогаш подалеку од она што е навистина важно: дека Режимот постојано го злоупотрбува граѓанинот. Но, од време на време ќе светне по некоја пословична светилка во умот на некој Македонец и кризата ќе му ги отвори очите. Деновиве имавме таква среќа, еден млад интелектуалец да стаса до мошне корисен заклучок. Станува збор за текстот И „СОРОС“ Е КРИВ... НАВИСТИНА Е КРИВ!!! од Миодраг Мишолиќ.

Во текстот Мишолиќ изнесува мислење дека ФООМ („Сорос Македонија“) е делумно виновно за постоењето на „медиумски мрак“ во Македонија од „двете страни“ на политичкиот спектар. Дотука се согласуваме. Мишолиќ верува дека резултатот—медиумскиот мрак, односно обостраното посегнување по лаги и речник на насилието—е постигнат ненамерно. Јас верувам дека нема ништо случајно во поделбата на македоската медиумска сцена; и дека „Сорос Македонија,“ како производ на раководството на Владе Милчин умислено работи кон оваа цел. Затоа пред извесно време напишав:

„Дали ‘ДАРАМАТУРГ’ бил ‘кодош’? Тој морал да биде многу, многу повисоко во хиерархијата на чуварите на комунистичкиот поредок. Владимир Милчин бил следен после Студентските протести од 1968 година, кои беа против Тито и ‘Црвените буржуи.’ Но, клучно протестите во ’68 не беа барања за демократија, човекови и пазарни слободи, и наптревар во кој способните ќе одат напред. Напротив, ‘68-машите’ протестираа против Титовото ‘скренување’ од марксистичкиот пат на еднаквоста во сиромаштијата, каде неспособните ќе бидат еднакви со способните.

Во времето кога Милчин го оспори Законот за лустрација пред Уставен суд, законот не вредеше ни пет пари. Клучно, Милчин не ги оспори слабостите на законот, ниту пак вистински антиуставниот дел од Законот: Комисијата како пара-суд. Напротив, тој ја оспори примената на Законот после 1991 година тврдејќи дека:

Quote:‘Создавањето на Република Македонија како држава во состав на федерална држава Југославија во 1944 година, нејзиниот полувековен развој со јасни белези и атрибути на ДРЖАВА, несомнено е најзначајната алка во историскиот развој на борбата за македонска современа државност.

Според тоа, органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност наведените прописи како и налозите и ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИТЕ. Што е, впрочем, иста ситуација и сега!’

Нема да има ништо спорно доколку органите и нивните соработници работеле во согласност на сите прописи. Но, доколку работеле надвор од прописите, тогаш ќе треба да се гонат за пречекорување на службените овластувања и ќе треба да сносат одговорност по постоечките закони кои предвидуваат санкционирање на пречекорувањето на службена должност.

Меѓутоа, овдека има уште поголем проблем: во 90-тите години на минатиот век, кога биле отворени/водени околу 4.000 досиеја, зборуваме за носење на прописи и уредби од страна на ВЛАДИТЕ на РМ кои се косат со Уставот на РМ, и кои биле за ПОТРЕБА НА ВЛАДИТЕ (како што вели Милчин), значи, зборуваме за ЗЛОУПОТРЕБА НА ИНСТИТУЦИИ НА ДРЖАВАТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ВЛАСТ на една партија или една идеологија!“

Мишолиќ верува дека програмите за обука на новинари и активисти на „Сорос Македонија“ биле неефктивни, односно непредвидено родиле лош плод. Јас верувам дека „Сорос Македонија“ намерено избира кадар кој нема намера да објективно да ја бара вистината, туку е кадар на политички опортуниски, подготвен како атентатор да се стави во услуга на најголемиот наддавач.

Но, доколку погледнеме подлабоко ќе видиме дека дипломците на „Сорос Македонија“ не се единствениот начин на кој Мичлин влијание врз македонскиот медиумски простор. Она што е битното тука е што „Сорос Македонија“ финансиски контролира далеку поголем број на новинари низ своите маркетинг кампањи. Значи не само нивните кадри, туку и ветеран на македонскиот медуимски простор. Погледнете кои сѐ медиуми се спонзорирани од Милчин: ПЛУСИНФО, ЛИБЕРТАС, А1ОН, БУРЕВЕСНИК, ОКНО, СКАЈ, РЕВОЛУЦИЈА, ГЛОБУС, и уште неколку кои за да можат да глумат неутралност го немааат знамот на ФООМ на насловната страна. И, уште повеќе, сите овие медиуми безсрамно агитираат и користат говор на насилието („револуција,“ „борба до крај,“ итн.) со очигледна цел да предизвикаат носење на власт, не на некои нови момци со нови идеи—што до некаде и би можеле да го опростиме— туку да ги вратат на власт налогодавачите на злосторот против Уставот и човековите права од 1990-тите.

Сѐ до 21.12.2012 год., кога Комитетот за демократизација на Македонија обзнани дека Уставен Суд на РМ утаил важни информации при нивното обраќање до Венецијанска Комисија, Милчин можеше да манипулира со неговата улога во демократизирањето на Македонија. Поточно речено, дотогаш Милчни можеше да го затскрива својот удел во зачувувањето на тоталитрниот, едноумен, комунистички систем во Македонија. Но, ова веќе е невозможно за Милчин после искажаното мислење на г. Томас Маркерт, Секретар на Венецијанската Комисија. Имено, откако на Маркерт му беше укажано од наша страна дека во Македонија и по 1991 год., односно и по донесувањето на новиот Устав се водени досијеа на политички неистомисленици на власта сѐ до 1998 год.; дека Закони, Правилници и уредби со кои формално е покриван прогонот се објавувани во посебни—тајни—Службени весници (за кои, не е неразумно да веруваме дека не бил запознаван Советот на Европа); дека се прислушкувани телефенони без судски налог, итн., тој изјави:

„Тука би морал да кажам дека доколку Комисијата била запознаена со овие детали тогаш Мислењето би гласело поинаку, бидејќи во тој случај има смисла за лустрација, и покрај тоа што станува збор за период петнаесетина години подоцна."

Милчин остана нем на оваа вест. Како и секогаш, некој околу него фрли по некој ас-хоминем напад врз мене, но ништо конкретно. Со ништо не го понебитија овој факт. Ставот на Милчин и „Сорос Македонија“ е дека Уставот на РМ морал да се крши заради потребата од „градење на држава,“ како што денес Груевски и Власта тврдат дека Уставот мора да се гази за да не пропадне економијата.

Значи Милчин е соголен, неговата улога во зачувување на тоталитарниот комунистички систем во овие дваесет и кусур години е веќе сосема јасна. Тој по сѐ ја манипулирал и Фондацијата СОРОС, бидејќи Фондацијата беше еден од носителите на лустрацијата во Источноевропските земји—а, е кочничар во однос на истото прашање во Македонија. Милчин преку барањето права за Ромите, ЛГБТ заедницата, и сл. ствараше привид дека се бори за човекови права. Но, тоа беше покритие за неговата вистинска улога: целосна поддршка на едноумниот комунистички систем.

Денес не е невообичаено да се прочита на некој сајт спонзориран од Милчин со парите на „Сорос Македонија,“ дека полицијата има неограничена моќ. Или дека во МВР се вработени криминалци. Но, никако да се прочита дека ориганаторите на овие практики биле токму оние кои овие медиуми ги креваат како нивна алтернатива. Уште повеќе, медиумите кои се под спонзорство на Милчин со парите на Сорос агресивно водат политика на попречување на било каква сугестија дека проблемите на македонската демократија потекнуваат не од 2006 год., туку од 1991: односно дека демократијата во Македонија никогаш немала ни прилика да заживее поради делувањата на Милчин и нековата дружина во СДСМ.

Во периодот 1999-2000 год. Милчин и „Сорос Македонија“ останаа неми за злосторите врз Уставот и човековите права вршени од нивните пријатели (Фрчкоски, Чокрески, Црвенковски, итн.) кога се отворија досиејата кои Тајната полиција ги водела против идеолошките и политичките противници на Режимот. Да речеме дека тоа е поради слабата моќ на организацијата значи дека мора да замижиме пред фактот на она што го гледаме од „Сорос Македонија“ од 2006 год. навака. Милчин и „Сорос Македонија“ упорно молчеа за реалноста на досиејата и низ текот на првата деценија на 21 век кога започна дискусијата за донесување на закон за лустрација, при што би се озаконило дека некои луѓе Уставниот поредок на РМ го користеле како своја лична алатка за живеење на туѓ грб. Сега Мичин упорно скока против Законот за лустрација, и на крај кога истиот е донесен, кој невреди ни пет пари, и нема да исправи никаква неправда, но има една голема опасност за него лично. Тој не скока против Законот заради неговата промашена цел: туку бидејќи овој закон може да му стави дамка на ликот и делото на Владе Милчин. Тој ја злоупотребува повторно Фондацијата СОРОС и во нејзино име бара поништување на законот за лустрација во делот кој се однесува на можната лустрација за период после 1991 год.

Но, затоа тука се медиумите на Милчин, како загари да ја променат дискусијата. Денес, благодарение на Владе Милчин, првиот човек на „Сорос Македонија,“ оваа држава живее со убедливо најдлабокиот медуимски мрак. Денес, благодарение на медиумите под контрола на Владе Милчин повторно се дискутира за смена на власта на Груевски со власта на Црвенковски. Денес, благодарение на Милчин кој управува со парите на Сорос, Македонија е повторно во ситуација, како жеден човек пренесен преку вода, да мине низ криза, а ништо да не добие.

Авторот е претседател на Комитет за демократизација на Р Македонија

12-01-2013, 02:45 AM
Reply